IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Интима > Љубов
  Активни теми Активни теми RSS - Напиши љубовен текст (дневник на вашата душа)...
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Напиши љубовен текст (дневник на вашата душа)...

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 4546474849 58>
Автор
Порака
Schatzii Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 04.Мај.2010
Локација: Germany
Статус: Офлајн
Поени: 10600
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Schatzii Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 15.Февруари.2011 во 15:25

Повторно се сетив на оние незаборавни моменти, доживеани, но не целосно, до крај. Се вратив во она време кога ми го освои срцето...беше толку едноставен, мил, со претерано добра душа, редок и исклучителен примерок, затоа и те засакав. Она што е ретко е најслатко, барем за мене. Живеевме, дишевме како едно, се надевавме и радувавме на денот кога ќе се сретнеме. Средба толку посакувана и неизвесна, но нереализирана. Останаа само желбите, соновите дека нема се да биде попусто, но реалноста беше сосема друга. Онаа единствена шанса што ни се укажа ја прокоцкав. Зошто? Уште се прашувам што беше тоа посилно од мене што ме спречи на патот до тебе. После се, после толку заеднички мечтаења за таа средба јас бев таму, близу до тебе. Од што ли се исплашив, што беше она што ме натера да ги изговорам зборовите: "Не, нема да се видимe." Те погодија знам, но и покрај тоа ти остана ист спрема мене. Дури откако се вратив дома од одмор, сфатив каква грешка направив, но предоцна...Понекогаш како намерно да си ги уништувам моментите кои би ми донеле среќа, како намерно да си нанесувам болка на самата себе си. Во тоа време се беше подруго, дури и јас не бев таа што сум денес. Сосема нормално поминаа ?? години оттогаш, но споменот за тебе никогаш не избледе. И ден денес се сеќавам на стиховите од твоите песни напишани за мене. Уште не можам да си простам што не ги зачував сите во оригинална верзија онаму каде што треба. Денес сум свесна за сите грешки и пропусти, ех кога би можело нешто да се поправи...Откако се вратив долго време избегнував да имам било каков контакт со тебе. Сигурно ти изгледаше како да бегам од тебе, како да не сакам да се соочам. Продолживме понатаму со своите животи, ти таму, јас овде. По моето враќање се случија многу промени. Се промени средината, луѓето, се изменив и јас. Помина само една година, но не бев веќе онаа истата, твојата Schatzii. Пред нашата повторна, случајна средба во нашата " мала рајска градина " имав некое лошо претчувство. Толку сме биле поврзани што претчувствував дека нешто не е во ред. И бев во право, знаев дека се случило нешто лошо и дека страдаш. Никогаш во животот не сум имала такво или слично претчувство, го имав само тогаш. По една година судбината не поврза повторно, не донесе на исто место, во исто време...Баш е чуден животот. Кога те видов си реков: " Господе не е можно да е тој. " Не верував во судбина, во случајност се до тој миг. Разговаравме долго како и порано, времето едноставно минуваше пребрзо во твое присуство. Секогаш ни беше малку, копнеевме по повеќе заеднички часови. Одеднаш приметив дека стана молчалив, тажен. Прашав: " Што ти е, што се случило?" Промрморе едвај: " Почина татко ми." Не можев да поверувам во тоа што го слушнав, како некој да заби нож во моите гради. Не можев ни збор да изустам, останав запрепастена. Да, јас и моето претчувство... Почнав да плачам, плачев како мало дете на цел глас, едвај дишев. Многу ми требаше да се приберам, да се вратам во нормала. Продолживме понатаму, но не со истиот жар како на почеток. Дојде и времето за разделба, потешка од било која претходно. Си ветивме дека ќе се сретнеме повторно на нашето омилено место. Се слушавме секојдневно, едноставно се заборававме на телефон. Секој ден бевме во исчекување на нашата повторна средба, но до неа не дојде. Не беше далечината виновник, не беше ни тој...На крај останаа само сеќавањата, песните, музиката во која уживавме заедно. Во уши се уште ми ѕвони неговиот глас, неговите зборови...

Dream what you want to dream;
Go where you want to go;
Be what you want to be,
because you have only one life and one chance to do all the things you want to do.
Кон врв
bluebell Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
the craziest

Регистриран: 14.Септември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 8041
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај bluebell Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 05.Март.2011 во 21:32
Капките дожд упорно паѓаат и се тркалаат,
се натпреваруваат во неизвесна борба, незнаејќи дека тоа не е засекогаш.
Ќе дојде сoнцето од таму некаде и ќе им зададе пораз.
И се така без никаква постојаност.
Тоа се случува и некаде длабоко во мојата срцевина,
во мојата душа, во мене.
Меѓутоа знам или не знам.
Вверувам или се надевам дека таму некаде,
некогаш ќе дојдеш ТИ и ќе ја стопиш зимата во моето срце.
Ако не ти, тогаш сосема некој друг што ќе ги запре капките дожд во мојата душа...
always look on the bright side of the life!
Кон врв
MyWay Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Антиталенат на годината

Регистриран: 05.Септември.2008
Локација: Aruba
Статус: Офлајн
Поени: 23914
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај MyWay Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 14.Март.2011 во 15:30
Знаеш нема грди и непривлечни девојки...Според мене секоја е убава на свој начин...Секоја е принцеза на свој начин секоја има кралство и своја убавина и на секоја и треба различен принц кој ќе биде нејзина љубов....
Без оглед во какви околности живее, како е облечена и колку години има знај таа е посебна и нечија среќа. Секоја носи своја тајна и мистериозност, онаа тајна која и е позната само на нејзиното срце и на никој повеќе...Нејзината убавина спие во нејзиното срце и во очите..




Како изгледа совршен маж..Он не изгледа..Он се понаша ......

Кон врв
sanja-a Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Only God Can Judge Me!

Регистриран: 12.Април.2009
Статус: Офлајн
Поени: 13457
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај sanja-a Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 04.Април.2011 во 18:15
Во моето срце чука еден копнеж,во моето срце тлее мал љубовен жар изгребен од времето,дел од моето срце припаѓа на тебе,на твоите очи,на твојата насмевка.
Дел од моето срце стихијно умира со радостите на новиот ден.
Капка солза полека протекува низ порите на времето,барајќи некоја слика од тебе,извалкана со прашина,заборавена од фантазијата.
Дел од моето срце чука за тишината,живее во осаменоста,плаче за ангелските очи кои блескаа далеку во ноќта.
И кога помислуваш дека се е совршено,брилијантно во еден момент се руши ѕидот од магичните моменти,од сјајните светилки кои те воделе низ лавиринтот на животот.
Дел од моето срце тажи за едно време,за една љубов,магична ноќ претворена во бајка.
Тивко е надвор,сјајно небо полно со ѕвезди.Совршена хармонија ги преслекува ѕвездените носии,оставајки ги ѕвездите голи да танцуваат во бескрајната ноќ.
Магично е....
Дел од моето срце плаче за магичната убавина длабоко во ноќта.
Дел од моето срце умира назад во времето,умира за тебе,умира за нас,за нашиот Бог-љубовта.
Заборавена длабоко во времето,сама,полно со љубов делот од моето срце остана да живее со тебе,со спомените,со магичните ноќи,остана верен на тебе,на нашата љубов,на нашиот копнеж,на нашата страст.
Додека камбаните на новото време непрекинато бијат,дел од моето срце почива во твојата насмевка.
Додека плачам канџите на иднината ме грабнуваат однесувајки ме во нова димензија на постоење,живот без тебе...
Обожавам луѓе кои ме смеат.
Искрено, мислам дека смеењето е нешто што го сакам најмногу.
Тоа лечи многу болести. Можеби тоа е најважното нешто кај човекот.
Одри Хепберн
Кон врв
Calipso Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
Primarius

Регистриран: 26.Мај.2009
Локација: Македонија
Статус: Офлајн
Поени: 44671
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Calipso Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 08.Мај.2011 во 22:11
ЉУБОВ !!! Припаѓање некому....Верност....Три работи поврзани со чувствата кон некоја личност... Вака напишани изгледаат совршено убаво и складно... Небаре се нераскинливо поврзани и прават една целина, енергија што не тера да издржиме се и сешто!.. Кога сме вљубени, мислиме дека тоа е единственото нешто поради кое вреди да се живее, тогаш сме најубави, најсилни… и најглупави !! Е, зошто вака ?.. Па добро, ајде да расчистиме од старт една работа: Кој може најлесно да се излаже?.. Вљубената жена или вљубениот маж... Кој ќе ви верува буквално се, па и тоа дека ѕвездите се дофатливи, а среќата вечна? Од малечки не учеле дека ЉУБОВТА е нешто најубаво на светот, и како што сме растеле, систематски не подготвувале безрезервно да САКАМЕ некого или некоја... Си го теравме детството безгрижно се до моментот кога срцето првпат ќе ни затропа како воен барабан, а пеперутките ќе започнат весело оро некаде долу во стомакот... И веќе од тој миг нашиот прекрасен живот веќе никогаш нема да биде ист!.. Збогум спокојство – добредојде немиру !.. И се би било барем малку, малку поподносливо ако таа состојба НЕ ЗНАМ КОЈ СУМ се случува еднаш во животот... Камо пуста среќа да беше така!.. Ќе те фати како силен ветар, ќе те треска од ќоше на ќоше, ќе го брише подот со твоето достоинство… Ама кој и да е, еднаш ќе папса, па ќе те остави на раат да се одмориш и навикнеш на неа... За беља на нас, емотивците со меки срца, според некаква статистика, се вљубуваме најмалку три пати, а најмногу икс пати во текот на животот !.. Па сега, кој си го има к’сметот, ќе си трга маки поголеми од оние на Сизиф, кој го туркал каменот по угорница и никако да го качи на врвот!
... Море, само да знам кој ја измисли прикаската за ЉУБОВ до гроба,тој сигурно не би се изнаживеал во моја близина!! Ама нема веднаш да го смачкам, прво, ќе го натерам малку да ми се вљубува, па ќе го оставам тро да пати како фикус без сонце, па ќе си цвили малку во темнина, па… абе само да го дофатам, маките ќе си ги собира како коприва со голи раце! Ама, паметен бил тој, си ја дувнал навреме и кој знае дали барем еднаш вистински сакал некоја, што се разбира, не го спречило да филозофира за вечна вљубеност и романтика...
Но, да сме на јасно – ова се однесува само на љубовта помеѓу двајца вљубени, а никако на љубовта кон се друго... Да, вљубете се - нема поубаво чувство од тоа да знаеш дека некој ти фали како кислород во градите!.. Да, давајте ја својата ЉУБОВ несебично – ако е оној вистинскиот/а, ќе знае со што треба да возврати!.. Но... Не, не верувајте кога ЉУБОВТА ви ветува вечност – оти потоа ќе ви треба една таква вечност за да ја преболите кога ќе ги снема чувствата!.. А, ги снемува, без никаква логика и смисла.
... ЉУБОВТА доаѓа и си оди... Таа си има свои закони, а ако трчате по неа никогаш нема да ја стигнете, а по некое чудо и да успеете ќе ви се лизга низ прстите како сапуница и пак ќе останете со празни раце... Но, гледајте чудо!.. Пробајте да и го свртите грбот, и таа ќе се чувствува осамена, па со сета силина ќе ВИ дотрча во пресрет, ќе ве бендисува, ќе ви се додворува како малечко маченце желно за малку внимание и нежност... И ајде после најдете и го крајот ако можете !!!
... А таа – ЉУБОВТА, ќе чека трпеливо да ми падне и на мене притисокот, да се стабилизирам и да престанам да и се лутам... Знае таа добро дека немам примено вакцина против неа, дека сум ранливa и неможам долго да оддолеам на нејзините волшебни напитоци ! И ми се насмевнува оддалеку со срамежливо покајничка насмевка небаре си оди, заминува далеку од мене... а во себеси самоуверливо ми се заканува со зборовите...
ДОГЛЕДАЊЕ, НО САМО ДО СЛЕДНАТА ПРИЛИКА !!
На овој свет има само тројца мажи кои се спремни да те поддржат во тежок момент:
Jack Daniels, John Jameson и Johnnie Walker!
Кон врв
bluebell Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
the craziest

Регистриран: 14.Септември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 8041
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај bluebell Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 10.Мај.2011 во 22:05
Меѓу нас владееше совршена љубов,...се чинеше дека дака ниту една погрешна нота не може да ја расипе таа серенада. Ние не зборувавме, ние си кажувавме, како што вели раскажувачот на благословените идили. Да заплачеше некогаш ќе помислев дека дека пее, зашто не можев да ја замислам на маргините од мојата среќе, бидејќи беше олицетворение на мојата среќа........
always look on the bright side of the life!
Кон врв
zamislena Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 03.Јануари.2010
Статус: Офлајн
Поени: 14566
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај zamislena Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 13.Мај.2011 во 19:36

Моите мисли ...Моите мисли се раѓаат во полноќна магла. Полни бродови пловат кон мугрите на денот. Криеејќи ја вистината таму некаде на дното, Во срцево отворено се влеваат. Овде нема влез и излез нема, Од душевни рани срцето се истрошува. За што јас пишувам...Kој ќе ми даде одговор. Не се обидувам на никого да му се допаднам. Патуваат понатака мислите, летаат фрази и зборови.....

 Љубовни приказни се вртат во главата. А надежта стегајќи тупаници само се ниша...Ти си моја светлина во мракот, ти си оган во градите, Меѓу сиви лица со блесок се смееш.  И сакам да викам но немa сум јас.....

 А ти во дланки ко цвет се отвораш...

Кон врв
Schatzii Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 04.Мај.2010
Локација: Germany
Статус: Офлајн
Поени: 10600
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Schatzii Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 21.Мај.2011 во 13:37
Засекогаш "во коси да ти спијам"

Ех јас да сум твојата „малечка“, но и помалку „студена“ и заедно да играме „руски рулет“ таму „некаде во ноќта“ и „усни на усни“ да го дочекаме утрото.

„Ех да сум злато“ и „најдрага“ твоја и засекогаш „во коси да ти спијам“, а нашиот живот да биде „игри без граници“. На нашата „магија“ секој да и позавиди. Слатка „казна моја си ти“.

Секогаш да ми велиш дека „после дождот доаѓа сонце“ и „лошо ти стои“ да ме прекориш кога не ти посветувам доволно внимание.

Никогаш спалната да не ни постане „соба за тага“ и никогаш да не почувствуваме „немир“ и „громови на душа“. Таа нека биде „место на злосторот“ на нашите љубовни игри, а моите „рани на усни“ нека бидат сведоштво за тоа.

Секое утро „го молам небото да ми те врати“ поскоро. „Ако ме погледнеш во очи“ ќе сфатиш дека она што го чувствувам е вистинско и дека за мене навистина „никој како тебе не бакнува“.

„Твоите бакнежи на моите бели кошули“ се мојата животна инспирација, а „ако ме погледнеш во очи“ ќе потонам како и првиот ден.

Постојано се будам со пеперутки во стомакот и копнеам „има ли ден за нас“ одново и одново, а кога гледам „сонце во твоите руси коси“ душата ми се разнежнува.

На секое твое прашање „среќна ли си ти“, јас ќе ти кажам дека ти си моето „полско цвеќе“ кое ми го разубавува животот и без чиј мирис не можам.

Ти си мој „син божји“ и секогаш сум среќна дека во тебе „душа остана“. Со тебе јас не знам како „солзи прават златен прстен“ и никогаш не ме доведе во ситуација да ти кажам „немаш ни благодарам“.

Во дворот под нашата стара „цреша“ би сакала да уживам до крајот на животот со тебе, а белузлавата „месечина“ да ни биде сопатник.

Ах „тајно моја“ навистина те сакам. љубовсреќа




Изменето од Schatzii - 21.Мај.2011 во 13:39
Dream what you want to dream;
Go where you want to go;
Be what you want to be,
because you have only one life and one chance to do all the things you want to do.
Кон врв
zamislena Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 03.Јануари.2010
Статус: Офлајн
Поени: 14566
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај zamislena Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 01.Јуни.2011 во 20:54
 
 
 
Кога во себе чувствуваш пустош...
а на лицето ти цути раскош, знаеш.....
Тоа е гордоста.......
Таа те заштитува и тебе, и твоите солзи,
и твојата болка од погледот на сите.....
Те заштитува од сожалувањето
кое боли дури и повеќе од омразата.
Те тера да се смееш кога сакаш да плачеш......
Да молчиш кога крик ти ги исполнува градите.
Да делуваш смирено кога ...
и последниот атом во тебе е вознемирен...
Успева да ги задржи солзите до мигот на осаменост.
Им дозволува да потечат единствено тогаш,
кога си сам... далеку од сите погледи...
Но што со лузните на душата ...
создадени од сите прикриени болки и разочарувања.
Иако никој не ги гледа, тие сепак се тука.
Горат и печат на душата во сенката на горда насмевка.
Нека горат. Ќе прегорат.Нека печат.
Ќе излечат. Нека болат.
Ќе преболат. Важно е само никој да не види.
Никој да не дознае.
Нив ги чуваме само за себе.
За другите, тука е маската на гордоста.
Нашиот заштитник. Можат да не повредат.
Можат да не измамат. Можат да не уништат.
Можат да ни одземат сè......
Но гордоста не можат. Никогаш. Таа е само наша..............
Кон врв
bluebell Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
the craziest

Регистриран: 14.Септември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 8041
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај bluebell Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 02.Јуни.2011 во 22:40
Еве нешто прекрасно напишано за љубовта

„ Совршената љубов не ослободува од стравот. Таму каде што е љубовта нема барања, нема очекувања, нема зависност. Не барам од тебе да ме направиш среќен. Мојата среќа не зависи од тебе. Ако ме оставиш, нема да се сожалувам. Уживам во твоето друштво, но не сум прилепен за тебе. Уживам во принципот на неприлепеност. Она во што навистина уживам не си ти. Тоа е нешто поголемо и од мене и од тебе. Тоа е не што што сум го открил, како симфонија, како оркестар кој свири прекрасна музика, одредена мелодија кога си присутна. Но, ако си одиш оркестарот не престанува да свири, туку се менува мелодијата. Репертоарот е голем и музиката никогаш не престанува. “
always look on the bright side of the life!
Кон врв
Calipso Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
Primarius

Регистриран: 26.Мај.2009
Локација: Македонија
Статус: Офлајн
Поени: 44671
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Calipso Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 10.Јуни.2011 во 15:58

Каде сме?
Во вртлогот на љубовта,
Го чекаме косачот
Да ги земе нашите мртви срца
Да им го покаже патот до рајот
Зошто толку патеа на земјата!
Што е срцето?
Гроб!
Вечно почивалиште
На нашата мртва љубов!
А љубовта?
Војна!
Не може да има среќен крај.
Каде ли сме?
Еве не, назад на почетокот,
Со раширени раце чекаме
Нова шанса, нова љубов. Но како, боже?
Немаме гробови за нови војни!
На овој свет има само тројца мажи кои се спремни да те поддржат во тежок момент:
Jack Daniels, John Jameson и Johnnie Walker!
Кон врв
bluebell Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
the craziest

Регистриран: 14.Септември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 8041
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај bluebell Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 20.Јуни.2011 во 12:43
Јас немам друга желба- Пол Елијар

Јас немам друга желба освен да те сакам
една луња ја исполнува долината
една риба реката
Јас те создадов според мерката на својата осаменост
еден целосен свет за да се скријам
денови и ноќи за да се разберам
За да не видам ништо друго во твоите очи
освен она што го мислам за тебе
и за еден свет што е според твојата слика
И денови и ноќи определени од твоите клепки
always look on the bright side of the life!
Кон врв
zamislena Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 03.Јануари.2010
Статус: Офлајн
Поени: 14566
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај zamislena Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 20.Јуни.2011 во 23:54
,,,,,Солзите на една жена,,,,, 
 

Дрвјата околу нив во шумата, потоната во мрак, благо се капеа во отсјајот на месечината и ја слушаа нивната тажна приказна.

Болна како залутан к*ршум на бојно поле, како судена острица од меч на вашиот врат, како врел камшик по вашиот грб, е токму толку болна може понекогаш да биде љубовта. Сигурно сте го искусиле и најслаткиот, но и најгоркиот нејзин вкус. Годините си го прават своето, а вие го чувствувате на своја кожа секој аспект од мистеријата наречена љубов.
 
Врели солзи се лееја по снежно белото лице на таа жена. Се тркалаа надолу, живееја и умираа на нејзините усни.
Ја печеа како врела маша да е допрена на нејзината кожа, го печеа и него, нејзиниот сопатник, кој никако да ги извлече соодветните зборови од себе, никако да ја пронајде вистинската утеха за неа. Дрвјата околу нив во шумата, потоната во мрак, благо се капеа во отсјајот на месечината и ја слушаа нивната тажна приказна.

Плачеше таа затоа што животот беше суров.... Тие си беа се еден на друг, речиси совршени. Се сакаа, се разбираа, си веруваа, беа пријатни за секое друштво, но имаа еден проблем, кој како да ги распаруваше нивните души.

Тој, маж како маж, никогаш не покажа емоција, цврсто исправен веруваше во она утешно „се ќе се среди, се во свое време“, а пак таа ноќи и ноќи не спиеше размислувајќи како да пронајде решение за проблемот. Не зависеше од неа, тој се трудеше, но како да не беше доволно, дали судбината беше виновна што и даде ваков тест.

Размислуваше таа на долги стази и се знаеше сама себе, знаеше дека овој проблем еден ден може да ја фрли во прегратката на друг маж. Размислуваше да ја прекине оваа врска, колку поскоро толку подобро, но не можеше. Самата помисла наутро дека тој повеќе не е тука и дека ќе треба да пронајде замена за некој кој беше толку компатибилен за неа и изгледаше како невозможна мисија.

Сигурно ќе го пронајдеше тоа што тој не може да и го дари, но ќе ја изгубеше неговата магична насмевка, цврста прегратка, искрени разговори, релаксирани ноќи, весели денови и што уште не.

Е токму оваа дилема го растргнуваше срцето на девојката, која не можеше повеќе за издржи и за прв пат во животот плачеше пред него, неутешно како дете. Сакаше да чуе зборови за утеха, но тој не можеше да и го вети тоа, нејзината надеж умираше како сонцето на залезот. Се мирисаше на крај....

Но таа ги избриша солзите, се исправи и и даде уште една шанса на љубовта. Силна е таа, ќе издржи. Не можеше да стори ништо повеќе, освен да чека и да се надева, му кажа се што и тежеше на срцето, сега беше негов ред..............

Кон врв
bluebell Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
the craziest

Регистриран: 14.Септември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 8041
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај bluebell Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 21.Јуни.2011 во 22:51
Не оди си, мила, без збогум.
Цела ноќ ја пробдеав и моите очи стежнаа од сон.
Се плашам, ако заспијам, дека ќе те изгубам.
Не оди си, мила, без збогум.

Скокнувам и ги подавам рацете да те допрам.
Се прашувам: “Сон ли е тоа?”

Да можам со нешто да ти ги врзам нозете за своето срце и да ги оковам за своите гради!
Не оди си, мила, без збогум.
always look on the bright side of the life!
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 4546474849 58>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,219 секунди.