IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Здравје > Исхрана и кулинарство
  Активни теми Активни теми RSS - Рецепти за торти и други благи работи
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Рецепти за торти и други благи работи

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 4445464748 56>
Автор
Порака
evangeline Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 22.Август.2011
Локација: Naxos
Статус: Офлајн
Поени: 6758
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај evangeline Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 28.Ноември.2014 во 16:45

ДИЕТАЛЕН МАК КОЛАЧ


24

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

За 4 лица:

200 грама интегрално пченично брашно

2 лажици маслиново масло

2 лажици мак

2 јајца

80 грама кафеав шеќер

1 прашок за печиво

НАЧИН НА ПОДГОТОВКА:

Пенасто изматете го шеќерот и маслото, додадете го брашното и продолжете да матите. По 2 минути матење со миксерот додадете ги јајцата, прашокот за печиво и макот и се убаво соединете. Добиената смеса сипете ја во подмачкан и побрашнет калап за печење.

Печете на загреана рерна на 200 степени, 30 минути.

Уживајте во вкусот!!!

Внимавај кому му веруваш.
И ѓаволот еднаш беше ангел.


Being RICH
is not about how much you have,
BUT about how much you GIVE

Кон врв
evangeline Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 22.Август.2011
Локација: Naxos
Статус: Офлајн
Поени: 6758
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај evangeline Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 28.Ноември.2014 во 16:50

БИСКВИТ ТОРТА СО ОРЕВИ


14

Потребни намирници:

3 пакетчиња бисквити

200 мл млеко

100 гр ореви

750 мл млеко

200 гр шеќер

2 јајца

2 супени лажици брашно

1 пакетче ванилин шеќер

Млекото (750мл) треба да зоврие. Се додава шеќерот и се меша додека се раствори. Брашното се меша со јајцата (2) и ванилиниот шеќер. Во тоа се додава и млекото со шеќерот и се меша постојано додека се добие крем. Бисквитите се кршат и со нив се покрива дното на садот за печење. Се поливаат со млекото (200мл) и со кремот се прави втор слој. Потоа повторно еден ред кршени бисквити, па слој од кремот се додека имате материјал.

На крај се завршува со слој крем и мелени ореви.

Внимавај кому му веруваш.
И ѓаволот еднаш беше ангел.


Being RICH
is not about how much you have,
BUT about how much you GIVE

Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 30.Ноември.2014 во 11:58

КОЛАЧИЊАТА НА БАБА МИ


  

Колачињата на баба ми

Колачињата на баба ми



    1. 1.Од сите состојки се замесува тесто, а брашно се додава додека да се добие нелепливо тесто, како за леб.
    2. 2.Се формираат топчиња, а од нив се формираат долгнавести црева, како сукало, со дебелина колку прст. Се поставуваат 2 такви долгнавести форми едно до друго и со остар нож се сечат по 2 колачиња со должина околу 5 см. Секој пар од така пресечените колачиња, се реди на намрсено тавче и тоа така како што се сечени,секој пар кој е заедно сечен, едно до друго на мало растојание. Се печат на 180 степени. Веднаш по печењето, тавчето се затресува за да се пододлепат, бидејќи ако се остават така да се оладат стануваат кршливи.
    3. 3.Секој пар од колачињата се поврзува со мармалад по сопствен избор или некој чоколаден крем.
    4. 4.Залепените колачиња се потопуваат до половина во чоколадна глазура, а потоа тоа делче се валка во кокос или (малку потпечени,а потоа мелени) ореви, бадеми, лешници.
    5. 5.За глазурата се варат сите состојки, пасе остава сосема малку да се олади.


    Изменето од Valerija - 30.Ноември.2014 во 12:09
    Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
    Кон врв
    Valerija Кликни и види ги опциите
    Модератор
    Модератор
    Лик (аватар)

    Регистриран: 07.Ноември.2005
    Статус: Офлајн
    Поени: 105588
    Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 30.Ноември.2014 во 12:08

    ТРИАГОЛНИЦИ СО ЛЕШНИЦИ


       

    Тријаголници со лешници

    Триаголници со лешници



    1. 1.Брашното измешајте го заедно со омекнатиот магарин, додадете шеќер, ванилин шеќер, јајца и прашок за пециво. Се добро иаматете.
    2. 2.Со миксер, белките изматете ги заедно со шеќерот. Внимателно и мешајќи до лажица, додадете ги мелените и сечканите лешници.
    3. 3.Тавата за печење намастете ја и ставете хартија за печење. Истурете тестото, израмнете а одозгора ставете го филот.
    4. 4.Печете на 170 степени, околу 30 минути. Додека е сеуште топло, исече го колачот на триголници. На крај украсете со чоколадо.



    Изменето од Valerija - 01.Декември.2014 во 08:11
    Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
    Кон врв
    Valerija Кликни и види ги опциите
    Модератор
    Модератор
    Лик (аватар)

    Регистриран: 07.Ноември.2005
    Статус: Офлајн
    Поени: 105588
    Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 01.Декември.2014 во 08:10

    Подгответе: Сочна чоколадна торта


    За сите вљубеници во чоколадото, а и за оние кои мислат дека можат да одолеат, оваа торта ќе сакате да ја изедете цела.

    socna-cokoladna-torta-01

    Вкусна, сочна, чоколадна и неодолива. Сигурно можете да одвоите малку време и да ја подготвите само за вас или и за вашите пријатели.

    Потребни состојки:

    Тесто:

    • 220 g брашно
    • 400 g шеќер
    • 80 g какао
    • 2 лажички прашок за печиво
    • 220 g путер
    • 250 ml кафе

    Фил:

    • 250 g шеќер
    • 400 ml павлака за готвење
    • 300 ml млеко
    • 200 g чоколадо со 70 % какао
    • 35 g густин

    socna-cokoladna-torta-1.JPG

    Подготовка:

    Во еден сад сипете го брашното за тесто, какаото, сода бикарбоната и прашокот за печиво. Додајте го стопениот путер, шеќерот и кафето, па изматете го добро. Печете во рерна загреана на 180 степени околу 1 час. Оставете да се излади.

    За филот, на тивок оган ставете ја павлаката за готвење, шеќерот, млекото и густинот. Додајте го чоколадото и мешајте додека се згусне. Оставете го филот да се излади, па ставете го во фрижидер за да се стегне.

    Пандишпанот од тесто преполовете го и премачкајте ја едната половина со филот. Одозгора ставете ја втората половина и целата торта премачкајте ја со останатиот фил.

    Нема да успеете да издржите, а да не ја пробате веднаш!

    socna-cokoladna-torta-2.jpg

    Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
    Кон врв
    Valerija Кликни и види ги опциите
    Модератор
    Модератор
    Лик (аватар)

    Регистриран: 07.Ноември.2005
    Статус: Офлајн
    Поени: 105588
    Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 02.Декември.2014 во 16:05

    НУТЕЛА ТОРТА СО ОРЕВИ

    13

    Состојки:

    За тесто:

    4 јајца

    4 лажици шеќер

    4 лажици мелени ореви

    4 лажици чоколадо во прав

    4 лажици брашно

    ½ пакетче прашак за пециво

    Крем:

    6 жолчки

    500 гр шеќер во прав

    350 гр маргарин

    300 гр нутела

    16 лажици ореви

    2 пакетчиња ванилин шеќер

    Останато:

    50 гр чоколада за готвење

    3 лажици масло за јадење

    Начин на подготовка:

    1.    Изматете ги јајцата заедно со шеќерот, чоколадата во прав, оревите, брашното и прашокот за пециво. Тестото поделте го на 3 дела и еден по еден поставете ги во плех поросен со брашно и печете на 200 степени 25-30 минути.

    2.    Жолчките изматете ги на пареа заедно со шеќерот и ванилиниот шеќер, додадете го маргаринот, нутелата, оревите и поделете ја смесата на 3 дела.

    3.    Поставувањето оди по следниот редослед: кора-крем-кора-крем-кора-кремот да биде најгоре. Стопете ја чоколадата заедно со маслото и внимателно премачкајте го кремот од горе. Ставете ја тортата во фрижидер неклоку часа пред сервирање.

    Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
    Кон врв
    Valerija Кликни и види ги опциите
    Модератор
    Модератор
    Лик (аватар)

    Регистриран: 07.Ноември.2005
    Статус: Офлајн
    Поени: 105588
    Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 08.Декември.2014 во 09:47

    Розови и вкусни: Англиски колачиња со „весела“ глазура


    Англичаните си гo сакаат чајот и колачите кои се служат со него. Тоа е неоспорно. Поради таа љубов кон слатките, колачите и бисквитите кои ги пијат во времето за чај, тие секоја година стануваат поиновативни во подготвувањето на истите. 

    Ви претставуваме одличен рецепт за брзи, вкусни и колоритни колачи кои ќе ги обожаваат не само децата, туку и возрасните.

    Состојки: 

    За колачите:

    • 3 шолји брашно
    • 1 пакетче прашок за печиво
    • ½ шолја путер на собна температура
    • 1 шолја шеќер
    • 2 јајца на собна температура
    • 1 лажичка ванила екстракт
    • ¼ шолја слатка павлака


    За глазурата:

    • ½ шолја омекнат путер на собна температура
    • 3 шолји шеќер во прав
    • 1 лажичка екстракт од ванила
    • Млеко по потреба за конзистентноста која сакате да ја добиете од глазурата
    • Боја за колачи
    • Трошки во боја

    Смесата е доволна за 25 колачи

    Инструкции за подготвување на колачите:

    Во еден сат измешајте ги брашното и прашокот за печиво, а во друг со миксер изматете ги путерот и шеќерот додека не стане смесата пенеста и лесна. Во садот со путерот додадете ги јајцата едно по едно и миксајте додека не се соединат со смесата, а за крај додадете ги ванилата и слатката павлака па добро измиксајте повторно.

    На крај додадете го брашното и прашокот за печиво од првиот сад и добро измешајте. Тестото кое ќе го добиете ќе биде многу лепливо, па за подобро да се расука ставете го во целофан, па во фрижидер неколку часа (дури и преку ноќ ако можете), но ако не можете подолго време да го држите во фрижидер, тогаш оставете го во фрижидер за длабоко замрзнување околу 1 час.

    Откако ќе бидете подготвени за расукување, набрашнете ја масата и расукајте го тестото со дебелина од половина сантиметар и со калап (а ако немате тркалезен калап, послужете се со чаша) извадете тркалезни колачи и ставете ги во тавче обложено со хартија за печење. 

    Печете ги колачите на 220 степени целзиусови 6-7 минути. Важно е да не ги печете повеќе од тоа, и покрај тоа што ќе изгледаат бели одозгора а заруменети од рабовите, тие ќе бидат совршено испечени со текстура како бисквити. 

    Извадете ги од рерната и оставете добро да се изладат. 

    Инструкции за подготвување на глазурата:

    Изматете го путерот и шеќерот во прав и лажица по лажица додавајте од млекото додека не ја добите посакуваната текстура на глаузрата. Нека не биде премногу течна и не премногу цврста бидејќи нема да можете да ја размачкате врз колачите и во двата случаи. На крај додадете ја бојата за колачите која ќе ја одберете. Можете да ја поделите глазурата на повеќе дела и да експериментирате со повеќе бои. Розе, сина, зелена, жолта... Изборот е ваш.

    Премачкајте ги оладените колачиња со готовата глазура и ставете трошки во боја одозгора.

    Bon appétit !!!

    Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
    Кон врв
    Valerija Кликни и види ги опциите
    Модератор
    Модератор
    Лик (аватар)

    Регистриран: 07.Ноември.2005
    Статус: Офлајн
    Поени: 105588
    Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 15.Декември.2014 во 21:14

    БЕЗ ПЕЧЕЊЕ: ЛЕДЕНА ЧОКОЛАДНА ТОРТА СО БИСКВИТИ

    17

    Состојки:

    3 пакетчиња шлаг крем од чоколадо

    0,5 л чоколадно млеко

    100 мл млеко

    200 гр маргарин

    150 гр чоколадо

    100 гр шеќер во прав

    2 жолчки

    350 гр бисквити

    Подготовка:

    Изматете ги шлаг кремите со двете врсти млеко. Чоколадото стопете го, па оставете малку да подолади.
    За тоа време изматете го маргаринот со шеќерот и жолчките, па на крај додадете го стопеното чоколадо.
    Смесата истурете ја во изматениот шлаг крем и измиксирајте да се соедини.
    Додадете ги бисквитите искршени на парчиња. Убаво измешајте и излијте ја смесата во калап обложен со најлон фолија. Ставете ја во замрзнувач неколку часа или преку ноќ за да се стегне. Се декорира по желба со рендана чоколада, шлаг, павлака и сл.

    Тортата се чува во замрзнувач, лесно се сече откако ќе се извади и се служи студена.

    Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
    Кон врв
    Valerija Кликни и види ги опциите
    Модератор
    Модератор
    Лик (аватар)

    Регистриран: 07.Ноември.2005
    Статус: Офлајн
    Поени: 105588
    Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 15.Декември.2014 во 21:26

    Слатки бомбици од бадеми и кафе


    Збогатете си ја трпезата со вкусни топчиња со вкус на јаткасти плодови и омиленото кофеинско уживање. Послужете ги и изнудете слатка насмевка!

    slatki-bombici-od-bademi-i-kafe-01.jpg

    Потребни состојки:

    • 150g мелени бадеми
    • 150g шеќер во прав + 4 до 5 лажици за валкање
    • 4 лажици инстант кафе
    • 2 белки
    • 1 ванилин шеќер

    Подготовка:

    Помешајте ги бадемите, шеќерот во прав, ванилиниот шеќер и кафето, па со непрестанато мешање додајте ги матените белки додека смесата не стане густа.

    Направете топчиња, извалкајте ги во преостанатата изматена белка, а потоа во неколкуте лажици шеќер во прав.

    Ставете ги во подмачкан плех со хартија за печење и печете 10тина минути.

    По желба украсете ги со стопено чоколадо или сечкани бадеми.

    Послужете и уживајте!


    Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
    Кон врв
    Valerija Кликни и види ги опциите
    Модератор
    Модератор
    Лик (аватар)

    Регистриран: 07.Ноември.2005
    Статус: Офлајн
    Поени: 105588
    Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 17.Декември.2014 во 23:33

    БЕЛАТА ДОЛИНА

    26

    Потребни состојки за кората:

    –      6 белки

    –      200 гр шеќер

    –      лажица оцет

    За првиот фил:

    –      12 жолчки

    –      200 гр шеќер

    –      4 лажици пудинг од ванила

    –      1 л млеко

    –      250 гр маргарин

    За вториот фил

    –      300 гр чоколада

    –      250 гр маргарин

    За декорација:

    –      2 кесички желатин

    –      1 л млеко

    –      250 гр шеќер

    –      350 гр шлаг крема од ванила

    Подготовка:

    Изматете цврст снег од белките, па додавајте лажица по лажица ид шеќерот и на крајот оцет. Смесата поделете ја на два дела. Испчете две кори.

    За првиот фил: изматете ги жолчките со шеќерот, пудингот и 100 мл млеко. Постепено додавајте ги во останатото млеко кое врие. Мешајте постојано. Откако ќе добиете густ крем, тргнете го садот од оган. На страна изматете го пенесто маргаринот, па додадете го во изладениот крем.

    Растопете ја чоколадата на тивок оган. Маргаринот изматете го пенесто и во него додадете ја изладената растопена чоколада.

    За декорацијата: изматете го желатинот во ладна вода со шеќерот и варете го петнаесетина минути на тивок оган. Изматете ја шлаг кремата и соединете ја со изладениот желатин. Филувајте по овој редослед: кора, прв фил, кора, втор фил, па декорација.

    Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
    Кон врв
    Valerija Кликни и види ги опциите
    Модератор
    Модератор
    Лик (аватар)

    Регистриран: 07.Ноември.2005
    Статус: Офлајн
    Поени: 105588
    Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 17.Декември.2014 во 23:36

    ВИСТИНСКА ЧОКО-МАНИЈА

    27

    Одличен десерт за љубителите на чоколадото !!!

    ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

    За кора:

    250 грама путер

    140 грама шеќер во прав

    140 грама чоколадо за готвење

    5 жолчки

    5 белки

    140 грама брашно

    За фил:

    7 јајца

    7 лажици шеќер

    125 грама путер

    100 грама бело чоколадо

    За глазура:

    140 грама шеќер во прав

    ¼ литри топла вода

    180 грама чоколадо за готвење

    НАЧИН НА ПОДГОТОВКА:

    Путерот пенасто изматете го, додадете го шеќерот и убаво изматете. Стопете ја чоколадата и додадете ја на изматениот путер. Со постојано миксирање додадете една по една жолчка. Од белките направете шлаг и додадете го во смесата од путер и жолчки, убаво измешајте со лажица и пополека со постојано мешање додадете го брашното.

    Калапот за тестото намачкај те го со путер и посипете го со брашно. Налиј те го тестото.

    Печете на 150 степени Целзиусови 1 час.

    Жолчките сварете ги на пареа. Додадете го чоколадото и оставате да се олади. За тоа време направете шлаг од белки и пенасто изматен путер. Сите состојки убаво измешај те ги.

    Глазурата за тортата припремете ја на следниот начин. Шеќерот во прав прелиј те го со ¼ литар топла вода и мешајте додека шеќерот не се стопи. Потоа додадете ја чоколадата и садот ставете го на оган и варете се до моментот додека целото чоколадо не се стопи и не добиете маса со густина на прелив.

    Оладениот пандишпан поделете го на 2 кори. 1 кора нека биде потенка. Редите кора, фил –кора-фил- глазура. Декорирајте по желба.

    Уживајте во вкусот!!!

     

    Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
    Кон врв
    Valerija Кликни и види ги опциите
    Модератор
    Модератор
    Лик (аватар)

    Регистриран: 07.Ноември.2005
    Статус: Офлајн
    Поени: 105588
    Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 18.Декември.2014 во 17:12

    Вкусни божиќни колачиња: Слатки ѕвезди


    Ова време од годината е совршено за да се топлите по дома и да подготвувате вкусни божиќни колачиња. Ние овојпат решивме да ви понудиме рецепт за слатки ѕвездички, а доколку користите мармалади од разновидно овошје, тогаш ќе добиете и разнобојни колачиња.

    Потребни состојки:

    За тесто:

    • 250 гр. маргарин (или 200 гр. путер)
    • 500 гр. брашно
    • 150 гр. шеќер
    • 2 јајца
    • 1 ванилин шеќер

    За филот:

    • Мармалад
    • Прав шеќер за посипување

    Подготовка:

    Измешајте го брашното, шеќерот и прашокот за печење и ванилиниот шеќер. Додадете го исецканиот маргарин и замесете ја смесата. Потоа додадете јајца и уште еднаш премесете.

    Расукајте го тестото, па потоа со модла вадете ѕвездички. На секоја втора ѕвезда со помала модла во вид на ѕвездичка извадете ја средината. Доколку немате модли, тогаш сечете го тестото со нож во вид на ѕвезди.

    Испечете го тестото. Откако ќе добиете кекс, спојте ја полната и ѕвездичката со дупка во средината намачкајте со мармалад. Истото направете го и со помалите ѕвездички, па сервирајте ги заедно со големите. Сите посипете ги со шеќер во прав.

    Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
    Кон врв
    Valerija Кликни и види ги опциите
    Модератор
    Модератор
    Лик (аватар)

    Регистриран: 07.Ноември.2005
    Статус: Офлајн
    Поени: 105588
    Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 21.Декември.2014 во 19:24

    ЛЕСНА И ПРЕВКУСНА БУТЕР ТОРТА

    13

    Состојки:

    1 кг бутер тесто (замрзнато лиснато тесто- само да напоменам дека пред употреба треба да стои барем 12 часа во фрижидер за да се одмрзне убаво за да може да се обработи понатаму )

    1,5 пакетчиња пудинг од ванила

    750 мл млеко

    15 супени лажици шеќер

    100 гр путер

    200 мл слатка павлака

    150 гр чоколадо за готвење

    Растегнете го бутер тестото и поделете го на три еднакви правоаголници. Парчињата поставете ги во тавички обложени со хартија за печење. Корите се печат во претходно загреана рерна на висока температура се додека не добијат златно-кафена коричка. Направете го пудингот според упатството. Оставете да се олади, па во пудингот додадете го матениот путер и добро измешајте. Додадете ја во кремот и матената павлака, при што се меша само во еден правец за да не спласне. Ставете ја првата кора во соодветна според димензии тавичка и намачкајте ја со дебел слој од кремот. Потоа следува второто бутер тесто и повторно крем. На крај оди третото бутер тесто кое се покрива со стопеното чоколадо. Торатата треба да отстои 5-6 часа во фрижидер пред да се сервира.

    Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
    Кон врв
    Valerija Кликни и види ги опциите
    Модератор
    Модератор
    Лик (аватар)

    Регистриран: 07.Ноември.2005
    Статус: Офлајн
    Поени: 105588
    Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 21.Декември.2014 во 19:25

    ПОВКУСНО ОД ОВА НЕМА: ПАРФЕ ТОРТА

    13

    Состојки:

    Кора:

    3 јајца

    7 лажици шеќер

    7 лажици брашно

    2 лажици какао

    5 лажици млеко со рум

    Темен крем:

    10 лажици шеќер

    300 мл вода

    3 жолчки

    2 јајца

    200 гр чоколадо

    250 мл слатка павлака

    3 пакетчиња желатин

    Бел крем:

    10 лажици шеќер

    300 мл вода

    3 жолчки

    2 јајца

    200 гр бела чоколада

    250 мл слатка павлака

    3 пакетчиња желатин

    Прелив:

    50 гр чоколадо

    2 лажици масло

    Подготовка:

    Кората ја добиваме така што од белките матиме со шеќер цврст снег, па ги додаваме жолчките, брашното и какао. Печеме во тркалезен калап околу 25 см пречник. Печената и оладена кора се попрскува со млекото со рум.

    Темен крем:

    Шеќерот и водата се варат, се матат 2 белки и посебно 5 жолчки. Сирупот од шеќер внимателно се додава во белките па потоа и жолчките се спојуваат со зашеќерените белки. Оваа смеса се меша со жица, не со миксер. Оставете да се олади па во ладното додадете ја слатката павлака и на крај желатин. Оваа смеса се префрла во тркалезен калап со исти димензии како оној за кората и се остава добро да се стегне и олади.

    Светол крем:

    Се се прави исто како и за темниот крем, само што чоколадата е бела. И овој крем мора да отстои во истиот калап како и темниот крем и кората.

    Двата крема кога ќе се стегнат ставете ги врз кората, прво темниот па светлиот. Стопете чоколадо со масло на пареа и со ова украсете ја тортата.

    Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
    Кон врв
     Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 4445464748 56>
      Сподели тема   

    Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

    Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
    Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

    Страницата е генерирана за 0,188 секунди.