IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Здравје > Исхрана и кулинарство
  Активни теми Активни теми RSS - Палачинки
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Палачинки

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 17181920>
Автор
Порака
Omar Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Too young to die...

Регистриран: 22.Февруари.2009
Статус: Офлајн
Поени: 12633
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Omar Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 04.Април.2015 во 19:57

Француски, австриски или американски палачинки?

 

Француските палачинки познати како „crepes“ се тенки палачинки полнети со разновидни  вкусови. Тие не се само благи, можат да бидат и солени, полнети со павлака, месо, зеленчук, јајца па дури и риба. Палачинките веќе не се само за појадок, тие се совршен избор за секое јадење во денот.

 

Австриските палачинки Kaiserschmarrn“ можеби Ви се познати. Смесата според која се подготвуваат е малку погуста и крајниот резултат не е класична палачинка. Тестото за палачинките се дели на делови за време на печењето и се додаваат различни состојки како малини, лешници или суво грозје. Ако не се снаоѓате во превртувањето на палачинките, со австриски палачинки не можете да погрешите .

 

Американските палачинки се подебели и помали од француските, па затоа се полесни за правење. За разлика од Французите кои ги полнат палачинките па потоа ги замотуваат или ги превиткуваат, Американците едноставно ставаат благи сирупи, различни видови на овошја, дури и слатка павлака врз палачинките и тие се спремни за јадење.

Кон врв
Omar Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Too young to die...

Регистриран: 22.Февруари.2009
Статус: Офлајн
Поени: 12633
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Omar Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 09.Април.2015 во 23:22
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 23.Мај.2015 во 07:59

За да не валкате садови: Палачинки во шише


Наместо да валкате садови или чинии со цел да ја направите смесата за палачинки, сега ви е доволно да пронајдете само едно празно шише...

za-da-ne-valkate-sadovi-palacinki-vo-sise-01.jpg

Отсега правењето на палачинки ќе ви стане лесно како песна. 

За подготовка на тестото потребно ви е:

  • 2 јајца
  • 10 полни супени лажици брашно
  • 3 супени лажици шеќер
  • ½ кафена лажичка сол
  • 3 супени лажички масло
  • 600ml млеко
  • Газирана вода

Начин на подготовка:

Во празно шише ставете инка и додајте го брашното, шеќерот и солта. Потоа додајте ги јајцата, маслото, млекото и 3 чаши газирана вода. Прво одат сувите состојки, а потоа течните.

Затворете го шишето и добро протресете ја смесата за да се изедначи. Ако темелно го протресете шишето, нема да останат грутки.

Потоа земете тавче, стајте малку масло и истурајте од смесата од шишето во тавчето и печете ги палачинките.

za-da-ne-valkate-sadovi-palacinki-vo-sise-02.jpg

Не морате целото тесто одеднаш да го потрошите. Оставете го шишето со смесата во ладилникот и подгответе свежи палачинки и утре. 

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 06.Јуни.2015 во 14:38

Рецепт на денот: Палачинки од кои тече чоколаден крем


За највкусните палачинки во светот, потребен ви е само овој рецепт. Не се тешки за правење, само има еден необичен трик кој мора да го испробате.

recept-na-denot-palacinki-od-koi-tece-cokoladen-krem-01.jpg

Направете густо тесто за американски палачинки по следниов рецепт:

  • 1 лажичка прашок за печиво
  • Неколку зрна сол
  • 1 лажичка шеќер
  • 2 големи јајца
  • 30g путер
  • 300ml млеко
  • 225g брашно (може да додадете уште 30-50g за да ја добиете вистинската густина)

Најлесен начин да го направите тестото е сите состојки да ги измешате во блендер. Но, ако сакате да ги направите рачно, прво растопете го путерот.

Измешајте го заедно со изматените јајца и млекото, а потоа постепено додавајте ги сувите состојки.

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 19.Август.2015 во 08:35

Сочни и меки: Зебра палачинки


Веројатно досега сте слушнале за зебра колачот и зебра тортата, па тогаш зошто не би постоеле и зебра палачинки?

socni-i-meki-zebra-palacinki-01.jpg

Тестото е речиси идентично како за обичните, со тоа што треба да ја погодите шарата.

Потребни состојки:

  • 500ml млеко
  • 2 јајца
  • Малку сол
  • 1 лажица растопен маргарин
  • 1 dl минерална вода
  • Брашно по потреба додека тестото не стане кремасто и густо
  • 1 лажица какао (оди во ¼ од тестото)
  • 1 пумпа или кеса за правење шара

Подготовка:

Измешајте ја смесата за тестото, брашното додавајте го додека не биде кремасто и средно густо. Веројатно добро знаете, сте ги правеле 1000 пати.

Од смесата одвојте ¼ во помал сад и додајте го какаото. Измешајте додека не добиете кафеаво тесто.

Ставете ги различните теста во две кеси или пумпи за правење шари.

На загреана и намачкана тава со масло правете кругови наизменично од белото, па кафеавто тесто.

Испечете и филувајте по желба.

socni-i-meki-zebra-palacinki-02.jpg

socni-i-meki-zebra-palacinki-03.jpg

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 28.Август.2015 во 21:43

ГЕРМАНСКИТЕ МИНИ ПАЛАЧИНКИ ГО ОСВОИJА СВЕТОТ! КОГА ЌЕ ГИ ПРОБАТЕ СО ОМИЛНИОТ КРЕМ СЕ ЌЕ ВИ БИДЕ ЈАСНО!

96169_profimediamini-palacinke_630x0

Самата помисла на палачинки многу од нас не враќа во нашето

детство, кога нашите мајки и баби ги мачкаа со џем и ореви.

Моментално популарните Американски палачинки, исто така

стекнаа многу обожаватели, но сега дојде ред на германската

верзија на овој познат десерт.

Покрај тоа што е вкусен , можете да го филувате со омилениот

чоколаден крем, џем, мармалад по желба.

 

Состојки :

– 1 чаша (2 дл) на млеко

– 6 јајца

– 1 чаша брашно

– 1 кесичка ванилин шеќер

– ½ лажичка сол

– 1 лажичка екстракт од ванила

– ¼ чаша стопен путер

– Џем / крем / мармалад по желба

– Шеќер

Загрејте ја рерната на 200 степени. Изматете го со миксер путерот, а

потоа постепено додадете ги јајцата едно по едно и една кеса

ванилин шеќер и екстракт од ванила. На крај, додадете брашно и

млеко и се мешајте добро, додека не се добие компактна смеса.

Подгответе го плехот за мафини кој претходно е добро подмачкан

и прелијте го тестото за палачинки. Се пече околу 15 минути,

извадете го од калапот кога ќе добие убава златна боја. Филот е

ваша желба. Уживајте !

 



Изменето од Valerija - 28.Август.2015 во 21:43
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 21.Септември.2015 во 13:35

НАЈВКУСНИТЕ ПОТПЕЧЕНИ ПАЛАЧИНКИ СО ШУНКА И СИРЕЊЕ

13

Потребни состојки:

  • 10 палачинки
  • 10 тенки парчиња шунка
  • 10 лажици ситно сирење (околу 200 грана)
  • 1 јајце
  • 200 мл. јогурт
  • Кечап по вкус
  • Малку оригано

Подготовка:

Испржете ги палачинките по ваш рецепт или пак изматете 2 јајца со малку сол, додадете 150 гр. брашно, 200 мл. млеко и 150 мл. кисела вода, како и 2 лажици масло. Од оваа количина ќе добиете 10 до 15 палачинки зависно од големината на тавчето. Секоја палачинки премачкајте ја со кечап, ставете парче шунка, лажичка сирење, замотајте ја и ставете ги во плех или пак чинија за печење.

Изматете јајце, додадете јогурт, измешајте и прелијте ги палачинките. Посипете со оригано.

Печете 20-на минути во загреана рерна на 200 степени.

Пријатен апетит!



Изменето од Valerija - 21.Септември.2015 во 13:36
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 13.Октомври.2015 во 11:55

ПАЛАЧИНКИ СО САМО ТРИ СОСТОЈКИ - ЕВЕ КАКО ДА ГИ НАПРАВИТЕ

Палачинки со само ТРИ СОСТОЈКИ – еве како да ги направите

Овие палачинки без проблем ќе ги направат и аматери во кујната, а за нив се потребни само три состојки: банани, јајца и цимет. Помеки се од обичните палачинки, но многумина тврдат дека се вкусни.

Палачинките се многу популарни, а обично нивното тесто се разликува во ситници – додека се менуваат само намазите.

Но, овој едноставен рецепт вклучува ставање овошје во самата смеса, а за одличниот вкус потребно е само да измешате банана, јајце и цимет. По желба може да се прелие со сируп.

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 07.Ноември.2015 во 12:16

РЕЦЕПТ ЗА ПАЛАЧИНИКИ КОЈ СЕКОГАШ УСПЕВА

10

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

* 3 јајца

* 250 г брашно

* 350 мл млеко

* 100 мл газирана вода

* Малку сол

* 2 лажици масло

* Пола лажичка рум

НАЧИН НА ПОДГОТОВКА:

Пенасто изматете ги јајцата додека да добиете густа хомогена смеса, па додадете ги маслото и млекото па измешајте.

Потоа со непрестајно мешање додетете го брашното, малку по малку, додадете прстофат сол и малку рум (за да се добие арома и да се спречи впивањето на маслото).

Доколку смесата ви се чини дека е малку густа (зависи од брашното), додадете уште малку газирана вода.

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 29.Ноември.2015 во 19:19

Десерт на денот: Палачинки полнети со сос од јаболка


Попознати како Такитос со јаболка, овие полнети палачинки се сè што ви треба кога имате итна желба за слатко.

desert-na-denot-palacinki-polneti-so-sos-od-jabolka-01.jpg

Крцкави, сочни и ароматични, а толку едноставни за подготовка.

Потребни состојки (зависно од количината која ја подготвувате):

  • Домашно подготвени палачинки или купечки тортиљи
  • Исечкани и излупени јаболка
  • Карамела сос или стопени карамели
  • Цимет и шеќер во прав
  • Крупен шеќер

Сосот подгответе го на следниов начин:

Исечкајте ги јаболката и ставете ги во големо тенџере. Додајте го сосот од карамела или карамелите и оставете да се стопат. Додајте цимет и шеќер во прав по вкус. Подварете го сосот на тивко додека јаболката не омекнат.

Палачинките или тортиљите наполнете ги со него, замотајте, премачкајте со матено јајце и проросете со крупен шеќер и цимет.

Ставете во тава обложена со мрсна хартија и печете 15-тина минути додека не заруменат.

desert-na-denot-palacinki-polneti-so-sos-od-jabolka-02.jpg

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 14.Јануари.2016 во 08:10

ПАЛАЧИНКИ СО РИКОТА СИРЕЊЕ

14

Ако сакате да испробате нова верзија на палачинки тогаш сте на вистинското место.

Италијанското сирење рикота е лесно и свежо, плус тоа е нискокалорично па затоа е одличен избор за овие палачинки.

Се подготвуваат брзо и лесно, и се повеќе од вкусни.

Состојки:

  • 900 грама рикота сирење
  • 1 јајце
  • 180 грама брашно + уште малку за обликување на палачинките
  • 110 грама шеќер
  • Пола лажица брашно за пециво
  • 1 лажица екстракт од ванила
  • Малку масло за печење

Подготовка:

Измешајте ги сувите состојки брашното, шеќерот и прашокот за пециво.

Измешајте го јајцето со сирењето и додадете го екстрактот од ванила.

На крајот измешајте ги сите состојки заедно и мешајте додека да се добие густа и рамномерна смеса.

Со помош на обична лажица или лажица за сладолед земете парче од смесата, и ставете го во сад со брашно и потоа со рака направете топчиња кои на крај ќе ги сплескате за да се добие облик на мала палачинка.

Кога ќе ги обликувате сите палачнки, добро загрејте го маслото на тава и почнете да ги редите палачинките на неа.

Палачинката треба да се пече по 2-3 минути на секоја страна додека не се добие златно кафена боја.

Палачинките послужете ги топли со џем и кафе.

Имајте добар апетит!

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 17.Јануари.2016 во 20:46

АМЕРИКАНСКИ ПАЛАЧИНКИ СО ПРЕЛИВ ОД РУМ

10

Ова е едноставно, а вкусно јадење кое веруваме дека ќе ви се допадне и ќе биде редовно на вашето мени.

Состојки:

За тесто:

  • 200 грама брашно
  • 1 лажичка прашак за печиво
  • Пола лажичка сода бикарбона
  • 2 лажички шеќер (пожелно е кафен)
  • 1 кесичка ванилин шеќер
  • 50 грама путер
  • 1 јајце
  • 300 милилитри млеко

Прелив:

  • 10 грама путер
  • 1 банана
  • 2 лажици шеќер
  • 20 милилитри рум
  • 50 грама бадеми

amerikanski palacnki so preliv od rum 01

Подготовка:

Ставете ги сите состојки за тесто во сад и матете додека да добиете глатка смеса. Почнете прво од течните, а потоа додавајте ги останатите состојки.

Потоа палачинките печете ги на тавче без да додавате масло.

Во тавчето сипајте поголема количина од смесата за разлика од нашите палачинки, бидејќи треба да бидат значително подебели.

Печете ги од двете страни додека не поруменат.
Кога ќе ги испечете палачинките, исечете ги бананите на кругови и ставете ги на малку путер. После една минута додадете го шеќерот и румот.

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 16.Февруари.2016 во 15:46
ТАЈНАТА НА МОЈАТА БАБА: ПРОБАЈТЕ ГО РЕЦЕПТОТ ЗА СОВРШЕНИТЕ ПАЛАЧИНКИ


Кога ќе помислите на детството, првото нешто коешто ви паѓа на ум е веројатно вашата баба. Нејзиното бескрајно трпение и разбирање, и огромната љубов кон нас, и покрај нашата палавост.

Бабата е како наша втора мајка, или пак може слободно да се каже понежна и попопустлива верзија од нашата мајка.

И покрај сите тие племенити особини, нашите баби имаат и една сосема посебна. Секој од нас може да се пофали со својата верзија од супер бабичка, но сите генерално ќе се согласиме дека тие навистина поседуваа супер моќи. И тоа токму во кујната.

Совршените мириси од нивните мали кујни ги скокоткаа нашите детски сетила и нè принудуваа да се оближуваме уште пред да го здогледаме чинивчето. Тоа беа мирисите на нашето среќно детство. Она безгрижно детство, нешто што е денес веројатно и сосема недостижно...

И, иако секој од нас говореше дека никој не може да подготви омлет како нашата баба, тоа е всушност еден сосема обичен омлет со истите они јајца коишто ги купуваме и денес, но сепак постои и некој сокриен трик во самиот процес којшто ние никогаш не успеавме да го усовршиме...

А покрај омлетот, тука се и питите и зелниците, баклавите, вкусните манџички... И секако, тука доаѓаат на ред и палачинките. Всушност, ниту едни не можат да бидат вкусни како оние од нашата баба. И ако некогаш сте ја запрашале за тајната којашто се крие зад совршениот рецепт за палачинки, одговорот е секогаш ист – "Како тоа мислиш рецепт за палачинки? Тоа е исто како да ме прашаш за рецепт за супа. Нема рецепт. Сите состојки се додаваат од око", пишува zena.blic.rs.


Но, овојпат со вас ќе споделиме еден рецепт којшто можеби и ќе биде нешто приближно до она што го правеле вашите баби.


 1 јајце
 200гр брашно
 прстофат сол
 прстофат сода бикарбона
 225мл топло млеко
 100мл кисела вода
 125мл млака обична вода
 масло


Земете ги сите состојки, а потоа исмешајте ги во еден голем сад. Добро изматете ги така да добиете компактна смеса, без грутки. Потоа оставете ја смесата да отстои околу еден час, на собна температура.

Згрејте малку масло во тавчето за палачинки и забавата може да започне! 


Готовите палачинки филувајте ги со фин домашен џем или мармелад од кајсии, сливи, шипки или јагоди. Или пак со омилениот крем.

И додека веќе привршувате со вашата трета палачинка, ние ќе ви ја откриеме и тајната состојка, без којашто ниту едно јадење не може да биде толку многу вкусно. Љубов! И тука не мора да внимавате на количеството. Само сипете! Колку повеќе, толку подобро. 



Изменето од Valerija - 16.Февруари.2016 во 15:46
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 13.Март.2016 во 15:25

Рецепт за совршени чоколадни палачинки без брашно


Ако веќе знаете да правите обични палачинки, време е да отидете чекор напред и да го испробате овој нов рецепт за чоколадни палачинки од само 4 состојки.

Slatko-zadovolstvo-amerikanski-palacinki-so-banana-i-Neskvik-01

Леснотијата и брзината со која се подготвуваат ќе ги направат ваш омилен појадок и десерт.

Потребни состојки:

  • 2 јајца
  • 1 банана
  • 1 лажица путер од кикирики
  • 50g Несквик

Подготовка:

Ставете ги во блендер сите потребни состојки и блендирајте додека не добиете хомогена смеса.

Истурете од смесата врз тефлонска тава за палачинки (или ако ви се лепат намачкајте малку путер) и почекајте додека да се испечат на една страна (околу 2 мин.) па преверете на другата.

Декорирајте со банана и шлаг или чоколаден прелив или сè она што вас ви се допаѓа.

 

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 17181920>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,266 секунди.