IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Здравје > Исхрана и кулинарство
  Активни теми Активни теми RSS - Рецепти за торти и други благи работи
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Рецепти за торти и други благи работи

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 34567 56>
Автор
Порака Обратен редослед
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 29.Јануари.2016 во 16:40

МЕДЕЊАЦИ

6

Состојки:

  • 1kg остро брашно
  • 250g путер
  • 550g мелени ореви
  • 550g ливадски мед
  • 250g шеќер
  • 2 јајца
  • 20g цимет (2,3 лажички)
  • 20g карамфилче (2,3 лажички)

Начин на подготовка: 

Сите горенаведени состојки ставете ги во пластичен сад и мешајте ги се додека не добиете хомогенa смеса.

Ако семсата ви пука, не грижете се, тоа е таков вид на тесто и така треба да биде.

Кога се е добро замесено и кога ќе добиете еднолична смеса, расукајте го тестото со дебелина од половина центиметар, а потоа исечете колачиња во облик на круг (или во некоја друга форма по желба).

Загрејте ја рерната на 180ºC и печете отприлика 10 минути.

Кога се е готово, оставете ги колачињата добро да се оладат и послужете ги со кафе или чај. Тие се одличен подарок на драгите личности, или како десерт за добредојде.

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 26.Јануари.2016 во 08:51

Колач со ванила крем


Ванилата е еден од најдобрите додатоци и нејзината примена во десертите е неизмерна. Од сладоледи, торти, колачи па се до кремови, пијалоци и шеќери. 

Но, ванилата најдобро функционира кога е „соло“. Па затоа Food52 прикажа супер едноставен рецепт за ванила колач во кој таа е главната ѕвезда. Во самиот колач и над него.



Пред да започнете со подготвување, намрсете тркалезен калап за торта (или обложете го со хартија за печење) и уклучете ја рерната на 180 степени Целзиусови.

Состојки:

  • 130 грама шеќер
  • 3 јајца на собна температура
  • 2 лажички ванила екстракт
  • ¼ лажичка сол
  • 130 грама брашно
  • 200 грама путер
  • 1 прашок за пециво

За подготовка на шлагот:

  • 235 грама хопла
  • 1 лажичка ванила екстракт
  • 1 лажица шеќер во гранули



Подготовка:

Во поголем сад со миксер изматете ги јајцата и шеќерот додека смесата не стане светло жолта. Околу 5 минути. Во садот додадете ги ванила екстрактот и солта и кратко мискајте, помалку од 1 минута. Стопете го путерот и оставете го на страна. Во садот додадете го брашното, прашокот за печење и инкорпорирајте ги во смесата, а потоа додадете го и стопениот путер и добро мешајте.

Ставете го тестото во намрсениот калап и печете 35-40 минути во претходно загреана рерна. Кога ќе го извадите колачот од рерна, малку ќе спласне во волумен, но тоа е нормално.



Оставете да се олади, а во меѓувреме изматете ја хоплата, ванила екстрактот и шеќерот додека не добиете црвст шлаг. 

На отсечено парче ставете по една лажица од хоплата и послужете. 

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 23.Јануари.2016 во 21:28

Лапни голтни: Рафаело коцки со јагоди


Зимата не е сезона на јагоди, но и со смрзнатото овошје може да приготвите извонреден десерт што ќе ги натера вашите пријатели веднаш да ви побараат рецепт.

Потребни состојки:

Тесто

  • 5 белки
  • 5 лажици шеќер
  • 2 лажици брашно
  • 100 гр кокос
  • 1 лажичка прашок за пециво
  • 3 дц ладно млеко за преливање на кората

Жолт фил

  • ½ дл млеко
  • 5 лажици густин
  • 5 жолчки
  • 2 кесички ванилин шеќер
  • 7 лажици шеќер
  • 200 гр путер
  • 100 гр шеќер во прав

Фил од јагоди

  • 500 гр јагоди (може и смрзнати исцедени од течноста)
  • 150 гр шеќер
  • 2 пудинга од јагода
  • 2, 5 дл вода

+ 2 кесички шлаг пена (опционално)

Подготовка:

Тесто

Изматете ги белките и шеќерот во цврст снег, па потоа полека додавајте го брашното, кокосот и преостанатите состојки. Добиеното тесто ставете го во набрашнета тепсија со димензии 20 на 30 см и печете околу 15 минути на 180 степени. Кога ќе биде готово уште додека е топло прелијте го со млекото и оставате да ја впие течноста. 

Жолт фил

На страна изматете ги жолчките, шеќерот, густинот и ванилиниот шеќер со малку млеко. Потоа оваа течност додадете ја во млекото што претходно сте го ставиле да врие. Варете додека не добиете густа смеса, па оставете да се излади до собна температура. На страна пенесто измиксајте ги путерот и шеќерот во прав. Во добиената смеса постепено додавајте од претходната и миксајте додека не добиете изедначен фил.

Фил од јагоди

Најпрво ставете ги јагодите во блендер и исечкате ги на најмали парчиња, за потоа да ги ставите да се варат со шеќерот. Од 2, 5 дл вода одвојте малку вода во која ќе ги растворите пудинзите. Остатокот од водата додадете го во јагодите и оставете да се проварат. Потоа додадете ги пудинзите и варете уште неколку минути.

Кога филот е изладен нанесете го врз кората. Оставате да се стегне, потоа врз него ставете го жолтиот фил и на крај украсете со шлаг пена.

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 11.Јануари.2016 во 08:36

Едноставен рецепт: Брз какао колач

Нема кој не сака слатки чоколадни десерти, посебно најмалите. Но, тоа не значи дека треба многу да се мачите во кујната и да подготвувате комплицирани рецепти.

ednostaven-recept-brz-kakao-kolac-01.jpg

Напротив, можете да направите нешто едноставно и навистина вкусно.

Еве една идеја:

Потребно време за подготовка: 10 минути

Потребно време за печење: 45 минути

Температура на печење: 170 степени


Потребни состојки:


Глазура:


Подготовка:

Загрејте ја рерната на 170 степени. Во еден сад ставете ги млекото, маслото и јајцата. Во друг сад, брашното, шеќерот, ванилиниот шеќер, циметот, солта, сода бикарбоната и какаото. Помешајте ги состојките одвоено, па потоа полека со миксер започнете да ги додавате „сувите“ состојки на „мокрите“.

Калапот или садот во кој ќе го печете колачот посипете го со какао, а потоа додадете ја смесата. Печете во претходно загреана рерна околу 45 минути.

ednostaven-recept-brz-kakao-kolac-1.jpg

Откако ќе го извадите колачот од рерната, на него можете да ставите глазура по желба, добиена со топење на чоколадо и путер или едноставно да го посипете со шеќер во прав.

ednostaven-recept-brz-kakao-kolac-2.jpg

На здравје!

ednostaven-recept-brz-kakao-kolac-3.jpg



Изменето од Valerija - 16.Март.2018 во 09:20
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 07.Јануари.2016 во 15:50

Божиќни ѕвездички


Слатките ѕвездички некогаш биле типични Божиќни колачиња, но поради нивниот прекрасен вкус и изглед сè почесто ги гледаме на трпезата и за други свечени прилики.

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

* 300 гр пченично брашно тип 550

* 60 гр густин

* 90 гр шеќер во прав

* 200 гр маргарин

* 60 гр мелени бадеми (или лешници)

* 4 жолчки

* Мармалад по ваш вкус

* Рум

* 100 гр шеќер во прав или 2 пакетчиња ванилин шеќер

НАЧИН НА ПОДГОТОВКА:

Измешајте ги пченкарното брашно, густинот, шеќерот, маргаринот, мелените бадеми и свежите жолчки. Замесете тесто и оставете го во фрижидер околу еден час.

Тестото тенко развлечете го и исечете го со калапи во форма на ѕвезди. На половината од ѕвездите, во  средината исечете кругови.

Наредете ги на подмачкано тавче за печење печете околу 10 минути на температура од 200 ° C.

Печените ѕвезди со дупка ставете ги на хартија и посипете ги со шеќер во прав и ванилин шеќер. Останатите целосни ѕвезди премачкајте ги со џем во кој сте ставиле малку рум и преклопете ги со зашеќерените ѕвезди.



Изменето од Valerija - 16.Март.2018 во 09:20
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 06.Јануари.2016 во 09:17

Како да ги направите: Шарени колачиња со кои ќе го изненадите целото семејство


Кај нас не се многу актуелни, а се прилично лесни за подготовка и уште полесни ако сакате да го израдувате целото семејство.

kako-da-gi-napravite-sareni-kolacinja-so-koi-ke-go-iznenadite-celoto-semejstvo-001.jpg

Треба само да испечете обични кекси или да ги искористите купечките колачиња. Тајната е во декорирањето.

За да го постигнете шаренилото потребна ви е следнава смеса:

  • 1 ½ шолја шеќер во прав
  • 1 лажица млеко
  • 2 лажици пченкарен сируп
  • ½ лажичка ванила (по желба)
  • Прехранбени бои

За да ја подготвите смесата треба само да ги измешате сите состојки и да додадете боја по желба.

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 31.Декември.2015 во 16:43

Чоколадна торта која се подготвува за 15 минути


Наместо да го поминете празничното предпладне покрај рерната во кујната, слаткиот и брз спас го крие рецептот за чоколадна торта која можете да ја направите за само петнаест минути. Освен што се подготвува инстантно, оваа варијанта на торта е здрава верзија на вашиот омилен десерт.



Состојки:

  • 30 гр какао во прав
  • 90 гр брашно (може и jaчменово брашно)
  • малку сол
  • прашок за печиво
  • 20 гр шеќер
  • 6 мали лажички кокосово или растително масло
  • 80 мл млеко по избор (оризово, кравјо, бадемово)
  • половина лажица екстракт oд ванила

Подготовка: 

Прво помешајте ги сувите состојки. Потоа додадете ги течните состојки и сето тоа добро измешајте го. Смесата ставете ја во помал калап за торта и печете ја 14 минути во рерна на 170 степени. Доколку сакате, можете да ја декорирате преливајќи ја одозгора со чоколадна глазура, која се прав со растопено чоколадо и малку масло.

Уживајте!

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 28.Декември.2015 во 22:10
БЕЗВРЕМЕНСКИТЕ КОЛАЧИЊА БЕЗ КОИШТО НЕМА ПРАЗНУВАЊЕ: А ЕВЕ И КАКО ДА ГИ НАПРАВИТЕ, ЧЕКОР ПО ЧЕКОР

Омилените празнични колачиња се дефинитивно актуелни во овој период на годината. Децата просто ги обожуваат, а и сите ние коишто така се чувствуваме!

Потребни состојки за медени колачиња со цимет:

 375 гр маргарин
 3 кесички цимет
 1 јајце
 600 гр брашно
 200 гр мед
 250 гр мелени ореви
 2 лажици какао
 прашок за пециво

Состојки за глазура за украсување (ројал ајсинг):

 1 белка
 200 гр шеќер во прав



Од сите состојки измесете мазно тесто, свиткајте го во фолија и оставете го да отстои 20 минути на ладно (најдобро во фрижидер). На работната површина наросете малку брашно и развијте тесто со сукало, со дебелина од околу половина сантиметар. Вадете со модлички различни облици и редете ги во тавче коешто претходно сте го обложиле со хартија за печење. 


Ставете ги колачињата да се печат во претходно загреана рерна на 180 степени Целзиусови, околу 20-тина минути. Додека се печат бисквитите, сматете ја белката со шеќерот, а потоа некое време пред да бидат готови,извадете ги колачињата од рерна, за да ги украсите. 


За украсување, ако немате шприц, може да искористите кесички за замрзнување во коишто ќе ја префрлите смесата за глазура а потоа ќе направите мал отвор со што ќе може прецизно да ги исцртате колачињата.


Украсените бисквити вратете ги во рерна да се допечат уште неколку минути.


На здравје!



Изменето од Valerija - 16.Март.2018 во 09:22
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 28.Декември.2015 во 08:13

Празничен десерт: Новогодишна елка од бомбици со бисквити


За сите креативни домаќинки кои се заситени од старинските рецепти и традиционални идеи за празниците, имаме мало освежување!

praznicen-desert-novogodisna-elka-od-bombici-so-biskviti-01.jpeg

Новогодишната елка од бомбици е идеја која ќе ви заштеди време и пари, а на храната ќе ѝ додаде празничен дух.

За да ги подготвите бомбиците од бисквити ви требаат 20 минути.

Потребни состојки:

  • 200g путер
  • 150g шеќер во прав
  • 150g желе бомбони
  • 100g бело или црно чоколадо по желба
  • 50g суво грозје
  • 150-200g бисквити
  • Шеќер во прав, кокос или декоративни трошки во боја за валкање

Подготовка:

Путерот изматете го со шеќерот во прав, а потоа додајте ги останатите состојки - мелените бисквити, сечканите желе бомбони, ренданото чоколадо и на крај сувото грозје.

Соединете ја смесата со рака и правете бомбици.

Бомбиците може да ги извалкате во што сакате - кокос, шеќер во прав, чоколадни трошки или топено чоколадо.

praznicen-desert-novogodisna-elka-od-bombici-so-biskviti-02.jpg

Оставете ги неколку часа во фрижидер да се стврднат, а послужувањето подгответе го на следниов начин:

Од подебела хартија или тенок картон направете конус.

praznicen-desert-novogodisna-elka-od-bombici-so-biskviti-03.jpeg

Со чепкалки за заби или стапчиња за ражничи направете дупчиња во конусот. Потоа на нив закачете по една бомбица.

praznicen-desert-novogodisna-elka-od-bombici-so-biskviti-04.jpeg

Секогаш може да декорирате по желба - додадете светки или шарени додатоци за торти и колачи.

praznicen-desert-novogodisna-elka-od-bombici-so-biskviti-05.jpeg

praznicen-desert-novogodisna-elka-od-bombici-so-biskviti-06.jpg



Изменето од Valerija - 16.Март.2018 во 09:21
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 06.Декември.2015 во 10:04

Колач за 15 минути: Чоколадна бомба


Подгответе се за дупла доза чоколадо. Предноста на овој колач е што делува сочно и вкусно, а можат да го направат и почетници во кујната.

kolac-za-15-minuti-cokoladna-bomba-01.jpg

Може да го послужите додека е уште топол или добро оладен, изборот е ваш. Во секој случај, почоколадно нешто не сте пробале.

Потребни состојки:

  • 2 јајца
  • 1 кесичка прашок за печиво
  • 125g путер
  • 130g шеќер
  • 80ml слатка павлака
  • 180ml млеко
  • 30g какао во прав
  • 260g брашно
  • 180g чоколадо за готвење

Подготовка:

Измешајте го брашното со прашокот за печиво во голем стаклен сад, а потоа додадете го шеќерот. Додадете го и какаото и растопениот путер во смесата.

Искршете ги двете јајца, ставете го млекото и мешајте додека не добиете густа смеса како за мафини.

Смесата претурете ја во огноотпорен сад премачкан со масло или путер. Печете 7-8 минути на средна температура.

Колачот проверете го со чепкалка. Ако тестото уште се лепи, вратете го и допечете уште 5-7 минути.

Оладениот колач превртете го на плитка чинија целосен, како што е.

Чоколадото истопете го заедно со хоплата додека не добиете еднолична смеса.

Прелијте го колачот со чоколадната глазура и декорирајте по желба.

Сечете поголеми парчиња и уживајте во чоколадната бомба.

kolac-za-15-minuti-cokoladna-bomba-02.jpg

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 10.Ноември.2015 во 20:10

ЧОКОЛАДНА ТОРТА СО ВИШНИ

8

Потребно ви е:

  • 150g млечно чоколадо
  • 1 лажица прашок за печиво
  • 140g шеќер
  • 175g брашно
  • 3 јајца
  • 3 лажици млеко
  • 1 банана
  • 140g путер
  • 140g замрзнати вишни
  • 150g слатка павлака
  • 200g бело чоколадо

Подготовка:

Загрејте ја рерната на 160 степени. Подмачкајте ја тавата во која планирате да ја печете тортата.

Ставете го брашното, прашокот за печиво и шеќерот во голем сад. Додајте ги јајцата, млекото и растопениот путер. Матете со миксер околу 2 минути.

Изрендајте го чоколадото и заедно со испасираната банана додајте ги во смесата.

Рамномерно распоредете ја смесата во плехот и печете 25-30 минути.

Извадете ја тортата и оставете ја да се олади. Во меѓувреме растопете го белото чоколадо.

10-15 парчиња од вишните до пола потопете ги во чоколадото, а потоа наредете ги на алуминиумска фолија. Оставете ги да се оладат 5-10 минути.

Во преостанатиот дел од чоколадото додајте ја слатката павлака и матете неколку минути. Исечкајте ги вишните, додадете ги во кремот и премачкајте го филот врз или во средината на чоколадната торта. Од горе наредете ги вишните.

Добро оладете ја тортата пред послужување, декорирајте по желба со слатки зачини или чоколадни фигури и уживајте!

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 06.Ноември.2015 во 16:56

БРЗ И ЕДНОСТАВЕН РЕЦЕПТ ЗА ЧОКОЛАДНА КРЕМ-ПИТА

11

Состојки:

За кора:

10 кекси

¼ шолја ореви (исечкани)

3 лажици шеќер

3 лажици несолен путер, стопен

За фил:

2 ¾ шолји млеко

1 шолја шеќер

1 јајце

¼ шолја какао

¼ шолја пченкарен скроб

1 лажица несолен путер

Подготовка:

Загрејте ја рерната на 180 степени целзиусови. Тавата намачкајте ја со масло за готвење.

Измешајте ги кексите, оревите и шеќерот во блендер додека не добиете ситни трошки. Додадете го путерот и мешајте да се соедини. Оваа смеса нанесете ја на тавата и печете 10 минути додека добие кафеавкаста боја. Оставете да се лади 10 минути.

Изматете ги млекото, шеќерот, јајцето, какаото и пченкарниот скроб заедно со ¼ лажичка сол. Ставете ги на шпорет на средна температура и мешајте постојано додека смесата не зоврие и не се згусне.

Откако ќе ја тргнете од оган, додавајте го путерот додека не се истопи. Покријте со пластична фолија и оставете да се лади 20 мин. На тоа време додадете уште еден час додека смесата се олади целосно. Тргнете ја фолијата и смесата нанесете ја на кората. Оставете 2 часа да се лади, а за крај можете да додадете шлаг пена.

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 28.Октомври.2015 во 08:11

Чоколадна торта со полнење од бело чоколадо


Само замислете си го двојното чоколадно задоволство - гледате торта од темно чоколадо, сечете залче и откривате дека внатрешноста е полна со крем од бело чоколадо.

cokoladna-torta-so-polnenje-od-belo-cokolado-01.jpg

Токму такво уживање ве чека ако решите да одвоите нешто повеќе од половина час и да го подготвите овој рецепт.

Потребни состојки:

  • 6 јајца
  • 14 лажици шеќер
  • 6 лажици брашно
  • 1 прашок за печиво
  • 6 лажици топла вода
  • 4 лажици какао
  • 1,2l млеко
  • 1 бело чоколадо
  • 400g маргарин
  • 100g густин
  • 150g шеќер во прав
  • 2 темни чоколади за готвење

Подготовка:

6-те јајца изматете ги со 6 лажици шеќер.

Брашното измешајте го со прашокот за печиво и какаото, па додајте ги изматените јајца.

Додајте 6 лажици млака вода, па изедначете ја смесата.

Прелијте ја во плех премачкан со масло и печете 20 минути на 200 степени.

Од 1 литар млеко одвојте 10тина лажици и помешајте ги со густинот и 4 лажици шеќер, па направете густа смеса.

Остатокот од млекото оставете го да зоврие заедно со белото чоколадо.

Во млекото кое се вари додајте го густинот измешан со млеко, па мешајте постојано додека не добиете крем.

Тргнете од оган и кога ќе се олади додадете 250g маргарин претходно изматен со шеќерот во прав.

Печениот пандишпан пресечете го на половина. Едната половина премачкајте ја со направениот фил од бело чоколадо, па покријте со другата половина.

Прелијте со глазура направена од 2-те темни чоколади за готвење, 4 лажици млеко, 4 лажици шеќер и 150g маргарин.

Тортата ставете ја во фрижидер најмалку 1 час пред да ја сечете и послужите.

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 27.Октомври.2015 во 09:17
КОГА СТРАСТА БИ ИМАЛА ВКУС, ТОА БИ БИЛ ТОКМУ ОВОЈ: ЧОКОЛАДНА ТОРТА КОЈА ШТО ЌЕ ВЕ ОСВОИ

Чоколадната торта е еден од најпопуларните десерти ширум светот, и иако постојат бројни верзии на овој десерт, ние ви предлагаме да го пробате овој едноставен, но толку многу вкусен рецепт кој што се подготвува со црно чоколадо.

Потребни состојки:

 180гр црно чоколадо
 225гр путер
 1/2 шолја млеко
 3/4 шолја вода
 3 мали лажички инстант кафе
 1¾ шолји шеќер во прав
 1½ шолја брашно
 1/4 шолја какао
 1 кесичка прашок за пециво помешана со 1/4 шолја брашно
 2 јајца
 180гр чоколадо
 1/3 шолја слатка павлака

Во тенџере на средна температура растопете го црното чоколадо, путерот, млекото, водата, кафето и шеќерот. Откако сте добиле компактна смеса, тргнете го садот од оган и оставете ја смесата да се излади околу половина час.

Потоа додадете го брашното со прашокот за пециво, какаото, јајцата, и сето тоа добро измешајте го. Смесата ќе биде малку ретка, но тоа не треба да ве загрижува. Подгответе калапче за торта со пречник од 22 сантиметри и сипете ја смесата во него.

Печете во загреана рерна на 150 степени околу час и половина. Откако ќе ја извадите од рерна, оставете ја потполно да се излади, пред да ја извадите од калапот. За тоа време подгответе го преливот.

Земете огноотпорен сад и сипете во него чоколадо и слатка павлака. Ставете го садот во микробранова печка на две минути, промешајте, па уште еднаш вратете го садот ако состојките не се сосема растопени.

На крајот прелијте ја тортата со чоколадниот сируп, изладете, а потоа и послужете.


Уживајте!



Изменето од Valerija - 16.Март.2018 во 09:23
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 34567 56>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,359 секунди.