IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Македонија и Свет > Историја
  Активни теми Активни теми RSS - Илинден,Светол Македонски ден
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Илинден,Светол Македонски ден

 Внеси реплика Внеси реплика страница  12>
Автор
Порака
Boogie Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
Слобода или Смрт

Регистриран: 26.Октомври.2005
Статус: Офлајн
Поени: 10652
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Boogie Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Тема: Илинден,Светол Македонски ден
    Испратена: 22.Јули.2007 во 14:46

Со изворни македонски песни и ора, вака со години Македонците во леринско го прославуваат Илинден во селото Овчарани.

Народната веселба по повод националниот празник, кој во Грција се слави две недели порано, беше повод партијата „Виножито“ да го промовира второто проширено издание на букварот, чие оригинално издание го отпечатила грчката Влада во 1925 година.

Македонски јазик во училиштата во северна Грција, уште еднаш побара партијата „Виножито“ од Овчарани.

„Од нашето постоење континуирано бараме од секој министер за образование во Грција, не само декларативно да се воведе македонскиот јазик во образовниот систем, туку да се спроведат конкретни мерки за да се оствари оваа. За жал денес ни еден од министрите не сакаше да започне разговор на оваа тема“, изјави Павле Васкопулос, „Виножито“.

За разлика од официјалниот дел од народната веселба, која е поддржана и од локалните власти, во неофицијалниот дел, покрај македонската музика се слушна и песна, „Македонско девојче“, „Бисер Балкански“ и други патриотски песни се пееја од стотици луѓе, повеќето млади, кои за жал се помалку го говорат македонскиот јазик.

И покрај се уште присутниот страв да се биде Македонец во Грција, повеќето присутни не се плашеа да бидат тоа што се.

„Немаме проблем, не се плашиме, ние сме Македонци. Македонка мајка ме роди, Македонец сум, ако ме родила мајка Маџирка, Маџир ќе бидам, ама ти пее петлето однатре, ако имаш крв македонска, не тие страв од ништо“, велат Македонците во Грција.

Македонските песни и ора на Илинден во Овчарани не се обид да и се докаже на Грција дека постои македонска нација во оваа земја. Постоењето на Македонците во Грција е историски факт, кој никому не треба да му се докажува, велат домаќините.

Кон врв
Boogie Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
Слобода или Смрт

Регистриран: 26.Октомври.2005
Статус: Офлајн
Поени: 10652
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Boogie Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 22.Јули.2007 во 15:08

Илинденско востание

Од Википедија, слободна енциклопедија

Скокни на: навигација, барај
Посвета%20на%20Илинденското%20востание,%20споменик%20Македониум%20во%20Крушево
Посвета на Илинденското востание, споменик Македониум во Крушево
Востаничкото%20знаме%20на%20Илинденското%20востание%20и%20Крушевската%20република%20%281903%29
Востаничкото знаме на Илинденското востание и Крушевската република (1903)
Востаничкиот%20штаб%20во%20Крушево%20%281903%29
Востаничкиот штаб во Крушево (1903)
Балканот%20за%20време%20на%20Илинденското%20востание%20и%20Крушевската%20република%20%281903%29
Балканот за време на Илинденското востание и Крушевската република (1903)

Илинденското востание е востание против Отоманската империја организирано од страна на TМOРО и претставува еден од најголемите и најзначајните настани од македонската историја.

По подготовките за востание против Отоманската империја, на 2 август 1903 год. на православниот верски празник Св. Илија - Илинден започна Востанието. Ова востание е познато како Илинденско, според денот на започнување.

Најсилен замав востанието имало во Битолскиот револуционерен округ. Востаниците ги пресекле телеграфско/телефонските врски и напаѓале беговски кули и поседи, месни гарнизон и рушеле мостови. Во Преспанско бил нападнат нахискиот центар Наколец; во Демирхисарско бил нападат гарнизонот во с. Прибилци; во Костурско востаниците го нападнале аскерот во с. Вишени, градот Клисура и градот Невеска. Во Леринско биле нападнати Старо Нередски и Ниџенски. Во Охридско биле нападнати Малсија, Горна Дебарца, Долна Дебарца и Ортакол. Било нападнато и Кичево и месноста Извор. Во Прилепско најголема акција била нападот на с. Чаниште.

Крушево било ослободено со координаран напад врз касарната, поштата, општината и други објекти и во него влегол Штабот кој воспоставил воена власт и бил свикан Совет на Републиката од 60 членови. После ослободувањето на Крушево e прогласена Републиката, а Никола Карев (1877-1905) e избран за Претседател. Се формира Совет кој што ќе ја избере Владата. Таа издала документ - Крушевскиот манифест кој повикува на соживот и ги постави главните цели кон кои ќе се стреми Македонската држава по Востанието. Членови на Владата се: Дину Вангели, Георги Чаче, Теохар Нешков, Христо Ќуркчиев, Димитар Секулов и Никола Баљу.

Турските власти, изненадени од опсегот на востанието, превзеле контраофанзива со напад на Смилево, а потоа и на Демир Хисар. На 10 август 20.000 војска, проследена со артилерија и башибозук, под команда на Бахтијар-паша го опколила Крушево. Крушевските револуционери, 1200 на број, завземале одбранбени позиции. Бахтијар-паша на 12 август побарал востаниците да се предадат, но Горското начелство го одбило барањето. По интензивното бомбардирање на градот, турскиот аскер од сите страни навлегол во Крушево наидувајќи на силен отпор. Четата на војводата Питу Гули во епска борба на Слива и Мечкин Камен изгинала до последен. Штабот на чело со Никола Карев се пробил низ турскиот кордон. Турскиот башибозук извршил колеж врз жителите на Крушево, а акцијата на чистење на востаниците низ Македонија траеле три месеци. Последиците биле катастрофални: настрадале повеќе од 16 кази со 201 населени места, изгореле 12.400 куќи, 70.836 луѓе останале без домови, избегале 30.000 луѓе од Македонија, биле убиени 8.816 мажи, жени и деца. Oваа Република траела само десетина дена.

По неуспехот на Илинденското востание драстично се променил односот на силите на штета на македонското движење: Турските војски станале се поефикасни, а македонските загуби сè поголеми -- додека "врховистите" се усредоточиле на разбивање на ВМРО од внатре. Почнале дури да влегуваат грчко-андартски и српски чети во Македонија (што не било случај до 1903). Во ваква ситуација, тежиштето на борбите се префрла кон одбрана на единството на Македонците и ВМРО како и отпор против врховистите, особено од страна на Јане Сандански, а на втор план останува борбата против отоманското ропство.

Но и покрај трагичниот завршеток на ова Востание и катастрофалните последици:

  • Oслабнување на Внатрешната Македонска Револуционерна Организација и нејзиниот потенцијал во иднината да се претвори во автономна македонска војска, која би агирала како независна страна на Балканот за основање на независна македонска држава во моментот на ослободување на земјите т.е. териториите кои сè уште се под Османлиска власт,
  • ослабување на целокупното македонско револуционерно движење и зајакнување на влијанието на врховните комитети т.е. на т.н. врховисти и преку нив на бугарското влијание во Македонија,
  • олеснување на поделбата на Македонија во 1912 помеѓу Србија, Бугарија и Грција

Сепак, од денешен аспект Илинденското востание е значаен настан за македонскиот народ, бидејќи тогаш беше прогласена првата Македонска Република, првата република на Балканот во тоа време.


Кон врв
Boogie Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
Слобода или Смрт

Регистриран: 26.Октомври.2005
Статус: Офлајн
Поени: 10652
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Boogie Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 22.Јули.2007 во 21:08

Возљубени чеда на Македонската православна црква,
На Илинден, 1903 година, во Крушево, нашите дедовци беа сплотени како еден, дејствуваа како едно, се сакаа како браќа и сите посакуваа само едно – слобода! Слобода за овој напатен народ, слобода за овој вистинољубив народ кој, како и секогаш, кога нешто посакува - најнапред се моли на Бога, за Бог да го благослови неговото дело.

Во 1944 г., со одржувањето на АСНОМ, како и со формирањето на Свештеничкиот иницијативен одбор во селото Врановци, како народ успеавме да создадеме услови за возобновување на нашата држава и поставивме темели за возобнова и на нашата Света Црква – Охридската архиепископија, што и се случи во 1958 година. Така, веќе на Вториот црковнонароден собор беше обновена Охридската архиепископија како Македонска православна црква, на чие чело застана блаженоупокоениот Архиепископ Доситеј. Со Одлуката на Светиот архиерејски синод, прифатена еднодушно и од членовите на Третиот црковнонароден собор, одржан во Охрид, на 17 и 18 јули 1967 година, конечно беше возобновена древната автокефалност на нашата Света Црква. Со тој чин се исправи една историска неправда, нанесена на македонскиот народ со неканонското укинување на Охридската архиепископија во 1767 година.

Во 1991 г. – на третиот Илинден, се роди независна и слободна Република Македонија - држава на македонскиот народ. Независноста на нашата држава, ни даде можност да се возобнови Охридската архиепископија како автокефална Македонска православна црква. Бог не ги оттргна очите Свои од нас и благоволи да имаме наша суверена држава и да имаме наша самостојна Ц рква.

Кон врв
Boogie Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
Слобода или Смрт

Регистриран: 26.Октомври.2005
Статус: Офлајн
Поени: 10652
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Boogie Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 22.Јули.2007 во 21:26

Еден век по убиството на поп Петре

ПОП ПЕТРЕ - ЖРТВА НА СРПСКАТА ПРОПАГАНДА

 

Светлите ликови вечно светат. Ако нивното чевствување се подзабава, никако не се заборава. Еве, Вевчани ја одбележува стогодишнината од погибијата на еден негов родољуб - поп Петре со скромно одбележје на неговиот вечен дом.

Едно додруго, до олтарот на храмот „Свети Никола”, се спомениците на двајцата вевчански свештеници загинати за македонското дело: поп Панделе од Радини (ереј), загинат во Илинденското востание во 1903 год. и поп Петре од Попој (ереј) - жртва на српската пропаганда во пост илинденскиот период - 1906 год.

Поп Петре ја продолжил и ја разгранил фамилијарната лоза на поп Мате, кој, покрај синот Петре, ги имал и ќерките: Ќира, Ката, Доља, Марија и Петкана.

Со сопругата Менка од Герданој поп Петре ги имал и синовите: поп Спасе, поп Доне (Антоние), Митре, Борис, Сотир и ќерката Вита. Од поп Спасе се: поп Мате, Наум, Рајна, Воскреса и Надежда; од поп Доне се: поп Ѓорѓи, поп Душан, Благоја, Бранко и Пољка; од Митрета се: Петре, Боже, Наталија и Мара; од Борис се: Панделе, Илија и Милица; Вита е омажена во Ѓинојчини, ги има: Наум, Ќира и Ленче.

Поп Петре работел во храмот „Свети Никола”, опслужувајќи ја Горна Маала, а истовремено бил и душата на ВМРО во Вевчани. Нему му е поверена благајничката должност. Ги минал сите голготи што му минале преку глава на Вевчани пред, во и по Илинден 1903.

Малу му било робувањето на македонскиот народ под Османлиите, та му се нафрлиле и трите соседни држави со своите пропаганди. Посебен интензитет покажале во втората половина на XIX век. Главен пропагатор на големосрпската пропаганда во Горен Дримкол бил продадената душа поп Ставре од Подгорци. Со негово заземање биле отворени српски училишта во некои блиски села. Тој успеал да поткупи и некои вевчанци за отворање на српско училиште и во Вевчани, но поради активноста на поп Петре не успеал, па српската пропаганда решила да го ликвидира. За реализирање на таа гнасна замисла бил ангажиран водачот на качачката банда од Долни Дебар Џемаил Марк, кој, како какошто пишува Василие Трбиќ, „се согласил за сто златни турски лири да дијде во Вевчани, да влезе во куќата на поп Петре, која била целата од тврд материјал, од сите страни заградена со ѕид, во самиот двор имало и две кучиња. Секој бил убеден дека во куќата на поп Петрета не може да се влезе”. Српскиот четнички војвода Трбиќ, каква улога имал и син му Воислав во Втората светска војна, дава уште еден значаен додаток: „Џемаил Марк го добил целиот распоред на куќата и точно знаел во која соба спие поп Петре”. Не можеле убијците од Долни Дебар тоа да го знаат без кодоши од пошироката фамилија. Самиот чин на извршување на злоделото, според кажувањето на синот на поп Доне, поп Ѓорѓија, бил извршен на следниот начин.

Со логистичка поддршка на поп Ставре од Подгорци, убијците дошле во соседната куќа на поп Петре и оттаму почнале да ги копаат ѕидовите широки едно метро, а за да не се слуша тропањето на камењата при паѓањето послале ложник. Во меѓувреме, според пишувањето на Трбиќ, на кучињата им фрлиле една кошула претходно натопена во лој за да не лаат. Низ отворот убијците се качиле во горната одаја каде што спиел поп Петре. Го нашле попот легнат на постела, а попаѓата Менка со синовите Доне и Сотир седела покрај кланикот. Поп Петре ги прашал убијците:

-                       Што сакате? Злато, саатов? - веројатно часовникот бил сребрен или златен.

Наместо одговор, поп Петре бил убиен. Се вознемириле домашните. Снаата од синот Спасе истрчала од другата одаја со бебето Рајна. Син му Сотир, од околу пет години, му се фрлил во прегратки на татко му и се нашол во локва од крв. Овие потресни моменти му се одразиле здравствено на Сотира, а малата Рајна долго време по убиството плачела.

По убиството на поп Петре, како заложник го зеле син му Доне. Прво го однесле во Подгорци, а по два - три дена убијците го одвеле во Долни Дебар. Таму го држеле сé додека не го добиле бараниот откуп. Поп Доне често на својот син му велел: во убиството на татко му учествувале и луѓе од пошироката фамилија, но сето тоа да им биде простено, но не и заборавено, за да не продолжи братоубиството во фамилијата.

Убиството на поп Петре, како што пишува Милан Матов, било во „зората на големиот христијански празник Преображение на Исуса Христа”. Таа (1906) година селото Вевчани било во траур, не го празнувало празникот.

Вевчанскиот комитет на ВМРО му се одмаздил на практичниот убиец на поп Петрета, проклетиот поп Ставре од Подгорци. Имено, било решено поп Ставре да се убие на празникот Голема Богородица, кој на Подгорци му е селска слава. Во групата за извршување на пресудата биле: Ставре Гогов, Кочо Муратчев, Скендер и Панде Велков. Тие го дочекале поп Ставрета дента пред празникот да крштава вода во куќата во која што биле скриении го убиле, со порака: „Да му носиш поздрав на попа Петрета. Вевчани го прави Преображение без поп, Подгорци нека ја прави Богородица без поп”. Продадената душа на ѓаволот, поп Ставре, толку бил изненаден што не успеал да го истави револверот од под расото.

Поп Петре бил револуционер, борец, но и човек со ширина, дружељубив и подносител на шеги.

Делото за татковината има трајна вредност, тоа е гордост за својот народ, за родното место и за директните потомци. За тоа најдобар доказ е одбележувањето на стогодишнината од убиството на поп Петре, поттикнато од неговиот пра правнук отец Зоран Попоски.
Кон врв
Boogie Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
Слобода или Смрт

Регистриран: 26.Октомври.2005
Статус: Офлајн
Поени: 10652
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Boogie Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 28.Јули.2007 во 11:58
Триесет коњаници заминаа за Крушево

Скопје, 28 јули (МИА) - Триесет коњаници тргнаa на традиционалниот марш од црквата Св. Петар и Павле во скопско Горно Лисиче на пат кон Крушево, каде што треба да пристигнат на 2 Август, кога Македонија ќе одбележи 104 години од Илинденското востание.

Меѓу коњаниците облечени во комитска носија се и две девојки од Скопје - Лилјана Лазаревска и Цветанка Давитковска, која вторпат учествува на маршот што годинава се одржува по десетти пат. Тие ќе продефилираат и на плоштадот „Македонија“, а во наредните четири дена ќе посетат повеќе градови и села во земјава, за на Илинден да се поклонат на Мечкин Камен.

Маршот го организира Здружението на граѓани од Горно Лисиче „Илинденски марш 1978“, во соработка со манифестацијата „10 дена Крушевска Република“. хс/паг/9:14

Кон врв
Boogie Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
Слобода или Смрт

Регистриран: 26.Октомври.2005
Статус: Офлајн
Поени: 10652
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Boogie Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 28.Јули.2007 во 12:19
Не не мора да бришам,контрадикторноста е огромна бидејки уставот на Бугарија е Бугарски а уставот на Македонија е составуван на АСНОМ но со детаљи од Крушевскиот уставWink
Кон врв
Boogie Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
Слобода или Смрт

Регистриран: 26.Октомври.2005
Статус: Офлајн
Поени: 10652
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Boogie Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 28.Јули.2007 во 13:40
МАНИФЕСТАЦИИТЕ „ИЛИНДЕНСКИ МАРШ“ И „ВАПЦАРОВИ ДЕНОВИ“
Пладнето на 31 јули во 1978 година, тројца млади луѓе, качени на коњи, пристигнале во Крушево. Никој не знаел од каде се, ниту по кој повод се дојдени. Тројцата патници гордо, возвишени на своите коњи, мирно го продолжиле патот кон Крушевското Езеро. Таму тие имале намера да се сместат и да се одморат, бидејќи на тоа место нивните сожители од Г. Лисиче секоја година се собирале и традиционално, со песна и оро, заеднички го прославувале големиот празник и им оддавале признание на илинденските херои. Претставниците на локалната општинска власт и локалната полиција не биле ни малку гостољубиви кон дојденците – им рекле дека е забрането да се чуваат коњи во градот и почнале да ги распрашуваат кои се и што се. Младите луѓе одговориле одлучно: „ Дојдени сме да им оддадеме признание на илинденските херои. Тоа е наш долг што нашите родители уште од мали ни го заветоа: кога ќе пораснете, да одите во Крушево, да се поклоните на славните илинденци, на храбрите Македонци, кои цел свет ги знае по нивните натчовечки херојства за слободата на својата држава – Македонија“.

Всушност, целата таа игра била со цел тројцата коњаници, облечени во комитски носии и со традиционални македонски обележја, да се изолираат и протераат за да не бидат забележани и да не предизвикаат интерес кај многубројните посетители што се очекувало да пристигнат за Втори август. Во тој момент, во заштита на младите лисичани застанал Владо Карески, внук од брат на Никола Карев, кој отсечно, без страв, со неколку потези на нозете го полегнал и уништил тутунот во својата нива и им рекол на полицајците дека гостите можат да ги остават коњите на неговата нива. „Ова е моја земја и одовде не може никој да ве избрка. Слободно врзете ги коњитњ и бидете горди на овој ваш патриотски чин.“ – им порачал гласно, сите да го чујат. Гоце, Борче и Борис ја постигнале целта – дошле во Крушево и се поклониле на великаните на Илинден. Тоа биле првите учесници во Илинденскиот марш во Крушево, на 2 август 1978 година: Борис Змејковски, Борче Стевковски и Гоце Стефковски. Меѓутоа, по враќањето дома, се соочиле со една непријатна ситуација – истиот ден биле притворени во скопската полициска станица „Беко“, каде биле држени три дена и испрашувани кој ги испратил да одат во Крушево и со каква цел, по што биле пуштени без никакво образложение за притворот. По предлог на полицијата, а со одлука на судот, било забрането натамошно одржување на маршот, кој според иницијаторите требало да прерасне во традиционален. Оваа забрана траела цели дваесет години, се до 1998 година, кога е исправена неправдата со легалното организирање на првиот Илинденски марш. Обновата на маршот ја иницирале Зоран Цветсковски, Гоце Стефковски, Гоце Трпковски, Борче Василевски и Ванчо Богоевски. Истовремено, се основа и Здружение „Илинденски марш 1978 година„, а го востановуваат Гоце Стефковски, Борче Стефковски и Борис Змејковски. Заради запазување на автохтоноста на здружението и неговата традиција, во 2000 година, во просториите на Месната заедница „Г. Лисиче“ се одржало Основачко собрание за основање на Здружение на граѓани за продолжување на илинденските традиции и одбележување на празникот Илинден.

Одгледувањето на фолклорната игра во Г. Лисиче започнува неколку години по ослободувањето. Во 1978 година од страна на Зоран Цветсковски, Гоце Стефковски и Киро Трпковски, во основното училиште „Гоце Делчев“, свикано е првото основачко собрание на првото Културно – уметничко друштво во Г. Лисиче. Сепак, дури во 1981 година, од страна на Секретаријатот за внатрешни работи на собранието на град Скопје, ѓе биде регистрирано друштво под име Културно – уметнижко друштво „Никола Јонков Вапцаров“. Првите играорци во Друштвото биле ученици од училиштето, а на вештините на народниот фолклор ги подучувал Киро Богоевски, активен играорец во ансамблот „танец“. Од почетокот до денес, КУД „Никола Јонков Вапцаров“ работи како амтерско здружение и целосно се издржува од донации, спонзорства и од лични средства на членовите. Во склопот на Друштвото активно работеле повеќе секции, како фолклорната, музичката, пејачката, рецитаторската, литературната и ликовната. Најголема меѓународна афирмација Друштвото има постигнато со настапот на Меѓународниот фолклорен фестивал во загреб во 1990 година, со фолклорниот сплет на игри и песни поврзани со свадбениот обичај од Скопско – доаѓањето на невестата во домот на младоженецот. Оваа игра денес претставува специфичен и заштитен белег на Друштвото од Г. Лисиче и е наречена како женско оро „Лисичанка“. Забележителни настапи имале и во Словенска Бистрица, Кисела јабука, Глогоњ, Качарево, Нови Сад..., а со нив настапувале и легендите на македонската народна музика како Васка Илиева, Александар Сариевски, Виданка Георгиевска, Јонче Христовски, како и помладите Благица павловска, Војо Стојановски, Миле Кузмановски, Мишко Крстевски, Сузана Спасовска. Во склопот на Дрштвото од 1980 година започнала да се организира манифестацијата „Вапцарови денови“, единствена од таков вид во Македонија, чија цел е одбележување на годишнината од раѓањето на големиот македонски поет Никола Јонков Вапцаров. Манифестацијата се одржува на 7 декември во Универзалната сала или во Македонскиот народен театар во Скопје, со настап на повеќе културно – уметнички друштва од земјата и странство, на пејачи, актери, хорови, научни работници и друго. Според својата посетеност и внимание што предизвикува „Вапцаровите денови“ со право може да се каже дека станаа еден од стожерите на националното обединување на сите Македонци.
Кон врв
Zlatnik Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 23.Август.2005
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 2605
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Zlatnik Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 16.Септември.2009 во 20:11
Originally posted by Boromir Boromir напиша:

... На 2 август 338 п.н.е. македонската војска ги поразила грците на Херонеа ...

Уште еден „Илинден“!голема%20насмевкаглупчо
Некако овој датум по сеизгледа ни’ е суден!намигнување
Неоттуѓиво е правото на секој поединец да живее во својата заблуда!
Кон врв
Каснакоски Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 03.Април.2009
Статус: Офлајн
Поени: 4758
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Каснакоски Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 16.Септември.2009 во 20:14
Е, Илинденското востание било кренато на 20 јули, значи еден 2 август помалку.
Кон врв
Boogie Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
Слобода или Смрт

Регистриран: 26.Октомври.2005
Статус: Офлајн
Поени: 10652
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Boogie Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 16.Септември.2009 во 21:35
Од кога па вие Бугарите почнавте да славите стар календар - оставете го стариот календар на Македонците тие слават според него - инаку се энае 2 Август во Македонија се слави како Илинденско востание,АСНОМ и победата Александрова над Грците
Кон врв
mamamd Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Почесна конзулка

Регистриран: 02.Ноември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 25679
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај mamamd Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 16.Септември.2009 во 21:39
Originally posted by cercetator cercetator напиша:

Е, Илинденското востание било кренато на 20 јули, значи еден 2 август помалку.

Ne mmesaj prsti kaj sto ne ti e rabota. Nie vo makedonija starite dati gi sakame samo koga se slavi nesto kako na primer Stara nova godina. Ostaj go Ilinden. Tuka ne cepkaj, sepak svetinja e svetinja. Premnogu narodna hristijanska krv e proleana za da se dozvoli nekoj majtap da igra so ovaa data.


Изменето од mamamd - 16.Септември.2009 во 21:40
Кон врв
Zelenikovo Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 16.Јуни.2018
Статус: Офлајн
Поени: 481
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Zelenikovo Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 24.Јануари.2019 во 19:19

бар да им поминеше на зајковци Илинденска Македонија та имда не бевме посрамени колку сега со ова ладнава етикета северна македонија со која буквално сме дерогирани на вештачка творба која целосно си го сотрела својот корен, но очигледно глобалистичките идеали им биле поголеми од Македонските та и затераат диктаторски како ниту една гарнитура до сега, да се удри волку подло на Устав без широк консензус со опозицијата се геаничи со автократска еутаназија не само на Чувствата на Македонците туку и на Жртвата на Предците која ја дале и во подалечното и во поблиското минато, за кого тие гинеле за вакви ли удбалитичари да си поигруваат заради некакви минливи империјални клубови а за сметка на Себството, ним изгледа не им дофрла акалот дека сето ова е осудено само по себе на пропаст како ерга-омнес дил ем со уставна касапана, која мајка ги родила толку паметни за да Народ дрско извозат без изборен легитимитет и задолжителен референдум си дозволат да удрат по Македонски Идеал како АСНОМ како Самоопрделувањето да биде Македонци, зар веруваат дека вакви потези ќе ја армираат ваквиот ерга-омнес фалиматијас, зар некогаш ваква реалност ќе заживее или како парадокс ќе генерира стабилност, дали е само спин заради отанизација, и да е така пенетриравме ли вака во нато каузално и ним ова ќе им се удри од глава понатка, до толку ли се неуки за ова да го сконтаат, нека одат кај кој сакаат филозоф или физичар нека се распрашаат што е логична каузалност а што е лажна каузалност ко што тие си ја тераат [1] и како на крај тоа на сите ќе им се врати [2] зар немаат ни тронка Страв Божји за вака дрско диктаторски да си тераат што мислат ќе им помине насилието без да се удават во неговите нус ефекти што порано или подоцна е неминовно ако знаеме дека Голем Е Бог [3] затоа и имаме убава народна поговорка > брза кучка слепи кучиња раѓа, но судба да и во овој век ова мнозина сеуште не го научиле, жално е што така си наоѓаат оправдување за да се прогласат и за државници налик лидери кои се визионери и насила ќе му наметнуваат на Народ политики бидејќи тој требало да биде воден, така само го искиснуваат и во најмал случај во апатија го фрлат, но среќа Народ не здиве и да возврати на ваквото безумие безумно а ко тоа и да беше намерата нивна и на нивните мецени!?
Кон врв
pajser Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
kloshar

Регистриран: 04.Март.2011
Локација: Lao People's Dem. Rep.
Статус: Офлајн
Поени: 12694
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај pajser Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 01.Февруари.2019 во 07:58
,,,zatvaraj tema,,,ili pishuvanje samo na pola stranica,,,
nesluchajno ne veruvam vo sluchajnosti<>sekoja sluchajnost e kontrolirana
Кон врв
Zelenikovo Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 16.Јуни.2018
Статус: Офлајн
Поени: 481
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Zelenikovo Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 01.Февруари.2019 во 09:46
во право си каде да се избега од фејкбук, би требало блогои да се пишува чим никој не одговара, но тоа е блогои никој не читакога и на форум дебата нема, па зошто да не си ги користам блогерски ко што ти си ги користиш вака фејкбуковски тој ти се кажу спамирање со конзервирана храна у шпајз што стојала десет години, с'г не се вари ни за доручок ...

Изменето од Zelenikovo - 01.Февруари.2019 во 09:50
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  12>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,125 секунди.