IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Македонија и Свет > Бизнис и економија
  Активни теми Активни теми RSS - МАКЕДОНСКА БЕРЗА
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

МАКЕДОНСКА БЕРЗА

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 45678 11>
Автор
Порака
DelBoy Кликни и види ги опциите
Нов член
Нов член


Регистриран: 27.Септември.2008
Статус: Офлајн
Поени: 3
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај DelBoy Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 01.Октомври.2008 во 15:56
Ova mu doaga kao - tie sto profitiraat ja znaat tajnata na g.Jozo kako da zarabotis milion dolari.

P.S. Sum bil vo drustvo so ubici i mafijasi i ne sum se plasel ,no od vas bankari, advokati,direktori i brokeri ......Ufff 'malce se potresov'.

Изменето од DelBoy - 01.Октомври.2008 во 15:57
Кон врв
Анастеа Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор
Лик (аватар)
ПИПИ долгиот чорап

Регистриран: 07.Април.2008
Статус: Офлајн
Поени: 35441
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Анастеа Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 08.Октомври.2008 во 18:22
Еве колку не може да влијае светската финанска криза и врз нас...
Македонските берзански власти решија да интервенираат на берзата со цел да се спречи нејзиниот евентуален крах. Ова дојде како реакција на дводневниот пад на македонскиот берзански индекс за повеќе од 7 проценти, предизвикан од паничната реакција на нашите инвеститори по падот на Волстрит. Новите правила на тргување ќе почнат да важат од утре.
Кон врв
Анастеа Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор
Лик (аватар)
ПИПИ долгиот чорап

Регистриран: 07.Април.2008
Статус: Офлајн
Поени: 35441
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Анастеа Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 09.Октомври.2008 во 11:49
Одборот на директори на берзата одлучи да го ограничи дневното движење на цените на акциите за да го ублажи континуираниот пад на индексот. Вредноста на акциите на компаниите отсега ќе може да падне или да порасне за најмногу 5%, а во случаите на т.н. фиксинг тргување кое досега не беше ограничено ќе може да се движи до 10%.
Најголем фактор за пад на акциите е паниката кај инвеститорите, но на подолг рок најважни се сепак перформансите на компаниите во формирањето на цените на акциите.
Берзите во светот се тесно поврзани, па падот на една берза неминовно предизвикува пад и кај другите. Вчера имаше пад на сите балкански берзи.
 
 
 
Кон врв
mamamd Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Почесна конзулка

Регистриран: 02.Ноември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 25679
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај mamamd Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 11.Октомври.2008 во 07:42
Originally posted by DelBoy DelBoy напиша:

Ova mu doaga kao - tie sto profitiraat ja znaat tajnata na g.Jozo kako da zarabotis milion dolari.

P.S. Sum bil vo drustvo so ubici i mafijasi i ne sum se plasel ,no od vas bankari, advokati,direktori i brokeri ......Ufff 'malce se potresov'.

...ova e najdobrata recenica nekogash izgovorena ...shto ja odlikuva vistinskata slika za bankarite...najmalku 10 pati go imam gledano filmot so silvester stalone zaradi ova ... i slatko sum se smeela... a nashiot "VOL strit"... ta koga bil jak... tamu skapi se samo tepisoncinjata... ona dzvonceto... i nishto drugo...
Кон врв
Анастеа Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор
Лик (аватар)
ПИПИ долгиот чорап

Регистриран: 07.Април.2008
Статус: Офлајн
Поени: 35441
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Анастеа Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 13.Октомври.2008 во 15:58
Во јавноста се почесто се споменува и дискутира за продавање на Мекедонска берза. Најголемите акционери на Македонска берза веќе дискутираат и за тоа кому и како. Идејата е да се продаде на стратешки инвеститор кој би купил 51% од акциите на берзата, со цел да се обезбеди побрз развој и спас од неликвидноста. Веќе има и заинтересирани, пред се КДД (Централна клириншка депотна дружба) од Словенија. Една од пречките е и Законот за хартии од вредност, кој не дозволува еден акционер да поседува повеќе од 10% од вкупниот акционерски капитал на друштвото.
Кон врв
Гостин Кликни и види ги опциите
Гостин
Гостин
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Гостин Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 17.Октомври.2008 во 11:18
 
 
 
 

НЕТРАНСПАРЕТНОСТА ЈА ПРЕДИЗВИКА ФИНАНСИСКАТА КРИЗА

КОМПАНИИТЕ ДОБИЈА ПРАВИЛА ЗА ФИНАНСИСКИ ИЗВЕШТАИ

Компаниите што котираат на берзата добија правила како да составуваат финансиски извештаи. Унифицирани, разбирливи и транспаретни податоци кои нема да ги доведуваат во заблуда инвеститорите.

Нетранспарентноста и натаму е одлика на некои од македонските акционерски друштва, велат од Комисијата за хартии од вредност.

Правилникот на Комисијата за хартии од вредност доаѓа во време кога глобално се најочигледни последиците од нетранспаретното работење, велат познавачите.

Правилникот е наменет за јавно поседуваните друштва кои се впишани во Регистарот на Комисијата за хартии од вредност. Во моментов во него се регистрирани 141 акционерско друштво во кои се вбројуваат и  најактрактивните компании на Македонската берза.

 
Кон врв
Анастеа Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор
Лик (аватар)
ПИПИ долгиот чорап

Регистриран: 07.Април.2008
Статус: Офлајн
Поени: 35441
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Анастеа Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 17.Октомври.2008 во 11:36
Јас не знам каков е тој менталитет кај нашите компании да ги кријат извештаите, кога повеќето од нив што котираат на берзата имаат позитивни финансиски извештаи... Се плашат од имплементирање нови акционери и менаџери во сопствените фирми, а не се свесни дека така само и штетат на компанијата... Во развиените економии, компаниите своите финансиски извештаи ги пласираат редовно и навремено...
Кон врв
Анастеа Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор
Лик (аватар)
ПИПИ долгиот чорап

Регистриран: 07.Април.2008
Статус: Офлајн
Поени: 35441
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Анастеа Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 17.Октомври.2008 во 11:52
Почнаа да се затвараат брокерски куќи...
Од денеска „КБЦ Секјуритис АД Скопје“ престанува со работа според законот за хартии од вредност и најверојатно ќе оди во ликвидација.
Кон врв
Гостин Кликни и види ги опциите
Гостин
Гостин
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Гостин Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 20.Октомври.2008 во 00:05
 
 
 
  ПАД НА ПРОМЕТОТ ЗА НАД 70%

МАКЕДОНСКАТА БЕРЗА И НАТАМУ ВО КРИЗА

Кризата ги однесе инвеститорите надвор од земјава. Тоа се гледа по слабиот интерес за тргување на Македонската берза.
Оваа недела прометот падна за над 70% во однос на минатата и изнесува нешто помалку од три милиони евра. Падот се должи на намалениот интерес за обврзниците. Оваа недела прометот со нив е за 97% помал во однос на претходната недела. Состојбата со акциите неделава остана иста, тие и натаму се неатрактивни. Тргувањата и неделава главно на официјалниот пазар. 94% од трансакциите поминале тука, остатокот на редовниот пазар.

Акциите не само што останаа неатрактивни туку и натаму ја губат вредноста. Од десетте најтргувани хартии од вредност на официјалниот пазар, најголем пад има кај Стопанска банка Битола, 22%. Значителен пад на вредноста бележат и акциите на Макстил 8%, Комерцијална банка над 5% и Топлификација над 4%.
Кон врв
dasaf Кликни и види ги опциите
Нов член
Нов член


Регистриран: 24.Октомври.2008
Статус: Офлајн
Поени: 1
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај dasaf Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 24.Октомври.2008 во 08:50
Сакам да ви претставам еден портал за инвеститори со многу графици, вести, анализи и сл. http://www.broker.com.mk/
Кон врв
Анастеа Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор
Лик (аватар)
ПИПИ долгиот чорап

Регистриран: 07.Април.2008
Статус: Офлајн
Поени: 35441
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Анастеа Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 26.Октомври.2008 во 01:46
 
Пресметките кои Капитал ги направи врз основа на податоците од Централниот депозитар за хартии од вредност и статистичките податоци достапни на Македонската берза, најголеми парични загуби имаат директорите на друштвата чии акции изминатава година беа најтргувани и кои за време на берзанскиот бум имаа најголем пораст на цените. Додека најмали загуби, а во некои случаи и добивка, имаат оние директори кои управуваат со компании што изминатиот период не беа толку атрактивни за инвеститорите на домашниот пазар на капитал.
Така, од листата на бизнисмени и директори на најголемите македонски акционерски друштва, која ја состави Капитал, за изминатава година (од 26 септември лани до 26 септември годинава) најмногу пари, односно 12,9 милиони евра загубил директорот на градежната компанија Гранит, Страшо Милковски. Или, вредноста на неговиот акционерски удел од 15,9% во компанијата која ја води Гранит, за една година се намалила за дури 59%. На 26 септември лани просечната цена на акциите на Гранит беше 2.781 денар, а на 26 септември годинава 1.153 денари.

Единствен од ова друштво на најмоќни македонски директори кој заработил во текот на изминатава “црна” берзанска година, е кратовскиот бизнисмен Љубисав Иванов-Ѕинго. Неверојатно, но Иванов, кој има мнозински акционерски удел од 54,3% во Рударскиот комбинат Силекс од Кратово, оваа година заработил 31,9 илјади евра. Или Ѕинго, за една година ја зголемил вредноста на сопственичкиот удел во Силекс за 13%. Причината за ова, се разбира е помалиот интерес за тргување со акциите на Силекс, а и малиот пораст на цената на акцијата на ова друштво, која лани изнесувала 63 денари, а деновиве чини 71 денар.

По околу 10 милиони евра загубија и Штерјо Наков и Живко Мукаетов
Како резултат на финансиската криза и берзанската депресија најмногу настрадаа акционерите и директорите на друштвата, чии акции лани летото достигнаа историско највисоки вредности. Така, ако лани една акција на Фершпед чинеше 300.000 денари, а во некои моменти достигна и 400.000 илјади денари, деновиве чини близу 129.000 денари, што претставува над 40% намалување на цената на оваа акција.

Па така втор на листата според големината на загубата на својот акционерски удел, мерено во апсолутен износ, е бизнисменот Штерјо Наков, кому изминатава година мечкиниот пазар на Македонска берза му однесе 11,8 милиони евра. Или пазарната капитализација на 23,4% удел што Наков го има во Фершпед, од 26 септември лани до 26 септември годинава се намалила за 57%.
Трет на листата е директорот на најголемата домашна фармацевтска компанија Живко Мукаетов. Мукаетов загубил 10,5 милиони евра од вредноста на неговите акции во Алкалоид. Според извештаите на Централниот депозитар за хартии од вредност, Живко Мукаетов во Алкалоид поседува акционерски удел од 6,3%. Според тоа, вредноста на неговиот удел, се намалила за 54%.
Коста Младеновски, директорот на шпедиторското друштво Макошпед, кој има 24,8% акции во шпедитерската компанија, загубил 65% од вредноста на својот удел. Или, неговата загуба вредносно, мерена од ланскиот 26 септември до 26 септември оваа година изнесува 4,8 милиони евра.
Петти според висината на намалениот капитал на Македонската берза е директорот на Тетекс од Тетово, Глигорие Гоговски. Тој има загубено високи 76% од вредноста на неговиот акционерски удел. Во апсолутна бројка, намалувањето на пазарната капитализација на неговите акции во Тетекс е речиси четири милиони евра.
По него, или шести на листата е прилепскиот бизнисмен Симон Наумоски, директор на Витаминка од Прилеп. По ланското “плодно” лето на Македонската берза, а потоа и стрмоглавиот октомвриски пад на индексот МБИ 10, изминатава година на Наумоски му пропаднале 3,2 милиони евра. Односно, вредноста на неговите 24% акции во Витаминка паднала за 56%.
Директорот на Жито Вардар од Велес, Ристе Ташев изгубил високи 64% од вредноста на своите акции во друштвото. Или во апсолутни бројки, неговиот капитал на Македонската берза се намалил за 1,6 милиони евра.
На осмото место според загубата во апсолутни бројки, но на прво место според процентуалниот пад на вредноста на акционерскиот капитал, мерено во дадениот временски период, е бизнисменот Минчо Јорданов. Тој поседува 21% во друштвото РЖ Интер Траншпед и во оваа рецесиска берзанска година загубил дури 78% од вредноста на уделот. Во апсолутни бројки, намалувањето на вредноста на уделот на Јорданов, во РЖ Интер Траншпед изнесува 709 илјади евра.
Членот на групацијата менаџери М6, бизнисменот Светозар Јаневски, според Централниот депозитар за хартии од вредност, поседува 20,4% удел во АутоМакедонија. Во оваа “црна” година за Македонската берза, Јаневски загубил само 25% од вредноста на својот сопственички удел, или во пари тоа изнесува 328,5 илјади евра.
Се разбира, во ова рангирање на Капитал не се пресметани акционерските удели на споменатите бизнисмени, кои поради раситнетост, не се видливи во листите на ЦДХВ со акционери кои поседуваат над 5% акции.
Ако се земе предвид големината на македонскиот пазар на капитал, загубите што ги погодија македонските директори се навистина огромни. Сепак, оние директори кои најмногу загубија, според достапните податоци, останаа и најбогатите директори. Милковски во Гранит, Мукаетов во Алкалоид и Наков во Фершпед, сe уште имаат највредни акционерски удели од сите разгледувани директори. Секој од овие директори има удели во компаниите кои ги управуваат кои вредат по околу девет милиони евра.

--------------------------------------------------------------------------------------------------
Гревчиња бе, кутрите директори....
 
Кон врв
zagor Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Уникатен песимист

Регистриран: 27.Септември.2007
Локација: Congo
Статус: Офлајн
Поени: 12850
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај zagor Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 27.Октомври.2008 во 13:44
Originally posted by zagor zagor напиша:

МАКЕДОНСКА БЕРЗА...МАКЕДОНСКА ПИРАМИДА,САМО ОВАА ЌЕ БИДЕ НАЈГОЛЕМАТА ДОСЕГА ВИДЕНА КАЈ НАС...

 
 
 
 
 
.....sum napisal ,a ne sum se poslusal...кубење%20коса
...zagor e ziv,se drugo e laga.
Кон врв
Анастеа Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор
Лик (аватар)
ПИПИ долгиот чорап

Регистриран: 07.Април.2008
Статус: Офлајн
Поени: 35441
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Анастеа Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 27.Октомври.2008 во 13:50
Оти бе загоре, коси кубеш, да не те зезнаа нешто?...намигнување
Кон врв
zagor Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Уникатен песимист

Регистриран: 27.Септември.2007
Локација: Congo
Статус: Офлајн
Поени: 12850
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај zagor Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 27.Октомври.2008 во 13:54
....koj ja...изненадување???.....ne ma.....samo si pisuvam po forumive......црвенеење
...zagor e ziv,se drugo e laga.
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 45678 11>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,203 секунди.