IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Забава > Музика
  Активни теми Активни теми RSS - ПЕСНАРИЦА НА МАКЕДОНСКИ НАРОДНИ ПЕСНИ
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

ПЕСНАРИЦА НА МАКЕДОНСКИ НАРОДНИ ПЕСНИ

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 2122232425 30>
Автор
Порака
Miki_P Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 29.Ноември.2008
Статус: Офлајн
Поени: 985
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Miki_P Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 08.Декември.2008 во 19:11
Послушајте патриоти

Послушајте патриоти
да ви кажам словото,
на Ѓуѓовден бев затворен,
в' црни темни зандани.

Во зандани бев предаден
од проклети шпиони.
Oд проклетите шпиони,
неразбрани врховци.

Во зандани бев измачен
ниту вода ниту леб,
телото ми потемнело,
долга риза до земја.

Ах немојте да ме мачејте,
јас сум невин како цвет.
Сум се борел за слобода,
за човечки правдини.

Ах да знае мојта мајка
гробот да ми ископа.
Гробот да ми го ископа
спрема јасното сонце.

И на гробот да напише:
- „Тук' почива маченик,
тук' почива Александро
Караѓуле Охридски“.


Пошло моме на вода

Пошло моме на вода
со две стомни шарени. [х2]

И беќарче по неа
и на моме говори. [х2]

Постој моме почекај
да ти речам два збора. [х2]

Не и рече два збора
тук ја фати за рака. [х2]


Праша ли Тинке мајка ти

Праша ли Тинке мајка ти џанам
праша ли Тинке мајка ти,
дава ли тебе за мене џанам
за мене Ѓорѓија бекрија?

Не сум ја Ѓорѓија прашала џанам
не сум ја Ѓорѓи прашала,
синоќа сум ја слушала џанам
синоќа сум ја слушала.

Мама на тате велеше џанам
мама на тате велеше,
Ај да го дајме Тинчето џанам,
за тој Ѓорѓија бекрија.

Тате на мама велеше, џанам
тате на мама велеше,
до девет ќерки да имам џанам
една на Ѓорѓија не давам.

Ѓорѓи е пуш пијаница џанам
Ѓорѓи е пуш пијаница,
на вино вади ножеви џанам,
а на ракија пиштоли.
Кон врв
Miki_P Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 29.Ноември.2008
Статус: Офлајн
Поени: 985
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Miki_P Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 08.Декември.2008 во 19:12
Пред да си умрам

Пред да си умрам, сакам да кажам
за наш'та љубов искрена.
Оф, леле либе, галебче мое
срцево ми го изгоре.

Помниш ли мила, помниш ли драга,
кога се двајца љубевме?
Раката твоја ми ја подаде,
со љубов верна, искрена.

Дење и ноќе плачев за тебе
најповеќе за љубовта.
Оф, леле, либе, галебче мое
срцево ми го изгоре.

Во ноќта кога месец грееше,
а зраци слетаа на тебе,
в' прегратки нежни ние двајцата
на песок чист крај езеро,
а ти трепериш, ах мила моја
и слушаш шум од бранови.

Тоа не се браној, тоа се песни
што пејат само за љубовта.
Кој што се нејќит да се не земит,
тој што се сакет, да се земит.


Прилепските ергени

Прилепските ергени
каде одат и пејат,
по момите гледаат,
да ги видат, ќе свирнат.
И со око ќе намигнат:
- „Леле, леле што се убави“.

Стар бел дедо прислушнал,
бела коса исчешлал
и на баба ѝ вели:
- „Дај мори бабо да те бакнам јас,
и за образ да те штипнам,
леле, леле што си убава“.

Кутра баба не гледа
и на дедо му вели:
- „Де бре старо, будало,
пусти памет ти излегол,
пусти ѓавол ти навлегол,
леле, леле старо, будало“.

- „Пусти ѓавол ми излегол,
пусти мерак ми навлегол,
бабо мори за тебе,
дај мори бабо да те бакнам јас,
и со рака да те штипнам,
леле, леле што си убава,
како солца да те макнам,
леле, леле што си убава“.


Провикнала е Драганка

Провикнала е Драганка леле,
провикнала е Драганка
од врв на Пирин планина леле,
од врв на Пирин планина.

Умирам мајко за вода леле,
умирам мајко за вода,
како босилок за роса леле,
како босилек за роса.

Каршија седит овчарче леле,
каршија седит овчарче
и на Драганка говори леле
и на Драганка говори.

Драганке моме убаво леле,
Драганке моме убаво,
таа вода не е убава леле,
таа вода не е убава.

Сношти минаа ајдуци леле,
сношти минаа ајдуци,
крвави ризи испраа леле,
крвави ризи испраа.

Крвави ризи испраа леле,
крваки ризи испраа,
оштри ножови имија леле,
оштри ножови измиа.

Оштри ножови измија леле,
оштри ножови измија,
три глави внатре фрлија леле,
три глави внатре фрлија.
Кон врв
Miki_P Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 29.Ноември.2008
Статус: Офлајн
Поени: 985
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Miki_P Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 08.Декември.2008 во 19:13
Проклета да е Австралија

Проклета да е Австралија
што ме раздели од фамилија.
Си ја оставив мојата жена
цвеќе вградина да ми овене.
Е еј Австралија, е еј земја далечна. [2х]

Мојте другари песна ми пеат,
абре Стојане немој не оди.
Кому оставаш, млада невеста,
с' машко детенце и стара мајка.
Е еј Австралија, е еј земја далечна. [2х]

Проклета да е Австралија
ми ја запусти фамилијата,
црна туѓина земја далечна
многу далеку, сам без никого.
Е еј Австралија, е еј земја далечна. [2х]


Проштавај ми мила моја

Проштавај ми мила моја,
јас си одам многу млад,
а срцето не ми дава,
сама да те оставам.

Те оставам со мајка ти,
татко, браќа и сестри,
јас ќе одам со комити,
в' македонски планини.

Јас ќе одам во планини,
со мојата дружина,
Гоце Делчев да го пазам,
а и другите борци.

Плачат жени, пиштат деца,
тесно им е в' градите.
Сакет да исфрлат маки
од петвековното ропство.


Пуста младост

Пуста младост мамо, пуста младост.
Пуста младост милај мамо, не се стига.

Не се стига мамо, не се срешча.
Ни се с' пари, милај мамо, не купува.

Младост тече мамо, младост тече.
Младост тече милај мамо като вода.

Старост дебни мамо, старост дебни.
Старост дебни милај мамо като сенка.
Кон врв
Miki_P Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 29.Ноември.2008
Статус: Офлајн
Поени: 985
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Miki_P Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 09.Декември.2008 во 23:04
Милето на Џајкови

Милето на Џајкови
Васето на Васеви
Васе душо, Васе срце
ајде да се земиме.

Милето на Џајкови
оварда без пет пари
Васе, Васе, Васе душо
ајде да се земиме.

Од пуст офардалак
си го продал сетрето
Васе, Васе, Васе душо
ајде да се земиме.


Милкано моме мори

Милкано, моме мори, Милкано,
слушај што вели Осман Бег.

Чифликот ќе си моме продадам,
само тебе Милке моме да земам.

Колку ти чини аго чифликот,
збори пом меракот.


Мирјано мори Мирјано

Мирјано мори Мирјано
слушај што ти вели Ѓорѓија
аман, аман
слушај што вели Ѓорѓија.

Чифликот ќе си продадам
тебе Мирјано да земам
аман, аман
тебе Мирјано да земам.

Колку ти чини чифликот
толку ми чини лицево
аман, аман
толку ми чини лицево.

Нивите ќе ги продадам
тебе Мирјано да земам
аман, аман
тебе Мирјано да земам.

Колку ти чинат нивите
толку ми чинат веѓите
аман, аман
толку ми чинат веѓите.

Трлото ќе си продадам
тебе Мирјано да земам
аман, аман
тебе Мирјано да земам.

Колку ти чини трлото
толку ми чини грлото
аман, аман
толку ми чини грлото.


Mитра мома поповата

Митра мома поповата,
најубава во селото.
Дошол шивач да ја бара,
попот ѓавол не ја дава.

Ој леле, леле, најубава,
ој леле леле, во селото.
Ој леле, леле, попот ѓавол,
ој леле, леле, не ја дава.

Не ја давам за шивачот,
Митра в' село да ми седи.
Ќе ја мажам за даскалот,
во град Митра да ми седи.

Ој леле, леле, најубава,
ој леле леле, во селото.
Ој леле, леле, во град Митра,
ој леле, леле, да ми седи.

Пројде време три години,
никој Митра не ја бара.
Тогаш викнал попадија,
а бре попе, џурумлија.

Ој леле, леле, што не ја даде,
ој леле леле, за шивачот.
Ој леле, леле, за шивачот,
ој леле, леле, во селото.


Митро, Митро мори

Митро, Митро мори,
Митро тага голема,
отруј се Митро мори
жива не ми оди.

Гола си, боса, Митро,
во широко поле.
По жешкото сонце, Митро,
в' куќи вруќини.

Лето со лето Митро,
српот на рамо,
дете во раце Митро,
ручок на глава.


Митро моме

Митро, Митро мори,
Митро, тага голема.
Ј' отруј се, Митро мори,
жива не ми оди.

Клето, са лето Митро,
гола, ем боса.
По жешкото сонце, Митро,
уки вруќини.

Ручок над глава, Митро,
српот на рамо.
С' дете в' раце, Митро,
по жешкото сонце.


Млад Гоце, млади војвода

Млад Гоце, млади војвода
излегол да се прошета,
низ таја гора зелена,
кај едно ладно изворче.

Седнал да си почине,
водица да се напие.
Извадил медно кавалче,
засвирил Гоце, запеал.

Дружина ми го дочула,
сета дружина ја собрал.


Многу ми го фалат, бабо

Многу ми го фалат, бабо мори
вашето момиче.
Бабо мори, вашето момиче.

Кој го е видело, бабо мори,
сè болно легнало.
Бабо мори, во вашата куќа.

И јас да го видам, бабо мори
ако болен лежам.
Бабо мори, ако болен лежам.

Ако болен лежам, бабо мори
во вашата куќа.
Бабо мори, в' шарена одаја.


Може ли цвеќе без вода

Можеш ли лудо без мене
можам ли и јас без тебе
може ли цвеќе без вода
зелена гора без лисја?

Ќе дојдат утре по мене,
а јас ќе мислам на тебе
друга ќе имам крај себе
но, на мене бре лудо ќе мислиш.

Зар не помниш девојче
што зборевме двајцата ние
две лозници зелени
двајцана до гроб?

Што рековме речено
што било поминало бре
за друго сум таксано
бре фаќај си пат.

Ќе дојдат утре по мене,
а јас ќе мислам на тебе
друга ќе имам крај себе
но, на мене бре лудо ќе мислиш.

Можеш ли лудо без мене
можам ли и јас без тебе
може ли славеј без песна
може ли светот без сонце.


Мој роден крај

Збогум и прости мој роден крај
туѓина одам оставам рај.

Мој роден крај рајска градина
тешка е со тебе мој'та разделба.

Има на светов земји богати
ама ко тебе нема убави.

Мој роден крај рајска градина
тешка е со тебе мојта разделба.

Каде да одам пак ќе се вратам
тука сум роден, тука ќе умрам.

Мој роден крај рајска градина
тешка е со тебе мојта разделба.


Мома крај извор седеше

Мома крај извор седеше
од рози венец плетеше
изворот брзо течеше
венецот вечно венеше.

Ах, како течит тој извор
така ми течат моите дни
ах како венит венецот
така ми венит младоста.

А штом ќе пукнит пролетта
и се' се живо распеват
пак ќе ме прашаш мене ти
колку ме мачит љубовта.


Мома седи на пенџери

Мома седи на пенџери,
аман, аман,
а момчето, аман, аман,
под пенџери.

Добро утро сараф момче,
аман, аман,
ил' си сараф, аман, аман,
на парите.

Не сум сараф на парите,
аман, аман,
тук' сум сараф, аман, аман,
на момите.


Мома уф зандана

Дека се чуло џанам видело,
Мома уф зандани џанам да леже,
Уф Солунските темни зандани.

Мома уф зандани џанам да леже,
Зарде такови му пусти борџуве.

Станала типла стара в зандане,
Дали има мома тува да леже.

Тука сам стара мајко, тува сам,
Тука сам старе мале, зашто сам.

Пуста ми коса мале искапа,
Бело ми лице мајко подимне.

Продајте стара мајко имајне
На Турци пари мајко давајте.

Турците пари ќерко не сакат,
Турците тебе ќерко те сакат.

Девет години мајко ка лежам,
И оште девет ќе лежам.

На Турци вера мајко не давам,
На Турчин жена мајко не станувам.


Моме оди на вода

Моме оди на вода [х3]
со две стомни шарени
Оф аман, аман.

И по неа беќарче [х3]
и на моме говори
оф аман, аман.

Постој моме почекај [х3]
да ти кажам два збора
оф аман, аман.

Да ти кажам два збора [х3]
два збора два изгора
оф аман, аман.

Не ѝ рече два збора [х3]
тук ја фати за рака
оф аман, аман.


Момите мамо момите

Момите мамо, момите [х2]
момите, момите сите убави,
на знајат, не знајат
љубов да водат. [х2]

Дајте ги мамо, дајте ги [х2]
дајте ги, дајте ги
на ергените
момите, момите сите убави. [х2]

Ќе знаат мамо, ќе знаат [х2]
ќе знаат, ќе знаат
љубов да водат
момите, момите сите убави. [х2]


Момиче бело црвено

Момиче бело црвено [2х]
не оди рано на вода, леле
не оди рано на вода.

Водата ти е далеку [2х]
бунарот преку Вардарот, леле
бунарот преку Вардарот.

Јас имам братче златарче
ќе дојди да ме разбуди, леле
ќе дојди да ме разбуди.


Момче младо убаво

Момче младо убаво [2х]
калешо Македонче
моиве очи прекрасни [2х]
секој ден те гледаат.

Сакаш, нејќеш да си моја
и да љубиш друг.
Животот е многу краток
на овој чуден свет.

Како вода течам јас
и за тебе моме ќе умрам
љубов моја дојди ми, сега ти
и ти живеј само со мене.


Море дојде време

Море дојде време да си одам
да си одам, да се разделам
од другари и другарки.

Море ќе ме носат Горна Џумаја
да ме мачат тираните
тираните, фашистите.


Море доста оде, доста шета

Море доста оде, доста шета,
џан Софилој моме.
Море доста ода, момчињата,
бело ле, без белило.

Море тие шо се оженати,
џан Софилој моме.
Море оставије невестите,
бело ле, без белило.

Море оставије невестите,
џан Софилој моме.
Море сосе нихни мошки деца,
бело ле, без белило.

Море тије шо се посвршени,
џан Софилој моме.
Море си вратије прстените,
бело ле, без белило.
Море моме седмојанче


Море моме, моме, моме седмојанче,

од кога си моме на седом години.
Море моме, моме, моме седмојанче,
зошчо ти се моме, плешчи згрбавени?

Море лудо, лудо, море ти бре младо,
одееќи лудо горе во планина.
Одееќи лудо горе во планина,
носеејќи лудо трлави пенушки.

Море моме, моме, моме седмојанче,
зошчо ти се моме, зоби попаѓани.
Море лудо, лудо, море ти бре младо,
јадееќи лудо ковчави ореви.

Море моме, моме, моме седмојанче,
зошчо ти се моме коси побелени?
Море моме, моме, моме седмојанче,
зошчо ти се моме коси побелени?

Море лудо, лудо, море ти бре младо,
седееќи лудо долу в' воденици.
Ветор ми вееше, коса белееше,
ветор ми вееше, коса белееше.


Море сокол пие вода на Вардарот

Море сокол пие вода на Вардарот [2х]
Јане, Јане ле бело грло,
Јане, Јане ле кротко јагне.

Море ој соколе, ти јуначко пиле [2х]
Јане, Јане ле бело грло,
Јане, Јане ле кротко јагне.

Море нели виде јунак да премине
јунак да премине с' девет лути рани
Јане, Јане ле бело грло,
Јане, Јане ле кротко јагне.

Девет лути рани, сите к*ршумлии
а десетта рана с' нож е прободена
Јане, Јане ле бело грло,
Јане, Јане ле кротко јагне.


Море три години Стамбол го шетав

Ајде три години Стамбол го шетав, Темјано.
Море си спечалив до три илјади,
јагне Темјано, пиле шарено.

Првата илјада коњче си купив, Темјано.
Втората илјада такам за коњче,
јагне Темјано, пиле шарено.

Третата илјада тебе да те земам, Темјано.
Третата илјада тебе да те зема,
јагне Темјано, пиле шарено.

Таман кинисав дома да си идам, Темјано.
На среде поток коњче ми пукна,
јагне Темјано, пиле шарено.


Море чичо рече (Пајдушко)

Море чичо рече да ме жени,
море вчера рече, сега нејќе.
Море вчера рече, сега нејќе,
а па стрина Сава, ич не дава.

Море не даваше, не даваше,
море најпосле се сагласише.
Море најпосле се сагласише,
море ми згодише бела Неда.
Море бела, бела как’ арапка,
море т'нка, т'нка како мечка.

Море качеше ја на колата,
море, а колата прикрцаја.
Море, а колата прикрцаја,
море биволите примрцаја.

Море кога Неда потеглише,
море, до две даске се скршише.
Море, до две даске се скршише,
море, биволите с' уплашише.


Море што си бевме големото друштво

големото друштво - сите пијаници.

Кој војник појде, кој в' затвор ојде,
кој граница фати - назад не се врати.

Море ако дај Бог да се собериме,
горе Маркој Кули прле ќе печиме,

Прле ќе печиме, вино ќе пијаме,
вино ќе пијаме, моми ќе љубиме.

Моми ќе љубиме, моми Македонки,
моми Македонки - сите прилепчанки.


Мори моме Магде

заврти се мила Магде,
ај заљуби се,
се заради тебе Магде
изгубив цел век.

Руса коса имаш, свети како флорин, [2х]
заврти се мила Магде,
ај заљуби се,
се заради тебе Магде
изгубив цел век.

Црни очи имаш, дај ми ги на мене, [2х]
заврти се мила Магде,
ај заљуби се,
се заради тебе Магде
изгубив цел век.

Рамна снага имаш, дај да ти ја кршам, [2х]
заврти се мила Магде,
ај заљуби се,
се заради тебе Магде
изгубив цел век.


Мори моме, што не дојдеш

Мори моме, што не дојдеш,
фустан да си земеш лудо.
Три години, лично моме, шиен фустан стои,
три години, лично моме, во дуќан ми стои.
Лудо младо, моме, оф шеќерлија,
лудо младо, моме, оф леблебија.

Море момче, ако дојдам,
фустан да си земам, лудо.
Ако в' дуќан ти влезам, како ќе излезам,
ако в' дуќан ти влезам, зло да не ме најде.
Лудо младо, моме, оф шеќерлија,
лудо младо, моме, оф леблебија.


Мост ми ѕидат девет мајстори

Мост ми ѕидат девет мајстора
девет мајстора, до девет браќа
мост ми ѕидат во Кратово
во Кратово на река Манцева

Дење го ѕидат, ноќе мост им паѓа
се опкладиле деветте браќа
која ќе снаа утре да дојде
ручек да донесе на мајсторите
нејзе ќе ја в' темел заѕидаме
да ни затрае мост на реката.

Вечерта кога дома дојдоа
сите им кажале на невестите
само не и кажа најмалото братче
он не и' кажа на Рада невеста.

Станала Рада ручек зготвила
ручек им однела на мајсторите
кога ја видело Радино момче
викнало оно на глас да плаче.

Кога ја фанаа Рада девери
ја заѕидаја во темели
Рада на девери милно се моли
барем остајте ми десната града.

Барем остајте ми десната града
за да си надојам машкото дете.
И оставија десната града
за да си надои Рада единче.


Изменето од Miki_P - 09.Декември.2008 во 23:14
Кон врв
ZoraNaSlobodata Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 03.Јуни.2008
Статус: Офлајн
Поени: 3392
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај ZoraNaSlobodata Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 10.Декември.2008 во 00:18
Originally posted by Miki_P Miki_P напиша:

Послушајте патриоти

Послушајте патриоти
да ви кажам словото,
на Ѓуѓовден бев затворен,
в' црни темни зандани.

Во зандани бев предаден
од проклети шпиони.
Oд проклетите шпиони,
неразбрани врховци.

Во зандани бев измачен
ниту вода ниту леб,
телото ми потемнело,
долга риза до земја.

Ах немојте да ме мачејте,
јас сум невин како цвет.
Сум се борел за слобода,
за човечки правдини.

Ах да знае мојта мајка
гробот да ми ископа.
Гробот да ми го ископа
спрема јасното сонце.

И на гробот да напише:
- „Тук' почива маченик,
тук' почива Александро
Караѓуле Охридски“.



Алал дати е за оваа песна.За маката на македонец во булгаристан.
За нея ние живеемъ,за нея ние мремъ!
Кон врв
Skopjance87 Кликни и види ги опциите
Нов член
Нов член


Регистриран: 11.Декември.2008
Статус: Офлајн
Поени: 2
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Skopjance87 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 11.Декември.2008 во 07:16
..... a vo prodolzenie e...
Zimi najmilo, zimi najdrago,
zimi krst i kandilo.
Zimi verata, zimi dusata,
zimi krv MAKEDONSKA!!!
Кон врв
Skopjance87 Кликни и види ги опциите
Нов член
Нов член


Регистриран: 11.Декември.2008
Статус: Офлајн
Поени: 2
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Skopjance87 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 11.Декември.2008 во 07:17
U slucaj ako ja najde nekoj ne me cekaj majko ne me baraj....... Go castam sto saka!!!
Кон врв
Miki_P Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 29.Ноември.2008
Статус: Офлајн
Поени: 985
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Miki_P Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 11.Декември.2008 во 18:40
Не ме чекај мајко

Не ме чекај мајко, не ме барај
јас ти умирам
се што сакав мајко, се што имав
аманет ти оставам.

Да сум месец би се родил пак
да сум цвеќе пак би пораснал
да сум птица јас би долетал
и со мојте деца јас би поиграл
(да сум птица јас би долетал
и со мојте деца јас би поиграл )

Не ме чекај мајко, не ме барај
јас ти умирам
се што сакав мајко, се што имав
аманет ти оставам

Немој мила солзи не рони
ноќва ти во дворот излези
јас ќе бидам облак и ќе заврнам
и крај тебе мила јас ќе заиграм
(јас ќе бидам облак и ќе заврнам
и крај тебе мила јас ќе заиграм )

Не ме чекај мајко, не ме барај
јас ти умирам
се што сакав мајко, се што имав
аманет ти оставам.
Кон врв
Miki_P Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 29.Ноември.2008
Статус: Офлајн
Поени: 985
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Miki_P Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 13.Декември.2008 во 18:33
На сред село едно дрво

На сред село едно дрво
едно дрво тополово
на него од сите страни
имињата напишани.

Меѓу нив е и моето
до името на момето
што го љубам и милувам
и во сонот го целувам.

Од година на година
расте дрво тополово
а на него имињата
израснаа се зближија.


На срце ми лeжи мила мамо

На срце ми лежи мила мамо
на срце ли лежи,
ај на срце ми лежи, мила мамо
една лута змија.

Не ми била змија мила мамо
не ми била змија,
ај не ми била змија, мила мамо
тук' е кара Севда.

Севдините очи, мила мамо
Севдините очи,
ај Севдините очи, мила мамо
црни черешови.

Севдините веѓи мила мамо
Севдините веѓи,
ај Севдините веѓи мила мамо
морски пијавици.

Севдината снага мила мамо
Севдината снага,
ај Севдината снага мила мамо
тенка ем висока.

Оди посакај ја, мила мамо
оди посакај ја,
ај ако ти ја дадат, мила мамо
в' пајтон донеси ја.
Ај ако не ја дадат, мила мамо
постој, погледај ја.


На Струга дуќан да имам

Што ми е мило ем драго,
на Струга дуќан да имам.
ОФ леле, леле либе ле
срцево ми го џанам изгоре.

Во Струга дуќан да имам,
на кепенците да седам.
Оф леле, леле либе ле
срцево ми го џанам изгоре.

На кепенците да седам,
струшките моми да гледам.
Оф леле, леле либе ле
срцево ми го џанам изгоре.

Кога ми одат на вода,
со тие стомни шарени.
Оф леле, леле либе ле
срцево ми го џанам изгоре.

Со наланите тропаат,
срцево ми го копаат.
Оф леле, леле либе ле
срцево ми го џанам изгоре.
Кон врв
Miki_P Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 29.Ноември.2008
Статус: Офлајн
Поени: 985
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Miki_P Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 13.Декември.2008 во 18:35
Назад Калино моме

Назад, назад, Калино моме,
Немој да одиш по мене.
Кај нас си има висока гора,
не ќе можеш да ја поминеш.
Кај нас си има висока гора,
не ќе можеш да ја поминеш.

Ќе се сторам јас сокол пиле
и пак кај тебе ќе дојдам.
Гора ќе прелетам,
кај тебе ќе дојдам,
вечно твоја ќе бидам.
Гора ќе прелетам,
кај тебе ќе дојдам,
вечно твоја ќе бидам.

Назад, назад, Калино моме,
немој да одиш по мене.
Кај нас си има длабока река,
не ќе можеш да ја поминеш.
Кај нас си има длабока река,
не ќе можеш да ја поминеш.

Ќе се сторам јас мрена риба
и пак кај тебе ќе дојдам.
Река ќе препливам,
кај тебе ќе дојдам,
вечно твоја ќе бидам.
Река ќе препливам,
кај тебе ќе дојдам,
вечно твоја ќе бидам.

Назад, назад, Калино моме,
немој да одиш по мене.
Кај нас си има убава жена
и две мали дечиња.
Кај нас си има убава жена
и две мали дечиња.

Ќе се сторам јас црна чума
и пак кај тебе ќе дојдам.
Жена ќе ти сотрам,
дечиња ќе гледам,
вечно твоја ќе бидам.
Жена ќе ти сотрам,
дечиња ќе гледам,
вечно твоја ќе бидам.


Нани, нани Димче

Нани, нани Димче,
у шарена лулка,
у бели пелени.

Димче ќе ми нани,
мама ќе го лула,
голем да порасне.

Голем да порасне,
да го ожениме,
од Солуна града.

Дуни, дуни ветре,
тивко јод морето,
Димче да успиеш,
голем да порасне.


Направило моме

Направило моме
ладна меана в' градина. [x2]

Ми се научило едно
лудо младо да пие. [x2]

Јало ми пило
дури си испило коњчето. [x2]

Седи ми со здравје
мори малој моме в’ меана
оди си со здравје
море лудо младо без коња.
Кон врв
Miki_P Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 29.Ноември.2008
Статус: Офлајн
Поени: 985
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Miki_P Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 13.Декември.2008 во 18:36
Народе Македонски

Народе Македонски,
со какви идеи си ти?
Доста веќе, разбуди се,
свести се не спиј ти.

Не знаеш кој си, што си,
други тебе знајат,
страм голем је за тебе,
сам да се не знајеш.

Исклаја жени, деца,
во село Загоричани,
а пред аскерот турски,
фрлајте оружјето.

Опинци долри носат,
писќули долери,
фустани раскапани,
ем празни патрони.

Каде е Караиванов
и дружината му?
Мелас, Каравангелис
Битола в затвор је тој.


Нарочува бело Менде, порочува

Нарочува бело Менде, порочува:
„Како знојеш, аџи Павле да си дојеш“.

Да си доеш, аџи Павле пред Петровден,
пред Петровден, аџи Павле, две недели.

Ако не доеш, аџи Павле, пред Петровден,
ќа го најеш бело Менде оможено.


Не виткај се Софче

Не виткај се Софче, не крши се
како змија низ тревата,
ко риба низ водата.

Софче, алтан чедо на мајка
Софче, не ги гори ергените.

Кога на оро Софче заигруваш
како сонце огрејуваш,
без вино ме опиваш.

Софче, алтан чедо на мајка
Софче, не ги гори ергените.

Јас сиромав Софче, сам самувам
кога тебе те сонувам
окa вино испијувам.

Софче, алтан чедо на мајка
Софче, не ги гори ергените.

Не виткај се Софче, не крши се
како змија низ тревата,
ко' риба низ водата.

Софче, алтан чедо на мајка
Софче, не ги гори ергените.
Кон врв
Miki_P Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 29.Ноември.2008
Статус: Офлајн
Поени: 985
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Miki_P Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 13.Декември.2008 во 18:43
Народе Македонски

Народе Македонски,
со какви идеи си ти?
Доста веќе, разбуди се,
свести се не спиј ти.

Не знаеш кој си, што си,
други тебе знајат,
страм голем је за тебе,
сам да се не знајеш.

Исклаја жени, деца,
во село Загоричани,
а пред аскерот турски,
фрлајте оружјето.

Опинци долри носат,
писќули долери,
фустани раскапани,
ем празни патрони.

Каде е Караиванов
и дружината му?
Мелас, Каравангелис
Битола в затвор је тој.


Нарочува бело Менде, порочува

Нарочува бело Менде, порочува:
„Како знојеш, аџи Павле да си дојеш“.

Да си доеш, аџи Павле пред Петровден,
пред Петровден, аџи Павле, две недели.

Ако не доеш, аџи Павле, пред Петровден,
ќа го најеш бело Менде оможено.


Не виткај се Софче

Не виткај се Софче, не крши се
како змија низ тревата,
ко риба низ водата.

Софче, алтан чедо на мајка
Софче, не ги гори ергените.

Кога на оро Софче заигруваш
како сонце огрејуваш,
без вино ме опиваш.

Софче, алтан чедо на мајка
Софче, не ги гори ергените.

Јас сиромав Софче, сам самувам
кога тебе те сонувам
окa вино испијувам.

Софче, алтан чедо на мајка
Софче, не ги гори ергените.

Не виткај се Софче, не крши се
како змија низ тревата,
ко' риба низ водата.

Софче, алтан чедо на мајка
Софче, не ги гори ергените.
Кон врв
Miki_P Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 29.Ноември.2008
Статус: Офлајн
Поени: 985
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Miki_P Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 13.Декември.2008 во 18:45
Не кажувај либе добра ноќ

Не кажувај либе добра ноќ
не оди дома рано ти,
најзгодно време е во ноќта
прекрасна е оваа ноќ за нас. [х2]

Сите спијат а ние сме сами
користи драги ти мене,
милувај бакнувај бескрајно
волшебна е ноќ за љубење. [х2]

Јас знам дека друга љубиш ти
јас знам дека друга мамиш ти
срцево мое е за тебе
и не би го дала јас за друг. [х2]

За мене пролет не развива
за мене цвеќе не цути
за мене ти си прва љубов
и последна ќе ми бидеш ти. [х2]


Не лажете се другарки

Не лажете се другарки
љубов да водите,
љубовта е отровна
отровен беше и тој.

На улицата го сретнав,
со друга стоеше
со грбот ми се сврте
и тивко ми рече.

Јас си заљубив друго,
заљуби си и ти.
Писмата твои ги изгорев,
изгори ги и ти.

Од тука право си дома
на мама ѝ кажав.
Запалив силен оган
од писмата негови.

Од дома право си тргнав
во Рилскиот манастир.
Облеков црната руба
до црната земја.

Излегов да се прошетам
и него го видов,
со грбот му се свртев
и тивко му реков.

Познаваш ли ме познаваш
која калуѓерка сум?
Јас сум калуѓерката
што верно те љубеше.

Тогај се земја затресе
и небо загрми,
двајца се прегрнаа
и мртви паднаа.

Не ми го лажи Ѓорѓи момето

Не ми го лажи Ѓорѓи момето, џанам,
момето ми е Ѓорѓи малечко.

Момето ми е Ѓорѓи малечко, џанам,
од седум-осумнаест години.

Не ти го лажам бабо момето, џанам,
оно се само лаже по мене.

Оно се само лаже по мене, бабо,
по мојта рамна снага висока,
по мојта руса коса кадрава.


Изменето од Miki_P - 13.Декември.2008 во 18:47
Кон врв
Miki_P Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 29.Ноември.2008
Статус: Офлајн
Поени: 985
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Miki_P Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 13.Декември.2008 во 18:48
шБѓНе ми седи коконош/Бѓ

Не ми седи коконо
не ми седи достојно,
не ми седи мори
крај портите.

Ќе поминат коконо,
ќе поминат достојно,
ќе поминат мори
клети турци.

Ќе ти речат коконо,
ќе ти речат достојно,
ќе ти речат мори
потурчи се.

Ти да речеш коконо,
ти да речеш достојно,
Ти да речеш мори
не се турчам.

Не се турчам аго бре,
не се турчам бегу бре,
не се турчам
да загинам.


Не оди Сефер село Карбуница

Нели ти реков, седи не оди,
седи не оди, село Карбуница?
Бре Сефер, аго бре,
бре, клето Турче, бре.
Бре Сефер, аго бре,
бре клети арамија.

Не оди Сефер село Карбуница,
село Карбуница горе Ѓурчевица.
Бре Сефер, аго бре,
бре, клето Турче, бре.
Бре Сефер, аго бре,
бре клети арамија.

Таму ми те чекат славните комити,
славните комити, сè одбор јунаци.
Бре Сефер, аго бре,
бре, клето Турче, бре.
Бре Сефер, аго бре,
бре клети арамија.

Тебе ќе фатат, глава ќе ти сечат,
глава ќе ти сечат арамиска.
Бре Сефер, аго бре,
бре, клето Турче, бре.
Бре Сефер, аго бре,
бре клети арамија.

Ќе ти пресечат глава до рамена,
глава до рамена, нозе до колена.
Бре Сефер, аго бре,
бре, клето Турче, бре.
Бре Сефер, аго бре,
бре клети арамија.


Не плачи Лено мори

Не плачи Лено мори, не жалај де,
не рони солзи мори крвави.
Не топи море шајаче шарено,
зар тука не је мори правено.
В' Желево село мори предено,
в' Желево село мори убаво.

В' Желево село мори предено де,
в' Желево село мори ткаено,
охридски извор мори белено,
на мермер града мори шиено.

Девет терзии море го шиеле,
триста си игли мори скршиле,
товар си конци мори свршиле,
в' Лерина града донесено, де,
и на Елена ѝ е дарено,
да носи Елена мори, да пее.
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 2122232425 30>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,314 секунди.