IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Здравје > Медицина
  Активни теми Активни теми RSS - Бременост
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Бременост

 Внеси реплика Внеси реплика страница  123 7>
Автор
Порака
maja Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Убавицата и ѕверот

Регистриран: 28.Мај.2005
Локација: Italy
Статус: Офлајн
Поени: 13127
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај maja Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Тема: Бременост
    Испратена: 08.Февруари.2007 во 18:03
Бременоста е физичко-нормална состојба која настанува со спојување на јајце клетката и сперматозоидите односно оплодување на клетката.Нормалната бременост трае 280 дена, 40 недели или 9 лунеарни месеци.

Дијагностичка процедура:

* утврдување на бременоста со гинеколошки преглед
* потврдување на бременоста со ултразвучен преглед
* крвна група, Rh фактори, крвна слика, преглед на урина
* мерење на крвен притисок
* мерење на телесната тежина
* одредување вредност на шеќерот во крвта
* потребно е да се следи развојот на бременоста еднаш месечно а на   
крајот на бременоста два пати месечно
* кај сомнеж на генетски наследни заболувања и утврдување на полот на     плодот се врши биопсија, земање на дел од хорион во 8 или 10 недела на бременоста.
* ултразвучно утбрдување за неправилниот развој на плодот.Кај ризичната бременост и ултразвучно следење на крвотокот на плодот и постелката.
* кардиографија (CTG) следење на срцевото работење на плодот во текот на бременоста

Изменето од maja - 21.Февруари.2007 во 21:37
[IMG]http://img140.imageshack.us/img140/2444/2csa0.gif">[IMG]http://img20.imageshack.us/img20/3669/zt6uzj6n8sin4.gif">
Кон врв
maja Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Убавицата и ѕверот

Регистриран: 28.Мај.2005
Локација: Italy
Статус: Офлајн
Поени: 13127
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај maja Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 08.Февруари.2007 во 18:04
Неплодност е состојба во која изостанува бременоста односно оплодувањето на јајце клетката со сперматозоидите,во една заедница во која после една година со редовно одржување полни орноси не доаѓа до забременување кај жената.
Постои примарна неплодност, која подразбира да кај жената никогаш не дошло до забременување и секундарна неплодност која означува да до саканата бременост не доаѓа после 1 година од последната бременост.
Последиците за неплодноста се многубројни а околу 10-15% не можат да се разјаснат, односно да се дојде до причините поради кој не е настаната бременоста.Лечењето како и испитувањето на неплодноста е често макотрпен и долготраен процес кој бара знаење и стрпливост како кај пациентот така и кај лекарот.

Дијагностички процедури:

Бидејќи процесот на оплодување е подеднаков зависен од партнерите. испитувањето на неплодноста мора истовремено да се испитува.

Испитувања кај жената подразбира:

* гинеколошки преглед
* испитување на хормонската состојба
* бактериолошко испитување
* микробиолошко испитување
* преглед на каналот и матката
* ПЦТ испитување на каналот и матката после однос
* Динамичен ултразвучен преглед
* ХСЦ ренгенско снимање на матката и јајниците
* имунолошко испитување
* генетско испитување

Испитување кај мажот подразбира:

* испитување на семената течност (спермограмибиохемија)
* Уролошко испитување
* бактериолошко испитување
* микробиолошко испитување
* испитување на хормоналната состојба
* имунолошко испитување
* генетско испитување

Тераписката процедура е зависна од причината за неплодност:

* кај пореметување на функцијата на јајниците корекција на функцијата
* кај воспалителниот процес специфично антибиотско лекување
* кај непромените или недостаток на јајоводот вантелесно оплодување
* кај намалениот број или потешко оштетени машки келии се врши
   вештачко оплодување со семето од мажот
* кај потполното отсуство на плодни келии или наследни болести се       
   врши вештачко оплодување со донатор на семе.
* кај имунолошки проблеми се врши вештачко или вантелесно оплодување.
[IMG]http://img140.imageshack.us/img140/2444/2csa0.gif">[IMG]http://img20.imageshack.us/img20/3669/zt6uzj6n8sin4.gif">
Кон врв
maja Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Убавицата и ѕверот

Регистриран: 28.Мај.2005
Локација: Italy
Статус: Офлајн
Поени: 13127
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај maja Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 08.Февруари.2007 во 18:12
4Д УЛТРАЗВУК

Врши најпецизно дијагностикување како и прецизно следење на плодот, неговиот развој и потенционалните аномалии, при што се добива жива слика која овозможува увид на комплетната состојба како на фетусот така и на гинеколошката состојба на мајката.

4Д ултразвукот е апарат на најпредната генерација а неговите резултати можат да се издадат како видео или цд а самиот запис дава верна жива слика и приказ на нероденото бебе како и дијагностицирање на сите промени, аномалии и природни тумори.Тридимензионалната слика дава директен увид на односот на бебето како и неговото целокупно показување што е нарочито важно кај ризичната бременост.

Ова е супериорен преглед во однос на традиционалните бидејќи со својата прецизност дава увид на сите гинеколошки промени и паталошки а постоечките сонди овозможуваат широка примена не сампо во гинекологијата туку и во урологијата, интерната медицина и онкологијата.Се добива жива слика на плодот, матката, јајниците, срцето, крвните садови,џигерот, градите (дојките), мочниот меур, простатата, бубрезите...


[IMG]http://img140.imageshack.us/img140/2444/2csa0.gif">[IMG]http://img20.imageshack.us/img20/3669/zt6uzj6n8sin4.gif">
Кон врв
maja Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Убавицата и ѕверот

Регистриран: 28.Мај.2005
Локација: Italy
Статус: Офлајн
Поени: 13127
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај maja Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 08.Февруари.2007 во 18:20
Секоја жена си поставува безсброј прашања поврзани околу мајчинството.Природно е да постои страв и загриженост дали и колку сме спремни да станете мајка.Моментот кога геникологот ке ви соопшти дека сте останале бремени на многумина овој момент (или ако дома направиле сами тест) ке им остане во сеќавање.
Сега пред вас се благословени 9 месеци во кои со помош на медиумите,прирачниците за бебе,сајтовите ќе се едуцирате во права смисла.
Сето ова ке овозможи да ги совладате најслатките моменти кои ќе ви ги даде бебето кога ќе дојде на свет.

Веќе од 12-тата недела од бременоста лекарот со помош на ултразвучниот апатарат ќе би овозможи да ги слишнете и првите откуцаи на вашето бебе.Нејзиното срце чука многу побрзо него откуцаите на возрасен човек од 120 до 160 откуцаи во минута.Кога прв пат ке ги слушнете колку се силни тие откуцаи ке бидете изненадени, додека првите покрети на бебето се осекаат подоцна.Слабите жени со голем тонус на стомачен зид полесно ги чувствуваат.И поред нестрпливоста првото поместување на бебето, некаде ке се почувствува пред 17 или 18 недела од бременоста ако е во прашање прва бременост.Најчесто се осекаат навечер кога ке легнете и ќе се опуштите.Но пред крај на бременоста покретите на бебето ке се помали зошто и самиот простор е потесен за неа во матката.

Има уште многу да се пишува за бременоста, од исхрана, активноста за време на бременоста,припреми, одржување на сексуални односи да или не итн...но за ова друг ден :)
[IMG]http://img140.imageshack.us/img140/2444/2csa0.gif">[IMG]http://img20.imageshack.us/img20/3669/zt6uzj6n8sin4.gif">
Кон врв
maja Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Убавицата и ѕверот

Регистриран: 28.Мај.2005
Локација: Italy
Статус: Офлајн
Поени: 13127
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај maja Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 12.Февруари.2007 во 23:04
Исхрана за време на бременоста

Последните години повекето бремени жени ја зголемуваат телесната тежина, што со ова го доведуваат во опасност и самиот плод па и себеси за време на самиот пород.Познато е да зголемувањето на телесната тежина не би требало да изнесува повеќе од 10 кгр.Кога се вели дека бремената жена треба да јаде за двајца тоа не значи да треба да јади двапати повеќе.

Исхраната за време на бременоста треба да биде квалитетна и разновидна.Да се внесуваат хранливи материи, нарочито умерено, беланковини, јаглени хидрати, витамини како и минерали.
Јасно е дека тестенините и житариците како и оризот, пценката , пченицата имаат доста калорични вредности но повекето од тие калории оди на јаглени хидратите од скроб, што е многу подобар избор од шеќерот.Скробот впива голема количина на вода и на тој начин се создава долготрајна ситост.

Што се однесува на белковините или притеините тие претставуваат составен дел од нашето тело затоа што претставуваат основна структура на секоја клетка.Белковини има најмногу во рибата, но исто така во житариците, млечните производи и во јајцата.

Сувомеснатите производи треба да се избегнуваат.Некои од овие производи содржат сол кој може многу лошо да делува на оние трудници кои не излацуваат доволно течности од организмот и со самото ова добиваат отоци како и кај оние кои во текот на бременоста се појавува повисок крвен притисок.Бремените жени кои немаат проблем не значи дека можат да го јадат овој производ во неограничена количина, но доволно е 200 грама неделно.

Јајцата се богату извор на хранливи материи.Едно јајце содржи околу 6 гр. белковини околу 5,5 гр масти, а јајцето содржи и железо како и витамионите А, Е, Б.Но се препораќува да се јади варено јајце а не прзено поради самата маснотија.

Што се однесува до млекото и млечните производи треба да се внесуваат поради калциумот.Важо е дека млекото содржи витамин А. Е и Б како и калциум и фосфор кои се важни за раст на ткивото и нормалната функција на клетките.Понекогаш кога ќе имате поголема потреба за млеко земајте млеко со помал процент на масти како и јогурти а сирењето да е младо.

Зеленчукот е многу важен во исхраната на идната мајка.Пред се е ниско калоричен.Зелениот зеленчук како што е зелената салата, спанакот се многу богати со зелезо и фолна киселина,Овие материи се важни за создаванје на крвните зрнца, а фолната киселина во самиот развој на ембрионот спрецува некои аномалии.Во жолтиот зеленчук како што е морковот, тиквиците има доста каротен кој се претвара во витамин А.Зеленчукот како што е пиперката, карфиолот,зелката, патлиџанот содржат големо количество на вит. Ц кој е неопходен за побра против рзни инфекции како и за зајакнуванје на имунитетот

Изменето од maja - 21.Февруари.2007 во 21:39
[IMG]http://img140.imageshack.us/img140/2444/2csa0.gif">[IMG]http://img20.imageshack.us/img20/3669/zt6uzj6n8sin4.gif">
Кон врв
maja Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Убавицата и ѕверот

Регистриран: 28.Мај.2005
Локација: Italy
Статус: Офлајн
Поени: 13127
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај maja Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 12.Февруари.2007 во 23:04
Стресот и бременоста

Стресот за време на бременоста го зголемува ризикот за настанување на одредени аномалии.Пред се е зголемена опасноста од настанување на срцеви заболувања, различни нивоа и форми на расцепи (расцеп на уста, непцата и сл.)Чести настанатите аномалии настануваат поради факторот -околина.Мајчиниот стрес во текот на бременоста има тератогено дејство.Според испитувањата, мајките кои биле изложени на стресни ситуациимесец дена пред останувањето на бременоста, односно во текот на првите три месеци од бременоста, цесто раѓале деца со одредени аномалии.Ризикот од настанување на срцњва мана е зголемен при стрес на бремената жена од 40 до 50 %.Под стресни ситуации се подразбира како губење на близок цлен од семејството, губење на работата, партнерот итн.При тоа сезема во обзир за настанок на вакви аномалии и староста на мајката, пушењето, алкохолот, генетскиот фактор и сл.Но и земанњето на фолната киселина во бременоста како олеснителен фактор за овие аномалии да се откријат навреме.
[IMG]http://img140.imageshack.us/img140/2444/2csa0.gif">[IMG]http://img20.imageshack.us/img20/3669/zt6uzj6n8sin4.gif">
Кон врв
maja Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Убавицата и ѕверот

Регистриран: 28.Мај.2005
Локација: Italy
Статус: Офлајн
Поени: 13127
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај maja Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 12.Февруари.2007 во 23:05
Мали совети како да се ослободите од мачнината во текот на бременоста

Често за мацнината се зборува како за мачнина која се појавува наутро, што не мора да биде точно.Се случува некои бремени зени да ја имаат во текот на целиот ден.По можност секогаш со вас имајте тврди бонбони од оние за освежување на здивот, влажни марамици без мирис..

1.Пробајте во исхраната са додадете како узина високо протеински карбонатне производи како што се кикириките и крекерите.Ова ќе така рецено ќе ја „усиса„ целата стомачна киселина што ќе спречи варирање на нивото на шеќерпт во крвта што може да доведи до гадење.
2.Јадете во мали но чести оброци како би сте избегнале да имате празен или преполн стомак.
3.Доколку не мора да се будите во точно одредено време , тогаш немојте, одмарајте се колку што е можно во текот на денот.
4.Носете како што пред тоа напишав тврди бонбони со некој кисел вкус кој мозе да ја смири мачнината.
5.Земајте витамини при најобилниот оброк во текот ан денот.
6.Кога ке осетите дека не ви е добро ставете влажна крпана очите и челото.
7.Вежбајте, ако имате можност правете го тоа надвор зошто воздухот може да во помогне.
8.Кога патувате со автомобил, гледајте да сте возач наместо патник.
9.Со дозвола на вашиот лекар пробајте ги таблетите против мачнина кои се шмукаат.
[IMG]http://img140.imageshack.us/img140/2444/2csa0.gif">[IMG]http://img20.imageshack.us/img20/3669/zt6uzj6n8sin4.gif">
Кон врв
maja Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Убавицата и ѕверот

Регистриран: 28.Мај.2005
Локација: Italy
Статус: Офлајн
Поени: 13127
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај maja Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 13.Февруари.2007 во 22:33
Сексуални односи во текот на бременоста

Во текот на вапата бременост, поминувате кроз разни фази, разни психички и физички промени.Вашиот партнер можда ќе биде забринет поради можните последици кои може да ги имате за време на бременоста или да вас смета за уште попривлечна во текот на бременоста,бидејќи знае да носите негово дете.Доколку до таа бременост не сте имале спонтан абортус немате разлог за забринетост и имајте слободно сексуални односи со вашиот сопруг без да мислите дека нешто ќе делува врз плодот.Доколку имате проблеми со бременоста тогаш со вашиот пратнер нежно мазете се допирајте се во секој случај одржувајте однос полн со љубов и топлина.

Прво тромесечје:
Во ова тромесечје бременоста е многу возбудлив оериод бидејќи двајцата партнери се цувствуваат преубаво размислувајќи за бременото тело на жената и за новиот живот кој настанува во него.Во овој период партнерот може да се цувствува одфрлено и тажно поради цувството дека целото внимание му го посветувате на плодот кој расте во вас.Овој период е тој кој партнерите пробуваат да се прилагодат на сето ова.Така да се нормални промените на расположението, а кај трудницата е поголема желбата за внимание од партнерот.Кај некои жени во првото тримесечје од бременоста се појавува зголемена потреба односно поголема сексуална желба, додека кај други-ако имаат проблем со мачнината тогаш желбата се намалува.Партнерите треба да уживаат во топли прегратки и бакнежи.

Второ тримесечје:
Во овој периот стомакот на трудницата полека ја обликува матката која расте од дена во ден, што не значи дека сексуалниот однос ке биде нелагоден или да го нема.Кај некои жени се како и во првото тримесечје желбата е зголемена , а опасноста од спонтаните абортуси е помината.

Третотримесечје:
Во овој период од бременоста дури и најлесните покрети може да ви се чинат напорни, како станувањето, одењето..дури стомакот па и самата физичка неспретност ке биде мала пречка околу сексуалните односи.Додека скратувањето на матката може да доведе до зголемено сексуално уживање кое доведува до оргазам.На идниот татко т.е на вашиот партнер може да му е непријатно чувството да бебето се поместува додека водите љубов.Така да во овој период може да нме се појавува и страс околу водењето на љубов но тоа не значи дека партнерите се одбиваат меќу себно но е само една мала причина поради самата ситуација.
Во односите на партнерите многу е важно физичкиот контакт а се постигнува со масажа, допирање, нежност...Има парови кои уживаат во гениталната масажа или взаемното задоволување како потврда на сексуалната привлечност дури и самозадоволувањето може да е големо олеснување.

Кога треба да се ИЗБЕГНУВААТ СЕКСУАЛНИТЕ ОДНОСИ:

* доколку постои ризик од предвремено породување
* доколку имате плацента превиу -одвојување на постелката
* доколку сте отворени
* доколку мембраната на постелката пикнала и истекува плодова вода
* доколку имате активен херпес
* доколку во текот на сексуалните односи се појавуват болки
* доколку имате вагинална инфекција

Бременоста треба да ја сватите како ФИЗИЧКО ЗДРАВЈЕ. освен ако порано не сте имале спонтан абортус.Треба д аимате на ум дека сексуалните односи во текот на бременоста не се штетни за вашето бебе и треба да го доживеете како нешто нормално.Ако се случи да поцувствувате болка во долниот дел на стомакот, крварење или истекување на вода, неопходно е да се обратите кај вашиот гинеколог.Треба да знаете дека оргазмот предизвикува контракции, избегнувајте допирање на вашите брадавици затоа што при допир на истите се ослободува хормонот окситоцин кој исто така предизвикува контракции, а спермата содржи простагландини кои исто така предизвикуваат контракции, пожелно е да вашиот партнер во текот на односите да користи кондом.
Ако постои ризик од предвремен пораѓај најдобро е да се прилагодите на овие совети, така да на самите редовни прегледи вашиот гинеколог ке ви каже ако постои опасноц, да се прекинат скрос сексуалните односи.
Доколку се е во ред, можете слободно д аимате сексуални односии до самиот крај на бременоста.Според тоа, опуштете се, уживајте и истражувајте се во теков на сексуалниот чин.
Идните татковци нека бидат романтични како и до тогаш зпшто на секоја бремена жена која го очекува најубавото нешто од неа и нејзиниот сопруг и дава поголема сигурност.А околу сексуалниот ќин бидете вие тој кој ке ја најде најдобрата поза која ке ви пружи невидено задоволство.
[IMG]http://img140.imageshack.us/img140/2444/2csa0.gif">[IMG]http://img20.imageshack.us/img20/3669/zt6uzj6n8sin4.gif">
Кон врв
maja Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Убавицата и ѕверот

Регистриран: 28.Мај.2005
Локација: Italy
Статус: Офлајн
Поени: 13127
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај maja Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 17.Февруари.2007 во 18:33
Додека се приближувате на датумот за пораѓај (до него лесно можете и самите да дојдите кога е вашиот термин..датата на вашата последна менструација , на неа ке додадете + 7 дена , а на месецот ке одземете значи - 3; пример вашата последна менструација била на 21 јули , а вашиот термин е на 28 април), вашети тело ќе ви прати некои сигнали на кои можете да се потврди дека сте за пораѓај.Еве некои на кои треба да посветите внимание:

Спуштање.Кога вашето бебе ке се „спушти„ ќе го цувствувате ниско во стомачната длабина.Ова може да се случи неколку недели пред пораѓајот.Ваквата положба на бебето ќе е нелагодна затоа што веќе бебето врши притисок на мускулите во карличниот дел,нервите и грличот на матката.

Одржавање на килограмите.Многу жени ќе приметат дека во последните недели не ја покачуваат тежината.

Слузав „чеп„.неколку дена пред самиот пораѓајвашиот грлич на матката ќе пропушти еден слузав чеп.Тој цело време е тика за време на бременоста, а неговата цел била да го заштити бебето и матката од инфекции.

Крвав траг.Како грличот на матката почнува да се шири, крвните садови почнуваат да крварат.кога ова ќе се случи во рок од ден или два би требало да сте на пораѓај.

Jace Braxton-Hicks -овие контракции.Постануваат нормални и се почести.

Зголемен притисок во карлицата.Кога се приближува пораѓајот и бебето се спушта подоле, во карличниот дел тоа брши притисок се поголем на мускулите и нервите кои се наоѓаат во карлицата. што доведува до тоа да се чувствувате непријатно...

Доколку прв пат сте на пораѓај, сигурно ќе се шрашувате како сето тоа ќе изгледа.Сигурно сте слушнале ужасни кажувања за породилните болки за тоа како пораѓајот трае предолго..Она што треба да знаете е дека секој пораѓај е различен и дека секоја жена различно ги доживува породилните болки.
На жал на ниедна идна мајка не може да и се каже како ќе изгледа пораѓајот.Не пости такво нешто кое е учебник за пораѓај.секој од нив е посебен на свој начин.Доколку се на пример вашата пријателка породувала 72 саати, не мора да значи дека и вас ве чека истото,Запамтите само дека вреди сето тоа да се поднесе , а ќе мине за час, а вие ќе имате преубаво бебенце, ќе бидете мајка.:)
[IMG]http://img140.imageshack.us/img140/2444/2csa0.gif">[IMG]http://img20.imageshack.us/img20/3669/zt6uzj6n8sin4.gif">
Кон врв
maja Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Убавицата и ѕверот

Регистриран: 28.Мај.2005
Локација: Italy
Статус: Офлајн
Поени: 13127
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај maja Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 21.Февруари.2007 во 22:09
Бременоста и здравјето на забите на мајката

Во народот постои погрешно мислење дека секоја бременост ја чини мајката по еден заб. Наводното објаснување за ова е во фактот дека кај мајката се зголемува потребата за калциум во организмот па тоа доведува до намалување на калциумот во забите. Иако е точно дека кај мајката има зголемена потреба, калциумот во забите е во облик кој оневозможува после никнувањето на забите тој да се извлече од нив. Калциумот е во стабилно соединение (хидрокси апатит) кое се фомира за време на создавањето на забите т.е. за време на минерализацијата на забите и тој процес е неповратен.

За разлика од калциумот во забите, оној кој се наоѓа во коските (другото минерализирано ткиво во организмот) е во форма која дозволува според потребите на организмот тој лесно да премине во крвотокот, или од таму да се вгради во коските.

Според тоа, доколку со храната не се внесува доволно калциум за покривање на потребите на организмот, тој калциум би се извлекол од коските а не од ткивата на забите.

Сепак, кај брементите жени се заблежува поголемо јавување на кариес - причини за ова можат да бидат повеќе:

Во првите неколку месеци, кај повеќе од половина од бремените жени се јавува зголемена раздразливост на центарот за повраќање (како резултат на променетата хормонална состојба). Повраќањето доведува до зголемување на киселоста во усната шуплина, состојба која штетно влијае на емалјот на забите и доведува до негова деминерализација.

Поради зголемената концентрација на прогестеронот, гингивата („забното месо“) станува чувствителна и бурно реагира, со знаци на воспаление - оток, црвенило, крвавење,болка и друго. Поради присуството на оток, можно е создавање на т.н. „лажни џебови“ во кои се задржуваат остатоци од храна и забни наслаги кои се во контакт со површината на забот. Зголемената осетливост, отокот и можното воспалување на гингивите делуваат до сериозни пречки во одржувањето на хигиената на забите. Како последица на ова се јавува зголемено создавање на забни наслаги, плак и зголемено присуство на бактерии кои како резултат доведуваат до расипување на забите.

Дополнително на ова, поради преокупираноста на идната мајка со нејзината нова состојба, како и поради погрешното уверување дека стоматолошките интервенции за време на бременоста се штетни, бремената жена ретко оди на редовните контроли кај стоматологот

Како заклучок, може да се каже дека ниту една идна мајка која се грижи за своите заби преку: редовно и правилно одржување на хигиена на забите и устата, и редовно посетување на стоматологот и за време на бременоста, нема да има повеќе расипани заби поради тоа што е бремена.

Кога треба трудницата да посети стоматолог?

Најдобро е посетите на стоматологот да се редовни и пред бременоста. Сепак, веднаш штом се дознае за бременоста, треба да се направи преглед , при кој стоматологот ќе ја посоветува трудницата за правилната нега на устата и на забите, а доколку има потреба ќе ги замени сите лоши и сомнителни пломби, ќе го исчисти забниот камен и забниот плак.

Дали забите смеат да се лекуваат за време на бременоста?

Забите можат, смеат и треба да се санираат за време на бременоста. Стоматологот ќе го одбере најдобриот начин да ви помогне без да му наштети на плодот.

Дали за време на бременоста смее да се врши рендгенско снимање?

Доколку е потребно, забите можат да се снимаат и во текот на бременоста, освен во текот на првите 12 недели кога би требало сосема да се избегнува. По тој период, со употреба на исправен и современ рендген апарат и со примена на редовните заштитни мерки може да се изведе рендген снимање.

Дали за време на бременоста смее да се врши вадење на заби?

Во случаи кога постои потреба, за време на бременоста смее да се врши вдење на заб/и. Единствено, доколку е можно, подобро е оваа интервенција за да се избегнува во првоте четири месеци и во осмиот месец на бременоста. Пред вадење на заб, се препорачува консултација со гинеколог.

Дали за време на бременоста смее да се употребуваат антибиотици?

По поретходна консултација со гинеколог, за време на бременоста смее да се употребуваат антибиотици, освен оние од групата на тетрациклини. Доколку се употребат за време на бременоста, овие антибиотици можат трајно да ги обојат забите, како и да предизвикаат нарушувања во развојот на коските и на ноктите.

[IMG]http://img140.imageshack.us/img140/2444/2csa0.gif">[IMG]http://img20.imageshack.us/img20/3669/zt6uzj6n8sin4.gif">
Кон врв
maja Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Убавицата и ѕверот

Регистриран: 28.Мај.2005
Локација: Italy
Статус: Офлајн
Поени: 13127
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај maja Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 27.Февруари.2007 во 11:57
Спортови за време на бременоста

Спортот е секако препорачлив кај трудниците кои имаат уредна бременост.Прошетките ја вракаат крвта од вените во нозете накај горните делови од телото.Исто така го намалува цувството на тежина во нозете и отекувањето.

Бремената жена ако се бави со везби аеробик итн, не треба да ги прекине истите.Но не смејат да се прават спортови кои подразбираат тресење на телото, како што е јавањето, потоа сурфањето, како и спртовите во кои има чести паѓања, како клизање, скијање, ролање итн..

Прпорачливи спортови за бремената жена:

Пливањето.Еден од најпрепорачливите спортови.Но без скокови во вода и гнурење.

Трчање.Дозволено е за време на целата бременост во случај да бремената жена има кондиција односно да трењирала и пред тоа.Посебно треба да се внимава пред крајот на бременоста поради опасноста од повреди.

Велосипедизам.Слободно возетего се дотогаш додека не ви засмета васиот стомак.

Фитнес.Ако бремената жена одела на фитнес тогаш се препорачува правење на вежби, полесни во текот на целата бременост, без големо оптоварување.
[IMG]http://img140.imageshack.us/img140/2444/2csa0.gif">[IMG]http://img20.imageshack.us/img20/3669/zt6uzj6n8sin4.gif">
Кон врв
Синдарела Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Бањана Пепелашка

Регистриран: 06.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 2604
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Синдарела Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 18.Јуни.2007 во 21:39
Леле Маичка како се добро си напишала и опишала....Јас мислам дека сексот несмее никако да се изостави ако имате нормалана бременост бидејќи не само што те држи у кондиција него и помага во олеснувањето на породувањето!Smile
Кон врв
Daki Кликни и види ги опциите
Група
Група


Регистриран: 23.Август.2008
Статус: Офлајн
Поени: 66
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Daki Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 23.Август.2008 во 22:33
    Me interesira da ve prasam dokolku nekoj znae, se razbira, dali e stetno konzumiranjeto na heliran cink vo tekot na bremenosta?
       
Кон врв
topsexy Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
10-K-H-HOT

Регистриран: 02.Ноември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 3022
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај topsexy Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 31.Октомври.2008 во 18:28
a mene me interesira ako znae nekoj da mi kaze po kolku vreme otkako ste imale seks moze da otkriete deka ste bremena? 1 2 3 4 nedeli.........? aj ako znae nekoj neka pise a me zanima i po kolku vreme se pojavuvaat prvite simptomi
 
 
fala na toj so ke kaze
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  123 7>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,137 секунди.