IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Спорт > Останати спортови
  Активни теми Активни теми RSS - Tенис
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Tенис

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 678910 14>
Автор
Порака Обратен редослед
гoстин Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 29.Февруари.2008
Статус: Офлајн
Поени: 7557
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај гoстин Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 16.Ноември.2008 во 16:57
Ѓоковиќ триумфираше во Шангај

Одличната сезона за српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ, отворена со победа на Гренд слем турнирот во Австралија, заврши со триумф на последниот Мастерс на осумте најдобри во Шангај.

Ѓоковиќ го победи Русинот Николај Давиденко во финалето во Шангај со 2:0 (6:1, 7:5). По денешната победа Србинот му се доближи на само 10 поени на второпласираниот Рожер Федерер на АТП листата.

Мастерсот во Шангај е завршен со триумф на тројца играчи родени во Белград. Пред Ѓоковиќ, титулата во двојки ја освоија Ненад Зимоњиќ и Канаѓанецот Даниел Нестор, роден во главниот град на Србија.

Ѓоковиќ заработи 1,24 милиони долари и автомобил "мерцедес", а Зимоњиќ и Нестор ќе поделат 330 илјади долари.


Кон врв
La Ninja Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
She Hulk

Регистриран: 13.Јуни.2006
Статус: Офлајн
Поени: 1605
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај La Ninja Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 11.Ноември.2008 во 16:45

ТЕНИС - ШВАЈЦАРЕЦОТ ЌЕ ИМА ТЕШКА ЗАДАЧА ДА НАПРАВИ ХЕТ-ТРИК ВО ШАНГАЈ

Симон го суреди Федерер, Мареј почна силно

Рожер Федерер ќе има тешка задача ако сака да стигне до третата титула едноподруго на Тенис Мастерс Купот. Првиот носител беше шокиран во првиот натпревар од Црвената група на 4.45 милиони $ вредниот турнир во Шангај и тоа од Французинот Жил Симон со 4:6/6:4/6:3.

Осмиот носител Симон беше последниот тенисер кој беше повикан на турнирот откако Рафаел Надал се повлече од хардкорт турнирот. Иако поразот во понеделникот не го елиминираше Федерер од турнирот, работата за него стана многу потешка. Во следните две кола се уште го чекаат поранешниот светски број 1, Американецот Енди Родик и финалистот од УС Опен, Британецот Енди Мареј, двајца други тенисери кои го поразија барем еднаш во 2008.

Имаше сомнежи дека Швајцарецот не е доволно физички подготвен поради проблемите со повредата на грбот поради која се повлече од Мастерсот во Париз пред две недели, но 27-годишниот "Маестро" покажа малку знаци на проблеми и почна супериорно.

"Денеска промашував удари кои обично не ги промашувам. Мислам дека се работеше само за недостаток на тренинг и несигурност поради грбот. Се обидував да не туркам до крај и среќен сум што барем грбот не ми прави проблеми.  Одиграв три сета и ќе можам да бидам подобар во следните мечеви", вели Федерер.

Симон успеа да спаси три брејк топки во третиот гем, но Федерер поведе два гема подоцна за да го освои првиот сет за само 41 минута. Светскиот рекет број 9 Симон го совлада Федерер во нивниот предходен меѓусебен дуел на Мастерсот во Канада оваа година, но 24-годишниот Французин имаше проблеми во вториот сет кога Федерер направи уште еден брејк поен.

Но, Симон почна да игра далеку подобро и врати со брејк поен во вториот сет и откако спаси три брејк топки во шестиот гем во третиот сет, поведе со 5:3.

"Секогаш е тешко да се победи против Федерер. Знам дека морам да го играм мојот најдобар тенис за да победам. Го совладав еднаш во Торонто и затоа не бев нервозен", вели Симон.

Во вториот дуел од Црвената група во понеделникот, Британецот Енди Мареј со 6:4/1:6/6:1 го совлада Американецот Енди Родик. Мареј го освои лесно првиот сет без да има проблем со брејк поени, но му дозволи на Родик да се врати во вториот сет.

"Беше малку тешко. Мислев дека првиот и вториот сет беа слични, бидејќи двајцата не грешевме многу. Но, на почетокот на третиот сет се се смени", вели Родик.

Мареј се врати бргу во третиот сет, правејќи брејк за 2:0 водство. Откако остана сигурен на свој сервис, Шкотланѓанецот повторно направи брејк за 4:0 водство и потоа лесно го заврши мечот.

"Удирав доста добро во поголемиот дел од мечот, но во вториот сервисот ме предаде. Имав шанси да му направам брејк на почетокот на вториот сет, и ако го направев тоа ќе беше поинаква приказна", вели Мареј.

Со два тенисери кои влегуваат во полуфиналето, Родик ќе мора да стигне до втора победа во кариерата над Федерер за да ги оддржи шансите да се пласира понатаму. Во Златната група се Новак Ѓоковиќ, Николај Давиденко, Хуан Мартин Дел Потро и Жо-Вилфрид Цонга.

Првата награда на турнирот е 625.000$, а ако шампионот биде непоразен на турнирот ќе добие вкупно 1.34 милиони $.

РЕЗУЛТАТИ

ТЕНИС МАСТЕРС КУП - ШАНГАЈ, 4.450.000$

СИНГЛ

(8) Симон - (1) Федерер       4:6/6:4/6:3

(3) Мареј - (5) Родик            6:4/1:6/6:1

ДВОЈКИ

(2) Нестор/Зимоњиќ - (7) Фирстенберг/Матковски         7:6(7:4)/5:7/10:4

(4) Бјоркман/Алјет - (6) Длоухи/Паес        6:3/7:5

КОНЕЧНА ВТА ЛИСТА ЗА 2008

1.(-) Јелена Јанковиќ (Срб) 4.710

2.(+1) Серена Вилијамс (САД)       3.866

3.(-1) Динара Сафина (Рус) 3.817

4.(+1) Елена Дементиева (Рус)       3.663

5.(-1) Ана Ивановиќ (Срб)  3.457

6.(+2) Венус Вилијамс (САД)        3.272

7.(+2) Вера Звонарева (Рус)            2.952

8.(-1) Светлана Кузнецова (Рус)     2.726

9.(-3) Марија Шарапова (Рус)         2.515

10.(-) Агниешка Радванска (Пол)   2.286

11.(-) Надја Петрова (Рус)   1.976

12.(+1) Каролине Возниацки (Дан)           1.678

13.(+1) Флавија Пенета (Ита)         1.670

14.(+1) Пати Шнидер (Шва)           1.590

15.(+2) Викторија Азаренка (Блр)  1.494

16.(+2) Ализе Корне (Фра) 1.492

17.(-1) Марион Бартоли (Фра)        1.410

18.(-6) Ана Чакветадзе (Рус)           1.363

19.(+1) Доминика Цибулкова (Свк)          1.337

20.(+1) Катарина Среботник (Сло)            1.272

Надал нема да игра во Дејвис Куп финалето

Светскиот рекет број 1, Рафаел Надал ќе го пропушти финалето од Дејвис Купот во кое неговата Шпанија гостува на Аргентина откако не успеа да се оправи од повредата (тендинитис) во коленото. Надал вели дека ова била многу тешка одлука и дека направил се што може да се опорави на време.

"Навикнат сум да играм со болка, но ова беше сосема нова и поинаква болка која не можам да ја контролирам", се вели на неговиот личен веб-сајт.

Повредата го примора Надал да се повлече од Мастерс Купот во Шангај кој започна во неделата откако се повлече од 1/4 финалето против Николај Давиденко на Мастерс турнирот во Париз. Шпанската Тениска Федерација ќе го објави составот за дуелот во Мар Дел Плата од 21 до 23 ноември денес.

Шампионот од Ролан Гарос и Вимблдон предходно за повредите го обвинуваше пренатрупаниот тениски календар, а за повлекувањето доби поддршка и од ривалите кои играат во Шангај.

"Рафа го заслужи секое право да избере кои се неговите приоритети. Тој е одговорен за себе, за своите тимски колеги од Дејвис Куп тимот и за Шпанија", вели Енди Родик.

Рожер Федерер вели дека на фановите ќе им недостасува светскиот број 1, но дека тој не е разочаран. "Не сме во врска", се пошегува Швајцарецот кога беше запрашан дали му е жал што Надал не е на турнирот.

ВТА се согласи на отстапки кон тенисерките

Женската Тениска Асоцијација (ВТА) се согласи да врати слободни први кола на одредени турнири во 2009 во обид да се смират стравувањата за напорниот календар. Врвните тенисерки беа загрижени дека ако играат два силни турнири во две недели, без слободни први кола нема да имаат можност за одмор.

"Имаше неколку тенисерки кои беа загрижени за оваа тема. Прво беа загрижени за тоа што нема доволно пауза помеѓу некои од големите турнири, посебно на турнирот во Рим и Мадрид следната година. На есен исто така има два такви турнири, Токио и Пекинг. Едноставно решение е тие кои ќе стигнат до полуфиналето да имаат слободно прво коло на следните турнири. Втората грижа беше дека некои тенисерки нема да можат да играат на дел од Премиер 700 турнирите. Направивме промени на турнирите во Париз, Чарлстон, Штутгарт, Стенфорд и Лос Анџелес и сега било која тенисерка ќе може да игра на два од нив", вели шефот на ВТА, Лери Скот.

Победничката на ВТА Шампионатот, Венус Вилијамс вели дека разговорите со ВТА биле позитивни.

"Работевме заедно последнава недела и мислам дека сите се задоволни. Најважно е да се разговара", вели Американката.

Ne sum pijan, samo lezam na zemja i se raduvam....
Кон врв
гoстин Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 29.Февруари.2008
Статус: Офлајн
Поени: 7557
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај гoстин Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 13.Октомври.2008 во 17:42
Надал и Јанковиќ и понатаму први

Рафаел Надал и натаму прв, Федерер втор, а најдобриот српски тенисер Новак Ѓоковиќ го задржа третото место на АТП листата.

Сепак на врвот на АТП листата дојде до мала промена, Шпанецот Давид Ферер ја зазеде петтата позиција, а наместо него на шестото место падна Русинот Николај Давиденко.

На најновата ВТА листа, Јелена Јанковиќ и понатаму е прва тенисерка во светот, сега со се поголеми шанси сезоната да ја заврши на чело на светската ранг листа, со оглед дека има 700 бодови повеќе од второпласираната Дианра Сафина.

Русинката од второто место ја потисна Серена Вилијамс, додека Елена Дементиева и го препушти четвртото место на Ана Ивановиќ.

Првите 10 тенисери на АТП листата:
   1. Рафаел Надал (Шпанија) 7.000
   2. Роџер Федерер (Швајцарија) 5.930
   3. Новак Ѓоковиќ (Србија) 4.725
   4. Енди Мареј (Велика Британија) 2.995
   5. Давид Ферер (Шпанија) 2.315
   6. Николај Давиденко (Русија) 2.260
   7. Давид Налбандијан (Аргентина) 2.175
   8. Енди Родик (САД) 1.970
   9. Хуан Мартин дел Потро (Аргентина) 1.685
10. Фернандо Гонзалес (Чиле) 1.645

Најдобрите 10 тенисерки на ВТА листата:
   1. Јелена Јанковиќ (Србија) 4555
   2. Динара Сафина (Русија) 3782
   3. Серена Вилијамс (САД) 3717
   4. Ана Ивановиќ (Србија) 3289
   5. Елена Дементиева (Русија) 3235
   6. Марија Шарапова (Русија) 3040
   7. Светлана Кузњецова (Русија) 2835
   8. Вера Звонарева (Русија) 2372
   9. Венус Вилијамс (САД) 2247
10. Агњешка Радванска (Полска) 2126


Кон врв
гoстин Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 29.Февруари.2008
Статус: Офлајн
Поени: 7557
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај гoстин Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 23.Септември.2008 во 21:12
Македонија против Јужна Африка во Дејвис купот

Денешната спортска монотонијата ја разбива ждребот за отворањето на новата сезона во првата Евро - африканска зона од тенискиот Дејвис куп. Македонија ја доби јужна африка за противник.

Од 6. до 8. март идната година ќе гостуваме кај непосакуваниот противник. Нашите адути русевски и Магдинчев против себе ќе имаат подобро рангирани тенисери.

Кевин Андерсон 118 на АТП листата и Рик Девест 170 во сингл, Во Јужноафриканскиот Дејвис куп тим е и одличниот играч во дубл 13. рангираниот во светот во двојки Џеф Кеце.

Јужноафриканците за пласман во повисок ранг ги елиминираа дејвис куп селекциите на Финска, Данска и Монако.

Поуспешниот од овој меч во второто коло и гостува на Белорусија.


Кон врв
гoстин Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 29.Февруари.2008
Статус: Офлајн
Поени: 7557
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај гoстин Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 15.Септември.2008 во 17:52
Кузнецова донесе нова Фед куп круна за Русија

Светлана Кузнецова обезбеди Русија да не доживува драма во Фед Куп финалето на гости во Шпанија. Поранешната УС Опен шампионка ја совлада Анабел Медина Гаригес во првиот повратен сингл меч за Русија да ја одбрани Фед Куп титулата. Седморангираната Кузнецова и помогна на Русија да стигне до четвртата титула во пет години со тешка победа од 5:7/6:3/6:4 во меч кој траеше 2 часа и 39 минути.

"Ова беше многу важно за сите нас. Бев премногу нервозна и затоа играв нестабилно, но сепак, донесов победа за мојот тим. Неверојатно", вели 23-годишната Русинка.

Кузнецова и деветторангираната Вера Звонарева во саботата лесно победија во сингл за на Русија да & донесат 2:0 водство, по што во последниот меч во двојки, се комплетира 4:0 победата, откако Екатерина Макарова и Елена Веснина со 6:2/6:1 ги совладаа Нурија Лагостера Вивес и Карла Суарез Наваро. Шпанија има 1-5 скор во дуелите против Русија и нема Фед Куп титула од 1998 година.


СИМОН ПАК ГО ОСВОИ БУк*рЕШТ

На Жил Симон му се допаѓа црвената земја на Романскиот опен. Францускиот втор носител успешно ја одбрани титулата на турнирот на земја во неделата со 6:3/6:4 победа над 6. носител, шпанскиот ветеран Карлос Моја. Симон, кој лани во финалето го совлада локалниот фаворит Виктор Ханеску, стигна до својата трета титула во оваа година и петта во кариерата. 23-годишниот Французин има 11-1 скор во Бук*решт.

"Ова беше дефинитивно мојот најдобар меч оваа недела. Играв навистина добро и мислам дека противниците треба да играат многу подобро за да ме победат. Знаев дека е важно да се враќа топчето силно против Карлос и убаво е да се освои титулата повторно во Бук*решт. Сега ќе се одморам неколку дена пред следниот турнир во Мец", вели Симон, светскиот рекет број 17, кој ја има најдобрата сезона во кариерата со 40-10 скор и победи над Рожер Федерер и Новак Ѓоковиќ.

Моја играше во своето 28. финале на земја во кариерата, но 32-годишниот Шпанец има лоша година без ниту еден трофеј. Шампионот од Ролан Гарос 1998 од 20 титули во кариерата, 16 ги освои на земја, и во последните осум сезони има барем по еден трофеј.

Кон врв
гoстин Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 29.Февруари.2008
Статус: Офлајн
Поени: 7557
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај гoстин Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 09.Септември.2008 во 01:24



Кон врв
гoстин Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 29.Февруари.2008
Статус: Офлајн
Поени: 7557
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај гoстин Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 09.Септември.2008 во 01:11
Roger Federer - Andy Murray    6-2, 7-5, 6-2




Bravooooo za Federer odlicno odigraa i dvajcata ali Federer e majstor nema so ne mu ostavi nikakva shansa na Murray....



Кон врв
гoстин Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 29.Февруари.2008
Статус: Офлајн
Поени: 7557
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај гoстин Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 08.Септември.2008 во 19:33
Finale: Federer - Murray   23:00 sat.


Кон врв
гoстин Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 29.Февруари.2008
Статус: Офлајн
Поени: 7557
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај гoстин Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 08.Септември.2008 во 18:25
US-Open Finale Zeni:

Serena Williams - Jelena Jankovic 6-4, 7-5




Изменето од Vardar1947 - 08.Септември.2008 во 18:26

Кон врв
alan ford Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Techno thief

Регистриран: 02.Март.2008
Статус: Офлајн
Поени: 10782
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај alan ford Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 08.Септември.2008 во 13:17
Fantasticen tenis vcera od Jankovic i Williams !
I vrag može citirati Sveto pismo za svoje potrebe.
Кон врв
Гостин Кликни и види ги опциите
Гостин
Гостин
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Гостин Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 08.Септември.2008 во 13:09
Хехехеее изгуби овој
Кон врв
гoстин Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 29.Февруари.2008
Статус: Офлајн
Поени: 7557
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај гoстин Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 08.Септември.2008 во 00:10
Murray - Nadal      6-2, 7-6, 4-6, 6-4



US-Open Finale:    Federer - Murray

Кон врв
гoстин Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 29.Февруари.2008
Статус: Офлајн
Поени: 7557
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај гoстин Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 06.Септември.2008 во 20:50
Federer - Djokovic 6-3, 5-7, 7-5, 6-2

Кон врв
alan ford Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Techno thief

Регистриран: 02.Март.2008
Статус: Офлајн
Поени: 10782
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај alan ford Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 06.Септември.2008 во 10:32
Bravo Jeco...Igrase dopadliv tenis.Iskreno mislev deka Elena Dementieva e za nijansa-dve podobra,ama ne bev vo pravo.JJ go igra svoeto prvo gran-slam finale...ke bide interesno!
good luck JJ
I vrag može citirati Sveto pismo za svoje potrebe.
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 678910 14>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,219 секунди.