IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Спорт > Останати спортови
  Активни теми Активни теми RSS - Australian Open
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Australian Open

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 234
Автор
Порака
гoстин Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 29.Февруари.2008
Статус: Офлајн
Поени: 7557
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај гoстин Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 31.Јануари.2010 во 23:50
Roger Federer pobednik na Australian Open 2010 kaj Mazite!!!












Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85179
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 13.Февруари.2011 во 11:24

Новак Џоковиќ го освои Австралијан Опен!

    Новак%20Џоковиќ Новак Џоковиќ Гети


    Српскиот тенисер Новак Џоковиќ е победникот на овогодинешното издание на Австралијан Опен. До новиот Грен Слем трофеј во кариерата, Новак стигна по победата над Енди Мареј во три сета со 6-4, 6-2 и 6-3.


    Мечот треше два часа и 39 минути, а Џоковиќ потполно заслужено отиде до самиот крај. Пред три години србинот прв пат славеше во Мелбурн, а и овој пат беше феноменален. Во последните три меча од турнирот ги совлада Бердих, Федерер и Мареј без ниту еден изгубен сет.

    Мареј повторно застана кога беше најпотребно, во финалето. Како боксер кој веќе во првата рунда добро ќе се размрда, шкотланѓанецот се враќаше, но кога требаше да ја затегне својата игра и да нападне, тоа не го правеше.

    Новак го држеше својот ритам и со малку среќа мечот можеше да заврши многу порано. Последниот натпревар во Мелбурн понуди она што од двајцата тенисери и се очекуваше, основната линија беше во прв план.

    Мареј на почетокот се мачеше, а својот прв сервис гем го доби по пет изедначувања. Новак имаше помали проблеми во наредниот сервис гем, но и двајцата брзо влегоа во очекуваниот ритам. Се до деветтиот гем, кога Новак дојде на 15/40.

    Ова беше меч кога сигурните шанси не се пропуштаа, Џоковиќ ја искористи првата сет топка и по 59 минути поведе со 1-0. Мареј беше нервозен во првиот сет во кој имаше 44 проценти од прв сервис, а 45 проценти реализација во вториот. Новак направи една нефорсирана грешка повеќе, Мареј запиша две дупли. И по загубата на првиот сет, шкотскиот тенисер застана.

    Новак во вториот гем од вториот сет дојде до брејк топка, а Мареј се врати со одличен сервис но мораше повторно да го спасува својот сервис. Првиот за неколку милиметри излезе надвор, а на вториот играше на дроп шут, но Новак заби бекхенд за брејк. Наредниот сервис гем, Мареј изгуби 5 освоени поени. И додека Мареј се мачеше, Новак играше се подобро, за 23 минути дојде до 5-0 и сервис за 2-0.

    Мареј не ја искористи својата прва сет топка, но потоа мораше да спасува три брејк топки, но не успеа. Гем подоцна, Мареј не го уфрли првиот сервис, а овој пат Џоковиќ не ја пропушти можноста да го заклучи сетот.

    Во вториот сет Мареј направи 13 нефорсирани грешки, Џоковиќ само 6. Шкотланѓанецот беше лош и во вториот со мизерни 14%. Мареј добро започна во третиот сет. Го зеде сервисот на Џоковиќ веднаш на стартот, но таа предност не можеше да ја задржи.

    Новак возврати и тогаш дојде најдобриот гем на целиот меч. Џоковиќ прво имаше 15/40 на сервис на Мареј кој напорно се спасуваше пет пати, но во шестиот обид Новак го помина со паралела. Убедливо најдобриот поен на мечот.

    Мареј возврати со гем подоцна, се врати во сетот, но надешта дека ќе може да направи нешто, кратко траеше. Во осмиот гем Џоковиќ направи брејк, а во деветтиот ги заклучи двете најдобри недели во кариерата.
    Кон врв
    емил Кликни и види ги опциите
    Сениор
    Сениор
    Лик (аватар)
    зависник идивидовски

    Регистриран: 11.Август.2009
    Статус: Офлајн
    Поени: 85179
    Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 13.Февруари.2011 во 11:25

    Ким Клајстерс го оствари сонот „Австралијан Опен“

      Отвореното првенство на Австралија во тенис има своја нова шампионка! Поранешната нова лидерка на светската ранг листа Ким Клајстерс го освои четвртиот трофеј од Грен Слем турнирите.

      Во финалето на првиот грен слем турнир годинава, искусната Клајстерс славеше над 11. тенисерка во светот На Ли после три сета фантастична игра со 3:6, 6:3 и 6:3 во дуелот кој траеше 2 часа и 4 минути на централниот терен Род Лејвер Арена.

      Белгијката до сега во својата кариера има освоени три грен слем титули, сите на УС Опен, беше финалистка во Мелбурн во 2004. година но тогаш беше поразена од Жастин Анен.

      Од друга страна, На Ли влезе во историјата на светскиот тенис како прва тенисерка од Кина и воопшто од Азија која успеа да стигне до финале на сингл натпреварувањата во Грен Слем серијата.

      Во првиот сет кинескињата започна катастрофално и по 5 минути игра веќе губеше со 2-0 по гемови но потоа се консолидираше и со фантастична игра го освои првиот сет со 3:6.

      Во останатите два сета Клајстерс го подигна нивото на својата игра и ја декласираше противничката во преостантите два сета со по 6-3.

      Ова беше седми натпревар помеѓу Клајстерс и Ли и петта победа белгијанката. Така таа се реваншираше за поразот во финалето на турнирот во Сиднеј пред две недели

      Кон врв
       Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 234
        Сподели тема   

      Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

      Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
      Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

      Страницата е генерирана за 0,156 секунди.