IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Стил на живот > Дом и градина
  Активни теми Активни теми RSS - Уредување на станот според FENG SHUI
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Уредување на станот според FENG SHUI

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1234 9>
Автор
Порака Обратен редослед
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 24.Декември.2013 во 08:11

Сите празници, особено божиќните и новогодишните се време на собирање на семејството и блиските. Веројатно сакате својот дом и атмосферата во него да ја направите поубава, а во тоа најдобро може да ви помогне фенг шуи.

feng-sui-soveti-za-uspesna-2014-godina-01

Ова се некои од советите:

- Елката поставете ја наспроти влезот во домот. На тој начин ќе си обезбедите подобри семејни односи.

- Елката и украсите на неа ако може нека бидат природни

- Не ги избегнувајте светкавите украси. Огнот симболизира слава и углед, а светилките симболично го претставува огнот.

- За да го подобрите здравјето божиќната ѕвезда или некое друго живо цвеќе засадено во земја ставете го на средина на просторијата.

- Украсните ангели ставете ги лево од влезната врата. На тој начин ќе ја обезбедите помошта од драгите луѓе.

- Во десниот агол спротивен на влезната врата ставете две мирисливи свеќи. На тој начин ќе си обезбедите многу љубов и разбирање. Најдобри бои за свеќите се жолта, розева и црвена.

- Освежете го домот со свежи и пријатни мириси.

- Зад вазата со цвеќе поставете украсно огледало за убавината да биде двојна.

- Главните светилки не би требало да бидат премногу силни.

- Додајте перничиња или некои други кружни предмети кои ќе овозможат проток на позитивната енергија.

- Поканете парен број гости.

- Драгите луѓе не треба да седат во близина на вратата. Оној кој седи прв до влезот, тој прв си заминува.

- Дозволете им на децата да уживаат. Не им викајте и не им забранувајте да се опуштат.

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 18.Декември.2013 во 10:45

10-feng-shui-pravil-za-ureduvanje-na-domot-01

Фенг Шуито се темели на одлични принципи за уредување на домот. Ова се неколку правила кои треба да ги следите при распоредување на ентериерот.

Имајте на ум дека:

1. Помалку е повеќе. Ако се ослободите од вишокот мебел – ова е добар почеток. Одржувајте го станот уреден и без непотребни парчиња мебел.

2. Клучот е во боите. Важно е да сте окружени со бои кои вам ви се допаѓаат и кои ви будат позитивно расположение.

10-feng-shui-pravil-za-ureduvanje-na-domot-1

3. Водата е добра. Фонтаните ја стимулираат вашата креативност. Водата е древен симбол за богатство и благосостојба.

4. Свежиот воздух е задолжителен. Застарениот воздух во просториите е лош за вашата енергија. Практикувајте големи прозорци и редовно проветрување.

5. Растенијата внесуваат смиреност. Растенијата имаат смирувачко дејство и зрачат со силна енергија. Одлични се и за прочистување на воздухот.

10-feng-shui-pravil-za-ureduvanje-na-domot-2

6. Огледалата го прошируваат просторот. Огледалата создаваат илузија на вашиот простор, па се одлични за канцеларии и ходници. Исто така, внесуваат и светлина во домот.

7. Часовник. Треба да стои правилно, сместен во кујна или дневна соба. Во ходникот не се препорачува.

8. Одржувајте го станот чист. На сите ни е потребен беспрекорен проток на енергија, а тоа е невозможно ако станот е неуреден.

9. Спалната соба е важна. Во спалната соба енергијата треба исто време да биде и смирувачка и возбудлива. Исфрлете ги електричните апарати и креирајте апсолутно опуштена атмосфера.

10-feng-shui-pravil-za-ureduvanje-na-domot-3

10. Кујната нека биде ведра. Во кујната потребно е да има многу светлост. Ова може да го постигнете со комбинирање неколку извори на светлина. Според Фенг Шуи принципите се препорачува да одберете жолта кујна.

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
gonzo Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Мачкозил

Регистриран: 04.Декември.2008
Локација: У дневну
Статус: Офлајн
Поени: 3137
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај gonzo Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 24.Април.2012 во 17:46
Овие текстовите за фенг шуи се повеќе личат како Милан Тарот да ги пишувал...смеење
You have the right to remain silent. Anything you say will be misquoted, then used against you.
Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85179
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 24.Април.2012 во 15:50

Со Фенг Шуи привлечете го богатството 


Искористете ја моќта на природата, енергијата на просторот и направете сé да се движи во вашата насока. Затоа ви се потребни основни познавања од Фенг Шуи. Денес ќе ви кажеме неколку совети за уредувањето кои ќе ви помогнат да ја зголемите моќта на вашата привлечност кога се во прашање парите.

Влезната врата од станот нека ви биде почетна точка, и утврдете според Фенг Шуи каде “багуас” лежи во вашиот дом. Секоја соба во домот има “багуас”. Зоната на богатство и просперитет се наоѓа на десната страна од главниот пат. Затоа внимавајте десната страна од вратата и пролазот да бидат секогаш чисти, без украсни предмети и мебел од таа страна.

Чистотата е еден од главните принципи на Фенг Шуи, затоа направете ред во домот. Исфрлете ги исте непотребни предмети од домот. Центарот на домот треба да биде особено чист. Не дозволувајте зоната на кариера да биде валкана.

Би било добро кога зоната на богатството би била комплетно чиста и кога во неа ќе закачите некоја слика која ве асоцира на благосостојба. Слика на која е нацртана вода која тече е одличен избор. Друга важна работа е прозорците во тој дел да бидат чисти. Ако имате прозорци од десната страна на влезната врата чистете ги редовно.

Кон врв
zamislena Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 03.Јануари.2010
Статус: Офлајн
Поени: 14566
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај zamislena Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 05.Јануари.2012 во 12:08
 

Фенг шуи: двојна риба 


Во фенг шуи рибата има чудесен симболизам, претставувајќи го изобилието, богатството, складноста и брачната среќа.

Доколку симболот е риби во пар, тој не означува само удвоена среќа, туку и задоволство од заедничкиот живот на сопружниците.

Симболот на двојна риба е еден од осумте среќни будистички предмети. Toj во будизмот се употребува како амајлија, па затоа во многу земји на Истокот го носат како превезок.

Поради сето ова, според фенг шуи двојната риба се смета за исклучително добар симбол, кој треба да го најде своето место во домот на младите брачни парови.
 ....среќа
Кон врв
Marko Polo 1 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
venecijaner

Регистриран: 20.Ноември.2008
Статус: Офлајн
Поени: 9693
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Marko Polo 1 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 01.Октомври.2011 во 20:22


more, samo ako go najdam toj Feng... segde mi se mesa u rabota...

Изменето од Marko Polo 1 - 01.Октомври.2011 во 20:23
Incredible Blue
Кон врв
zamislena Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 03.Јануари.2010
Статус: Офлајн
Поени: 14566
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај zamislena Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 28.Септември.2011 во 23:59
Фенг шуи: уредување на градината


Сите растенија му припаѓаат на елементот дрво, еден од петте елементи во фенг шуи. Растенијата ја подигнуваат енергијата на секој простор во којшто се наоѓаат, па затоа за да се обезбеди добар фенг шуи неопходно е да се одгледуваат растенија, без разлика дали станува збор за дом или за градина.

Она што е важно за почеток при одржувањето на градината е истото како и при уредување на домот – редот и чистотата се половина од добар фенг шуи. Во градината тоа подразбира растенијата да се однапред посадени според разработен план, да се избрани според видот на тлото и поднебјето, да се здрави и добро одржувани, тревникот да е искосен, а сувото лисје и тревата да се исчистени. Дивите растенија и плевелот се исклучително неповолни, како и нечистотијата и пренатрупаноста.

При изборот на растенија, според фенг шуи, треба да се избегнуваат растенија со боцки. Обликот на листот и на цветот исто така е важен, а секогаш е поповолно тие да бидат тркалезни, овални и лепезести облици, за разлика од острите, шпицести и боцкави.

Патеките никогаш не треба да бидат прави бидејќи Чи енергијата ќе протекува премногу брзо кон домот. Тие треба да минуваат кривулесто низ градината, што ќе допринесе Чи да се движи побавно и послободно. Сепак, доколку имате прави патеки, посадете растенија околу нив за да Чи циркулира околу нив. 
    
Градината треба да има катче за дружење со пријателите и семејството и уживање во сончевите денови и нежното ветре.

Дрвата или високите грмушки во задниот дел од градината ќе обезбедат приватност во градината.

Балансот, кој во фенг шуи е основен, се постигнува со избор на растенија со различна големина, облик и бои, така што ниедно нема да доминира над другите.

Водени елементи како што се езерца, базени и фонтани се добредојдени елемнти кои ја разубавуваат градината и го канат доброто Чи. Тие исто така се симбол за просперитет.

За да внесете баланс во ноќните часови, поставете светилки во градина кои ќе ги осветлуваат темните делови.

Поставувањето на карпи и камења, кои носат јанг енергија, ќе даде баланс на меката јин енергија на растенијата.

На вашата ограда или ѕидови од градината не се двоумете да поставите ползавци, растенија или цвеќиња.

Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85179
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 21.Декември.2010 во 06:42
Фенг Шуи за новогодишните празници

Празниците, особено Божиќ и Нова Година се познати како време на семејни собири. За сите оние кои сакаат да ја направат атмосферата уште поубава нека се обидат со неколку фенг шуи идеи.

- Во десниот агол, наспроти вратата ставете две свеќи мирисни или декоративни. Ова ќе обезбеди празници полни со љубов и разбирање. Најдобри бои за свеќите се црвена и розова.

- Освежете го вашиот дом со свежи и пријатни бои и мириси.

- Креирајте домашна атмосфера. Наместо чинијата со овошје на масата, држете слатки и пијалаци да ги направите достапни за сите.

- Зад вазната за цвеќе во собата поставете декоративно огледало со цел да ја дуплирате убавината.

- Елката поставете ја од спротивната страна на влезот од куќата. На овој начин ќе обезбедите подобри семејни односи.

- Не избегнувајте блескава светлина и орнаменти. Огнот симболизира слава и углед, а светлината симболично го претставуваат огнот.

- Декоративните ангели ставете ги лево од вратата. Така ќе се погрижете да им помогнете на добрите луѓе.

- Главните тела за осветлување не треба да бидат премногу силни

- Просторијата која ја украсувате збогатете ја со перници или други кружни предмети кои што ќе помогнат во протокот на позитивна енергија.

- Поканете парен број на гости

- Не ги седнувајте драгите гости во близина на вратата. Кој седи на излезот секогаш си оди прв

Кон врв
zamislena Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 03.Јануари.2010
Статус: Офлајн
Поени: 14566
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај zamislena Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 20.Декември.2010 во 19:01
Огледалото и фенг шуи 


Еден од најчесто користените лекови во фенг шуи е огледалото, предмет кој може да го пронајдеме во секој дом. Во фенг шуи огледалото се употребува за корекција на некои неправилности во просторот, но и за активација на проток на позитивната енергија.

При изборот на место каде ќе се постави огледалото треба да се земе во предвид дека огледалото го удвојува сето она што во него се огледува. Затоа огледалото кое се наога спроти неред и ѓубре ќе ја дуплира негативната енергија, додека огледалото во кое се огледува нешто убаво и вредно (како на пример, украс, слики или убаво уредена маса) ќе ја удвојуваат позитивната енергија. 





Доколку го поставите огледалото во внатрешната страна на вратата на ормарот, треба да се внимава во него сè да е уредно посложено. За поттикнување на благосостојбата се препорачува спроти огледалата да се поставува вазна со цвеќе или здраво растение, кутија со накит или некој уметнички предмет.


Освен положбата, важен е и изгледот на огледалото. Тоа секако треба да биде едноделно, па така мозаик-огледалата и оние изработени од повеќе делови никако не се препорачуваат. Во фенг шуи не е поволно кога сликата се прекршува на повеќе делови. Затоа секогаш треба да се избира големо огледало од еден дел, фино обработено или со украсна рамка. 




Никако не се препорачува да се постави огледало спроти влезот во домот бидејќи во тој случај целата енергија би се одбивала од него и веднаш би излегувала надвор. Освен тоа пожелно е да се избегнуваат огледалата во кујната за да не се удвојува “огнот” од шпоретот (премногу огнени елементи може да делуваат негативно на домашните). Исто така огледалото не треба да се поставува во спалната соба наспроти креветот. Огледалото може да го попречува сонот, а во традиционалното фенг шуи тоа се смета за трета личност во бракот. Пронајдете добра позиција на своето огледало, одржувајте го чисто и уживајте во благотворното струење на удвоената позитивна енергија во вашиот дом. 
Кон врв
zamislena Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 03.Јануари.2010
Статус: Офлајн
Поени: 14566
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај zamislena Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 18.Септември.2010 во 10:14
 
 
Атмосферата во вашата спална соба влијае на љубовниот и сексуалниот живот. Постои распоред според фенг шуи кој би било убаво да го примените......во собата за уживање.

На што да обрнете внимание?

1. Слики и фотографии. Визуелното доживување влијае на нашето расположение, па така и во спалната соба. Фотографиите од вашите родители сигурно дека не припаѓаат овде. За секоја слика запрашајте се дали буди романтични чувства во вас.

Примерен избор е фотографија од вас со партнерот или секси уметнички слики од девојки. Плажа е одличен избор.

2. Топли бои. Топли и земјени бои го отвораат срцето и воспоставуваат емотивно поврзување. Затоа користете бои како што се црвената, портокаловата, жолта, златна и крем. Ладните бои како сината и зелената можат да ги намалат страстите и чувствата.

3. Пријатно на допир. Кадифена перница или сатенски прекривач се пријатни на допир. Нежноста на материјалите и помага да заборавите на напорниот ден и да се подготвите за пријатна вечер.

4. Светла и осветлување. Свеќи и помали сијалички на стратешки места во спалната соба. Столна ламба со придушено светло е одличен избор. Никако пресилно светло.

5. Спалната соба не е работен простор. Не ја носете работата во кревет. Подалеку од компјутерот. Овде треба да биде хармонично и да се чувствувате мирно и пријатно во секое време.

6. Афродизијаци. Афродизијаците не се мит. Етеричните масла не само што релаксираат, туку и го зачинуваат сексуалниот живот. Изборот е неограничен, а ние советуваме ванила и јасмин.

7. Спалната соба е за двајца. Иако не ја делите со никого, поставете наткасна и ламби на двете страни од креветот. Ако нема простор за нив, обидете се другите елементи да ги распоредите рамномерно на двете страни од креветот.

Тоа предизвикува чувство на рамноправност и почитување кон партнерот, и ако не сте во врска, најлесен пат некој да се опушти во вашиот кревет.....

 
 
Кон врв
zamislena Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 03.Јануари.2010
Статус: Офлајн
Поени: 14566
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај zamislena Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 14.Септември.2010 во 09:48
Кон врв
Marko Polo 1 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
venecijaner

Регистриран: 20.Ноември.2008
Статус: Офлајн
Поени: 9693
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Marko Polo 1 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 13.Септември.2010 во 23:34
ccc, emil...

Aj seti se na pogovorkata "za zenite i kolite"...
Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85179
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 13.Септември.2010 во 23:29
Originally posted by Marko Polo 1 Marko Polo 1 напиша:

Mnogu cesto slusam za ovaj... Sheng Fui... Izgleda kje da e jako moderno nesto.

Aj ve molam nekoj kontakt od nego, i jas sakam da si go uredam stanot po nego...
 
 
Земи ја жена ми.Она е манијак по фенг шуи.Само мести нешто дома кога е слободна изненадувањеизненадување
Кон врв
Marko Polo 1 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
venecijaner

Регистриран: 20.Ноември.2008
Статус: Офлајн
Поени: 9693
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Marko Polo 1 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 13.Септември.2010 во 23:25
Mnogu cesto slusam za ovaj... Sheng Fui... Izgleda kje da e jako moderno nesto.

Aj ve molam nekoj kontakt od nego, i jas sakam da si go uredam stanot po nego...
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1234 9>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,203 секунди.