IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Спорт > Фудбал
  Активни теми Активни теми RSS - Копа Америка
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Копа Америка

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 2345>
Автор
Порака
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85179
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 07.Мај.2011 во 08:51

Голем интерес за Копа


Според информациите објавени од организаторот на Копа Америка, натпреварување кое летово ќе се одржи во Аргентина постои огромен интерес за едно од најинтересните континентални шампионати во историјата, каде домаќинот очекува освојување на првото место.

Во првиот час од продажбата на влезниците, љубителите на фудбалот од Аргентина, резервираа 70.000 билети и веќе е невозможно да се обезбеди место на трибините на мечевите на кои настапува домашниот состав.

До почетокот на турнирот има уште неполни два месеци и се очекува скоро сите натпревари на турнирот да се играат пред полни трибини.

Фудбалскиот куп на Јужна Америка стартува на 1 јули и тоа со дуелот меѓу Аргентина и Боливија, а средбата ќе се игра на стадионот во Ла Плата. Пет дена подоцна Аргентина игра против Колумбија во Санта Фе, Кордоба е домаќин последниот меч од првата фаза, а натпреварот со Јапонија ќе се одигра на 11 јули.

Аргентина последен пат триумфирала на Копа Америка во 1993 година и се очекува Гаучосите, конечно на домашен терен по скоро две децении да му се радуваат на трофејот во ова натпреварување.

Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85179
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 26.Јуни.2011 во 05:41
Меси: Сонувам да ја освоиме Копа Америка

Најдобриот светски фудбалер Лео Меси од првиот ден на јули ќе започне нова мисија. Тој ден, имено, за неговата Аргентина стартува натпреварувањето на Копа Америка, јужно-американското првенство, на кое токму Аргентина е домаќин.

Како предводник на Барселона, Меси во кариерата освои апсолутно се, неколку пати, но со репрезентацијата има само еден единствен успех. Пред три години Меси ја предводеше Аргентина до златниот медал на Олимписките игри во Пекинг, но на светските првенства или Копа Америка, Меси сеуште, како Аргентинец, чека некој успех.

"Сонувам освојување на Копа Америка. Го посакувам тоа и поради себе, но подеднакво, можеби и повеќе, поради соиграчите, како и нашите навивачи. Време е Аргентина да освои еден голем пехар. Предолго чекаме на тоа." - рекол Меси.

Меси во Аргентина не чувствува таква поддршка од навивачите како во Каталонија. Имено, еден дел од Аргентинците му забележуваат и мислат дека во дресот на Барселона игра далеку подобро отколку во репрезентацијата.

"Секако дека секогаш го давам својот максимум, како во клубот. така и во националниот тим. Сега е време за нешто големо, бидејќи Аргентина има одлични фудбалери на сите позиции. Ќе го дадеме нашиот максимум за да бидеме шампиони на Јужна Америка. Мораме таква радост да им подариме на нашите навивачи" - завршил Меси.

Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85179
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 02.Јули.2011 во 15:41
ВИДЕО: Шок на стартот: Аргентинците едвај до бод со Боливија

Иако пред почетокот на Копа Америка најавуваа атак на титулата, фудбалерите на Аргентина ги разочараа домашните навивачи на стартот на јужноамериканскиот шампионат играјќи нерешено 1-1 со Боливија.

Аргентинците не се снајдоа најдобро во првите 45 минути откако во средниот ред Маскерано, Камбијасо и Банега им недостасуваше креативност што го натера Лео Меси се почесто да прииѓа по топката и далеку од голот да ги започне навивачите на "гаучосите".

Боливија не правеше грешки, а потоа на стартото на второто полувреме следуваше шок. Едивалдо по корнерот одлично реагираше, а тоа не може да се каже и за Банега кој стоеше на првата статива и успеа топката да му пројде низ нозе.

Ромеро се обиде да ја запре топката пред да ја мине линијата, но, безуспешно, Боливија водеше со 1:0. Голманот на Аргентина ја остави екипата во игра во 65. минута кога Марсело Мартинс остана сам очи в очи со него, меѓутоа, не успеа да го заобиколи и да ја погоди мрежата.

"Гаучосите" до израмнување стигнаа во 78. минута по феноменалниот волеј удар на Серхио Агуеро кој нешто порано влезе во игра на местото на непрепознатливиот Лавеци.

До крајот на мечот немаше промени па избраниците на Батиста мораа да се задоволат со бод и со мислите да се насочат кон следниот натпревар со Колумбија.

Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85179
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 02.Јули.2011 во 15:43
Аргентинските медиуми огорчени поради ремито

Репрезентативците на Аргентина се разбудија со горк вкус од неуспехот против Боливија. Аргентинските медиуми веќе 'отворија оган', а прстот е вперен кон Меси...

Аргентина ремизираше со Боливија, а евентуаелн пораз избегнаа во 76. минута благодарение на погодокот на напаѓачот на Атлетико, Агуеро.

Магазинот "Оле" бил најостар кон избраниците на селекторот Батиста. На насловната страна на овој магазин се наоѓа слика од Меси со натпис "Кој си ти?", алудирајќи на тоа дека фудбалерите на Боливија не придавале внимание на големите имиња во аргентинската репрезентација.

Исто така, додава дека Аргентина сеуште е зелена и дека имала лош старт пред домашната публика.

На другата страна, "Кларин" наведува "Агуеро единствениот херој". Во понатамошниот текст се вели "Тимот на Батиста беше далеку од фудбалската идеја која сака да ја применува идека прикажале лоша игра".

Меси беше во центарот на вниманието кај критичарите од новинарската фела, бидејќи беше најголема надеж за "гаучосите", а речиси ништо не покажа на теренот.

"Лео, без сомнеж, не беше лидер и далеку од тоа што е во можност да го прикаже" - се наведува во магазинот "Оле".


Кон врв
op12eh Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 17.Април.2011
Статус: Офлајн
Поени: 242
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај op12eh Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 03.Јули.2011 во 02:27
Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85179
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 03.Јули.2011 во 12:58

Колумбија се справи со Коста Рика

    Селекцијата на Колумбија постигна минимална победа со 1-0 во првиот натпревар од Групата А на Копа Америка против Коста Рика.

    Покрај тоа што беа фаворити на натпреварот, колумбијците не покажаа ништо особено, па со минимални залагања успеаа да стигнат до значајните три поени и да застанат на врвот од табелата во својата група.

    Противникот пак играше со 10 играчи од 28. минута, кога црвен картон заработи РАндал Бренис. Едиснтвениот погодок на натпреварот беше дело на Адриан Рамос во 45. минута од средбата.

    Во крајна линија Колумбија освои значајни три поени и излезе на лидерскта позиција во групата А, пред Аргентина и Боливија кои во првиот дуел си ги поделија поените, а Коста Рика останува на последната позиција без освоени поени.
    Кон врв
    емил Кликни и види ги опциите
    Сениор
    Сениор
    Лик (аватар)
    зависник идивидовски

    Регистриран: 11.Август.2009
    Статус: Офлајн
    Поени: 85179
    Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 04.Јули.2011 во 06:10
    Нејмар и Бразилците немоќни против Венецуела

    Откако домаќинот Аргентина го отвори натпреварувањето на Копа Америка со кикс против Боливија (1-1), истата приказна им се случи и на фудбалерите на Бразил. Тие во 1. коло од групата Б одиграа 0-0 против Венецуела.

    Од Бразил, како и Аргентина, се очекуваше многу и се очекува и во иднина на ова првенство на кое домаќин е Аргентина. Како што домашните навивачи сите надежи ги полагаат во Лео Меси, така Бразилците својата репрезентација ја испратија со еднжа желба, да стане првак на Јужна Америка, а се очекува ѕвезда на првенството да биде 19-годишниот играч на Сантос Нејмар. "Новиот Пеле" играше 90 минути во Ла Плата, но ниту тој, ниту сите останати Бразилци не покажаа ништо особено.

    Секако, Бразил беше подобар, диктираше темпо, но ништо од тоа не материјализираа. Разиграни и креативни беа во првиот дел, додека во второто полувреме Бразилците на создадоа ниту една вистинска шанса.

    Најблизу до погодок беа во првата четвртина од дуелот, кога на пример, Пато со удар од десетина метри топовски ја погоди стативата. Во првиот дел Пато, Робињо и Нејмар солидно комбинираа, но и пречесто сакаа да дриблаат, што на крајот се покажа претерано себично.

    По сето тоа во Бразилците се вовлече и безидејност, па и нервоза, а венецуелската одбранбена игра беше се послна и поцврста, па на крајот успеаа да ја сочуваат својата мрежа против угледниот противник. За одбележување е уште и фактот дека за бразилската селекција и младиот Ганзо ги одигра сите 90 минути во средниот ред.


    Кон врв
    емил Кликни и види ги опциите
    Сениор
    Сениор
    Лик (аватар)
    зависник идивидовски

    Регистриран: 11.Август.2009
    Статус: Офлајн
    Поени: 85179
    Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 06.Јули.2011 во 05:42
    Мексико се запозна со Санчез и Видал


    Победникот на "Златниот куп" е поразен од Чиле (2:1), додека Уругвај и Перу ремизираа - 1:1


    Првиот дерби натпревар на 43. Првенство на Јужна Америка, пресметката во групата "Ц" меѓу репрезентациите на Чиле и Мексико заврши со минимален триумф на "ла роја". Последниот освојувач на "Златниот куп", кој како гости настапува на Копа Америка, не можеше да смета на услугите на осум суспендирани репрезентативци, поради оргиите со проститутки на подготовките во Еквадор. Сепак, Чиле иако во најсилен состав, предводен од најголемите ѕвезди во предниот рок, Артуро Видал и Алексис Санчез, доста се намачи и со пресврт стигна до победата.
    - Разговаравме за време на паузата, сфативме дека мора да бидеме мирни, бидејќи прашање на време беше кога ќе го постигнеме израмнувачкиот погодок. Нема да го менуваме нашиот стил на игра, исто ќе играме како против Мексико. Нема лесен противник во групната фаза, сите сакаат да успеат и да бидат дел од елиминациската рунда, изјави најголемата ѕвезда во дресот на Чиле, фудбалерот на Удинезе, Алексис Санчез.

    Без победник, но со по еден гол во двете мрежи, заврши вториот дуел во истата група, меѓу репрезентациите на Уругвај и Перу. Четвртопласирана екипа од СП 2010, со напаѓачкото трио Форлан-Суарез-Кавани, не успеа да го совлада ослабениот Перу, кој во Аргентина допатува без клучните играчи Фарфан, Пизаро, Забрана и Рамирез
    - Знаевме дека Перу нема да попушти во ниту еден момент. Убаво е чувството кога ќе ја затресеш противничката мрежа, но не можам да бидам задоволен од конечниот резултат. Не бараме изговор, не ги искористивме сите шанси, Перу беше подобар во второто полувреме, а ние како да мислевме веќе на следниот дуел, изјави напаѓачот на Уругвај, Луис Суарез.

    Резултати: Уругвај - Перу 1:1 (Суарез 45' - Гереро 24'), Чиле - Мексико 2:1 (Паредес 67', Видал 73' - Араухо 41').

    Кон врв
    емил Кликни и види ги опциите
    Сениор
    Сениор
    Лик (аватар)
    зависник идивидовски

    Регистриран: 11.Август.2009
    Статус: Офлајн
    Поени: 85179
    Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 10.Јули.2011 во 23:36
    Бразил спаси кожа


    Благодарение на голот на резервата Фред (90. мин.) "кариоките" освоија еден бод во дуелот со Парагвај


    Бод и тоа во последната минута освои репрезентацијата на Бразил против Парагвај во 2. коло на групата Б на Копа Америка. Избраниците на Мано Менезес повторно прикажаа очајно лошата игра, а "џокер" од клупата беше Фред, кој го израмни резултатот во 90. минута - 2:2. "Кариоките" ќе мора да го добијат последниот дуел против Еквадор, ако сакаат да го продолжат престојот во Аргентина.
    - Мора да бидеме задоволни од едниот бод. Малку фалеше да го загубиме овој многу важен натпревар. Можевме да водиме во 2:1, а веќе во следната минута имавме негатива од еден гол. Неимар мораше да биде посконцентриран во финишот од акцијата, а со концентрацијата има проблем и Пато. И дефанзивната линија направи мноигу грешки, изјави селекторот на Бразил.

    И покрај ремито против најтрофејната репрезентација на светот, напаѓачот на Парагвај, Роке Санта Круз призна дека е малку разочаран од конечниот резултат.
    - Голем натпревар, ја имавме контролата и врз играта и врз резултатот до последната минута. Убеден сум дека оваа репрезентација може да игра уште подобро. Мора да размислуваме позитивно, да се фокусираме на следниот противник, Венецуела. Малку сум разочаран од конечниот резултат, изјави напаѓачот на Манчестер Сити.

    Чиле и Перу се на чекор до пласман во четвртфиналето, додека Мексико е првата репрезентација која веќе ги спакува куферите.

    Резултати:
    Група Ц: Уругвај - Чиле 1:1 (Переира 54' - Санчез 65'), Перу - Мексико 1:0 (Гереро 83'). Табела: Чиле 4, Перу 4, Уругвај 2, Мексико 0 бодови.
    Група Б: Бразил - Парагвај 2:2 (Жадсон 39', Фред 90' - Санта Круз 55', Валдез 67'), Венецуела - Еквадор 1:0 (Гонзалес 61').
    Табела: Венецуела 4, Бразил 2, Парагвај 2, Еквадор 1 бод.

    Кон врв
    емил Кликни и види ги опциите
    Сениор
    Сениор
    Лик (аватар)
    зависник идивидовски

    Регистриран: 11.Август.2009
    Статус: Офлајн
    Поени: 85179
    Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 11.Јули.2011 во 06:37
     
    Кон врв
    емил Кликни и види ги опциите
    Сениор
    Сениор
    Лик (аватар)
    зависник идивидовски

    Регистриран: 11.Август.2009
    Статус: Офлајн
    Поени: 85179
    Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 12.Јули.2011 во 20:30

    Аргентина во четвртфиналето на „Копа Америка“

    Со победата од 3:0 над Костарика, фудбалерите на Аргентина успеаја да изборат пласман во следната четвртфинална фаза на јужно-американскиот шампионат „Копа Америка“ што се одржува во нивната земја.

    До триумфот на стадионот „Марио Кемпес“ во Кордоба рано утрово по македонско време „гаучосите“ стигнаа со двата гола на Серхио Агуеро во 45. и 52.минута и голот на Ангел Ди Мариа во 63.минута.

    Со овој натпревар се комплетираше 3.коло, а воедно и беше последен во рамките на групата „А“. На првиот дуел од 3.коло Колумбија со 2:0 ја совлада Боливија.

    Табела: Колумбија 7 бодови, Аргентина 5, Костарика 3 и Боливија 1.

    Сигурни учесници во четвртфиналето се Колумбија и Аргентина, додека Костарика ќе го чека исходот на натпреварите од 3.коло во групата „Б“ и ќе се надева на евентуален подобар скор од третопласираната репрезентација во оваа група за пласман во следната фаза.
    Кон врв
    емил Кликни и види ги опциите
    Сениор
    Сениор
    Лик (аватар)
    зависник идивидовски

    Регистриран: 11.Август.2009
    Статус: Офлајн
    Поени: 85179
    Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 14.Јули.2011 во 05:59

    Уругвај го фати последниот воз

    Репрезентацијата на Уругвај го совлада Мексико во последниот натпревар од групата Ц и се пласираше во четвртфиналето од Копа Америка

    Уругвајците завршија втори на табелата иако по првите две кола имаа освоено само два бода. Минималниот триумф над Мексико од 1:0 беше доволен за опстанок на турнирот.
    Единствениот гол на дуелот одигран во Ла Плата го запиша Алваро Переира во 14 минута. Дефанзивецот на Порто беше најснаодлив по нафрлувањето на Диего Форлан од слободен удар и го совлада немоќниот Луис Мичел. Овој гол ги охрабри Уругвајците кои создадоа дузина шанси меѓутоа ниту еднаш не го погодија голот за зголемување на водството. Најпрвин Мичел му го одбрани опасниот шут од далечина на Форлан, а неколку минути подоцна напаѓачот на Атлетико го погоди дирекот. До крајот на полувремето и Луис Суарез со незгоден шут не постигна гол.
    Во вториот дел повторно Форлан ја имаше првата можност но од неколку метри го префрли голот. Потоа промашуваа Диего Перез, Суарез, Лугано, Форлан уште двапати, а сето тоа за малку ќе им се вратеше во финишот на мечот кога Мексико постигна гол (преку Рафаел Маркез Луго) но беше поништен поради офсајд.

    ГРУПА Ц
    РЕЗУЛТАТИ, 3.КОЛО
    ЧИЛЕ - ПЕРУ 1:0
    УРУГВАЈ - МЕКСИКО 1:0
    КОНЕЧНА ТАБЕЛА

     
    1. Чиле        2 1 0 4:2 7
    2. Уругвај    1 2 0 3:2 5
    3. Перу        1 1 1 2:2 4
    4. Мексико   0 0 3 1:4 0
    * Чиле, Уругвај и Перу се пласи
    Кон врв
    емил Кликни и види ги опциите
    Сениор
    Сениор
    Лик (аватар)
    зависник идивидовски

    Регистриран: 11.Август.2009
    Статус: Офлајн
    Поени: 85179
    Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 18.Јули.2011 во 05:38

    Копа Америка остана без домаќинот Аргентина!

    Уругвај подобар во ударите од белата точка со 5:4, откако по основниот дел четврт-финалниот меч заврши 1:1

    Фудбалската репрезентација на Уругвај се пласира во полуфиналето на Копа Америка по победата над домаќинот на турнирот, Аргентина, со 5:4 на пенали. Мечот во регуларното време заврши 1:1, немаше голови ниту во продолженијата, а обата тима на крајот останаа со играч помалку на теренот. Уругваецот Диего Перез доби втор жолт картон во 38 минута, Маскерано, пак, поцрвени во 87. минута. Стрелци на головите од игра беа Перез за Уругвај во 6 минута и Игуаин во 17. минута за Аргентина.

    „Срамота. И Меси повторно не ја одведе Аргентина до успех“, само се некои од написите во аргентинските медиуми по елиминацијата на „гаучосите“ од кои нацијата очекуваше континентална титула на домашен терен по 1993 година. Аргентинците се посебно гневни на најдобриот светски фудбалер, Лионел Меси, кој нема постигнато гол за националниот состав од март во 2009 година. Дуелот во Санта Фе го одбележа нервозна игра и извонредна претстава на Уругвајците со играч помалку, особено во одбрана.

    „Ова е голем удар за Аргентина, но јас планирам да продолжам со селекторската работа. И онака наша цел е Светското првенство во 2014 година“, порача селекторот на Аргентина, Габриел Батиста, чиј тим во ова издание на фудбалското првенство на Јужна Америка ремизира трипати и славеше само над просечната Костарика.

    Противник на Уругвај во полуфиналето на Копа Америка 2011 ќе биде репрезентацијата на Перу која триумфира над Колумбија, по продолженија, со 2:0 што исто така претставува изненадување. Автори на перуанскиот успех беа фудбалерите за врска, Карлос Лобатона во 102 минута и Хуан Варгас во 112 минута од четврт-финалната пресметка во Кордоба. Колумбијците имаа прилика за водство во 66 минута, но напаѓачот Радамел Фалкао шутираше покрај голот од белата точка.


    Кон врв
    емил Кликни и види ги опциите
    Сениор
    Сениор
    Лик (аватар)
    зависник идивидовски

    Регистриран: 11.Август.2009
    Статус: Офлајн
    Поени: 85179
    Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 18.Јули.2011 во 05:40
     

    Јужна Америка ќе добие нов шампион бидејќи после Аргентина, елиминиран е и првиот фаворит за титулата, освојувачот на последните две титули, Бразил.

    „Кариоките“ освоија четири од последните пет континентални првенства, но оваа година во Аргентина, на стадионот во Ла Плата беа запрени од Парагвај. Парагвајците се пласираа беѓу четирите најдобри селекции во Јужна Америка со победата над Бразил по изведувањето на пенали.

    Во регуларниот дел победникот не беше одлучен, иако Бразил константно напаѓаше. Имаа 14 шутеви кон голот, додека Парагвајците се заканија само три пати. Шансата за победа ја прокоцка Александре Пато, во 75-та минута.

    Сè се смени по изведувањето на пеналите. Бразилците на три пати го промашија голот, а еден удар одбрани голманот на Уругвај, Виљар, кој е најзаслужен за победата на неговата репрезентација.

    Парагвај во полуфиналето ќе игра со подобриот од дуелот Чиле-Венецуела. 

    Кон врв
     Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 2345>
      Сподели тема   

    Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

    Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
    Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

    Страницата е генерирана за 0,405 секунди.