IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Здравје > Исхрана и кулинарство
  Активни теми Активни теми RSS - Рецепти за торти и други благи работи
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Рецепти за торти и други благи работи

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 1718192021 56>
Автор
Порака
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85179
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 14.Април.2011 во 19:59

Чоколадни пралини со брусница и лешници

 

СОСТОЈКИ
• 1 шолја издробено темно чоколадо
• 1/3 шолја пржени и исечкани лешници
• 1 лажица изрендана кора од портокал
• 1/3 шолја суви брусници
• 2 лажици кокосово масло
• малку морска сол

ПОДГОТОВКА
Истопете го чоколадото. Додадете кокосово масло и мешајте сѐ додека не се истопи. Измешјате ги и другите состојки. Со помош на лажица обликувајте ја смесата во мали пралини и редете ги на хартија за колачи.

Потоа, ставете ги во фрижидер за да се изладат. Се сервираат студени.

Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85179
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 14.Април.2011 во 20:18

Чоколадна торта со црно пиво

СОСТОЈКИ
• 250 мл црно пиво
• 250 гр путер
• 75 гр какао
• 400 гр шеќер
• 140 мл слатка павлака
• 2 јајца
• 275 гр брашно
• 2 лажици сода
• ванила

ПОДГОТОВКА
Во длабок сад за варење ставете пиво и путер. Загревајте сѐ додека путерот не се истопи. Потоа, додадете какао и шеќер. Измешајте ја павлаката со јајцата и ванилата и смесата додадете ја кон садот со пиво. На крај, ставете брашно и сода. Смесата печете ја 45 миунути на температура од 180℃. Кога тортата ќе се излади, премачкајте ја со глазура од шеќер, слатка павлака и јајца.

Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85179
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 20.Април.2011 во 23:04

Овошна салата со рум

Потребно:

* 3 портокали
* 3 јаболка
* 3 круши
* 2 банани
* ананас од конзерва
* 1 лажица рум
* шлаг

Приготвување: исечете го овошјето на коцкички и измешајте го. Во сокот од ананасот сипете го румот и прелијте го врз овошјето. Оставете го добро да се излади, па послужете го со шлаг.

Кон врв
Анастеа Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор
Лик (аватар)
ПИПИ долгиот чорап

Регистриран: 07.Април.2008
Статус: Офлајн
Поени: 35441
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Анастеа Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 21.Април.2011 во 10:18

Вкусни топчиња од јаболка (посен рецепт без масло)




- 1 килограм јаболка
- 500 грама шеќер
- 150 грама ореви
- 1 лажичка цимет

Јаболката се лупат и се рендаат. Се оставаат да отстојат, па се цеди вишокот вода. Изренданите јаболка се ставаат во тенџере заедно со шеќерот и се варат заедно додека не стане густа смеса, како пире. На пирето од јаболки се додаваат 150 грама ситно мелени ореви и една лажичка цимет во прав. Сè заедно се меша и се остава уште пет минути на оган. Потоа, тенџерето се тргна настрана и се остава да се подолади. Со влажни раце од млаката смеса се прават топчиња што потоа се валкаат во кристал шеќер или во мелени ореви. Вака подготвените топчиња се ставаат во хартиени корпи и се оставаат да се исушат. Потоа се подготвени за јадење – на здравје!

Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85179
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 06.Мај.2011 во 06:05

Овошна салата во омлет

Потребно:

* 1 јајце
* 15 г шеќер
* 1 ванилин шеќер
* 1 лимон
* 2 белки
* 30 г брашно
* 30 г путер
* 30 г желе од рибизли
* 100 г јагоди

Приготвување: изматете ја жолчката со двата вида шеќер и со ренданата кора од лимон. Изматете ги белките во цврст снег, па додајте ги во жолчките, сипете го брашното, измешајте ја смесата и испржете омлет од неа. Загрејте го желето со две лажици сок од лимон и 200 мл вода, па во него кратко проварете ги јагодите, исечкани на парчиња. Филувајте го испржениот омлет со смесата од јагоди.

Кон врв
Calipso Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
Primarius

Регистриран: 26.Мај.2009
Локација: Македонија
Статус: Офлајн
Поени: 44671
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Calipso Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 07.Мај.2011 во 19:41
КУГЛОФ СО ЈОГУРТ
Време на приготвување: 60 минути


Потребни состојки
* 3 јајца
* 150 г шеќер
* 1 кесичка ванилин шеќер
* 200 мл јогурт
* 150 мл масло
* 1 лажичка рендано кора од лимон
* 220 г брашно
* 1 кесичка прашок за пециво

Начин на подготовка
Мешавината од јајца, шеќер и ванилин шеќер измиксајте ја со електричен миксер додека смесата стане пенеста.

Додадете го јогуртот, маслото и лимонновата кора. На крај во смесата додадете го брашното помешано со прашокот за пециво. Смесата истурете ја во подмачкан и набрашнет калап за куглоф.

Печете во претходно загреана рерна на 180 ° C 40 минути.
На овој свет има само тројца мажи кои се спремни да те поддржат во тежок момент:
Jack Daniels, John Jameson и Johnnie Walker!
Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85179
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 12.Мај.2011 во 23:14

Сладолед со јогурт

Потребно:

* 400 г шлаг
* 4 чаши шеќер (мерка чаша од јогурт )
* 1 л јогурт

Приготвување: изматете го шлагот со две чаши шеќер и со ладна вода по потреба. Сипете две чаши шеќер во јогуртот, па измешајте го со подготвениот шлаг. Така подготвениот сладолед сипете го во пластична кутија и замрзнете го.

Кон врв
brza Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 06.Февруари.2006
Локација: vidiFOTOupotpis
Статус: Офлајн
Поени: 34534
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај brza Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 13.Мај.2011 во 00:44
slabi ste mi vie slartkari,...koga eden sherbet ne znaete da '''skuvate''!изненадување
Patriotizmot e poslednoto skrivalishte na kriminalcite.-Albert Einstein
Mokjta od sekogash privlekuvala lugje so nizok moral.-Albert Einstein
Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85179
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 14.Мај.2011 во 05:10

Стапчиња од ореви

Потребно:

* 3 белки
* 250 г шеќер во прав
* 250 г мелени ореви

Приготвување: изматете цврст снег од белките, додајте го шеќерот, измешајте ја смесата и поделете ја на два дела. Во едниот дел измешајте ги оревите. Сипете ја смесата со оревите во намастено тавче, посипано со брашно и израмнете ја. Нанесете ја смесата од белките со шеќер одозгора и израмнете ја и неа. Печете на тивок оган, повеќе да се суши отколку да се пече. Сушете додека смесата добро не се стврдне. Сечете го изладениот колач на стапчиња.


Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85179
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 18.Мај.2011 во 06:01

Вест рецепт - Круши во црно вино

Потребно:

4 круши
4 каранфилчиња
2 дафинови листа
1 шипка цимет
1 парче кора од лимон
125 г шеќер
750 мл црно вино

Приготвување: излупете ги крушите, па, со дршките свртени нагоре, ставете ги во високо тенџере. Додајте ги каранфилчињата, дафиновите листови, циметот и кората од лимон. Посипете го сето тоа со шеќерот и прелијте го со виното. Оставете течноста да зоврие, па намалете ја температурата и варете околу 40 минути. Со виљушка, проверете дали крушите се варени, па внимателно извадете ги држејќи ги за дршките. Оставете го виното да се вари уште малку, па прелијте ги крушите со него.

Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85179
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 19.Мај.2011 во 05:23
Пудинг со сезонско овошје

Потребно:

1 чаша брашно од ориз
   малку морска сол
1 лажичка масло
1 лажица мед
   сезонско овошје

Приготвување: 4 чаши вода со малку сол зовријте ја, па во неа ставете ги маслото и брашното од ориз. Сето тоа варете го додека не се згусне. Смесата засладете ја со мед, поделете ја во чинивчиња за послужување, одозгора украсете ја со сезонското овошје и пудингот сервирајте го.

Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85179
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 19.Мај.2011 во 20:20
Сладолед од ванила

Потребно:

2 јајца
2 лажици шеќер во прав
4 кесички ванилин шеќер
2 кесички шлаг

Приготвување: изматете снег од белките со миксер, па додајте ги шеќерот и ванилиниот шеќер. Продолжете да матите додека не добиете цврста смеса. Намалете ја брзината на миксерот, па ставете ги жолчките и матете го сето тоа уште една минута. Во друг сад, подгответе го шлагот според упатството на кесичката, па измешајте го со лажица во претходно подготвената смеса од јајца. Вака подготвениот сладолед сипете го во пластичен сад и замрзнете го.

Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85179
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 31.Мај.2011 во 06:10

Домашен млечен сладолед

Потребно:

* 1 л млеко
* 300 г шеќер
* 2 јајца
* 3 жолчки
* 1 шипка ванила

Приготвување: во еден сад ставете ги млекото, шеќерот и шипката ванила да зовријат. Во друг сад ставете ги јајцата и жолчките, па полека сипајте го зовриенот млеко, постојано мешајќи со миксер и на крај прецедете ја смесата. Шипката ванила извадете ја. Смесата добро изладете ја, треба да отстои во фрижидер од 2 до 3 часа. Потоа сладоледот мешајте го уште 15 до 20 минути. Сладоледот сипајте го во чинивчиња и ставете го во замрзнувач.

Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85179
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 07.Јуни.2011 во 06:02

Компот од цреши

Потребно:

* 1 кг цреши
* 150 г шеќер
* кора од цимет
* 4 каранфилчиња
* парче кора од лимон
* 500 мл вода

Приготвување: црешите исчистете ги од дршките, измијте ги и исцедете ги. Во водата ставете ги шеќерот, циметот, каранфилчињата и кората од лимонот, па сето тоа варете го додека не добиете бисерна капка (со лажичка црпнете од сирупот, па одозгора сипајте во чинивче. Ако се појави бисерна капка, тогаш сирупот е готов). Потоа додадете ги црешите и сето тоа варете го на тивок оган додека не омекнат.


Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 1718192021 56>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,156 секунди.