IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Здравје > Исхрана и кулинарство
  Активни теми Активни теми RSS - Рецепти за торти и други благи работи
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Рецепти за торти и други благи работи

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 3637383940 56>
Автор
Порака Обратен редослед
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85179
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 12.Мај.2011 во 23:14

Сладолед со јогурт

Потребно:

* 400 г шлаг
* 4 чаши шеќер (мерка чаша од јогурт )
* 1 л јогурт

Приготвување: изматете го шлагот со две чаши шеќер и со ладна вода по потреба. Сипете две чаши шеќер во јогуртот, па измешајте го со подготвениот шлаг. Така подготвениот сладолед сипете го во пластична кутија и замрзнете го.

Кон врв
Calipso Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
Primarius

Регистриран: 26.Мај.2009
Локација: Македонија
Статус: Офлајн
Поени: 44671
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Calipso Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 07.Мај.2011 во 19:41
КУГЛОФ СО ЈОГУРТ
Време на приготвување: 60 минути


Потребни состојки
* 3 јајца
* 150 г шеќер
* 1 кесичка ванилин шеќер
* 200 мл јогурт
* 150 мл масло
* 1 лажичка рендано кора од лимон
* 220 г брашно
* 1 кесичка прашок за пециво

Начин на подготовка
Мешавината од јајца, шеќер и ванилин шеќер измиксајте ја со електричен миксер додека смесата стане пенеста.

Додадете го јогуртот, маслото и лимонновата кора. На крај во смесата додадете го брашното помешано со прашокот за пециво. Смесата истурете ја во подмачкан и набрашнет калап за куглоф.

Печете во претходно загреана рерна на 180 ° C 40 минути.
На овој свет има само тројца мажи кои се спремни да те поддржат во тежок момент:
Jack Daniels, John Jameson и Johnnie Walker!
Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85179
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 06.Мај.2011 во 06:05

Овошна салата во омлет

Потребно:

* 1 јајце
* 15 г шеќер
* 1 ванилин шеќер
* 1 лимон
* 2 белки
* 30 г брашно
* 30 г путер
* 30 г желе од рибизли
* 100 г јагоди

Приготвување: изматете ја жолчката со двата вида шеќер и со ренданата кора од лимон. Изматете ги белките во цврст снег, па додајте ги во жолчките, сипете го брашното, измешајте ја смесата и испржете омлет од неа. Загрејте го желето со две лажици сок од лимон и 200 мл вода, па во него кратко проварете ги јагодите, исечкани на парчиња. Филувајте го испржениот омлет со смесата од јагоди.

Кон врв
Анастеа Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор
Лик (аватар)
ПИПИ долгиот чорап

Регистриран: 07.Април.2008
Статус: Офлајн
Поени: 35441
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Анастеа Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 21.Април.2011 во 10:18

Вкусни топчиња од јаболка (посен рецепт без масло)




- 1 килограм јаболка
- 500 грама шеќер
- 150 грама ореви
- 1 лажичка цимет

Јаболката се лупат и се рендаат. Се оставаат да отстојат, па се цеди вишокот вода. Изренданите јаболка се ставаат во тенџере заедно со шеќерот и се варат заедно додека не стане густа смеса, како пире. На пирето од јаболки се додаваат 150 грама ситно мелени ореви и една лажичка цимет во прав. Сè заедно се меша и се остава уште пет минути на оган. Потоа, тенџерето се тргна настрана и се остава да се подолади. Со влажни раце од млаката смеса се прават топчиња што потоа се валкаат во кристал шеќер или во мелени ореви. Вака подготвените топчиња се ставаат во хартиени корпи и се оставаат да се исушат. Потоа се подготвени за јадење – на здравје!

Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85179
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 20.Април.2011 во 23:04

Овошна салата со рум

Потребно:

* 3 портокали
* 3 јаболка
* 3 круши
* 2 банани
* ананас од конзерва
* 1 лажица рум
* шлаг

Приготвување: исечете го овошјето на коцкички и измешајте го. Во сокот од ананасот сипете го румот и прелијте го врз овошјето. Оставете го добро да се излади, па послужете го со шлаг.

Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85179
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 14.Април.2011 во 20:18

Чоколадна торта со црно пиво

СОСТОЈКИ
• 250 мл црно пиво
• 250 гр путер
• 75 гр какао
• 400 гр шеќер
• 140 мл слатка павлака
• 2 јајца
• 275 гр брашно
• 2 лажици сода
• ванила

ПОДГОТОВКА
Во длабок сад за варење ставете пиво и путер. Загревајте сѐ додека путерот не се истопи. Потоа, додадете какао и шеќер. Измешајте ја павлаката со јајцата и ванилата и смесата додадете ја кон садот со пиво. На крај, ставете брашно и сода. Смесата печете ја 45 миунути на температура од 180℃. Кога тортата ќе се излади, премачкајте ја со глазура од шеќер, слатка павлака и јајца.

Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85179
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 14.Април.2011 во 19:59

Чоколадни пралини со брусница и лешници

 

СОСТОЈКИ
• 1 шолја издробено темно чоколадо
• 1/3 шолја пржени и исечкани лешници
• 1 лажица изрендана кора од портокал
• 1/3 шолја суви брусници
• 2 лажици кокосово масло
• малку морска сол

ПОДГОТОВКА
Истопете го чоколадото. Додадете кокосово масло и мешајте сѐ додека не се истопи. Измешјате ги и другите состојки. Со помош на лажица обликувајте ја смесата во мали пралини и редете ги на хартија за колачи.

Потоа, ставете ги во фрижидер за да се изладат. Се сервираат студени.

Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85179
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 06.Април.2011 во 12:51

Колач од цимет

Потребно:

* 150 г мелени ореви
* 150 г мелени бадеми
* 300 г шеќер
* 40 г цимет
* 2 кесички прашок за печиво
* 2 кесички ванилин шеќер
* 300 г брашно
* 300 г путер
* 200 г смрзнато овошје
* 2 јајца

Приготвување: сите состојки, освен смрзнатото овошје, добро измешајте ги, па смесата поделете ја на два дела. Половина од смесата расучете ја во кора колку што е тавчето, па печете ја 5 минути во рерна загреана на 180 степени. Потоа, смрзнатото овошје распоредете го врз потпечената кора, прекријте ги со втората половина од смесаата, расучена во кора, па колачот печете го додека не зарумени.

Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85179
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 31.Март.2011 во 06:14
Какао куп


%5bImage:%20FD51335930779740B2A691E53EA53BB1.jpg%5d



Потребно:

* 1 ќесичка пудинг од какао
* 200 мл слатка павлака
* 400 мл млеко
* 150 г пишкоти
* ликер од какао
* 4 лажици кафе
* 3 лажици мелени ореви

Приготвување: измешајте ги млекото и слатката павлака, па ставете ги да се варат. Измешајте го прашокот за пудинг со шеќер и со 2-3 лажици ладно млеко. Мешајќи, додајте го разматениот прашок за пудинг во вареното млеко, па сварете го. Пред крај на варењето, сипете ги мелените ореви во пудингот. Распоредете ги пишкотите искршени на парчиња на дното од поширока чаша и прелијте ги со вареното кафе и со ликерот, па посипете ги со малку мелени ореви. Прелијте го пудингот врз нив, изладете го и пред да го послужите, украсете го какао купот со матена слатка павлака.
Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85179
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 31.Март.2011 во 06:11
Чоколадно овесно колаче

Потребнo:

•230 грама Шеќер кафеав
•230 грама Шеќер
•малку Сол
•120 грама Путер
•230 грама Ореви
•250 грама Овесни снегулки
•300 грама Корнфлекс чоколаден
•30 грама Какао
•5 Гpами сода
•450 милилитри Вода
•450 грама Брашно
•2 Јајца

Подготвување:
Во еден сад измешајте ја водата и овесните снегулки и оставете да остојат 10 минути. Во голем сад за мешање ставете го мекиот путер и шеќерот. Додадете ги јајцата, едно по едно, мешајќи добро по секое додавање. Смесата истурете ја кај накиснатите овесни снегулки. Измешајте ги брашното, какаото, содата и солта. Постепено додавајте ја оваа смеса во кремастата мешавина. Додадете малку повеќе од половина од чоколадниот корнфлекс.

Смесата ставете ја во тавче за печење кое претхопдно е намачкано со путер. Посипете го со сецканите ореви и остатокот од корнфлексот. Печете на 170 целзиусови степени 40 до 45 минути. За да проверете дали е готово, боцнете со чепкалка, која треба да ја извадите чиста, без да биде размачкана од кремастата смеса.

Пред сечење, оставете колачот да се олади.
Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85179
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 29.Март.2011 во 06:28

Овошна салата

Потребно:

* 500 г јаболка
* 500 г киви
* 2 банани
* 3 портокали
* 1 ананас
* 2 кесички шлаг пена

Приготвување: овошјето измијте го, излупете го и исечете го на мали коцкички. Во подлабок сад изматете ја шлаг пената. Потоа шлагот додадете го во подготвеното овошје, измешајте го сето тоа и салата е готова.
СОВЕТ: Место шлаг, може да употребите мед. Сипајте мед во подготвеното и и измешаното овошје.

Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85179
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 25.Март.2011 во 15:21

Чоколадни снегулки

Потребно:

* 100 г темно чоколадо
* 20 г маргарин
* 50 г пченкарни снегулки
* 1 лажица мед

Приготвување: маргаринот загрејте го и во него стопете го чоколадото кое претходно сте го искршиле на помали парчиња. Откако чоколадото ќе се стопи, додадете ги пченкарните снегулки и медот. Сето тоа добро измешајте го. Со помош на две лажички од смесата правете топчиња и редете ги врз хартија за печење. Така подготвените чоколадни снегулки ставете ги во фрижидер и чувајте ги таму до употреба.

Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85179
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 25.Март.2011 во 05:37

Зашеќерен ѓумбир

Во исламскиот свет отсекогаш важел како добар афродизијак, сепак, ѓумбирот ги смирува желудочната нервоза, воспаленијата на слузта на желудникот, помага при чир на желудникот.
За да приготвите зашеќерен ѓумбир, потребни ви се: свеж корен од ѓумбир и шеќер.
Излупете го коренот, исечете го на парчиња, па варете го на тивок оган во малку вода додека не омекне. Потоа исцедете ги парчињата ѓумбир. Ставете го ѓумбирот во сад, исто количество шеќер и две-три лажици вода, па варете го сето тоа додека ѓумбирот не стане проѕирен, а течноста речиси не испари. Намалете ја температурата, па варете го ѓумбирот додека не биде речиси сув. На крај, испрпелкајте ги парчињата ѓумбир во кристал шеќер.

Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85179
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 22.Март.2011 во 14:18

Кошнички со мусли

Потребно:

* 200 г шеќер
* 6 лажици сок од портокали
* масло
* 100 г суви кајсии
* 50 г бадеми, исечени на ливчиња
* 50 г овесни снегулки

Приготвување: овесните снегулки и ливчињата од бадем малку пропржете ги во тефлонско тавче, без да додадете масло. Откако ќе се изладат излешајте ги со ситно сечканите кајсии. Карамелизирајте го шеќерот на тивок оган, додадете го сокот од портокалот и мешајте додека смесата не се претвори во сируп. Додадете ја смесата од снегулките, добро измешајте и тенџерето извадете го од рингла. Со помош на две лажички направете топчиња и распоредете ги врз алуминиумска фолија премачкана со масло. Откако ќе се стврднат, колачињата ставете ги во хартиени кошнички.

Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 3637383940 56>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,141 секунди.