IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Здравје > Исхрана и кулинарство
  Активни теми Активни теми RSS - Рецепти за торти и други благи работи
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Рецепти за торти и други благи работи

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 3738394041 56>
Автор
Порака Обратен редослед
brza Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 06.Февруари.2006
Локација: vidiFOTOupotpis
Статус: Офлајн
Поени: 34534
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај brza Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 14.Март.2011 во 17:44
aaa,..pa posle mi [plache koga go dupam?!изненадување
Patriotizmot e poslednoto skrivalishte na kriminalcite.-Albert Einstein
Mokjta od sekogash privlekuvala lugje so nizok moral.-Albert Einstein
Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85179
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 14.Март.2011 во 17:37
Шербет
 
полниш една чаша со 2/3 сладолед. Потоа ставаш внатре сецкани на ситно овошје(јагода,малина,праска ,кајсија,портокал).Ставаш по 10 грама сируп од овошје и алкохол (бело вино или мартини) и готово
Кон врв
brza Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 06.Февруари.2006
Локација: vidiFOTOupotpis
Статус: Офлајн
Поени: 34534
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај brza Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 14.Март.2011 во 17:02
 aj , sega ,...pishi i sherbet kako se pravi.

stopati ke te molam?!изненадување
Patriotizmot e poslednoto skrivalishte na kriminalcite.-Albert Einstein
Mokjta od sekogash privlekuvala lugje so nizok moral.-Albert Einstein
Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85179
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 14.Март.2011 во 15:20

Печени јаболка

Печените јаболка ја подобруваат работата на бубрезите. За да ги подготвите, потребно ви е: 8 јаболка, 8 лажички шеќер, 1 лажичка мелен цимет, 8 лажички џем од вишни, 50 г путер и 50 г бадеми исечени на ливчиња.
Приготвување: јаболката измијте ги и издлабете им ја средината. Во секое јаболко ставете малку џем од вишни, па посипете ги со шеќер и цимет. Јаболката наредете ги во тавче, прелијте ги со стопениот путер, посипете ги со ливчињата од бадемите и печете ги 20 минути во рерна загреана на 175 степени.

Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85179
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 09.Март.2011 во 06:31

Пос­ни ва­ни­ли­ци

Пот­реб­но:

За тес­то­то:
* 1 ча­ша мас­ло
* 1 фил­џан ра­ки­ја
* 1 фил­џан ше­ќер во прав
* 2 ча­ши ме­ле­ни оре­ви
* браш­но
За со­е­ди­ну­ва­ње:
* џем од кај­сии (или по вкус)
За по­си­пу­ва­ње:
* ше­ќер во прав

При­гот­ву­ва­ње: за­ме­се­те тес­то од си­те сос­тој­ки. Ра­су­че­те го во ко­ра де­бе­ла ка­ко еден прст, па со ка­лап ва­де­те тр­кал­ца. Пе­че­те ги тр­кал­ца­та во заг­ре­а­на рер­на на 175 сте­пе­ни. По­тоа зе­ме­те ед­но пар­че пе­че­но тес­то, пре­мач­кај­те го со џем, па пок­ло­пе­те го со дру­го пар­че. На крај, пр­пел­кај­те ги ва­ни­ли­ци­те во ше­ќе­рот во прав.

Кон врв
andryy Кликни и види ги опциите
Нов член
Нов член


Регистриран: 30.Јануари.2011
Статус: Офлајн
Поени: 8
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај andryy Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 02.Март.2011 во 19:01
БАКЛАВА со гриз

Потребно е: 1кг готови кори, 700г ореви (половина мелени, половина толчени), 500г путер, 2 лажици гриз, 2 лажици ладна вода.
Во плех се редат три кори па се прскаат со путер кој е претходно растопен на тивок оган. Се посипуваат со оревите мешани со гризот. Се редат корите една по една, па секоја се прска прво со путер, а после со ореви. Се завршува со три кори кои пак се прскаат со путер. Откако ќе се исече (баклавата секогаш се сече непечена), се прска со останатиот путер во кој се додадени двете лажици ладна вода. После печењето се попарува со шербет од 1300г шеќер и 700мл вода, и тоа топла баклава со топол шербет (многу убаво омекнува, само одозгора е крцкава).

РОЛАТ БАКЛАВА

Потребно е 1 кг готови кори. Филот се прави од 150г мелени ореви, 150г сецкани ореви, 100г суво грозје, 100г кокос, 100г рендано чоколадо за готвење и една и пол шолја шеќер - сите овие состојки се попаруваат со една шолја врела вода и убаво се меша.
За секој ролат се редат по 4 кори, се прскаат со масло и вода, па се филуваат и се виткаат. После печењето се попарува со шербет од 1кг шеќер и 1л вода.

БАКЛАВА СО ЛЕШНИЦИ

Потребно е 1кг готови кори, 500г лешници, еден маргарин, 250г масло. Се редат корите во плех и секоја се прска со малку масло и малку потпечени мелени лешници. Кога е готова се сече, па се попарува со стопениот маргарин, па се пече. Шербетот се прави од еден и пол кг шеќер, литар вода, ќесичка ванилин шеќер и малку лимонтос, па ладната баклава се попарува со топол шербет.

ГРЧКА БАКЛАВА

Потребно е 500г кори, 300г мелени ореви, 300г кокос, две чоколади за готвење и ќесичка цимет.
За прскање на корите се топи еден маргарин и се меша со една чаша (средна големина) масло.
Секоја кора се прави посебно. Се прска прво со мешавината од масло и маргарин, па се прска од филот направен од оревите, кокосот, ренданите чоколади за готвење и циметот. Се зема игла за плетење, на неа се витка кората како ролат, се набира од двете страни и се вади од иглата. Се сече на три дела (ова се оние мали баклавчиња, за едно залаче). Се пече на 200 степени, а ладна се попарува со млак шербет од 1кг шеќер и 700мл вода.
Кон врв
andryy Кликни и види ги опциите
Нов член
Нов член


Регистриран: 30.Јануари.2011
Статус: Офлајн
Поени: 8
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај andryy Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 02.Март.2011 во 19:00
Баклава

1/2 кгр. кори за баклава

Фил:
250 гр. путер
200 гр. ореви
80 гр. суво грозје

Шербет:
300 гр. шеќер
500 гр. вода
1 лимон

Намачкајте ја тепсиiата со растoпен путер и наредете преку 4-5 листа кори. Секоја кора порoсете ја со стопен путер, пoтоа ставете мешавина oд толчени ореви и суво грозје. Ова повтoрувајте го додека не се пoтроши сиoт материјал, а за oд горе оставете пак 3-4 кори. Сложената баклава исечете ја на ромбови или коцки по желба, прелејте ја со растопен путер и печете ја во рерна на 200° се додека не добие убава црвена боја. Печената баклава извадете ја од рерна и веднаш прелејте ја со ладен шербет кој претходно сте го свариле од водата, шеќерот и лимонот. Оставете ја да стои 4-5 часа за да го впие шербетот, а потоа служете.
Кон врв
andryy Кликни и види ги опциите
Нов член
Нов член


Регистриран: 30.Јануари.2011
Статус: Офлајн
Поени: 8
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај andryy Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 02.Март.2011 во 18:54
Обланди

1 пакување обланди
750 г. шеќер
200 г. мелени лешници
400 г. мелени бисквити
1 маргарин Кристал
400 мл. вода

Во тенџере се ставаат водата и шеќерот да вријат 2 минути. Откако ќе зовријат, тенџерето се трга од оган. Маргаринот се топи и се додава во шербетот. Се додаваат мелените лешници и ова се меша. Се додаваат и мелените бисквити и пак се меша. Додека филот е топол се става врз обландите.

Бомбици со локум

локум
шеќер во прав
кокос
пола лимон исцеден

Од состојкиве се замесува тесто и се формираат топчиња. Се валкаат во кокос.
Кон врв
andryy Кликни и види ги опциите
Нов член
Нов член


Регистриран: 30.Јануари.2011
Статус: Офлајн
Поени: 8
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај andryy Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 02.Март.2011 во 18:53
Сникерс

2 јајца
250 г. шеќер во прав
1 маргарин Кристал
300 г. мелени бисквити
300 г. сецкани кикирики
200 г. мелени кикирики
рендана кора од лимон
мед
чоколадо за готвење

Се матат маргаринот и шеќерот во прав. Се додаваат јајцата, бисквитите, мелените кикирики и ренданата кора од лимон. Ова пак се мати и се формира долгнавеста форма. Од сите страни се мачка со мед. Одозгора се ставаат сецканите кикирики. Чоколадото за готвење се топи на пареа и се става одозгора.
Кон врв
andryy Кликни и види ги опциите
Нов член
Нов член


Регистриран: 30.Јануари.2011
Статус: Офлајн
Поени: 8
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај andryy Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 02.Март.2011 во 18:48
Бела бајадера

1 дел:

1/2 маргарин, 200гр шеќер, 1/2 филџан (од кафе) млеко со сок од 1/2 лимон на тивко се топи на рингла. Откако ќе се биде компактно стопена масата, се додаваат 100гр. мелени ореви, па 100гр мелени бисквити. Оваа смеса се обликува во форма на правоаголник со дебелина од 1.5цм.

2 дел:

1/2 маргарин, 200гр шеќер, 100гр вода и 200гр бело чоколадо се топат на тивко со константно мешање. По некое време се додава 200гр мелен орев, а после тоа и 250гр. млеко во прав (не мора целата количина, смесата треба да е погуста, ама кашеста, од многу млеко во прав може да биде многу тврда кога ќе се излади). Пожелно е и да се меша со миксер додека се става млекото во прав, за да не се направат грутки, и овој дел се става над првиот.

Прелив од чоколадо:

На пареа се топи 100гр бело чоколадо со масло, и со тоа се прелива бајадерата која претходно се стврднала.
Кон врв
andryy Кликни и види ги опциите
Нов член
Нов член


Регистриран: 30.Јануари.2011
Статус: Офлајн
Поени: 8
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај andryy Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 02.Март.2011 во 18:47
медени колачиња
Потребно:
1 чаша мед
1 чаша зејтин
1 чаша шеќер
1 чаша кисела вода
2 лажичка сода бикарбона
брашно по потреба

Подготовка: Од сите состојки замеси тесто како за ванилици. Развлечи го тестото во кора и со калапчињата ги вадиш колачите и ги ставаш во подмачкана тава. Пред печењето на колачињата во средината на секое колаче ставаш по едно парче орев, бадем, лешник
Кон врв
andryy Кликни и види ги опциите
Нов член
Нов член


Регистриран: 30.Јануари.2011
Статус: Офлајн
Поени: 8
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај andryy Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 02.Март.2011 во 18:47
Обланди

1 пакување обланди
750 г. шеќер
200 г. мелени лешници
400 г. мелени бисквити
1 маргарин Кристал
400 мл. вода

Во тенџере се ставаат водата и шеќерот да вријат 2 минути. Откако ќе зовријат, тенџерето се трга од оган. Маргаринот се топи и се додава во шербетот. Се додаваат мелените лешници и ова се меша. Се додаваат и мелените бисквити и пак се меша. Додека филот е топол се става врз обландите.

Бомбици со локум

локум
шеќер во прав
кокос
пола лимон исцеден

Од состојкиве се замесува тесто и се формираат топчиња. Се валкаат во кокос.
Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85179
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 01.Март.2011 во 00:48

Чоколадни целувки

Потребно:

* 200 г чоколадо за готвење
* 1 лажица ситно рендана кора од портокал
* 100 г сечкани лешници, бадеми, ф'стаци, суво грозје

Приготвување: чоколадото ставете го во помал сад, а тој во друг поголем сад со вриена вода, па мешајќи го стопете го чоколадото. Откако чоколадото ќе се стопи, додадете ја ситно ренданата кора од портокал, па садот извадете го од ринглата. Мешајте ја смесата додека малку не се подизлади. На хартија за печење ставајте по една лажичка од чоколадото. Со доланата страна на лажичката обликувајте тркалца. Во средината на секое колаче ставете од сечканите лешници, бадеми, ф'стаци, суво грозје. Чоколадните целувки послужете ги дури откако ќе се изладат.


Кон врв
brza Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 06.Февруари.2006
Локација: vidiFOTOupotpis
Статус: Офлајн
Поени: 34534
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај brza Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 25.Февруари.2011 во 17:34
aj , pishi togash.изненадување..shtom si golem ili...ostavi nekoj drug da pishe,...pospecijalist!
Patriotizmot e poslednoto skrivalishte na kriminalcite.-Albert Einstein
Mokjta od sekogash privlekuvala lugje so nizok moral.-Albert Einstein
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 3738394041 56>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,313 секунди.