IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Здравје > Исхрана и кулинарство
  Активни теми Активни теми RSS - Рецепти за торти и други благи работи
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Рецепти за торти и други благи работи

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 5051525354 56>
Автор
Порака
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 31.Декември.2015 во 16:43

Чоколадна торта која се подготвува за 15 минути


Наместо да го поминете празничното предпладне покрај рерната во кујната, слаткиот и брз спас го крие рецептот за чоколадна торта која можете да ја направите за само петнаест минути. Освен што се подготвува инстантно, оваа варијанта на торта е здрава верзија на вашиот омилен десерт.



Состојки:

  • 30 гр какао во прав
  • 90 гр брашно (може и jaчменово брашно)
  • малку сол
  • прашок за печиво
  • 20 гр шеќер
  • 6 мали лажички кокосово или растително масло
  • 80 мл млеко по избор (оризово, кравјо, бадемово)
  • половина лажица екстракт oд ванила

Подготовка: 

Прво помешајте ги сувите состојки. Потоа додадете ги течните состојки и сето тоа добро измешајте го. Смесата ставете ја во помал калап за торта и печете ја 14 минути во рерна на 170 степени. Доколку сакате, можете да ја декорирате преливајќи ја одозгора со чоколадна глазура, која се прав со растопено чоколадо и малку масло.

Уживајте!

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 06.Јануари.2016 во 09:17

Како да ги направите: Шарени колачиња со кои ќе го изненадите целото семејство


Кај нас не се многу актуелни, а се прилично лесни за подготовка и уште полесни ако сакате да го израдувате целото семејство.

kako-da-gi-napravite-sareni-kolacinja-so-koi-ke-go-iznenadite-celoto-semejstvo-001.jpg

Треба само да испечете обични кекси или да ги искористите купечките колачиња. Тајната е во декорирањето.

За да го постигнете шаренилото потребна ви е следнава смеса:

  • 1 ½ шолја шеќер во прав
  • 1 лажица млеко
  • 2 лажици пченкарен сируп
  • ½ лажичка ванила (по желба)
  • Прехранбени бои

За да ја подготвите смесата треба само да ги измешате сите состојки и да додадете боја по желба.

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 07.Јануари.2016 во 15:50

Божиќни ѕвездички


Слатките ѕвездички некогаш биле типични Божиќни колачиња, но поради нивниот прекрасен вкус и изглед сè почесто ги гледаме на трпезата и за други свечени прилики.

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

* 300 гр пченично брашно тип 550

* 60 гр густин

* 90 гр шеќер во прав

* 200 гр маргарин

* 60 гр мелени бадеми (или лешници)

* 4 жолчки

* Мармалад по ваш вкус

* Рум

* 100 гр шеќер во прав или 2 пакетчиња ванилин шеќер

НАЧИН НА ПОДГОТОВКА:

Измешајте ги пченкарното брашно, густинот, шеќерот, маргаринот, мелените бадеми и свежите жолчки. Замесете тесто и оставете го во фрижидер околу еден час.

Тестото тенко развлечете го и исечете го со калапи во форма на ѕвезди. На половината од ѕвездите, во  средината исечете кругови.

Наредете ги на подмачкано тавче за печење печете околу 10 минути на температура од 200 ° C.

Печените ѕвезди со дупка ставете ги на хартија и посипете ги со шеќер во прав и ванилин шеќер. Останатите целосни ѕвезди премачкајте ги со џем во кој сте ставиле малку рум и преклопете ги со зашеќерените ѕвезди.



Изменето од Valerija - 16.Март.2018 во 09:20
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 11.Јануари.2016 во 08:36

Едноставен рецепт: Брз какао колач

Нема кој не сака слатки чоколадни десерти, посебно најмалите. Но, тоа не значи дека треба многу да се мачите во кујната и да подготвувате комплицирани рецепти.

ednostaven-recept-brz-kakao-kolac-01.jpg

Напротив, можете да направите нешто едноставно и навистина вкусно.

Еве една идеја:

Потребно време за подготовка: 10 минути

Потребно време за печење: 45 минути

Температура на печење: 170 степени


Потребни состојки:


Глазура:


Подготовка:

Загрејте ја рерната на 170 степени. Во еден сад ставете ги млекото, маслото и јајцата. Во друг сад, брашното, шеќерот, ванилиниот шеќер, циметот, солта, сода бикарбоната и какаото. Помешајте ги состојките одвоено, па потоа полека со миксер започнете да ги додавате „сувите“ состојки на „мокрите“.

Калапот или садот во кој ќе го печете колачот посипете го со какао, а потоа додадете ја смесата. Печете во претходно загреана рерна околу 45 минути.

ednostaven-recept-brz-kakao-kolac-1.jpg

Откако ќе го извадите колачот од рерната, на него можете да ставите глазура по желба, добиена со топење на чоколадо и путер или едноставно да го посипете со шеќер во прав.

ednostaven-recept-brz-kakao-kolac-2.jpg

На здравје!

ednostaven-recept-brz-kakao-kolac-3.jpg



Изменето од Valerija - 16.Март.2018 во 09:20
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 23.Јануари.2016 во 21:28

Лапни голтни: Рафаело коцки со јагоди


Зимата не е сезона на јагоди, но и со смрзнатото овошје може да приготвите извонреден десерт што ќе ги натера вашите пријатели веднаш да ви побараат рецепт.

Потребни состојки:

Тесто

  • 5 белки
  • 5 лажици шеќер
  • 2 лажици брашно
  • 100 гр кокос
  • 1 лажичка прашок за пециво
  • 3 дц ладно млеко за преливање на кората

Жолт фил

  • ½ дл млеко
  • 5 лажици густин
  • 5 жолчки
  • 2 кесички ванилин шеќер
  • 7 лажици шеќер
  • 200 гр путер
  • 100 гр шеќер во прав

Фил од јагоди

  • 500 гр јагоди (може и смрзнати исцедени од течноста)
  • 150 гр шеќер
  • 2 пудинга од јагода
  • 2, 5 дл вода

+ 2 кесички шлаг пена (опционално)

Подготовка:

Тесто

Изматете ги белките и шеќерот во цврст снег, па потоа полека додавајте го брашното, кокосот и преостанатите состојки. Добиеното тесто ставете го во набрашнета тепсија со димензии 20 на 30 см и печете околу 15 минути на 180 степени. Кога ќе биде готово уште додека е топло прелијте го со млекото и оставате да ја впие течноста. 

Жолт фил

На страна изматете ги жолчките, шеќерот, густинот и ванилиниот шеќер со малку млеко. Потоа оваа течност додадете ја во млекото што претходно сте го ставиле да врие. Варете додека не добиете густа смеса, па оставете да се излади до собна температура. На страна пенесто измиксајте ги путерот и шеќерот во прав. Во добиената смеса постепено додавајте од претходната и миксајте додека не добиете изедначен фил.

Фил од јагоди

Најпрво ставете ги јагодите во блендер и исечкате ги на најмали парчиња, за потоа да ги ставите да се варат со шеќерот. Од 2, 5 дл вода одвојте малку вода во која ќе ги растворите пудинзите. Остатокот од водата додадете го во јагодите и оставете да се проварат. Потоа додадете ги пудинзите и варете уште неколку минути.

Кога филот е изладен нанесете го врз кората. Оставате да се стегне, потоа врз него ставете го жолтиот фил и на крај украсете со шлаг пена.

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 26.Јануари.2016 во 08:51

Колач со ванила крем


Ванилата е еден од најдобрите додатоци и нејзината примена во десертите е неизмерна. Од сладоледи, торти, колачи па се до кремови, пијалоци и шеќери. 

Но, ванилата најдобро функционира кога е „соло“. Па затоа Food52 прикажа супер едноставен рецепт за ванила колач во кој таа е главната ѕвезда. Во самиот колач и над него.



Пред да започнете со подготвување, намрсете тркалезен калап за торта (или обложете го со хартија за печење) и уклучете ја рерната на 180 степени Целзиусови.

Состојки:

  • 130 грама шеќер
  • 3 јајца на собна температура
  • 2 лажички ванила екстракт
  • ¼ лажичка сол
  • 130 грама брашно
  • 200 грама путер
  • 1 прашок за пециво

За подготовка на шлагот:

  • 235 грама хопла
  • 1 лажичка ванила екстракт
  • 1 лажица шеќер во гранули



Подготовка:

Во поголем сад со миксер изматете ги јајцата и шеќерот додека смесата не стане светло жолта. Околу 5 минути. Во садот додадете ги ванила екстрактот и солта и кратко мискајте, помалку од 1 минута. Стопете го путерот и оставете го на страна. Во садот додадете го брашното, прашокот за печење и инкорпорирајте ги во смесата, а потоа додадете го и стопениот путер и добро мешајте.

Ставете го тестото во намрсениот калап и печете 35-40 минути во претходно загреана рерна. Кога ќе го извадите колачот од рерна, малку ќе спласне во волумен, но тоа е нормално.



Оставете да се олади, а во меѓувреме изматете ја хоплата, ванила екстрактот и шеќерот додека не добиете црвст шлаг. 

На отсечено парче ставете по една лажица од хоплата и послужете. 

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 29.Јануари.2016 во 16:40

МЕДЕЊАЦИ

6

Состојки:

  • 1kg остро брашно
  • 250g путер
  • 550g мелени ореви
  • 550g ливадски мед
  • 250g шеќер
  • 2 јајца
  • 20g цимет (2,3 лажички)
  • 20g карамфилче (2,3 лажички)

Начин на подготовка: 

Сите горенаведени состојки ставете ги во пластичен сад и мешајте ги се додека не добиете хомогенa смеса.

Ако семсата ви пука, не грижете се, тоа е таков вид на тесто и така треба да биде.

Кога се е добро замесено и кога ќе добиете еднолична смеса, расукајте го тестото со дебелина од половина центиметар, а потоа исечете колачиња во облик на круг (или во некоја друга форма по желба).

Загрејте ја рерната на 180ºC и печете отприлика 10 минути.

Кога се е готово, оставете ги колачињата добро да се оладат и послужете ги со кафе или чај. Тие се одличен подарок на драгите личности, или како десерт за добредојде.

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 04.Февруари.2016 во 16:22

Брзо и едноставно: Чоколадна торта без јајца, млеко и путер


Во последно време сè почесто имаме можност да погледнеме брзи и едноставни рецепти кои употребуваат само две или три состојки или се подготвуваат во микробранова.

koga-nemate-nishto-po-doma-desert-bez-jajca-mleko-i-puter-01.jpg

На социјалните мрежи се појави еден нов невообичаен рецепт кој со сигурност ќе посакате да го пробате.

Идеален е тогаш кога се брзате, сакате да подготвите некој десерт, а немате ништо дома.

Овој рецепт не е направен од традиционалните состојки за подготовка на десерт, како јајца, млеко или путер.

Потребни состојки:

  • 1 - ½ шолја брашно
  • 3 лажици какао во прав
  • 1 шолја шеќер
  • 1 лажичка сода бикарбона
  • ½ лажичка сол
  • 1 лажичка јаболков оцет
  • 1 лажичка екстракт од ванила
  • 5 лажици сончогледово масло
  • 1 шолја вода


Подготовка:

Однапред загрејте ја рерната на 180 степени. Тавата за печење поминете ја со малку масло за да не се лепи колачот, сите состојки ставете ги заедно, измешајте ги и ставете ги да се печат.

koga-nemate-nishto-po-doma-desert-bez-jajca-mleko-i-puter-1.jpg

По 35 минути извадете ја тавата од рерна и уживајте во вашиот нов омилен десерт.



Изменето од Valerija - 16.Март.2018 во 09:21
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 10.Февруари.2016 во 08:13

Споделете го со саканите: Чоколаден колач со скриено изненадување


Интересен колач кој на прв поглед воопшто не изгледа поразличен од другите, но изненадувањето кое се крие внатре го прави идеален за Денот на вљубените.

iznenadete-gi-sakanite-so-kolac-so-skrieno-srce-01.jpg

Доколку сакате да го изненадите вашиот сакан или сакана со нешто навистина поразлично, овој рецепт ќе ви покаже како на едноставен начин да припремите вистинско слатко задоволство.

Потребни состојки:

За црвен колач:

  • 175g путер (омекнат)
  • 175g шеќер
  • 3 јајца
  • 1 лажичка екстракт од ванила
  • 175g бело брашно
  • 1 прашок за печиво
  • малку сол
  • црвена прехранбена боја

За чоколаден колач:

  • 175g путер (омекнат)
  • 175g шеќер
  • 3 јајца
  • 1 лажичка екстракт од ванила
  • 175g бело брашно
  • 1 прашок за печиво
  • малку сол
  • 170g темно чоколадо


Подготовка:

Постапката за правење на двата колачи е иста единственото нешто што се разликува е што во црвениот додавате црвена прехранбена боја, а во чоколадниот растопено чоколадо.

Прво се прави црвениот колач. Во поголем сад ставете го омекнатиот путер и шеќерот и мешајте со миксер додека смесата не се соедини. Потоа додадете го првото јајце и мешајте со миксерот. Откако јајцето ќе се соедини со путерот и шеќерот додадете го второто и повторете ја постапката. Исто и со третото јајце. На крајот додадете го екстрактот од ванила и убави измешајте.

Откако тестото ќе стане хомогено додадете го брашното и прашокот за печиво и малку сол. Со помош на шпатула убаво измешајте и додадете ја црвената прехранбена боја. Печете во калап измачкан со путер во рерна која претходно е загреана на 180 степени 40-45 минути или додека не забележите дека тортата е готова.

Додека црвената торта се излади подгответе ја чоколадната торта. Постапката е иста како за црвената со тоа што на крајот додавате топено чоколадо. Додека чоколадото се топи исечете ја црвената торта на прачиња од околу 1cm и со калап во форма на срце извадете по две срца од секое парче.

Кога чоколадото ќе се стопи додадете го во спремената смеса и убаво измешајте. Ставете една третина од чоколадната смеса во калап кој претходно сте го намачкале со путер и наредете ги црвените срца па врз нив турете го остатокот од чоколадната смеса. Печете во претходно загреана рерна на 180 степени 40-45 минути.

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 07.Март.2016 во 08:35

Рецепт за домашни Twix колачи


Љубителите на Twix чоколади од сега ќе може да уживаат и во овој рецепт за домашни колачиња со сличен вкус.

За колачите ќе ви бидат потребни следните состојки:

  • 250гр брашно
  • ¼ лажичка сол
  • 110гр путер
  • 65гр шеќер
  • 1 лажичка екстракт од ванила
  • 1шолја млечно или темно чоколадо (по избор)
  • Кесичка карамели + 2 лажици вода
  • Тwix чоколадо издробено на ситни парчиња

Начин на подготовка:

Во сад ставете го брашното и во него додадете ја солта. На страна со миксер убаво изматете го путерот и во него додадете ги шеќерот и ванилата. Во оваа смеса полека додавајте го брашното додека не добиете убаво и глатко тесто. Оставете го да отстои во фрижидер околу половина час.

Загрејте ја рерната на 175 степени, па потоа во плех ставете хартија за печење. Од изладеното тесто расукајте кора со дебелина од половина сантиметар. Со помош на кружен сечач за тесто или помала чаша извадете крукчиња. Ставете ги на хартијата за печење, а потоа во рерна. Печете од 10 до 12 минути. Кога ќе бидат печени оставете ги да се изладат.

Во два различни сада одделно растопете ги карамелите и чоколадото. Најпрвин земете колаче, врз него ставете карамела, па потоа чоколадо. Врз него ставете уште едно колаче и повторете ја постапката. Украсете со парчиња издробен Twix.

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 18.Март.2016 во 18:28

Чоколаден колач со вишни и павлака


Состојки:

6 јајца

140 г. шеќер

70 г. мелени ореви

50 г. мелени бисквити

50 г. путер

кесичка прашок за пециво

250 г. вишни (без семки)

2,5 дл. кисела павлака од Идеал Шипка

лажица какао

2 лажички ванилин шеќер

сок од пола лимон

5 мл. рум

Приготвување:

1. Добро изматете ги жочките со шеќерот, а потоа додадете чоколадо, ореви, какао и бисквити. Соединете, па измешајте во стопен путер, ванила, рум, сок од лимон и прашок за пециво.

2. Посебно изматете ги белките во цврст снег и лесно соединете ги со масата од жолчки.

3. Добиената смеса сипете ја подмачкана тепсија, а одозгора посипете ги вишните. Печете го колачот на 180 степени околу 45 минути.

4. Готовиот колач посипете го со шеќер во прав и по желба послужете го со павлака и прелејте го со стопено чоколадо.



Изменето од Valerija - 16.Март.2018 во 09:22
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 21.Март.2016 во 08:21

Колач земјотрес – интересно име и уште поинтересен вкус


Колачот го добил своето име бидејќи состојките се мешаат слично како што се мешаат слоевите во Земјата за време на земјотрес.

Kolac-Zemjotres-interesno-ime-i-uste-pointeresen-vkus-01

Вистинскиот „земјотрес“ од вкусови и интересниот изглед се работите кои ќе ве натераат да го направите овој колач не само еднаш туку повеќепати. 

Потребни состојки:

  • 225g кокос
  • 110g сецкани ореви
  • 500g мешавина за лава колач
  • 3 јајца
  • 355ml вода
  • 118ml масло
  • 225ml маскарпоне
  • 170g путер
  • 455g шеќер во прав
  • 1 лажичка екстракт од ванила
  • 225g темно чоколадо на ситни коцки


Подготовка:

1. Загрејте ја рерната на 180°C. Премачкајте го плехот со димензии 9х13cm со путер.

2. Истурете го кокосот во плехот така што рамномерно ќе го распределите, а потоа додадете ги оревите.

3. Во поголем сад за матење, ставете ја смесата за лава колач, јајцата, водата и маслото и мешајте додека не добиете хомогена смеса.

4. Истурете ја смесата врз слојот кокос и ореви.

5. На средна температура стопете го путерот и маскарпонето и додадете го во сад заедно со шеќерот во прав и мешајте со рака или миксер додека не добиете хомогена смеса. Додадете го екстрактот од ванила.  

6. Додадете ја смесата со крем-сирење врз чоколадната смеса во плехот и потоа промешајте со нож.

7. Ставете одозгора парчиња темно чоколадо.

8. Печете 45-55 минути. 

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 28.Март.2016 во 15:20

Колачи со брусница и бело чоколадо

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

за колачите: 300гр. екстра бело брашно тип 400 на Жито Лукс

1 1/2 лажичка прашак за пециво

110гр. путер

170гр. кафеав шеќер

2 јајца

1/2 лажичка екстракт од ванила

1 лажичка кора од портокал

1/4 лажичка сол

1/3 лажичка цимет

60гр. брусница крупно сецкана

110 гр. бело чоколадо крупно сецкано

за филот: 110гр. бело чоколадо

60гр. брусница крупно сецкана

250г. кремсирење

125гр. шеќер во прав

1 лажика екстракт од ванила

2 лажички кора од портокал

НАЧИН НА ПОДГОТОВКА:

Загрејте ја рерната на 180 степени. Премачкајте плех за печење со малку масло.

Во длабок сад расстопете го путерот во микробранова. Додадете го кафеавиот шеќер и мешајте додека да се растопи. Оставете го малку да се излади. Потоа додадете ги јајцата едно по едно.

Додадете ванила и кора од портокал во смесата.

Во посебен сад измешајте екстра белото брашно тип 400, прашок за пециво, сол и цимет. Постепено додавајте ја смесата со брашно во смесата од путер, шеќер и јајца. Додадете ја брусницата и белото чоколадо.

Смесата префрлете ја во подготвениот плех и распоредете ја рамномерно. Печете го колачот 20 минути. Кога колачот ќе се излади исечете го на триаголници (или друга форма по желба)

Во микробранова растопете бело чоколадо. Со миксер изматете го кремсирењето и шеќерот. Додадете ванила, 1 лажичка кора од портокал и половина од растопеното чоколадо.

Распоредете го преливот рамномерно врз колачите. Одозгора испрскајте ги со брусница и остатокот од кората од портокал. Декорирајте го остатокот од бело чоколадо и ставете ги во фрижидер за малку да се стегнат.

Послужете ги со кафе или чај. На здравје!

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 29.Март.2016 во 08:47

Десертот може да биде здрав: Браунис со авокадо


Браунис колачите се вкусен десерт. Но, постои и поздрава верзија за да може да се ужива во нив без дополнителна грижа за тоа како десертот би влијаел врз фигурата или здравјето.

Авокадото во овој рецепт е всушност замена за путерот/маргаринот кој оригинално би го употребиле, а кокосовото брашно, замена за бело брашно. Нo,
што е сè потребно за да се направи?

Состојки:

  • 1 големо авокадо (зрело)
  • 120 грама пире од јаболки
  • 120 грама мед
  • 1 лажичка ванила екстракт
  • 3 големи јајца
  • 50 грама кокосово брашно
  • 40 грама какао
  • 1 прашок за пециво



Подготовка:

Загрејте ја рерната на 180 степени Целзиусови.

Во поголем сад измискајте ја содржината од авокадото, пирето од јаболка, медот и ванила екстрактот.

Додадете ги јајцата едно по едно и мискајте додека смесата не стане хомогена. На крај додадете го кокосовото брашно, какаото и прашокот за пециво.



Промешајте добро и ставете ја смесата во намрсен плех или обложен со хартија за печење. Печете го на веќе загреаната рерна 25-30 минути. Оставете да се олади и исечете на коцки. Добар апетит

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 5051525354 56>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,234 секунди.