IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Спорт > Фудбал
  Активни теми Активни теми RSS - Најголем фудбалски стадион во светот
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Најголем фудбалски стадион во светот

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 345
Автор
Порака
Schatzii7 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Unglaublich

Регистриран: 19.Октомври.2011
Локација: Lost somewhere
Статус: Офлајн
Поени: 7055
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Schatzii7 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 08.Декември.2013 во 18:10
10 најголеми стадиони во светот

1. Рунградо Мејдеј Стадионот (150.000)

најголемите стадиони 2

Рунградо Мејдеј е изграден во Пјонгјанг, Северна Кореја во 1989 година и може да собере 150.000 гледачи. Но, во 1995 година дури 190.000 луѓе успеале да влезат за да следат меч во професионално борење.

2. Солт Лејк Стадионот (120.000)

најголемите стадиони

Според името можеби помисливте дека овој стадион се наоѓа во Америка, но всушност е во едно од предградијата на Колката во Индија. Собира 120.000 гледачи.

3. Бивер Стадионот (107.282)

најголемите стадиони 3

Овој стадион е сопственост на државниот универзитет на Пенсилванија. Изграден е во 1960 година со капацитет од 46.284 гледачи, но по најновата надградба во 2001 година има капацитет од 107.282 гледачи.

4. Стадионот Мичиген (106.201)

најголемите стадиони 4

Стадионот на Универзитетот од Мичиген има прекар „Големата куќа“. Изграден во 1927 година и планиран за 70.000 гледачи, преку повеќе надградби денешниот капацитет е 106.201. Нејневеројатниот факт за овој стадион е тоа што од 1975 наваму немал помала посетеност до 100.000 гледачи.

5. Стадионот „Ацтека“ (105.000)

најголемите стадиони 5

„Ацтека„ се наоѓа во Мексико Сити и е официјалниот стадион на кој Мексиканската репрезентација ги игра фодбалските натпревари. На него исто така игра и клубот Америка. Изграден е 1968 година за Олимписките игри, а на него се играни и 2 финални натпревари од Светското првенство во фудбал 1976 и 1986 година. Овој стадион е светски познат бидејќи токму тука во 1986 година Марадона во четврт-финалето против Англија го постгна голот кој потоа стана познат како „Божјата рака“. Со капацитет од 105.000 гледачи овој стадион е најголемиот стадион во Латинска Америка и 5-от најголем во Светот.

6. Стадионот Охајо (102.329)

најголемите стадиони 6

Стадионот на Универзитетот Охајо има капацитет од 102.329 гледачи за натпреварите во американски фудбал, но за концерти може да собере и 110.000.

7. Стадион Брајант-Дени (101.000)

најголемите стадиони 7

Брајант-Дени стадионот е лоциран во Алабама каде што тимот на Универзитетот на Алабама ги игра натпреварите во колеџ лигата. Капацитетот му е 101.000 гчедачи.

8. Меморијалниот стадион Дарен К. Ројал (100.119)

најголемите стадиони 8

Се наоѓа во Остин, Тексас и е дом на тимот на Универзитеот на Тексас од 1924 година. Овој стадион е најголемиот стадион во Тексас според седечкиот капацитет.

9. Стадионот за крикет во Мелбурн (100.018)

најголемите стадиони 9

Иако низ светот постојат повеќе стадиони што собираат по 100.000 гледачи, овој стадион се најде на листата поради неговата историја. Изграден е во 1853 година, а првиот крикет натпревар е одигран на 30 септември 1854 година. До 1970 година стадионот можел да собере и до 130.000 гледачи, но денес поради реновациите и безбедносните правила капацитетот му е само 100.018.

10. Стадионот Нејленд (100.011)

најголемите стадиони 10

Се наоѓа во Ноксвил, Тенеси, САД и е дом на тимот од Тенеси во лигата на Американски фудбал. Претходно собирал околу 104.000 гледачи, но со најновите реновирања капацитетот му е намален на само 100.011.

Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 345
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,203 секунди.