IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Забава > Музика
  Активни теми Активни теми RSS - ПЕСНАРИЦА НА МАКЕДОНСКИ НАРОДНИ ПЕСНИ
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

ПЕСНАРИЦА НА МАКЕДОНСКИ НАРОДНИ ПЕСНИ

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 45678 30>
Автор
Порака Обратен редослед
Miki_P Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 29.Ноември.2008
Статус: Офлајн
Поени: 985
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Miki_P Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 13.Декември.2008 во 19:37
Појде моме на вода

Пошла мома на вода, [3x]
со две стомни шарени,
оф аман, аман, аман, аман.
Оф аман, пошла мома на вода,
оф аман, со две стомни шарени.

И по неа беќарче [2x]
Постој моме, почекај,
да ти кажам два збора,
оф аман, аман, аман, аман.
Оф аман, постој моме, почекај,
оф аман, да ти кажам два збора.

Не ѝ кажа два збора, [3x]
тук' ја фати за рака,
оф аман, аман, аман, аман.
Оф аман, не ѝ кажа два збора,
оф аман, тук ја фати за рака.


Поминаа луди млади години

Секоја вечер на тебе мислам еј лудо бре [x2]
само се мислам што да ти кажам еј лудо бре. [x2]

Рефрен:
Поминаа луди млади години
си ветивне, ама не се зедовме. [x2]

Секоја вечер на порти чекам да поминеш [x2]
а ти минуваш и не ми збориш не ме гледаш. [x2]

Рефрен

Ќе мине младост, ќе дојде старост еј лудо бре, [x2]
очите тажни мои и твои ќе останат
очите тажни мои до века ќе тагуваат.

Рефрен


Поранила Цена

Поранила Цена за вода студена
рано подранила со две нови стомни
оф на мое срце Цено огин гореше. [х2]

Ој Цено, Ценке, севда голема
изгори ме, Цено мори
запали ме душо.

Цениното лице црвено јаболче [х2]
оф на мое срце Цено огин гореше. [х2]

Ој Цено, Ценке, севда голема
изгори ме, Цено мори
запали ме душо.

Ценината снага тенка половина [х2]
оф на мое срце Цено огин гореше. [х2]

Ој Цено, Ценке, севда голема
изгори ме, Цено мори
запали ме душо.
Кон врв
Miki_P Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 29.Ноември.2008
Статус: Офлајн
Поени: 985
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Miki_P Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 13.Декември.2008 во 19:36
Подигни си мило либе бело крпе

Подигни си мило либе бело крпе
да ти видам мило либе бело лице.

И да видиш мило либе фајде нема
бело лице мило либе продадено.

Продадено лудо младо во комшии
во комшии лудо младо за Јанета.


Подигни си, бре невесте дулачето

Подигни си, бре невесте
дулачето да ти видам,
бре невесте, бело лице.

И да видиш, лудо младо,
фајде нема, бело лице,
лудо младо, продадено.

Подигни си, бре невесте,
дулачето да ти видам,
бре невесте, црни очи,
бре невесте, гајтан веѓи.

И да видиш, лудо море,
фајде нема, црни очи,
лудо море, продадени,
на комшии, лудо море,
лоши луѓе.

Татко зеде, лудо море,
дваесет лири,
мајка зеде, лудо море,
црно елече.


Позив дојде војник да одам

Позив дојде и за мене
позив дојде и за мене, Ленче бре
и јас војник да одам.

Сета рода покрај мене,
сета рода покрај мене, Ленче бре
со радост ме испраќа.

Само мојто верно либе
само мојто верно либе, Ленче бре
покрај мене не беше.

На пенеџере си стоеше
на пенџере си стоеше, Ленче бре
дробни солзи ронеше.

Јас је реков и нареков
јас је реков и нареков, Ленче бре:
- „Молчи либе не плачи“.

Молчи либе дај не плачи
молчи либе, ај не плачи, Ленче бре
бргу ќе се видиме.
Бргу ќе се ај видиме, Ленче бре
љубов ќе продолжиме.
Кон врв
Miki_P Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 29.Ноември.2008
Статус: Офлајн
Поени: 985
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Miki_P Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 13.Декември.2008 во 19:35
По горите македонски
По горите македонски шетала мома
охриѓанка симпатична, убава мома. [2x]

Во окови млади војник тешко е ранет
над глава му милата му сестра и тихо милува
ем го пита ем го пита дека си ранет.

Не питај ме сестро мила, тешко сум ранет
земи книга и моливот, писмо напиши
испрати го во Битола на мојата мајка.

Ох да знае мојта мајка дека сум ранет
ќе забради црна шамија, мене да жали
мојте браќа крв ќе лијат за да се осветат.


По друм одам мајче

По друм одам мајче
по друм лежам,
ај, друм перница мајче,
друм постела.

На рацете мајче ми спијаше,
ај ми спијаше мајче
едно лудо младо.

Кога ќе ме ожени мајче да ми кажеш
ај, пуста беќарштина не се трпи,
само легни мајче само стани.


По пат одам, за пат прашам

По пат одам леле
за пат прашам
кој пат води леле за Мариово.

Кој пат оди леле за Мариово,
за Мариово, село Дуњи.

Таму седи леле чучук Митра,
чучук Митра бојаџивката,
да ми вапца леле два бајрака,
еден зелен, другиот црвен.

Зелениот леле, за на свадба,
а црвениот, за на војна.


Подај моме рака ти

Како сонце в' дворот да ми дојдеш,
како песна в' срце да ми пројдеш.
Само да те погледам јас,
везден тука идам, оф, очи да ти видам.
Лична ко китка, пролет ми те роси,
в' срце ми те носи, опа!

Гајда свири ли-ду-ли-ду-ли, опа, и-ха-ха
тапан чука рит-тика-тика, ајде де.
Подај моме, подај рака ти,
овде на срце да ја ставам јас.
За час ќе ми мине сета мака,
никому не те давам.
Среде други лични моми ле,
уште полична ќе те гледам јас.
Твојот допир и од очи вљубен,
свој чекор јас ќе редам.

Среде село, младите се збрале,
и за љубов нишан си дале.
Само јас сум без тебе сам,
нишан ти ми зема надвор ми те нема.
Послушај песна на оро те кани,
до мене застани, и-опа!

Гајда свири ли-ду-ли-ду-ли, опа, и-ха-ха
тапан чука рит-тика-тика, ајде де.
Подај моме, подај рака ти,
овде на срце да ја ставам јас.
За час ќе ми мине сета мака,
никому не те давам.
Среде други лични моми ле,
уште полична ќе те гледам јас.
Твојот допир и од очи вљубен,
свој чекор јас ќе редам.
Кон врв
Miki_P Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 29.Ноември.2008
Статус: Офлајн
Поени: 985
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Miki_P Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 13.Декември.2008 во 19:25
Пијан идам мајко

Меаните мајко пусти да останат
меанџики моми да ги заборавам, мајче
да се женам мила мајчице
за првото либе
тоа си го сакам мајчице
на овој чуден свет.

Тие пусти пари само по меани
зошто ми ги даде, вино јас да пијам
а ти мајко, стара мајчице
од сон да се будиш
порти да отвориш мајчице
дома да дојдам
ај, дома да дојдам.

Пијан идам мајко од пусти меани
само рујно вино саноќ сум си пило
само многу љубам мајчице
се' со рујно вино
како да се женам мајчице
не ме остават
ај не ме остават.


Пилето ми пее

Пилето ми пее рано на сабајле
рано на сабајле рано пред зори.
Па ми ја буди младата невеста,
младата невеста коња да спреми.

Коња да спреми на пат ќе одам
на пат ќе одам туѓа туѓина.
Рачај, порачај ти млада невесто,
рачај, порачај што да ти купам.

Дали пари сакаш или писмо сакаш
ил' ме мене сакаш дома да дојдам?
Ниту пари сакам ниту писмо сакам,
тук' те тебе сакам дома да дојдиш.

Парите се арчат, писмото се кине,
а љубовта трае вечно до гроба.


Планино, Пирин Планино

Планино, Пирин Планино
многу си Пирин убава. [х2]
Еј, еј, еј, еј, еј, еј,
многу си Пирин убава. [х2]

По твоите треви зелени
пасат ми магли овчички. [х2]
Еј, еј, еј, еј, еј, еј,
пасат ми магли овчички. [х2]

Под твојте сенки дебели
јунаци потсклон наоѓаат. [х2]
Еј, еј, ej, еј, еј, еј,
јунаци потсклон наоѓаат. [х2]

На сека гранка берданка,
до сека вода, војвода [х2]
Еј, еј, ej, еј, еј, еј,
до сека вода војвода. [х2]
Кон врв
Miki_P Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 29.Ноември.2008
Статус: Офлајн
Поени: 985
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Miki_P Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 13.Декември.2008 во 19:24
Песна за Христо Узунов

И таму е мојта родина,
далеку Македонија,
јас сакам таму да загинам,
а ти ме забрави за век.

И таму е мојта мајка,
и таму има божји свет,
јас сакам таму да загинам,
ти ме заборави за век.

Не плачи мила моја мајко,
не рони солзи крвави,
ако Христо Узунов падна,
на врагот жив се не даде.

Сестрите нема да ми играт,
над мојот гроб осамотен,
и мајка нема да ми идат,
да лее солзи за мене.

Не жали мила моја родино,
и сите ми другари мој,
ако Христо Узунов падна,
на врагот жив се не даде.


Песна за Чакаларов

Бој се почна во клисура,
Чакаларот бре,
жив фатете го, обесете го
тоа бесно куче сардисајте го.

Македонка мома жнијаше,
Чакаларов бре,
на кусото јачменче,
Чакаларов бре.

Оздола иде Бахтијар Паша,
со триесет илјади,
Чакаларов је со триста момчиња.

Бахтијар Паша викаше:
„уџум кардашла“,
Чакаларов викаше:
„ура момчиња“.

Жив фатете го, обесете го
тоа бесно куче сардисајте го.
Однесете го горе в' Смилево
кај комитетот море македонски.


Петлите пеат, зората се зори

Петлите пеат, зора се зори,
пушти ме бела Митро да станам,
пуштај ме бела Митро да одам.

Нашите петли од вечер пеат,
поспиј ми, мило либе поспи ми,
пољуби бело лице Митрино.

Нашите дрвари по дрва одат,
пушти ме бела Митро да одам,
пуштај ме бела Митро да одам.

Нашите дрвари од вечер одат,
поспи ми, мило либе, поспи си,
загрли рамна снага Митрина.
Кон врв
Miki_P Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 29.Ноември.2008
Статус: Офлајн
Поени: 985
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Miki_P Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 13.Декември.2008 во 19:23
Песна за Лазар Поптрајков

Зашчо плачиш, зашчо жалваш,
ти високи Лисец,
зашчо с' магла се покриваш
од горе до долу?

Јас ќе плачам, јас ќе жалвам,
дор до век и веков,
зашчо видов как' заклаја
Лазо Папатрајков.

Отрежаа му главата
за пендесет лири,
однесоја во Костур,
бакшиш на деспото.

Колку жално, срамно ести
за грчкиот деспот,
шчо го плате ѕверот Коте
да заколи Лазо.

Ај да кажеме: „Бог да прости
Лазо Поптрајков“!
Првиот и најголемиот
костурски началник.


Песна за Скопје

Матен Вардар течеше
матиле го солзите
плаче Македонија
деца кој ги зема.

Едно утро жалосно
земјата се затресе
и од скутот мајчин
чедо Скопје однесе.

С' векови сум патила
ропски живот водела
на крило од Вардарот
златно Скопје створила.

Не плачи сестро Србијо
и вие други сестрички
живее Македонија
ново Скопје ќе роди
мајка Македонија
лично чедо ќе роди.


Песна за Скопје

Додек' Сонце Земјата ќе грее
ќе се помни шееситрета,
кога Вардар крвав ми протекол
и жал пронел по целиот свет.

Од земјата громови згрмеа,
стана пискот, трескање и страв.
Со илјади години ѕидано
мило Скопје се стори во прав.

Ми заплака сиот ле ми народ
од болки им душите плачат.
Сонцето се зад облаци скрило,
да не гледа жални настани.

Тогај рипна сиот ле ми народ,
грмна песна, младост прозбори.
Над урнатини палати да дига,
место жалој, живот да гори.
Кон врв
Miki_P Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 29.Ноември.2008
Статус: Офлајн
Поени: 985
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Miki_P Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 13.Декември.2008 во 19:20
Песна за Деспина

Голема риџа ти чинам
ти кира Марије,
и јас те поздрављам
да ми дојдиш на визита,
јас да те пречекам. [2х]

Не можам јас да дојдам
ти кира Марие,
и јас те поздравјам,
ќе ти ја пратам сестра ми
кирја Катерина. [2х]

Тропна, чукна на портето
кирја Катерина
отвори Деспина,
не се спушти ни мајка е,
ја баци раката,
во раката меџитлија
нишан за Деспина.

Нишан ти давам Деспино,
да не ме заборавиш.
Поминаја три години,
ти ме заборави.

Појди горе во одаја,
тетко Катерино
на џамфер миндели,
ем благо да си земиш,
кафе да си пиеш,
ти благо да си земиш,
кафе да с' напиеш.

Јас благо не ти љубам,
кафе не ви пијам,
ти кира Марие.
Само ја сакам Деспина
за кир Ристакија. [2х]

Бог го јубил тој бармака
барма Димитрија,
Димитри чапкунот.
Тој те мамил три години
и пак не те зеде,
што је мамил три години,
и пак не је зеде.

Во сабота навечер,
на осум саати,
свирит Караѓуле.
Брзо наврати порта
ти кира Марие,
Деспина ќе ја грабиме
никој да не знае.

Немој Марие, нечинит,
резил да не бидит.

Колку се ѕвезди на небо,
пушки ќе фрламе,
сватој ќе донесат.
Деспина ќе ја грабиме
никој да не знае.

Немој Марие, нечинит
резил да не бидит.


Песна за Караџата

Борба се бие по ливадишта,
планини пеат за Караџата.
Запеј ми, запеј Кожув планино
старата песна за Караџата.

Ја кажи, кажи, а бре Караџа,
до каде је Македонија?
Ето таму горе, Кумановско поле
Охрид, Битола, дур' до Пирина.

Шчици се бичат, спици се прават,
на Македонци во нокти клават,
в' огинот гори, железо се топи,
на Македонци под мишки клават.

Ја кажи, кажи, а бре Караџа,
до каде е Македонија?
Ето таму долу, Прилеп, Кавадарци
Неготино, Дојран, дур' до Солуна.

Ај нека знаје цела Европа,
до каде е Македонија:
ето тамо горе, Тетовско поле,
Гостивар, Струга, дур' до Кичево.

Има ли уште кој да не знае
каде е Македонската земја?


Песна за Крушевската Република

Многу крвја многу солзи,
земја натопија,
многу лисја гора смени
машка снага испи,
но по таја борба тешка
слобода ми бликна.

Во ијада деветсто и трета година,
се создаде република вославно Крушево,
македонска република прва на балканот.

Претседател први беше
тој Никола Карев,
со македонски војвода сите Илинденци,
Даме Груев, Питу Гули и
Јане Сандански.

За слобода загинаја славните војводи
на Македонците завет оставија,
да се борат за слобода,
за МАКЕДОНИЈА.
Кон врв
Miki_P Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 29.Ноември.2008
Статус: Офлајн
Поени: 985
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Miki_P Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 13.Декември.2008 во 19:19
Песна Ви пеам Македонци

Песна Ви пеам Македонци
со зборој нашински
Песна за егејско чедо
на Македонија.

Рефрен:
Македонка мајка ме роди
клетва ми остави
расти и бори се чедо
за Македонија.

Родена сум во Кукуш
тирански мачена
нога и рака исековте
очи извадовте.

Рефрен
Македонка мајка ме роди
клетва ми остави
расти и бори се чедо
за Македонија.

Името лично македонско
не си го менувам
тука сум јаска Гоце,
Кукушанецот.

Рефрен
Македонка мајка ме роди
клетва ми остави
расти и бори се чедо
за Македонија.


Песна за Арсо војвода

Загрме корија, заплака
зароси роса крвава.
Зароси роса крвава,
заради Арсо војвода.

Каде се чуло, видело
сестра да брата предаде?
Станала рано в' недела,
отишла в' село Другово.

Друговци ?
ако го Арса барате,
Арсо е в' Подвис на гости
со својта верна дружина.

? на конак
кај Спира и кај Томета.
Кај Спира имат пет мина,
а кај Томета шест мина.

Станале пусти Друговци,
отишле долу в' Кичево,
викнале силна потера,
селото го сардисале.

Потегна на Арсо војвода,
затегна пушка малихер.
Прва ми пушка што пукна,
дурбашијата ми падна.

Втора ми пушка што пукна,
а чауш од коња падна.
Треќата пушка што пукна,
падна ми Арсо војвода.
Песна за Дејан војвода
Македонијо, младо царство
кај е твојто господарство?
Дали гледаш неправдиње,
неправдиње од Турчина?

Турско ропство пет вековно,
спаилаци преголеми.
Нестите грабнуваат,
девојките потурчуваат.

Се огласи Дејан војвода,
Дејан јунак, војводата.
Војводата, од Дебрца,
тој народот го повика.

Мој народе Македонски,
кога гледаш зло се прави,
спремај пушки малихери,
в' борба влагај, не се жали.
Кон врв
Miki_P Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 29.Ноември.2008
Статус: Офлајн
Поени: 985
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Miki_P Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 13.Декември.2008 во 19:17
Охрид, Охрид убав мил

Охрид, Охрид убав мил,
ти за мене рај си бил.
Јас ќе одам далеку
не знам дал' ќе се вратам пак.

Езерото ми убаво,
јас со солзи го оставив.
Со кајчето од Вистера
во Албанија се најдов јас.

Збогум мајко, збогум веч
јас ќе одам далеку.
Јас ќе одам далеку
не знам дал' ќе се вратам пак.

Охрид, Охрид убав мил,
град на Климент, Самуил.
________________________


Пара бери киселец

Пара бери киселец
Мице ора в градина [2х]
Паро ле, севдо ле
севдо ле, Паро ле
срцево ми го изгоре.

Дај ми Паро киселец
усте да си оладам [2х]
Паро ле, севдо ле
севдо ле, Паро ле
усте да си оладам.

На ти Мице киселец
усте да си оладиш
Паро ле, севдо ле
севдо ле, Паро ле
усте да си оладиш.

Јас не сакам киселец
тук ти сакам устето
Паро ле, севдо ле
севдо ле, Паро ле
тук ти сакам устето.


Пелин ми се пољуљава

Пелин ми се пољуљава [х2]
пољуљава, заљуљава. [х2]

Дали ми го ветер вее [х2]
или ми го роса роси? [х2]

Сама Рада под пелина, [х2]
пелин крши китки кити. [х2]

Да ги дава на момците, [х2]
на момците чуждинците. [х2]

За да пукнат тукашните, [х2]
тукашните Охридските. [х2]

Ако пукнат нека треснат, [х2]
мене не ми е ништо гајле. [х2]
Кон врв
Miki_P Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 29.Ноември.2008
Статус: Офлајн
Поени: 985
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Miki_P Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 13.Декември.2008 во 19:16
Отфрли си бело Ленче дулачето

Отврли си бело Ленче дулачето
да ти видам бело Ленче, бело лице. [х2]

И да видиш Кара Коте фајде немаш,
бело лице Кара Коте продадено. [х2]

Бело лице Кара Коте продадено,
продадено Кара Коте у комшии,
у комшии Кара Коте у зенгии.


Отишло е моме

Отишло е моме вода да налее
горе на крај село, горе кладенецот
море кладенецот под дрво високо.
Ајде нешто виде моме во водата
сенка му се сени од дрво високо
од дрво високо, дрво јаворово.

Ајде кога крена главата нагоре
море ми видело одно лудо младо
едно лудо младо, цело изврзано.
Тогаш лудо вели ајде на момето
ај подај ми моме ѓумот бакарлија
вода да се напијам уста да си оладам.

Ајде вети лудо, дека ќе ме земиш
вода ќе ти дадам грло да оладиш
и ќе те одврзам од клети синџири.
Тогај лудо вели ајде на момето
двајца ќе бегаме во гора зелена
каде ти ќе гинеш и јас покрај тебе.


Охрид, Охрид

Охрид, Охрид, убав мил,
јас со солзи те оставив.
Езерото убаво тага
в'срце ми остави.

Дење, ноќе плачам,
на срцето рана имам,
зошто мајко јас отидов
в' туѓа туѓина.

Со мојта мила сека вечер
шетав по езеро јас.
Устата и очите ѝ
сон за мене останаа.

Ах, колку е жално либе,
Ах, колку е мачно душо,
цел живот да те немам
и да умрам в' туѓина.

Охрид, Охрид, убав мил
јас со созли те оставив.
Јас отидов надалеку
и не знам дали ќе те видам јас.
Јас отидов надалеку
и не знам дали ќе се вратам јас.

Либето да го видам,
секој ден за мене плаче.
Да се вратам, да ја видам,
со неа да умрам јас.
Кон врв
Miki_P Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 29.Ноември.2008
Статус: Офлајн
Поени: 985
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Miki_P Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 13.Декември.2008 во 19:15
Ојде дедо во градина

Ојде дедо во градина
во градина кај цвеќиња.
Тамо најде девојчиња
та им вели ем говори:
„Ај кажете девојчиња
која од вас ќе ме земи?“

Прва вели говори:
„А бре дедо, стари дедо
избричи си брадичката
поткастри си мустаќите
јас бре дедо ќе те земам.“ [х2]

Втора вели говори:
„А бре дедо, стари дедо
продај си ја кобилата
кобилата и колата
јас бре дедо ќе те земам.“ [х2]

Трета вели и говори:
„Абре дедо, стари дедо
запали си куќичката
изгори си бабичката
јас бре дедо ќе те земам.“ [х2]

Си запалил куќичката
си изгорел бабичката
па се вратил кај момите
а моми му побегнале
почнал дедо да си плачи
да си плачи да си реди:

„Стара беше ме крпеше
стара беше ми готвеше
стара беше ме љубеше
и на старост ме топлеше.“ [х2]


Ордан седи на кулата

Ордан седи на кулата,
па ми гледа горе-доле.

Ми догледал силен аскер,
силен аскер, башибозук.

Фрли бомба во селото,
Се затресе цело село.

Извикнаја селаните,
што е ова од Ордана,
од Јордана Пиперката.

Ордан сабја не го сече,
Јордан к*ршум не го дупи.


Оро се вие

Оро се вие кај манастирот. [х2]
Да идам Дано моме да видам
да идам Дано душо да видам.

Првото оро се млади моми. [х2]
Да идам Дано моме да видам
да идам Дано душо да видам.

Другото оро се млади момци. [х2]
Да идам Дано моме да видам
да идам Дано душо да видам.

Третото оро се млади невести. [х2]
Да идам Дано моме да видам
да идам Дано душо да видам.
Кон врв
Miki_P Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 29.Ноември.2008
Статус: Офлајн
Поени: 985
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Miki_P Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 13.Декември.2008 во 19:13
Ој ти моме лудо ли си

Ој ти моме лудо ли си,
ој ти моме лудо ли си леле
што љубиш што мамиш
моето братче? [х2]

Само ти се брат ти лаже
само ти се брат ти лаже, леле
по мојве, по мојве црни очи
по мојве, по мојве гајтан веѓи.

Ој ти моме лудо ли си,
ој ти моме лудо ли си леле
што љубиш што мамиш
моето братче? [х2]

Сам ти се брат ти лаже
сам ти се брат ти лаже леле
по мојва, по мојва руса коса
по мојва, по мојва рамна снага.


Ој ти Пацо Дреновчанке
Ој ти Пацо Дреновчанке
не стои пред мене
си продадов тешкото имање
само заради тебе.

Абре кудо ти будало
не продавај си
ако сум ти на к'сметот
сама дома ќе дојдам.

Ој ти Пацо Дрновчанке
не стои пред мене
си продадов шарениот ландон
само заради тебе.

Абре лудо ти будало
не продавај си
ако сум ти на к'сметот
сама дома ќе дојдам.


Ор девојче ран бел мој

Ор девојче ран бел мој, ран бел мој
кој ти купи ф'стан твој, ф'стан твој?
Ми го купи татко твој, татко твој,
сака да ми биде свекор мој, свекор мој.

Ор девојче ран бел мој, ран бел мој
кој ти купи гердан твој, ѓердан твој?
Ми го купи братот твој, братот твој,
сака да ми биде девер мој, девер мој.

Ор, девојче, одголено, одголено
не кревај се на големо, големо.
Ој, девојче, одголено, одголено
не кревај се на големо, големо.

Речи што ќе речеш, ангел бре, ангел бре,
брат ти ќе ми биде девер мој, девер мој.
Брат ти ќе ми биде девер мој, девер мој,
а јас ќе ти бидам невеста, невеста.
Кон врв
Miki_P Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 29.Ноември.2008
Статус: Офлајн
Поени: 985
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Miki_P Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 13.Декември.2008 во 19:11
шБѓОј ти моме, малој момеш/Бѓ

Ој ти моме, малој моме,
блазе си ти на душата.
Како спиеш при мајка ти,
при мајка ти, при татко ти.

А пак јаска, јас сиромав,
сам легнувам, сам станувам.
На полноќ се разбудувам,
тебе моме не најдувам.

Тебе моме не најдувам,
па перница прегрнувам.
Дребни солзи проронувам,
младоста си проколнувам.


Ој овчаре

Ој овчарче, бре чобанче
што си толку развеселен?

Фино Фесче на страната
стодрам пискуљ над окото.

Ој Стојане, мој стопане,
как' да не сум развеселен?

Овци ми се објагниле
половина облизниле.

Жена ми се породила
ми родила машко дете.


Ој природо вечна убавице

Ој природо вечна убавице,
ти создаде сè на овој свет,
ти создаде љубов и омраза,
среќа радост на овој свет.

Вие дами и убај господи
што имате богати мажи
но затоа вие многу пати
честа си ја продавате.

Јас не сакам големи богатства
ниту сакам царски палати,
јас си сакам сламена колиба,
и во неа слатко да спијам.
Кон врв
Miki_P Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 29.Ноември.2008
Статус: Офлајн
Поени: 985
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Miki_P Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 13.Декември.2008 во 19:09
Ој кажи, кажи моме Калино

Ој кажи, кажи моме Калино,
што ти се јаде?
Мене ми се јаде печена погача,
од мома замесена.

Ој кажи, кажи моме Калино,
што ти се јаде?
Мене ми се јаде печена кокошка,
оште непроносила.

Ој кажи, кажи моме Калино,
што ти се пие?
Мене ми се пие тригодишно вино,
три пари преточено.

Ој като зема дренова тојага,
оште неокастрена,
три пати ќе удра, един пат ќе броја,
па да видим' што ти се пие!


Ој љубов, љубов

Ој љубов, љубов, љубов безнадежна,
ој љубов, љубов, љубов безнадежна.

Ја стани, стани прва веренице,
да те прегрнам за последен пат.

Не можам либе, не можам да станам,
црната земја голема тежина.

Црните очи змија ги испила,
в' русата коса гнездо направила.

Ја стани, стани, прва веренице
да те прегрнам за последен п'т. [2х]


Ој Месечино, новино

Ој Месечино, новиној, леле,
јасно да грејеш мори, вечерва.
Јасно да грееш вечервај леле,
по бела Јана, леле, ќ' одиме.

Кога по Јана ојдовме, лелеј,
вишни ем црешни, леле, ц'теја.
Вишни ем цреши цатеја, леле,
бели пченици леле, класеја.

Бели пченици класеа, леле,
и в' зори вода, мори, течеја.
Кога се назад враќавме, леле,
вишни ем цреши, леле, обрале.

Вишни ем цреши обрале, леле,
бели пченици, леле, ожнале.
Бели пченици ожнале, леле,
и в' зори вода, леле, секнале.
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 45678 30>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,719 секунди.