IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Здравје > Исхрана и кулинарство
  Активни теми Активни теми RSS - Рецепти за торти и други благи работи
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Рецепти за торти и други благи работи

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 3334353637 56>
Автор
Порака
Kastro Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 17.Јули.2008
Статус: Офлајн
Поени: 11937
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Kastro Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 19.Јануари.2014 во 17:25

Направете си дома Киндер чоколадо

Состојки

  • DSCN4056-305738-800x600300гр. шеќер
  • 100мл. вода
  • 1/2 маргарин
  • 200гр. млеко во прав
  • 100гр. црно чоколадо за готвење
  • 100гр. бело чоколадо за готвење

Подготовка

Шеќерот и водата да зовријат, па на исклучена рингла уште 3 мин. да доварат. Се трга од оган, се додава маргаринот и се меша се додека тој не се стопи-околу 5 мин. Во оваа смеса се додава млекото во прав наеднаш и се мати со миксер додека се добие еднолична смеса, не подолго од 5 мин..
Вака подготвената смеса се дели на два дела, при што во едниот се додава претходно растопеното црно, а во другиот белото чоколадо. Убаво се соединува, се работи брзо, бидејки брзо се стврднува смесата.
Се излева во калапи обложени со најлонска фолија, од двата дела наизменично…
Се остава целосно да излади и се стегни чоколадото. Се сечи…
Уживајте!!!

Vistinskiot maz ima edna Lavica …a ne, stado od ovci…(ovcite na ovcharite)
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 24.Јануари.2014 во 20:21

Лесна и превкусна Бутер торта

13

Состојки:

1 кг бутер тесто

1,5 пакетчиња пудинг од ванила

750 мл млеко

15 супени лажици шеќер

100 гр путер

200 мл слатка павлака

150 гр чоколадо за готвење

Растегнете го бутер тестото и поделете го на три еднакви правоаголници. Парчињата поставете ги во тавички обложени со хартија за печење. Корите се печат во претходно загреана рерна на висока температура се додека не добијат златно-кафена коричка. Направете го пудингот според упатството. Оставете да се олади, па во пудингот додадете го матениот путер и добро измешајте. Додадете ја во кремот и матената павлака, при што се меша само во еден правец за да не спласне. Ставете ја првата кора во соодветна според димензии тавичка и намачкајте ја со дебел слој од кремот. Потоа следува второто бутер тесто и повторно крем. На крај оди третото бутер тесто кое се покрива со стопеното чоколадо. Торатата треба да отстои 5-6 часа во фрижидер пред да се сервира.

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 24.Јануари.2014 во 20:24

Лесен и многу вкусен десерт од кроасани

28

Состојки:

7 кроасани полнети со чоколаден крем

1 литар млеко

6 јајца

2 филџани шеќер

Исечете ги кроасаните на покрупни парчиња и внимателно подредете ги во тава, чие дно претходно сте го карамелизирале со дел од шеќерот. Изматете ги добро јајцата, па во тоа додадете го млакото млеко и преостанатиот шеќер. Кремот се загрева на водена пареа се додека не се згусне. Исипете ја смесата врз кроасаните и печете во претходно загреана рерна на 180 степени додека се стегне кремот. Откако ќе се олади десертот, се превртува и се сече. Се сервира со топка сладолед или карамел топинг.

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 24.Јануари.2014 во 20:25

Избор на нашите читатели: Фантазија торта

9

Состојки:

Подлога:

300 гр мелени бисквити

2 дл чоколадно млеко

1 ванилин шеќер

Бел крем:

300 мл павлака за шлаг

3 лажици шеќер

100 гр бело чоколадо

0,5 пакетче желатин

Темен крем:

300 мл павлака за шлаг

100 гр чоколадо за готвење

3 лажици шеќер

0,5 пакетче желатин

Декорација:

200 мл павлака за шлаг и малку чоколадо

Подготовка:

Од мелените бисквити, ванилиниот шеќер и чоколадното млеко направете кора, која се формира во длабок калап. На пареа се топи белата чоколада. Се матат павлаката и шеќерот во што ја додаваме и стопената чоколада и желатинот. Матиме со миксер, па го додаваме филот врз кората. Треба да отстои во фрижидер додека се стегне.

На пареа се топи црното чоколадо. Се матат павлаката и шеќерот па ја додаваме стопената чоколада и желатинот. Матиме со миксер, па го додаваме црниот фил врз белиот. Тортата треба да отстои 1 час во фрижидер. Со матениот шлаг на крај се декорира тортата. На крај поросете со рендано чоколадо.

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 24.Јануари.2014 во 20:26

Ламбада колач: Идеален за љубителите на овошни десерти

2

Состојки:

За кора:

6 јајца

150 гр шеќер

150 гр брашно

Желе:

1 л сок од црвен портокал

3 пудинг од ванила

6 лажици шеќер

Бисквити

Крем:

500 мл млеко

6 лажици шеќер

6 лажици густин

200 гр маргарин

Подготовка:

Кора – се матат жолчките со шеќерот, па се додава брашно.

Желе – изматете го пудингот со шеќер и малку сок. Остатокот од сокот ставете го на оган да проврие. Во врелиот сок додадете пудинг и при тоа мешајте постојано се додека не се добие потребната густина. Врелото желе додадете го врз врелата кора. Потоа врз желето додадете ред бисквити натопени во млеко.

Крем – густинот и шеќерот се матат со малку млеко. Остатокот од млекото треба да проврие. Во врелото млеко додавајте густин и при тоа непрастано мешајте додека не згусне. Во ладниот крем додадете 200 гр матен маргарин, и добро измешајте. Кремот се додава врз редот со бисквити.

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 24.Јануари.2014 во 20:32

Панама торта: Велат дека е една од највкусните на светот

36

Состојки:

За кора:

8 жолчки

200 гр шеќер

40 гр чоколадо

160 гр бадеми

80 гр брашно

8 белки

За фил:

4 јајца

150 гр шеќер

150 гр чоколадо

250 гр маргарин

3 лажици рум

За прелив:

100 гр чоколадо

80 гр маргарин

2-3 капки масло

Подготовка:

Жолчките се матат со шеќер на што се додава стопената чоколада, мелените бадеми, брашно и на крај снег од белки.

Кората се пече во плех врз хартија за печење околу 20 минути на 180 степени.

Кога ќе се олади, кората се сече на три дела.

За фил изматете јајца со шеќер, ставете ги на пареа, додадете чоколадо и кога филот ќе се изедначи тргнете го садот од оган и оставете да се олади.

На филот се додава рум и матен маргарин, а потоа поделете го на два дела и ставете го помеѓу корите.

За прелив стопете маргарин, тргнете го од оган, додадете чоколадо и масло и мешајте додека смесата не се изедначи.

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 24.Јануари.2014 во 20:38

Се топи во уста: Нестле торта

27

Состојки:

Кора:

6 белки

6 лажици шеќер

5 лажици мелени ореви

2 лажици брашно

Прелив за кора:

300 гр чоколадо

125 гр маргарин

Фил:

1 л млеко

18 жолчки

10 лажици брашно

10 лажици шеќер

250 гр маргарин

200 гр Несквик

Топ фил за цела торта:

300 гр шлаг крем

400 мл минерална вода

Подготовка:

Изматете ги со миксер потребните состојки за кора. Кората се пече на 180 степени додека не добие златно-кафена боја. Откако ќе се олади кората се филува со чоколадо и маргарин кои претходно сте ги стопиле на пареа. Изматете ги жолчките со брашно и малку млеко кое ќе го издвоите од литарот, а во остатокот млеко додадете шеќер и сварете го. Во врелото млеко додадете ги матените жолчки и добро мешајте да не загори.

Тргнете го кремот од оган и оставете да се олади. Изматете го маргаринот и додадете го во ладниот фил со жолчките. Додадете и Несквик прав и добро измешајте. Изматете ги шлаг кремите со минерална вода. Додадете од кремот врз кората со чоколадо, прво кафен крем, а потоа и шлаг крем. И така се додека не се потрошат корите.

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 24.Јануари.2014 во 20:39

Без конкуренција: Торта над тортите

25

Состојки:

За кора:

3х5 белки

3х10 лажици шеќер во прав

3х5 лажици мелени ореви

3х2 лажици брашно

За крем:

1 л млеко

15 жолчки

10 лажици шеќер

9 лажици брашно

250 гр шеќер во прав

250 гр путер/маргарин

150 гр мелени ореви

Малку млеко за попарување на оревите

200 гр чоколадо

3 пакетчиња шлаг крем од ванила

200 мл млеко или кисела вода за шлаг кремот

Подготовка:

Направете 3 кори од по 5 белки, 10 лажици шеќер во прав, 5 лажици ореви и 2 лажици брашно. Измешајте ги брашното и оревите и внимателно додадете ги во матените белки. Се пече на 180 степени околу 25 минути, секоја кора. Кога ќе се испечат, покријте ги корите со крпа додека го подготвувате кремот.

Крем: 7 жолчки се мешаат со 10 лажици шеќер и 9 лажици брашно и се вари кремот во 1 литар млеко. Изматете 8 жолчки со 250 гр шеќер во прав. Посебно изматете 250 гр маргарин, па измешајте го со матените жолчки и сето тоа изедначете го оладениот крем.

1/3 од филот извадете и на тоа додадете 150 гр ореви попарени со млеко (потребно е само малку млеко ). Во преостанатите 2/3 од филот додадете 200 гр топено чоколадо. Изматете ги шлаг кремите од ванила со млеко или кисела вода.

Редослед: кора, шлаг, црн фил, кора, шлаг, бел фил, кора, шлаг, црн фил.

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 24.Јануари.2014 во 20:45
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 24.Јануари.2014 во 20:46

За само 20 минути: Вкусни швајцарски коцки

3

Состојки:
2 јајца
200 гр шеќер
80 гр чоколада
80 гр путер
150 гр мелени бисквити
40 гр мелени ореви
Декорација:
50 гр чоколада
малку путер
неколку цели ореви
Подготовка:
Јајцата се матат заедно со шеќерот, а потоа се загреваат на пареа. Кога смесата добро ќе се загрее се додава путер и се меша додека состојките не се соединат. Тргнете го садот од оган и додадете мелени бисквити, мелени ореви и чоколада. Добро измешајте, а потоа смесата префрлете ја во калап претходно обложен со хартија за печење.
Од горе се додава прелив од чоколада и путер.  Откако ќе се олади се сече на коцки, а на секоја коцка се става по едно парче орев.

 

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 05.Февруари.2014 во 21:52

Денес, 5ти февруари е светскиот ден на најчоколадната делиција која го носи името Нутела. Интернационално познатиот крем секој 5ти февруари го слави како „свој ден” од 2007 година, па во нејзина чест вреди да одвоите неколку минути во кујната.

proslavete-go-svetskiot-den-na-nutela-podgotvete-ferrero-rocher-torta-01

Ако до сега ја немавте традицијата за прославување на Нутела денот, време е да ја усвоите.

Повикајте ги најблиските и послужете домашна Ferrero Rocher торта и шолја топло кафе.

За подготовка потребно ви е:

За бисквит:

  • 6 жолчки
  • 6 белки
  • 100g темна чоколада
  • Малку сол
  • 1 лажица шеќер

За фил:

  • ½ kg Нутела
  • ½ kg маскарпоне сирење
  • 250 g крупно сечкани лешници

Одвојте ги белките и жолчките во посебни садови. Со електричен миксер белките матете ги додека не добиете цврста пена, а потоа додајте малку сол и лажица шеќер. Изматете ги и жолчките.

Стопете го чоколадото и спојте го со жолчките, па рачно, внимателно истурете ја смесата во изматените белки.

На мрсна хартија за печење, во калап истурете ја густата смеса и печете 15-20 минути на 200 степени.

Во меѓувреме подгответе го филот. Со миксер изматете го сирењето, Нутелата и 150 грама од лешниците.

Откако бисквитот ќе се испече, оставете го да се олади, а потоа кремот премачкајте го внимателно.

Од горе проросете ги преостанатите лешници и тортата оставете ја да се лади 2 часа.

Послужете и декорирајте со чоколаден прелив или свежо овошје, по желба.

proslavete-go-svetskiot-den-na-nutela-podgotvete-ferrero-rocher-torta-02

proslavete-go-svetskiot-den-na-nutela-podgotvete-ferrero-rocher-torta-03

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 06.Февруари.2014 во 21:54

Колачиња од бадем со топло ладен прелив


КОЛАЧИЊА ОД БАДЕМ СО ТОПЛО ЛАДЕН ПРЕЛИВ


  • Време на подготовка :
    20 min
  • Време на готвење :
    30 min
  • Вкупно време :
    50 min

Порции

16 лице/а

Состојки

  • 300 гр. чоколадо за готвење
  • 220 гр. путер
  • 200 гр. шеќер
  • 2 лажички екстракт од ванила
  • 220 гр. бадеми мелени (или друго јаткасто овошје по вкус)
  • 3 јајца

Прелив

  • 100 гр. чоколадо за готвење
  • 100 гр. хопла
  • 1 еспресо или друго појако црно кафе
  • 1 лажица мед
  • сладолед од ванила

Упатство

Загрејте ја рерната на 170 степени. Намачкајте едно тавче со малку маргарин и обложете го со хартија за печење.

Во тавче на слаб оган постепено растопете го чоколадото заедно со путерот со постојано мешање. Кога ќе се растопи чоколадото остранете го од ринглата, додадете ги шеќерот и ванилата, добро промешајте и оставете го да се излади.

Колачиња од бадем со топло ладен прелив_1

Кога ќе се излади чоколадото додајте ги мелените бадеми и јајцата и добро промешајте.
Смесата истурете ја во обложеното тавче. Печете го тестото во загреаната рерна 25-30 минути.
Додека се пече колачот подгответе го топлиот чоколаден прелив.
Во тенџере искршете го на коцки чоколадото.

Колачиња од бадем со топло ладен прелив_2

Додадете ја хоплата, кафето и медот.

Колачиња од бадем со топло ладен прелив_3

Растопете ги на рингла на тивок оган со постојано мешање, додека да добиете изедначена смеса.
Сосот чувајте го топол додека да го сервирате.
Извадете го колачот од рерна и расечете го на коцки.

Колачиња од бадем со топло ладен прелив_4

Колачето ставете го врз чинија за сервирање.

Колачиња од бадем со топло ладен прелив_5

Ставете врз него една топка сладолед од ванила, прелијте го со топлиот чоколаден сос и по желба декорирајте со рендано чоколадо или сецкани бадеми.

Колачиња од бадем со топло ладен прелив_6



Изменето од Valerija - 06.Февруари.2014 во 21:54
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 06.Февруари.2014 во 21:57

Коцкасти тортици


tortici slika

1. За тесто:
Трите цели јајца и жолчката од четвртото, убаво се матат со шеќерот и ванилата, се додаваат млекото, зејтинот и брашното помешано со какаото и прашокот за пециво. Смесата се истура во намастено и набрашнето плехче(40х25) и се пече околу 25 минути.
2. За прелив:
Во ѓезве се ставаат какото, шеќерот водата и маслото и се загреваат на тивок оган додека се изедначи смесата(ако ви се чини многу густа слободно додадете уште малку вода). Искршете го и чоколадото во ѓезвето и мешајте додека не се стопи и смесата стане мазна. Прелијте ја врз испечениот колач и оставете да се излади. Со остар нож сечете коцки(за да добиете “чиста линија” на преливот, по завршување на едно сечење ставете го ножот под млаз топла вода и повторно сечете).
3. За шам:
Направете “свилен шам” од преостанатата белка, така што ќе направите густ шербет од шеќерот, водата и ванилата и така врел пополека истуете го во белката која претходно ја матите и продолжете да матите кратко време. Ставете го шамот во готварски шприц(или импровизирајте со кесичка) и врз коцките формирајте купови.
П.С. Оставете и на фантазијата и она што го имате по дома за украсување. На сликата гледате само неколку можности како да го направите тоа.

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85179
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 15.Февруари.2014 во 08:18

Љубовни колачи 


Љубовни колачи  

  • 1 јајце
  • 4 лажици шеќер
  • 4 лажици брашно
  • 3 лажици зејтин
  • 3 лажици млеко
  • 1 лажици какао
  • пола пециво

  • Готови се за 2 мин во микро.
    Јајцето и шеќерот се матат, потоа се додават сите останати состојки. Се става во корпици за колачи, пола од корпиците се полнат, потоа се ставаат во микобранова пречка да се печат 1-2 минути. Се декорираат со локум измесен со шеќер во прав и обоен со црвена боја




    Изменето од емил - 15.Февруари.2014 во 08:20
    Кон врв
     Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 3334353637 56>
      Сподели тема   

    Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

    Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
    Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

    Страницата е генерирана за 0,203 секунди.