IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Македонија и Свет > Политика и вести
  Активни теми Активни теми RSS - Богдански - УДБА
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Богдански - УДБА

 Внеси реплика Внеси реплика страница  12>
Автор
Порака
Boogie Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
Слобода или Смрт

Регистриран: 26.Октомври.2005
Статус: Офлајн
Поени: 10652
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Boogie Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Тема: Богдански - УДБА
    Испратена: 24.Октомври.2006 во 16:53
Брате Драган, удбашите се разбудија
Јанко Бачев
 
Драги брат и соборец Драган, здраво и живо, Пред извесно време УДБА повторно ги исползува своите слуги и непријателите на нашето дело да пласираат по нарачка на една телевизија најгнасни лаги и конструкции спрема тебе, за да те оцрнат и да те прикажат како долгогодишен соработник на тајните служби и дека по нивна замисла наводно си ја основал твојата партија ВМРО ДПМНЕ и слични небулози - со краен ефект, се разбира, да ја дискредитираат нашата борба и да го скршат нашиот дух за вистинска независна татковина. Откако се созедовме од првичниот шок, ние во организацијата веднаш презедовме мерки да ги расветлиме овие конструкции.

Првичните наши сознанија говорат дека и овојпат од заднина има замешано прсти самопрогласениот „државник“ Бранко Црвенковски, кој во моментот се прикажува како претседател на нашата татковина, иако за тоа нема валиден легитимитет ниту морално и наше, македонско, обичајно право. На јавната сцена, пак, те оцрна и „жигоса“ (замисли!) твојот егзекутор Јован Трпеновски (и уште некои во емисијата), една стара проверена инсталација на УДБА, која му овозможуваше високи јавни и државни функции во комунистичка Македонија, за денес, во демократска Македонија, на која ние македонските патриоти и го посветивме целиот живот, наместо ова лице да биде „закачено“ на столбот на срамот (и многубројни други личности), да си тера адвокатски бизниси, а во слободно време по нарачка да експлоатира во јавноста и корупциски случаи.

Знам дека ќе осетиш голема мачнина во душата кога ќе го прочиташ името на Трпеновски, кој е еден од тие што ти го загорчија животот кога во својство на тогашен окружен јавен обвинител на главниот претрес одржан од 12 до 16 февруари 1979 година, во целост „го докажа“ обвинението спрема тебе како македонски политички емигрант против СФРЈ и нејзиното општествено уредување и самоуправниот систем, за разбивање на братството и единството и за загрозување на територијалната целина на СФРЈ, преку обидот за создавање независна македонска држава, во која денес комфорно уживаат токму твоите егзекутори. По ова, судскиот совет од петмина под претседателство на судијата М.С. ти изрече драконска казна затвор во траење од 13 години, од која одлежа цели 10 години и 7 месеци во занданите на „Идризово“.

Но, идиотските и моронски конструкции против тебе, за кои ти пишувам во писмово, за среќа, зборуваат најмногу за нивниот „плиток“ ум, бидејќи кој денеска ќе им поверува на нивните безочни лаги, кога секој нормален човек знае дека УДБА (како и секоја друга тајна полиција) своите соработници дебело ги наградува, а никако не ги фрла по затворите да одлежуваат по десетина години? А токму тие, брат Драган, инспираторите и организаторите кои денеска по телевизиски емисии го валкаат твоето име, биле и се најзакоравените соработници на УДБА, која за возврат меѓу другото ги наградува(ше) со високи јавни и државни функции - и тогаш и сега.

Од презафатеност, бидејќи деновиве добивам голем број писма од нашите стари и искусни борци, на кои треба да им пишам повратно, немам време за пошироки писанија и затоа овојпат ќе ти пишам само за неколку соработнички удбашки случаи до кои дојдовме во организацијата. За егзекуторот Трпеновски веќе ти пишав, а да ти кажам дека беше крајно невкусно и одвратно во телевизиската монтировка да се гледа и слуша како стариот удбаш Киро Глигоров извикува „Македонија ни е се што имаме“. Организацијата дозна дека Глигоров одработувал за УДБА (псевдоним „Гавран“) уште од далечната 1946 година, но овој човек веќе е во поодминати години, го отслужи своето и воопшто не претставува некаква опасност за нашата натамошна патриотска борба. Во моментов, за организацијата и татковината најголем непријател е наследникот Црвенковски, кој ја држи Републиката во целосен мрак и покорност веќе петнаесетина години, притоа создавајќи брилијантна тајна мрежа на која го потпира своето диктаторското и предавничко владеење.
РЕДНО Е НЕКОЈ ДА ГО СПОМНЕ МАКЕДОНСКИОТ ДЕЕЦ БОГДАНСКИ
СЛАВА МУ


ПРОДОЛЖУВА.......
Кон врв
Boogie Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
Слобода или Смрт

Регистриран: 26.Октомври.2005
Статус: Офлајн
Поени: 10652
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Boogie Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 24.Октомври.2006 во 16:54
Оваа подземна тајна структура е распослана речиси во сите области во нашата ни мила татковина. Инаку, како и Глигоров, и политичките висови на наследникот Црвенковски се дело на удбашките структури и во моментов нашите луѓе на теренот кои работат по принципот на „тројки“ прават обид да откријат зошто во овој момент пајташите на „државникот“ те дискредитираат тебе и твојата ВМРО-ДПМНЕ. Во моментов, голема е нашата радост кога дознавме дека и во Македонија се спрема некаква лустрација, каде што меѓу другите и „државникот“ ќе биде ставен во ќор-сокак самиот да ја каже вистината како неговиот пријател неоврховистот Прванов од Бугарија, инаку долгогодишен соработник на државната сигурност.

Старите врховисти, кои беа нашите бугаромани во татковината и дијаспората (МПО) и не се веќе така опасни, како новите врховисти, агентите на србоманската клика околу Матицата на иселениците, за чудо, твојот егзекутор Трпеновски, од разбирливи причини, ги премолчува. Организацијата е трпелива и ќе ги почека „ефектите“ од овие т.н. лустрации, но доколку не го видиме посакуваното, Централниот комитет на организацијата ќе дејствува.

Брат Драган, сигурно ќе те израдува веста дека Гордана Стошиќ деновиве беше „на клоци“ избркана од местото директор на националната телевизија. Се сеќаваш какви сплетки во 1990 година, во копродукција со покојниот припадник на удба, Добри Величковски, ти „спакува“ Стошиќ, како тогашен уредник во МТВ, кога исценираа твое интервју во објект на МВР, а во функција на твое дискредитирање и тогашно разнебитување на ВМРО ДПМНЕ. Тие притоа ја искористија твојата опседнатост да расчистиш со бугароманските врховистички елементи во партијата, кои тогаш, сепак, нереално ги преувеличуваше како резултат на објективни околности и твоето 40-годишно отсуство од земјата. Патем, да ти кажам дека организацијата дозна за некои псевдоними и за Стошиќ, но за ова поопширно ќе ти пишам во друга пригода.

Значи, по сето напишано, да не им веруваш на сопствените очи и уши, кога платени јаничари и удбаши до еден, нашле тебе, брат Драган, да те оцрнуваат и етикетираат за соработник на УДБА, во стилот на народната кога арамиите викаат „држете ги арамиите“. Вистинските соработници на УДБА, како ортодоксни лакеи и слуги, денеска си вообразиле дека се господари и дури се дрзнаа во најсветото нешто, по телевизии да ги черечат македонските патриоти. Тоа се истите оние македонски предавници (или нивните наследници, сеедно), кои во 1945 ја уништија македонската народна војска, кога таа не сакаше да оди на Сремскиот фронт, а беше спремна да маршира за Солун. Тоа се истите предавници кои во 1946 делови од македонската територија заедно со старата македонска светија манастирот „Свети Прохор Пчињски“ им го отстапија на Србите, а легендарниот претседател на АСНОМ, М.А. Ченто, го уапсија и го осудија единаесет години робија. Тие се истите оние арамии што за себеси обезбедија живот на турски паши и ориентални махараџи, а нашиот народ го доведоа до питачки стап. Тоа се истите народни крвопијци, кои ја обезмакедончија Македонија и ја оставија без круна, престол, име, знаме... испадувајќи ги Македонците по Австралија, Америка, Канада и по западноевропските земји. Тоа се истите оние изроди од кои Македонија плаче и плука крв. Ете тие, туѓински измеќари, марионети и фантоми на УДБА, наместо да молчат и да се закопаат два метра под земја, зашто самата нивна појава смрди на предавство и на вазалство, денеска јавно ги клеветат македонските патриоти. Силен е повикот наш до нив - изроди едни, вие ли ќе зборувате за македонските работи, кога единствено лажете, крадете и убивате!

Кон врв
bojan81 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 16.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 531
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај bojan81 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 25.Октомври.2006 во 01:06
Boogie, дај повече информации за натписов, каде е излезен Малку повеќе инфо за личностите за кого се работи итн. 
Кон врв
Boogie Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
Слобода или Смрт

Регистриран: 26.Октомври.2005
Статус: Офлајн
Поени: 10652
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Boogie Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 25.Октомври.2006 во 01:14
Ова е само дел од книга која се спрема за Богдански моментално излегуваат само пасуси во шпиц од каде што го преземав текстот но следат и поубави постови.Бојан дали знаеш нешто за Богдански за неговата работа во странство,многу за него е сеуште тајна но полека почнаа да излегуваат доста работи најискрено разочарувачки посебно за нашите во странство затоа пренесете поздрави до нашите браќа и сестри во емиграцијата.
 Смрт или слобода!
 
(Утре: Кој го мачеше Богдановски на Солунска глава)

Кон врв
bojan81 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 16.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 531
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај bojan81 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 25.Октомври.2006 во 01:24
Не ли тоа Богдановски од од Германија каде и ја основа ВМРО? Па после Љубчо му ја превзема и ја наполни со бугаромани, србомани, гркомани и што ли се не олош не стави таму односно се што се поклпуваше се Ванчо михајловистичката идеологија дека македонци не постојат туку тоа се срби, бугари, грци и цинцари. Знам дека тој основачот е патриот пар екселанс но овие изродиве Доста и ЉуБчо му ја превземаа партијата.  Не знам многу за основањето на ВМРО знам само од мои другари од таму што ми кажувале.  
Кон врв
Boogie Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
Слобода или Смрт

Регистриран: 26.Октомври.2005
Статус: Офлајн
Поени: 10652
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Boogie Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 25.Октомври.2006 во 01:58
Богдански бил најголем противник на исказите на МПО во 80 и 90 год. тој со својата група ја формираа ВМРО ДПМНЕ која претходно се викала ДООМ  Движење за ослободување и обединување на Македонија.Бил суден и лежел 10 год. во Идризово поради тероризам спрема СФРЈ.Неговата библиотека е доста богата со интересни работи и конечно ке излезе во јавност од тие лични документи на Богдански ке разбереме многу за денешниве политичари - Глигоров,Црвенковски,Андов,Гошев,Георгиевски и уште многу други имиња.Треба да се знае дека Богдански ја продолжил идејата на Сандански како што го продолжил и неговото движење во Странство.Голем Социјал Националист и деец за независна Македонија од млади години.Штета што денес таков човек немаме
Слава му
Кон врв
bojan81 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 16.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 531
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај bojan81 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 25.Октомври.2006 во 02:04
Тој ли е за кој кажав од Германија од  Франкфурт или од Минхен не знам точно од каде беше. Иначе како сакаш да дознаеш за него кога Љубчета ја држеше целата власт до пред Груевски. Јас колку што имам слушано Љубчета бил никој и ништо најверојатно со помош на МПО е дојден на чело на ДПМНЕ но ќе видиме многу работи ќе се дознаат. Сега ДПМНЕ-ВМРО е многу сменета речиси и исчистена од тие крлежи сепак ги има но тие не се на никакви функции и најверојатно после некое време ќе се претопат и они. Зошто многу е важно кој ја води партијата. 
Кон врв
Boogie Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
Слобода или Смрт

Регистриран: 26.Октомври.2005
Статус: Офлајн
Поени: 10652
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Boogie Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 25.Октомври.2006 во 02:14
Секако денешното раководство на ВМРО ДПМНЕ е многу блиски до струјата на Богдански,вечерта кога победија тие за прв пат го спомнаа Богдански и уште некои негови луѓе кои се тотална мистерија за нас овде му искажаа најголема почит и победата му ја посветија нему тоа Љупчо не го имаше никогаш направено.Иначе многу се зборува дека луѓе на Љупчо го имаат отруено Богдански на пат кон Македонија но тоа се само озборувања.Ке ја набавам точната автобиографија на Богдански и ке ја пуштам тука не сум сигуре дека беше во Геманија мислам дека дејствувал од Шведска но не сум сигурен
Кон врв
bojan81 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 16.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 531
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај bojan81 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 25.Октомври.2006 во 02:19
И мене ми имаат кажано во тој стил не се знае точно кој го убил но работите оделе така да не ни мора да се каже демек се знаело. 
Кон врв
Boogie Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
Слобода или Смрт

Регистриран: 26.Октомври.2005
Статус: Офлајн
Поени: 10652
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Boogie Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 25.Октомври.2006 во 02:21
Утре ке ја набавам точната автобиографија за таков Македонец мора да се знаеWink
Кон врв
Lazycat Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 16.Август.2006
Статус: Офлајн
Поени: 179
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Lazycat Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 25.Октомври.2006 во 10:03
Dragan Bogdanovski i e vujko na zena mi.
 
Ubien na pat od Berlin, od UDBA-ski isntalatori vo desnoorientiranata partija koja sega se narekuva DPMNE.
Inaku, na insistiranje na Bogdanovski, togas, vo Germanija, se postavuva 24-godisniot Ljubco za lider na VMRO.
 
Negovata ideoligija i den denesen zivee megju nas, negovot delo nema da bide zaboraveno, a insinuaciite protiv nego, negovite soborci i sopartijci e samo uster dena niska vo sindzirot na tajnite policiski sluzbi na seljoto slatinski Crvenkovic za potpolna kontrola na drzavata, ednoumie vo pluralizam.
A onie koi ostanaa verni na ideite i idealite za koi se zalagase Bogdanovski i nemu bliskite, se groto vo NP, da se razbereme.
 
Zatoa i se podeli partijata, poradi politickite zadkulisni igri na Gruevski-Crvenkovic i nivnite tajni dogovori, kako Branko da stane pretsedatel i da se amnestira od prethodnite zlodela, a Gruevski premier, zatoa i ne se bojkotiraa izborite 2004, kako i referendumot mesto da bide za i protiv desentralizacijata, koja bese izbrzana i antimakedonska, so pomos na Gruevski se pretvori vo politicki marketing kako vo predizborie.
Za seto toa, deal-ot bese toj, edniot pretsedatel, drugiot premier.
 
 
My name is Cat, Lazycat, and I'm an assh*le. I get excessively drunk at inappropriate times, disregard social norms, indulge every whim, ignore the consequences of my actions, mock idiots and posers!
Кон врв
Boogie Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
Слобода или Смрт

Регистриран: 26.Октомври.2005
Статус: Офлајн
Поени: 10652
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Boogie Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 25.Октомври.2006 во 10:19
Секоја чест за Богдански но не верувам дека НП ги следи неговите чекори,баш тие што договараа разни работи беа Георгиевски и Црвенковски како што напомнав најголема веројатност е дека Георгиевски го нарачал убиството на Богдански стравувајки за позицијата во ДПМНЕ.На изборите што победи ВМРО ДПМНЕ оваа година за прв пат беше спомнат Богдански со зборовите слава му од страна на раководството на ДПМНЕ и тоа во јавност.
Кон врв
Lazycat Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 16.Август.2006
Статус: Офлајн
Поени: 179
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Lazycat Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 25.Октомври.2006 во 10:53

Ја правиш истата грешка како и секој друг, поистоветуваш јебено лице со партија!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!

 
Споменат бил и ќе биде.
 
Јас сум во НП, зарем мислиш дека не го споменувам постојано.
Не само јас, сите оние кои се со мене, до мене, околу мене....!
 
А јас и мнозина излеговме и отидовме во НП поради (од мене) горенаведените причини, а не поради некојси Љубчо.
Напротив, поради тоа што имаше back doors deals со Слатинчанецот кој ги споменав, инфилтрација на тајните служби и сл.
 
Ако разгледаш, ќе видиш дека јас сум критичен не само кон СДСМ, ДПМНЕ, ЛП, ЛДП итн, ами и кон НП.
Јас не сум плакатенфирер, да се разбереме.
Имам свои ставови зад кои стојам.
Поздрав
 
П.С. Едно време Богдановски се криуеше во стан кај бабата и во куќата кај мајката на бабата.
 
П.П.С. Прашајте го Мане Јаковлески кому кажал со кој воз патува Драган и каде! Тој кому му е во доверба кажано тоа, го оцинкарува на УДБа-шките наши структури под водство на Глигоровиќ и Црвенковиќ. Епилогот го знаеме.
My name is Cat, Lazycat, and I'm an assh*le. I get excessively drunk at inappropriate times, disregard social norms, indulge every whim, ignore the consequences of my actions, mock idiots and posers!
Кон врв
Boogie Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
Слобода или Смрт

Регистриран: 26.Октомври.2005
Статус: Офлајн
Поени: 10652
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Boogie Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 25.Октомври.2006 во 11:37
Да но во тоа време Глигоровиќ и Црвенковски имаа поважна работа од Богдански да ја победат ВМРО во парламентарни избори а ВМРО имаше друг проблем кој ке биде нејзин претседател и воедно премиер.Љупчо тогаш беше многу млад и требаше да биде Богдански бидејки се знаеше дека Македонија ке се отцепи и ке стане држава.Незнам колку години имаш и колку знаеш за партијата но јас сум во ВМРО од 1991 г. и доста ги следев случувањата можам да ти кажам дека Љупчо ги следи Инфорбировските и Удбашките варијанти на владеење значи поставува негови шпиони таму каде што има најголема опасност таков пример е со Котевски кој мистично загина во сообраќајна несреќа.Момче има тука многу политички игри кои ни ја ни ти не ги разбираме но едно со сигурност знам најпознатите зборови на Богдански дирекно упатени на Љупчо беа - ДА НЕ СЕ ДОЗВОЛИ БУГАРИТЕ И ДОМАШНИТЕ ПРЕДАВНИЦИ ПОВТОРНО ДА СЕ ИНФИЛТРИРААТ ВО ПАРТИЈАТА,НЕКА ПАРТИЈАТА БИДЕ ЕДНА И ЕДИНСТВЕНА КАКО ШТО И МАКЕДОНИЈА ТРЕБА ДА БИДЕ.ЗА НЕА ЖИВЕЕМЕ ЗА НЕА И КЕ УМРЕМЕ - ВМРО ДО ГРОБ.
А сведоци сме на тоа што се случи партии со предзнак ВМРО излегоа многу а Љупчо го смени уставот на ДПМНЕ каде ја исклучи борбата за ЕГЕЈ и ПИРИН.Уште многу од тоа има а Љупчо не е водачот за кој се покажува
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  12>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,172 секунди.