IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Здравје > Медицина
  Активни теми Активни теми RSS - Helicobacter pylori
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Helicobacter pylori

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <12
Автор
Порака
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 20.Јануари.2014 во 18:02

Escherichia Coli – бактеријата која постојано мутира

Речиси секој пети човек имал проблеми предизвикани од бактеријата Escherichia Coli. Оваа бактерија е една од најчестите негативни бактерии, која во организмот испушта штетни материи кои влијаат врз организмот. Може да се внесе преку заразено месо или нечиста вода. Предизвикува гастроинтестинални заболувања, но виновник е и за многу други инфекции, како што е пневмонијата, менингитисот и инфекции на уринарниот тракт и крвта.

Кај околу 8% од пациентите, бактеријата се јавува во хемолитичка состојба – уремичен синдром – при што откажуваат бубрезите, има крвавење и невролошки симптоми. Оваа состојба не се лекува со антибиотици, бидејќи тие може да допринесат до поголемо развивање на бактеријата.

Опасниот вид на Escherichia Coli – ЅТ131

За жал, овие типови на Escherichia Coli, кои што се отпорни на антибиотици, се сè почести. На пример, состојбата ЅТ131 е отпорна на антибиотици од флуорокинолонска група, а нејзиното распространување може да биде прогласено за пандемиско. Отпорноста кон антибиотиците е навистина голем проблем. Бактеријата е сè почеста и брзо се менува, а медицината не може да пристигне да пронајде решенија за секој проблем кој го предизвикува. Овој тип на бактерија почесто ги напаѓа постарите луѓе и кај оние кои имаат проблеми со високо-ризични инфекции.

Брзо ширење на бактеријата со нови видови

Најновите истражувања покажаа дека постојат повеќе видови на бактеријата кои се отпорни на антибиотици и при тоа полека го напаѓаат имунолошкиот систем и го спречуваат лечењето. Исто така, научниците дознаа дека типот ЅТ131 создава генетски клонови, кои нагло се развиваат од еден вид на Escherichia Coli. Клоновите припаѓаат на видот H30-Rx, а тој вид е сè поотпорен на антибиотици и има способност инфекцијата да ја пренесе и во крвотокот, при што може да дојде до поголеми компликации како што е сепсата. Видот Н30 го развива клонот H30-R кој стана целосно отпорен на лекот Cipro. Потоа од H30-R се разви и H30-Rx, отпорен на повеќе антибиотици.

Вакцинација против бактеријата?

Научниците ја истражуваат бактеријата уште од 1967 година и од тогаш имаат собрано навистина многу податоци. Според тие податоци, можно е еден ден да создадат вакцина против Escherichia Coli, која би го спречила појавувањето и развојот на бактеријата.

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <12
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,152 секунди.