IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Здравје > Исхрана и кулинарство
  Активни теми Активни теми RSS - Омилена пица - рецепти
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Омилена пица - рецепти

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 891011>
Автор
Порака
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85179
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 05.Ноември.2013 во 08:22
во последно време ги сакам пиците кои што се со сланина  , пченка и во место кечап одоздоло течна павлака
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (1) Благодарам(1)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 04.Декември.2013 во 16:12

Мали тајни за совршена пица: Тесто кое секогаш успева

Совладувањето на сите препреки во изработката на домашната пица е предизвик од кој ретко кој се откажува додека не ја пронајде совршената формула за меко тесто со малку крцкави рабови какво што подготвуваат најдобрите пица мајстори.

За изработка на совршеното тесто постојат многу совети и мали трикови, а ние ви претставуваме рецепт преку кој ви ги откриваме најситните детали.

Потребни состојки:

  • 600 гр. брашно
  • 5 гр. сув квасец
  • 3 дл. млеко
  • 2,5 дл. топла вода
  • 2 дл. маслиново масло
  • 2 лажици морска сол
  • 1 лажица шеќер

Подготовка:

1. Во голем сад додадете брашно, сол и шеќер, добро измешајте, потоа во средина направете вдлабнатина и во неа додадете го сувиот квасец. Над квасецот додадете млеко, вода и започнете да мешате, а постепено додавајте и маслиново масло.

2. Тестото оставете го на собна температура околу половина час и потоа кога ќе нарасне префрлете го на површина врз која претходно сте ставиле брашно и повторно замесете. Вратете го тестото назад во садот и оставете го да одстои околу половина час, потоа префрлете го на рамна површина и со рацете нежно развлекувајте. Кога ќе почувствувате дека пука продолжете тестото да го развлекувате со сукало или валјак додека не добиете дебелина од еден сантиметар.

3. Тестото префрлете го во сад за печење и потоа додадете ги вашите омилени состојки за пица.

Совет: Користете морска сол, а не кујнска, бидејќи морската сол подобро влијае врз нараснувањето на тестото. Водата и млекото секогаш кратко подгрејте ги пред да ги ставите во тестото, толку колку за да не бидат ладни.

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 20.Декември.2013 во 14:19

Првото нешто кое ќе ви прелета низ главата е прашањето: Која ли е разликата помеѓу обичната и новогодишната пица? Можеби на вкус и нема голема разлика, меѓутоа изгледот на пицата е оригинален.

kako-da-podgotvite-novogodisna-pica-01

За да ја подготвите новогодишната пица нема да ви биде потребно ништо повеќе од основните намирници:

  • Тесто
  • Кечап
  • Кашкавал
  • Моцарела
  • Кулен
  • Зеленчук по желба

Тајната во подготовката не е ниту во тестото, ниту во намирниците. Сè што треба да направите е да го исечете стандардното тесто во вид на триаголник, со мал квадрат на едната страна.

Потоа, препуштете и се на креативноста. Експериментирајте со вкусовите, комбинациите, боите на намирниците и шарите кои ќе ги создадете со нив.

На крај, печете на 180 степени околу 30тина минути и послужете ја на својата празнична трпеза. Ќе бидете пријатно изненадени од коментарите и насмевките кои ќе ги предизвикате.

kako-da-podgotvite-novogodisna-pica-02

kako-da-podgotvite-novogodisna-pica-03

kako-da-podgotvite-novogodisna-pica-04

kako-da-podgotvite-novogodisna-pica-05

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Kastro Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 17.Јули.2008
Статус: Офлајн
Поени: 11937
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Kastro Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 19.Јануари.2014 во 17:20

Ви се пријаде пица а немате тесто – Рецепт за пица со тесто од палента – ем здраво ем брзо

pica-ea589c-800x450-700x325Храната без глутен е многу популарна во последно време, и тоа не само кај оние кои се алергични на глутен. Таа многу брзо прераснува во паметен начин на јадење со кое не се внесуваат многу јаглени хидрати и за многу кратко време ќе почувствувате дека со внесувањето на храна која не содржи глутен исчезнува чувството на подуеност.

Vistinskiot maz ima edna Lavica …a ne, stado od ovci…(ovcite na ovcharite)
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 31.Јануари.2014 во 15:41
                                              Направете овошна пица
                                                                                                                                                                                                                                                                







Ви предлагаме да направите поинаква пица со овошје и овошен јогурт, која ќе ги воодишеви сите кои ќе ја пробаат.
Оваа пица се подготвува околу половина час, а големи се шансите да стане ваш омилен десерт.

Потребно:
интегрално тесто за пица, со тенка кора и дијаметар од 30 сантиметри
2 шољи овошен јогурт
сецкано овошје по желба - јаболки, киви, портокали, банани...


Подготовка:
Загрејте ја рерната на температура од 230 степени, и ставете го тестото за пица да се испече. Можете да користите готово смрзнато тесто, или пак сами да го замесите.

Испеченото тесто за пица оставете го да се излади, а потоа премачкајте го со јогуртот. Одозгора наредете го исецканото овошје. Ако користите банани или јаболки, врз нив посипете неколку капки сок од лимон, затоа што тоа овошје потемнува.

Исечете ја пицата на парчиња и послужете.
Добар апетит!


Изменето од Valerija - 31.Јануари.2014 во 15:41
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85179
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 15.Февруари.2014 во 08:23

Пица Капричиоза од мојата кујна

Најубавото тесто за пица, според мене е многу едноставен рецепт. Сите дома ја обожаваме, тестото е одоздола крцкаво, а во горните слоеви меко и сочно.

1. Го замесуваме тестото со млака вода до средно меко. Го оставаме да стаса, да се дуплира.
2. Го размесуваме на брашно и го делиме на 6-7 топчиња.
3. Секое топче го расукуваме на круг, тенко тесто и го ставаме во набрашнето тавче бр. 30.
4. Тестото го мачкаме со кечап или ајвар.
5. Редиме прво шунка исечена на тенки листови, поделени на две половинки.
6. Редиме од свежите печурки исечени на листови.
7. Рендаме кашкавал и на крај посипуваме со оригано насекаде.
8. Веднаш ја печеме во загреана рерна на 250 степени, на најниската решетка која ја имате во рерната (не ја чекаме да стасува).

Со овој начин на печење се добива многу вкусно тесто, крцкаво одоздола, а сепак меко и сочно. Најважно е да тестото кога ќе го ставите во тавче, за да се добие оригинална пица, биде навистина тенко исукано. Кога ќе се испече тоа нараснува и ја добива потребната дебелина. Моите дома ја сакаат најмногу со пикантен ајвар како подлога во нејзе, но јас ја правам и со кечап ( има слики). Инаку ако сакате можете да си ја печете во поголеми тавчиња. Јас овој пат ја правев вака, за да сите дома добијат по една пица со таа големина. Ако ви е многу состојки за вашето семејство, поделете ги. Јас ви прикажав баш како што сум ја правела.

Ви ја открив мојата тајна за правење идеална пица. Колку е вкусна, знаат децата...А и ние...




Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 28.Февруари.2014 во 21:32
                                                                                            Пица Пармиџано
                                                                                                                                          







Донесете го духот на Италија во вашиот дом. Направете пица која ќе ја изедете до последна трошка.
За подготовка на овој рецепт за две лица, ќе ви бидат потребни следните производи.

Потребно:
300 г.брашно
100 мл. масло за јадење
½ лажичка сол
200 мл.вода
80 г. пармезан
10 г.квасец
100 г.шампињони
кечап
100 г.трапист
оригано
кромид (по желба)


Подготовка:
Брашното просејте го заедно со солта. Во 100 мл.вода растопете го квасецот со малку шеќер. Потоа додајте го квасецот во брашното, па сипете го маслото, остатокот вода и пармезанот.

Замесете тесто, а потоа оставете го малку да нарасне. Кога ќе стане двојно поголемо, поделете го на два еднакви дела.

Секој дел од тестото развлечете го со раце во форма на пица. Одозгора премачкајте го со кечап и состојки по желба, освен кашкавал. Печете ги двете пици, а на крај од печењето наросете ги со рендан кашкавал и вратете ги во рерна за да се растопи.

Добар апетит!
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 06.Март.2014 во 13:33

Мрзливи Маргарити

Мрзливи Маргарити
Ова налик не е типична пица, но вкусот е ист како традиционална италијанска Маргарита. Доколку ве мрзи да месите тесто за пица, или не ви се допаѓа готовото тесто за пица, зошто да не ја пробате оваа верзија? Подеднакво е вкусна.

Искористете било каков леб – француски багет, чијабата или обичен бел леб. Премачкајте го лебот со маслиново масло и додајде малку лук ситно исечкан, наредете одгоре со моцарелата, доматите и босилокот и потпечете ги некои 7-8минути, дури да се стопи сирењето. Вашите мрзливи маргарити се готови!

Bon appetite!

dsc_1098



Изменето од Valerija - 06.Март.2014 во 13:34
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
evangeline Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 22.Август.2011
Локација: Naxos
Статус: Офлајн
Поени: 6758
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај evangeline Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 25.Март.2014 во 23:05
Им правев вакви пред некое време.

Внимавај кому му веруваш.
И ѓаволот еднаш беше ангел.


Being RICH
is not about how much you have,
BUT about how much you GIVE

Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 27.Март.2014 во 08:42

Пица со бело вино


Пицата се приготвува брзо и лесно, а дава неограничени можности за комбинирање на производите. Ние ви предлагаме рецепт со бело вино.

pica

Состојки:

- 250 гр брашно,
- 4 јајца,
- 150 мл маслиново масло,
- 150 мл бело вино,
- 200 гр шунка,
- 100 гр зелени маслинки,
- 100 гр црни маслинки,
- 100 гр кашкавал,
- суви растителни зачини

Приготвување:

1. Во чинија измешајте ги брашното, јајцата, маслиновото масло и виното, па додадете половина изрендан кашкавал. Замесете тесто и зачинете го со суви растителни зачини.

2. Шунката исечкајте ја на коцки, а маслинките поделете ги на половинки. Тестото ставете го во тепсија со хартија за печење, а рерната загрејте ја на 200 степени.

3. Распоредете го тестото рамномерно и по него расфрлајте ги шунката и маслинките. Одозгора ставете го остатокот од ренданиот кашкавал, ставете го во рерна и печете 20 минути. Исечете ја на триаголници и сервирајте ја.



Изменето од Valerija - 27.Март.2014 во 08:42
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 27.Март.2014 во 09:10

Расцветана пица


rascvetana-pita-490x350

Состојки:

  • 500 г меко брашно
  • 2 дл млеко
  • 1 дл масло
  • сол
  • 1 лажиче оцет
  • 1 лажиче гриз
  • 1/2 коцка свеж квасец
  • 1 лажиче шеќер
  • 150 г маринирани шампињони
  • 250 г прашка шунка
  • 200 г кашкавал
  • 60 г моцарела
  • 150 г кечап
  • 1 јајце
  • сусам
  • оригано

Приготвување:

1. Во длабок сад се соединуваат квасец, 1 дл млако млеко, шеќер и лажиче брашно, па се меша и се остава на нарасне.
2. Во сад за месење се соединува половина од брашното, нараснатиот квасец, маслото, оцетот, 1 дл млеко, гризот и малку сол и се промешува. Постепено се додава преостанатото брашно и се меси да се добие мазни тесто. Тестото се остава да нарасне.
3. Нараснатото тесто се дели ан два дела. Секоја половина се сука со сукало и се обликува според пречникот на тавата во која ќе се пече.
4. Тавата се мачка со масло и во средина се става керамичка шолја со средна големина. Преку шолјата се нанесува тестото. Тестото околу шолјата се притиска со рака да се залепи за дното на тавата, а потоа се мачка со кечап, врз него се распоредува половина од шунката, кашкавалот, маринираните шампињони и моцарелата, па се наросува со оригано.
5. Потоа, горниот дел од тестото што ја покрива шолјата украсно се засекува за да се расцвета, па краевите се превиткуваат врз филот а шолјата се остранува. Превитканите краеви се премачкуваат со матено јајце и е посипуваат со сусам. Од преостанатиот материјал се обликува уште една пица. Се пече во загреана рерна на 200 степени додека зарумени.

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 15.Април.2014 во 19:10

Австралиската пица е најдобра на светот


Ди Франческо (36) победи во силната конК*ренција од 600 натпреварувачи од 35 земји од светот и ја освои наградата Specialita Traditionale Garantita pizza.Италијанската пица до сега важеше за најдобра во светот. Па се до сега. Официјално, сега најдобра е австралиската пица.

На светскиот натпревар за најдобра пица во светот одржан минатиот викенд во Парма во Италија, наградата за најдобра маргарита отиде во рацете на австралискиот пица мајстор Џони Ди Франческо, сопственик на ресторан во предградието на Мелбурн.

Благодарејќи на тоа што победи, неговиот мал ресторан преку ноќ стана многу славен.

- Реакциите се неверојатни. Не мислев дека се вака ќе се случи. На натпреварот отидов за да го правам тоа што го сакам. Не ни помислував дека сето тоа ќе доведе до ова. Многу луѓе мислат дека е најлесно да се направи маргарита, но тоа е една од најтешките пици за правење, рече Ди Франческо за Си-Ен-Ен, додавајќи дека не планира да ја зголеми цената на маргаритатата во неговиот рестоарн, а таа изнесува 19,3 долари.

Истакна дека кај другите пици со зачини и додатоци може „сокрие“ нешто кога нешто ќе се погреши, но кај маргаритите тоа е невозможно и во вкусот веднаш се чувствува ако нешто не е во ред.

Токму поради тоа на натпреварот било дозволено единствено на врвот на пицата да се стават малку излупени домати, одредени видови моцарела сирење, лук, маслиново масло, сол и свеж босилок.



Изменето од Valerija - 15.Април.2014 во 19:10
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 05.Мај.2014 во 18:33

Пица со палента и печурки

Состојки:

  • Тесто за пица
  • 200g палента
  • 100g пармезан
  • 200g кашкавал
  • Маслиново масло
  • 100g сечкани печурки

Подготовка:

Сварете ја палентата, а кога ќе биде при крај додајте го пармезанот, кашкавалот и малку сол.

На тестото за пица додајте ја палентата, наредете ги печурките и зачинете.

Нарендајте уште малку кашкавал и печете 15тина минути.

sto-da-gotvite-ovaa-nedela-brzi-recepti-za-socen-rucek-06




Изменето од Valerija - 05.Мај.2014 во 18:34
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 22.Октомври.2014 во 18:13

Пеперони пица со горгонзола


Зарем постои некој човек на планетата што не сака пица, особено доколку таа е домашна и направена со одлични состојки и љубов?

Потребни состојки:

  • 4-5 лажици сос од домати
  • Околу 70 грама моцарела
  • Неколку парчиња (листови) сланина
  • Неколку парчиња (листови) кобасица
  • Свежа црвена пиперка
  • 100 гр. кромид
  • 3 чешчиња лук
  • 120 гр. горгонцола
  • 2 теста за пица

Подготовка:

Подгответе класично тесто за пица. Лесно развлечете го тестото од едниот до другиот раб во садот за печење. Премачкајте го тестото со сос од домати. Посипете со моцарела, потоа додадете ја сланината и колбасиците, но и кромидот и лукот. На крај додадете ја горгонзолата во не преситни парчиња.

Загрејте ја претходно печката на 250 степени барем половина час. Печете ја пицата околу 10 минути на 250 степени.

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 891011>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,219 секунди.