|
Википедија на Македонски со 15.000 стории |
Внеси реплика |
Автор | |
VisaFighter
Нов член Регистриран: 28.Октомври.2006 Статус: Офлајн Поени: 9 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Испратена: 14.Февруари.2008 во 17:59 |
Превземено од прес центарот на Википедија: Почитувани, Ни претставува огромно задоволство да ве известиме дека Википедија на македонски јазик ја надмина бројката од 15.000 статии. Википедија претставува единствена енциклопедија на македонски јазик достапна на интернет за корисниците ширум светот. Википедија на македонски јазик има околу 2900 регистрирани корисници и десет администратори, кои заедно со останатите нерегистрирани корисници работат на достапност на светското знаење на македонски јазик. Википедија има развиено и тематски портали од различни области, како што се порталите за: Класична музика, Математика, Уметност, Географија, Европа, Историја, Технологија, и Археологија, како и повеќе портали во фаза на конструкција, преку кои корисниците можат побрзо да стигнат до бараната информација. Со оглед на тоа што во Македонија сеуште не постои општа енциклопедија на Македонски јазик издадена во било која форма, значењето на овој проект е огромно со оглед на фактот дека на новите генерации им е потребен и овозможен пристап до глобалното знаење на мајчин јазик. Википедија е единствената слободна и бесплатна светска енциклопедија достапна на повеќе од 250 јазици. Верзија на англиски јазик брои повеќе од два милиона статии, додека постојат петнаесетина други јазични изданија со над 100.000 статии од сите сфери на животот. Изданието на Википедија на македонски јазик го завзема своето место на листата јазични изданија силно промовирајќи го македонскиот јазик на светската мапа на јазици. Ги повикуваме сите љубители на знаењето корисниците на интернет да го посетат нашиот веб сајт http://mk.wikipedia.org каде што ќе можат да ги прошират своите знаења а можеби и ќе помогнат во креирањето на една подобра енциклопедија со своето активно учество. Пристапот до содржините на Википедија е бесплатен и не е потребна никаква регистрација. Со почит, Тимот на Википедија на македонски јазик |
|
МАРШАЛ
Сениор ГРОБАР ДО ГРОБА Регистриран: 06.Февруари.2007 Статус: Офлајн Поени: 44396 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
brza
Сениор Регистриран: 06.Февруари.2006 Локација: vidiFOTOupotpis Статус: Офлајн Поени: 34534 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
smeshno!!,...15 000?!,....ajde bogati,...stvarno golem broj,....
|
|
Patriotizmot e poslednoto skrivalishte na kriminalcite.-Albert Einstein
Mokjta od sekogash privlekuvala lugje so nizok moral.-Albert Einstein |
|
Tattoo Beauty
Сениор Tetovirana Sexy Ubavica Регистриран: 10.Август.2006 Статус: Офлајн Поени: 4549 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
ти па ,.... ке има и поише сеа ја ке се распишам
|
|
Santijago
Сениор PubLiCenEmY LatInoLoVerBoY YNWA-LF Регистриран: 17.Јануари.2008 Локација: Tuka be ... Статус: Офлајн Поени: 21002 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Википедија на македонски јазик надмина 50.000 статии
Со текстот за перуанската покраина Акамојо, креиран од корисникот MacedonianBoy, Википедија на македонски јазик ја надмина бројката од 50.000 статии и стана 54-тата Википедија по број на статии во светот. Споредено со соседните држави, Википедија на српски јазик има 145.000 статии, на бугарски 120.000 статии, на грчки 65.000 статии и на албански јазик 34.000 статии. Онлајн енциклопедијата се збогатува со содржина благодарение на корисниците-волонтери. Моментално според официјалната статистика oд стартување на енциклопедијата од 2005-та до август 2011-та имало 928 корисници кои придонеле со текстови или уредувања на Википедија на македонски јазик. „50.000 статии значи финале на еден напор на вики заедницата која учествува во збогатување на содржините на википедија на македонски јазик, тоа значи енормно вложен труд на доброволци кои сакаат да го споделат своето знаење со пошироката заедница која го говори македонскиот јазик. Со оглед на тоа што повеќето од овие 50К статии е напишана од релативно мал број на многу активни уредувачи, оваа бројка значи попатна станица на возот наречен „Википедија“ на која патниците ќе повикаат да им се придружат нови вредни уредувачи кои светот ќе го збогатат со слободни содржини на македонски јазик.“, вели претседателот на Викимедија Македонија, Димче Грозданоски. ---------------------------------------------------------------------------------------------------------------- Заклучно со денес .. за една позиија погоре - 53то место со 51,946 статии
|
|
I'm out bcz of pathetic around here
|
|
Внеси реплика | |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |