IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > АРХИВА > Вероисповед
  Активни теми Активни теми RSS - Пророштвата на Исаија
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Пророштвата на Исаија

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <123
Автор
Порака
EvAngelos Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Doulos Evangelos

Регистриран: 28.Февруари.2007
Статус: Офлајн
Поени: 9913
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај EvAngelos Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 09.Април.2008 во 01:59
Пророштво: Паѓањето на градот Вавилон.

Исаија неколку века пред да се случи напишал:
"Вавилон, украсот на царствата, годрост на Халдејците, ќе биде соборен од Бога, како Содом и Гомор, нема да се насели никогаш, во него нема да има жители од род во род"
(Исаија 13:19-20 и глава 47)
 
Кога Исаија го изрекол ова пророштво, Вавилон бил еден од најголемите и најсилните градови во тоа време, но и со векови пред и по тоа. Вавилон бил најголемиот град од 1770 год пне. до 1670 год. пне. и исто така во периодот од 612 год. пне. до 320 пне. Се претпоставува дека тој бил првиот град кој достигнал популација од над 200.000 жители.
Едноставно не постоела никаква конкyрентна надворешна сила која му се заканувала на овој град. Веројатно многумина му се потсмевале на Исаија заради ова пророштво.
Но иако бил "украсот на царствата" како што вели пророкот, заради големото идолопоклонство, гордоста на вавилонците која се кревала до небото, паганизмот, спиритизмот итн. Вавилон бил темелно соборен од Бог.
 
 
Историја:
 
Овие инспирирани зборови на пророкот Исаија почнале да се исполнуваат во 539 год. пне. кога војските на Медијците и Персијците под водство на Кир го освојуваат градот, убивајќи го тогашниот цар Валтазар. Вавилонската светска доминиација е соборена во една ноќ! Со тоа завршуваат вековите на семитската превласт и светот сега паѓа под контрола на аријците. За самиот Вавилон започнува периодот на пад што трае неколку векови.
Во 331 год. пне. Вавилон е освоен од војските на Александар Македонски. По неговата смрт во 323 год. пне. неговото царство е поделено меѓу неговите генерали. Во 275 год. пне. вавилонците масовно се иселуваат во градот Seleucia. Со ова иселеништво историјата на моќниот Вавилон се приближува до самиот крај.
До четвртиот век н.е. од моќниот Вавилон остануваат само еден "куп урнатини" од време на време буричкани од археолозите и, се разбира, од оние кои му се воодушевуваат на горенаведеното исполнето пророштво на Исаија. среќа
 
Доколку сакате да го посетите и да се уверите во неверојатното и дословно исполнување на пророштвото на библискиот пророк Исаија, урнатините на древниот Вавилон се наоѓа во денешен Ирак, во Месопотамија, меѓу реките Тигар и Еуфрат.
 
 
Ancient%20Babylon%20Ruins


Изменето од EvAngelos - 09.Април.2008 во 03:22
Посветен на изворното христијанство проповедано од Христос и апостолите.
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <123
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,391 секунди.