IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Стил на живот > Патувања...
  Активни теми Активни теми RSS - А да ја прошетаме Македонија ?
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

А да ја прошетаме Македонија ?

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 678
Автор
Порака
anton867676 Кликни и види ги опциите
Нов член
Нов член


Регистриран: 21.Август.2014
Статус: Офлајн
Поени: 2
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај anton867676 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 21.Август.2014 во 19:00
makedonija ima tolku mnogu mesta, shto navistina treba da se posetat! abe ne mozam da im se iznacudam na nashincive... stranci navistina znaat povekje od nas za delovi od makedonija! onie reklami shto se vrtat po nashive tv.se ziva vistina. odi ekipata od 10 lugje vo galicnik,si pominuva najdobro shto moze i se vrakjaat so nitu edna informacija za mestoto,istorijat,slucka. pa dobro be pred da idesh otvori google ke ti kaze.ili u kraen slucaj od koga ke se vratish,procitaj za mestoto.najmalku edna informacija ke imash vo glava!
Кон врв
Орка Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 30.Август.2008
Статус: Офлајн
Поени: 44580
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Орка Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 28.Август.2014 во 22:35
Днска кд вана од туј Скопје рано посабајле,ојде дур там у Паланку на Јоаким да га виду.
И виде га...
Видсемо што видемо,решисмо да идемо и куде Ѕингота у Кратово,не не е пречекаја
ама кафе написмо си се.И платисмо си га.
Оти чудно ни га је дојдело врна смо се до Гогота монта с'с крап подврна смо се
и решисмо наѕд да си дојдемо,такој по пут ојдемо у Кокино да видемо ѕвезде што ќе кажев,ветер еден јк ништо не видесмо,а мош и оти сунце свети јако.
Па ојде си на славу пиво напи си се и те ме те туј да ви кажу.
А заборавив да нагласам...


ГЛАВЕН СПОНЗОР:ВУЈЧЕ ОД КАНАДА
Тики ај Богородица нека ни е на помош,на овој ден виљушкар над глава ми падна жив останав...
Нека има здравје и благосостојба во сечиј дом,сакајте си ја Македонија какви такви таа не одраснала.
И на овој или оној начин нејзината убаина ни го дава сиот мир и целата надеж за подобро утре...
Забелешка од авторот:Иако понекогаш значи да имате и добар спонзор.
Да е благословен вујче со неговата фамилија.
Кон врв
evangeline Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 22.Август.2011
Локација: Naxos
Статус: Офлајн
Поени: 6758
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај evangeline Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 11.Декември.2015 во 14:53
Најдов едно видео па прогуглав за подетални информации





Пештерата Пешна се наоѓа на 6 километри од Македонски Брод и е прогласена за споменик на природата. Според спелеолозите, Пешна е со најголем отвор на Балканот - таваницата на отворот е 30 метри висина. 

Од крајниот северен дел на пештерата, по силни дождови и топење на снегот избива силен вруток кој во сушните периоди од годината наполно пресушува. На влезниот дел на пештерата постои средновековна тврдина. 

Според мештаните, врутокот е реката Пешна понорница, која според извесни теории е Крапската река која формира неколку езерца и водопади во „најголемиот пештерски систем кај нас“, за кој се претпоставува дека е долг неверојатни десет километри. 

Остатоците од тврдината во пештерата се доведуваат во врска со месноста „Девини кули“ која се гледа од внатрешноста на пештерата. Според локалните легенди, на двете тврдини живееле сестрите на Крале Марко. Како што потврдуваат и промотерите на брендот на Крале Марко, „легендите велат дека на нејзиниот влез и навнатре била изградена тврдината на втората сестра на Крали Марко.“ Пешна е регистрирана како локалитет од доцноантичкиот период во Македонија. Во близина на селото Слатина, пред влезот на самата пештера е откриена гробница со свод од тули и страничен влез од западната страна.









Внимавај кому му веруваш.
И ѓаволот еднаш беше ангел.


Being RICH
is not about how much you have,
BUT about how much you GIVE

Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 26.Март.2018 во 08:31

Соединетете се со природата: Места во Македонија кои треба да ги посетите


„Планината те учи за својата вистинска природа“, вели Евгенија Крстевска од Прилеп, млада адвокатка, докторант на Институтот за глобални студии во Скопје, каде љубовта за планината ја има наследено од својот татко. 

soedinetete se so prirodata mesta vo makedonija koi treba da gi posetite 2

Во својот живот Евгенија вели дека има две семејства. Едното е тоа од кое што потекнува, а другото е тоа што планината ѝ го подари. Како и секоја млада личност, сака да се дружи и патува.  

„Во минатите години откако активно планинарам научив дека луѓето со кои што заеднички ја делиме љубовта за планинарењето имаме слични карактеристики. Планината е само  последниот елемент кој што не поврзал заедно.

Интересен е начинот на кој што планинарите веднаш и едноставно се поврзуваат меѓусебе. Планинарите се храбри, едуцирани, едноставни и чесни луѓе кои знаат што сакаат во животот“, се изјаснува Евгенија, присетувајќи се на на сите денови без сон, поминатите километри, на дождовите и ветровите, на подадените раце кога за тоа имало потреба, на кампувањата, топлите заеднички зготвени оброци и на испиените пива пред коперациите после турите.

Тоа се едноставни работи кои ја радуваат.

soedinetete se so prirodata mesta vo makedonija koi treba da gi posetite 8

„Многу млади луѓе не сакаат да го напуштат комфорот и комодитетот што го носи урбаното живеење и да почнат да се занимаваат со некоја активност. Кога велам вака, не мислам дека ние само планинариме и не се дружиме на поинаков начин.

Планината бара жртва, упорност и истрајност, меѓутоа и планинарите многу добро знаат да се дружат и на нулта надморска висина“, раскажува Евгенија Крстевска и потенцира дека пролетта е вистинско време за да се започне со планинарење затоа што не е потребно големо вложување во опрема, а температурите се соодветни за да може да се ужива во природата.

„Македонија е богата со прекрасни планини и места кои вредат да се посетат. Доколку сте авантуристи и сакате подобро да ја запознаете својата држава, тогаш ве советувам да се приклучите кон некој од многубројните планинарски друштва“, поканува младата адвокатка од Прилеп.

Во продолжение следува пет препораки и авантуристички доживувања на Евгенија, на не толку посетувани места кои што нејзе најмногу ѝ оставиле впечаток.

Селечка Планина

„Јас потекнувам од Прилеп. На прилепчани, добро позната им е Селечка планина, како една од најпристапните планински места во околината на градот.

soedinetete se so prirodata mesta vo makedonija koi treba da gi posetite 11

Селечка е едно од местата кое често го посетувавме со татко ми и кое што можам сама да појдам кога сакам да уживам во убавините на планината  затоа што е на непосредна оддалеченост од градот и едноставно може да се стигне. Тоа е место за фамилијарни седенки и излети“, споделува Евгенија Крстевска. 

soedinetete se so prirodata mesta vo makedonija koi treba da gi posetite 13

Јабланица

„За Јабланица можам да пишувам и зборувам со часови. За неа можам да кажам дека ми има оставено најголем впечаток.

Кога ја искачував, турата ја започнавме од Вевчани, потоа се упативме кон прекрасното село Белица кое што изобилува со многу убави планински куќички и викендици.

soedinetete se so prirodata mesta vo makedonija koi treba da gi posetite 5

Решивме кружно да ја изодиме планинарската патека до Црн Камен и Вевчанска локва (Вевчанско Езера), па да се спуштиме спрема Вевчаниските извори. Како што навлегувавме во планината имав чуство дека тука се собрале сите убавини од Кораб, Шара и Јакупица“, се присетува авантуристката.

soedinetete se so prirodata mesta vo makedonija koi treba da gi posetite 12

с. Маловиште - св. Спас - врв Вртешка - св. Ана

„Планинското село Маловиште во Општина Битола, на 20-ина километри од градот, на подножјето на Баба Планина е и единствената населба во границите на Националниот парк Пелистер. Кога ќе се прошетате низ ова село ќе помислите дека се наоѓате во Охрид или во Крушево.

Црквата св. Спас е најпосетена за празникот Спасовден, кога доаѓаат многу луѓе од различни места.  Слушнавме дека жителите на селото често се качуваат до црквата св. Спас за да затропаат три пати на камбанаријата која што е поставена на една карпа, а означува здравје и берикет.

soedinetete se so prirodata mesta vo makedonija koi treba da gi posetite 9

Потоа се упативме спрема врвот Вртешка 2010 мнв, кој беше наша цел за тој ден и спрема манастирскиот комплекс св. Ана. Кога почнавме да влегуваме во шумата, св. Ана од далеку ни изгледаше на некој стар француски замок, а не како некое свето место.

Подоцна дознав дека на ова место доаѓаат брачните парови кои имаат проблеми со формирањето на семејство, и кои на  6-ти наспроти 7–ми август треба да преспијат во просториите на црквата Света Ана“, споделува уште едно патување девојката од Прилеп.  

soedinetete se so prirodata mesta vo makedonija koi treba da gi posetite 10

Караниколички езера на Шар Планина

„Шара има посебно место во моето срце поради тоа што мојот прадедо бил партизан и на враќање кон дома бил убиен таму, а преживеаните не успеале да го пренесат неговото тело во с. Бешиште - Мариово за да го погребаат. Се сеќавам како дедо ми со тага ми ја има раскажувано оваа случка, затоа секогаш кога и да имам можност да отидам на Шара, се сеќавам на него.

Благопријатно изненадена, на врвот Караникола бев пречекана со снегче.

soedinetete se so prirodata mesta vo makedonija koi treba da gi posetite 3

Тој ден планирано беше да стигнеме до с. Вешала и од тука да се упатиме кон Караниколичко езеро и врвовите Караникола 2409 мнв и Скакало 2494 мнв. Попатно уживавме во погледот кон Титов врв кој веќе беше забелен со снег, стада овци и познатите шарпланинци.

Прекрасни есенски бои, малку боровинки по пат, и шипинки со невообичаена големина собрани за чај за претстојната зима“, ни открива Евгенија.

soedinetete se so prirodata mesta vo makedonija koi treba da gi posetite 7

Голема Црцорија и Руен

„Осоговијата ми беше останата во ум, при последната посета на Бугарија. Се сеќавам дека на одење беше обвиена во црвени, зелени и жолти бои. Селото Голема Црцорија се наоѓа севернo од градот Крива Паланка.

Попатно успеавме да се изгубиме, па кога стигнавме во куќата каде што требаше да бидеме сместени, бевме повеќе од среќни. Останатиот дел не го споделувам затоа што треба да се доживее, а не може да се прераскаже.

soedinetete se so prirodata mesta vo makedonija koi treba da gi posetite 4

Изутрината бевме благопријатно изненадени од промената на времето. До тогаш не сум планинарела во услови кога имало нов наврнат снег. Цел ден паѓаа огромни снегулки, па поради тоа имаше големи наноси на снег.

Турата ја започнавме од рудникот Тораница, каде што се најдовме со останатите планинари. Искачувањето водеше кон врвот Калин Камен и врвот Руен. На симнување од врвот бевме почестени со сонце, па тоа сметам дека ја направи цела тура волшебна“, завршува Евгенија со раскажување на своите авантури.

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
lotus flower Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 08.Септември.2008
Статус: Офлајн
Поени: 6937
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај lotus flower Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 08.Јуни.2018 во 18:58
Od mestata vo Makedonija Galicica mi ostaveno najgolem vpecatok
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 15.Јуни.2018 во 09:00

Гари и Лазарополе - Алтернативен туризам во недопрена природа далеку од градската врева

Доколку сте уморни од гужвите и напнатоста на секојдневието, ве задушува испарувањето на врелиот асфалт и сè што сакате е само да си го одморите мозокот, но и телото, наша топла препорака се Гари и Лазарополе, два македонски бисери со предзнакот „алтернативен“ планински туризам.

Gari-i-Lazaropole-alternativen-turizam-01.jpg

Гари е распослано во прегратките на Стогово. На патот кон Дебар ќе свртите кај месноста Бошков Мост и возите само право. На некои 10-тина километри ви се открива неверојатно раскошна зелена глетка.

Толку зелено што ќе ви го помати погледот. Толку чисто, што веројатно ќе ги шокирате вашите бели дробови.

Гарската Река уште долго ќе остане да ви татни во ушите додека гледате како се пени и белее пред вас. Слично е и со вкусот на гарското сирење и сè што ќе вкусите во Гари – природно, здраво и превкусно.

Ќе заборавите на интернетот и нотификациите. Ќе сакате што повеќе да впиете од оваа чудесна убавина и да фотографирате сè до онаму каде што ви допира погледот.

gari-i-lazaropole-alternativen-turizam-vo-nedoprena-priroda-daleku-od-gradskata-vreva-02.jpg

Кога ќе излезете од Гари по истиот пат по којшто дојдовте по неколку минутно возење, десно од патот ќе ја забележите таблата означена со Лазарополе.

Ќе биде вистинска штета доколку не го искористите моментот и не посетите уште еден прекрасен природен бисер во Македонија.

Но внимавајте, патот до Лазарополе е само за искусни возачи. Кривулест и по малку тесен, тие 8 km можеби ќе ви се чинат како една мала вечност. Но глетката додека се искачувате толку ќе ве преокупира, ќе ве восхити и остави без зборови.

Планина, висина, а Лазарополе во рамнина. Одеднаш го сфаќате значењето на стиховите „Лазарополе, таму најгоре…“, бидејќи имате чувство дека ѕвездите ви се на дофат на дланката.

gari-i-lazaropole-alternativen-turizam-vo-nedoprena-priroda-daleku-od-gradskata-vreva-01.jpg

Рамнина, одлична за релаксација и пешачење. Го фативме последниот цут на нарцисите. Природа која те занемува со убавината, зеленило и коњи кои мирно пасат на чисти површини кои се протегаат до недоглед.

Таму некаде во далечината на планината се наѕираат остатоци од снегот, а до тебе разбујатило зеленило и цвеќиња…

Додека вдишуваш сè околу себе, останува само да се запрашаш – има ли поубава природа од онаа во нашата Македонија?



Изменето од Valerija - 15.Јуни.2018 во 09:01
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 678
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,109 секунди.