IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Здравје > Исхрана и кулинарство
  Активни теми Активни теми RSS - Рецепти за торти и други благи работи
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Рецепти за торти и други благи работи

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 3536373839 56>
Автор
Порака Обратен редослед
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85179
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 06.Јули.2011 во 12:58

Сорбет од лубеница

Потребно:

* 1 кг чисто месо од лубеница
* 100 г кристал шеќер
* 1 лажица ликер од вишни
За украс:
* парчиња свежа лубеница

Приготвување: месото од лубеницата исечете го на коцкички и исчистете го од семките. Во него додадете ги ликерот и шеќерот, па сето тоа со миксер добро испасирајте го да добиете каша. Смесата сипајте ја во пластичен сад, па ставете ја во замрзнувач да отстои еден-два часа со повремено мешање со виљушка.

Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85179
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 06.Јули.2011 во 05:33

Слатко од лубеници

За слатко се избира посебен вид на лубеница која има подебело бело месо (може и обична - дебелокорка). Средината и кората се отстрануваат, а белото месо се сече на коцки кои се ставаат во варова вода да отстојат преку ноќ. Утредента се ставаат во чиста вода, па отстојуваат уште еден ден, со менување на водата на два-три пати. Потоа, коцките се ставаат неколку пати во вода да зовријат. Добро се цедат и се боцкаат со игла. Во сируп од еден килограм шеќер проварен во 250 милилитри вода се варат околу еден килограм исчистени коцки од 15 до 20 минути, со постојано вадење на пената. При крај на варењето, се става сок од лимон и ванилин шеќер и тенџерето се вади од рингла. Откако слаткото ќе се излади, се сипа во тегли.

Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85179
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 04.Јули.2011 во 23:17

Салата од дињи и лубеници

Потребно:

* 1/2 диња
* 1 лубеница
* 2-3 лажици јак зелен чај
* неколку ливчиња нане
* шеќер по вкус

Приготвување: исчистете ги дињата и лубеницата, па месото исечете го на коцкички. Посипете ги со шеќер, додадете ги чајот и сокот што го пуштиле дињата и лубеницата. Сето тоа добро разладете го и пред послужување украсете го со ливчињата нане.


Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85179
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 17.Јуни.2011 во 05:08
Забајоне

Потребно е:
6 жолчки;
50 г шеќер;
1 ванилин шеќер;
150 мл малвазија;
една чашка вишновка;

Подготовка: Со миксер мешајте ги јајцата и ванилиниот шеќер се додека не се направи пена. Потоа полека додавајте ги малвазијата и вишновката. Смесата мешајте ја на пареа, се додека масата не згусне. Кога ќе биде готова, веднаш ставете ја во чаши и послужете ја.

Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85179
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 16.Јуни.2011 во 23:45

Шлаг-сладолед

Потребно:

* 6 јајца
* 12 лажици шеќер
* 2 кесички шлаг

Приготвување: изматете ги јајцата со шеќерот, а во друг сад изматете го шлагот според упатството. Потоа соединете ги двете смеси. Вака подготвената смеса ставете ја во соодветен сад и замрзнете ја.
СОВЕТ: во основната смеса може да додадете различни состојки, на пример пире од овошје, кои ќе го бојосаат сладоледот и ќе го направат повкусен. Се разбира, сите состојки треба да ги ставите пред да го замрзнете сладоледот.

Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85179
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 10.Јуни.2011 во 04:51

Сорбет од јагоди

Потребно:

* 250 г јагоди
* 2 лажици сок од лимон
* 200 мл вода
* 100 г шеќер

Приготвување: од шеќерот и водата сварете сируп, па изладете го. Јагодите испасирајте ги во миксер, па измешајте ги со сирупот и лимоновиот сок. Ставете ги во замрзнувач да отстојат 2-3 часа. Во текот на замрзнувањето, смесата мешајте ја неколку пати.

Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 07.Јуни.2011 во 22:50
Детелинки -посни колачи


Состојки:
300 гр. шеќер
1 1/2 филџан вода
300 гр. мелени ореви
црвена боја за готвење
1 лажиче маргарин
Од наведените состојки се замесува тесто и се дели на три дела, во првиот дел се става црвена боја за готвење, во вториот - растопена чоколада и третиот останува необоен. Се прават три валјаци и се редат еден врз друг. Се полеваат со растопена чоколада за готвење.


Изменето од Valerija - 05.Декември.2017 во 22:03
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85179
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 07.Јуни.2011 во 06:02

Компот од цреши

Потребно:

* 1 кг цреши
* 150 г шеќер
* кора од цимет
* 4 каранфилчиња
* парче кора од лимон
* 500 мл вода

Приготвување: црешите исчистете ги од дршките, измијте ги и исцедете ги. Во водата ставете ги шеќерот, циметот, каранфилчињата и кората од лимонот, па сето тоа варете го додека не добиете бисерна капка (со лажичка црпнете од сирупот, па одозгора сипајте во чинивче. Ако се појави бисерна капка, тогаш сирупот е готов). Потоа додадете ги црешите и сето тоа варете го на тивок оган додека не омекнат.


Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85179
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 31.Мај.2011 во 06:10

Домашен млечен сладолед

Потребно:

* 1 л млеко
* 300 г шеќер
* 2 јајца
* 3 жолчки
* 1 шипка ванила

Приготвување: во еден сад ставете ги млекото, шеќерот и шипката ванила да зовријат. Во друг сад ставете ги јајцата и жолчките, па полека сипајте го зовриенот млеко, постојано мешајќи со миксер и на крај прецедете ја смесата. Шипката ванила извадете ја. Смесата добро изладете ја, треба да отстои во фрижидер од 2 до 3 часа. Потоа сладоледот мешајте го уште 15 до 20 минути. Сладоледот сипајте го во чинивчиња и ставете го во замрзнувач.

Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85179
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 19.Мај.2011 во 20:20
Сладолед од ванила

Потребно:

2 јајца
2 лажици шеќер во прав
4 кесички ванилин шеќер
2 кесички шлаг

Приготвување: изматете снег од белките со миксер, па додајте ги шеќерот и ванилиниот шеќер. Продолжете да матите додека не добиете цврста смеса. Намалете ја брзината на миксерот, па ставете ги жолчките и матете го сето тоа уште една минута. Во друг сад, подгответе го шлагот според упатството на кесичката, па измешајте го со лажица во претходно подготвената смеса од јајца. Вака подготвениот сладолед сипете го во пластичен сад и замрзнете го.

Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85179
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 19.Мај.2011 во 05:23
Пудинг со сезонско овошје

Потребно:

1 чаша брашно од ориз
   малку морска сол
1 лажичка масло
1 лажица мед
   сезонско овошје

Приготвување: 4 чаши вода со малку сол зовријте ја, па во неа ставете ги маслото и брашното од ориз. Сето тоа варете го додека не се згусне. Смесата засладете ја со мед, поделете ја во чинивчиња за послужување, одозгора украсете ја со сезонското овошје и пудингот сервирајте го.

Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85179
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 18.Мај.2011 во 06:01

Вест рецепт - Круши во црно вино

Потребно:

4 круши
4 каранфилчиња
2 дафинови листа
1 шипка цимет
1 парче кора од лимон
125 г шеќер
750 мл црно вино

Приготвување: излупете ги крушите, па, со дршките свртени нагоре, ставете ги во високо тенџере. Додајте ги каранфилчињата, дафиновите листови, циметот и кората од лимон. Посипете го сето тоа со шеќерот и прелијте го со виното. Оставете течноста да зоврие, па намалете ја температурата и варете околу 40 минути. Со виљушка, проверете дали крушите се варени, па внимателно извадете ги држејќи ги за дршките. Оставете го виното да се вари уште малку, па прелијте ги крушите со него.

Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85179
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 14.Мај.2011 во 05:10

Стапчиња од ореви

Потребно:

* 3 белки
* 250 г шеќер во прав
* 250 г мелени ореви

Приготвување: изматете цврст снег од белките, додајте го шеќерот, измешајте ја смесата и поделете ја на два дела. Во едниот дел измешајте ги оревите. Сипете ја смесата со оревите во намастено тавче, посипано со брашно и израмнете ја. Нанесете ја смесата од белките со шеќер одозгора и израмнете ја и неа. Печете на тивок оган, повеќе да се суши отколку да се пече. Сушете додека смесата добро не се стврдне. Сечете го изладениот колач на стапчиња.


Кон врв
brza Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 06.Февруари.2006
Локација: vidiFOTOupotpis
Статус: Офлајн
Поени: 34534
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај brza Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 13.Мај.2011 во 00:44
slabi ste mi vie slartkari,...koga eden sherbet ne znaete da '''skuvate''!изненадување
Patriotizmot e poslednoto skrivalishte na kriminalcite.-Albert Einstein
Mokjta od sekogash privlekuvala lugje so nizok moral.-Albert Einstein
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 3536373839 56>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,125 секунди.