IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Македонија и Свет > Историја
  Активни теми Активни теми RSS - Смрт или слобода за Македонија
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Смрт или слобода за Македонија

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <12
Прашање: Dali bi se borele i dali bi go dale zhivotot za sloboda na Makedonija?
Одговор Гласови Статистика
11 [78,57%]
3 [21,43%]
0 [0,00%]
Не може да гласате на оваа анкета

Автор
Порака
majstorce62 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
...

Регистриран: 23.Декември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 4251
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај majstorce62 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 14.Јануари.2008 во 14:54
Originally posted by Boogie Boogie напиша:

Никој не ти брани да се стремиш кон слободата и совршенството,овде јас апелирам да не се заборави МАЈКА МАКЕДОНИЈА и нашата обврска кон неа бидејки ние сме Македонци а другите се само наши гости кои ја уживаат нашата гостољубивостнамигнување


Цитирај до крај, после совршенство нема запирка туку сврзник а во продолжение синтагма, која не знам зошто ја вадиш од контекстот. Самата таа синтагма имплицира повик никогаш да не се заборави Мајка Македонија. Без неа се вртиме во круг без излез.
БИДИ СИ ГОСПОДАР НА СОПСТВЕНИОТ УМ
Кон врв
spaski Кликни и види ги опциите
Група
Група
Лик (аватар)

Регистриран: 14.Септември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 82
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај spaski Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 19.Јануари.2008 во 00:37
MMMM . Mnogu dobri mislenja prochitav tuka. Se soglasuvam i so dvete mislenja . Deka treba razumni i pametni politichari no i junaci i patrioti za sloboda na edna zemja!!!
http://www.macedonian-kingdom.piczo.com

Кон врв
brza Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 06.Февруари.2006
Локација: vidiFOTOupotpis
Статус: Офлајн
Поени: 34534
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај brza Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 19.Јануари.2008 во 21:05
sekojdnevno go dava narodov,...ama,djabe mu e,...
Patriotizmot e poslednoto skrivalishte na kriminalcite.-Albert Einstein
Mokjta od sekogash privlekuvala lugje so nizok moral.-Albert Einstein
Кон врв
Boogie Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
Слобода или Смрт

Регистриран: 26.Октомври.2005
Статус: Офлајн
Поени: 10652
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Boogie Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 19.Јануари.2008 во 21:12

Пишува: Ханс ЛОТАР ШТЕПАН

 

Иако Бугарија во моментот во Брисел сигурно обрнува повеќе внимание на доброто однесување, отколку на споровите, тоа не менува ништо во врска со анахронистичкиот став на Софија кој одвреме-навреме може да се препознае и според кој Македонците всушност биле Бугари и зборувале бугарски јазик - макар што турските Бугари се доселиле на источниот Балкан дури 150 години по Словените, биле асимилирани од Словените и го презеле нивниот јазик.

И воведувањето на 3 март како нов државен празник на Бугарија неколку години пред пресвртот е агресивен знак што е упатен против Македонија, бидејќи на тој ден во 1878 г. бил потпишан Санстефанскиот мир, со кој Русија им ја препишала на Бугарите речиси целата ослободена македонска и тракиска територија. Од тие причини, овој договор на времето бил поништен од Берлинскиот конгрес. Дали Бугарија со овој симбол на ревизионизам смее да стане земја-членка на Европската Унија?

Освен тоа, бугарската влада уште пред 100 години увидела дека населението во Македонија го негирапостоењето на какво било национално сродствопомеѓу неа и другите балкански држави. Кога Србија во 1900 г. предложилаподелба на сферата на влијаниево Македонија, бугарската влада упатила инструкција до своите претставници во Белград, во која се потврдува дека христијанското население во Македонијамошне непријателски е расположено ... наспроти каков било вид поделба”. Такви планови можеле да предизвикаат големо незадоволство вооваа братска земја”, а со тоа иштетно влијание на мирот и редот во Бугарија и во Србија”. “Кога пред неколку години за првпат било покренато прашањето за 'сферата на влијание', најжестоки протести ... имало кај населението во Македонија”.

Меѓутоа, во наредните години ова добрососедско разбирање било целосно потиснато од страна на националистичките експанзионисти и империјалисти во Бугарија - на штета на Македонците.

 

ПРОМАШЕНА ПОЛИТИКА КОН МАКЕДОНИЈА

 

Се чини дека ниту Србија сè уште не може да се навикне на реалноста на историјата. Иако српската влада во моментот релативно се воздржува во врска со Македонија поради разговорите со ЕУ, Српската православна црква неодамна ја презеде агресивната улога на нарушувач на мирот.

Слично како и во случајот со Бугарија, во актите постои еден документ од Србија со кој јасно се потврдува самостојноста на македонскиот народ и на територијата. Гласноговорникот на кнезот Петар (Караѓорѓевиќ) уште во 1998 г. во еден берлински весник објавил статија, која - можеби под влијание на неуспешното Илинденско востание - била повторно публикувана во српскиот печат во 1904 г., откако поранешниот кнез Петар бил крунисан за српски крал. Во статијата, “сите претензии наспрема Македонија се квалификуваат како голема заблуда”. “Пред австриската окупација на Босна, никој во Србија не помислил да постави национални претензии за Македонија”. “Дури откако на Србите ... со насилничкиот акт на Берлинскиот конгрес им била оневозможена експанзија кон Јадранското Море, поради вештачка агитација настанала промашената насока на српската политика наспрема Македонија”.

Се разбира дека поради тоа портпаролот морал да се соочи со обвинувањето на опозицискиот печат за велепредавство. Како што може да се види од тажната судбина на Македонците, ова беспрекорно и објективно историско прикажување исчезнало во националистичкиот метеж на Србите. 

Во тој контекст потсетуваме дека трите соседни држави во пролетта 1991 г. дадоазаеднички изјави”, “дека во 'Македонија живеат само Срби, Бугари и Грци', што значи дека 'не постои македонска нација' “. Да потсетиме: тоа се случи во 1991 г., а не во 1881 г.!

Четвртиот сосед на Република Македонија, Албанија, односно албанското малцинство во Македонија, односно албанското мнозинство на Косово, накусо ќе го споменеме за да ја заокружиме сликата, бидејќи албанското прашање претставува сосема друга тема:

Какви фатални долгорочни последици допрва ги очекуваат Македонија, Балканот и ЕУ посебно и Европа општо, ако Косово навистина се стекне со каква било форма на (од аспект на меѓународното право недопуштена) независност, недвосмислено произлегува од еден слоган на претседателот на албанската партија ДПА во Македонија, Арбен Џафери (кој беше цитиран во македонскиот печат): “малоалбанско решение” (од Косово и западна Македонија, односно независнаРепублика Илиридакоја беше илегално прогласена во 1992 г.), стратегија која уште пред години лесно можел да ја препознае секој набљудувач, но пред која Комисијата на ЕУ и целиот Запад навидум ги затвораат очите.

Меѓутоа, Македонците во минатото, односно во 20 век не се помириле со својата судбина. Излажани, измамени, потиснати и експлоатирани, овие луѓе не изгубиле надеж на своја трунка правичност.

 

По Балканските војни во 1913 г., тие протестирале против резултатот на мирот од Бук*решт и ги замолите велесилите да направат од Македонија автономна провинција и да ја стават под нивна заштита. И по договорите од париските предградија, тие ги продолжиле своите активности за ослободување длабоко во 20 век.

Сепак, сите напори биле неуспешни, иако некои велесили позитивно одговориле на прашањето за нивниот сопствен идентитет: по Првата светска војнаполитичари, научници, аналитичари и новинари ... се занимаваат со проблемот на Македонија, како и со ... националната припадност на македонското население”. Една француска група стручњаци, на пример, дошле до заклучок во врска со македонското население што живее во Егејска Македонија, која е грчка од 1911/1919 г., дека “(не станува збор) за српско, бугарско или грчко население, туку за посебен словенски народ со сопствен јазик и култура. Слични заклучоци постојат и во британски и италијански истражувања”. Развојот и мирот на јужниот Балкан би можеле да се унапредат, кога Европската Унија би ги имала предвид историските причини за актуелната состојба во  регионот, за да дојде до правично решение за Македонија и за нејзиното име.

Како гласеше познатата изрека на Абрахам Линколн:

Ништо не е завршено конечно, ако не е завршено правично.”

Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <12
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,156 секунди.