|
РАЗГОВОРИ ЗА РЕЛИГИИТЕ - ОПШТО И НЕВРЗАНО |
Внеси реплика | страница <1 137138139140141 242> |
Автор | |||
EvAngelos
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Сениор Doulos Evangelos Регистриран: 28.Февруари.2007 Статус: Офлајн Поени: 9913 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
Ако кажам поинаку ќе излажам, а мојата вера ми забранува да лажам.
Секој е посветен на нешто. Крупно или ситно, јас сум посветен на евангелието и на изворното христијанство проповедано од Христос и апостолите.
Воопшто нема гордост во тоа да се фалиш со Христос. Јас не се фалам со некои свои лични таленти и достигнувања, туку со Божјиот дар.
"Ако пак го проповедам Евангелието нема за што да се фалам, зашто неопходноста ми е наложена. И тешко мене, ако не го проповедам Евангелието!"
(1 Коринтјаните 9:16)
Дај Боже таа силна порака (евангелието) да продре во многу срца и многу души да се спасат!
Повели тестирај ме. Имам над 7000 коментари напишано тука. Отвори го Светото Писмо и пронајди некоја моја изјава која не е во согласност со Божјиот Збор, со изворното христијанство проповедано од Христос и апостолите
|
|||
Посветен на изворното христијанство проповедано од Христос и апостолите.
|
|||
Majkl
Сениор Регистриран: 20.Јуни.2008 Статус: Офлајн Поени: 3019 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
Јас мојот ник и аватар го одбрав сосем непристрасно. Мајкл е име поврзано со многу работи кои ми се допаѓаа, а куќичката е симпатична и бела. Мислам дека или не кажуваш во целост или дека самиот не си свесен за твоите вистински мотиви зошто си ги одбрал. Но тоа е твое право. Еден член одбра ник кој алудира најдиректно на севишниот. Кога те прашав за непријатноста мислев во смисла на гордост-понизност. Крупна изјава е да кажеш лично за себе дека си посветен на ширењето на христијанството и тоа изворното, па уште посветен на евангелието. Твојот ник, потпис и аватар меѓусебно се надополнуваат твборејќи силна порака за тоа со кого си имаме работа. А што ако не си тоа? Друга работа е да отвараш теми и реплицираш, да пишуваш тоа во кое ти веруваш дека е вистина и дека вреди и другите да прочитаат нешто за тоа или да размислат дали е тоа така како што другите членови велат според своето убедување. Меѓутоа пак ќе речам: твој ник, твој потпис, твој аватар е право на твој избор. |
|||
EvAngelos
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Сениор Doulos Evangelos Регистриран: 28.Февруари.2007 Статус: Офлајн Поени: 9913 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
Еве ви една топ тема за општи и неврзани муабети.
Мараната, јас не сум против сликите, туку против иконите. Јас имам дигитален апарат и со него си сликам секојдневно. Јас сакам и уметнички слики. Сакам и пејсажи, слики од природата. Сакам и слики со религиозна содржина. Јас имам и Библија во Слики
Но сите на форумов правиме разлика меѓу слика и икона. Знам дека на грчки "икона" значи слика, ама во македонскиот јазик меѓу овие две има разлика.
Слика е онаа слика која ја гледаме, набљудуваме, критикуваме, и се воодушевуваме итн. Сликите не ги оставаме 40 дена во Црква за да ги осветиме. Пред сликите не се поклонуваме. Пред сликите не се молиме. Пред сликите не палиме кандила итн.
Јас одбрав таков аватар затоа што ми се допаѓа таа слика. Затоа што една од моите омилени христијански книги е токму на тоа делче од Светото Писмо (Матеј 14:25-33) и се вика: "Ако сакаш да чекориш по вода, мораш да излезеш од бродот!" Во таа книга се зборува за "Чекорот на Верата" кој секој христијанин мора да го направи доколку сакаш да живее живот со вера, победоносен живот во Христос. Сликата на мојот аватар е всушност стихот:
"Но кога го виде силниот ветер, се исплаши, почна да тоне и извика, велејќи: „Господи, спаси ме!” А Исус веднаш ја испружи раката, го фати и му рече: „Маловерен, зошто се посомнева?"
(Матеј 14:30-31)
Поуките од тој стих се:
Кога Петар чекореше со вера, го следеше Христовиот повик "Дојди!" и Христос му беше во фокусот, тој чекореше над водата и не тонеше.
Но кога Петар ги виде силните бранови, верата му ослабна, се уплаши, заборави на Христовата власт над природните сили и почна да тоне.
Но тоа не беше се. Христос е тука покрај нас, дури и во нашите падови, па и кога нашата вера со намалува.
Но сепак секогаш останува на нас изборот: Ќе ја прифатиме ли новата шанса која ни ја дава Бог или горди и самоуверени во нашата сила ќе продолжиме да претаме во разбеснетото езеро.
Петар не бил аматер во водниот спорт. Тој бил искусен рибар и можеби цел живот го поминал во езерото. Сепак одлучил да ја зграпчи раката на Христос.
Тоа е добра поука за нас, се разбира во духовна смисла.
Зошто да ми е непријатно?
Мојот аватар, мојот ник и потпис се во совршена хармонија.
Мојот аватар значи: Христос спасува!
Мојот ник значи: Гласник на радосната вест! (а тоа е сликата на мојот аватар)
А мојот потпис кажува дека јас сум посветен на она што го претставува мојот ник и аватар
Ајде сега ти кажи, што претстсавува твојот ник и аватар? Зошто одбра баш таков аватар и ник? Што сакаш ти да ни сугерираш преку нив? |
|||
Посветен на изворното христијанство проповедано од Христос и апостолите.
|
|||
DAIJA
Сениор Регистриран: 08.Февруари.2007 Статус: Офлајн Поени: 1668 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
А што би направил Исус на твое место?
Односно, што сторил Исус кога бил во слична ситуација како твојата?
веќе одговори, знам, но зошто и ти не постапи така? Нели е тој пример за следење? Или можеби не е?
Можеби ќе чекате да се врати тој да расчисти по идолопоклоничките храмови пред кои неговото име служи како параван....?!
Само, и самиот знаеш дека многумина така што чекале, одамна не се меѓу живите...
|
|||
О следбеници на Книгата, дојдете да се собереме околу зборот нам и вам заеднички: никого освен Бог да не обожуваме и никого да не Му здружуваме!
|
|||
zidarski
Сениор Регистриран: 17.Декември.2007 Статус: Офлајн Поени: 4385 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
Уште нешто во врска со оваа тема - туку што проверив - и излегува дека има доста лаги во тоа што дотичните го презентираат пред своите заедници и светот. На пример - децата не полагаат тест за упис во основно училиште и секое дете има загарантиран прием без оглед на предзнаењата (особено сега, со новата училишна програма тоа воопшто не е проблем). Со тоа паѓа во вода основната причина за собирањето на средствата и начинот на кој тоа се прави...
|
|||
Do what is right, come what may...
|
|||
zidarski
Сениор Регистриран: 17.Декември.2007 Статус: Офлајн Поени: 4385 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
Дали ќе може некој да даде повеќе информација околу овие активности во Македонија...
Пред некое време се спомна на форумов за ова, и колку повеќе барам информација за оваа група и нивните активности, толку повеќе ми мириса на труло... Еве два текста: Градинка за скопските гета уште еден текст на истата тема (погледнете на страница 1 и 10 во PDF текстот). Немам проблем со активностите кои ги прават, напротив - убаво е тоа што се случува, само некако начинот на кој ја поднесуваат информацијата, ми е сомнителен, како и некои податоци кои ги изнесуваат. Ако некој има повеќе информација нека каже за што станува збор. |
|||
Do what is right, come what may...
|
|||
zidarski
Сениор Регистриран: 17.Декември.2007 Статус: Офлајн Поени: 4385 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
Живи и здрави да сме - ако Бог сака, ќе биде...
|
|||
Do what is right, come what may...
|
|||
melhisedek
Сениор Регистриран: 12.Август.2008 Статус: Офлајн Поени: 225 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
nema sto me bendisuvaaat tvoite odgovori mora da se zapoznaeme
|
|||
zidarski
Сениор Регистриран: 17.Декември.2007 Статус: Офлајн Поени: 4385 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
Тоа е доста различно од примерот кој Марија го посочи претходно. Тоа што ти го правиш е еден вид барање на инспирација во Библијата и мотивација за секојдневното живеење. Тоа што беше претходно кажано - е кога луѓе поставуваат конкретно прашање или уште полошо - барање, ја отвараат Библијата и очекуваат директен одговор.
|
|||
Do what is right, come what may...
|
|||
melhisedek
Сениор Регистриран: 12.Август.2008 Статус: Офлајн Поени: 225 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
sto se odnesuva do biblijomantijata
ce kazam nesto sto se odnesuva na mene koga pocnuvav da go spoznavam bozjoto slovo. posle mnogu pati citajne na biblijata pocnav nesvesno da ja citam onamu kade sto ce se otvori i imav verba deka toa e ona sto mi e potrebno vo toj moment i najdobro za mene vo taa situacija vo koja sum se nasol vo momentot.no ponatamu svativ deka ako covek ja cita biblijata sekoj den toj vejke ja poznava sekoja situacija koja ke mu se najdi na patot na zivotot pa prodolziv da ja citam taka p[a i den denes taka ja citam . ne gledam tuka loso nesto |
|||
zidarski
Сениор Регистриран: 17.Декември.2007 Статус: Офлајн Поени: 4385 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
Затоа и реков - ако навистина се случило - има метод по кој тоа се решава и не смее да се остави туку така.
|
|||
Do what is right, come what may...
|
|||
maria_magdalena
Сениор trouble seeker Регистриран: 25.Октомври.2007 Статус: Офлајн Поени: 8706 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
. Изменето од maria_magdalena - 13.Август.2008 во 08:41 |
|||
МИСЛИТЕ СЕ ОСЛОБОДЕНИ ОД ДАНОК.
|
|||
zidarski
Сениор Регистриран: 17.Декември.2007 Статус: Офлајн Поени: 4385 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
п.с. Марија - муабетот за членска книшка за да се влезе на Богословија... малку е претерано - познавам свештеници кои наскоро влегоа таму, а не припаѓаат, ниту симпатизираат некоја партија. Ако навистина тоа се случило, знам точно место каде што треба да се обрати за помош...
|
|||
Do what is right, come what may...
|
|||
zidarski
Сениор Регистриран: 17.Декември.2007 Статус: Офлајн Поени: 4385 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
Не само Методија, туку сите овие млади владици кои сега влегоа во синодот, како и младите монаси - сите тие се предводници на еден бран на реформи, на чело со г.г. Стефан. Но ќе биде потребно многу време - затоа што не може да ги "отпуштат" сите свештеници, да ги затворат црквите и да почнат на "чисто" одеднаш. Едноставно - не е изводливо во таква структура како МПЦ.
Но, почнат е процес на реформа. Многу паметен потег беше тоа што Методија беше пратен во Северна Америка - затоа што верувајте - тука е многу актуелно она што Пимен го вели и за Западна Европа. Како што забележувате - младите владици ги пратија кај емиграцијата, затоа што искрено - тоа што тука се практикува не наликува ни на православието кај нас, а камо ли на она што навистина треба да биде. За само 2 години колку што е тука, веќе има огромни промени. Истите тие промени постепено се случуваат и кај нас, само што не се радикални, а човек како човек, нема трпение и мисли дека се треба да се случи во наредната "петилетка". |
|||
Do what is right, come what may...
|
|||
Внеси реплика | страница <1 137138139140141 242> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |