IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Спорт > Останати спортови
  Активни теми Активни теми RSS - Tенис
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Tенис

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 45678 14>
Автор
Порака
La Ninja Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
She Hulk

Регистриран: 13.Јуни.2006
Статус: Офлајн
Поени: 1605
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај La Ninja Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 20.Август.2008 во 15:59

ТЕНИС - АРГЕНТИНЕЦОТ НЕ МОЖЕ ДА ИЗДРЖИ НОВ ТУРНИР

Изморениот Дел Потро се повлече

Изморениот Хуан Мартин Дел Потро се помири дека нема да може да настапи на АТП турнирот во Њу Хејвен, последниот турнир пред стартот на УС Опен следната недела. Аргентинецот по победите на земја во Штутгарт и Кицбил освои уште две титули во две недели во Лос Анџелес и Вашингтон за да скокне на 17. место на АТП листата, но реши да не ризикува со учеството на УС Опен со играње во Њу Хејвен.

19-годишниот Аргентинец сега ќе има една недела за одмор пред последниот гренд слем турнир оваа година, кој стартува на Флешинг Медоуз на 25 август.

"Тешко е да се играат многу мечеви. Сакам да бидам подготвен за УС Опен", вели Дел Потро, кој има неверојатна серија од 19 победи по ред.

Првиот носител на турнирот, Фернандо Вердаско, лесно влезе во третото коло на турнирот со 6:4/6:4 победа над Израелецот Дуди села. Шпанецот беше предобар за светскиот рекет број 75 и стигна до победа за 1 час и 19 минути.

Американците Џон Изнер и Роби Џинепри, кои на турнирот влегоа со вајлд карти, го поминаа првото коло. Високиот Изнер со 6:4/6:4 го елиминираше Игор Куницин и негова награда е дуел со уште повисокиот Хрват Иво Карловиќ. Изнер и Карловиќ играа во двојки на Австралискиот опен оваа година, со што се појави највисоката комбинација во тенисот.

"Ќе биде интересно против него. Ако играм добро ќе го победам", вели Изнер.

Поранешниот УС Опен полуфиналист, Роби Џинепри со 7:6/6:2 го совлада Перуанецот Луис Хорна за дуел со Аргентинецот Агустин Каљери. Виктор Троицки, кој во неделата загуби од Дел Потро за титулата во Вашингтон со 7:5/2:6/6:1 го победи американскиот квалификант Алекс Богомолов Јуниор.

РЕЗУЛТАТИ:

ПАЈЛОТ ПЕН ТЕНИС - ЊУ ХЕЈВЕН

МАЖИ, 708.000$

2.КОЛО

(1) Вердаско - Села 6:4/6:4

1.КОЛО

Стараче - Ванек 6:2/7:6(9:7)

Гремелмаер - Даниел 3:6/6:3/6:3

О.Рошу - Королев 6:4/6:3

Дарсис - Спадеа 7:5/5:0 пред.

Фоњини - Лапенти 6:4/4:4 пред.

Гарсија-Лопез - Гучионе 7:5/6:3

Изнер - Куницин 6:4/6:4

Одесник - Гросжан 7:5/6:4

Грегорц - Делгадо 6:2/3:6/6:0

Џинепри - Хорна 7:6(7:4)/6:2

Клемен - Белучи 6:4/6:4

Троицки - Богомолов 7:5/2:6/6:1

ЖЕНИ, 600.000$

1.КОЛО

(5) Шнидер - Крејбас 6:4/7:6(7:2)

(7) Корне - Ваидишова 6:3/7:6(10:8)

Возниацки - (8) Цибулкова 7:6(9:7) пред.

Среботник - Мартинез Санчез 6:7(4:7)/6:3/6:2

Делаква - Рацано 6:3/6:1

Чирстеа - Кудрјавцева 4:6/6:3/7:5

Ерани - Сесил 6:2/4:6/7:6(7:1)

Ne sum pijan, samo lezam na zemja i se raduvam....
Кон врв
La Ninja Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
She Hulk

Регистриран: 13.Јуни.2006
Статус: Офлајн
Поени: 1605
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај La Ninja Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 25.Август.2008 во 16:18

ТЕНИС - ИТФ ТУРНИР ВО СРБИЈА

Елиминација на Здравкин, Јотовски во 3. коло

Од денеска во Србија, во Чачак, стартуваат натпреварите од главниот турнир "Чачак опен", на кој засега како единствен од Македонија се наоѓа Илија Мартиноски. Дали ќе биде единствениот наш претставник или ќе има уште неколкумина зависи од епилогот од квалификациите каде се борат четворица, односно сега веќе тројца, мак тенисери.

Прв кој беше елиминиран е Васко Здравкин, и тоа во 1. коло од П. Ѓукиќ (Срб) со 2:1 (7/6, 0/6, 7/6). Грабулоски и Деари беа слободни, додека единствената победа во нашиот тим ја забележа Томислав Јотовски, кој доста лесно и рутинирано со 2:0 (6/0, 6/1) го доби Ф. Павловиќ (Срб).

Во 2. коло Јотовски играше против Г. Елезовиќ (Срб) и поентираше со 2:0 (6/4, 6/3), Деари се среќава со Роберт Квентин од малата островска држава Реунион, која се наоѓа во Индискиот Окена во близина на Мадагаскар, додека Грабулоски за противник го има С. Николиќ (Срб).

ЗАВРШИ "РЕВИТА ОПЕН"

Јосифоска со двојна круна

Со финалните мечеви во сингл вчера на тениските терени во ТК "АС" во Скопје заврши традиционалниот турнир "Ревита Опен" за играчи до 18 години во машка и во женска конк*ренција, а ден порано и во двојки.

Така, кај девојките нашата најдобра тенисерска Александра Јосифоска со 2:0 (6/2, 6/3) ја совлада Н. Костиќ (Срб), додека кај момчињата Д. Џумхур (БиХ) 2:0 (6/3, 6/3) го доби Д. ТАсиќ (Срб).

Во двојки, кај девојките Јосифоска (Мкд)/Стјуард (ВБ) го освоија победничкиот пехар откако Лепчевска (Мкд)/Костиќ (Срб), кои губеа во првиот сет од 4:1 го предадоа мечот.

Во машка конк*ренција триумфираа Тасиќ/Миленковиќ (Срб) кои со 2:1 (1/6, 7/6, 6/2) ја добија босанско - италијанската комбинација Џумхур/ Албонети.

Ne sum pijan, samo lezam na zemja i se raduvam....
Кон врв
alan ford Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Techno thief

Регистриран: 02.Март.2008
Статус: Офлајн
Поени: 10782
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај alan ford Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 25.Август.2008 во 16:20
Zdrebot odredil vo eventualnoto polufinale...bi igrale Federer-Djokovic na U.S. Open
I vrag može citirati Sveto pismo za svoje potrebe.
Кон врв
гoстин Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 29.Февруари.2008
Статус: Офлајн
Поени: 7557
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај гoстин Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 26.Август.2008 во 21:14
US Open: Победи за Надал, Ферер и Блејк

Тенискиот свет се пресели преку пацификот и го замени олимпискиот со Гренд слем мегдан.

На терените на Флешинг Медоус во Њујорк, главните рекети фаќаа залет, со исклучок на 10-та носителка Ана Чакветадѕе, која и покрај поразот не ја намали руската колонија.

Чакветадѕе загуби од сонародничката Макарова со 2:1, без оглед што го освои првиот сет убедливо со 6:1. Потоа 6:2 и 6:3 за Макарова која ќе игра во второто коло на четвртото големо тениско натпреварување сезонава.

Јелена Јанковиќ и препушти само четири гема на американката Вандевег, 6:3 и 6:1 за втората носителка.

Светлата Кузњецова, која е трета на скалата на фаворитки, беше подобра од Жанг со 6:4 и 6:2, а олимписката шампионка Елена Дементиева ја мина Аманмурадова. Осморангираната Звонарева се радуваше против Стрикова со 6:4 и 6:3.

Првиот светски тенисер Рафаел Надал го победи анонимниот Германец Фау со 3:0, но потешко од очекуваењата затоа што во два сета играше тај брејк.

Четвртиот носител Давид Ферер беше подобар од Аркуејо со 7:6, 6:2 и 6:2, Енди Мареј му дозволи само седум гема на уште еден Аргентинец, Роитман.

Давид Налбандијан беше идентично ефикасен во соочувањето со Даниел од Бразил. Најголемиот американски адут, Џејмс Блејк, се намачи со сонародникот Доналд Јанг.

За место во второто коло, деветтиот фаворит играше дури пет сета. Двапати водеше, противникот израмнуваше, пред решавачкиот сет што Блејк го доби со 6:4. Поконкретен беше десетторангираниот Вавринка против Болели, 7:6, 6:3 и 6:3.

Кон врв
гoстин Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 29.Февруари.2008
Статус: Офлајн
Поени: 7557
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај гoстин Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 27.Август.2008 во 23:03
Без поголеми иненадувања на вториот ден на US Open

Првата фаворитка Ана Ивановиќ оствари тешка стартна победа на последниот Гренд слем против Русинката Душевина за разлика од сестрите Вилијам кои одработија без проблеми, како и Роже Федерер на машкиот турнир на кој испадна 12-от носител Ришар Гаске.

Ана Ивановиќ успешно стартуваше но со проблеми против Вера Душевина. Русинката иако го загуби првиот сет и губеше со 4:2 во вториот се закани со трет сет во кој квалитетот на Србинката дојде до израз и US Open ја има прворангираната во второто коло.

Во него се и сестрите Вилијамс. Четвртата носителка Серена на Украинката Катерина Бондаренко во двата сета и препушти 5 игри, исто како и Венус на Австралијката Штосур. Турнирот продолжува и за шестата фаворитка Динара Сафина која ја елиминираше американската квалификантка Ан, како и за деветата Ањешка Радванска.

Во другите мечеви од релативно мирниот ден пласман во втората рунда обезбедија и Шавај, Пенета, Цибулкова, Ваидисова и Морезмо. Од носителките во аут е само 11-та Хантукова.

Кај тенисерите патот кон петиот последовен трофеј од Флешинг Медоус Роже Федерер почна да го расчистува преку Аргентинецот Макси Родригез кој освои само 6 гема во трите сета.

Триумфални воведни настапи од носителите имаа и 11-от, финалистот од Пекинг, Гонзалес кој со 3:1 го мина Наваро, потоа 13-от Вердаско кој го победи Куњицин и 15-от Робредо кој го елиминираше Зверев.

Од фаворизираните во публика се сели број 12, французинот Ришар Гаске, налета на Томи Хас и го загуби маратонот во пет сета.

Исто толку му беа потребни и на Сафин за да го елиминира Спадеа.

Кон врв
гoстин Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 29.Февруари.2008
Статус: Офлајн
Поени: 7557
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај гoстин Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 29.Август.2008 во 19:31
Шок за Ивановиќ, Надал недопирлив

На тенискиот Гренд слем US Опен контрастно расположение на првите светски рекети, откако Србинката не го преживеа второто коло против квалификантката Жили Коан, а Шпанецот лесно мина со Де Хирт.

188-та на ВТА листата е во фокусот на четвртиот ден на „Флешинг Медоус“. Релативно анонимната Французинка беше кошмарна за најфаворитката Ивановиќ, која сензационално го напушта турнирот уште на самиот почеток.

Со 3:6, 6:4 и 6:3, Србинката влегува во историјата на овој Гренд слем како прва најдобро рангирана која најрано се сели во публика по точно 40 години.

Сигурни пласмани во третото коло со победи во два сета обезбедија 6-то и 7-мо рангираните Сафина и Венус Вилијамс кои славеа против Винчи односно Де Лос Риос.

Од носителките престој во Њу Јорк си осигураа и Радвањска, Петрова, Корне, Алона Бондаренко, и Цибулкова, а во аут се Савај и Вајдисова.

Кај тенисерките Надал маршира до третата рунда. 3:0 во мечот со американскиот квалификант Де Хирт.

Од носителите настрада Колшрајбер кој загуби од Србинот Троицки.

Четвртиот носител Ферер го совлада Бек во четири сета, Енди Мареј, како шести фаворит триумфираше над Лодра, а седморангираниот Налбандијан го елиминираше Голубев, а од топ тен фаворити натаму одат деветтиот и десеттиот Блејк и Вавринка.

Кон врв
alan ford Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Techno thief

Регистриран: 02.Март.2008
Статус: Офлајн
Поени: 10782
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај alan ford Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 29.Август.2008 во 20:15
Jelena Jankovik vo cetvrtoto kolo!!!
I vrag može citirati Sveto pismo za svoje potrebe.
Кон врв
dark Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 28.Јуни.2008
Статус: Офлајн
Поени: 247
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај dark Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 01.Септември.2008 во 00:37
"smeski" e ova us open pola od tie sto ne trebase da ispadnat ispadnaat videte go samo ovoj japonecov
faster then light :D
Кон врв
гoстин Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 29.Февруари.2008
Статус: Офлајн
Поени: 7557
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај гoстин Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 01.Септември.2008 во 17:33
Ѓоковиќ со тешка победа, Дементиева сигурна

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ после три саат борба успеа да победи со хрватскиот тенисер Марин Чилиќ, со 3:1 сетови и со тоа се пласираше во четврт финалето од US Опен.

Во исто долг и исцрпувачки меч, кој траеше еден саат и 44 минути, Ѓоковиќ играше во ланскиот US Опен, против Степанек.

„Ова беше многу тежок меч. Марин немаше што да изгуби, а јас можеби играв премногу дефанзивно. Чекав на неговите грешки, што не требаше да го направам“, изјави третиот носител во Њу Јорк, Новак Ѓоковиќ.

Во женска конк*ренција Дементиева имаше лесен меч против кинеската претставничка На Ли, 6:4, 6:1 по сетови.

Иако малку нестабилно во првиот сет, Дементиева, беше апсолутно доминантна во вториот. После мечот Русинката изјави дека единствено поради поразот од Ли во 2007 година, беше под притисок во првиот сет.

Дементиева ќе се соочи со 15-та носителка Пети Шнајдер во четвртфиналето од US Опен.

Кон врв
alan ford Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Techno thief

Регистриран: 02.Март.2008
Статус: Офлајн
Поени: 10782
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај alan ford Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 01.Септември.2008 во 17:50
DOBAR BESE DJOKOVIC....MA ODLICEN BESE..Hrvatot imase mnogu jak servis
I vrag može citirati Sveto pismo za svoje potrebe.
Кон врв
гoстин Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 29.Февруари.2008
Статус: Офлајн
Поени: 7557
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај гoстин Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 04.Септември.2008 во 17:34
Серена поуспешна од Венус, Рафа непобедлив

Сите очи на US Опен беа вперени во Серена Вилијамс, која извојува тешка победа против својата сестра Венус Вилијамс, 7:6, 7:6.

Серена беше извонредна во враќањето од негатива и официјално поведе во дуелот Вилијамс - Вилијамс со девет победи од 17 одиграни натпревари.

Помалата сестра покажа поголема желба и енергичност и успеа да победи по 26 изиграни гемови и да победи со 2:0 во сетови.

„Мислам дека одигравме извонреден натпревар денеска. Разликата беше многу мала, тензијата околу победничката постојано беше присутна“, вели Серена по натпреварот.

Првиот рекет во светот на тенисот, Рафа Надал имаше лесен меч против Американецот, Марди Фиш, 1:3 во сетови за Шпанецот.

Иако го загуби првиот сет Надал беше не попустлив во наредните три, 3:6, 6:1, 6:4, 6:2.

Со оваа победа Надал се пласираше во полуфиналето, кое за него е прво во неговата тениска кариера.


Кон врв
гoстин Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 29.Февруари.2008
Статус: Офлајн
Поени: 7557
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај гoстин Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 05.Септември.2008 во 18:18
US-Open 1/2 Finale Zeni:


Jelena Jankovic - Elena Dementieva

Serena Williams - Dinara Safina

Кон врв
гoстин Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 29.Февруари.2008
Статус: Офлајн
Поени: 7557
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај гoстин Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 05.Септември.2008 во 18:20
US-Open 1/2 Finale Mazi:


Roger Federer - Novak Djokovic

Rafael Nadal - Andy Murray

Кон врв
гoстин Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 29.Февруари.2008
Статус: Офлајн
Поени: 7557
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај гoстин Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 06.Септември.2008 во 00:28
Jelena Jankovic - Elena Dementieva   6-4   6-4

Serena Williams - Dinara Safina 6-3   6-2



Finale: Serena Williams - Jelena Jankovic

Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 45678 14>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,203 секунди.