IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Македонија и Свет > Бизнис и економија
  Активни теми Активни теми RSS - БАНКИ
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

БАНКИ

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <123>
Автор
Порака
Палестинец Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 24.Јуни.2007
Статус: Офлајн
Поени: 12129
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Палестинец Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 29.Декември.2007 во 11:24

Уни Банка.

Кон врв
naum 1518118 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
GayLord f**ker

Регистриран: 13.Септември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 312
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај naum 1518118 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 29.Декември.2007 во 21:46
hahahahah   Tatarcheska moneylondry organizacija...
sho sledi posle ova?? prokredit .. reketarisko tabuchavte albaneza... kade cela shiparska dijaspora reshi gi legalizira crnite pari ... abre aman te ...
 


Изменето од anastea - 30.Октомври.2008 во 02:35
Кон врв
Анастеа Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор
Лик (аватар)
ПИПИ долгиот чорап

Регистриран: 07.Април.2008
Статус: Офлајн
Поени: 35441
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Анастеа Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 17.Октомври.2008 во 15:26
И тоа се случува во светот...
 
Директорот на “Дојче Банк“ во знак на солидарност со своите вработени, во време на финансиска криза, се откажал од својот годишен бонус кој изнесува над милион евра... само бонусот...намигнување
За да не бараат помош од државата, која и онака ќе им биде одобрена, неколку членови на раководството одлучиле своите годишни бонуси (4,3 милиони евра) да ги остават на банката. Инаку директорот со уште тројца членови на раководството на банката имаат заедно годишни примања од околу 33 милиони евра...
 
Како реагираат нашите банкари на ваква вест... ебати будалата...глупчо
Кон врв
Анастеа Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор
Лик (аватар)
ПИПИ долгиот чорап

Регистриран: 07.Април.2008
Статус: Офлајн
Поени: 35441
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Анастеа Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 18.Октомври.2008 во 01:35

Објаснување и совет за сигурноста на банкарските депозити даде вчера Нина Настева, Директор на Фондот за осигурување на депозити на РМ:

 
До кој износ нашиот Фонд за осигурување на депозити им гарантира на граѓаните за нивните штедни влогови, во случај да дојде до ликвидација на некоја банка?
- Фондот за осигурување на депозити има две нивоа на обесштетување на штедачите. Првото ниво е до 10.000 евра во денарска противредност се обесштетува сто отсто, од 10 илјади до 20 илјади евра вклучувајќи ги и 20.000 евра и оние што имаат над 20.000 евра во банка ги обесштетуваме 90 отсто. Тоа значи дека со примена на овој метод за обесштетување, ние покриваме во банкарскиот сектор 80 отсто од вкупните штедни влогови. Што сакам да кажам? Најсвеж е случајот со Македонска банка. Во оваа банка, во која која пред една година се отвори ликвидациона постапка, имаше вкупен обем на депозити од 24,5 милиони евра по сите основи. Ние како Фонд ги обесштетивме штедачите во вкупна вредност од 21,6 милиони евра, што значи некаде 88 отсто од средства беа осигурани кај Фондот и штедачите ги добија назад парите.
Кај штедилниците ситуацијата е уште подобра. Покриеноста кај штедилниците изнесува од 97 до 100 отсто кај поединечни штедилници кои што, на пример, имаат штедачи до 10.000 евра.

Што е со штедачите кои имаат заштеди од над 20.000 евра во банка?
- Под поим штеден влог на еден граѓанин во една банка се подразбираат сите средствата, по сите основи, (без оглед на валутната структура, без оглед дали се наоѓаат на книшка, на сметка, на картичка,) ако достигнуваат до 20.000 евра се осигурани во Фондот. Штедачите можат сами да го дисперзираат ризикот. Ако има 170.000 евра и ги дисперзира по 10.000 евра во 17 банки, колку што има во Македонија, тогаш сто отсто неговите пари се осигурани во Фондот за осигурување на депозити. Тие што имаат над 20.000 евра во една банка, во случај да дојде до стечај или ликвидација на таа банка, тие средства ќе ги побаруваат од ликвидационата, односно од стечајната маса.

Тоа значи дека штедачите не треба пари да чуваат во една банка?
- Постои старо правило дека сите јајца не се чуваат во една кошница.

 
Кон врв
Hasan ibn al sabah Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 14.Октомври.2008
Статус: Офлајн
Поени: 94
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Hasan ibn al sabah Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 18.Октомври.2008 во 19:49
ja parite gi cuvam vo komercizirana banka
Кон врв
Гостин Кликни и види ги опциите
Гостин
Гостин
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Гостин Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 20.Октомври.2008 во 14:38
 
 
МОНЕТАРНАТА ПОЛИТИКА ЗАГЛАВИ ВО РАЗЛИЧНИ ГЛЕДИШТА
Народна банка не дава поевтинување на кредитите

Банкарскиот систем во Македонија остана стабилен и засега не е вовлечен во вртежот на финансиската криза во светот. Но, тоа не значи дека треба да бидеме опуштени, напротив, токму креаторите на монетарната политика треба да ги засилат мерките за намалување на инфлацијата и економски развој - сметаат економистите во Македонија. Вицепремиерот Зоран Ставрески во своја колумна напиша дека Народна банка би можела да воведе мерки за поддршка на производството на стоки и услуги, а со тоа и на економскиот пораст преку намалување на базичната каматна стапка и задолжителната резерва што ја плаќаат банките за осигурување на кредитите што ги одобруваат на стопанството и на населението. Гувернерот на Народна банка, Петар Гошев, изјави дека нема коментар на изјавата на вицепремиерот Страврески, а кои инструменти ќе ги употреби во монетарната политика е работа на централната банка. Според него, целта останува иста, одржување на инфлацијата на постојното ниво и цврст девизен к*рс на денарот. Со високата базична каматна стапка што ја одредува НБРМ и високот процент на задолжителна резерва што ја плаќаат банките не се постигнува развој во реалниот сектор, сметаат повеќе економски експерти. Тие објаснуваат дека на тој начин банките се принудени да ги зголемат каматите, а со тоа индиректно ги поскапуваат заемите за претпријатијата, што дополнително го отежнува стопанскиот развој. - За надминување на кризната состојба, особено во земјите во транзиција, треба да се користат економски и финансиски инструменти за постигнување економски развој. Тоа е затоа што сегашната криза е резултат на вишокот на побарувачка за парични средства. Во Македонија, НБРМ и комерцијалните банки неопходно е да го кредитираат производството. Ако се намали есконтната стапка, банките ќе бидат стимулирани да користат средства од НБРМ и да ги пласираат во стопанството по поевтина цена. За овие мерки се и банкарите, кои сметаат дека со намалувањето на базичната каматна стапка на НБРМ, која претставува основа за формирањето на каматите на кредитите за крајните потрошувачи, ќе поевтинат заемите, а тоа посредно ќе влијае и врз пораст на економијата. Досега Народна банка ги зголемуваше каматите на благајничките записи како мерка на ограничување на кредитите на јавната потрошувачка, односно на зауздувањето на инфлацијата. Банкарите имаа поголем интерес да ги затвораат средствата во благајнички записи за одреден приход, отколку да ги даваат на ризични пласмани. Сепак, одлуката е на НБРМ дали ќе примени други монетарни инструменти: односно дали ќе ја намали базичната каматна стапка. Во Македонија има убедливо највисоки камати за кредитите, затоа што и базичната каматна стапка на НБРМ е висока - изнесува 7 проценти. Федералната банка на САД ја намали оваа камата на 1,5 процент за да се извлече од рецесијата и да го оживее развојот. Европската централна банка ја намали референтната камата на 3,75 проценти, а, централната банка во Англија ја намали од 5 на 4,5 проценти.


Кон врв
Анастеа Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор
Лик (аватар)
ПИПИ долгиот чорап

Регистриран: 07.Април.2008
Статус: Офлајн
Поени: 35441
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Анастеа Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 21.Октомври.2008 во 11:23
Конзервативниот однос на НБМ во одобрувањето кредити како и инсистирањето да се почитуваат супервизиските стандарди придонесе многу за доброто кредитно портфолио на македонските банки. Нашите банки не зависат многу од позајмувањата од странство, кредитирањата ги финансираат од својата депозитна база, најмногу од штедењето на граѓаните. Тие располагаат со околу 30 милијарди денари во хартии од вредност на НБМ и на Министерството  за финансии и 20 милијарди денари во задолжителна резерва во НБМ. Ова се 50 милијарди денари високоликвидни средства. Девизниет резерви се двапати поголеми од вкупните девизни депозити на населението, така да не постои ризик за штедачите.
Од друга страна, НБМ мора да биде малку пофлекисибилна, пратење на новонастанатите потреби во нашата економија, поддршка на производството преку намалување на базичната каматна стапка. Со ваква висока стапка од 7%, непосредно поскапуваат кредитите што директно влијае на стопанскиот развој, кој кај нас во најголем дел се потпира на банкарските позајмици.
Гошев мора да попушти некоја дупка на ременот...
Кон врв
Анастеа Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор
Лик (аватар)
ПИПИ долгиот чорап

Регистриран: 07.Април.2008
Статус: Офлајн
Поени: 35441
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Анастеа Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 29.Октомври.2008 во 01:18

Банките во Македонија се стабилни, нема потреба од зголемување на државните гаранции за штедните влогови, изјави првиот човек на „Охридска Банка - Сосиете Женерал“, Бернард Коениг.

Според показателите од „Охридска Банка“, и покрај рестриктивната монетарна политика, кредитирањето на населението за првите девет месеци од годинава е зголемено за над 30%, а на ниво на банката изнесува 60%. Се забележува раст и кај депозитите, иако овој месец е регистрирана поголема раздвиженост на штедните влогови, но тоа се толкува како резултат на различните камати што ги нудат банките.

„Депозитите на македонските граѓани и на компаниите во македонските банки се сигурни во овој момент, не постои никаков ризик, едно поради случувањата, а друго поради самите мерки и супервизорската улога на регулаторот којшто ја има во моментот. Рестриктивните мерки кои ги воведе НБМ, доколку продолжат и во 2009. година, надополнети со очекувањата за намален пораст поради глобалните случувања, тогаш ќе бидат една додадена ставка којашто ќе влијае на степенот на кредитирање, а и на каматните стапки тогаш“, додаде Коениг.

Кон врв
Анастеа Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор
Лик (аватар)
ПИПИ долгиот чорап

Регистриран: 07.Април.2008
Статус: Офлајн
Поени: 35441
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Анастеа Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 30.Октомври.2008 во 02:32
Originally posted by Палестинец Палестинец напиша:

Ај да ја прашам Анастеа иако прашањето не е за тука вреди ли да орочиш денари на 6 месеци....каматата е 9 %
 
Ме праша на друго место... Јас тука ќе кажам што мислам:
На релативно краток рок од 6 месеци најдобро е денарско штедење, се исплаќа повеќе од девизното, каматите се двојно поголеми. Ризик од девалвација нема, и официјално кажаа дека не планираат девалвација во следниот период.
Сигурно знаеш дека каматните стапки се дадени на годишно ниво, па ако штедиш 6 месеци, од каматата ќе добиеш 4,5%. Ако штедиш два пати по 6 месеци, ќе го добиеш целиот износ... Од една страна повеќе ќе добиеш... Од друга страна треба да мислиш и на инфлацијата...намигнување
Денарските депозити се 100% осигурани во Фондот за осигурување депозити, ако и се случи нешто на банката... така да ризикот е само во стапката на инфлација.
 


Изменето од anastea - 30.Октомври.2008 во 02:33
Кон врв
Анастеа Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор
Лик (аватар)
ПИПИ долгиот чорап

Регистриран: 07.Април.2008
Статус: Офлајн
Поени: 35441
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Анастеа Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 31.Октомври.2008 во 17:56

31 октомври - Ден на штедењето...

Од 01.01 следната година ќе се применува нова сметководствена рамка, со извесни дополнувања и допрецизирања за одделни сметки во Сметковниот план за банките. Советот на НБРМ одлучи да ја измени и Одлуката за начинот и условите за отворање и водење сметки на нерезиденти со која се укинуваат ограничувањата на нерезидентите да не вршат уплата на ефективни странски пари или денари на своите сметки кај банките, претходно повлечени од овие сметки во рок од 30 дена од денот на уплата

“Македонскиот банкарски систем преживеа две кризи, 1999 г. косовската и во 2001 г. безбедносната криза. Во моментов довербата во банките е обезбедена“, е одговорот на вице-гувернерот Гогов, на прашањето за состојбите на домашните банки во услови на глобална финансиска криза.
Како аргументи за тоа, ги наведе: порастот на БДП за 52% кон крајот на јуни годинава, што е наведено и во извештајот на Советот на НБРМ, потоа порастот на вкупната актива на банкарскиот систем  на Македонија во првата половина од годинава за 7,8%, достигна износ од 241,1 милијарди денари, како и остварената банкарска добивка зголемена за 13%, поточно 2,5 милиони денари. Главен двигател на растот на активата на банките биле депозитите на нефинансиските субјекти. Најзасилено растеа кредитите на населението, со полугодишна стапка од 22,3%, при што највисок придонес во нивниот пораст забележаа потрошувачките кредити со 39,4% и кредитните картички со 22,8%.

НБМ оценува дека, и покрај значителниот пораст на вкупните активности на банките, нивната солвентна позиција е релативно висока, а кредитниот ризик покажал натамошно благо намалување.
 
Кон врв
gonzo Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Мачкозил

Регистриран: 04.Декември.2008
Локација: У дневну
Статус: Офлајн
Поени: 3137
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај gonzo Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 04.Декември.2010 во 21:34

Комерцијална - банка на годината

Комерцијална банка е прогласена за банка на годината за 2010 во Македонија од економскиот магазин „The Banker“.

„Ова е петти пат Комерцијална да се прогласува за Банка на годината за Македонија од страна на професионалниот светски банкарски и финансиски магазин, издание на групацијата ’Фајненшел тајмс‘, читан во 150 земји во светот“, соопштуваат од Комерцијална банка. Таа претходно беше избирана за банка на годината во 2001, 2002, 2004 и 2005.

Критериуми за избирање на победниците вклучуваат поврат на средства на акционери, стратегиски предности во однос на конк*ренти, проценти на пораст на капитал, актива и нето-добивка.

 
Aj cestito...Uste malku fali da salterskite rabotnici gi stavite vo red i ce bide taman...да
You have the right to remain silent. Anything you say will be misquoted, then used against you.
Кон врв
BellaGrandma Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор

Game over

Регистриран: 10.Јуни.2010
Статус: Офлајн
Поени: 20029
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај BellaGrandma Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 04.Декември.2010 во 21:41
Originally posted by gonzo gonzo напиша:

Aj cestito...Uste malku fali da salterskite rabotnici gi stavite vo red i ce bide taman...да



Никогаш нема да ни се променат шалтерските работници...затоа што ...нема рака..да не стегне...
До тогаш...може слободно да ти се развикам...или да не те услужам..нормално..на моја одговорност..бидејќи никој нема да ме казни
Јас уствари си кажувам за онаа банка преку Вардар...али во сите експозитури се исти

Изменето од ФорумскаБаба - 04.Декември.2010 во 21:42
Можат се да ти земат - богатството, најубавите години, радоста и сите заслуги, но секогаш ќе ти останат соништата за одново да го создадеш светот кој ти го украле.
Кон врв
gonzo Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Мачкозил

Регистриран: 04.Декември.2008
Локација: У дневну
Статус: Офлајн
Поени: 3137
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај gonzo Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 04.Декември.2010 во 21:54
Originally posted by ФорумскаБаба ФорумскаБаба напиша:

Originally posted by gonzo gonzo напиша:

Aj cestito...Uste malku fali da salterskite rabotnici gi stavite vo red i ce bide taman...да



Никогаш нема да ни се променат шалтерските работници...затоа што ...нема рака..да не стегне...
До тогаш...може слободно да ти се развикам...или да не те услужам..нормално..на моја одговорност..бидејќи никој нема да ме казни
Јас уствари си кажувам за онаа банка преку Вардар...али во сите експозитури се исти
 
Jas si kazuvam za mojata banka u Ku....Doduse ne e moja , na Komercijalna e ama deka tie mi gi rabotat parite ( ko bavca) pa zatoa vikam moja...kako i da e...Vo posledno vreme me sluzat dobro koga ce me vidat vaka golem so namurtena faca i obicno neobricen gledaat samo kako pobrzo da me simnat od dneven red a koga sum iznerviran i onie od obezbeduvanjeto vrtat glava...среќа
You have the right to remain silent. Anything you say will be misquoted, then used against you.
Кон врв
kum Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 06.Јули.2007
Статус: Офлајн
Поени: 3279
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај kum Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 05.Декември.2010 во 12:46
нлб во моментов е најдобра според мене...


JOIN THE FAMILY
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <123>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,156 секунди.