|
Бременост |
Внеси реплика | страница <1 23456 7> |
Автор | |
BellaGrandma
Сениор Game over Регистриран: 10.Јуни.2010 Статус: Офлајн Поени: 20029 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Што е тоа Даунов синдром Сите жени без разлика на годините имаат ризик за раѓање на бебе со родилни аномалии. Дауновиот синдром предизвикува различни степени на ментална ретардација, но исто така може да предизвика и додатни абнормалности на главата, рацете, мозокот, бубрегот, желудникот и цревата на плодот. Ризикот за Даун синдром како и за други абнормалности се зголемува со возраста на мајката. Во текот на бременоста, дијагнозата се поставува со анализа на хромозомите на плодот добиени од клетките во околуплодовата вода или од постелката. Овие клетки се добиваат со една од две инвазивни процедури: амниоцентеза или земање примерок од хорионските ресички. Поради тоа тие се нудат само на пациентки кај кои постои висок ризик за раѓање на бебе со Даунов синдром. Високоризични пациентки се сметаат сите оние кои имаат или поголем или еднаков ризик за Даун синдром како и пациентка која има 35 години ( 1 : 270). Се до неодамна, жените од оваа возрасна група, имаа само една опција – инвазивна процедура која пак од своја страна е поврзана со ризик за спонтан абортус. Неодамнешните студии меѓутоа, сугерираат дека дополнителни скрининг тестови, комбинирани со возраста на мајката, можат да се искористат за намалување на ризикот од Даунов синдром, за намалување на бројот на амниоцентези како и за намалување на процентот на абортирани нормални фетуси. Дијагностички тестови Амниоцентеза Оваа процедура се прави меѓу 15 и 20 недели на бременост. Најнапред на ултразвук се лоцира позицијата на плодот и постелката. Потоа, со тенка игла која се вметнува преку стомакот на мајката, се вади мала количина на окулоплодова вода. Во неа има фетални клетки. Хромозомите на овие клетки се проверуваат за Даун Синдром и за други хромозомски дефекти. Процедурата носи мал ризик за спонтан аборутс 1 : 100. Резултатите се готови за околу две недели. Прецизноста на амниоцентезата е околу 99% во случај на Дауновиот синдром, но е исто толкава и за другите хромозомски аномалии. Амниоцентезата ги открива скоро сите дефекти на отворена нерва туба. Со овој тест на место од околуплодовата вода се земаат клетки од постелката. Се прави на почетокот од бременоста помеѓу 10-та и 12-та недела. И во овој случај најнапред се лоцира местото на постелката користејќи УЗВ, потоа со тенка игла преку стомакот се отстранува еден мал дел од постелката. Истото може да се направи и вагинално. Дијагностички наспроти Скрининг тестови Многу е важно да се знае која е разликата помеѓу дијагностичките и скрининг тестовите. Дијагностички тестови Дијагностичките тестови се користат за да се потврди постоењето на одредена болест или одредена состојба. За ваквите тестови се користат примероци од ткиво, крв или течност. Во нашиот случај се прави генетска амниоцентеза или се зема примерок од постелката за да се добие течност или ткиво во кои потоа се анализираат феталните хромозоми. Меѓутоа и двете методи имаат несакани ефекти од кои најлош е абортусот. Процентот на несакани абортуси, со кои може да се изгубат нормални фетуси, варира од 1 на 100 до 1 на 300. Овој ризик во голема мерка зависи од искуството на докторот кој ја извршува процедурата. Скрининг тестови Скрининг тестовите се користат за откривање на пациентки кои имаат зголемен ризик за одредена болест. Пример за вакво тестирање е ПАП тестот наменет првенствено за откривање жени со зголемен ризик за рак на грлото на матката. Скрининг тестовите не ги откриваат сите пациентки кои ја имаат болеста. Сепак, тие се доволно чувствителни за да се применат на севкупното население кое живее на одредена област. Кога скрининг тестот е позитивен или е абнормален тогаш се прави дијагностички тест. Доколку ПАП тестот е позитивен или доколку се работи за сомнителна момографија, понатаму се зема примерок од ткивото од грлото на матката или од дојката за да се потврди дали навистина има рак. Слично, при позитивен скрининг тест за Даунов синдром, се прави амниоцентеза или се зема ткиво од ресичките на постелката со цел да се добијат клетки од плодот. Со нивна анализа ќе може да се потврди или отфрли постоењето на Даунов синдром кај фетусот. Скрининг за фетални аномалии со Троен Тест Жени помлади од 35 години До скоро не постоеше тест за откривање на фетуси со Даун синдром кај жени помлади од 35 години. Меѓутоа, со воведувањето на три крвни маркери (серумскиот алфа фето протеин, естриолот и бета ХЦГ) се овозможи и жените во оваа возрастна група да имаат скрининг за Даунов синдром. Се зема крв од раката на бремената жена и во неа се проверуваат нивоата на горенаведените маркери кои се произведени од постелката и фетусот. Во различни недели на бременоста овие маркери имаат различни вредности. Користејќи ги поединечно или во комбинација, маркерите откриваат 20 – 60% од фетусите со Даунов синдром. Во 1994 година американскиот колеџ на гинеколози и акушери препорача овој тест да и се понуди во вториот триместар од бременоста на секоја жена помлада од 35 години. Жени постари од 35 години Сегашниот процент на откривање Даунов синдром (40-60%), кај жени помлади од 35 години е прифатлив затоа што доколку пациентката нема тест, процентот на откривање е скоро 0%. Меѓутоа 60% не е прифатлив процент кај жени кои имаат 35 години или се повозрасни. Кај овие пациентки алтернативата е амниоцентеза која открива 99% од ваквите фетуси. Сепак, со одбирање кои пациентки треба да имаат амниоцентеза процентот од 60% може да се подобри. За оваа цел се користи Тројниот Тест. Со негова помош се врши корекција на ризикот за Даунов синдром кој постои кај жени на 35 годишна возраст или се повозрасни. Направена е клиничка студија во која се споредени ваквите резултати со резултатите од универзалната амниоцентеза, при која 100% односно сите пациентки имаат амниоцентеза (постигнувајќи 99% откривање на хромозомските абнормалности). Студијата укажува дека со дополнително користење на маркерите се откриваат до 89% од фетусите со Даунов синдром, додека бројот на амниоцентези е намален од 100% на само 25% од високоризичните пациентки. Од друга страна, додека универзалната амниоцентеза открива 99% од останатите хромозомски абнормалности со Тројниот Тест се откриваат само 65% од нив. Авторите сметаат дека разликата во откривањето се однесува или на летални аномалии (тризомија 13 или 18) или на многу ретки аномалии (небалансирани транслокации) така што користа од спасување нормални фетуси од спонтан абортус е далеку поголема отколку што е откривањето ретки хромозомски абнормалности. Најважно што треба да се разбере е дека процентот на откривање Даунов синдром варира во зависност од возраста на мајката. Високиот процент на откривање Даунов синдром (89%) кој е рапортиран во горната студија представува просек за сите пациентки на возраст од 35 години и постари. За возраста од 35 – 39 години овој процент е помал и тоа се гледа од графиконот. 13% од жените на 35 годишна возраст ќе имаат абнормален Троен Тест и сите ќе имаат амниоцентеза. Меѓутоа само 71% од фетусите со тризомија 21 ќе бидат откриени. Според тоа, на секој 10 фетуси со Даунов синдром само 7 ќе бидат откриени. Од графиконот се гледа дека процентот на откривање Даунов синдром кај жени повозрасни од 35 години е понизок од 89%.
Предности на Тројниот Тест кај жени постари од 35 години
|
|
Можат се да ти земат - богатството, најубавите години, радоста и сите заслуги, но секогаш ќе ти останат соништата за одново да го создадеш светот кој ти го украле.
|
|
Tiggy Vicious
Сениор Consume. Be silent. Die. Регистриран: 27.Октомври.2009 Статус: Офлајн Поени: 6238 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Бременост... бременост... “блажена состојба“. Како да не!
Ти се прават стрии по стомакот, може и глуждови да ти отечат, изгледаш како камионџија, мочаш се почесто, па лажни контрации... а тек кога се отвараш ко крава за од тебе да излезе цело човечко суштество... |
|
What the hell is going on?
-The cruelest dream, reality |
|
Ane09
Сениор Регистриран: 18.Февруари.2009 Статус: Офлајн Поени: 209 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Лична исповед. Бременоста е дефинитивно блажена состојба. Конечно од „ѓубре“ почнуваш да се чувствуваш благородно,дека правиш нешто величенствено. Градите ти се зголемуваат, косата и кожата ти се посјајни од било кога. Ноктите за првпат не се кршливи. И ти, конечно од неартикулирано, хаотично девојче, чија единствена преокупација биле шопингот, ноќните излегувања....се претвораш во жена која нурнува во тајните на животот. Стрии (благодарение на павловичева) нема, а 30-40 дена по пораѓајот си послаба од било кога претходно (кога си си ја мавала главата со 300 безвезни диети); сега килограмите едноставно се топат благодарение на тоа што повеќе не си опседната со себе, исполнета си со љубов, а и благодарение на непроспиените ноќи.
Изменето од Ane09 - 15.Јули.2010 во 16:03 |
|
емил
Сениор зависник идивидовски Регистриран: 11.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 85179 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Бремените жени не мораат да се откажат од кафето
Бремените жени не мораат да се откажуваат од утринското кафе, бидејќи тоа веројатно нема да го зголеми ризикот од спонтан абортус или предвремено породување на детето, порачуваат од Здружението на американски акушерки и гинеколози. Претходните истражувања покажаа дека плацентата не претставува бариера за кофеинот, што предизвика стравување за евентуалното неповолно влијание на оваа состојка на кафето и на некои други напитоци и храна за бремените, пренесоа агенциите. До ваквите резултати дојдоа студиите изработени во Медицинскиот центар Маунт Синај во Њујорк и на оукландската болница Кејсер Перминент, а истражувањето било спроведено врз 1.000 бремени жени. |
|
*moon*
Сениор Регистриран: 27.Јануари.2008 Статус: Офлајн Поени: 7657 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
so sigurnost NE, ZOSTO DA?
|
|
sneska_v
Сениор Регистриран: 05.Јуни.2009 Статус: Офлајн Поени: 3455 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Важни витамини во бременостаИако
добро се храните, оптимално количество на одредени хранливи состојки,
пред се фолна киселина, калциум и железо не е можно да се прими само
преку храната. Наспроти добрата исхрана веројатно тешко ќе
конзумирате оптимално количество на одредени хранливи состојки, пред се
фолни киселини, калциум и железо.
|
|
sneska_v
Сениор Регистриран: 05.Јуни.2009 Статус: Офлајн Поени: 3455 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Овулација и плодни деновиДо
овулација доаѓа кога јајце клетката која созревала во јајникот во текот
на циклусот ќе се издвои и ќе го започне својот пат преку јајцеводот во
материцата. Здравата исхрана е многу значаен дел од бременоста.
Ако вие во бременоста се храните здраво, и вашето дете во стомакот ќе
живее здраво. Иако на голем број трудници во тој период вкусот за храна
им се менува и често посакуваат некој одреден тип на храна, постојат
некои правила за здрава исхрана кои може да ви помогнат. Во текот на
бременоста потрошувачката на одредени хранливи состојки во телото се
зголемува и затоа е потребно во тој период со храна да ги внесеме што
повеќе. |
|
zamislena
Сениор Регистриран: 03.Јануари.2010 Статус: Офлајн Поени: 14566 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
ЖЕНИТЕ ЗАБРЕМЕНУВААТ ПО 104-ТИОТ СЕКС.......... Според едно британско истражување секоја девојка има секс 104 пати пред да забремени. Британските сексолози открија дека на една жена во просек и се потребни 6 месеци секс околу 4 пати неделно, за зачнување на првото дете. Покрај тоа, научниците утврдиле дека една од десет жени имаат толку силна желба да забременат што ги викаат сопрузите од работа дома, кога се во овулација.
70% од жените пак, сакаат нивните бебиња да им бидат зачнети додека спонтано и страсно водат љубов. Резултатите од истражувањето се добиени од мислењата на 3000 жени, кои што учествувале доброволно во анкетата.
"Да имате секс 104 пати пред да забременете звучи премногу, но верувајте ми не е", рече доктор Мајк Смит. "И покрај тоа, оние што не сакате да забременеете, не заборавајте да ги употребите потребните заштитни мерки. Обидите за зачнување на бебе се возбудлив период за секоја жена и многу луѓе обидуваат на сите начини, за да имаат дете ", додаде британскиот научник. |
|
Beluvce
Нов член Регистриран: 15.Септември.2010 Статус: Офлајн Поени: 2 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
ZDRAVO NA SITE JAS SUM NOV CLEN I
BI SAKALA DA SLUSNAM NEKOLKU MISLENJA VO VRSKA SO MOJOT PROBLEM: POSLEDNO IMAV CIKLUS OD 25 DO 30 AVGUST. OKOLU 5 SEPTEMVRI ZABELEZAV DEKA CUVSTVUVAM BOLKA I ZGOLEMENI I TVRDI GRADI, POTOA CESTO ODENJE VO WC; A I MI SE ZGOLEMI APETITOT... VEDNAS SLEDNIOT DEN NA 6 SEPTEMVRI NAPRAVIV TEST MEGUTOA IZLEZE DEKE E NEGATIVEN. SI POMISLIV DEKA E RANO, PA POCEKEV DA POMINI USTE EDNA NEDELA, I VO TAA NEDELA GI IMAV ISTITE SIMPTOMI I MI SE POJAVI USTE NEKOJA TAPA BOLKA VO DOLNIOT DEL NA STOMAKOT KAKO PRED DA DOBIVAM CIKLUS MEGUTOA NE TOLKU JAKA. DENES 14 SEPTEMVRI NAPRAVIV POVTORNO TEST I POVTORNO NEGATIVEN, A SIMPTOMITE SE POVTORNO ISTITE. STO MISLITE ZA MOJOT PROBLEM DALI E RANO ILI? SLEDNIOT CIKLUS TREBA DA GO DOBIJAM PO PRAVILO OKOLU 20, 21 SEPTEMVRI, BIDEJKI DO SEGA IMAM MNOGU REDOVNI CIKLUSI NA SEKOI 25 DO 28 DENA ODNAPRED BLAGODARAM NA SEKOE VASE MISLENJE POZDRAV |
|
Ninja 35
Модератор Регистриран: 24.Февруари.2009 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 17840 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Мислам дека тестовите се доста веродостојни....но најсигурно те е да си направиш проверка во лабораторија...
|
|
Ако ти изгледа премногу лесно , имаш некаде згрешено !!!
|
|
laki_bu
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Сениор Лидер Регистриран: 30.Ноември.2008 Локација: Germanija Статус: Офлајн Поени: 32100 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
|
Без разлика колку страници прочитал учениот човек, никогаш не треба да заборави дека се уште не ни стигнал до првата страна....
|
|
Andjelina
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Сениор Miss High Hill’s Регистриран: 07.Ноември.2007 Статус: Офлајн Поени: 14129 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
во периодот на овулација често има исти симптоми како при циклус,така да ништо страшно,може да е тоа....обично тестовите се точни
следниот месец правец -гинеколог(ако дотогаш не се среди)
|
|
Никогаш не научив дали е подобро да носиш патики или штикли кога ќе тргнеш во потрага по делот од душата кој ти недостасува
|
|
Beluvce
Нов член Регистриран: 15.Септември.2010 Статус: Офлајн Поени: 2 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Jas obicno imam napnati i bolni gradi 3-4 dena pred da dobijam menstruacija.Ama dosega nikogas ne mi se slucilo da me bolat gradite 4-5 dena posle menstruacija. Zatoa mi e malku cudno, a i tie mali bolki vo stomakot ne sum gi pocuvstvuvala 5-6 dena posle menstruacija tuku 4-5 pred.
sepak vi blagodaram za mislenjeto poz |
|
zagor
Сениор Уникатен песимист Регистриран: 27.Септември.2007 Локација: Congo Статус: Офлајн Поени: 12850 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
...за 104-те тури секс...
...тоа таму,за кај нас ова не важи...или од прва ке остане или како бремена ќе ти дојде...а ти мавај ко луд...демек вршиш божја мисија... Македонија и се е можно... Изменето од zagor - 15.Септември.2010 во 14:22 |
|
...zagor e ziv,se drugo e laga.
|
|
Внеси реплика | страница <1 23456 7> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |