IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Здравје > Исхрана и кулинарство
  Активни теми Активни теми RSS - Рецепти за торти и други благи работи
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Рецепти за торти и други благи работи

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 1819202122 56>
Автор
Порака Обратен редослед
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85179
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 06.Март.2014 во 04:44

Јо-Јо коцки

На тивок оган,или над пареа,истопете го црното чоколадо,маргаринот и еурокремот.Тргнете од оган и додадете ги пченичните снегулки.Добро соединете
Калапот обложете го со фолија или хартија за печење,истурете ја смесата и израмнете.
Повторете ја истата постапка и со смесата од бело чоколадо.Нанаесете врз првиот дел.
На крај,прелијте со предходно итопено млечно чоколадо.Оставете во фрижидер на 1 час.




Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85179
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 06.Март.2014 во 04:42

Пауново око

1.Посебно се матат жолчките со шеќерот,се додава брашното,сода бикарбона ,какаото и снегот од белките.
2.Полека се се меша и се става во голем плех и се печи.
3.Кога ке се испече се завиткува во влажна крпа и се витка во ролат.
4.Крем-Се мешаат јајцата, шеќерот, ванилата ,брашното и се вари со млекото .Кога ке се олади се меша со избиениот маргарин.
5.кремот се дели на 2 дела.Едниот останува бел, а во другиот се додава растопеното чоколадо.
6.На ролатот се премачкува прво белиот крем ,па врз него црниот и се витка како ролат.Озгора се премачкува со крем или чоколада.




Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 28.Февруари.2014 во 21:35
            Чоколаден колач со портокал     
                                                          
Комбинацијата од чоколадо и портокал е неодолива, исто како и овој рецепт.
Потребно:
6 јајца
200 г. шеќер
150 г. мелени ореви
5 лажици мелени бисквити,
3 поголеми портокали
4 реда од чоколадо за готвење

За глазура:
150 г. чоколадо
0,5 - 1 л. вода
100 г. путер


Подготовка:
Портокалите добро измијте ги, а потоа заедно со кората измиксајте ги во блендер.

Жолчките изматете ги со шеќерот, додајте ги оревите и промешајте. Со постојано мешање додајте ги и мелените бисквити, портокалите и истопената чоколада.

Посебно изматете ги белките, додајте ги во претходната смеса и промешајте, па сипете ја смесата во тепсија намачкана со масло и посипана со брашно.

Печете во рерна на 180 степени околу 20 минути.

За глазурата, во тенџере ставете ги водата и шеќерот и направете шербет, додајте го чоколадото и путерот, па мешајте додека смесата да се соедини. Со глазурата прелијте го колачот, ставете го во фрижидер добро да се олади, па пред да послужите исечете на коцки.


Изменето од Valerija - 05.Декември.2017 во 22:36
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85179
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 27.Февруари.2014 во 14:58

Баклава со чоколадо

Секоја кора се попрскува со зејтин, па врз неа се става уште една кора, повторно зејтин и уште една кора. Вкупно три кори една врз друга. По ивица на корите се ставаат три лажици од филот (ореви и чоколада) и се мота кората како ролат,
Така се прави со сите кори. Кога се наредени во тавче се сечат сите кори да
се добијат парчињата,се полива со растопен путер и се става да се
пече на 200степени окулу 20-30 мин Кога е печена ја попаруваш со врел шербет.

Шербетот се прави со зовривање на водата и шеќерот и додавање на сок од еден лимон, а филот се преви со топење на чоколадото на тивок оган и додавање на оревите




Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85179
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 27.Февруари.2014 во 14:44

Благи сусамки

Сусамот се пропржува додека да добие румена боја.

Во друг сад се топи шеќерот исто така додека добие румена боја. Кога ќе се стопи шеќерот се додава медот , ванилиниот шеќер и сусамот и добро се меша се заедно.

На плех премачкан со масло за јадење се распределува смесата со влажни раце.

Додека е сеуште топла смесата се сече во форма на коцки или правоаголници




Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85179
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 27.Февруари.2014 во 07:45

Чоколадни срца

Оревите се мелат доколку не се смелени.
Исто така се мелат и бисквитите.
Кората од лимонот се ренда.

Чоколадото се растопува. Најдобро е да се растопи со методата „сад во сад“.

Сите состојки се мешаат и се меси тессто со средна дебелина.

Од неа се вадат форми, нормално во срца и се прелеваат со топена чоколада. Се оставаат да се стврднат малку.




Кон врв
Kastro Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 17.Јули.2008
Статус: Офлајн
Поени: 11937
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Kastro Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 26.Февруари.2014 во 22:22

ДЕСЕРТ МУХАЛЕБИ СО КАЈСИИ

Припрема:

desert1 литар млеко се меша со смесата од кесичката Др.Оеткер Мухалеби, се вари на тивок оган со постојано мешање. Откако ќе зоврие мешајте уште 4 до 5 мин., и оставете да се олади. Во еден прикладен сад наредете суви кајсии на дното и малку оладениот десерт сипете го врз кајсиите.

Потоа ставете го во фрижидер да се олади. При послужување превртете го десертот, дополнително може да декорирате со сецкани ореви, лешници по ваша желба.

Vistinskiot maz ima edna Lavica …a ne, stado od ovci…(ovcite na ovcharite)
Кон врв
Kastro Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 17.Јули.2008
Статус: Офлајн
Поени: 11937
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Kastro Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 26.Февруари.2014 во 22:20

ИТАЛИЈАНСКА ТОРТА СО БИСКВИТИ – ЛЕСНА И БРЗА ТОРТА ОД НАШЕТО ДЕТСТВО

Состојки:

torta biskviti3 јајца

130 гр шеќер

130 гр лешници

130 гр путер

40 парчина бисквити

1 чаша кафе со млеко

1 ванилин шеќер

1 мала чашка рум

Жолчките се матат со шеќерот, додека не се добие пена.

Лешниците се печат во рерна на умерена температура, околу 15 минути. Откако ќе се испечат се мелат или се сецкаат ситно.

Путерот се мати, па се додава смесата со жолчките. Се додаваат и лешниците. Целата смеса се мати повторно со миксер.

Додека сеуште матите со миксер, додадете рум, а на крај додадете ги матените белки, но многу бавно и внимателно, за да не спласнат.

Бисквитите се потопуваат во кафето со млеко во кое претходно сте го додале ванилиниот шеќер. На дното од тавате ставете еден ред бисквити. Потоа додадете дебел слој од кремот. Се ставаат ред бисквити, ред крем, се додека не се потрошат состојките.

На крај треба да завршите со бисквити.

Тортата се покрива со алуминиумска фолија и треба да отстои 5 часа во фрижидер.

Vistinskiot maz ima edna Lavica …a ne, stado od ovci…(ovcite na ovcharite)
Кон врв
Kastro Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 17.Јули.2008
Статус: Офлајн
Поени: 11937
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Kastro Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 26.Февруари.2014 во 22:19

ДЕТСКА РАДОСТ – ДОМАШНИ КРЕМ БАНАНЧИЊА

Состојки:

  • 700гр – шеќер
  • 3дл-вода
  • 3 кесички желатин
  • 2- екстракти со арома на банана
  • 200гр – чоколадо за готвење

hitkujna-krem-bananiПодготовка:

1. Шеќерот измешајте го со 2дл.вода и варете околу 5 минути, додека не се растопи.
2. Желатинот прелијте го со 1дл.вода и загрејте се додека не се растопи.
3. Стопениот шеќер отстранете го од огнот и со матење со миксер постепено додадете го желатинот. Внимавајте желатинот добро да е изматен, односно матете минумум 15 минути.
4. Додадете го екстрактот од банана.
5. Целата смеса ставете ја во подмачкан плех и оставете ја добро да се стврдне.
6. Кога ќе се стегне добро смесата можете целата да ја прелиете со растопено чоколадо, а можете и да ја исечете на штанглици и да ја глазирате секоја посебно со течното чоколадо.
Добар апетит!

Vistinskiot maz ima edna Lavica …a ne, stado od ovci…(ovcite na ovcharite)
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 21.Февруари.2014 во 22:20

Сникерс штангли

Во време на подготовки за празниците што следуваат еве еден фантастичен колач кој вашите најблиски ќе го сакаат.Потребни состојќи:

300 g шеќер
2,5 dcl вода
250 g маргарин
100 g чоколадо
400 g бисквити
300 g сечени, несолени, печени кикирики
две лажички мед

За глазура:

150 g чоколадо
четири лажички зејтин
20 g маргарин

Подготовка

Ставете на шпорет шеќер и вода, толку што шеќерот ќе се истопи. Додадете маргарин и чоколадо да се стопат. Тргнете ги од оган и додадете 400 г. раздробени бисквити и 300 грама кикиритки. Топлата смеса ставете ја во тепсија.  Израмнете ја и премачкајте со две лажички мед, па ставете глазура: на тивок оган стопете 150 г. чоколадо, 4 лажички зејтин и 20 грама маргарин, па глазурата нанесете ја врз колачот. Додека не е зацврстено чоколадото, додадете ги кикириките.



Изменето од Valerija - 16.Март.2018 во 09:40
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 21.Февруари.2014 во 22:19

Одличен рецепт за еклери


Одличен предлог за домашен десерт

Ставете ги маслото и водата да зовријат и нека врие уште некои 2 минути. Во зовриената течност додавајте го брашното и енергично мешајте додека не се собери. Тргнете го садот од оган, додадете го пецивото и оставете смесата потполно да се излади.

Во изладената смеса миксирајте ги јајцата, така што ќе ги додавате едно по едно.

Има два начини на одлагање на смесата во плехот
1. Со помош на лажица ставате по 2 купчиња едно до друго и одозгора ги израмнувате многу малку да добијат облик и
2. Со помош на шприц за тулумби.

Печете во загреана рерна на 250С првите 10 минути, потоа смалете ја температурата на 150С и печете уште 20 мин. Додека се печат еклерите рерната не смее да се отвора, особено барем најмалку првите 20 мин.

Млекото и 4те лажици шеќер се оставаат да зовријат, па му се додава со жица избиената смеса од брашно јајца, ванилата и останатите 3 лажици шеќер. Се вари крем и се осатва да излади.

Во изладениот крем се миксира предходно изматен маргаринот со шеќерот во прав.

Еклерите се засекуваат и се филоваат со кремот. Одозгора можи да ги прелиете со чоколаден прелив, подготвен од маргарин, малку шеќер, какао и млеко, а по желба можи да додадете и некое ребро чоколадо за готвење.



Изменето од Valerija - 16.Март.2018 во 09:40
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 21.Февруари.2014 во 22:17

Чоколадни лава колачи: Едноставен рецепт од само три состојки

Состојки:

- 3 јајца
- 1/4 чаша брашно
- 250 грама млечно чоколадо или чоколадо за готвење.

Подготовка:

1. Скршете ги јајцата во сад за мешање и додадете брашно. Измешајте со миксер сè заедно.

2. Се топи чоколадото и се меша со состојките во садот додека не се формира еднаква кремаста смеса.

3. Истурете 1/3 од смесата во калапите за мафини.

4. Се пече во рерна на 180 степени околу 20 минути, или додека колачињата не се запечат однадвор, а средината да остане мека.

Совет:

Украсете ги колачињата со шеќер во прав и послужете ги во комбинација со сладолед од ванила или шлаг.




Изменето од Valerija - 05.Декември.2017 во 22:34
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 20.Февруари.2014 во 08:43

Црната чоколада всушност може да биде одлична за регулацијата на шеќер во крв, па само едно парче може да направи чуда. Тогаш, зошто да не ја искористите за неколку слатки делиции?

3-zdravi-cokoladni-deserti-01

Колач со двојно чоколадо

Потребно ви е:

  • ½ шолја путер
  • 1 и 1/3 шолја темна чоколада
  • 2 јајца
  • 1 шолја шеќер
  • Лажица екстракт од ванила
  • ½ шолја брашно
  • 2 лажици незасладено какао
  • 1 шолја сечкани ореви

Од дадената мерка ќе добиете 24 колачи, за кои потребни ќе ви бидат 25 минути за подготовка и половина час за печење.

Подготовка:

Ставете хартија за печете во тава, а рерната загрејте ја на 180 степени.

Истопете го путерот и ¾ шолја чоколадо, па оставете го да се олади.

Изматете 2 јајца, додајте им го шеќерот, а кога ќе добиете пенеста смеса додајте го екстрактот од ванила и оладената мешавина на чоколадо и путер.

Преку смесата истурете го какаото, брашното, оревите и парчињата преостанато чоколадо, па мешајте со лажица.

Намачкајте ја тавата со малку путер и смесата истурете ја во неа. Печете 30 минути.

Изладете го колачот, па исечете го на 24 вкусни чоколадни коцки кои може да ги прелиете со бел крем и сезонско овошје. Преклопете ги како мини слатки сендвичиња.

3-zdravi-cokoladni-deserti-02


Чоколадно фонду

Потребно ви е:

  • 1 шолја млеко со намалена масленост
  • ¼ шолја шеќер
  • ¼ шолја какао прав
  • Лажица екстракт од ванила
  • 170g чоколада со над 60% какао
  • Овошје по желба

Подготовка:

Во длабок сад измешајте го млекото со шеќерот, додајте го какаото и ванилата додека состојките не се соединат.

Додајте го чоколадото и загревајте на пареа додека чоколадата не се растопи, за што потребни се 10тина минути.

Послужете ситно сечкано овошје и во мал сад претурете ја чоколадната смеса.

3-zdravi-cokoladni-deserti-03


Горчлив чоколаден колач

Потребно ви е:

  • 180g темно чоколадо
  • 1/3 путер
  • 4 јајца
  • ½ кафеав шеќер
  • 3 ½ шолја брашно

Подготовка:

Загрејте ја рерната на 180 степени. Подмачкајте ја тавата и покријте ја со хартија за колачи.

Исечкајте ја чоколадата, измешајте ја со путерот и топете ја на пареа.

Во меѓувреме во друг сад изматете ги јајцата со шеќерот додека не добиете густа смеса. Растопеното чоколадо додадете го во јајцата и на крајот измешајте го и брашното.

Смесата истурете ја во тавата и израмнете ја површината. Печете 15 до 20 минути, а потоа оладете го колачот.

Исечкајте го на ситни парченца и прелијте го со растопено црно чоколадо или овошен сируп.

3-zdravi-cokoladni-deserti-04

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Kastro Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 17.Јули.2008
Статус: Офлајн
Поени: 11937
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Kastro Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 17.Февруари.2014 во 22:15

РЕЦЕПТ ЗА CRONUT: 

КОЛАЧИТЕ ШТО ГО ПОЛУДЕА СВЕТОТ


Пекарот Доминик Ансел кој го измисли овој десерт, неодамна мораше да го заштити името бидејќи се прошири низ интернетот и многумина почнаа да го копираат низ Америка. Се започна кога се обидувал да направи новина и експериментирал со она што најдобро го знае – француски кроасан и американска крофна – резултатот е cronut.
143-660x300Откако прв пат ги послужил веста мослкавично се ширела низ Њујорт а пред пекарницата имало редови за да купат од овој десерт – се чекало и по 2 часа.

bop0vcdccaaz8v_Со оглед на фактот дека пекарница правела само 300 парчиња дневно, дури мораше да воведат ограничувања на две тортички по лице. Торта чини $ 5, а имало и случаи кога купувачи се обиделе да ги купат давајќи и по 30 долари

Што е cronut?Тортичката што предизвика хистерија е ниту крофна ниту кроасан, но комбинацијата на двата познати деликатеси, француско лиснато тесто  и крофна тесто, крем полнење и слатка глазура.

Еве како да ја направите дома оваа интересна тортичка по која полуде светот.

Состојки:

За тесто:

250 мл топло млеко

1 лажица сув квасец

1/3 чаша шеќер

2 јајца

1 лажица ванилин шеќер

Cronut

2 ½ чаша брашно

1 кафена лажичка сол

1 чаша путер на собна температура

За прелив:

½  чаша шеќер во прав

3 лажици јаворов сируп или мед

1-2 лажици млеко, павлака или вода

kro-krofne-7Во поголем сад се меша млекото и квасецот и се чека да втаса. Додадете шеќер, јајца и ванила, па добро измешајте. Додадете една чаша брашно и сол, па постепено додавајте  брашно мешајќи и месејќи го тестото неколку минути, додека не стане меко и еластично.

Преместете го тестото во сад и покријте го со пластична фолија, па ставете го во фрижидер 30 минути. во меѓувреме изматете го путерот и преостанатото ¼ брашно со миксер неколку минути додека се изедначи.

Кога тестото ќе се олади префрлете го на маса поросена со брашно и растегнете правоаголник со димензии 33х46 см и дебелина 1 см. Премачкајте го тестото со путер и превиткајте го на 3 дела, еден врз друг. Покријте со пластична фолија и повторно ставете го во фрижидер уште 30 мин.

kro-krofne-6

kro-krofne-2

Кога ќе го извадите повторно развлечете го во правоаголник со истите димензии и превиткајте го на три дела како и првиот пат. Повторно вратете го во фрижидер. Повторете го ова уште два пати за да добиете повеќе слоеви. Значи, вкупно треба да ја повторите постапката 4 пати и тестото да отстои во фрижидер 4 пати. Кога ќе завршите со слоевите ставете го тестото повторно во фрижидер, но еден час или во текот на ноќта.

kro-krofne-5

kro-krofne-4

Тестото е веќе подготвено за печење. Разлечете го во слој со дебелина 3-5 см, па со чаша вадете крофни.

kro-krofne-3kro-krofne-1

Во длабок сад добро загрејте го маслото како за обични крофни. Додадете ги крофничките во врелото масло и пржете од двете страни се додека не добијат златно-кафена боја.

Се служат топли со прелив.

Vistinskiot maz ima edna Lavica …a ne, stado od ovci…(ovcite na ovcharite)
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 1819202122 56>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,203 секунди.