IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Здравје > Исхрана и кулинарство
  Активни теми Активни теми RSS - Кафе
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Кафе

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1234 25>
Автор
Порака Обратен редослед
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 25.Февруари.2016 во 08:48

Рум кафе за вкусен празничен ден


    Во духот на празниците, збогатете ја вашата трпеза на првиот ден од новата година со ова вкусно рум кафе!

Рум кафе за вкусен празничен ден

Потребни состојки:
  • 4 кафени лажички црно кафе
  • 600 милилитри вода
  • 3 кафени лажички шеќер
  • 4 кафени лажички чоколадо во прав
  • 1 пакување шлаг пена од чоколадо
  • 2 кафени лажички рум
  • 40 грама бело чоколадо
Начин на подготовка:

Во поголемо ѓезве ставете вода, додадете шеќер и почекајте да зоврие. Потоа додајте го црното кафе, промешајте и почекајте да се направи пена. Тргнете го ѓезвето од ринглата, оставете го талогот да се намали, а потоа процедете низ густа цедалка. Во исцеденото кафе додајте ги румот и чоколадото во прав и промешајте. Шлаг пената од чоколадото подгответе ја според упатството на кесичката. Ставете го кафето во 4 шолји и одозгора со помош на слаткарски шприц нанесете го шлагот од чоколадо и посипете со малку рендано бело чоколадо.



Изменето од Valerija - 25.Февруари.2016 во 08:48
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Devojcence Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 28.Март.2015
Локација: Skopje
Статус: Офлајн
Поени: 497
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Devojcence Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 03.Јуни.2015 во 00:37
Zavisi doma po edno dve turski a na rabota po dve tri nes itaka.
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 21.Мај.2015 во 12:47
Воопшто не го консумирам.
Едноставно немам потреба за истото.

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Schatzii7 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Unglaublich

Регистриран: 19.Октомври.2011
Локација: Lost somewhere
Статус: Офлајн
Поени: 7055
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Schatzii7 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 21.Мај.2015 во 12:39
Originally posted by elizabeta elizabeta напиша:

колку кафиња дневно пиете?
кое/какво ви е омилено кафе?
 
и покрај тоа што знаеме дека е штетно претеруваме со кафето Big%20smile

Некогаш едно, а понекогаш ниедно...има денови кога воопшто не ми текнува на кафе.
Омилено ми е ладно матено нес и ајс кафе  за во летниот периодљубов
за другиот период од годината преферирам капучино 
ова ми е најомиленото

»Wenn ein Deutscher einen Zug ausrauben möchte, kauft er sich als erstes eine Fahrkarte.« :) (Lenin 1917)
Кон врв
lotus flower Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 08.Септември.2008
Статус: Офлајн
Поени: 6937
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај lotus flower Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 21.Мај.2015 во 09:25
kafe max. 2 na den
Кон врв
Omar Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Too young to die...

Регистриран: 22.Февруари.2009
Статус: Офлајн
Поени: 12633
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Omar Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 19.Април.2015 во 11:21

Пунч кафе

Потребни состојки:

4 лажици мелено кафе

2 стапчиња цимет

Кора од портокал

4 мали чаши рум

Сварете го кафето како што вообичаено го варите. Потоа во него ставете ги циметот и кората од портокал. Прелејте со рум кој претходно сте го загреале.

Кон врв
Omar Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Too young to die...

Регистриран: 22.Февруари.2009
Статус: Офлајн
Поени: 12633
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Omar Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 19.Април.2015 во 11:20

Топло мока кафе

Потребни состојки:

2 шолји варено кафе

1 лажица какао

4 лажици ликер од кафе

Шеќер по вкус

Шлаг и чоколаден прелив за декорација

Во жешкото кафе ставете ги преостанатите состојки и добро мешајте. Потоа украсете со преливот и чоколадото.

Кон врв
Omar Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Too young to die...

Регистриран: 22.Февруари.2009
Статус: Офлајн
Поени: 12633
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Omar Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 19.Април.2015 во 11:20

Ледено кафе со цимет

Потребни состојки за базата:

2/3 шолја мелено кафе

3 шолји вода

1 лажичка цимет

3 лажици кафеав шеќер

Овие состојки ставете ги во тегла, промешајте и оставете ја течноста да отстои во ладилникот една вечер.

Потребни состојки за вториот дел:

-млеко

-крем или шлаг

-мраз

Исцедете го ладното кафе, сервирајте во стаклени чаши така што ќе наполните ¾ од чашата со кафе, а другиот дел ќе го дополните со млеко, крем и коцка мраз.

Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 19.Април.2015 во 10:50

Кафе со матена жолчка?! Интересни и лесни рецепти за кафе

Сигурни сме дека не можете да си го замислите денот без барем една шолја вкусно кафе. Повеќето од нас пијат турско или нес, а некои капучино, еспресо, лате... Но, би сакале ли да пробате нешто потполно ново?


Постојат толку многу различни варијанти за да го направите вашиот омилен напиток, а за добар дел од нив нема да ви биде потребно ни гезве. Погледнете го ова креативно видео и дознајте како се прават вистински специјалитети од кафе ширум светот и уживајте во уметноста на кафето. 

Некои од нив сигурно сте ги виделе во менијата во кафулињата, но сте немале претстава дека се прават толку лесно. Најнеобичното од сите е специјалитетот на Австрија, наречен кајсермеланге, кафе кое се прави со матена жолчка. Би го пробале ли? Погледнете!



Изменето од Valerija - 25.Февруари.2016 во 09:23
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 28.Април.2014 во 16:06

ДОМАШНО ВИЕНСКО КАФЕ

11

Состојки:
1 лажичка шеќер
4 мали лажички шеќер во прав
20 грама чоколадо
2 филџани кафе
100 грама блага павлака

Подготовка:
Половина чаша слатка павлака добро се мати во шлаг со лажичка шеќер и се остава во фрижидер добро да се олади.Во поголеми филџани се става по една лажичка чоколадо во прав, 2 лажички шеќер во прав и лажичка слатка павлака. Сето тоа добро се промешува за да се добие мазен крем.
Потоа во секој филџан се налева постепено врело кафе и се украсува со претходно подготвениот фил, кој е добро оладен во фрижидерот. Одозгора ова необично виенско кафе се попрскува со малку цимет.

 

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 06.Март.2014 во 13:09
Image Image Image 

Како да го направите совршеното кафе

Како да го направите совршеното кафе

Гурманското кафе од селектирани видови кафиња може максимално да вреди за цената, меѓутоа нема потреба да трошите добар дел од платата за секојдневно да купувате вкусно кафе за носење.

Прочитајте ги овие пет совети со кои ќе бидете сигурни дека кафето што ќе го направите во домашни услови ќе биде одлично и бар неколку пати подобро од она што може да го купите од локалното кафуле.

  • Кафето нека биде најсвежо што е можно, идеално е ако користите свежо мелено кафе пред секое варење.
  • Користете свежа вода секој пат кога ќе го варите.
  • Ако го складирате кафето во метални кутии, чувајте помала количина, затоа што ако ја чувате целата содржина од една кесичка, ризикувате да се создаде многу влага.
  • Не случајно во кафулињата кафето се служи во топла шолја, затоа кога го правите дома прво наполнете ја шолјата со топла вода, истурете ја по неколку секунди, а потоа сипете го кафето.
  • Користете меѓу 10 и 20 грама или една кафена лажичка за доза за едно лице. [How to make the perfect pot of coffee]

Го направивте ли? Пишете ни дали навистина е совршено.

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 24.Февруари.2014 во 18:16

Што открива за вас кафето кое го пиете?

Што открива за вас кафето кое го пиете?

Кафето има врска со карактерот на личноста која го пие, односно дека слични луѓе нарачуваат слично кафе. Имено, авторите на книгата „Што велат вашите навики за вас“, Џејмс Мур и Џуди Џејмс, врз основа на нивните истражувања меѓу луѓето кои сакаат кафе заклучил дека свареното кафе има врска со карактерот на личноста која го пие, односно дека слични луге нарачуваат слично кафе. Еве до какви заклучоци дошле:

Espresso

Ова е највозрасно од сите кафиња. Брзо и едноставно, а обично го нарачуваат критички настроени лица, критичари, циници, саркастични луѓе па дури и агресивци. Го менуваат расположението како чорапи, ги привлекува здравиот начин на живот а често и го применуваат истиот, сакаат да бидат лидери, и тоа и се, па немаат многу време за трачеви со некое друго кафе.

Обично турско кафе

Се работи за минималистичка и кул особа, која не ги покажува своите чувства така лесно и не е драматична. Исто така е склона на променливо расположение, највеќе сака дружење еден на еден, несака големи друштва. Мирна е и сака да се натпреварува.

2009-08-17-KindsofCoffee

Кафе со млеко

на некој начин опасноста во обликот на кафе се разводнува со помош на млекото. Оваа особа сака да биде прифатена, таа сака другите да ја сакаат. Битна и е сигурноста, знае да биде мошне тврдоглава. Избегнува дирекни кавги, несогласувања, и валкани работи, лојална е во семејните кругови. Најубаво се чувствува кога е во удобна атмосфера и со најблиските пријатели.

Со шлаг

Овие лица се често позери и глумци. Сакаат да бидат славни, трчаат по модата, трендсетери кои немаат баш свои ставови за нештата и често не ја разбираат иронијата.

Капучино

Се работи за многу оптимистичка особа која сака луѓе и дружење. Има цел но само гледа кон крајот. Ги заборава оние ситни детали и напорната работа кои ќе ја донесат до целта. Често нешто започнува но не и завршува.

Инстант кафе

Се работи за мирна личност на која никаде не се брза, не драматизира и најчесо го кажува тоа што го мисли. Понекогаш другите ја сметаат за површна бидејќи нема некои големи амбиции и авантури, како на работа така и во сексот. Има наизменично лошо или добро расположение на кратки интервали.

1364884966_kofe

Бескофеинско кафе или кафе со соино млеко

Обично се работи за лица загрижени за животната средина, но често само загрижени, а по тоа прашање не превземаат ништо. Ако се работи за личност која е алергична на кравјо млеко па затоа мора да пие соино, често станува збор за лице со актерски способности.

Лица кои не пијат кафе

Авторите велат дека луѓето кои упорно одбиваат кафе првенствено се преплашени од животот.

33% од луѓето се друштвени пијачи на кафе кои го пијат само заради пријателите со кои така се дружат.
14% од лугето сакаат да пијат кафе за да ги згреат дланките од топлата шолја.
14% се вистински зависници од кафе.
11 проценти за полесно да се сконцентрираат.

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 24.Февруари.2014 во 18:01

Лошите страни на кафето

Лошите страни на кафето
Многумина го започнуваат утрото со пиење кафе, но има и такви кои во текот на денот претерано ги конзумираат.

Кафето има многу предности, но може и да наштети доколку претерувате и го пиете во големи количини, а се случува да го пиеме по навика, дури и кога немаме реална потреба од кафе. Истражувањата, меѓутоа покажуваат дека пет или повеќе шолји кафе дневно можат да предизвикаат многу непријатни последици на вашиот организам.

Погледнете кои се тие:

People_Drinking_Coffee

Луѓето кои се под сериозен стрес и комзумираат премногу кофеин можат да слушаат звуци кои всушност не постојат.

Големата количина на кофеин може да му наштети на желудникот, особено ако користите лекови против болки.

Може да ви се зголеми крвниот притисок.

caffe-cuore-health

 

Премногу кафе може да предизвика несоница. На кофеинот му се потребни 24 часа да излезе од организмот, но бројот на часови варира од личност до личност.

Од кофеинот можете да станете зависни, но може да се промени и вашето расположение. Кога престанува да дејствува, расположението се намалува. Единствен начин да го подобрите е да пиете уште кафе, поради кое што повторно краткотрајно се чувствувате добро.

Одвикнувањето од кофеин може да предизвика главоболка, која настапува 12 до 24 чса, по последното внесување во организмот.

IMG_3512-620x413

Истотака, одвикнувањето може да ве депримира и да поттикне да се чувствувате тешко, заморно и поспано.

Го зголемува ризикот од остеопороза, со тоа што внесувате доволно калциум и витамин D.

Колку почесто пиете, толку почесто мокрите.

tazzina-di-caffe_h_partb3

 

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 20.Декември.2013 во 19:22

Има ли подобар пријател рано наутро од една полна шолја кафе? Пред да ги отвориме одморените очи, како маѓепсани одиме кон кафе-апаратот со само една единствена желба – што побрзо да го вкусиме својот омилен вкус.

kafeto-ja-otkriva-vasata-licnost-01

Секој од нас има омилен вкус и специфичен ритуал, па затоа во следните неколку редови откријте што тоа кажува за вашата личност.

Црно кафе
Вие сте директни и едноставни, не сакате игри и нерасчистени сметки. Сакате да го живеете животот со полни гради, тешко ги менувате веќе усвоените навики, но кога еднаш ќе ги промените заборавате дека некогаш сте биле поразлични.

kafeto-ja-otkriva-vasata-licnost-1

Бело кафе

Љубителите на бело кафе се вечни сонувачи, по малку дури и детинести. Верувате во добрината на луѓето и сте вечни оптимисти. Нежни сте и загрижени кога станува збор за некој кој ви значи живот.

kafeto-ja-otkriva-vasata-licnost-2

Еспресо

Се работи за интелектуални личности со цврсто зацртани животни цели. Оние кои ве познаваат често мислат дека сте нестрпливи и претерувате, додека вие само верувате во она што го посакувате.

kafeto-ja-otkriva-vasata-licnost-3

Лате

Кафето кое го избираат вечните деца. Понекогаш се чувствувате премногу безгрижно, сакате игри, дружења и забави. По малку сте наивни, но сепак сте големи авантуристи кои уживаат во сеќавањата на минатото и детството.

kafeto-ja-otkriva-vasata-licnost-4

Капучино

Го обожаваат исклучиво уметничките души. Вие сте автентична личност, понекогаш малку расеана. Обожавате да ги анализирате сопствените животни избори и уживате во секој пад и успех кој сте го доживеале.

kafeto-ja-otkriva-vasata-licnost-5

Мока

Вие вечно го избегнувате секој конфликт и сте прилично отворена личност. Кога земате мала голтка од ова кафе, се буди позитивно чувство во вас. Опуштени сте, живеете со голема леснотија, лојални сте на нештата кои ви значат и многу чувствителни.

kafeto-ja-otkriva-vasata-licnost-6

Макијато

Го пијат префинети личности со истенчен вкус. Големи хедонисти се и за нив животот е уживање во малите нешта.

kafeto-ja-otkriva-vasata-licnost-7

Кафе без кофеин

Личностите кои го консумираат сакаат да ги држат работите цврсто под контрола, понекогаш дури знаат да бидат и опсесивни или посесивни. Одговорни се, посветени и се грижат за своето здравје.

kafeto-ja-otkriva-vasata-licnost-8

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1234 25>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,250 секунди.