IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Здравје > Медицина
  Активни теми Активни теми RSS - За пушачите
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

За пушачите

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 34567 9>
Прашање: Зошто пушете ?
Одговор Гласови Статистика
2 [5,71%]
20 [57,14%]
1 [2,86%]
1 [2,86%]
6 [17,14%]
0 [0,00%]
5 [14,29%]
Не може да гласате на оваа анкета

Автор
Порака
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85179
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 04.Март.2010 во 18:59
Ја доживеав стотата благодарение на цигарите и алкохолот

Стогодишна Лорна Гобеи верува дека нејзината долговечност се должи благодарение на цигарите и алкохолот.

Лора дневно пуши 20 цигари и редовно ужива во кригла Гинис и чашка виски.


Прва цигара ја има запалено во 1940 -та година и за период од 70 година има испушено повеќе од пола милион цигари – пишува Дејли телеграф.

- Пушам од својата триесетта и до сега немам никакви проблеми. Многу луѓе се обидуваа да ме убедат дека пушењето е лошо за здравјето. Моето семејство во ниеден момент не се осмелил да ме одврати од навиката, а ако се обидеше ќе  возвратев со иста мера.

Отсекогаш уживам во животот. Мислам дека е важно да го правите она што сакате да го правите, а да не дозволите да правите нешта против својата волја . Сакам да пушам, да пијам по малку виски и од моето омилено пиво Гинис. Одам во куглана и се натпреварувам. Можеби ова се дел од причините што живеам толку долго. Никогаш не се надевав дека ќе ја доживеам стотата, просто неможам да поверувам.

За својот роденден Г-ѓа Гобеи, наздрави со нејзините 27 внуци, 55 правнуци и 12 праправнуци. Роденденот го прослави и во локалниот клуб со своите пријатели и нејзиниот омилен пијалак.

- Таа ја пуши својата цигара побрзо од сите нас и секогаш сака по уште еден пијалак. Игра бинго, свири усна хармоника и секојдневно се вози низ градот – вели нејзиниот 66-годишен син Боб



Кон врв
BellaGrandma Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор

Game over

Регистриран: 10.Јуни.2010
Статус: Офлајн
Поени: 20029
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај BellaGrandma Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 04.Јули.2010 во 19:04
Пушев одамна..демек другарките мои можат..а јас не
Епа сега не пушам. И ми смета кога сум во соба со пушачи
Ми текна дека не треба да се трујам кога прочитав нешто слично на ова..



Пушењето доведува до пореметување на човечкото однесување , односно човекот станува зависен од пушењето и од него не може да се одвикне без поголеми тешкотии особено во однесувањето , заради што пушењето се смета за болест на зависност како што е алкохолизмот и наркоманијата, од тука произлегува дека пушењето претставува болест што во одредени ситуации треба да се лекува и делува превентивно затоа што :
- пушењето е причина за многу заболувања.
- смртноста на пушачите е за 80-100% поголема одколку кај непушачите,
- пушачите умираат најчесто од : болести на крвните садови на телото, на срцето,хронични воспаленија на дишните патишта и белите дробови, рак на бронхиите, белите дробови, грлото и усните.


Со пушењето во организмот се внесуваат веќе споменатите отровни состојки кои дирекно делуваат на дишните патишта и почнуваат воспалителни процеси (пушачки катарќ и кашлица, заболување на белите дробови и нивното проширување, како и тешки неповратни промени на сетивото за мирис и вкус.
Тутуновиот катран како што и порано споменавме е причинител на најтешката и засега неизлечлива болест-рак на устата, грлото, дишните патишта и белиот дроб. Отровните состојки кои навлегуваат во крвта по крвен пат се пренесуваат до сите органи на телото, особено во мозокот каде најбрзо се забележуваат односно чувствува неговото дејство а кое се манифестира со :раздразливост, главоболка, несвестица, гадење, повраќање, и воспаление на нервите и на органите за вид.
Можат се да ти земат - богатството, најубавите години, радоста и сите заслуги, но секогаш ќе ти останат соништата за одново да го создадеш светот кој ти го украле.
Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85179
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 13.Декември.2010 во 16:56
Зелениот чај задолжителен за пушачите

Ако не размислувате за престанување на пушењето, барем размислете за она што го јадете. Редовното пиење на зелен чај, јадењето на мешункаст зеленчук и кромид ги штити пушачите од карцином на градите, стои во извештајот на американските научници. Се смета дека антиоксидансите од споменатите продукти го намалуваат оксидацискиот стрес, воспалението и оштетувањето на ДНК, што се последици од пушењето поврзани со заболувањето од карцином.

Кон врв
Nadia Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 22.Декември.2010
Статус: Офлајн
Поени: 227
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Nadia Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 03.Февруари.2011 во 18:35
Митови за пушењето

Ако престанам да пушам ќе се здебелам
Поради стравот од здебелување многу луѓе не престануваат со пушењето. Фактот е дека пушачите се поправаат 2-5 килограми кога престануваат со пушењето. Кога човекот престанува да пуши кај него се случуваат физички и психички промени. Најчеста грешка е заменување на желбата за цигара со желба за јадење. Како и да е, здебелувањето не е неизбежно; престанокот на пушењето всушност може да ви отвори многу други можности. Ако можете да вежбате и тоа да го направите ваша следна опсесија, ќе го подобрите метаболизмот и функцијата на вашите бели дробови.

Ќе пушам само неколку цигари дневно
Луѓето си мислат дека ако до вчера пушеле по 20 цигари на ден, а сега 3 дека престанале да пушат. Епа не, не сте се откажале додека целосно не сте се тргнете од цигарите. Според едно норвешко истражување кое следело 43.000 мажи и жени цели 30 години, жените кои пушеле помеѓу една и 4 цигари на ден имаат 5 пати поголеми шанси да умрат од рак на бели дробови за разлика од непушачките, а кај мажите,оние кои пушат се 3 пати повеќе изложени на ризикот од рак на бели дробови.

Оставете ме, сам(а) себе се трујам
Чадот од вашата цигара им штети на сите околу вас бидејќи тие исто така ги вдишуваат 4.000 хемикалии што вашите цигари ги имаат. Студиите покажуваат дека брачниот партнер што не пуши има 20-30% поголема шанса да заболи од рак на бели дробови и 25-30% поголема шанса за срцеви заболувања.

Можам кога сакам да се откажам
Никотинот создава поголема зависност од хероинот, кокаинот и алкохолот. Повеќе од 70% од пушачите сакаат да се откажат, но само 4-7% успеваат тоа да го направат без ничија помош. Тоа е поради тоа што никотинот, стига до мозокот, го зголемува нивото на допамин и му дава на пушачот чувство на задоволство. Ова чувство набрзо исчезнува поради што пушачот добива желба за уште и уште. Се смета дека и останатите хемикалии во цигарите ја зацврстуваат зависноста. Пушачите често се емотивно зависни и имаат потреба од професионална помош во форма на терапија за да научат да го контролираат стресот без тутун.

Толку долго пушам, веќе не вреди да се откажам
Според официјални студии доколку се откажете од пушењето пред да наполните 35 години, можете да живеете еднакво долго колку и непушачите. Секако тоа не значи дека не вреди да се откажете и ако сте повозрасни, затоа што во секој случај го подобрувате квалитетот на живеењето и вашето здравје.

Кон врв
Nadia Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 22.Декември.2010
Статус: Офлајн
Поени: 227
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Nadia Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 04.Февруари.2011 во 12:29
Како да нема на крај на штетните ефекти од пушењето, па сега може да се каже и дека пушењето е еден од главните виновници за појава на брчките, што значи ако ви треба уште една причина да се откажете од цигарите, додадете ги брчките на вашата листа.
Пушењето го забрзува нормалниот процес на стареење на клетките во кожата придонесувајќи за побрза појава на брчки. Овие промени на кожата можат да се случат и само после 10 години пушачки стаж. Колку повеќе цигари пушите и колку подолго време пушите, толку е поверојатно дека ќе имате повеќе брчки на лицето.
Пушењето не предизвикува промени на кожата само на лицето, туку ги зафаќа и другите делови од кожата вклучувајќи ги и внатрешните делови од рацете. Иако не можете да го вратите процесот, со откажувањето од цигари можете значително да го забавите.

Како пушењето води до збрчкување на кожата? Никотинот во цигарите предизвикува стеснување на крвните садови во површинските делови на кожата. Ова го попречува нормалниот крвоток во кожата. Со помал проток на крв, вашата кожа не добива доволно кислород како и хранливи материи и витамини.
Хемикалиите од цигарите го оштетуваат и колагенот и еластинот во кожата, елементи кои и даваат јачина и елестичност на истата. Како резултат на овие појави кожата почнува да се збрчкува.
Како дополнување на штетниот ефект од цигарите, тука е и жештината која доаѓа од жарот од цигарата како и лицевата експресија кога вовлекувате и кога мижите со очите бидејќи ви смета чадот. Сите овие работи придонесуваат за зголемена појава на брчките.
Кон врв
Pravoslavie Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Октомври.2005
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 1732
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Pravoslavie Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 23.Мај.2011 во 00:28
Пушењето предизвикува проблеми кај центарот за вид!!!
Погледнете тука
Да погледнеме околу нас, таму има МНОГУ СТРАДАЛНИЦИ. Да им помогнеме!
Оди на подфорумот Хуманост на дело
Запамети, ЉУБОВТА ДЕЛОТВОРИ!!
Кон врв
Pravoslavie Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Октомври.2005
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 1732
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Pravoslavie Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 23.Мај.2011 во 00:33
Пушењето предизвикува проблеми во дишните патишта.
Погледнете тука и тука

ПРЕСТАНЕТЕ СО ПУШЕЊЕ ВЕДНАШ!!!


Изменето од Pravoslavie - 23.Мај.2011 во 00:33
Да погледнеме околу нас, таму има МНОГУ СТРАДАЛНИЦИ. Да им помогнеме!
Оди на подфорумот Хуманост на дело
Запамети, ЉУБОВТА ДЕЛОТВОРИ!!
Кон врв
Pravoslavie Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Октомври.2005
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 1732
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Pravoslavie Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 23.Мај.2011 во 00:37
Пушењето предизвикува рак на грлото и на устата!!!
Погледнете тука и тука

ПРЕСТАНЕТЕ СО ПУШЕЊЕ ВЕДНАШ!!!
Да погледнеме околу нас, таму има МНОГУ СТРАДАЛНИЦИ. Да им помогнеме!
Оди на подфорумот Хуманост на дело
Запамети, ЉУБОВТА ДЕЛОТВОРИ!!
Кон врв
Pravoslavie Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Октомври.2005
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 1732
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Pravoslavie Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 23.Мај.2011 во 00:49
Пушењето го уништува биолошкиот живот! УБИВА !!!
Погледнете тука, тука и тука


ПРЕСТАНЕТЕ СО ПУШЕЊЕ ВЕДНАШ!!! , заради Вашето лично добро, и здравје и живот, но и заради доброто, здравјето и животот на тие околу Вас
Да погледнеме околу нас, таму има МНОГУ СТРАДАЛНИЦИ. Да им помогнеме!
Оди на подфорумот Хуманост на дело
Запамети, ЉУБОВТА ДЕЛОТВОРИ!!
Кон врв
Pravoslavie Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Октомври.2005
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 1732
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Pravoslavie Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 25.Мај.2011 во 00:12

Православната Христова Црква е полна со искуства од сите овие 20 века, борба на луѓето против злото, и што е многу добро, сето тоа се запишува и грижливо се чува.

Еден проблем со кој се соочуваат луѓето денес се и цигарите. Еве една

КРАТКА ПСИХОЛОГИЈА НА ЦИГАРИТЕ И КАКО ДА СЕ БОРИТЕ ПРОТИВ НИВ

Пушењето е страст… порок… и ова ќе ти го зборува човек кој минал низ (друг вид на) страст, значи планирам да ти зборувам од лично искуство, а не од претпоставки и од прочитано по книги…

Најпрво, знаејќи го погубното влијание на страста, треба да се има СИЛНА ЖЕЛБА да се откажеш од неа.
Срцето е срцевина на личноста, темел на личноста!
Секој подвиг на сите нас (од најмалиот до најголемиот подвиг) почнува во срцето.

Друг орган на душата кој е одговорен за спроведување на добрите желби е волјата.
Имено, срцето како срцевина на личноста е двигател на дејствувањето на сите органи на душата.
Ако ти е душевното срце доволно јако, тогаш сето она што ќе го посакаш во срцето, ќе се реализира во твојата личност.

Значи, следен орган на душата кој треба да го активираш, тоа е волјата.
Треба да имаш цврста волја, а тоа значи: секогаш кога ќе ги видиш цигарите – заобиколи ги! Секогаш кога ќе ги допреш – избегни ги! Секогаш кога ќе ти се јави силна потреба да запалиш – одолеј им.
Ако не можеш ти, тогаш нека ти работат инстинктите.

Често пушачите не знаат што да прават со дланките, па затоа сакаат да имаат некој предмет за да им се “мота“ низ прстите, па за несреќа тоа во доста ситуации е цигарата.
Имено, често тие не можат да претпостават што би правеле со рацете кога не би имале цигара во нив… И за тоа има решение: играј си со било каква бројаница (а би било најубаво да имаш Православна бројаница… мислам на онаа која е строго наменета за молитва, па со неа да се молиш: “Господе Исусе Христе, Сине Божји, помилувај ме мене грешниот/грешната“), или пак чепкај го часовникот или играј си со мобилниот телефон, или пак играј си со пенкало или со било кој предмет…

Многу е важно дека ако одолееш на страста неколку пати, потоа веќе ќе чувствуваш олеснетост.
Исто така, од искуство на еден мене добро познат човек кој ги остави цигарите, знам дека нему му успеа со тоа што тој после операција во моментите кога чувствуваше силна желба да запали, знаеше да си стави во уста едно бомбонче “Негро – оџачар на грлото“.
Иако долгогодишен пушач, тоа му беше помош при откажувањето од цигарите во прво време, а потоа му помогна да искашлува и да ги прочисти белите дробови.

Друго,… страста знае едно време да се “повлече“… пробај да ги насетиш таквите моменти кај себе и да ги искористиш, за времето во кое желбата за цигара не те измачува да го пополниш со нешто кое многу повеќе ќе те исполнува личносно од цигарата, па можеш, на пример: да слушаш музика, да излезеш да прошеташ, да изгледаш некој убав филм или да читаш книга, или било што… сето тоа со цел да не мислиш на цигарата.
Избери нешто кое е ДОВОЛНО СИЛНО за да ти го одвлече вниманието и мислите од цигарата…
Бидејќи цигарата бара консумирање во одредени временски интервали и периоди (20 минути, пола саат, еден саат…) бидејќи така е запишано во умот, со тоа што ќе и’ одолееш на таа секвенца на моменти во кои треба да запалиш, умот ќе ја “подзаборави“ желбата за цигара и колку повеќе избегнуваш да запалиш, толку повеќе умот заборава.

На крајот, сети се на сите грди слики со последиците кои ги предизвикува пушењето, и уште повеќе на тоа дека сето тоа ЌЕ ТИ СЕ СЛУЧИ ТЕБЕ и обиди се да се ставиш во таква ситуација дека имаш, на пример, рак на белите дробови или некоја од тие… одвратните болести… со цел да ти се згадат цигарите и ЕДНАШ ЗА СЕКОГАШ ДА ИМ КАЖЕШ “ЧАО ЗА СЕКОГАШ!!!“
Конструктивно е за цело време додека се откажуваш од цигарите да ги гледаш овие грди слики и постојано и постојано и ПОСТОЈАНННННННОООООООООО да се ставаш со умот во таква грда ситуација за да ти биде постојано пред очите твојата темна и одвратна иднина доколку продолжиш да пушиш цигари.

Но, исто така е конструктивно – интензивно и активно да чувствуваш како на пример мириса убаво телото и кожата и косата кај оние кои не пушат, колку пријатно им мириса здивот на малини, јагоди, ментол… колку се убави, силни и здрави и како им е кондицијата многу добра, како можат да трчаат со стотици метри без да се задишат, да возат велосипед и ролерки без да се задишат, како можат да одат на планина и да ја искачуваат без проблем со дишењето, и потруди се да забележиш како убаво изгледаат во очите на луѓето оние кои не држат цигара во рака и како им е удобно на оние кои седат во нивното друштво.

Значи, се’ почнува од силната желба, која прераснува во цврста намера за да на крај се реализира во дело! Потребно е АКТИВНО и НАМЕРНО да ги активираш и да ги задвижиш сите органи на целиот твој личносен организам (и на телото и на душата) и цело време АКТИВНО и КОНСТРУКТИВНО да дејствуваш и да ја бараш поддршката од оние кои ти се во близина во тие кризни моменти кога ОЧАЈНО БАРАШ цигара. Резултатот од твојата активност ќе биде сигурно позитивен!!

Пред да го вдишете првиот дим на цигарата имате неколку можности да се откажете од намерата:

- Треба да станете и да појдете до кутијата со цигари. Ако не станете – блазе Вас!
- треба да ја отворите кутијата. Ако не ја отворите – блазе Вас!
- треба да ја извадите цигарата. Ако не ја извадите – блазе Вас!
- треба да ја наместите цигарата меѓу прстите. Ако не ја наместите – блазе Вас!
- треба да ја принесете цигарата до уста. Ако не ја принесете – блазе Вас!
- треба да ја ставите цигарата меѓу усните. Ако не ја ставите – блазе Вас!
- треба да ја земете запалката. Ако не ја земете – блазе Вас!
- треба да ја приближите запалката до цигарата. Ако не ја приближите – блазе Вас!
- треба да чкрапнете за да се запали огнот од запалката. Ако не чкрапнете – блазе Вас!
- треба да вдишете смрт! НЕЕЕЕЕЕМММММООООООЈЈЈЈЈТЕЕЕЕЕ!!!! Ако не вдишете – блазе Вас!
Ако вдишете – тешко Вас!!! Ѓаволот нестрпливо трие раце и едвај Ве чека во својот пекол (пекол - сфатен како: гадотија, смрдеа, ѓубриште, хаос, извор на болести на душата и со тоа и на телото), кој се случува уште тука на земјата и во овој живот!

Многу убаво знам што се тоа слабости и немам намера да осудувам ниту еден пушач. Ова Ви го зборувам најљубовно и најљубезно – без ронка осуда! Размислете убаво за сето ова и Ве молам потрудете се заради Вашето добро, но и заради доброто на тие околу Вас.

ГОСПОД ДА ВИ ДАДЕ СИЛА НА СИТЕ КОИ САКАТЕ ДА СИ ГО РЕШИТЕ ПРОБЛЕМОТ СО ЦИГАРИТЕ!!! АМИН!!! големо%20гушкање


-----> од Блогот Источник



Изменето од Pravoslavie - 25.Мај.2011 во 00:15
Да погледнеме околу нас, таму има МНОГУ СТРАДАЛНИЦИ. Да им помогнеме!
Оди на подфорумот Хуманост на дело
Запамети, ЉУБОВТА ДЕЛОТВОРИ!!
Кон врв
Pravoslavie Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Октомври.2005
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 1732
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Pravoslavie Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 28.Мај.2011 во 02:06
Веќе 20 минути по престанувањето на пушењето човековото тело почнува да се опоравува. Ридерс Дигест објавил листа од корисни промена кои настапуваат во одредени периоди откако пушачот ќе престане да пуши. Можеби овие податоци ќе ви помогнат и вое да го сторите истото.....   По 20 минути: Крвниот притисок и пулс се нормализираат, а температурата на рацете и стапалата расте се зголемува.   По 8 часа: Концентрацијата на јаглероден моноксид во крвта се спушта на нормала, а концентрацијата на кислород во крвта расте до нормална величина.   По 24 часа: Се намалува опасноста од срцев инфаркт.   По 48 часа: Нервните завршетоци почнуваат да се обновуваат, се подобрува сетилото за вкус и мирис и се олеснува одењето.   По 2 недели до 3 месеца: Се подобрува циркулацијата, а капацитетот на белите дробови се зголемува за дури 30%.   По 1 до 9 месеци: Се намалува кашлицата, зачепувањето на синусите, премореноста и забрзаното дишење, а се регенерираат и белодробните клетки.   По 1 година: Опасноста од коронарни срцеви болести се намалува двојно.     Да се запре со пушењето, е најдоброто решеније: http://www.youtube.com/watch?v=Fc3TWDAJz5o&feature=related
Да погледнеме околу нас, таму има МНОГУ СТРАДАЛНИЦИ. Да им помогнеме!
Оди на подфорумот Хуманост на дело
Запамети, ЉУБОВТА ДЕЛОТВОРИ!!
Кон врв
zamislena Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 03.Јануари.2010
Статус: Офлајн
Поени: 14566
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај zamislena Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 01.Јуни.2011 во 19:59
 
 

Еве неколку вообичаени изговори на пушач кога ќе го прашаме: „Зошто пушите?“

 

 „Мое здравје – мој проблем“... е секако најчестиот одговор на прашањето „Зошто?“ Во најмала рака е непристојно кога пушач ќе го изјави ова на личност која се бори за чист воздух во просторијата.Но,не само тоа,зар не сме им потребни на нашите блиски здрави, а не болни или мртви?

 

„Од нешто мора да се умре“...Ова исто така често се слуша од устата на пушачите,но поголемиот број од нив ќе го остават пушењето по констатација за тешко заболување.Зошто би повикувале болест и би ја забрзале сопствената смрт?

 

„Можам да престанам кога сакам,ама сега тоа уште не го сакам.“...Замислете човек што удира со главата во ѕид,и на прашањето „Зошто?“ одговара:„Можам да престанам кога сакам, ама сега тоа уште не го сакам“...

 

„И онака е се затруено“...Дали би било разумно кога некој би јадел отпадоци од храна на ѓубриште,со изговор дека и онака цела храна е затруена?

 

„Мојот дедо пушеше од рани години,а живееше 85 години“... Без коментар.

 

 „Поарно тоа ,отколку да пијам или да се дрогирам“... Уште една од низите неразумни изјави која некои пушачи ја даваат во своја одбрана, со таква гордост како да по неа неминовно следи оддавање на признание. 

 

„Лечам нервоза“...е често оправдување иако се знае дека пушењето во суштина има спротивен ефект.

 

„Кога ќе престанам со пушење,одма ќе се здебелам“...Пушењето како начин да се регулира телесната тежина?

 

„Докторот ме советува да ги оставам цигарите,а и тој пуши“...Бидете помудри од таквиот доктор и послушајте го неговиот совет!

 

„Нема баш јас да добијам рак“...Тоа се мислите на многуте од стотици илјади луѓе кои умираат од рак директно предизвикан од тутунот.

 

„Тоа ми е единствено задоволство,зар и од тоа да се одречам?“ или„Не смеам да пушам,не смеам да пијам –па тогаш зошто живеам?“...Дали навистина животот не пружа поголеми задоволства од гушење во отровен чад и уништување на сопственото здравје и здравјето на луѓето околу нас?

 

„Јас пушам само квалитетни цигари“...Без коментар.

 

„Не знам што да правам со прстите“...Без коментар.

Кон врв
Novak Nastich Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 14.Јануари.2012
Локација: Mauzdonia
Статус: Офлајн
Поени: 364
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Novak Nastich Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 11.Март.2012 во 05:11
Зошто новиот закон за пушење е потребен



Не знам во која мера, кој како веројатно, овие денови се нешто сите се жалат како Владата била авторитативна со новиов закон, ја нарушувала автономијата на индивидуата, ќе затвореле локалите бидејќи ќе им паднел прометот, ќе ни се срушела економијата и тако даље, тако даље. Владата од своја страна не најде за сходно да заангажира ниту еден компетентен чоевк да објасни на народот од каде проилегува потребата за таквиот закон. Ним легитимноста им со простира до наредниот бенчмарк од Европската Унија и толку – чим ЕУ го бара тоа од нас, мора да е по автоматизам добро и за некоја повозвишена цел надвор од менталниот досег на обичните смртници. Затоа, збор-два против пушењето, откако лицемерно во еден друг пост ве повикував да попушиме.

Она што на сите треба да им стане јасно уште на почеток е дека пушењето веќе одамна престана да се третира исклучиво како проблем на личен избор, туку како проблем на јавното здравство и јавната економија, со што јавните власти добиваат не само легитимност, туку и обврска да преземат нешто во врска со тоа. Еве еден пар разорувачки статистики, преку кои може да се увиди од какви размери е проблемот:

-Болестите поврзани со пушењето денес се наоѓаат на самиот врв како причина за смрт. Во Америка, тоа ги надминува заедно на куп собрани сите убиства, самоубиства, сообраќајни и други несреќи, СИДА, инфективни заболувања и труења. На светско ниво, СЗО проценува дека 10% од целокупната смртност е директна последица на пушењето цигари, и најмногу ги погодува земјите во развој, а особено сиромашните. Додека на Запад процентот на пушачи постојано опаѓа, во земјите во развој тој постојано расте. СЗО исто така проценува дека во 20 век цигарите се одговорни за смртта на 100 милиони луѓе. Тоа е речиси двојно повеќе од вкупниот број на загинати за време на Втората Светска Војна (60 милиони луѓе); Значи успехот на тутунската индустрија го има истиот ефект како да ни се случиле уште две разорни светски војни оттогаш.

Несватливо е како сите оние млади либерте револуционери кои се толку потресени од страдањата и смртта на експлоатираните народи во Никарагва и Афричка Гвинеја, не се еднакво потресени од смртта на еден куп луѓе насекаде околу нас, а да не го спомнуваме страдањето на самите пушачи и нивните најблиски индиректно предизвикано преку болестите што си ги навлекуваат. Несватливо е како може да е прифатливо власта да ни ја ограничува слободата да шибаме на улица за да спречи сообраќајка, која статистички е далеку поминорен проблем отколку пушењето, но ете, немала право да ни ја ограничува слободата да пушиме каде што сакаме. Несватливо е како никој нема против да екстазито, марихуаната, кокаинот, па и хероинот, кои по сите параметри се „поздрави„ од тутунот, се не само забранети да се конзумираат на јавно место, туку и потполно криминализирани, додека за тутунот сите рипнаа бидејќи се најдоа лично погодени. Како што се гледа, ниту траг од конзистентност и здрава логика во целава работа.

“Не тој неа, туку таа го нагризува него! Пасионираниот пушач„ – слоган од Хитлерова Германија

Како е возможно тогаш ако пушењето е навистина така драматичен проблем и ден денес да ужива таква масовна поддршка? Наивно е ако мислиме дека се работи за обична неинформираност. За вакви работи секогаш треба да се прашаме „Кај се парите?„ Таму каде што се парите, таму се и интересите, а таму каде што се интересите консолидирани, таму е и моќта на креирање мислење. А парите, и тоа едно фини 100 милијарди долари се вртат во тутунската индустрија секоја година само во САД. Да ја ставиме и оваа бројка во перспектива, тоа е колку БДП-то (сите наши плати на куп) на 10 Македонии. Или во превод, толкава е економската загуба од конзумирањето цигари во САД (околу 1% од нивниот БДП). На тоа треба да се додаде и економскиот товар на здравствениот систем кој ги лекува заболените, проценет на отприлика уште толку – 95 милијарди долари. И секако, загубата на 500,000 животи годишно – непроценливо (За се друго постои Мастеркард).

Тутунските бизнис интереси одвоиле во 2007 година на пример повеќе од 10 милиони зелени за лобирање – што во принцип значи дека отишле во приватни џепови на разни владино (значи ниско) платени шефови на комисии, експерти, автори на книги, конгресмени и сенатори. Другата страна, интересите на јавното здравство не се консолидирани, немаат финансии, немаат моќ, и сево ова време го поминуваат дебатирајќи меѓу себе, и слушајќи разни Ферид Мухичи, Џо Џексони, кои пишуваат за големата анти-пушачка завера и како било кул да се врти цигарата во уста и да се биде дисидент. Ебати дисидентурата ебати. Овие два блока на интереси се во судир уште од 30-те и бизарно е што токму Хитлер е човекот кој прв повел жестока кампања против пушењето во интерес на здравјето на германската нација. Жалосно, по него не се нашле владетели со такви лични хирови, но свеста кај јавноста растела и почнало полека да се врши притисок врз властите и тутунската индустрија. Компаниите отпрвин си терале мајтап со овие кампањи (од таму произлегува и познатиот памфлет „Лебот е опасен„), но подоцна се повеќе и повеќе се повлекувале пред аргументите (секако на суд, каде иначе би можеле корпорациите да ја „увидат„ силата на аргументите). И ден денес слушаме одекнувања од таа нивна одбрана, дека врската помеѓу пушењето и смртноста била произволна статистика и занемарлива, со тоа што кај нас тие оддеци стасуваат со 30-годишно задоцнување, па никако да стигне и вистинската информација, која укажува на таа „произволност„:



Секој оној кој што се бавел со статистика во општествени науки, знае дека за ваков педантен график не може ни да сонува. Сепак, дури во последниве две декади се преземени ефективни мерки со кои се ограничува рекламирањето, купувањето (високи даноци) и конзумирањето цигари, со што власта конечно се стави на страната на својата јавност, и тоа даде видливи резултати – во развиените земји бројот на пушачи константно опаѓа. Тутунските компании, од своја страна, го свртеа целото внимание кон неосвоените (азиски и афрички) пазари и лансираа агресивни кампањи (и тоа особено таргетирани кон младите и жените) каде пушењето се прикажува како кул и секси, како дел од американскиот сон, и таму последователно, пушењето е во подем.

Да привршам – од сево ова недвосмислено се гледа дека пушењето е проблем број еден за јавното здравство и значаен економски товар. Позитивни ефекти нема, или се тотално маргинални (помагало во социјални контакти; исто како што на двајца убијци во ќелија ќе им се најде тема на муабет). Како такво, обврска на Владата е отворено да заземе негативен однос кон него и да направи се што може да го елиминира на долг рок. Никој не им стави нож под грло на пушачите, или тргна да ги апси, но елементарно за ваков сериозен и фатален проблем е да се обесхрабрат оние што имаат намера тоа да го прават во јавност, не само поради пасивното пушење, туку многу повеќе поради создавање јавна свест. Ниту Грујо не измислува топла вода; се работи за закон кој се применува на многу места и веќе дал позитивни резултати. Чисто како куриозитет – поддршката за потполна забрана е најголема онаму каде веќе е воведена (90% од Италијанците целосно ја поддржуваат). А што се мора, не е тешко
Mantijata e Klovnovski kostum sto go nosat dvorskite shutovi na nebesniot dvor
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 26.Март.2014 во 15:52
Пушачите повеќе се грижат за својот надворешен изглед, отколку за здравјето

Пушачите се сметаат за луѓе на кои им е поважна суетата од нивното здравје.

Прашани за нивните здравствени проблеми, повеќето од нив изјавиле дека повеќе се грижат за ефектот од цигарите врз нивниот изглед, отколку за тоа дали можат побрзо да умрат или да заболат од рак или срцеви болести.


Всушност, ваквата загриженост дури не се наоѓа ниту во првите десет грижи, открило истражувањето.

Во спроведената анкета врз 1.500 пушачи, повеќето од нив рекле дека потребата за никотин ја добиле на возраст од 32 години.


Нивните најголеми грижи се здравите заби, лошиот здив, брчките и пожолтувањето на ноктите. 

„Во текот на нашето истражување, три четвртини од пушачите рекоа дека нивната навика предизвикувала влошување на нивниот изглед, а тоа повеќе ги интересираше од своето здравје“, рекол Дејв Левин, дел од тимот истражувачи.
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 34567 9>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,281 секунди.