|
БАНКИ |
Внеси реплика | страница 123> |
Автор | |
Isis
Сениор CATALYST Регистриран: 19.Јануари.2007 Статус: Офлајн Поени: 5871 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Испратена: 18.Септември.2007 во 18:23 |
Македонскиот
банкарски систем со 22 банки е меѓу најмалите во Централна и Источна
Европа со учество од 39% од Бруто домашниот производ на земјата.
Податокот
дека 73% од вкупните депозити и 64% од вкупните средства во
македонскиот банкарски систем се наоѓаат кај трите најголеми банки
Комерцијална, Стопанска и Тутунска банка, укажува на високата
концентрација и олигополската позиција која овие банки ја имаат на
банкарскиот пазар. Анализата покажува дека квалитетот секогаш се
наметнува како единствен избор. Учеството на овие три банки во
македонскиот БДП изнесува 25%. Но, во услови кога 98,9% од сите финансиски активности се сконцентрирани кај банките, банките ја имаат доминантната положба во македонскиот финансиски систем, бидејќи се единствен избор за оние кои имаат потреба од пари. Банкарскиот сектор во Македонија е најслаб во југоисточна Европа. Со вкупна финансиска моќ од 3,4 милијарди евра, лани банките во земјава вределе помалку и од банките од Албанија, чија финансиска кондиција изнесувала вкупно 5 милијарди евра. Во најновата анализа на „Дојче банк“, предвидувањата се дека банкарскиот сектор на Македонија во иднина ќе расте, но не доволно за да го напушти непопуларното последно место во регионот. Според германските експерти, во 2011-та банкарскиот сектор на Македонија ќе вреди вкупно 5,3 милијарди евра. Прва на листата сега, а и по четири години е Романија, каде потенцијалот на банкарскиот сектор од сегашните 52 милијарди евра ќе се зголеми повеќе од тројно, на неверојатни 175 милијарди евра. „Дојче банк“ потенцира, дека клучниот фактор за раст на банкарството во земјите на југоисточна Европа е нивниот ангажман за членство во Европската Унија. Во овој дел предвидувањата за Македонија се песимистички. Германските банкари земјава не ја гледаат во унијата ниту до 2014-та, што не е случај со Хрватска, која според експертите на „Дојче банк“ ќе стане членка на ЕУ во 2012-та. |
|
Isis
Сениор CATALYST Регистриран: 19.Јануари.2007 Статус: Офлајн Поени: 5871 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Со
споредба на македонските банки со банките во европските земји или со
оние кои работат во соседството се доаѓа до разочарувачки заклучок дека
во Македонија за жал сe уште нема голема банка. Има мали, помали и
многу мали банки. Но, тоа не значи дека е мал пазарот и дека тука не
можат да се прават големи профити. Напротив неколку банки покажаа дека
во Македонија има уште многу простор за работа и профит.
Анализите покажуваат дека Комерцијална банка, Стопанска банка и Тутунска банка имаат поседуваат 70% од целата банкарска актива. Знацителен пораст на активата во 2005 година постигнале ПроКредит банка и УниБанка |
|
Isis
Сениор CATALYST Регистриран: 19.Јануари.2007 Статус: Офлајн Поени: 5871 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Комерцијална банка АД Скопје е една од водечките банки во Република
Македонија, четворократен добитник на престижната награда “Банка на
годината 2001”, “Банка на годината 2002”, “Банка на годината 2004” и
“Банка на годината 2005” што ја доделува реномираното банкарско
списание “The Banker”, како и четворократен добитник на наградата за
најдобра банка во Македонија за 2004, 2005, 2006 и 2007 година што ја
доделува реномираниот њујоршки магазин Global Finance.
Акциите на Комерцијална банка АД Скопје котираат на официјалниот пазар на Македонската берза и претставуваат една од најликвидните хартии од вредност. Комерцијална банка АД Скопје е со доминантен приватен капитал од 90.90% во вкупниот акционерски капитал и 4.223 акционери. |
|
Isis
Сениор CATALYST Регистриран: 19.Јануари.2007 Статус: Офлајн Поени: 5871 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Стопанска банка АД Скопје е најголема банка во Република
Македонија според вредноста на капиталот и мрежата на
филијали.
На почетокот на 2000. година Стопанска Банка АД Скопје беше преземена од Националната Банка на Грција – најголемата банкарска групација во Југоисточна Европа. Стопанска банка АД Скопје има најголема мрежа на филијали во земјата која ја сочинуваат 25 филијали и 31 експозитурa. По преземањето од НБГ, Стопанска банка АД Скопје ја зајакна својата конк*рентност преку интензивно реструктуирање. Денес, Стопанска банка АД Скопје е единствена домашна банка која е во состојба да врши он-лајн извршување на сите банкарски операции на целата територија на земјата и да обезбеди брзи и целосни информации во реално време. |
|
naum 1518118
Сениор GayLord f**ker Регистриран: 13.Септември.2007 Статус: Офлајн Поени: 312 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Ке дојде до големи потреси овде ... ке имаме и веке имаме еден светски гигант...
Моја прогноза е дека за 2-4 години од сега овде ке има 4-5 банки!!!
|
|
монте кристо
Сениор THERE CAN BE ONLY ONE Регистриран: 26.Мај.2005 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 6869 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
molam boga da dojdat banki kao hipo i raiffeisen bank
koga site ke bidat zastiteni , koga ke ima povolni krediti .
Na zapad zad sekoja firma stoi negovata banka .
Primer nekoj zel roba od kaj mene i ne mi ja plaka , jas ne se javuvam kaj izvrsiteli ili sudovi - nema raspravanje so niv . ednostavno bankata so svojata bankova garancija ja plaka fakturata pa posle taa si gi prevzema rabotite so svojot klient . Prosto svrsuvam na samata pomisla na toa , ejjjjjjjjjj da ne se javuvas po cel den naplata da brkas , zamisli se javuvas vo banka ustvari bankata so garancijata ti gi kalapi a tebe te boli gole i se smeskas zadovolno
|
|
во овие години што следат , ќе видиме дали европа и христијанството ќе се спасат . И ТИ !!! можеш да помогнеш . ОД НАС СИТЕ ЗАВИСИ .
|
|
naum 1518118
Сениор GayLord f**ker Регистриран: 13.Септември.2007 Статус: Офлајн Поени: 312 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Да инструмент на банкарските гаранции... Се почнува и овде хектор , но почвиме со некои фирми добри, не со сите!!!
|
|
Miriam
Сениор Регистриран: 25.Април.2007 Локација: United States Статус: Офлајн Поени: 336 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Нормално е да нема многу банки во Македонија - има само 2мил луѓе од кои повеќето се релативно сиромашни (а богатите не си ги чуваат парите во Мк банки ) - така што мала е заработувачката и не им се исплаќа да се борат за место под сонцето.
Изменето од Miriam - 22.Септември.2007 во 04:46 |
|
Try again. Fail again. Fail better.
|
|
naum 1518118
Сениор GayLord f**ker Регистриран: 13.Септември.2007 Статус: Офлајн Поени: 312 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Горе долу да!!! Но и со еден долар ќар мислам ако капиталот пронајде добра почва за оплодување ке дојде!!! Дури сметам , дека и од каприцот за целосна покриеност ке дојдат!!!
|
|
Miriam
Сениор Регистриран: 25.Април.2007 Локација: United States Статус: Офлајн Поени: 336 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Би дошле ако има ќар, точно, ама поентата ми беше дека нема да имаат тооолку многу. Пресметај колку време треба да се потроши во добивање дозволи, градење инфраструктура (Македонските банки повеќето веќе се купени), донесување/обука на кадар, итн.
Ако дојдат нови банки, сметај дека конк*ренцијата ќе биде поголема и за сегашните и новодојдените, така што профитот ќе биде помал. Да не ме разбереш биквално, сигурно некои и ќе дојдат, ама засеега не се брзаат:) |
|
Try again. Fail again. Fail better.
|
|
Antiqua
Сениор Регистриран: 31.Март.2006 Статус: Офлајн Поени: 1790 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Тутунска банка - непрофесионалци! |
|
Veni Vidi Vici
|
|
Miriam
Сениор Регистриран: 25.Април.2007 Локација: United States Статус: Офлајн Поени: 336 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Мене пак ми се допаѓаа - имав кредитна картичка од таму и многу бев задоволна од услугата. Инаку во сите банки треба малку да се поработи на начинот на кој вработените се однесуваат со клиентите. Во Мк клиентот е секогаш во право е само на хартија, ама сепак состојбата е значително подобрена од пред 5 години. |
|
Try again. Fail again. Fail better.
|
|
Цаци Галапчарот
Сениор Регистриран: 24.Јуни.2007 Локација: Byelorussian SSR Статус: Офлајн Поени: 955 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Samo pod pernicu cuvam pare
|
|
Antiqua
Сениор Регистриран: 31.Март.2006 Статус: Офлајн Поени: 1790 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Јас ништо не чувам во кеш, се ми е во банките
Miriam во право си дека мора да го сменат односот, бидејќи така се губат клиенти...Ете, поради лошиот однос од вработените во Тутунска, јас ја затворив сметката таму и веќе нема да ми текне со нив да работам
|
|
Veni Vidi Vici
|
|
Внеси реплика | страница 123> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |