IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Здравје > Исхрана и кулинарство
  Активни теми Активни теми RSS - Кафе
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Кафе

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 2021222324 25>
Автор
Порака
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 01.Ноември.2011 во 17:13

Кафе со шеќер за идеален почеток на работниот ден

Утринското кафе многу подобро ќе ве расони и ќе го подготви вашиот мозок за работниот ден ако го консумирате со шеќер.

КафеКафето со шеќер ја зголемува ефективноста на мозокот

Шпански научници тврдат дека кафето има многу посилен ефект врз работата на мозокот ако се консумира во комбинација со шеќер.

До овој заклучок тие дошле откако им го скенирале мозокот на 40 доброволци кои се напиле кафе, кафе со шеќер, консумирале само шеќер или се напиле само вода.

Истражувачите откриле дека кај учесниците кои консумирале кафе со шеќер била забележана поголема ефективност на мозокот во областа задолжена за задржување на вниманието и областа за т.н. „работна меморија“ (способност да се помнат сите неопходни информации, релевантни за определена задача).

Ако не сте обожавател на кафе со шеќер, тогаш заедно со кафето каснете некое мало колаче и ќе бидете подготвени да се фрлите на работа.



Изменето од Valerija - 04.Ноември.2011 во 11:01
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 04.Ноември.2011 во 11:00

Кафето може да го намали ризикот од рак на кожата

Истражувањето на научници од Харвард резултираше со нови докази дека консумацијата на кафе е поврзана со намалениот ризик за заболување од најчестиот облик на рак на кожата. Ваквиот заштитен ефект на кафето бил изразен кај жените.

Во просек жените кои дневно пиеле најмалку три шолји кафе имале 20 отсто помал ризик за заболување од карцином на базалните клетки отколку жените кои скоро воопшто не пиеле кафе.

На карцином на базалните клетки се однесуваат околу три четвртини од сите случаи на рак на кожата.

Резултатите се однесуваат само на консумацијата на кафе со кофеин, додаваат научниците.

Во истражувањето учествувале околу 111.000 испитаници кои биле следени од 1984-та до 2008-та година.

Некои претходни студии укажале на поврзаност на кафето и понискиот ризик за карцином на дојката, матката, простата и дебелото црево.


 



Изменето од Valerija - 04.Ноември.2011 во 11:00
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Теа Јованова Кликни и види ги опциите
Нов член
Нов член


Регистриран: 22.Декември.2011
Статус: Офлајн
Поени: 6
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Теа Јованова Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 22.Декември.2011 во 13:24
Заедно со Вита Голд кафе секојдневно се дружам:) Се шегувам го пијам 2-3 пати на ден во рок од три месеци. Едноставно само го заменив за турското, а со Вита Голд освен што уживам, дури и слабеам. На здравје кафе :)))
Кон врв
evangeline Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 22.Август.2011
Локација: Naxos
Статус: Офлајн
Поени: 6758
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај evangeline Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 15.Јануари.2012 во 06:47

Кафе романса


Прекрасно и необично подготвено еспресо за убаво и романтично расположение


Кафе романса




Потребни состојки:

  • 150 мл Калуа
  • 150 мл Бејлис
  • кратко еспресо
  • 100 г чоколада (се препорачува чоколада со ментол или црна чоколада)
  • шлаг
  • кафеав шеќер

Начин на подготовка: Во чаша за ирско кафе се става Калуата. По внатрешните ѕидови на чашата внимателно се налева Бејлисот (за да не се измеша со Калуата, туку да направи слој над неа). Потоа на истиот начин се става и подготвеното еспресо. Се наросува од кафеавиот шеќер на површината и на крајот се украсува со шлаг и чоколадни трошки.



Изменето од evangeline - 15.Јануари.2012 во 06:48
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 16.Јануари.2012 во 20:17

Зошто кафето претставува стрес за организмот?

Кога сме уморни, нивото на шеќер во крвта расте, па потоа одеднаш се намалува, заради што ни е потребно нешто што ќе нè расположи. Тогаш најчесто посегнуваме по шолја кафе. Но, во продолжение следат неколку работи кои би било корисно да ги знаете доколку сте голем обожавател на овој пијалок.

Организмот кој е под стрес лачи адреналин, кој пак му помага на организмот да се бори со стресот. Од друга страна, кортизолот, другиот хормон на надбубрежната жлезда, има подолго дејство од адреналинот и се лачи кога личноста е под стрес подолго време. Кортизолот го зголемува крвниот притисок, нивото на шеќер во крвта и делува деструктивно врз нервниот систем.

Разните напитоци кои содржат кофеин, како што се кафето, кока-колата и чајот, го стимулираат производството на адреналин, што за организмот е нормално само во екстремни ситуации, и на тој начин драстично се зголемува нивото на шеќер во крвта.

Сепак, многу луѓе консумираат кафе и чај повеќе пати во текот на денот, а доколку тоа го прават и за да го спречат чувството на глад (што претставува стрес), нивните надбубрежни жлезди лачат адреналин. Како што кажавме, ако организмот е изложен на стрес подолго време, надбубрежните жлезди почнуваат да лачат кортизол, кој го уништува нервниот систем.



На тој начин кафето и другите стимуланси влијаат врз телото. Меѓутоа, при присуство на ниско ниво на шеќер во крвта, консумирањето на кафе и колачи ќе делува на организмот како лек.

Покрај тоа, кофеинот влијае на рамнотежа на глукозата во крвта и на тој начин се зголемува отпорноста на инсулинот (кој го регулира нивото на шеќер во крвта). Ова предизвикува чувство на замор и тешкотии. Телото и умот се многу осетливи на механизмот на глукозата и нивото на хормоните.

Во текот на денот, организмот е толку уморен од постојаните стресови – стимуланси (никотин и кофеин) и храна, што не може соодветно да реагира и метаболизмот излегува од рамнотежа. Организмот со пореметен метаболизам развива разни болести и почнува да создава масни ткива.

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 21.Мај.2012 во 15:14

Зошто е добро да пиете кафе?

Луѓето кои редовно пијат кафе имаат помали шанси да умрат од последиците на срцевите заболувања, мозочниот удар, шеќерната болест и инфекциите, се тврди во една нова студија

Долго време се веруваше дека премногу кофеин е штетно, а сега научниците велат дека кафето може да го продолжи вашиот живот.

Во обемна студија, во која биле вклучени речиси 400.000 луѓе на возраст помеѓу 50 и 71 години, беше откриено дека кафето обезбедува помала веројатност за смрт од различни болести.

Американската студија, објавена во New England Journal of Medicine, обезбедува докази дека кафето е добра за здравјето на луѓето. Се тврди дека не може да се утврди дали кафето предизвикува намален ризик од смрт, но истражувањето ја открило врската меѓу пиењето на кафе и пониската стапка на смртност. Научниците сметаат дека малку веројатно е дека кофеинот е здравствено корисен, но познати се биолошките ефекти на антиоксидансите и магнезиумот содржани во кафето.

- Ова е важно истражување бидејќи дава докази кои покажуваат дека умереното консумирање на кафе е корисно и дека дава одредена здравствена корист, вели др. Пол Еуан, извршен директор на Британската задруга за кафе. Трудниците би требале и понатаму својот внес на кафе да го држат на 200 mg дневно во склад со насоките на јавното здравство, додава тој.

сподели на Facebook

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 17.Ноември.2012 во 11:28


Кафето нè буди по автосугестија


Coffee-Woman-wakeup-CRP-e1346928552291



Ако сте еден од оние кои мислат дека нема да го издржат денот без утринското кафе, тогаш се лажете. Научниците докажаа дека во прашање е автосугестија. Големиот број луѓе се чувствуваат успорено и поспано во текот на целиот ден доколку не се напијат утринско кафе, а ако не го испијат и она попладневното, стануваат нервозни.

Иако и научно е докажано дека кофеинот предизвикува лачење на адреналин во нашиот организам, едно лондонско истражување покажало дека влијанието на кофеионот на нашиот организам пред сè е во нашите глави. Ако пиеме кафе за да се расониме, нашиот мозок така и ќе реагира.

Научниците ги поделиле испитаниците во четири групи, давајќи им на дел од нив обично кафе, на некои исто така обично кафе но им било кажано дека е безкофеинско, а на останатите им било дадено кафе без кофеин за кои биле уверени дека е обично. Резултатите покажале дека луѓето кои пиеле безкофеинско кафе мислејќи дека во него има кофеин, подеднакво добро ги решиле тестовите кои им биле дадени и на оние кои пиеле обично кафе.

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 21.Јануари.2013 во 17:48

13 невообичаени примени на кафето


Мммм... доволна е само една голтка од утринското кафе и едно вдишување на неговата арома за да нè обземе пријатно чувство и вистински да го означиме почетокот на денот. Кафето не само што е добро за расонување и што служи како добар изговор за долги разговори и озборување, туку тоа е и корисен производ кој може да се употребува низ домот и за негување на кожата и косата.

Кафе

Пилинг за лице, сојузник во борбата против целулит, дезодоранс за фрижидер, освежувач за автомобил... Еве само дел од многуте невообичаени примени на кафето:

  1. Елиминирање на миризбата на риба, лук или кромид од рацете. Чистевте риба, сечкавте лук или кромид и рацете веднаш ви примија силна миризба? За да се спасите од непријатните мириси, истријте ги рацете со талог од кафе.
  2. Отстранување на миризбите од фрижидерот. Понекогаш се случува фрижидерот да прими миризба од неколку различни јадења, а хаотичниот остар мирис во никој случај не е пријатен за носот. Уште полошо е кога и свежата храна ќе започне да прима од лошата арома. За да ја намалите непријатната миризба, наполнете мала пластична кутија до половина со мелено кафе и оставете ја во фрижидерот.
  3. Нежен чистач за скара или замрсени тенџериња и тави. Талогот може да ви послужи за полесно да ги истриете мрснотиите од скарата или кујнските прибори, и тоа без да ги оштети.
  4. Обезмирисување на микробранова печка. Доколку почувствувате дека микробрановата печка добила непријатен мирис, ставете во неа чаша со 3-4 лажички кафе и дополнете ја до половина со вода. Загрејте го кафето во микробрановата барем 5 минути.
  5. Покривање на гребнатините на дрвениот мебел. Помешајте инстант кафе со малку жешка вода. Со смесата истријте ја гребнатината во мебелот. Повторете ако има потреба. Ова е особено полезно ако се работи за темно дрво.
  6. „Плашило“ за мачките во вашата градина. Измешајте талог од кафе со изрендана кора од портокал и таа смеса распространете ја низ вашата градина. Мачките нема ни да помислат да ја искористат вашата градина како тоалет.
  7. Средство против мравки. Ставете талог од кафе на местата од каде што излегуваат мравките. Веднаш ќе избегаат на друго место. Талогот може да ви послужи и за да ги избркате полжавите.
  8. Освежувач за автомобил. Во хулахопки ставете талог од кафе и врзете ги. Ставете ги во вашиот автомобил за да добиете пријатна арома. Кафето помага и за неутрализирање на миризбата од цигарите, па ако пушите во автомобилот, ова е природен начин да ја минимизирате лошата миризба.
  9. Регенератор за сјајна коса за бринети. Сварете кафе, оставете го да се излади, исцедете го и со течноста потурете ја косата по миењето со шампон. На крајот исплакнете со млака вода. Кафето докажано го зголемува сјајот на косата. Но, ако сте русокоса, не го применувајте овој трик, затоа што кафето може да ви ја уништи бојата на косата.
  10. Пилинг за отстранување на мртвите клетки на лицето. Измешајте талог од кафе со малку маслиново масло и со кружни движења протријте го нежно лицето. Измијте со млака вода и гел за лице. Кожата ќе ви стане почиста и ќе придобие здрав сјај.
  11. Маска за нахранување на кожата. Измешајте ¼ шолја кафе со една белка од јајце. Нанесете ја смесата на лицето и оставете ја да делува 10-15 минути, односно додека не се исуши. Измијте со топла вода.
  12. Помагач во чистењето на каминот. Пред да ја чистите пепелта од каминот, низ неа фрлете влажен талог од кафе. Тој ќе ви помогне пепелта и правот да не се разнесат низ целата просторија.
  13. Одличен сојузник против целулит. Собирајте го талогот од кафето и на крајот од денот, пред туширање, измешајте го со малку маслиново масло. Со кружни движења нанесете го на бутовите и задникот, а потоа замотајте ги со кујнска фолија. Оставете го кафето да дејствува 20-30 минути, а потоа истуширајте се. Уште веднаш ќе забележите дека кожата ви е многу понежна и помека, а со тек на време ќе забележите и дека видливоста на целулитот значително се намалува.

Добрата вест е што во повеќето случаи треба да го користите талогот, па сепак претходно ќе можете да уживате во неодоливиот вкус и аромата на кафето.

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 28.Февруари.2013 во 16:43

Зошто е толку тешко да се откажете од кафето?



Најновото истражување целосно ги открива навиките на љубителите на кафе, а според резултатите дневно во просек се пијат 2,2 шолји, додека секој го прескокнува бескофеинското кафе.

Во истражувањето во кое учествувале 1.700 доброволци, 83 отсто од нив одговориле дека секојдневно уживаат во омилениот напиток, додека кафето за нив претставува дневна рутина. Околу 12 отсто пијат кафе неколкупати неделно, два отсто пијат неколкупати месечно додека еден отсто неколкупати годишно.

Како дневна доза на кафе се посочени 2,2 шолји, додека помала група на луѓе посочила дека успеваат да ја намалат консумацијата неколкупати неделно. Истражувањето покажало дека бескофеинското кафе не е многу популарно така што само пет отсто преферираат да го пијат.

Новото истражување покажа дека љубителите на кафето нема да престанат да го пијат дури и во кризни времиња. Кога кафето почнува да се пие на помлада возраст, подоцна е потешко да се одвикнете од навиката. Најголем број луѓе почнале да го консумираат на возраст меѓу 15 и 19 години.

Научниците сметаат дека токму овој факт е пресуден зошто одвикнувањето е толку тешко. Дури 42 отсто од испитаниците признале дека не можат да се одречат од кафето, пренесува Huffington Post.



Изменето од Valerija - 28.Февруари.2013 во 16:44
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 28.Февруари.2013 во 16:46

Зошто кафето е здраво за пиење?



За многумина, кафето претставува секојдневен утрински ритуал без кој не може да се замисли почетокот на денот. Прочитајте кои се позитивните ефекти од секојдневното консумирање на овој миризлив напиток.

Дали знаевте дека кофеинот од кафето ги намалува опасностите од цироза и тоа до 80% доколку дневно се испијат најмалку четири филџани кафе? Овој податок е објавен од страна на германска здравствена организација. Истражувањето покажало дека кафето е добро за срцето и црниот дроб, бидејќи го забрзува метаболизмот.

Имено, кафето содржи и голем број на други здрави состојки, како што се антиоксидансите кои можат да го преполоват ризикот од Алцхајмерово заболување.

Исто така, кафето ја стимулира правилната работа на срцето и го намалува крвниот притисок, се разбира доколку не се претера со пиењето.

Во умерени количини, кафето ги штити мозочните ќелии, а според некои истражувања може да го намали ризикот од деменција и Паркинсова болест.

Кафето ја подобрува концентрацијата, позитивно влијае на меморијата и ве одржува будни. Ако почувствувате нервоза од консумирањето, измешајте го со бескофеинското кафе и немојте да го пиете на празен желудник. Може да делува и на сонот, па најдобро е да не пиете кафе четири часа пред спиење.

А, доколку држите диета, тогаш кафето без шеќер е идеално за вас. Можеби не сте знаеле дека кафето помага и кај главоболките така што може да спречи појава на главоболка и рани облици на мигрена.

Кафето е богат извор на антиоксиданси кои го штитат организмот и го забавуваат стареењето, а некои студии покажаа дека кафето ја зацврстува издржливоста и ги подобрува спортските резултати.

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 28.Февруари.2013 во 16:47

Десет причини зошто треба да се збогувате со кафето



Се чувствувате уморно, исцрпено, депресивно? Можеби за сето тоа е виновно кафето. Докторите сугерираат да го обновите организмот со тоа што ќе го елиминирате од вашето секојдневие.

Во последно време кафето е главна тема во здравствените кругови. Иако постојат многубројни студии кои ја истакнуваат улогата на кафето во спречувањето болести, сепак една од најважните карактеристики е дејството на шеќерот во крвта.

Во новата книга „The Blood Sugar Solution“, американскиот доктор Марк Хајмен истакнува дека инсулинската резистенција и воспаленијата се центарот на современите хронични болести. Тој пишува во „Huffington Post“ дека една од најважните здравствени навики кои треба да ги усвоиме се управување со нивото на шеќер во крвта преку намалување на активните супстанции кои го исфрлаат од рамнотежа. Дали знаевте дека кафето е еден од тие активатори?

„Кафето има неверојатно моќна колекција на биолошки активни состојки“- вели докторот Волтер Ц. Вилет од Харвард.

Според него, ефектите во организмот од кафето треба да се третираат како ефекти кои имаат дејство на моќна дрога.

Научниците почнаа да ги истражуваат состојките на кафето. Истражувањата покажаа дека кај личности со дијабетес 2 внесувањето кафе е во корелација со покаченото излачување на инсулинот и зголемениот шеќер во крвта по оброкот. Понатамошните истражувања покажаа дека кофеинот во кафето може да биде одговорен за лачење на поголеми количини инсулин од панкреасот.

Прочитајте ги овие десет причини зошто не треба да пиете кафе:

1. Кофеинот во кафето го зголемува хормонот на стресот. Реакцијата на стрес ги зголемува нивото на кортизол и инсулин. Инсулинот ги генерира воспалителните процеси од кои потоа се чувствуваме како болни.

2. Навикнувањето на кофеин ја намалува чувствителноста на инсулин. Големото ниво на шеќер доведува до оштетување на артериите и зголемен ризик од кардиоваскуларни болести.

3. Корисните хлорогени киселини можат да ја одложат апсорпцијата на гликоза во цревата што доведува до зголемен ризик од срцеви заболувања.

4. Нефилтрираното кафе има најголемо ниво на антиоксиданси, но во организмот најмногу се внесуваат дитрепените поврзани со покаченото ниво на триглицериди.

5. Киселоста на кафето е поврзана со иритација на дигестивниот систем и нерамнотежа на цревната флора.

6.Зависноста е чест проблем кај оние кои редовно го консумираат кафето. Ако прашате некој кој не може без кафе како се чувствува без својата омилена напивка, неговата приказна ќе  звучи како исповед на наркоман.

7. Бизнисот со кафе го поттикна создавањето култура која е зависна од слаткиот и моќен вкус на кафето.

8. Нивото на органската киселина 5-HIA и дел од неуротрансмитерот серотонин се со зголемено ниво во мокрачата на редовните косумери на кафе. Тие ризикуваат во мозокот да се синтетизира пониско ниво на серотонин потребен за нормална работа на цревата, расположението, добриот сон и нивото на енергија во организмот. Тоа е волшебен круг, бидејќи кафето може да влијае на сонот и да ја поттикне депресијата. Факт е дека колку повеќе пиете кафе, толку сте поуморни.

9. Оние кои почесто пијат кафе губат повеќе минерали како калциум, магнезиум и калиум. Тоа доведува до нерамнотежа и сериозни компликации по здравјето.

10. Состојките во кафето можат да сметаат на нормалната работа на метаболизмот на лековите и нормалниот процес на детоксикација во црниот дроб. Треба да се биде внимателен со кафе ако сте на одредена терапија за штитната жлезда или ви се припишани антидепресиви.

Како да ја прекинете зависноста?

Обидете се да се одморите од консумирање кафе и проверете како организмот ќе ви функционира на алтернативно гориво. Исфрлете го кофеинот од својот систем и веднаш ќе се почувствувате поенергични.

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 27.Март.2013 во 16:56

Вкусот на кафето: 3 лесни рецепти

Доброто старо црно кафе е одличен начин за започнување на денот и за брзо расонување. Сепак, на сите понекогаш ни станува здодевно од истиот вкус. Токму затоа ви препорачуваме овој пат да ја разбиете монотонијата со следните кафиња кои имаат малку поинаков вкус од она кафе кое го консумирате секој ден.

Ледено кафе со цимет

Потребни состојки за базата:

2/3 шолја мелено кафе

3 шолји вода

1 лажичка цимет

3 лажици кафеав шеќер

Овие состојки ставете ги во тегла, промешајте и оставете ја течноста да отстои во ладилникот една вечер.

Потребни состојки за вториот дел:

-млеко

-крем или шлаг

-мраз

Исцедете го ладното кафе, сервирајте во стаклени чаши така што ќе наполните ¾ од чашата со кафе, а другиот дел ќе го дополните со млеко, крем и коцка мраз.

Топло мока кафе

Потребни состојки:

2 шолји варено кафе

1 лажица какао

4 лажици ликер од кафе

Шеќер по вкус

Шлаг и чоколаден прелив за декорација

Во жешкото кафе ставете ги преостанатите состојки и добро мешајте. Потоа украсете со преливот и чоколадото.

Пунч кафе

Потребни состојки:

4 лажици мелено кафе

2 стапчиња цимет

Кора од портокал

4 мали чаши рум

Сварете го кафето како што вообичаено го варите. Потоа во него ставете ги циметот и кората од портокал. Прелејте со рум кој претходно сте го загреале.

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Schatzii7 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Unglaublich

Регистриран: 19.Октомври.2011
Локација: Lost somewhere
Статус: Офлајн
Поени: 7055
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Schatzii7 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 10.Јули.2013 во 18:24
Понекогаш денот може и без кафе да ми поминесреќа
џабе имам кафе мат кога не пијам ни еспресо ни макијато...воопшто не ми се допаѓаат.
Зимно време обично пијам капучино, понекогаш и ладно матено нес
а летно само нес и ајс кафе.

»Wenn ein Deutscher einen Zug ausrauben möchte, kauft er sich als erstes eine Fahrkarte.« :) (Lenin 1917)
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 18.Септември.2013 во 17:06
Milky Way капучино

Потребни состојки:
90 мл еспресо
40 мл чоколаден прелив
40 мл сируп од карамела
20 мл зовриено млеко
Начин на подготовка:
Во шолја за кафе сипете го подготвеното еспресо, чоколадниот прелив и сирупот од карамела и потоа додадете зовриено млеко. На врвот ставете млечна пена. За само 5 минути ќе добиете фантастичен кафе напиток со шмек на неодоливите чоколатца Milky Way.
Слика
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 2021222324 25>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,813 секунди.