IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Здравје > Исхрана и кулинарство
  Активни теми Активни теми RSS - Детска исхрана
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Детска исхрана

 Внеси реплика Внеси реплика
Автор
Порака
lubenica Кликни и види ги опциите
Нов член
Нов член


Регистриран: 21.Декември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 2
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај lubenica Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Тема: Детска исхрана
    Испратена: 21.Декември.2007 во 22:27
Mi trebaat recepti za detski kasicki.


Изменето од mamma - 19.Април.2008 во 19:25
Кон врв
butel2 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 26.Јули.2005
Статус: Офлајн
Поени: 4138
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај butel2 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 22.Декември.2007 во 18:13
Кон врв
keti72 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 13.Октомври.2007
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 3353
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај keti72 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 22.Декември.2007 во 19:20
сакаш овошни или зеленчукови? за овошните имам универзален рецепт млеко, мелени бисквити и рендано јаболко, банана.....овошјето го менуваш по вкус на ангелчето и она што е сезонско...
Keti72
Кон врв
mamma Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 15.Јануари.2007
Статус: Офлајн
Поени: 9879
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај mamma Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 22.Декември.2007 во 21:08

Shot at 2007-06-30[/IMG]
Кон врв
BellaGrandma Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор

Game over

Регистриран: 10.Јуни.2010
Статус: Офлајн
Поени: 20029
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај BellaGrandma Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 08.Јули.2010 во 03:13
Не е лошо темава бидејќи е неактивна како ваква..да се пренамени малку...и да дискутираме општо за детската исхрана...не само за кашички

Детска исхрана

Забележано и кај нас, како и насекаде во „модерниот“ свет (прашање колку е навистина модерен, затоа се наводниците, особено ако се има предвид квалитетот на живеењето): дебелеењето и алергиите се се почести појави кај децата. А основен предуслов тие да се предупредат е здравиот начин на исхрана уште од нивното најрано доба.

Запомнете го, запишете го и како млади родители строго придржувајте се на следниот „ритам“:

До третата година детето има специфични нутритивни потреби оти неговата тежина од раѓањето до тој период се зголемува 4 пати, а висината 2 пати. При сето тоа, органите за варење се уште ја немаат достигнато полната зрелост.



До четвртиот или шестиот месец: исклучиво млеко



Мајчиното млеко е единствениот совршен продукт за бебето. Сепак, благодарение на современата технологија, составот на детските формули во многу се приближи на составот на мајчиното млеко:

-тие содржат помалку протеини-околу 10 г/л, додека во мајчиното млеко има 12 г/л;

-збогатени се со незаситени масни киселини за што повеќе да се приближат на составот на мајчиното млеко;

-некои формули содржат и пробиотици (микроорганизми кои благотворно дејствуваат врз здравјето).

Детските млечни формули одговараат и на здравствените потреби на детето:

-бебето е подложно на алергии: лекарите во тој случај препорачуваат хипоалергенски млека кои можат да се користат од првиот ден;

-бебето има проблеми со варењето: грчевите често настануваат поради отежнато варење на лактоза (млечен шеќер). Ферментираните млека содржат млечни ферменти кои го олеснуваат варењето;

-бебето често повраќа млеко: погустите млека содржат пченкарен или оризов скроб, така што зачестеноста и количеството на повраќањата значително се намалуваат со нивна употреба.

Разновидна исхрана: следен чекор

Најпогоден период за воведување на нови продукти во исхраната на бебето е по 6-от месец, а никогаш пред 4-от.

Што треба да се прави:

-млеко: помеѓу 4-от и 6-от месец се преминува на втората генерација на млеко до навршената прва година. Оваа формула содржи калциум, фосфор, минерали и витамини. До првата година од животот бебето мора дневно да испие 500 мл од ова млеко. Дури, се препорачува тоа да се задржи до третата година, барем за појадок и ужина, поради урамнотежено внесување на протеини, липиди, калциум, витамин Д и железо;

-овошје и зеленчук: препорака е да се сочека до 6-от месец. Овошните плодови треба секогаш да бидат зрели и да се подготвуваат со готвење и мелење. Зеленчук на бебето понудете му во форма на пире. Се почнува со неколку кафени лажичиња пред или по шишенцето. И овошјето и зеленчукот се воведуваат едно по едно поради евентуална алергија. Околу втората година се преоѓа на сечкано овошје и зеленчук;

-месо и риба: во исхраната се воведуваат во 7-от месец, и тоа во мелена форма. Количини: 10 грама дневно (две кафени лажички) до 8-от месец, 20 грама дневно (4 кафени лажички) до првата година и 30 грама дневно (6 кафени лажички) до 3-тата година;

-јајце: бидејќи се работи за јак алерген, на детето не треба да му се дава пред 8-от месец, и тоа најмногу една третина;

-леб, тестенини и ориз: не се препорачува воведување во исхраната пред 8-от месец.

Уште некои важни нешта:

Воведувањето на кашички е мошне важно во развојот на детето, а може да се почне со нивно давање веќе од 4-от месец.

За прва немлечна храна најпогодни се житариците збогатени со железо, затоа што бебињата од 4 или 5 месеци главно ги празнат своите резерви на железо. Во втората половина од 5-от месец, околу 3 недели по воведувањето на житарици, во исхраната на вашето бебе воведете пире од зеленчук. Се препорачува прво зеленчук со благ вкус, како што се компир и морков, а потоа тиква, грашок, тиквички, карфиол, келераба, кељ, цвекло, спанаќ, брокули. Зеленчукот се воведува пред овошјето затоа што, ако бебето тргне со овошна исхрана, може да се случи вкусот на зеленчукот да не му се допадне!

Откако е воведен зеленчукот, треба да се почне со давање на овошје, прво во форма на сок од јаболка, праска, а потоа каша од овошје. Киселото овошје, што го иритира незрелиот дигестивен систем, не се препорачува се додека бебето добро не ја прифати останатата храна. Зрнестото овошје, како што се јагодите, малините и капините, не се препорачуваат се до навршена една година, поради високата алергогеност. Суровото (пресното) овошје е најдобро да се воведе во исхраната по навршени 6 месеци оти тогаш дигестивниот систем на бебето е подготвен за варење на влакната присутни во овошната пулпа.

Комбинираната кашичка, која освен препарати на млеко и овошје, содржи и житарици, ја зголемува калориската и витаминската вредност на оброкот, но во исто време го развива сетилото на вкус кај детето. Ваквите видови на кашички се воведуваат од 7-от месец.

Месото во исхраната се воведува на крајот од 6-от месец. Поради полесно голтање, месото секогаш треба да се дава заедно со зеленчук, и тоа најнапред пасирано, потоа гмечено, па сечкано. Се советува да се почне со пилешко и мисиркино месо, а да се продолжи со телешко и јагнешко. Џигер може да се воведе во исхраната по 6-от месец. Тој содржи големо количество на железо, цинк, но и холестерол, па затоа треба да се дава повремено.

Секој продукт треба постапно да се воведува во мали количества, бидејќи така може лесно да се открие на кој бебето е алергично. Освен тоа, бебето учи да разликува вкусови. Затоа не треба да се мешаат различни видови на продукти.

Цело јајце не треба да му се дава на бебето пред навршена година, дотогаш се дава само тврдо варена жолчка.

Кога бебето ќе наполни една година, треба да ги зема сите групи на продукти: млеко и кисели млечни производи, кашички од зеленчук, кашички од овошје, варено месо, јајце, како и кашички од млеко и житарици.
Можат се да ти земат - богатството, најубавите години, радоста и сите заслуги, но секогаш ќе ти останат соништата за одново да го создадеш светот кој ти го украле.
Кон врв
Calipso Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
Primarius

Регистриран: 26.Мај.2009
Локација: Македонија
Статус: Офлајн
Поени: 44671
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Calipso Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 03.Октомври.2010 во 16:54
ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 1 лажица/ци Мед
1 Круша
100 грама Бисквити
1 Јаболка
ПОДГОТОВКА: Се лупат и чистат од семки крушката и јаболкото, потоа се сечат на коцки, и се варат 10 минути. Вареното овошје се пасира и се соединува со рендани бисквити. Кашичката се разредува со водата во која се варело овошјето.
На овој свет има само тројца мажи кои се спремни да те поддржат во тежок момент:
Jack Daniels, John Jameson и Johnnie Walker!
Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85179
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 29.Април.2011 во 04:42

Спанаќ против појава на зајачка усна кај бебињата

Во ниту еден продукт нема толку магнезиум како во спанаќот, а на прстите од едната рака може да се набројат оние со поголема содржина на железо. Спанаќот има и микроелементи, како манган, цинк, флуор и јод. Ова растение е богато и со витамин Ц (во 100 грама свеж спанаќ - 28 милиграми), како и со провитамин А, кој влијае на растот, па затоа се препорачува и за децата. Значаен е и како извор на фолна киселина, важна во текот на бременоста, зашто го спречува прераното породување, како и појавата на зајачка усна кај бебињата.

Кон врв
Calipso Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
Primarius

Регистриран: 26.Мај.2009
Локација: Македонија
Статус: Офлајн
Поени: 44671
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Calipso Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 07.Мај.2011 во 19:46
ОРИЗОВА КАША

Време на приготвување: 25 минути

Потребни состојки
20 грама Ориз
220 милилитри Млеко

Начин на подготовка
Во врело млеко се додава измиениот ориз. Се вари на умерена температура со постојано мешање. Штом омекне, оризот се пасира.
На овој свет има само тројца мажи кои се спремни да те поддржат во тежок момент:
Jack Daniels, John Jameson и Johnnie Walker!
Кон врв
Calipso Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
Primarius

Регистриран: 26.Мај.2009
Локација: Македонија
Статус: Офлајн
Поени: 44671
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Calipso Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 07.Мај.2011 во 19:48
КАШИЧКА ОД ТИКВИЧКА И БАНАНА

Време на приготвување: 15 минути

Потребни состојки
1 банана
1 тиквица
Начин на подготовка
Тиквичката се сече на крукчиња и се вари 8 мин. Потоа се остава да се олади и се соединува со исто така пасирана банана.
На овој свет има само тројца мажи кои се спремни да те поддржат во тежок момент:
Jack Daniels, John Jameson и Johnnie Walker!
Кон врв
Calipso Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
Primarius

Регистриран: 26.Мај.2009
Локација: Македонија
Статус: Офлајн
Поени: 44671
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Calipso Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 07.Мај.2011 во 19:50
БУЈОН ОД РАЗНОВИДЕН ЗЕЛЕНЧУК
(за бебња од 2-3 месеци)

Време на приготвување: 60 минути

Потребни состојки
- 30 грама Целер
- 50 грама Тиквичка
- 30 грама Репа
- 1 Праз
- 50 грама Моркови
- 100 грама Компир
- 1000 милилитри Вода

Начин на подготовка
Внимателно излупете го сиот зеленчук со исклучок на тиквичката.

Измијте го со вода во која има малку лимонов сок и исечете го на мали парчиња.

Ставете го во 1 л. вода и на тивок оган варете го два часа.
На овој свет има само тројца мажи кои се спремни да те поддржат во тежок момент:
Jack Daniels, John Jameson и Johnnie Walker!
Кон врв
Calipso Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
Primarius

Регистриран: 26.Мај.2009
Локација: Македонија
Статус: Офлајн
Поени: 44671
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Calipso Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 07.Мај.2011 во 19:52
МАФИНИ СО ОВОШЕН ЈОГУРТ

Време на приготвување: 30 минути


Потребни состојки
* 2 јајца
* 110 г шеќер
* 65 мл масло
* 150 мл овошен јогурт од кајсија
* 220 г пченично брашно тип 550
* 1-2 лажички прашок за пециво
* сол
* 15 г путер
* 60 г свежо кравјо сирење
* 4 лажици мармалад од кајсија
Начин на подготовка
Јајцата и шеќерот се мешаат со електричен миксер се додека не се добие густа маса.

Додадете во смесата масло, јогурт и брашно помешано со прашок за пециво и сол.

Калапите за мафини намрсете ги со со путер а потоа набрашнете ги. На крајот во смесата се додава сирењето и лажичка мармалд од кајсија и се меша се заедно со миксер.

Печете ги во претходно загреана рерна на 180 C 25 минути.


На овој свет има само тројца мажи кои се спремни да те поддржат во тежок момент:
Jack Daniels, John Jameson и Johnnie Walker!
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,172 секунди.