IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Здравје > Медицина
  Активни теми Активни теми RSS - Бременост
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Бременост

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 23456 7>
Автор
Порака
BellaGrandma Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор

Game over

Регистриран: 10.Јуни.2010
Статус: Офлајн
Поени: 20029
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај BellaGrandma Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 14.Јули.2010 во 15:04

       
      Што е тоа Даунов синдром

Сите жени без разлика на годините имаат ризик за раѓање на бебе со родилни аномалии.

Дауновиот синдром предизвикува различни степени на ментална ретардација, но исто така може да предизвика и додатни абнормалности на главата, рацете, мозокот, бубрегот, желудникот и цревата на плодот. Ризикот за Даун синдром како и за други абнормалности се зголемува со возраста на мајката.

Во текот на бременоста, дијагнозата се поставува со анализа на хромозомите на плодот добиени од клетките во околуплодовата вода или од постелката. Овие клетки се добиваат со една од две инвазивни процедури: амниоцентеза или земање примерок од хорионските ресички. Поради тоа тие се нудат само на пациентки кај кои постои висок ризик за раѓање на бебе со Даунов синдром. Високоризични пациентки се сметаат сите оние кои имаат или поголем или еднаков ризик за Даун синдром како и пациентка која има 35 години ( 1 : 270).

Се до неодамна, жените од оваа возрасна група, имаа само една опција – инвазивна процедура која пак од своја страна е поврзана со ризик за спонтан абортус. Неодамнешните студии меѓутоа, сугерираат дека дополнителни скрининг тестови, комбинирани со возраста на мајката, можат да се искористат за намалување на ризикот од Даунов синдром, за намалување на бројот на амниоцентези како и за намалување на процентот на абортирани нормални фетуси.

Дијагностички тестови

Амниоцентеза

Оваа процедура се прави меѓу 15 и 20 недели на бременост. Најнапред на ултразвук се лоцира позицијата на плодот и постелката. Потоа, со тенка игла која се вметнува преку стомакот на мајката, се вади мала количина на окулоплодова вода.

Во неа има фетални клетки. Хромозомите на овие клетки се проверуваат за Даун Синдром и за други хромозомски дефекти. Процедурата носи мал ризик за спонтан аборутс 1 : 100.

Резултатите се готови за околу две недели. Прецизноста на амниоцентезата е околу 99% во случај на Дауновиот синдром, но е исто толкава и за другите хромозомски аномалии. Амниоцентезата ги открива скоро сите дефекти на отворена нерва туба.


Со овој тест на место од околуплодовата вода се земаат клетки од постелката. Се прави на почетокот од бременоста помеѓу 10-та и 12-та недела. И во овој случај најнапред се лоцира местото на постелката користејќи УЗВ, потоа со тенка игла преку стомакот се отстранува еден мал дел од постелката. Истото може да се направи и вагинално.


Дијагностички наспроти Скрининг тестови

Многу е важно да се знае која е разликата помеѓу дијагностичките и скрининг тестовите.

Дијагностички тестови

Дијагностичките тестови се користат за да се потврди постоењето на одредена болест или одредена состојба. За ваквите тестови се користат примероци од ткиво, крв или течност. Во нашиот случај се прави генетска амниоцентеза или се зема примерок од постелката за да се добие течност или ткиво во кои потоа се анализираат феталните хромозоми. Меѓутоа и двете методи имаат несакани ефекти од кои најлош е абортусот. Процентот на несакани абортуси, со кои може да се изгубат нормални фетуси, варира од 1 на 100 до 1 на 300. Овој ризик во голема мерка зависи од искуството на докторот кој ја извршува процедурата.

Скрининг тестови

Скрининг тестовите се користат за откривање на пациентки кои имаат зголемен ризик за одредена болест. Пример за вакво тестирање е ПАП тестот наменет првенствено за откривање жени со зголемен ризик за рак на грлото на матката. Скрининг тестовите не ги откриваат сите пациентки кои ја имаат болеста. Сепак, тие се доволно чувствителни за да се применат на севкупното население кое живее на одредена област. Кога скрининг тестот е позитивен или е абнормален тогаш се прави дијагностички тест. Доколку ПАП тестот е позитивен или доколку се работи за сомнителна момографија, понатаму се зема примерок од ткивото од грлото на матката или од дојката за да се потврди дали навистина има рак. Слично, при позитивен скрининг тест за Даунов синдром, се прави амниоцентеза или се зема ткиво од ресичките на постелката со цел да се добијат клетки од плодот. Со нивна анализа ќе може да се потврди или отфрли постоењето на Даунов синдром кај фетусот.

Скрининг за фетални аномалии со Троен Тест

Жени помлади од 35 години

До скоро не постоеше тест за откривање на фетуси со Даун синдром кај жени помлади од 35 години. Меѓутоа, со воведувањето на три крвни маркери (серумскиот алфа фето протеин, естриолот и бета ХЦГ) се овозможи и жените во оваа возрастна група да имаат скрининг за Даунов синдром. Се зема крв од раката на бремената жена и во неа се проверуваат нивоата на горенаведените маркери кои се произведени од постелката и фетусот. Во различни недели на бременоста овие маркери имаат различни вредности. Користејќи ги поединечно или во комбинација, маркерите откриваат 20 – 60% од фетусите со Даунов синдром. Во 1994 година американскиот колеџ на гинеколози и акушери препорача овој тест да и се понуди во вториот триместар од бременоста на секоја жена помлада од 35 години.

Жени постари од 35 години

Сегашниот процент на откривање Даунов синдром (40-60%), кај жени помлади од 35 години е прифатлив затоа што доколку пациентката нема тест, процентот на откривање е скоро 0%. Меѓутоа 60% не е прифатлив процент кај жени кои имаат 35 години или се повозрасни. Кај овие пациентки алтернативата е амниоцентеза која открива 99% од ваквите фетуси. Сепак, со одбирање кои пациентки треба да имаат амниоцентеза процентот од 60% може да се подобри. За оваа цел се користи Тројниот Тест. Со негова помош се врши корекција на ризикот за Даунов синдром кој постои кај жени на 35 годишна возраст или се повозрасни. Направена е клиничка студија во која се споредени ваквите резултати со резултатите од универзалната амниоцентеза, при која 100% односно сите пациентки имаат амниоцентеза (постигнувајќи 99% откривање на хромозомските абнормалности). Студијата укажува дека со дополнително користење на маркерите се откриваат до 89% од фетусите со Даунов синдром, додека бројот на амниоцентези е намален од 100% на само 25% од високоризичните пациентки.

Од друга страна, додека универзалната амниоцентеза открива 99% од останатите хромозомски абнормалности со Тројниот Тест се откриваат само 65% од нив. Авторите сметаат дека разликата во откривањето се однесува или на летални аномалии (тризомија 13 или 18) или на многу ретки аномалии (небалансирани транслокации) така што користа од спасување нормални фетуси од спонтан абортус е далеку поголема отколку што е откривањето ретки хромозомски абнормалности.

Најважно што треба да се разбере е дека процентот на откривање Даунов синдром варира во зависност од возраста на мајката. Високиот процент на откривање Даунов синдром (89%) кој е рапортиран во горната студија представува просек за сите пациентки на возраст од 35 години и постари. За возраста од 35 – 39 години овој процент е помал и тоа се гледа од графиконот.

 

 13% од жените на 35 годишна возраст ќе имаат абнормален Троен Тест и сите ќе имаат амниоцентеза. Меѓутоа само 71% од фетусите со тризомија 21 ќе бидат откриени. Според тоа, на секој 10 фетуси со Даунов синдром само 7 ќе бидат откриени. Од графиконот се гледа дека процентот на откривање Даунов синдром кај жени повозрасни од 35 години е понизок од 89%.

 

Предности на Тројниот Тест кај жени постари од 35 години

 

  • За пациентките кои не сакаат да имаат амниоцентеза базирана исклучиво на нивната возраст (35 години или повеќе), тројниот тест овозможува подобро проценување на ризикот. Тој представува подобра опција отколку да не се прави никаков тест.
  • Доколку Тројниот Тест е негативен ризикот за Даун синдром е помал отколку ризикот за спонтан абортус заради амниоцентеза. На пример доколку 35 годишна пациентка има нормален Троен Тест за скрининг, а потоа одлучи да има амниоцентеза, ризикот да го изгуби детето е 6 пати поголем отколку ризикот да има дете со Даунов синдром.


Недостатоци на Тројниот Тест кај пациентки постари од 35 години


И покрај корисноста на Тројниот Тест во откривањето на Дауновиот синдром тој има и свои недостатоци:

  • Кај жените на возраст од 35 до 39 години, Тројниот Тест открива помеѓу 71% до 87 % од фетусите со Даунов синдром. Оваа возрасна група го содржи најголемиот број жени кои сакаат да имаат генетска амниоцентеза.
  • Открива помалку од 50% жени со тризомија 18 и ретко открива фетуси со тризомија 13. Иако најголем број на овие фетуси ќе подлегнат во првата година од нивниот живот овие состојби се сепак многу сериозни.
  • Открива помалку од 65% од сите хромозомски абнормалности.
  • Тестот не е валиден доколку е направен пред 15 недели на бременост или после 20 недели на бременост.

Можат се да ти земат - богатството, најубавите години, радоста и сите заслуги, но секогаш ќе ти останат соништата за одново да го создадеш светот кој ти го украле.
Кон врв
Tiggy Vicious Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Consume. Be silent. Die.

Регистриран: 27.Октомври.2009
Статус: Офлајн
Поени: 6238
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Tiggy Vicious Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 14.Јули.2010 во 23:33
Бременост... бременост... “блажена состојба“. Како да не!

Ти се прават стрии по стомакот, може и глуждови да ти отечат, изгледаш како камионџија, мочаш се почесто, па лажни контрации... а тек кога се отвараш ко крава за од тебе да излезе цело човечко суштество...
What the hell is going on?
-The cruelest dream, reality
Кон врв
Ane09 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 18.Февруари.2009
Статус: Офлајн
Поени: 209
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Ane09 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 15.Јули.2010 во 16:00
Лична исповед. Бременоста е дефинитивно блажена состојба. Конечно од „ѓубре“ почнуваш да се чувствуваш благородно,дека правиш нешто величенствено. Градите ти се зголемуваат, косата и кожата ти се посјајни од било кога. Ноктите за првпат не се кршливи. И ти, конечно од неартикулирано, хаотично девојче, чија единствена преокупација биле шопингот, ноќните излегувања....се претвораш во жена која нурнува во тајните на животот. Стрии (благодарение на павловичева) нема, а 30-40 дена по пораѓајот си послаба од било кога претходно (кога си си ја мавала главата со 300 безвезни диети); сега килограмите едноставно се топат благодарение на тоа што повеќе не си опседната со себе, исполнета си со љубов, а и благодарение на непроспиените ноќи.

Изменето од Ane09 - 15.Јули.2010 во 16:03
Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85179
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 23.Јули.2010 во 17:42
Бремените жени не мораат да се откажат од кафето

Бремените жени не мораат да се откажуваат од утринското кафе, бидејќи тоа веројатно нема да го зголеми ризикот од спонтан абортус или предвремено породување на детето, порачуваат од Здружението на американски акушерки и гинеколози.

Претходните истражувања покажаа дека плацентата не претставува бариера за кофеинот, што предизвика стравување за евентуалното неповолно влијание на оваа состојка на кафето и на некои други напитоци и храна за бремените, пренесоа агенциите.

Истражувањата на ова прашање до скоро даваа конфликтни резултати. Меѓутоа, најновиот заклучок на американското здружение е дека до 200 милиграми кофеин дневно (количество што се внесува со испивање на една голема шолја кафе) „ не придонесува во значителна мера за спонтаниот абортус или предвременото породување“.

Место кафе, бремените исто така слободно можат да консумираат околу четири шољи чај од по 200 милиграми дневно, пет стандардни лименки газирани напитоци и шест до седум коцки темно чоколадо, порачаа американските акушерки и гинеколози.

До ваквите резултати дојдоа студиите изработени во Медицинскиот центар Маунт Синај во Њујорк и на оукландската болница Кејсер Перминент, а истражувањето било спроведено врз 1.000 бремени жени.

Кон врв
*moon* Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 27.Јануари.2008
Статус: Офлајн
Поени: 7657
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај *moon* Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 23.Јули.2010 во 17:46
so sigurnost NE, ZOSTO DA?
Кон врв
sneska_v Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 05.Јуни.2009
Статус: Офлајн
Поени: 3455
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај sneska_v Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 09.Август.2010 во 20:44

Важни витамини во бременоста


Иако добро се храните, оптимално количество на одредени хранливи состојки, пред се фолна киселина, калциум и железо не е можно да се прими само преку храната.

Наспроти добрата исхрана веројатно тешко ќе конзумирате оптимално количество на одредени хранливи состојки, пред се фолни киселини, калциум и железо.

Ви препорачуваме во првите 3 месеци да земате фолна киселина, а уште подобро би било да земате и пред забременување, во време кога ја планирате бременоста.

Заради потреби на плодот кој расте, многу од трудниците се слабокрвни (анемични). Недостатокот на железо може да го надополнат со храна која содржи многу железо или дополнителни таблети. Богат извор на железо се црвеното месо, житариците, црниот дроб (кои на трудниците понекогаш и не им се препорачуваат), грав, суви кајсии и сок од цвекло.

 



Кон врв
sneska_v Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 05.Јуни.2009
Статус: Офлајн
Поени: 3455
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај sneska_v Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 09.Август.2010 во 20:47

Овулација и плодни денови

image
До овулација доаѓа кога јајце клетката која созревала во јајникот во текот на циклусот ќе се издвои и ќе го започне својот пат преку јајцеводот во материцата.

Здравата исхрана е многу значаен дел од бременоста. Ако вие во бременоста се храните здраво, и вашето дете во стомакот ќе живее здраво. Иако на голем број трудници во тој период вкусот за храна им се менува и често посакуваат некој одреден тип на храна, постојат некои правила за здрава исхрана кои може да ви помогнат. Во текот на бременоста потрошувачката на одредени хранливи состојки во телото се зголемува и затоа е потребно во тој период со храна да ги внесеме што повеќе. 

Фолна киселина е многу важна уште на самиот почеток на бременоста. Најдобро е препаратите со фолна киселина да ги земате уште неколку месеци пред забременувањето. Можете да ја земате во облик на таблети кои ги добивате во аптеки, а можете да ја најдете и во темнозелениот зеленчук. Недостаток на фолна киселина може да доведе дури и до пометнување, предвремено одвојување на плацентата и помала тежина на новороденчето. 

Во тој период задолжителна е и контрола на железото, затоа што телото троши два пати повеќе отколку обично. Недостаток на железо често е поврзан со неприлагодена тежина во бременоста. Железото кое го добиваме од храната од животинско потекло има предност пред оние од растително потекло. Наспроти тоа е подобро, ако сепак дојде до недостаток на железо, да го надоместиме со таблети, отколку да изедеме два пати повеќе месо. 

А како е со вегетаријанството за време на бременоста? Жените кои биле вегетаријанки пред бременоста, мора да се погрижат да добијат доволно состојки кои ќе ги надоместат хранливите состојки кои се наоѓаат во месото. Се препорачува во исхраната да вклучат доволно млечни производи, а за надополнување на витаминот B12 треба да се избере комбинација на тој витамин и фолна киселина. При потполно откажување на храна од животинско потекло (јајца, млеко и млечни производи), жената може да му наштети на развојот на детето, затоа е подобро во бременоста да се откаже од потполно вегетаријанство. 

Калциум и витамин D се важни за формирање на коските и за раст на ембрионот. Најдобро е да набавите дополнителен калциум во облик на таблети. Ако дојде до недостаток на калциум во телото за време на бременоста, детето ќе црпи калциум кој инаку би ви припаѓал вам. Како последица на тоа може подоцна да дојде до проблеми со забите и остеопороза. Овошје и зеленчук - пробајте да ги консумирате во најмалку 3 дневни оброци. Одличен се извор на витамините A и C. Витамин C кој се наоѓа во брокулите, зелката, пиперките, компирот, спанаќот, грашокот, доматот, портокалот, дињата, грејпфрутот, му помага на телото при апсорпција на железото од храната. Зелената пиперка, морков, компир и брокули со резервите на витаминот A ќе го припомогнат растот на вашите ќелии и ќелиите на вашето дете. 

И на крај - колку храна е потребно на женското тело во бременоста за да не биде ни премногу ни премалку, т.е. да биде доволно за детскиот раст? Докторите препорачуваат количината на храна во првите 3 месеци да биде иста како и пред бременоста. Тогаш на ембрионот за опстанок и развој му е потребна минимална количина на енергија. Во четвртиот месец се препорачува да го зголемите внесувањето на енергија за 200 - 300 кило калории, - kcal. Гладот, кој ќе се појави во тој подоцен период, можете да го задоволите со мали оброци помеѓу главните оброци. Внимание, малите оброци не се пола кеса чипс, тортички или грицкање на чоколада! Заради преголема тежина за време на бременоста може да дојде до превисок притисок, труднички дијабетес и други компликации во бременоста. 



Кон врв
zamislena Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 03.Јануари.2010
Статус: Офлајн
Поени: 14566
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај zamislena Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 09.Септември.2010 во 02:08

ЖЕНИТЕ ЗАБРЕМЕНУВААТ ПО 104-ТИОТ СЕКС..........голема%20насмевка

Според едно британско истражување секоја девојка има секс 104 пати пред да забремени. Британските сексолози открија дека на една жена во просек и се потребни 6 месеци секс околу 4 пати неделно, за зачнување на првото дете. Покрај тоа, научниците утврдиле дека една од десет жени имаат толку силна желба да забременат што ги викаат сопрузите од работа дома, кога се во овулација.
 
 
70% од жените пак, сакаат нивните бебиња да им бидат зачнети додека спонтано и страсно водат љубов. Резултатите од истражувањето се добиени од мислењата на 3000 жени, кои што учествувале доброволно во анкетата.

"Да имате секс 104 пати пред да забременете звучи премногу, но верувајте ми не е", рече доктор Мајк Смит.
"И покрај тоа, оние што не сакате да забременеете, не заборавајте да ги употребите потребните заштитни мерки. Обидите за зачнување на бебе се возбудлив период за секоја жена и многу луѓе обидуваат на сите начини, за да имаат дете ", додаде британскиот научник. 
Кон врв
Beluvce Кликни и види ги опциите
Нов член
Нов член


Регистриран: 15.Септември.2010
Статус: Офлајн
Поени: 2
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Beluvce Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 15.Септември.2010 во 00:40
ZDRAVO NA SITE JAS SUM NOV CLEN I
BI SAKALA DA SLUSNAM NEKOLKU MISLENJA VO VRSKA SO MOJOT PROBLEM:
POSLEDNO IMAV CIKLUS OD 25 DO 30 AVGUST. OKOLU 5 SEPTEMVRI ZABELEZAV DEKA CUVSTVUVAM BOLKA I ZGOLEMENI I TVRDI GRADI, POTOA CESTO ODENJE VO WC; A I MI SE ZGOLEMI APETITOT... VEDNAS SLEDNIOT DEN NA 6 SEPTEMVRI NAPRAVIV TEST MEGUTOA IZLEZE DEKE E NEGATIVEN. SI POMISLIV DEKA E RANO, PA POCEKEV DA POMINI USTE EDNA NEDELA, I VO TAA NEDELA GI IMAV ISTITE SIMPTOMI I MI SE POJAVI USTE NEKOJA TAPA BOLKA VO DOLNIOT DEL NA STOMAKOT KAKO PRED DA DOBIVAM CIKLUS MEGUTOA NE TOLKU JAKA. DENES 14 SEPTEMVRI NAPRAVIV POVTORNO TEST I POVTORNO NEGATIVEN, A SIMPTOMITE SE POVTORNO ISTITE.

STO MISLITE ZA MOJOT PROBLEM DALI E RANO ILI?
SLEDNIOT CIKLUS TREBA DA GO DOBIJAM PO PRAVILO OKOLU 20, 21 SEPTEMVRI, BIDEJKI DO SEGA IMAM MNOGU REDOVNI CIKLUSI NA SEKOI 25 DO 28 DENA

ODNAPRED BLAGODARAM NA SEKOE VASE MISLENJE
POZDRAV
Кон врв
Ninja 35 Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 24.Февруари.2009
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 17840
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Ninja 35 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 15.Септември.2010 во 01:22
Мислам дека тестовите се доста веродостојни....но најсигурно те е да си направиш проверка во лабораторија...да
Ако ти изгледа премногу лесно , имаш некаде згрешено !!!
Кон врв
laki_bu Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Лидер

Регистриран: 30.Ноември.2008
Локација: Germanija
Статус: Офлајн
Поени: 32100
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај laki_bu Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 15.Септември.2010 во 01:27
Без разлика колку страници прочитал учениот човек, никогаш не треба да заборави дека се уште не ни стигнал до првата страна....
Кон врв
Andjelina Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Miss High Hill’s

Регистриран: 07.Ноември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 14129
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Andjelina Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 15.Септември.2010 во 01:42
во периодот на овулација често има исти симптоми како при циклус,така да ништо страшно,може да е тоа....обично тестовите се точни
следниот месец правец -гинеколог(ако дотогаш не се среди)намигнување
Никогаш не научив дали е подобро да носиш патики или штикли кога ќе тргнеш во потрага по делот од душата кој ти недостасува

Кон врв
Beluvce Кликни и види ги опциите
Нов член
Нов член


Регистриран: 15.Септември.2010
Статус: Офлајн
Поени: 2
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Beluvce Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 15.Септември.2010 во 14:16
Jas obicno imam napnati i bolni gradi 3-4 dena pred da dobijam menstruacija.Ama dosega nikogas ne mi se slucilo da me bolat gradite 4-5 dena posle menstruacija. Zatoa mi e malku cudno, a i tie mali bolki vo stomakot ne sum gi pocuvstvuvala 5-6 dena posle menstruacija tuku 4-5 pred.

sepak vi blagodaram za mislenjeto
poz
Кон врв
zagor Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Уникатен песимист

Регистриран: 27.Септември.2007
Локација: Congo
Статус: Офлајн
Поени: 12850
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај zagor Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 15.Септември.2010 во 14:20
...за 104-те тури секс...


...тоа таму,за кај нас ова не важи...или од прва ке остане или како бремена ќе ти дојде...а ти мавај ко луд...демек вршиш божја мисија...
Македонија и се е можно...

Изменето од zagor - 15.Септември.2010 во 14:22
...zagor e ziv,se drugo e laga.
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 23456 7>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,281 секунди.