IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Здравје > Исхрана и кулинарство
  Активни теми Активни теми RSS - Рецепти за торти и други благи работи
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Рецепти за торти и други благи работи

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 4647484950 56>
Автор
Порака
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 12.Февруари.2015 во 09:45

Чоколаден колач


Трагате по чоколаден деликатес кој ќе го приготвувате повторно и повторно? Ви предлагаме чоколаден колач со сунѓереста основа и кремаст слој во кој ќе се заљубите по првиот залак.

Чоколаден колач
Чоколаден колач
Чоколаден колач
Чоколаден колач

СОСТОЈКИ

Пандишпан

2 шолјишеќер
2 шолјибрашно
½ шолјамасло
2 лажицикакао
½ литарјогурт
1 лажичкасода бикарбона

Фил

200 мл.млеко
9 лажицишеќер
200 гр.чоколадо за готвење
2 лажицикакао
250 гр.маргарин (1 коцка)

ПОДГОТОВКА

  1. Во длабок сад ставете ги јогуртот и маслото и мешајте со миксер. Постепено додавајте ги останатите состојки за пандишпанот. Мешајте со миксерот додека смесата не се соедини.
  2. Добиената смеса претурете ја во тава број 32, претходно премачкана со масло и поросена со малку брашно. Разнесете ја смесата рамномерно и ставете ја да се пече на 220°C околу половина час. Извадете го пандишпанот од рерната и оставете го да се олади.
  3. Млекото ставете го во длабок сад на оган. Откако ќе започне да врие, веднаш додајте ги во него шеќерот и какаото наменети за филот и чоколадото за готвење. Мешајте додека да почне да се згуснува. Тргнете го филот од оган и оставете го да се лади. Важно е да не дозволите филот премногу да се олади.
  4. Во одделен сад измешајте го маргаринот со миксер, а потоа во него додајте го направениот фил. Повторно промешајте за да добиете хомогена смеса.
  5. Врз изладениот пандишпан, нанесете го филот и размачкајте го рамномерно по целата површина.
  6. За крај, изрендајте одгоре чоколадо.


Изменето од Valerija - 12.Февруари.2015 во 09:46
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 13.Февруари.2015 во 14:02

Кокос торта која ќе ве воодушеви


Крцкавиот кокос во тестото и избалансираноста на белиот фил едноставно ќе направат да уживате во секој залак.

Потребни состојки:

  • 5 јајца
  • 300 гр. шеќер + 3 лажици
  • Сок од лимон
  • 100 гр. брашно + 8 лажици
  • 150 гр. кокос
  • Лажица прашок за пециво
  • Шолја топло млеко
  • 1 литар млеко
  • 250 гр. путер или маргарин
  • 100 гр. шеќер во прав

Потребно:

Изматете ги 5-те белки со 300 гр. шеќер, па додадете го прашокот за печење, кокосот, 100гр. брашно и лимоновиот сок. Испечете го тестото, па топло прелијте го со шолја млеко и пресечете го на пола, така што ќе добиете две кори.

За филот изматете ги 5-те жолчки со 3 лажици шеќер, додадете 8 лажици брашно и сварете ги како пудинг во литар млеко.

Кога ќе се излади, додадете го путерот изматен со 100 гр. шеќер во прав. Распоредете го филот преку едната кора, поклопете со другата и по желба посипете го рендано чоколадо или кокос.

Пријатен апетит.

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 22.Февруари.2015 во 17:45

ЧОКОЛАДО И ПОРТОКАЛ – СОВРШЕНА КОМБИНАЦИЈА

9

Крцкавите кругчиња освен тоа што се вкусни, изгледаат многу интересно за послужување.

Состојки, за 30 колачиња

200 г. брашно

лажичка прашок за пециво

100 г. шеќер

јајце

100 г. путер

20 г. какао во прав

лажица ликер

рендана кора од портокал

Подготовка:

Во посеаното брашно измешајте од прашокот за пециво, додадете шеќер, парче путер и јајце. Брзо замесете глатко тесто и поделете го на два дела.

Во едната половина ставете какао, рендана кора од портокал и ликер. Тестото одставете го во ладилник да се олади 30 минути.

Од темното тесто направете ролат со дијаметар од 2, 5 см.

Чоколадниот ролат замотајте го со светлото тесто, оладете го 30 минути, исечете на кришки со дебелина од половина сантиметар, наредете во тепсија обложена со хартија за печење и печете во рерна загреана на 175 степени околу 15 минути.

Оладете ги кругчињата, посипете ги со шеќер во прав или украсете ги со сушено овошје.

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 25.Февруари.2015 во 18:02

Сникерс торта: Врвен десерт за сечиј вкус


Сникерсот е еден од најпопуларните безвременски чоколади – во тоа можат да се согласат сите, млади или стари. Постојат разни модификации на овој добро познат вкус на кикирики, карамела и чоколадо, прилагодени за домашна подготовка.

Веќе ви имаме претставено еден рецепт за вкусна Сникерс торта, а овој пат ви претставуваме еден поинаков.

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ

За тестото:

  • 10 белки
  • 15 лажици шеќер
  • 1 лажица оцет
  • 4 лажици презла
  • 1 лажица брашно
  • 10 лажици мелени кикирики

За филот со кикирики:

  • 1 литар млеко
  • 300 гр шеќер
  • 3 лажици густин
  • 2 лажици брашно
  • 1 кесичка пудинг од карамел
  • 2 лажици шеќер
  • 250 грама путер (или маргарин)
  • 200 гр млеко во прав
  • 250-300 гр мелени кикирики

За чоколадниот фил

  • 5 белки
  • 15 жолчки
  • 300 гр шеќер
  • 100 гр чоколадо за готвење
  • 250 гр путер (или маргарин)

За глазурата од чоколадо

  • 150 мл слатка павлака
  • 150 гр чоколадо за готвење
  • плус уште 200 мл слатка павлака

ПОДГОТОВКА

Тесто

Изматете ги белките, па додадете ги шеќерот и оцетот и сето тоа заедно изматете го за да добиете цврста пена. Потоа додадете ги презлата, брашното и мелените кикирики, па полека промешајте со лажица за состојките да се соединат.



Добиената смеса истурете ја во тавче обложено со хартија за печење, и ставете го во претходно загреана рерна на 200 степени и кога малку ќе потемни извадете го. Најдобар начин да проверите дали тестото е готово да го боцнете со чепкалка за заби.



Фил со кикирики

За филот со кикирики најпрво карамелизирајте 300 грама шеќер, со промешување во тенџере ставено на оган. Потоа, во карамелизираниот шеќер додадете 800 мл млеко, па варете се додека карамелот се стопи и млекото проврие.



За тоа време изматете ги густинот, брашното, шеќерот и пудингот од карамела со 200 мл млеко, па потоа сето тоа како пудинг сварете го.

Оставете го филот да се олади, па потоа соединете го путерот кој претходно пенасто сте го изматиле со млекото во прав. На крајот додадете и мелени, пржени, несолени кикирики, па сето тоа заедно добро изматете го со миксер.



Чоколаден фил

Изматете 5 белки со 300 гр шеќер, па додадете 15 жолчки и оставете ги да се проварат малку на пареа. Пред да бидат готови, додадете го чоколадото. Готовиот фил оставете го да се олади, па потоа соединете со претходно изматениот путер.



Врз испечената кора прво рамномерно нанесете половина од филот со кикирики, а потоа нанесете го чоколадниот фил, па врз него и останатата половина од филот со кикирики.



Глазура

Изматете 200 мл слатка павлака, па премачкајте ја преку филот со кикирики. Загрејте до точка на вриење 150 мл слатка павлака, па потоа тргнете ја од оган и додадете го чоколадото. Мешајте додека чоколадото не се растопи, а потоа оставете да се олади, па прелијте го преку готовата торта.

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 26.Февруари.2015 во 08:40
НАЈДОБРИОТ РЕЦЕПТ ЗА "ЧОКОЛАДНА ЛАВА" НА СИТЕ ВРЕМИЊА

Овој десерт е толку добар, што го сакаат дури и оние кои не се големи љубители на чоколадото. Одличен е за сите пригоди, а ние ви го пренесуваме рецептот за најдобрата и најлесната верзија на сите времиња!

Дали сте во потрага по неодолив чоколаден десерт? Потрагата може да заврши токму сега. Чоколадната лава не само што е уживање за вашите очи, таа е уживање и за вашето сетило за вкус!

Состојки:

● 150гр чоколадо за готвење
● половина (голема) шолја брашно
● една мала лажичка екстракт од ванила
● 4 јајца
● половина маргарин за готвење
● 3/4 шолја шеќер
● сладолед од ванила


Подготовка:

Стопете ги чоколадото и маргаринот, па промешајте ги додека да се соединат. Кога масата ќе се изедначи, оставете ја малку да се олади.

Во друг сад ставете ги јајцата, сматете ги со миксер, додадете го шеќерот, па дополнително повторно изматете. Додадете ја аромата од ванила, соединете со чоколадната смеса и додадете го брашното. Крајната смеса изматете ја рачно, а потоа ставете ја во калапи за мафини и печете 8 минути во рерна која претходно сте ја загреале на 230 степени Целзиусови.

Послужете топло, бидејќи во спротивно чоколадото во внатрешноста ќе се стегне и повеќе нема да имате чоколаден лава колач, туку само обичен чоколаден колач.

Колачот по желба може да го послужите со сладолед од ванила.

Добар апетит!



Изменето од Valerija - 26.Февруари.2015 во 08:41
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 28.Февруари.2015 во 09:38

Брз колач од гриз и Нутела

Популарната и вкусна Нутела може да ја додадете буквално во сè, па така и во овој сочен колач од гриз.

brz-kolac-od-griz-i-nutela-01.jpg

Кога ќе добиете напад за нешто слатко или треба да пречекате гости, а не знаете што да послужите, имаме една чоколадна идеја.

Потребни состојки:

  • 200g гриз
  • 120ml млеко
  • 100g чоколадо за готвење
  • 4 лажици Нутела
  • 4 лажици шеќер
  • 1 портокал
  • 2 јајца

Подготовка:

Изматете ги јајцата со шеќерот, па додајте го ги гризот и млекото. Потоа додадете ја Нутелата и промешајте.

На крај исцедете го сокот од портокалот, изрендајте малку кора и додадете во смесата.

Добиената смеса претурете ја во мрсна тепсија на која ќе ставите и брашно.

Колачот печете го на 180 степени 40 минути.

Додека е уште топол може да го прелиете со неколку лажички Нутела или стопено чоколадо, па да наредите ореви или лешници.

brz-kolac-od-griz-i-nutela-02.jpg

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 19.Март.2015 во 08:47

Се топат во уста: Брзи чоколадни коцки


Кој може да одбие чоколаден десерт со крем кој се топи во уста? Одговорот ќе го откриете само ако ги подготвите овие брзи коцки.

ke-gi-obozavate-stom-gi-probate-brzi-cokoladni-kocki-01.jpg

Потребни состојки (за 8 лица):

За пандишпан:

  • 4 јајца
  • 100g шеќер
  • 3 големи лажици брашно
  • ½ прашок за печиво
  • 200g путер
  • 150g чоколадо за готвење

Прелив:

  • 100ml млеко
  • 30ml рум

Крем:

  • ½ l слатка павлака
  • 500g чоколадо за готвење
  • 50g путер

Подготовка:

Добро измешајте ги јајцата со шеќерот. Додадете го брашното и прашокот за печиво. Стопете го чоколадото заедно со путерот, па додадете го во смесата. Печете ја кората 30 минути на 180 степени.

Во меѓувреме загрејте ја слатката павлака и тргнете ја пред да зоврие. Додадете ги чоколадото и путерот. Мешајте додека не се растопат.

Откако ќе се испече пандишпанот прелијте го со мешавината од млеко и рум, па додајте го кремот.

Без да го сечете колачот оставете го да се олади во фрижидер.

Пред послужување може да декорирате со рендано чоколадо или овошје по желба.

ke-gi-obozavate-stom-gi-probate-brzi-cokoladni-kocki-02.jpg

ke-gi-obozavate-stom-gi-probate-brzi-cokoladni-kocki-03.jpg

ke-gi-obozavate-stom-gi-probate-brzi-cokoladni-kocki-04.jpg

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 31.Март.2015 во 18:57

КОЛАЧ ОД ЈАБОЛКА И БАДЕМ

13
Состојки:

220 г. интегрално брашно

80 г. шеќер

2 лажички прашок за пециво

прстофат сол

100 г. путер

4 големи јаболка

500 мл. млеко

40 г. густин

2 кесички ванилин шеќер

40 г. шеќер

2 јајца

50 г. ливчиња од бадеми

малку цимет

Подготовка:

Измешајте ги брашното, шеќерот, прашокот за пециво, солта, јајцата, парчињата путер и замесете тесто.

Сипете во подмачкана округла тепсија и со прсти извлечете го тестото кон рабовите, околу 3 сантиметри во висина.

Излупете ги јаболката, исечете ги на четвртини, извадете ги семките, распоредете ги врз тестото и посипете со цимет.

Пет, шест лажици млеко измешајте со густин, шеќер и ванила, а остатокот сварете го, сипете во изматен густин и уште кратко гответе.

Тргнете го садот од рингла, посипете шеќер во прав, шеќер. изладете ја смесата, потоа додадете ги прво желчките, а потоа измешајте снег од белки.

Сипете врз јаболката, посипете со ливчињата од бадеми и печете во рерна загреана на 180 степени, околу 40 минути.

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Omar Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Too young to die...

Регистриран: 22.Февруари.2009
Статус: Офлајн
Поени: 12633
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Omar Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 08.Април.2015 во 16:27
Српска бајадера

Светол дел:                                         
- 120 мл млеко                                      
- 120 гр шекер                                      
- 50 гр путер
- 180 гр ореви
- 180 гр бисквити
- 1 пак ванилин шекер

Темен дел:
- 120 мл млеко
- 120 гр шекер
- 100 гр чоколада
- 80 гр путер
- 170 гр ореви
- 170 гр бисквити

Глазура:
- 100 гр чоколада
- 20 гр путер
- 3 лаж млеко
- 3 лаж масло


Светол дел:
Путерот заедно со шеќерот, ванилиниот шеќер и млекото се ставаат во тенџере на ниска температура и се меша од време на време додека не зоврие и не се стопи шеќерот. Се додаваат оревите и бисквитите и се се меша. Се остава да се лади.

Темен дел:
Исто како светлиот дел одкако се ќе зоврие се додава чоколадата, се меша па потоа се додаваат бисквитите и оревите. Се остава на ладење.

Ако смесата ви е премногу течна се додаваат бисквити, а ако е премногу густа се додава млеко.

Одкако филовите ке се стврднат се става прво темниот дел на хартија за печење и со влазна рака се обликува тестото оти е многу лепливо, над него се става светлиот и тој исто така се обликува со влазна рака и на крај во мала тегла наводенета во вода се ‘‘пегла‘‘ да биде се рамно.

Глазурата како глазура: се се става на минимална тњемепература и се меша додека не се добие хомоген производ. Се потура на бајадерата одозгора и се става во фрижидер да се стегни убаво.

Уште еден совет: оваа бајадера нема да биде тврда како бајадерата што ја правите дома (со шербет) туку ке биди малце помека и посочна. За да не пука чоколадата додека ја сечите користете танок нож наводенет и сечете полека.

Немам слика да ви покажам како изгледа ама многу е вкусна 100% !!!

Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 08.Април.2015 во 20:58

ЗАХЕР КОЦКИ


Захер коцки




  1. 1.Со помош на миксер, изматете ги белките заедно со шеќерот се додека не добиете поцврст шлаг.
  2. 2.Настрана, со виљушка, изметете ги жолчките. Чоколадото и путерот растопете ги на пареа или пак во микробранова печка и измешајте ги со жолчките.
  3. 3.Во помал сас, брашното измешајте го со какаото.
  4. 4.Во садот со белките, мешајки со миксер на најспора брзина, додадете ги изматените жолчки со чоколадо и путер.
  5. 5.Додадете го и брашното и какаото но овојпат мешајки со силиконска лажица (не со миксер).
  6. 6.Тавата за печење обложете ја со хартија за готвење и смесата за пандишпанот истурете ја и добро распоредете ја.
  7. 7.Печете во загреана рерна, на 180 степени, околу 20 минути.
  8. 8.Изладениот пандишпан, поделете го на три идентични дела.
  9. 9.Секој дел премачкајте го со мармалад од кајсии, неставајќи на последниот дел.
  10. 10.Оставете го да се олади и исечете го на коцки.
  11. 11.Чоколадото заедно со маслото за готвење растопете го пареа. Секоја коцка потопете ја во растопеното чоколадо и ставете ја врз мрсна хартија за да се стврдне чоколадото.
  12. 12.По желба, декорирајте ги со бело чоколадо.
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Omar Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Too young to die...

Регистриран: 22.Февруари.2009
Статус: Офлајн
Поени: 12633
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Omar Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 08.Април.2015 во 22:17
Ми пратија од дома ЈАБОЛКА, патуваа 800 км демек овде немаме и јас јаболка не јадам, немам навика. Затоа направив несто вакво:

- 400 гр лиснато тесто
- 500 гр јаболка
- 50 гр путер
- 50 гр шеќер
- 1 лаж павлака
- 1 јајце
- 1 лажица цимет

Јаболката ги рендате на ренде, кората останува во рака, и после тоа со шеќерот и путерот ѓи пржите 5-10 мин максимум.
Тестото го делите на два дела, во тава за печење, ставате хартија малце масло, едната половина од тестото, филот и втората половина. И со нож го сечете на 8 дела.

Се става да се печи на 200 степени околу 40 минути.
Кон врв
Omar Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Too young to die...

Регистриран: 22.Февруари.2009
Статус: Офлајн
Поени: 12633
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Omar Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 10.Април.2015 во 11:21

За Велигден послужете: Торта бело зајче со кокос и ванила

Веќе се почнати подготовките за велигденската трпеза, па за да ги примамите дечињата да седнат и да пробаат по нешто, нема подобра идеја од тоа да вида мало бело зајче кое може да го вкусат.

ednostavno-i-neodolivo-veligdenska-torta-belo-zajace-od-kokos-01

Не ви се потребни многу состојки и време, само желба за да направите нешто ново со што ќе ги изненадите сите.

Потребни состојки:

  • 300 g путер
  • 2 ½ филџани шеќер
  • 6 големи јајца
  • 1 ½ кафена лажичка ванила
  • 3 филџани брашно
  • 1 ½ лажичка прашок за печиво
  • 1 лажичка сода бикарбона
  • 1 филџан млеко
  • ½ лажица морска сол
  • 100 g кокосов шеќер
  • Крем-сирење замрзнато
  • Кокос

Рерната загрејте ја на 350 степени.

Со миксер изматате ги крем-сирењето, путерот, шеќерот, ванилата и јајцата.

Во посебен сад измешајте ги брашното, печивото, содата, солта и шеќерот. Смесата додајте ја во садот со путерот и мешајте со повремено додавање на млеко.

На крај додајте го кокосот и измешајте целосно. Истурете ја смесата во тркалезен калап, кој претходно ќе го обложите со хартија за печење. Печете околу 30 минути.

ednostavno-i-neodolivo-veligdenska-torta-belo-zajace-od-kokos-1

ednostavno-i-neodolivo-veligdenska-torta-belo-zajace-od-kokos-2

ednostavno-i-neodolivo-veligdenska-torta-belo-zajace-od-kokos-3

Како да го подготвите филот:

  • 200 g путер
  • 1 парче од 250 g крем-сирење
  • 8 g шеќер во прав
  • 1 лажичка ванила
  • ¼ филџан млеко

Измешајте ги заедно путерот и крем-сирењето, додајте го шеќерот во прав, ванилата и млекото. Мешајте ги со миксер додека не добиете кремаста смеса која не се растекува.

ednostavno-i-neodolivo-veligdenska-torta-belo-zajace-od-kokos-4.JPG

Од испеченото тркалезно тесто отстранете ја хартијата за печење и пресечете го на пола.

Двете половини спојте ги странично, како сендвич, а меѓу нив ставете поголем слој од филот.

Со нож отсечете еден дел за да ја формирате главата на зајакот. Потоа премачкајте целосно и од сите страни со останатиот фил додека не биде целосно бела тортата. Може да ја ставите и во замрзнувач некое време за да го задржи обликот подолго време.

ednostavno-i-neodolivo-veligdenska-torta-belo-zajace-od-kokos-5

ednostavno-i-neodolivo-veligdenska-torta-belo-zajace-od-kokos-6

ednostavno-i-neodolivo-veligdenska-torta-belo-zajace-od-kokos-7

ednostavno-i-neodolivo-veligdenska-torta-belo-zajace-od-kokos-8

ednostavno-i-neodolivo-veligdenska-torta-belo-zajace-od-kokos-9.JPG

Посипете од сите страни со кокос за да се добие приближен изглед на крзното на зајчето.

За да ви стои поцврсто може да искористите и парче картон. Од картон може да ги направите и ушите кои ќе ги забодете на крај.

Декорирајте со украсен зелен мов од шлаг или прехранбено обоен кокос и никој нема да може да му одолее.

ednostavno-i-neodolivo-veligdenska-torta-belo-zajace-od-kokos-10

ednostavno-i-neodolivo-veligdenska-torta-belo-zajace-od-kokos-11

ednostavno-i-neodolivo-veligdenska-torta-belo-zajace-od-kokos-12

Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 14.Април.2015 во 10:46

НАЈВКУСНИТЕ КОЦКИ СО ПУДИНГ

15
Смеса за пандишпан:

8 белки
8 лажици шеќер
8 лажици брашно
150 мл. млеко

Прв фил:
2 кесички пудинзи од ванила
6 лажици шеќер
500 мл. млеко

Втор фил:
2 кесички пудинзи од чоколадо
6 лажици шеќер
500 мл. млеко

Трет фил:
10 жолчки
400 гр. шеќер во прав
500 гр. маргарин

2 кесички шлаг пена
1 чоколадо за готвење

Се бијат белките со шеќерот и им се додава брашното. Смесата се става во правоаголен плех намачкан со масло и посипан со брашно и се печи 30 минути на 170 степени. Откако ќе се излади се полева со млеко.

Првиот фил се добива со варење на пудинзите од ванила, шеќерот и млекото.

Вториот фил се добива со варење на пудинзите од чоколадо, шеќерот и млекото.

Трет фил: жолчките се бијат со шеќерот во прав и се варат над пареа. Откако ќе се изладат им се додава претходно убаво избиениот маргарин. Овој фил уште еднаш убаво се бие и се дели на две половини. Едната половина се става во првиот фил со пудинзите од ванила, а другата половина се става во вториот фил со пудинзите од чоколадо и убаво се бијат со миксер.

Над пандишпанот се става прво чоколадниот фил и убаво се мазни, па тортата се става да постои 5 до 10 минути во фрижидер за смесата да се стегне.
Потоа се става филот од ванила, се мазни и се става повторно во фрижидер 5 до 10 минути.

Откако ќе се стегне тортата, над филот со ванила се става шлаг пена, а над неа се става изрендано чоколадо за готвење.

Се служи како ладен десерт.

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Omar Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Too young to die...

Регистриран: 22.Февруари.2009
Статус: Офлајн
Поени: 12633
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Omar Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 19.Април.2015 во 12:14

Несквик карамела торта


Откако ќе видите како изгледа оваа Несквик торта нема да поминат повеќе од 2 секунди, а да не си го замислите кремот кој се топи во уста.

recept-na-denot-neskvik-karamela-torta-01.jpg

Можеби нема да биде готова додека трепнете, но ќе бидете благодарни за секоја потрошена минута.

Потребни состојки:

За кори

  • 7 белки
  • 125g шеќер
  • 2 кесички ванилин шеќер
  • 180g печени лешници
  • 2 лажици брашно
  • 2 лажици какао
  • 1 лажица Несквик
  • Прашок за печиво
  • 100ml масло


За фил

  • 1l млеко
  • 7 жолчки
  • 200g карамели
  • 160g густин
  • 150g шеќер + 1 ванилин шеќер
  • 125g маргарин
  • 200ml слатка павлака


За потопување

  • Млеко и Несквик


За глазура

  • 200g Милка noissete
  • 200ml слатка павлака
  • 2-3 лажици Несквик


Подготовка:

Белките изматете ги со малку сол, па постепено додавајте ги шеќерите додека не се создаде цврста пена. Истурете го брашното, прашокот за печиво, Несквикот и какаото, па рачно измешајте.

На крајот додајте ги исечканите лешници и маслото.

Печете 4 кори на 180 степени околу 15 минути. Во меѓувреме подгответе го филот.

Ставете 900ml млеко на оган и додадете ги карамелите. Мешајте додека целосно не се стопат. Останатите 100ml млеко изматете го со жолчките, шеќерот и густинот, па додадете ја мешавината во млекото со карамели.

Откако филот малку ќе се излади, додадете го маргаринот и матете со миксер. Слатката павлака изматете ја во посебен сад додека не добиете густ снег, па потоа промешајте ја во оладениот фил.

За да ја подготвите глазурата потребно е да ја оставите павлаката да зоврие, па тогаш да го додадете Несквикот и коцките чоколадо. Оставете целосно да се олади.

Секоја кора натопете ја со мешавината од млеко и Несквик, па прелијте го филот. Преку последниот слој од фил ставете ја оладената глазура.

Пресечете и уживајте!

recept-na-denot-neskvik-karamela-torta-02.jpg

recept-na-denot-neskvik-karamela-torta-03.jpg

Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 4647484950 56>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,188 секунди.