IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Интима > Семејство
  Активни теми Активни теми RSS - Правила за среќен брак
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Правила за среќен брак

 Внеси реплика Внеси реплика страница  123 4>
Автор
Порака Обратен редослед
KUKOC7 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Барон Минхаузен

Регистриран: 26.Октомври.2007
Статус: Офлајн
Поени: 1852
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај KUKOC7 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Тема: Правила за среќен брак
    Испратена: 16.Септември.2010 во 13:36
Ова е моја дефиниција за успешен Брак...или врска...
4 најважни работи....
Секс,Разбирање,Доверба и Пари
 
од овие 50% отпага на сексот а остантите 50% разбирање пари и доверба
 
 
кул
Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85179
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 16.Септември.2010 во 13:17

Значи јас да се спремам за разводразмислување

Кон врв
Schatzii Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 04.Мај.2010
Локација: Germany
Статус: Офлајн
Поени: 10600
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Schatzii Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 16.Септември.2010 во 13:06
Тајната на долговечниот брак се 4 бакнежи дневно, секс 3 пати неделно и разлика од 2 години меѓу партнерите, покажува новото истражување.

Истражувачите, со математичка прецизност, заклучија дека 2 заеднички хобија, 3 прегратки во секои 24 часа, едно „те сакам“ дневно и 2 романтични оброци месечно, сигурно ќе помогнат во одржувањето на среќата во бракот на долг рок. Истражувањето, кое го спровело веб страната за венчање Confetti покажало дека успешниот брак најчесто е помеѓу партнери кои се запознале преку пријатели, а се венчале откако биле заедно во просек 3,5 години.

Освен ова, се покажало дека за долговечен брак потребна е и разлика во возраста меѓу партнерите, а најуспешни биле оние кај кои разликата била околу 2 години и 3 месеци. За бракот да биде навистина успешен, детето би требало да се роди после 2 години и 2 месеца брак.

Исто така се препорачува постојано да се биде во контакт со партнерот, преку 3 телефонски разговори дневно, мејлови или смс пораки. За успех во заедничкиот живот, потребни се и две патувања за викенд, како и едно заедничко патување во странство на годишно ниво.

Успешниот брак бара и простор и за личната слобода, па затоа тој вклучува и две излегувања месечно со пријателите, сами, без партнерот.

Dream what you want to dream;
Go where you want to go;
Be what you want to be,
because you have only one life and one chance to do all the things you want to do.
Кон врв
zamislena Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 03.Јануари.2010
Статус: Офлајн
Поени: 14566
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај zamislena Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 14.Септември.2010 во 17:17

Брачни правила вредни за прекршување...намигнување

 

Досадата и караниците не секогаш се лоши страни на бракот. Понекогаш тие можат да бидат и најдоброто нешто што му се случило на вашиот брак. Зошто мора секогаш да одите на одмор со партнерот или да ги избегнувате караниците по секоја цена? Некои правила не се секогаш најдобрите.

Кои правила се вредни за прекршување?

Целосна искреност

Вистината не само што може да боли, туку во некои случаи е и комплетно непотребна. На пример, деталите за вашите бивши дечковци се комплетно непотребни и може да доведе до споредби на минатите и сегашната врска.

Досадата е лош знак

Повремената тишина не е знак дека му е здодевно со вас. Понекогаш е поубаво само да молчите. Тоа е знак на поврзаност со партнерот.

Заљубени до крај

Секако дека заљубеноста која сте ја чувствувале на почетокот на врската со текот на времето ќе се изгуби, но тоа не значи дека сте со погрешната личност. Љубовта се раѓа со текот на времето без разлика дали се уште чувствувате пеперутки во стомакот или не.

Заеднички одмор

Доколку тој сака планинарење, а вие излежување на плажа, нема ништо лошо во тоа да одите на одмор одвоено. Привременото одвоено време е здраво за врската. Ќе се одморите еден од друг, но тоа секако не значи секоја година да одите одвоено.

Не за одвоени кревети

Доколку едниот партнер има проблеми со спиење или пак порано станува, нема причина зошто да ги избегнувате одвоените кревети и различните соби. Добриот сон е важен за здравиот ум и тело, а секако и за бракот.

Не легнувајте скарани

Препирањето кон крајот на денот нема да ве доведе никаде. Затоа попаметно е да преспиете и да размислите изутрина кога главата ќе ви биде одморена и свежа.

Кон врв
bijonse1 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
bella Madonna

Регистриран: 14.Јануари.2009
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 16521
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај bijonse1 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 05.Февруари.2010 во 19:00

За среќен брак потребно е неверство...???размислување


Верувале или не, француската писателка Марис Валиан, им препорачува на своите сонародници, Французите, дека најдобрата формула за добар брак е - неверство.Имено, во својата најнова книга „Мажи, љубов, верност“, контроверзната писателка открива дека 39 отсто од Французите ги изневеруваат своите жени во некоја фаза од животот, но тврди дека тоа не штети на бракот, туку делува потполно спротивно.
- Повеќето мажи не ги изневеруваат своите сопруги бидејќи не ги сакаат, туку затоа што ги сакаат........збунетост
Тие единствено требаат простор за себе. За такви луѓе кои се всушност силно моногамни, неверството е неизбежно, коментираше Валиан, која додава дека жените, кога ќе сфатат дека верноста е одредена со културата, но не и природна, дури тогаш се чувствуваат повљубени и многу послободни. 
Како и секогаш, критики секогаш има, а прва реагираше Силви Брунел, поранешна сопруга на францускиот министер за имиграции и национален идентитет, кој го фатила криза на средните години, па нашол двојно помлада девојка и го оставил семејството.....плазење
- Неговата љубовница беше на возраст колку и нашата најстара ќерка, коментираше Силви која воопшто не се согласува со тврдењата на Мари Валиан и смета дека е понижувачко за жена кога мажот ја изневерува...................не%20знам
 


Изменето од bijonse1 - 05.Февруари.2010 во 19:02
Кон врв
bella10 Кликни и види ги опциите
Нов член
Нов член


Регистриран: 02.Февруари.2010
Статус: Офлајн
Поени: 25
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај bella10 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 04.Февруари.2010 во 11:11
nema pravila za sreken brakголема%20насмевка,rabotata e na koj kako ke mu se pogodiнамигнување
Кон врв
zbunet Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Претседник Зеленковски

Регистриран: 24.Февруари.2007
Статус: Офлајн
Поени: 15549
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај zbunet Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 03.Февруари.2010 во 16:43

Бракот е заедница од двајца луѓе од кои едниот е секогаш во право, а другиот е маж.

Кон врв
zbunet Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Претседник Зеленковски

Регистриран: 24.Февруари.2007
Статус: Офлајн
Поени: 15549
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај zbunet Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 03.Февруари.2010 во 16:12

Бракот е заедница на двајца возрасни кои обично се однесуваат како деца

Кон врв
zbunet Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Претседник Зеленковски

Регистриран: 24.Февруари.2007
Статус: Офлајн
Поени: 15549
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај zbunet Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 03.Февруари.2010 во 13:08
Vo "Posledniot samuraj " so Tom Kruz, vo edna scena japonkata nosi teska kofa so voda i Tomce i ja zema kofata da i pomogne.
Japonkata iznenadeno mu veli : - Kaj nas japoncite ne pomagaat vo vakvi raboti.
A Tomce nas i veli : - Jas ne sum japonec - i ja nosi kofata.

Sto e poentata ?

 " Ne se prai Japonec ! "
Кон врв
Glenn Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Тата-Мата

Регистриран: 14.Јануари.2008
Статус: Офлајн
Поени: 3166
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Glenn Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 02.Февруари.2010 во 21:31
Добар е овиј Библискиов прирачник за брачен живот на Бијонсе, држи вода 100%
Beauty fades, dumb is forever
Кон врв
databis Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 26.Јануари.2010
Статус: Офлајн
Поени: 177
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај databis Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 31.Јануари.2010 во 14:17
Чудно ми е овие што останаа моми како се разбираат толку многу

Веројатно читале соодветна литература

Прирачник за жени од 1955 година

Изменето од databis - 01.Февруари.2010 во 10:26
Кон врв
bijonse1 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
bella Madonna

Регистриран: 14.Јануари.2009
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 16521
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај bijonse1 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 30.Јануари.2010 во 23:45
Како што знаете половина од денешните бракови завршуваат со развод, оставајќи позади себе горчливи сопружници и збунети деца.
Нека тоа не ти се случи тебе!изненадување
Без оглед на тоа дали минуваш низ тешки времиња во твојот брак или доживуваш брачна среќа, или можеби и ако не си во брак меѓутоа размислуваш за тоа.... еве докажани совети за да ти помогнат твојот брак да трае.....да


Воспоставете свој сопствен дом.

"Затоа ќе го остави човекот таткото свој и мајката своја и ќе се прилепи кон жената своја; и обата ќе бидат едно тело." Битие 2:24
Ова Божјо правило е специфично.
Венчаната двојка мора да го напушти таткото и мајката и да воспостави свој сопствен дом, дури и ако финансиите наложуваат тоа да биде апартман од една соба. Мажот и жената треба да одлучат заедно за овие прашања. Потоа таа треба да ги извести своите, а тој неговите роднини. Тие мора да останат цврсти без оглед на тоа кој ќе се спротивставува. Илјадници разводи би се спречиле доколку ова правило внимателно би се спроведувало.....губитник

Продолжете да се додворувате еден на друг.

"Пред сè, имајте сесрдна љубов меѓу себе, зашто љубовта покрива многу гревови......
Продолжете (или можеби заживејте ги) учтивостите на додворувањето во вашиот брачен живот.
Успешните бракови не се случуваат случајно; тие се развиваат.....губитник
Бидете благодарни за вашиот сопружник затоа што
монотонијата ќе го уништи вашиот брак. Нека љубовта продолжи да расте изразувајќи љубов еден за друг затоа што во спротивно таа ќе умре или ќе биде однесена. Љубовта и среќата не се наоѓаат кога се бараат за себеси, туку попрво се даваат на други. Така, поминете колку што е можно повеќе време правејќи нешта заедно, ако би сакале да се согласите. Научете да се поздравувате еден со друг со ентузијазам. Релаксирајте се, посетувајте, купувајте, разгледувајте природа или споменици, јадете заедно. Не ги пропуштајте малечките учтивости, охрабрувања и дела на приврзаност. Изненадете се еден со друг со мали подароци или услуги. Обидете се да го надсакате другиот. Не земајте од бракот повеќе отколку што ќе вложите во него. Разводот сам по себе не е најголем уништувач на бракот, туку попрво, недостигот на љубов. Кога ќе и се даде шанса, љубовта секогаш победува.............да

Пазете ги своите мисли - нека вашите чувства не ве фатат во стапица.

“Немој да ја посакуваш жената на својот ближен." .
Погрешен начин на размислување ќе го уништи вашиот брак. Ѓаволот ќе сака да ве фати во стапица со мисли како следните: "Вашиот брак е грешка." "Таа не ме разбира мене." "Не можам повеќе да го поднесам ова." "Ние можеме секогаш да се разведеме доколку тоа е неопходно." "Ќе одам дома кај мајка ми." "Тој и се насмевна на таа жена." Престани да мислиш на такви мисли или твојот брак ќе го снема, затоа што твоите мисли и чувства управуваат со твоите дела. Одбегнувај да гледаш, зборуваш, читаш или слушаш сето она (или се дружиш со секој оној кој) што сугерира на нечистотија или неверност. Неконтролираните мисли се како автомобил во лер на рид. Сешто може да се случи, и последиците се секогаш катастрофални.


Никогаш не заминувајте на спиење гневни еден на друг.

Затоа Бог вели гневот да згасне пред ноќната почивка. Бидете доволно големи да си простите и да речете искрено: "Жалам." На крај, вие двајцата сте во ист тим, така бидете доволно спортски расположени да ја признаете грешката кога ќе ја направите. Покрај сè, тоа е многу убаво искуство, со невообичаена сила да ги привлече брачните партнери поблиску еден кон друг. Бог го сугерира тоа и успешно е!


Нека Христос биде во центарот на вашиот дом.

Ова е најголемото и најважно правило. Тоа навистина е основа на сите други. Нека Христос биде прв во вашиот живот. Вистинската тајна на вистинската среќа во домот не е дипломатија, стратегија и постојани напори да се надминат проблемите, туку попрво, заедница со Христа. Срцата што се исполнети со Христовата љубов, никогаш не можат да бидат многу далеку одвоени. Со Христа во домот, бракот ќе биде успешен. Евангелието е лекот за сите бракови што се исполнети со омраза, горчина и разочарување. Тоа спречува илјадници разводи, преку чудесно обновување на љубовта и среќата. Тоа ќе го спаси твојот брак исто така доколку сакаш...

Согласете се дека разводот не е решение.
"Она што Бог го соединил, човек нека не го раздвојува." Матеј 19:6. "Оној што ќе ја остави својата жена, освен заради прељуба, и се ожени со друга, извршува прељуба; и оној што ќе се ожени со онаа којашто е така оставена, извршува прељуба." Матеј 19:9. "Жената што има сопруг, е обврзана преку законот со нејиниот сопруг, сè додека тој е жив." Римјаните 7:2.


Држете го семејниот круг затворен.

Семејната интимност никогаш не треба да биде споделена со други, дури ни со родителите. Претставува голем грев и трагедија да се прекрши ова од Бога дадено правило. Трета личност да симпатизира или да слуша поплаки, претставува орудие на ѓаволот за да ги оддалечи срцата на мажот и жената едно од друго. Решете ги своите домашни проблеми насамо. Никој друг (освен можеби твојот пастор или брачен советник) не треба да биде вовлечен во тоа. Секогаш бидете искрени еден со друг, и никогаш немајте тајни еден од друг. Не кажувајте шеги на сметка на чувствата на вашиот сопружник. Енергично бранете се еден со друг и строго исклучете ги сите наметнувачи. Како и во случај на прељуба (во спротивно на тоа што многу брачни советници ќе речат) секогаш тоа те повредува тебе и сите други вклучени. Бог кој го знае нашиот ум, тело и емоционална структура (и знае што ти помага, а што те повредува) вели: "Не извршувај." И кога Тој вели: "Немој," ние подобро да не го правиме тоа. Оние што го игнорираат ова Негово правило ќе платат најголема можна казна. Така, доколку флертувањата започнале, прекинете со нив веднаш затоа што над вашиот живот може да застане сенка која нема да може да се подигне.


Секогаш имај на ум дека критикувањето и непрестаното додевање ја уништува љубовта
Престанете со критикување, додевање и наоѓање на мани. На твојот сопружник можат многу нешта да му недостасуваат, меѓутоа додевањето нема да помогне. Не очекувај совршенство, затоа што може да резултира огорченост од тоа. Прогледај ги низ прсти слабостите, и гледај на убавите нешта. Не се обидувај да го реформираш, управуваш или убедуваш твојот партнер, ќе ја уништиш љубовта. Само Бог може да ги менува луѓето. Чувство на хумор, радосно срце, љубезност, трпение и приврзаност ќе истераат две третини од вашите брачни проблеми. Обидете се вашиот сопружник да го направите попрво среќен отколку добар, и доброто ќе се погрижи за себеси.....губитникТајната на успешниот брак не лежи во тоа да се има вистинскиот партнер, туку попрво во тоа да се биде вистински партнер.

Не претерувајте во ништо; бидете умерени.

"Секој човек што се стреми за надмоќ е умерен во сите нешта.
" Претерувањето ќе го уништи вашиот брак; како и неактивноста. Работата, љубовта, одморот, активноста, играњето, обожувањето, оброците и состаноците мора внимателно да бидат балансирани во вашиот брак, или во спротивно нешто ќе пукне. Премногу работење или недостакот на спиење, правилна храна или вежбањето може една личност да ја направи критизерска, нетолерантна и негативна. Постојаното прејадување е големо зло што ја засилува пониската природа и ја отапува совеста. Сексуалните злоставувања ја уништуваат љубовта за свети нешта и ја ослабнуваат виталноста. Бракот не дава дозвола за претерување во сексуалната активност. Деградирачки, искривен и неумерен секс ја уништува љубовта и почитта еден кон друг. Умерениот сексуален живот е препорачан во Библијата како најдобар Вистинската среќа не може да се најде во изолираност. Ние мора да научиме да се смееме и да уживаме во здраво, добро време поминато заедно. Да се биде премногу сериозен е опасно. Претерувањето или пак недоволното работење го ослабува умот, телото, совеста и можноста да се љубите и почитувате еден со друг. Не дозволувајте неумереноста да го упропасти вашиот брак.

Имајте почит кон личните права и приватноста на другиот.

Секој сопружник има од Бога дадено одредени лични приватности.
Немајте обичај да чепкате по паричникот или ташничката на другиот, личната пошта или друга приватна сопственост без претходна дозвола. Правото на приватност и тишина кога постои преокупураност треба да биде почитувано. Дозволи и на твојата сопруга или сопруг да некогаш не бидат во право; дозволете им да имаат слободен ден без да бидете гневни за тоа. Брачните партнери не се поседуваат еден со друг и никогаш не треба да присилуваат промена на личноста.  Потрошете помалку време да го проверите својот сопружник, а повеќе време обидувајќи се да му угодите нему или неа. Ова чини чуда.......губитник
Бидете чисти, прикладни, уредни и верни на должноста.

Мрзеливост, нечистотија и неуредност се оружја на ѓаволот за да ја уништи твојата почит и наклонетост еден кон друг, и така го урне твојот брак. Уредена, скромна облека и чисти, добро одржувани тела се неопходни за мажот и жената. Оброците треба да бидат здрави, привлечни и служени на време. Домот треба да биде чист и уреден, затоа што тоа донесува мир и задоволство за сите. Мрзелив сопруг што не ги подмирува потребите на домаќинството, е проклетство за семејството и навреда за Бога. Негрижата во некои од овие навидум малечки нешта е причина за уништување на илјадници домови.............губитник
Одлучете да зборувате тивко и љубезно.
Форсирај се себеси да зборуваш тивко и љубезно со својот сопружник. Молкот, кога едниот е нападен, најчесто е најдобар метод да се олади гневот. На направените одлуки кога некој е гневен, уморен или обесхрабрен не можеме да се потпреме, така што најдобро е човек да се релаксира, дозволувајќи гневот да се олади. И кога ќе зборуваш, нека секогаш тоа биде тивко и со љубов. Острите, гневни зборови ја рушат желбата на твојот сопружник да ти угоди............губитник

Бидете разумни во прашањето со парите.

Сиот имот и сиот приход треба да биде "наш," а не "твој" или "мој." Жените што не работат надвор од домот, треба да примаат редовни средства за прехранбени артикли, облека и други нешта од буџетот. Тие средства треба радосно да бидат дадени, наместо со тешко срце и протест. Жената и мажот, двајцата треба да имаат малечки, еднакви суми (каде што тоа е можно) да ги потрошат како што сакаат без за тоа да бидат прашувани. Скржавиот сопруг вообичаено се гневи на својата жена за тоа дека е потрошувач како што и сопругот расипнички ја прави својата жена скржава. Покажувајќи доверба во способноста на твојот партнер за управување со средствата најчесто од него или од неа ќе направиш личност која ќе биде повеќе способна да ракува со финансиите.

Зборувајте за нештата заедно и слободно советувајте се еден со друг.
 Малку нешта ќе го зацврстат вашиот брак повеќе од тоа да се советувате заедно за сите големи одлуки. Промена на работа или купување на куќа, автомобил, мебел, облека (барем за големите нешта), и сите други нешта за кои се потребни пари ги вклучува и сопругот и сопругата, и мислењета на двајцата треба да бидат земени во предвид. Зборувањето за нештата, заедно, ќе одмине многу грешки што можат да го упропастат вашиот брак. Доколку, по многу дискусија и сесрдна молитва, мислењата се уште се разликуваат, сопругата треба да се покори на одлуката на својот сопруг. Библијата е јасна за ова прашање.............да

Кон врв
Glenn Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Тата-Мата

Регистриран: 14.Јануари.2008
Статус: Офлајн
Поени: 3166
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Glenn Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 28.Јануари.2010 во 17:21
Originally posted by naum 1518118 naum 1518118 напиша:

Да се вракаш пијан дупе секоја вечер и да смрдиш на лук, да ги вадиш чорапите и ко ке ги плесниш во ѕидон да се залепет.. после без причина да ја пребиеш ко мачка жената и на крај во крвавата страст да имате секс се дури ти не заспиеш без да свршиш!!
 
ПС и обавезно пред заеднички пријатели да ја вреѓаш!!!
 
Еве го правиот одговор. Брачна среќа-загарантиранагазење%20од%20смеење
Beauty fades, dumb is forever
Кон врв
pagane Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 21.Февруари.2007
Статус: Офлајн
Поени: 13044
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај pagane Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 28.Јануари.2010 во 12:09
make love without marriageнамигнување
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  123 4>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,547 секунди.