IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Стил на живот > Уметност , култура и традиција
  Активни теми Активни теми RSS - Настани за денес
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Настани за денес

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 234
Автор
Порака
defma Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 13.Март.2008
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 716
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај defma Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 10.Јули.2009 во 10:47
КОНЦЕРТ НА ГУДАЧКИОТ КВАРТЕТ „МАРИЈА“
„Вирус“ на улица Македонија

Гудачкиот квартет „Марија“ од Скопје вечерва ќе одржи концерт на улица „Македонија“, пред Ристиќевата палата од 21 часот, во рамки на фестивалот „Скопско лето“. Виолинистките Пламенка Трајковска, Лада Петровска и Дубравка Зајкова, како и виолончелистот Дејан Теодосиевски, кои го чинат квартетот „Марија“, пред скопската публика ќе се претстават со новиот проект насловен „Вирус“. „Вирус“, велат критичарите, е чекор напред во креативноста на гудачкиот квартет, кој е познат по интерпретација на дела од класичната музичка литература и по модерните музички изрази кои се меланж на филмска музика, поп, фолклорни теми и друго. И во најновиот музички проект, младите музичари прават нови аранжмани на класични теми вметнувајќи звуци од рок и техно-музиката, што ги прави интересни за пошироката публика. Гудачкиот квартет „Марија“ е формиран во 1997 година од музичари кои се членови на Македонската филхармонија, а дел од нив се вклучени и во други оркестри, како Ревискиот оркестар при Македонската радио-телевизија и други.

Се надевам дека времето ќе биде добро за да мо`е да се посети.
Кон врв
mamamd Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Почесна конзулка

Регистриран: 02.Ноември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 25679
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај mamamd Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 20.Јули.2009 во 09:06
Кон врв
pcelka Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 10.Март.2009
Статус: Офлајн
Поени: 3326
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај pcelka Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 25.Август.2009 во 09:29
Не се настани за денес, туку се настани за деновите што доаѓаат  голема%20насмевка
 
Биенале на млади уметници 2009 
 
Скопје од 3 до 12 септември ќе биде европски центар на културни случувања и домаќин на преку 1000 гости од странство од кои 700 млади уметници од Европа и Медитеранот. Од 15 август и официјално започнуваа подготовките на локациите во градот каде ќе се претстават уметниците од 46 земји. Уметничките порти ќе бидат отворени со концертот на познатите џез музичари, трубачот Френк Лондон, кој е и добитник на Греми наградата, тубистот Боб Стјуарт, и тромбонистот Џанлука Петрела. Во Скопје ќе гостува и Давор Брукета еден од најпознатите дизајнери, а поканети се и нашата светски позната поетеса Лидија Димковска и режисерот Горан Стефановски. Патрон на овој настан кој се одржува по 14 пат, за првпат на тлото на нашата држава и Балканот, е еврокомесарот за култура Јан Фигел.
 
Театарските претстави и изложби ќе се случуваат во затворени објекти, КИЦ, МКЦ, музеи и театри и објекти на Националната галерија..., а настани ќе има и на отворено. Концерти и перформанси ќе се одржуваат и на кејот 13 Ноември, на улицата и плоштадот Македонија каде се планирани 11 концерти. Настаните започнуваат на 4 септември и ќе се одвиваат секојдневно, а изложбите  се поставени  во галериите од 15 август.
 
секој нов ден, носи нова надеж...
Кон врв
Majkl Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 20.Јуни.2008
Статус: Офлајн
Поени: 3019
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Majkl Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 12.Мај.2010 во 21:21
ВЕЧЕРИ НА УНГАРСКИ ТАНЦИ во Скопје од 13-15. мај 2010

Програма:

Четврток, 13. мај 2010 во 20:00 во Драмски Театар (нас. Карпош 2)
Танчерска дружба PR-Evolution: 2МЕ

Петок, 14. мај 2010 во 20:00ч. во Драмски Театар (нас. Карпош 2)
гостува Театар за танц на Централна Европа:
АРЕНА


Сабота, 15. мај 2010 во 20:00ч во Дом на АРМ
Танцувачки Ансамбл на Сегедин
БОИТЕ НА ТАНЦОТ


ВЛЕЗ СЛОБОДЕН*



*Влезот е со бесплатни карти кои можат да се подигнат на благајната на Драмски Театар и Дом на АРМ.
Кон врв
mamamd Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Почесна конзулка

Регистриран: 02.Ноември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 25679
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај mamamd Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 04.Јуни.2010 во 14:34
Кон врв
Andjelina Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Miss High Hill’s

Регистриран: 07.Ноември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 14129
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Andjelina Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 04.Јуни.2010 во 15:43
ПРОГРАМА
 
 
45. МАКЕДОНСКИ
ТЕАТАРСКИ ФЕСТИВАЛ
"ВОЈДАН ЧЕРНОДРИНСКИ"
ПРИЛЕП
04 - 10. јуни, 2010
 
  Петок, 4 јуни
19:00 Изложба на скулптури "ЛИНК" (поврзување)
Автор: Жарко БАШЕСКИ
  Ликовна галерија - Дом на култура "Марко Цепенков"   
19:00 Изложба "ДЕ НИРО"
  Фоаје - Дом на култура "Марко Цепенков"   
20:00 СВЕЧЕНО ОТВОРАЊЕ
Доделување на наградите за животно дело
Дејан ДУКОВСКИ
  ТУПАНИЦА ПОЛНА СО ЉУБОВ
  Режија: Санди ЛОПИЧИЌ
  Македонски народен театар - Скопје
  Дом на култура "Марко Цепенков"    (официјална програма)

  Сабота, 5 јуни
12:00 Промоција: "ЖИВОТ СО ПАТРДИИ" од Мирјанка Р. СЕЛЧАНЕЦ
Промотор: проф. Д-р Александар СТЕРЈОВСКИ
  Камерна сала "Сцена 105" - Дом на култура "Марко Цепенков"   
19:30 Аугуст СТРИНДБЕРГ
  СТРИНДБЕРГ ДОСИЕ
  Режија: Владо ЦВЕТАНОВСКИ
  НУЦК "Антон Панов" - Театар Струмица
  Дом на култура "Марко Цепенков"    (официјална програма)
22:00 Бертолт БРЕХТ
  КАВКАСКИОТ КРУГ СО КРЕДА
  Режија: Мартин КОЧОВСКИ
  НУЦК "Марко Цепенков" - Театар "Војдан Чернодрински" - Прилеп
  Народен театар "Војдан Чернодрински"    (официјална програма)
24:00 Венко АНДОНОВСКИ
  ГРАНИЦА
  Режија: Софија РИСТЕВСКА
  МАЛ ДРАМСКИ ТЕАТАР - Битола
  Дом на култура "Марко Цепенков"    (придружна програма)

  Недела, 6 јуни
19:30 Владимир ЃУРЃЕВИЌ
  НЕ ИГРАЈ НА АНГЛИЧАНИ
  Режија: Кирил ПЕТРЕСКИ
  НУЦК "Трајко Прокопиев" - Театар Куманово
  Народен театар "Војдан Чернодрински"    (официјална програма)
22:00 Исмаил КАДАРЕ
  ГЕНЕРАЛ НА МРТВАТА ВОЈСКА
  Режија: Дино МУСТАФИЌ
  Албански театар - Скопје
  Дом на култура "Марко Цепенков"    (официјална програма)
24:00 Стивен КИНГ
  ГНЕВ
  Дипломска претстава на студентите по актерска игра при ФДУ Скопје во класата на Проф. Кирил РИСТОСКИ и Доц. Зоја БУЗАЛКОВСКА
  Факултет за драмски уметности - Скопје
  Народен театар "Војдан Чернодрински"    (придружна програма)

  Понеделник, 7 јуни
12:00 ТРИБИНА
Модератор: Ѓорѓи ЈОЛЕВСКИ
  Камерна сала "Сцена 105" - Дом на култура "Марко Цепенков"   
19:30 Матеј ВИСНИЕК
  ЖЕНАТА КАКО ВОЕНО ПОЛЕ
  Режија: Владлен АЛЕКСАНДРОВ
  Драмски театар - Скопје
  Дом на култура "Марко Цепенков"    (официјална програма)
22:00 Горан СТЕФАНОВСКИ
  БАХАНАЛИИ
  Режија: Наташа ПОПЛАВСКА
  НУЦК "Ј.Х.К Џинот" - Театар Велес
  Народен театар "Војдан Чернодрински"    (официјална програма)
24:00
  ПЛЕЈ БЕКЕТ
  Дипломска претстава на студентите по актерска игра при ЕСРА - Скопје во класата на Ѓорѓи ЈОЛЕВСКИ
  ЕСРА - Скопје
  Дом на култура "Марко Цепенков"    (придружна програма)

  Вторник, 8 јуни
12:00 СТО И ПЕДЕСЕТ ГОДИНИ ОД РАЃАЊЕТО НА ЧЕХОВ
Модератор: Блаже МИНЕВСКИ
  Камерна сала "Сцена 105" - Дом на култура "Марко Цепенков"   
19:30 Аугуст СТРИНДБЕРГ
  ГОСПОЃИЦА ЈУЛИЈА
  Режија: Александар ПОПОСКИ
  Турски театар Скопје
  Дом на култура "Марко Цепенков"    (официјална програма)
22:00 Дејан ДУКОВСКИ
  БАЛКАНОТ НЕ Е МРТОВ
  Режија: Стојан СТОЈАНОСКИ
  НУЦК "Ацо Шопов" - Театар Штип
  Народен театар "Војдан Чернодрински"    (официјална програма)
24:00 Славомир МРОЖЕК
  КУЌА НА ГРАНИЦА
  Режија: Арбен ТХАЧИ и Петрит НЕЗИРИ
  Тетовски театар - Тетово
  Дом на култура "Марко Цепенков"    (официјална програма)
24:00 Тихомир СТОЈАНОВСКИ
  БУДЕЊЕ НА АНГЕЛИТЕ
  Режија: Слободанка ЧИЧЕВСКА
  КУЛТУРЕН ЦЕНТАР СКРБ И УТЕХА
  Црква "Св. Никола" - Варош    (придружна програма)

  Среда, 9 јуни
12:00 СУШТИНАТА НА ТЕАТАРОТ
Модератор: Бранко СТАВРЕВ
  Камерна сала "Сцена 105" - Дом на култура "Марко Цепенков"   
19:30 Т. КАЦАРОВ
  СО ВКУС НА ОВОШЕН СЛАДОЛЕД
  Режија: Владлен АЛЕКСАНДРОВ
  Драмско-куклен театар "Константин Величков" - Пазарџик Р. Бугарија
  Камерна сала "Сцена 105" - Дом на култура "Марко Цепенков"    (придружна програма)
22:00 Ф. М. ДОСТОЕВСКИ
  БРАЌА КАРАМАЗОВИ
  Режија: Дејан ПРОЈКОВСКИ
  Народен театар - Битола
  Дом на култура "Марко Цепенков"    (официјална програма)
24:00 Игор БАУЕРШИМА
  www.norveska.denes.com.mk
  Режија: Зоја БУЗАЛКОВСКА
  Албански театар - Скопје
  Народен театар "Војдан Чернодрински"    (придружна програма)

  Четврток, 10 јуни
20:00 СВЕЧЕНО ЗАТВОРАЊЕ
Доделување на наградите
Стале ПОПОВ
  КРПЕН ЖИВОТ
  Режија: Владо ЦВЕТАНОВСКИ
  ПРЕТСТАВА ПО ПОКАНА ЗА СВЕЧЕНОТО ЗАТВОРАЊЕ
  НУЦК "Марко Цепенков" - Театар "Војдан Чернодрински" - Прилеп
  Плоштад "АЛЕКСАНДРИЈА"   
Никогаш не научив дали е подобро да носиш патики или штикли кога ќе тргнеш во потрага по делот од душата кој ти недостасува

Кон врв
kejt-d-grejt Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 05.Ноември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 6228
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај kejt-d-grejt Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 07.Јуни.2010 во 02:52
само шо се вратив од театар
ја гледав Дипломската претстава на младите актери во класата на професор Кирил Ристоски,

ГНЕВ од Стивен Кинг

без претерување, претставата беше ФЕНОМЕНАЛНАда Главниот лик го играше Александар Степанулески, детето беше - ГРОМ!!! Играше и оној пејачон Влатко Илиевски, и тој дипломира на ФДУ, не ми се бендиса баш, подобро нека си пее. А другите сите, ама сите беа прекрасни.
Воодушевена сум, ми се наполни душава со убаиниголемо%20гушкање

Мислам дека ја поставиле и како редовна претстава во Драмски. Ако имате прилика, гледајте ја, нема да зажалите

Така... ај сега да си легнамсреќа


се' што е убаво во животот е поезија. сето друго е проза
Кон врв
sanja-a Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Only God Can Judge Me!

Регистриран: 12.Април.2009
Статус: Офлајн
Поени: 13457
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај sanja-a Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 08.Јуни.2010 во 18:11
Концерт на традиционална музика од Македонското Поднебје со класата при ДМБУЦ на проф.Бајса Арифовска

08.06.2010

Уметничка галерија:Даут Пашин Амам

Почеток:20.00 ч.
Обожавам луѓе кои ме смеат.
Искрено, мислам дека смеењето е нешто што го сакам најмногу.
Тоа лечи многу болести. Можеби тоа е најважното нешто кај човекот.
Одри Хепберн
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 234
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,266 секунди.