|
Македонски кредитни картички на интернет |
Внеси реплика | страница 12> |
Автор | |
sensei
Сениор Регистриран: 31.Октомври.2005 Статус: Офлајн Поени: 2005 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Испратена: 19.Септември.2007 во 10:50 |
Ме интересира која македонска кредитна картичка е најдобра за купување на интернет?
Знам дека со Мастеркард на тутунска добро функционира, ама мене поконкретно ме интересира картичка од Прокредит Банка или други алтернативи. Ако некој има искуство нека пише. Изменето од sensei - 19.Септември.2007 во 10:50 |
|
Gods Creative Force enters humanity through a mans love for his wife and desire to raise his family in a wholesome environment. It is reciprocated by a woman receiving his seed-spirit and nurturing it
|
|
Miriam
Сениор Регистриран: 25.Април.2007 Локација: United States Статус: Офлајн Поени: 336 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
За интернет плаќања кога бев во Мк користев Мастеркард од Тутунска. Задоволна бев - сум немала проблеми никакви а доста трансакции сум извршила.
Единствен проблем беше кога аплицирав за Студентска виза. Парите што мораше да се префрлат за апликација требаше да бидат испратени со Виза, Американ Експрес или нешто трето, заборавив, но Мастер не беше меѓу нив па користев друга. Имав и Виза од Стопанска ама со неа не може да се вршат интернет трансакции. Можеби има промени од мое време (пред 2-3 години) - знам дека сакаа да направат нешто како пре-пејд картичка за интернет плаќање (ако постои, мислам дека би било најсигурна опција). ПроКредит и УниБанка исто така имаат картички со кои може да се плаќа на интернет. Маж ми имаше ПроКредит и немаше проблеми со неа ама ја нема користено којзнае колку. Кога ќе отвараш, внимавај на каматните стапки, годишната членарина и кредитниот лимит што ќе ти го дозволат (Стопанска се највеликодушни). Другото е горе-долу исто, без разлика на брендот. |
|
Try again. Fail again. Fail better.
|
|
Maestro33
Нов член Регистриран: 22.Септември.2007 Статус: Офлајн Поени: 5 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Поздрав на сите (Во прв пост).
Бидејки гледам дека темава што ме интересира веќе е отворена, да не отворам нова, најљубезно би Ве замолил да ми дадете некои појаснувања - кој е веќе поискусен и поупатен со овие работи. Од Тутунска банка зедов Маestro и MasterCard (А во панелот за проверка на состојбата на истите, стои дека имам и VISA...) MastеrCard најповеќе ја зедов заради купување на Интернет, ама што гледам за овие пар дена - тешка работа! Пробав нешто на eBay, меѓутоа гледам дека таму нема шанса ништо ниту да се продаде, ниту да се купи без PayPall - а на истиот Македонија ја нема! Исто така во многу други оn-line продавници, без PayPall - повторно ништо! Најдов една соодветна на моите потреби (On-line продавница - страница), нарачав се што ми требаше, беше наведено дека се прифаќа MasterCard (Без PayPall) и наводно - се се заврши добро, меѓутоа - пред малку добив меил од продавницата - дека картички на земји кои што не се членки на EEC - не се прифаќаат!!! Иако се работи за MasterCard!!! Па би прашал: Да ли воопшто некаде на Интернет може да се купува (Или огласува како на eBay) со оваа „МАSTER" картичка, или и таа ке ми остане само како Маестро, за купување по Македонија? Однапред благодарам. Поздрав. |
|
Miriam
Сениор Регистриран: 25.Април.2007 Локација: United States Статус: Офлајн Поени: 336 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
PayPal не е кредитна картичка но е многу посигурна алтернатива на местата каде што се прифаќа. Можеш да ставиш пари колку што сакаш, но обично се ставаат помали суми и помала е веројатноста ако некој ти ги украде податоците да те оштети многу. На пример внесуваш 100 долари за да си купиш што сакаш и толку можеш и да изгубиш. Со кредитна картичка би изгубил се што имаш на неа и кредитниот лимит.
Значи ако си потрошувач, посигурно е со PayPal, но не можеш да платиш со неа во продавница, да прашаш на шалтер како се користи, итн. Исто така многу онлајн продавници не прифаќаат PayPal и мора да имаш кредитна/дебитна картичка. За Македонија прв пат слушам дека нема PayPal, колку што знам може да се отвори било каде. Можеби мислиш дека нема затоа што нема претставништво - меѓутоа и не ти е потребно, се се прави онлајн. За Е-Bay - да, ти треба PayPal. Дури и човекот со кој сакаш да вршиш трансакција да е согласен со обична кредитна, PayPal е многу посигурно. За купување од Амазон или било што друго, може со кредитна/дебитна. Маестро/МастерКард... Маестро е дебитна картичка. Функционира на принципот на при-пејд картичка на мобилен - имаш толку пари колку што ќе ставиш, не можеш да одиш во минус. И се користо во земјата во која е издадена. За сметка на тоа пак годишната членарина е помала. На интернет не може да се користи - ти треба МастерКард. Која била продавницата што не ти примила МастерКард? Ме интересира. Прашај во Тутунска зошто ти рекле така. Јас ја имам користено. Малку ме збуни што во проверката на состојба ти пишувало дека имаш и Виза. Во Мк работата ми беше поврзана со кредитни картички и не знам дали е можно. Картичката е тој бренд што ти пишува на неа. Можеби мислеле дека од Тутунска може да земеш и Виза. |
|
Try again. Fail again. Fail better.
|
|
Maestro33
Нов член Регистриран: 22.Септември.2007 Статус: Офлајн Поени: 5 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Многу фала за навистина опширниот и прецизен одговор, но сепак има уште некои работи кои не се баш нај-јасни....
Одиме по ред, па сигурно ке разјасниме: На e-Bay - точно е како што Сте навеле - мора да има Pay-Pall. Меѓутоа, кога ке се кликне на опцијата да се отвори Pay-Pall налог - во паѓачката (Понудената) листа на држави - Македонија воопшто ја нема! Како тогаш да отворам (И каде) Pay-Pall налог - за да можам да купувам или оглесувам On-line? А како гледам на e-Bay - PayPall е повржан со сите наведени картички, што ме буни уште повеќе! Дискутабилната продавница од која што добив меил - дека не прифаќаат MasterCard од земји кои што не се членки на ЕЕC е следнава: http://www.thomann.de/gb/index.html Исто така, во меилот ми навеле податоци - да ако сакам да го купам наведеното што го нарачав, да им уплатам во банка на нивната жиро сметка готовина во евра, а не со мојата MasterCard!!! Уште еднаш проверив кај Тутунска банка - убаво си стои дека ми следува и Виза, па дури се наведени и сите суми (Исто како на Маестро и Мастер) За ова изгледа - сепак ке мора да отидам лично во понеделник во Тутунска банка и на лице место да ги разјасниме работите. И уште еднаш најљубезно би Ве замолил: Можете ли да ми посочите конкретно - некои On-line продавници на Интернет, каде што без проблем можам да купувам со мојата Мастер картичка? (Музичка опрема, гардероба и сл. - само да ја прифаќаат картичката без проблем) Благодарам и поздрав |
|
Maestro33
Нов член Регистриран: 22.Септември.2007 Статус: Офлајн Поени: 5 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Во меѓувреме се обидов и на Amazon.
Повторно безуспешно, а ми излезе следнава порака (Не ни стигнав до картичката...): *** We're sorry. This item can't be shipped to your selected destination. You may either change the shipping address or delete the item from your order by changing its quantity to 0 and clicking the update button below. ( See geographical restrictions.) ***... |
|
Miriam
Сениор Регистриран: 25.Април.2007 Локација: United States Статус: Офлајн Поени: 336 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
За германската страна од која што сакаш да порачаш и земјите членки на
ЕУ си го објаснувам со плаќањето царина. ЕУ е слободна трговска зона и
може да се испраќа и облека и технологија каде што сакаш, со
не-членките не може. Само моја хипотеза.
Ме изненадува за пораката дека има географски рестрикции на Амазон. Сега ја отворив страната (заедничка е информацијата за Амазон и Ебеј затоа што Ебеј имаат склучено договор за поштенска достава преку мрежата на Амазон) и Македонија е на листата на земји до кои испорачуваат. Провери овде - http://www.amazon.com/gp/help/customer/display.html?nodeId=596194&#country За Пејпал е потребна картичка затоа што мораш да внесеш пари на сметка од некаде, не можеш да ги уплатиш на шалтер ниту преку чек. За да ти ја отворат картичката сакаат да се осигураат дека навистина е твоја (има многу злоупотреба) и ти внесуваат мала сума на твојата сметка (неколку центи во мојот случај) и после ти треба да ја потврдиш сумата, картичката и сметката. Тогаш веќе можеш да си работиш со Пејпал сметката. Извини што не можам да ти помогнам со повеќе информација - како што реков, зборувам за периодот пред 2-3 години, можеби некои работи се смениле во меѓувреме. |
|
Try again. Fail again. Fail better.
|
|
Maestro33
Нов член Регистриран: 22.Септември.2007 Статус: Офлајн Поени: 5 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Голем поздрав и Ве молам - немојте да се извинувате, бидејки и со овие информации до сега, навистина ми помогнавте и многу работи станаа појасни.
Само тоа уште ме буни - за Пејпал - јас видов на нивната матична страна дека е потребна картичка, но не знам - како да се регистрирам и да ја внесам потребната сума на пари - кога при регистрација - Македонија воопшто ја нема на листата? А за многу работи што видов во меѓувреме - Пејпал навистина ми одговара! Поздрав |
|
Miriam
Сениор Регистриран: 25.Април.2007 Локација: United States Статус: Офлајн Поени: 336 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Е тоа не знам со немањето на Македонија на листата. Може ако имате некој близок во странство? Вие да му уплатите пари на сметка а тој да ги префрли на Пејпал? |
|
Try again. Fail again. Fail better.
|
|
Maestro33
Нов член Регистриран: 22.Септември.2007 Статус: Офлајн Поени: 5 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Да - тоа ми е јасно со префрланје пари на блиски во странство, но најискрено - ме чуди да има волкави проблеми со Мастер картичката за пазарење на Интернет!!!
Јас се сеќавам, пред извесно време на Вести на некоја од Македонскиве телевизии беше кажано дека eBay и Amazon не сакаат да работат со „Овие краеви„, но сега прв пат пробувам во пракса со картичкиве - и излезе дека има нешто во тие коментари... Инаку, што зборувавме за оној музичкиот сајт - што велеа дека не соработуваат со земји кои не се членки на EEC, сега размислувам - ако им се царините проблем, тогаш зошто би ми праќале податоци да им уплатувам на нивни жиро сметки? И во тој случај - робата пак ке помине низ царина, а и за каква роба се работеше - каиши за хармоника и една блуза!!! И најискрено - уште не можам да пронајдам сајтови (Слични на тој) каде што би можел без проблем да купувам директно со оваа Мастер картичка... Поздрав |
|
vladici
Нов член Регистриран: 05.Ноември.2007 Статус: Офлајн Поени: 3 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
PAY PAL сеуште не може да се користи од Македонија, можеби во иднина. Не пробувајте да се регистрирате на друга држава на пример Хрватска. Нема да остварите ниедна трансакција.
Поздрав |
|
Julija
Сениор Регистриран: 02.Март.2006 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 1706 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Планирам да одам во Австрија и Германија, па ме интересира дали некој знае која картичка ми е најзгодна за таму?
Еден колега имаше проблеми со МастерКард-от на Комерцијална банка кога беше во Лондон пред една-две години. А лани кога бев во Унгарија забележав дека многу ги користат VISA, AMEX, EC/MC or JCB. Мастерот многу ретко го имаше. |
|
|
|
Miriam
Сениор Регистриран: 25.Април.2007 Локација: United States Статус: Офлајн Поени: 336 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Јулија, земи си Виза. Ме изненадува што немало Мастеркард, ама и мене ми се случило на банкомат да нема Мастер. Виза има насекаде. А другите марки што ги имаш наведено некаде ги има, некаде не - Визата насекаде. Сепак, во продавница нема да имаш проблем со каква и да е, примаат се. Единствено за подигање кеш од банкомат. Во тој случај земаат и провизија, некои банки повеќе, некои помалку - така да распрашај се и за тоа. Убаво да си поминеш на патувањето и да не ја потрошиш картичката до макс Изменето од Miriam - 09.Ноември.2007 во 14:05 |
|
Try again. Fail again. Fail better.
|
|
Nee*amAnderskor
Сениор Регистриран: 11.Ноември.2005 Локација: Canada Статус: Офлајн Поени: 291 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Jas imav so godini master od komercijalna banka, mislam deka uste '95 - '96 ja otvoriv. Desetici pati sum ja koristel da kupuvam knigi na Amazon - bez nikakov problem. Samo sto koga pred edno pet godini go probija sajtot na Amazon, nekoi batki od Italija me opeljusija dvapati po 150 evra, za obrazovni celi, si gledale pornici na internet. Komercijalna bez problem mi ja nadomesti stetata. Zatoa PayPal e zakon.
PayPal ne moze da se koristi vo MK- prvo sme im rizicna zona, a drugo, nasite banki ne se tehnicki opremeni za takvi transakcii. Duri i da ja ima MAkedonija vo listata na zemji, ne dozvoluvaat registracija samo so kreditna karta - mora da se verificira i bankarska smetka.
|
|
No Reason to Lie: обичам БЪЛГАРКИ!
|
|
Внеси реплика | страница 12> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |