IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Стил на живот > Дом и градина
  Активни теми Активни теми RSS - Уредување на станот според FENG SHUI
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Уредување на станот според FENG SHUI

 Внеси реплика Внеси реплика страница  123 9>
Автор
Порака Обратен редослед
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Тема: Уредување на станот според FENG SHUI
    Испратена: 30.Март.2015 во 08:13

5 Знаци дека во вашиот дом владее добар фенг шуи


Проверете дали вашиот дом привлекува позитивна енергија и дознајте како можете истата да ја подобрите и внесете во животниот простор...

5-znaci-deka-vo-vasiot-dom-vladee-dobar-feng-shui-1

Доколку сакате домот да го уредите според фенг шуи правилата, дознајте што сѐ ја привлекува позитивната енергија:

1. Фенг шуи отворен простор

Внимателно проучете ја позицијата на вашиот дом: доколку сте блиску до железничка пруга, раскрсница или доколку тлото на вашиот двор е под падина тогаш треба да ги проучите поконкретните фенг шуи правила за поставеноста на домот.


2. Проток на позитивна енергија низ влезната врата

За проток на позитивната енергија пред вашата влезна врата не би требало да имате чевли, корпи, големо дрво или некои други предмети кои го попречуваат влезот.


3. Квалитетот на енергијата

Влезот во домот треба да изгледа пријатно за да ја привлекува добрата фенг шуи енергија. Која е првата работа што ја гледате кога влегувате дома? Дали е тоа отворена врата од бањата или скалила? За да ја привлечете и задржите добрата енергија неопходно е истата прво да ја насочувате кон кујната и спалната соба.


4. Фенг шуи тројство

Позитивната фенг шуи енергија главно се наоѓа во бањата, кујната и спалната соба. Потрудете се овие три простории да имаат цврста фенг шуи основа и водете сметка околу енергиите кои се емитуваат во нив.


5. Обновување на енергијата

Важно е фенг шуи енергијата секогаш да биде нова, чиста и слободна. Вашата работа никогаш не е завршена, туку треба секојдневно да обрнувате внимание на одржување на чистината во домот и средување на нередот. Почнете од ситниците, редовно проветрувајте и внесувајте што повеќе дневна светлина во домот. 

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 26.Октомври.2014 во 10:31

Фенг шуи: 5 места во домот на кои не смеете да чувате вода


Водата, по верувањата во Фенг шуи може да донесе бесконечна среќа и благосостојба, но сепак мора да се придржите до неколку основни правила.

feng-sui-5-mesta-vo-domot-na-koi-ne-smeete-da-cuvate-voda-01.jpg

За да ја активирате водената енергија, потребно ви е нешто што го симболизира тој елемент. Тоа може да биде мини фонтана или слика од вода поставена некаде во домот.

Но, еве на кои 5 места не смеете да го поставите овој елемент за да не постигнете спротивен ефект:

Од десната страна на влезната врата

Оваа локација на водата може да симболизира несреќа за вашето семејство ако сте во брак, а многу често се поврзува и со лошата репутација, ако не сте во брак.

Затоа, аквариумот, фонтаната или воедно-цветните аранжмани ставете ги од левата страна пред влезната врата или ходникот.

Водата секогаш нека тече кон домот, а не од него и нека биде оддалечена барем неколку метри од влезната врата.


Во спална соба

Водата која се користи во Фенг шуи ја носи енергијата Јанг, а спалната соба секогаш треба да биде Јин. Затоа водата во спалната соба му штети на здравјето.

Стручните лица тврдат дека дури и чашата вода на наткасната не треба да стои подолго од неколку часа, за да не се создаде негативна енергија.


Зад грб, во било која просторија

Аквариумите или собните фонтани никогаш не смее да ви бидат зад грб, односно зад мебелот на кој се седи.

Дури и сликите со водни мотиви се препорачува да бидат пред вас, а не зад вас додека одморате или работите.


Нечиста вода

Се работи за вода која се заматила или стои веќе подолг период. Тоа може да биде нечистиот аквариум или водата во вазата која не сте ја промениле неколку дена.

Собирањето на прашина во водата симболизира и привлекува болести.


Под скалите

Ова е уште едно место на кое не сакате да имате ништо водено, посебно ако имате деца.

Сите вази со цвеќе, водени аранжмани или аквариуми поставени под скалите може да влијаат на среќата на децата или потомството, а воедно и предвидуваат финансиска штета.

Добро разгледајте го домот и размислете каква промена ќе направите.

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 10.Октомври.2014 во 08:19

Фенг шуи правила за спокој во спалната соба


Древната кинеска вештина на уредување станува неверојатно популарна во светот, а нејзината тајна е во тоа што се труди да ја обезбеди максималната позитивна енергија во просторот во кој живеете.

feng-sui-pravila-za-spokoj-vo-spalnata-soba-01.jpeg

Ако во последно време чувствувате несоници и негативни соништа, вреди да внесете спокој преку едноставните фенг шуи правила.

1. Не чувајте повеќе од 2 книги во спалната соба - тие ја стимулираат работата на мозокот, наместо да го одморат.

2. Обидете се да ги избегнете јанг боите, како што се златната и црвената. Тие ја стимулираат енергијата која е лоша за вашиот сон.

3. Отстранете ги сите електронски уреди од собата. Електромагнетната енергија е повеќе од штетна за вашето здравје и одмор.

4. Просторот над или во близина на гаражата никогаш не треба да биде предвиден за спална соба.

feng-sui-pravila-za-spokoj-vo-spalnata-soba-2.jpg

5. Одржувајте ја собата уредна, без да претерувате со мебелот или сувенирите. На тој начин животната енергија чи ќе може непрестанато да минува низ неа.

6. Избегнувајте го поставувањето на украси со вода во спалната соба, затоа што по фенг шуи сите фонтани и аквариуми се сметаат за несреќна, па дури и за губење на богатството и благосостојбата.

7. Креветот не го ставајте до ѕидот кој ја дели спалната соба од бањата.

8. Бирајте еднобојна постелнина. Ако постелнината мора да има шари, избегнете ги геометриските принтови кои ја поттикнуваат негативната енергија и му пречат на вашиот одмор.

feng-sui-pravila-za-spokoj-vo-spalnata-soba-1.jpg

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 13.Април.2014 во 21:22

ПОВЕЌЕ ЉУБОВ ВО СПАЛНАТА СОБА СО ФЕНГ ШУИ СОВЕТИТЕ

5

Со примената на Фенг Шуи советите во продолжение за многу кратко време на само што ќе почувствувате подобрување на меѓусебните односи со партнерот/партнерката, туку ќе почувствувате подобрување и во сите сегменти на животот.

Пробајте и уверете се самите бидејќи нема што да загубите, а верувајте дека можете да добиете многу!

Спалната е соба во која треба да циркулира позитивна енергија, соба која треба да влегува природна светлина, треба да има бои кои одговараат како за во спална соба и креветот треба да е во добра положба.

Во зависност од уредувањето на спалната соба зависат односите со партнерот доколку живеете во заедница, или привлекувањето на сродна душа доколку живеете сами.

Проблемите кои настануваат во брачниот живот како што се огорченост, недоразбирање, неверство, расправии и емотивна оддалеченост се резултат на негативната енергија која провејува и преовладува во спалната соба.

Доколку сакате да им ставите крај на било кои од спомнатите проблеми, следете ги фенг шуи советите за уредување на спалната соба и уживајте во вашиот љубовен живот со вашиот партнер.

Бојата во спалната соба игра голема улога во подобрување на љубовниот живот. Сината боја симболизира одмор, светло розовата е симбол за среќа во заедничкиот живот, белата боја е симбол за смиреност.
Секоја боја има одредено значење според фенг шуи учењето, па доколку сакате да подобрите одреден аспект од вашиот живот, најдобро е да се консултирате со луѓе кои го уредуваат просторот според фенг шуи техниката и кои исто така ќе ви изработат индивидуална карта за просторот во кој живеете, за да видите која боја треба најмногу да биде застапена во вашиот дом.

Положбата на креветот е уште еден важен елемент за подобрување на љубовниот живот.
Најдобро е креветот да биде поставен паралелно со влезната врата во спалната соба.

Во никој случај не треба да се спие на кревет на кој нозете ќе ви бидат свртени кон влезната врата.

Доколку условите во спалната соба не дозволуваат поголеми промени кои ќе доведат до подобрување на состојбата, доволно е помеѓу креветот и вратата да поставите параван кој ќе го блокира погледот кон вратата – што според фенг шуи не е добро.

Најдобро е креветот да биде изработен од дрво и да е ваш сопствен, а не наследен од некои ваши предци, бидејќи во таков случај можно е да ги наследите сите проблеми кои ги имале и вашите предци.

Полиците кои се наоѓаат над креветот, нередот околу креветот, како и затрупаноста со плакари околу креветот даваат чувство на несигурност, тежина и чести главоболки.

Најдобро е околу креветот да нема ништо за да може енергијата да циркулира, а воедно ваквата положба е и симбол за нови познанства или обновување на врската.

За да се подобри комуникацијата и да се зголеми среќата во врската, според фенг шуи најдобро е да се постават две розови или црвени свеќи во кристални свеќници од двете страни покрај креветот.

Плакарите и регалите кои најчесто ги ставаме во спалните соби треба да бидат во хармонија со креветот. Најдобро е да се поставени во паралелна положба со креветот, да се со неутрални бои и да се оддалечени од самиот кревет најмалку еден метар.

Доколку имате огледало во спалната соба тоа никако не треба да е поставено спротивно од прозорецот и спротивно од креветот. Таквата поставеност само ги влошува односите со партнерот, а доколку сте осамени многу потешко ќе можете да воспоставувате нови познанства.

 

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 27.Март.2014 во 17:37

Фенг шуи: раздвижете ја позитивната енергија со различни мириси


Аромотерапијата е древен исцелителски метод. Мирисите, според фенг шуи, претставуваат манифестација на енергијата во просторот  во кој престојувате, па им се припишува лековита моќ затоа тоа што можат да активираат некои сегменти од животот.

OLYMPUS DIGITAL CAMERA

Најважно е домот да мириса на чисто бидејќи застојаните и непријатните мириси создаваат негативна енергија. Многу е важно просторот во кој живеете што почесто да се проветрува.

Претсобје

Се смета дека мирисот на босилек е идеален за претсобјето. Дури и кај нашиот народ го има обичајот гранчиња од оваа билка да се ставаат  на влезната врата за да ги заштитат домашните од негаривната енергија. Доколку станува збор за тесно и темно претсобје, се препорачува мирисот на мирта бидејќи ги отстранува мачнините.

Дневна соба

Иако во дневната соба можат да се чувствуваат разни мириси, не смее да се претерува бидејќи многу силен мирис  или измешани ароми можат да гушат и да ве прават нервозни. За разлика од другите простории, во дневната соба можат да се постават аранжмани од свежо цвеќе, ароматични свеќи или овопје. Покрајпортокалите, пожелно е просторијата во која се поминува повеќе време да мириса на бор, геранија или на лаванда. Мирисот на геранија е многу поволен особено за женските членки на домакинството. Исто така, овој мирис го поттикнува и собирањето на семејството. Мирисот на бор ја освежува просторијата, но не се препорачува за лица со висок крвен притисок. Лавандата дејствува смирувачки на енергијата на домот.

Спална соба

Во сон, мирисите интензивно влијаат на организамот и на неговата ревитализација. Мирисот на роза се препорачува за спалната соба бидејќи ја поттикнува хармонизацијата на партнерските односи, а придонесува за зближување на осамените. Мирисот на сандаловина е многу сензуален мирис, го намалува стресот па е посебно корисен кај лицата кои се напнати, како и кај оние кои имаат проблеми со сонот. Мирисот на камилица е како седатив, а исклучително им годи на нервно растроените лица.

Тоалет

За тоалетите најпогоден е мирисот на лимон, клека или мента. Лимонот ја освежува енергијата, одлично дезинфицира и влијае на имунолошкиот систем. Неколку капки мента можете да додадете во казанчето за вода или каде било во оваа просторија за да ја подигнете енергијата.

Канцеларија

За добрата работна атмосфера, најдобри се мирисот на ѓумбир, мандарина или намента. Мирисот на јасмин ја поттикнува креативноста, па се препорачува да се става во сликарските ателјеа.

 Треба да се одбегнуваат вештачките распрскувачи бидејќи се мешавина на разни мириси и хемикалии кои лошо влијаат врз здравјето. Природните мириси имаат предност, особено билките. Саксија со нане или со босилек на кујнскиот прозорец, дрвото од лимон или портокал на терасата или во дворот, ќе влијаат позитивно и на промените во домот. Определете се за природни извори на мириси како што се масла, свеќи, свежо цвеќе или овопје.

Особено се смета за одличен мирисот на портокал во секоја просторија. Тој влијае освежувачки и поттикнувачки, покрај тоа придонесува во вашите простории да струи позитивна енергија. Донесува живост, а се поврзува и со благосостојбата и со виталноста.

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 26.Март.2014 во 22:47

Основните правила на фенг шуи



Многу луѓе се трудат да го инкорпорираат феннг шуи во својот дом, но не знаат од каде да започнат. Овие совети можат да ви бидат појдовна точка.

feng shui

Елиминирајте го нередот –  Ова е апсолутно најважен, но и еден од најлесните совети по фенг шуи.

Исчистете сè - Домот нека ви биде среден. Поправете сè што не работи, а сè што повеќе не користите или не го сакате, исфрлете го.

Осветлување – Отворете ги ширум прозорците и кренете ги ролетните за да влезе природно светло во вашиот дом.

Избегнувајте остри рабови – По фенг шуи острите рабови ја привлекуваат негативната енергија. Па, обидете се да ги ублажите на некој начин, на пример со прекривки на масата, кебиња на креветот и слично.

Поправете ги сите доводи и одводи – Погрижете се ништо да не тече во вашиот дом, бидејќи тоа симболизира истекување од вашиот живот.

Бои – Ентериерите не би требало да бидат обоени во повеќе од три бои.

Работната маса свртете ја кон вратата – Ако работната маса ви гледа во ѕидот пред вас поставете огледало за да имате поглед кон вратата и да забележите ако некој ви се приближува.

Исфрлете ги електричните апарати од спалната соба – На телевизорот, компјутерот, па дури ни на лаптопот не им е местото во спалната соба.

Вратата од бањата држете ја затворена – Посебно во текот на ноќта, бидејќи енергијата од бањата треба да биде одвоена од останатиот дел од станот.

Бидете позитивни – Околу себе ширете позитивна енергија и на тој начин ќе го осветлувате и својот дом и светот околу себе.



Изменето од Valerija - 26.Март.2014 во 22:47
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
pett Кликни и види ги опциите
Нов член
Нов член


Регистриран: 18.Март.2014
Статус: Офлајн
Поени: 3
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај pett Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 18.Март.2014 во 10:04
koja e istovremeno nauka i  umetnost; ovozmozuva svojot zivot da go dovedete vo harmonija so moknata energija na zemjata.Kako tehnika za ureduvanje na prostorot e nacin za pravilno osmisluvanje i rasporeduvanje na prostoriite ,mebelot i sl.

Изменето од Анастеа - 18.Март.2014 во 10:11
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 22.Февруари.2014 во 18:16

Работи од кои според фенг шуи мора да се ослободите

Работи од кои според фенг шуи мора да се ослободите

Фенг шуи вели дека не е сѐ во позиционирањето на предметите во домот, затоа што секој од нив носи одредена енергија. Ова е списокот на предмети од кои треба веднаш да се ослободите затоа што нивната енергија воопшто не е позитивна.

Суво цвеќе

Сувото цвеќе создава лош фенг шуи затоа што претставува неподвижна енергија. Затоа би било најдобро да се ослободите од букетот од матурската вечер. Живите билки што растат ставете ги во близина на влезот во домот.

flowers-and-chair-copy-720x536(pp_w670_h498)

Нефункционални апарати

Експертите за фенг шуи сметаат дека електронските апарати претставуваат сила и моќ. Нефункционалните апарати со текот на времето ќе се манифестираат во форма на здравствени проблеми или проблеми на работа. Или поправете ги апаратите или фрлете ги. Подобро е просторот да биде празен, отколку да биде исполнет со расипан телевизор или тостер.

Овенати билки

Билките во фенг шуи симболизираат раст, но само ако растат. Ако собните билки ви умираат, ќе имате проблеми. Можеби ќе ви биде тешко да станете наутро, а на работа ќе чувствувате умор. Ако билките страдаат поради вашата невнимателност, фрлете ги и набавете здрави.

Стара храна

999CatGwynngetty

Фенг шуи ја гледа храната како симбол на способноста да примате и давате љубов. Затоа фрижидерот полн со стара, расипана храна може сериозно да ја загрозите вашата врска. Чистете го на неделна база. Фрлете сѐ што не може да се јаде.

Фотографии од поранешните

Дури и ако сте во добри односи со поранешните партнери, не е здраво нивните фотографии да стојат на видливи места. Фотографиите сами по себе содржат силна енергија и имаат големо влијаени на потсвеста.

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 22.Февруари.2014 во 17:32

Фенг – шуи во вашиот дом

Фенг – шуи во вашиот дом

Фенг – шуи вештината за уредување на вашиот дом има многубројни предности. Таа се занимава со протокот и кружењето на животната енергија наречена Чи која е зависна од Јинот (позитивната енергија) и Јангот (негативната енергија). Правилно распоредените фенг – шуи елементи имаат способност да ја акумулираат позитивната енергија во вашиот дом. Добрата контрола на енергијата во вашиот дом, ќе допринесе вашиот живот да се подобри и вие ќе привлекувате повеќе среќа и богатство.

e

Слободна циркулација на енергијата во просторот во кој живеете ќе овозможите со правилен распоред на мебелот и декоративните детали.

Во просторијата за дневен престој книгите треба да бидат уредно наредени на полиците, а статуетките и сувенирите поставени на видно место. Будата како симбол на богатство според фенг – шуи уметноста треба да биде дел од секој дом.

o

Исушените растенија во саксиите треба да бидат отстранети од дневната соба. Спалната соба е место за детали со романтични мотиви како и кристали во сите форми и големини.

h

Подовите секогаш треба да бидат чисти и уредно покриени со килими или теписи. Погледнете неколку фотографии со фенг – шуи елементи и обидете се идеите да ги пренесете во вашиот дом. Како мотив нека ви послужи еден од најбогатите луѓе на светот Доналд Трамп кој за уредување на своите резиденции и деловни простории ги има ангажирано врвните експерти за фенг шуи.

f g

b d (1)

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 28.Декември.2013 во 13:58
Избор на мебел (фенг шуи)



Според фенг шуи, во домот подобро е да има нов мебел отколку старински мебел од антикварница. Ова особено важи доколку не сте експерт за старински мебел, бидејќи со внесување на стари предмети во домот може да се внесе лоша енергија. Овој мебел може да има застоена енергија која може да не се вклопи добро со енергијата на останатиот мебел.


При изборот на комода, фенг шуи препорачува таа да нема остри рабови, туку заоблени и на тој начин да не изгледа заканувачки. Од истата причина, поповолни се и комоди кои имаат врати кои ги сокриваат отворените полици. Всушност, воопштено правило според фенг шуи е дека добро парче мебел е она парче кое нема остри, "заканувачки" ивици.

Избегнувајте комоди кои се работени во резба која отсликува опасни животни. Енергијата на таквите тешки парчиња мебел може да го преплави домот.
Комодите кои во дизајнот имаат крстови, дијаманти и било какви врвови, не им носат среќа на сопствениците.


Кружна, овална и октагонална маса поставена во трпезаријата е многу посоодветна отколку квадратна или правоаголна, бидејќи нема остри ивици кои ги раздвојуваат луѓето.

Плакарите вградени во ѕидот делуваaт позитивно бидејќи ги пополнуваат аглите на собата.

При избор на гарнитура за седење треба да се знае дека добар распоред на елементите е постигнат кога тие формираат правилен облик: правоаголник, квадрат, или осмоаголник кој се смета за исклучително поволен за распоред на мебелот во дневната соба, како и за дизајнот на прекривката на трпезариската маса.

Избегнувајте распоред на елементите од гарнитура за седење во облик на буквата L или U, бидејќи на тој начин сугерирате дека нешто не е потполно или дека нешто недостасува.
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 28.Декември.2013 во 13:58
Фенг шуи: истокот – сектор на здравјето


Според фенг шуи, источниот дел од домот е сектор на здравјето. Неговиот симбол е дрвото, кое може да биде претставено со растенијата. Бојата која одговара на овој сектор е зелената, а исто така поволно влијае и сината, бидејќи во продуктивниот циклус на елементите водата го создава дрвото.

Во овој дел од домот поволно е да се постават повеќе растенија, освен ако станува збор за спална или детска соба. Тоа не треба да бидат растенија со шилести листови или цветови. Освен саксиско цвеќе може да постават и слики со дрва. Вазна со цвеќе или сад со вода во која ќе пливаат цветови подеднакво е ефикасна како и собната фонтана. Важно е да се води грижа за растенијата за да бидат здрави, а водата во вазната или фонтаната да биде свежа.

Што се однесува до водата има неколку работи на кои треба да се внимава. Таа не треба да е поставена во спална или детска соба, таа никогаш не треба да стои позади грбот, дури ни на слика, не смее да биде устоена, не треба да биде под скали или од десна страна од влезната врата, гледано од внатре кон надвор.

Во источниот сектор не треба да се претерува со водата . Тука треба да доминира зелената боја и растенијата. Водата може и симболично да биде присутна со некој син детал.

Постојат одредени растенија кои се сметаат за исклучително поволни за источниот сектор. Тоа пред сè се жолтите хризантеми, а тука се вбројуваат и жолтата магнолија, божури во сите бои, орхидеи и сливовиот цвет.

Според фенг шуи, источниот сектор во спалната соба треба да се активира доколку некој е болен и притоа не се користат растенија, туку првенствено зелената боја која симболизира здравје и долговечност.


Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 28.Декември.2013 во 13:57
Осветлување (фенг шуи)


Во фенг шуи светлото е битен елемент на поттикнување на животната енергија во просторот, но важно е и да се пронајде рамнотежата, бидејќи ни премалку, ни премногу светло не е поволно. Ако во просторијата влегува премногу сонце, таа може да стане премногу загреана и неудобна за престој. Во тој случај треба да се стават полупроѕирни завеси или ролетни (по можност од природен материјал). Од друга страна, просториите кои се свртени на север или оние низ кои влегува малку дневно сонце стануваат умртвени.


За активација на темните простории или агли се користат вештачки извори на светло: лустери, плафоњерки, столни и подни лампи како и рефлектори.


Во спалните соби се препорачуваат пригушени светла и повеќе извори на послаба светлина, додека во дневните соби потребно е да се постават повеќе расветни тела со различна јачина. Во кујната и купатилото пожелна е добра расвета - никако не се препорачуваат слаби лампи или плафоњерки.


Во трпезаријата доволно е да има лустер, т.е. неколку рефлектори над масата, или свеќници, но силното директно светло над масата не е добро.


Работните простории истотака бараат добро осветлување, а столната лампа е неизоставен извор на светлина. Лампите (подните и столните) се насочени кон таванот помагаат во активација на просторот со кос кров, кај ниски простории, како и кај оние кои имаат габаритна покуќнина.


Сјајните предмети имаат способност за рефлектирање, тие ја активираат енергијата така што ја привлекуваат или ја зголемуваат светлоста. Посебно се корисни во мрачните агли, т.е. во празните, неукрасени подрачја.


Во сјајни предмети ги вбројуваме огледалата, стаклото, кристалите и сите предмети со сјајни поврина. При поставување на предметите со сјајна површина, треба да се види дали во нив се рефлектира нешто вредно или позитивно.


Огледалата, според фенг чуи, удвојуваат се што се случува околу нив. Поради тоа посебно внимание треба да се посвети на правилното поставување на огледалата во просторот, за да не го удвојуваат несаканото. Поволно е кога се поставуваат огледала во долг ходник. Особено е добро огледалото да го има во трпезаријата, бидејќи ја удвојува храната која се поврзува со благосостојбата. Огледалото не треба да биде спроти: влезната врата, прозорците, WC шољата, фрижидерот, креветот како и да гледа во друго огледало.
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 28.Декември.2013 во 13:56
Фенг шуи во детска соба



Потребите на детето во периодот на растење често се менуваат, па затоа се препорачува на неколку години да се преуредува детската соба, барем во нејзините детали. Доколку сте во можност, избирајте само природни материјали.

Детската соба има повеќенаменска улога, па така освен за спиење се користи и за игра и за забава со пријателите. Оваа просторија е место во кое се изразува детската среќа, нивната креативност, љубопитност, тага, лутина. Доколку детето не сака да го минува времето и да спие во неа, проверете дали е лош фенг шуи на собата.



Уредете ја просторијата едноставно и удобно, прилагодена на возраста на детето. Изберете природни, лесни материјали со светли бои. Во детските соби никако не се препорачува тежок, масивен мебел со темни бои бидејќи тој исклучително многу ја забавува енергијата. Секако оставете доволно простор за игра.

Детската соба брзо станува пренатрупана со играчки што делува негативно на расположението и на размислувањето на детето. За складирање на играчките поволни се лесни кутии и сандаци кои се наоѓаат на подот, полици или неколку мали шкафчиња. Висечките кошари за ситни играчки претставуваат практично и декоративно решение. Поттикнете го детето пред спиење да ја уреди својата соба. Сите уништени, стари играчки и книги и облеката која детето ја надраснало отстранете ги од собата.

Одберете кревет кој има заглавје од полн материјал. Креветот со заглавјето треба да биде прилепен до ѕидот и поставен на тој начин што детето ќе може да го види влезот во собата. Поставување на креветот под прозорец или на средина на собата не е поволно.



Сè што се наоѓа над креветот и го притиска детето додека спие (како што се полици или шкафчиња) има штетно влијание на квалитетот на сонот и на здравјето. Поместете го креветот за да го избегнете ова негативно влијание. Ѕидовите околу креветот може да ги украсите со постери со мотиви на природа, животни, ликови од цртани филмови или со идолите на детето. Се препорачува за големите површини, како што се ѕидовите, да се изберат пастелни нијанси, додека интензивните бои помалку да се употребуваат. Црната и црвената боја се единствени бои со кои треба да бидеме внимателни.

На пазарот се почесто може да се најде убаво дизајниран детски мебел со секоја фиока или вратичка во различна, интензивна боја. За целосно уживање во детската соба побарајте разнобојни рамки за фотографиите, столни ламби, ѕидните часовници, украсни перничиња, закачалки за облеката, метро за мерење на висина и садови за боички.

Присуството на аквариуми, растенија или фонтани треба да се избегнува, бидејќи создаваат неповолна јанг енергија во детската соба. Огледалата исто ја држат “будна” детската соба што претставува проблем во ноќните часови кога детето треба да спие.

При изборот на украсите и мебелот вклучете ги децата и овозможете им да внесат што е можно повеќе идеи во овој простор, дури и да не се по ваш вкус. Добро уредената соба во која вашето дете се чувствува сигурно и пријатнo ќе има позитивно влијание на неговиот развој.
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
gonzo Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Мачкозил

Регистриран: 04.Декември.2008
Локација: У дневну
Статус: Офлајн
Поени: 3137
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај gonzo Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 24.Декември.2013 во 19:56
- Поканете парен број гости.


 Ин кејс да дојде некој непарен, учтиво кажете му да почека пред врата додека не налета уште некој па да се спарат.

- Драгите луѓе не треба да седат во близина на вратата. Оној кој седи прв до влезот, тој прв си заминува.

За спроведување на овој совет, пред пристигнување на гостите рангирајте ги поред принципот драги- макс поени, недраги нула бодови. Сходно на рангирањето тие со мал број на бодови наредете ги околу влезната врата.
Пример: Мајка ви - 10 бодови (место во центарот на собата), Свекрвата- 0 бодови ( залепена до врата ) итн.
You have the right to remain silent. Anything you say will be misquoted, then used against you.
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  123 9>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,328 секунди.