IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Спорт > Останати спортови
  Активни теми Активни теми RSS - Tенис
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Tенис

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 23456 14>
Автор
Порака
La Ninja Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
She Hulk

Регистриран: 13.Јуни.2006
Статус: Офлајн
Поени: 1605
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај La Ninja Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 17.Јуни.2008 во 19:33
ТЕНИС - САМО ЕДНА НЕДЕЛА ДО СТАРТОТ НА ВИМБЛДОН ШАМПИОНАТОТ

Љубичиќ и Гаске со добар старт во Холандија

Вториот носител Ришар Гаске се пласираше во второто коло на Ордина Опен во Хертогенбош со 6:2/7:6(3) победа над Белгиецот Оливие Рошу. Играјќи на 370.000 евра вредниот турнир првпат во кариерата, Французинот имаше седум аса и три брејк поени за да го подобри скорот на 2:1 против Рошу.

Гаске, кој ќе го прослави својот 22. роденден во средата доаѓа во Холандија по четвртфиналето на Квинс Клаб турнирот како дел од подготовките за Вимблдон. Минатата година Французинот стигна до полуфиналето на Ол Ингланд Клубот, за првпат на еден гренд слем турнир. Следен за него е сонародникот Марк Жиквел, кој со 6:4/6:1 го совлада локалниот тенисер Матве Миделкоп.

Во второто коло е и четвртиот носител Иван Љубичиќ, кој со 6:3/7:6(5) го совлада Холанѓанецот Робин Хасе. Актуелен шампион во Холандија, Љубичиќ не е во најдобра форма во последно време, откако во последните седум турнири само двапати има две победи по ред. Хрватот сепак стигна до четвртото коло на Францускиот Опен. Љубичиќ ќе игра со Србинот Виктор Троицки во второто коло, откако овој со 6:3/7:5 го совлада Германецот Денис Гремелмаер.

ЧИЛИЌ ГО ИЗНЕНАДИ МАТЈУ

Вториот дуел на трева беше добра шанса за Марин Чилиќ конечно да го победи Пол-Анри Матју. Хрватот стигна до 1:6/6:4/6:3 победа над вториот носител Матју за прво изенандување на Слазенгер Опен турнирот во Нотингем. Чилиќ загуби во три сет аод Матју во второто коло на Квинс Клаб турнирот, а предходно има уште два порази од него оваа година.

Со шанса за одмазда, 19-годишниот Чилиќ се врати од лошиот прв сет со 13 аса и со искористување на двете брејк топки во последните два сета за да совлада носител за првпат откако го елиминираше 7. носител Фернандо Гонзалез од Австралискиот Опен.

НАДАЛ ПОДГОТВЕН ЗА ПРЕСМЕТКА СО САФИН

Новокрунисаниот шампион од Квинс Клаб, Шпанецот Рафаел Надал ќе одигра уште еден меч на трева, пред да се натпреварува на Вимблдон. Светскиот број 2 ќе игра со Марат Сафин во егзибициски меч на Фортис Тенис Класик во петокот во Хурлингем клубот во југозападен Лондон. Надал ја освои титулата од Квинс Клаб со 7:6(6)/7:5 победа над Новак Ѓоковиќ само седум дена откако ја освои четвртата титула на Ролан Гарос.

"Малку сум уморен и мислам дека по неколку дена ќе бидам подготвен за Вимблдон. Но, и да не се одморам не е многу важно, бидејќи Вимблдон е многу важен за мене и мотивацијата ми е огромна", вели 22-годишниот Шпанец кој ќе се обиде да стане првиот тенисер со титула од Ролан Гарос и Вимблдон во иста година по Бјорн Борг во 1980 година.

Покрај Сафин и Надал во Харлингем ќе играат и Томаш Бердих, Томи Хас и Џејмс Блејк.

РЕЗУЛТАТИ (1.КОЛО):

ОРДИНА ОПЕН - ХЕРТОГЕНБОШ

МАЖИ, 370.000Е

(2) Гаске - О.Рошу 6:2/7:6(7:3)

(4) Љубичиќ - Хасе 6:3/7:6(7:5)

(7) Кањас - Зверев 5:7/6:3/6:3

Дел Потро - (8) Санторо 6:3/6:1

Жиквел - Миделкоп 6:4/6:1

Гранољерс - Флиген 6:0/1:0 пред.

Дел'Аква - Фоњини 7:6(7:4)/6:2

Клемен - Бекер 6:3/3:6/6:4

Троицки - Гремелмаер 6:3/7:5

Бопана - Феркерк 6:7(8:10)/7:6(7:2)/6:4

ЖЕНИ, 175.000$

Харклроуд - (4) Скијавоне 6:3/6:4

Мирза - (5) Пенета 6:4/6:3

(7) Среботник - Медина Гаригес 6:2/4:6/6:3

(8) А.Бондаренко - Бенешова 6:4/4:6/6:4

Крајичек - Сугијама 6:1/5:7/7:6(9:7)

Ерани - Кеотавонг 7:6(7:5)/6:2

Еракович - Гордон 6:1/6:1

Кербер - Закопалова 6:4/3:6/6:4

СЛАЗЕНГЕР ОПЕН - НОТИНГЕМ, 370.000Е

Чилиќ - (2) Матју 1:6/6:4/6:3

(4) Карловиќ - Бјоркман 6:3/6:4

(7) Сепи - Села 3:6/6:4/7:5

Бенето - Болели 6:1/6:4

Рејнолдс - Махут 7:5/4:6/6:4

Квереј - Фаља 6:3/6:4

ИНТЕРНЕШНЛ ОПЕН - ИСТБУРН, 600.000$

Морезмо - (6) Корне 6:1/4:6/7:5

(8) Петрова - Пеер 6:2/6:2

Ли - Делаква 6:2/6:4

Стосур - О'Брајан 6:4/6:3

АТП РЕЈТИНГ ЛИСТА

1.(-) Рожер Федерер (Шва) 6.900

2.(-) Рафаел Надал (Шпа) 5.755

3.(-) Новак Ѓоковиќ (Срб) 5.360

4.(-) Николај Давиденко (Рус) 3.115

5.(-) Давид Ферер (Шпа) 2.905

6.(-) Енди Родик (САД) 2.280

7.(+1) Давид Налбандиан (Арг) 2.100

8.(-1) Џејмс Блејк (САД) 2.015

9.(+1) Ришар Гаске (Фра) 1.625

10.(-1) Станислас Вавринка (Шва) 1.615

11.(-) Енди Мареј (Бри) 1.555

12.(+1) Николас Алмагро (Шпа) 1.485

13.(+1) Жо-Вилфрид Цонга (Фра) 1.415

14.(+1) Фернандо Гонзалез (Чил) 1.405

15.(+1) Радек Штепанек (Чеш) 1.360

16.(+1) Пол-Анри Матју (Фра) 1.345

17.(+1) Михаил Јужни (Рус) 1.305

18.(+1) Томи Робредо (Шпа) 1.300

19.(-7) Томаш Бердих (Чеш) 1.290

20.(+1) Хуан Монако (Арг) 1.245

ВТА РЕЈТИНГ ЛИСТА

1.(-) Ана Ивановиќ (Срб) 4.222

2.(+1) Јелена Јанковиќ (Срб) 3.715

3.(-1) Марија Шарапова (Рус) 3.706

4.(-) Светлана Кузнецова (Рус) 3.565

5.(-) Елена Дементиева (Рус) 2.750

6.(-) Серена Вилијамс (САД) 2.676

7.(-) Венус Вилијамс (САД) 2.606

8.(-) Ана Чакветадзе (Рус) 2.541

9.(-) Динара Сафина (Рус) 2.222

10.(+1) Даниела Хантухова (Свк) 2.032

11.(-1) Марион Бартоли (Фра) 2.030

12.(-) Пати Шнидер (Шва) 1.940

13.(-) Вера Звонарева (Рус) 1.912

14.(-) Ангиешка Радванска (Пол) 1.776

15.(-) Ангес Шавај (Унг) 1.645

16.(-) Викторија Азаренка (Блр) 1.386

17.(-) Ализе Корне (Фра) 1.248

18.(+1) Никол Ваидишова (Чеш) 1.222

19.(+4) Марија Кириленко (Рус) 1.208

20.(-2) Франческа Скијавоне (Ита) 1.201

Српска доминација - Ивановиќ прва, Јанковиќ втора!

Шампионката од Ролан Гарос, Ана Ивановиќ остана светска тенисерка број 1 на новата ВТА листа, но историскиот подвиг го направи Јелена Јанковиќ која сега е втора и Србија има 1-2 на врот на женскиот тенис. Марија Шарапова падна на третото место. Ивановиќ минатата недела стана првата Србинка светска тенисерка број 1.

Моја и Чела се повлекоа од Вимблдон

Поранешниот светски број 1, Шпанецот Карлос Моја и аргентинските специјалисти за игра на земја, Хуан Игнасио Чела и Хуан Монако се првите тенисери кои се повлекоа од Вимблдон поради повреди. Ол Ингланд Клубот објави дека 31-годишниот Моја, кој беше број 1 во март 1999, но сега падна на 40. место, има повреда на рамото. Шпанецот, кој е шампион од Ролан Гарос од 1998 година никогаш го нема поминато четвртото коло на Вимблдон и имаше само два настапи во Лондон во последните шест години. Од неговите 20 титули во кариерат, 16 дојдоа на земја и 4 на хардкорт подлога.

Чела исто така има проблем со рамото, додека Монако се повлече со повреден грб. Аргентинците Мартин Васаљо Аргуељо и Бриан Дабул и Хрватот Роко Каранушиќ се замена за нив во главната ждрепка. Јапонката Акико Моригами се повлече од женскиот турнир поради повреда на коленото и е заменета со Чехинката Рената Ворачова.

Лундгрен ќе биде тренер на Багдатис

Швеѓанецот Петер Лундгрен почна да работи со Маркос Багдатис од Кипар пред Вимблдон. Лундгрен, кој предходно работеше со поранешните светски тенисери број 1 Марат Сафин и Марчело Риос, и на сегашниот светски број 1 Рожер Федерер му помогна да дојде до првата титула од Вимблдон, последно работеше со британската тенисерска асоцијација (ЛТА), но си замина во март поради лични причини.

Од тогаш тој наводно доби неколку понуди, вклучувајќи ја таа на Шпанецот Фернандо Вердаско. Но, Лундгрен, кој работеше со британскиот број 2 Алекс Богданович преку ЛТА реши да работи со финалистот од Австралискиот Опен 2006, Багдатис.

"Имам чувство дека Маркос е добро и весело момче и по една недела заедно се уште го мислам тоа. Тој стана вистинска ѕвезда во својата земја по таа 2006 и тоа направи голем притисок на него. Сега е многу посилен", вели Лундгрен.

Ne sum pijan, samo lezam na zemja i se raduvam....
Кон врв
гoстин Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 29.Февруари.2008
Статус: Офлајн
Поени: 7557
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај гoстин Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 18.Јуни.2008 во 18:51
Нема крај на губитничката серија на Русевски

Најдобриот македонски тенисер во моментов Предраг Русевски ја продолжи губитничката серија претрпувајќи пораз уште во 1. коло и на шестиот челинџер-турнир по ред на кој настапи годинава.
Популарниот Пецко без поголема борба е елиминиран на стартот на турнирот во Бајтом (Полска), и тоа од Хрватот Антонио Веиќ (3-6, 0-6). Претходно, тој не успеа да се избори за место во 2. коло на челинџер-турнирите во Софија (Бугарија), Фурт (Германија), Загреб, Риека (Хрватска) и Киасо (Швајцарија).
Турнирот во полското гратче се игра на земјена подлога за награден фонд од 30.000 евра, а Русевски за појавувањето во 1.коло заработи 310 евра. Пецко сепак ќе продолжи да се натпреварува во Бајтом, со оглед на тоа што заедно со Лазар Магдинчев ќе играат во конк*ренција на двојки, каде што се втори носители.

Кон врв
La Ninja Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
She Hulk

Регистриран: 13.Јуни.2006
Статус: Офлајн
Поени: 1605
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај La Ninja Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 18.Јуни.2008 во 19:44

ТЕНИС - ПОРАНЕШНАТА СВЕТСКА ТЕНИСЕРКА БРОЈ 1 ИМА НЕЗГОДНА ПОВРЕДА

Девенпорт се надева дека ќе биде на Вимблдон

Поранешната шампионка Линдзи Девенпорт се уште верува дека има шанси да се појави на Вимблдон и покрај тоа што се повлече поради повреда од Истбурн Шампионатот. Американската шампионка од Ол Ингланд Клубот од 2001 година е заменета на турнирот во Девоншајр Парк од Естонката Каја Канепи.

"Навистина сум разочарана што не можам да играм тука. Работев напорно за оваа сезона на трева", вели 32-годишната мајка на едно дете, која се повлече по повредата на коленото во текот на тренингот овој викенд.

Девенпорт, која се врати на тенисот минатата есен само неколку месеци откако се породи со својот прв син, има четири титули од нејзиниот камбек. Тенисерката од Калифорнија го пропушти Францускиот Опен, а последен турнир и е во април во САД, каде што се предаде во полуфиналето против Марија Шарапова на турнирот во Амелија Ајленд. Сега таа вели дека ќе оди во Лондон што е можно побргу да го прегледа коленото.

"Мислам дека не се работи за сериозна повреда. Чувствувам дека отекува, и само сакам да ја најдам причината и да го лекувам коленото. Инаку се чувствувам во добра форма, бидејќи дома тренирав шест недели. Го сакам Вимблдон и секогаш сум имала добри резултати таму. Се надевам дека телото ќе издржи", вели Девенпорт.

ШТЕПАНЕК ЛЕСНО ВО НОТИНГЕМ

Првиот носител Радек Штепанек го совлада Американецот Џон Изнер со 6:3/6:2 за пласман во второто коло на Слазенгер Опен турнирот во Вимблдон. 15-рангираниот Чех сега ќе игра со уште еден Американец, квалификантот Винсент Спадеа кој со 6:1/7:5 го совлада Британецот Александер Слабински.

Петтиот носител Жил Симон го совлада Доналд Јанг од САД со 6:1/6:4, додека осмиот носител Гаел Монфис со 7:6(4)/6:4 беше подобар од Австралиецот Крис Гучионе. Во другите мечеви од првиот меч, Швеѓанецот Томас Јохансон го освои првиот сет со 7:5, по што Јапонецот Кеи Нишикори се повлече, додека Австралиецот Семјуел Грот со 7:6(7)/6:3 го совлада Британецот Џејмс Бејкер.

ФЕРЕР ПОБЕДИ, ГАСКЕ "ИЗЛЕТА" ВО ХОЛАНДИЈА

Првиот носител Давид Ферер се пласираше во четвртфиналето, додека вториот носител, Французинот Ришар Гаске загуби во второто коло на Ордина Опен во Хертогенбош, последниот подготвителен турнир пред Вимблдон.

Светскиот број 5, Ферер со 6:2/7:6(3) го совлада италијанскиот квалификант Масимо Дел'Аква, додека полуфиналистот од Вимблдон од 2007, Гаске загуби од својот француски сонародник Марк Жиквел со 7:5/7:6(6).

За Ферер ова е осмо четвртфинале оваа година, во кое ќе се сретне со двократниот шампион од турнирот Марио Анчиќ, кој ги освои титулите во 2005 и 2006. Анчиќ со 6:2/6:4 го совлада Стив Дарсис од Белгија, со што има 12 победи по ред на турнирот и 15-2 во кариерата во Хертогенбош.

РЕЗУЛТАТИ:

ОРДИНА ОПЕН - ХЕРТОГЕНБОШ

МАЖИ, 2.КОЛО, 370.000Е

(1) Ферер - Дел'Аква 6:2/7:6(7:3)

Жиквел - (2) Гаске 7:5/7:6(8:6)

Мелцер - (5) Андреев 6:4/1:6/6:1

(6) Анчиќ - Дарсис 6:2/6:4

ЖЕНИ, 175.000$

2.КОЛО

(2) Чакветадзе - Кербер 6:3/3:6/7:6(7:1)

(3) Сафина - Пен 6:1/6:4

(8) А.Бондаренко - Еракович 3:6/6:4/6:3

1.КОЛО

Чирстеа - (6) Кириленко 7:5/6:4

Чен - Арвидсон 7:5/7:5

Танасугарн - К.Бондаренко 6:3/6:3

СЛАЗЕНГЕР ОПЕН - НОТИНГЕМ, 370.000Е

1.КОЛО

(1) Штепанек - Изнер 6:3/6:2

(3) Вердаско - Даниел 6:4/7:6

(5) Симон - Јанг 6:1/6:4

(8) Монфис - Гучионе 7:6(7:4)/6:4

Т.Јохансон - Нишикори 7:5 пред.

Грот - Бејкер 7:6(9:7)/6:3

Богданович - Ворд 6:3/6:4

Шванк - Нилсен 6:3/6:3

Спадеа - Слабински 6:1/7:5

ИНТЕРНЕШНЛ ОПЕН - ИСТБУРН, 600.000$

1.КОЛО

Говорцова - (7) Ваидишова 6:2/6:4

Возниацки - Пиронкова 6:3/6:2

Клејбанова - Саут 6:4/6:4

Рацано - Девенпорт пред.

Бамер - Кудрјавцева 7:6(11:9)/1:6/7:5

Макарова - Душевина 6:3/6:0

Мареј подготвен за Ол Ингланд Клубот

Енди Мареј ја потврди својата физичка подготвеност за Вимблдон, откако во три тешки сета го совлада Србинот Јанко Типсаревиќ на Будлс Челенџ во Лондон. Мареј победи со 6:3/5:7/12:10, но уште поважно не покажа знаци на повредата на палецот која го примора да се повлече од Квинс Клаб турнирот.

"Да, имаше неколку удари во кои згрешив поради палецот, но успеав да играм час и половина и се чувствувам ОК", вели Мареј.

Шкотланѓанецот, кој спаси две меч топки против светскиот број 40 Типсаревиќ, вели дека едвај чека да игра на Вимблдон откако лани го пропушти турнирот поради повреда на зглобот на раката.

"Добро е да се игра без многу очекувања од тебе. Но, на Вимблдон ќе биде поинаку. Таму ќе има 14.000 луѓе и притисокот ќе се чувствува", додава Мареј.

Седумкратниот гренд слем шампион, Американецот Џон Мекинро пак смета дека Мареј е еден од неколкуте тенисери кои можат да го спречат Рожер Федерер да стигне до шеста титула по ред на Ол Иинглад Клубот.

"Тој изгледа посилен и поподготвен оваа година, но може да биде уште подобар. Ја има предноста на Вимблдон бидејќи нема многу тенисери кои се чувствуваат удобно на тие тревнати терени", вели 49-годишниот Мекинро.

Ne sum pijan, samo lezam na zemja i se raduvam....
Кон врв
La Ninja Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
She Hulk

Регистриран: 13.Јуни.2006
Статус: Офлајн
Поени: 1605
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај La Ninja Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 19.Јуни.2008 во 16:57

ТЕНИС - ТЕНИСКИ ТУРНИР "ИНВЕСТБАНК '08", СКОПЈЕ

Мадараж ја брани титулата

По повод стартот на натпреварите од веќе традиционалниот тениски турнир "Инвестбанк куп '08", за играчи до 14 години на мечевите од главниот турнир, вчера, на терените во ТК "АС" во Скопје, кој е технички организатор на настанот се одржа прес-конференција на која пристуствуваа Тони Стоилковски - претседателот на АС, Дарко Стојковски - претставник на Инвест Банка Скопје и Антонио Радфојничкиќ - главен судија.

"Ова е четврта година по ред каде покровител е Инвест банка, банка која ги препознава успешните. Одзивот во делот на играчите е одличен, а квалитетот не би го коментирал од причина што ова е прв турнир со зголемен број натпреварувачи (32-48-64)", истакна Стоилковски.

Во името на покровителот говореше Стојковски, кој рече:

"Инвест Банка е одговорена компанија, банка која се труди да даде свој придонес во афирмација на спортско-културното живеење во Македонија. Од тие причини помагаме во пливањето, во ватерполото, боксот и во тенисот како едно од позначајните спонзорства за што имаме и договор со ТК "АС" на годишно ниво."

Што се однесува, пак, за самиот турнир, главниот судија Антонио Радојничкиќ не пропушти да потенцира дека учесниците доаѓаат од 16 земји, 46 јуниори од 14 држави и 45 јуниорки од 11 земји, од кои добар дел со ранкинг (Србија, Швајцарија, Словачка, Италија, Бугарија, Турција, Холандија, Унгарија, Грција, Романија, Словенија, Русија, Германија, Италија, Албанија и нормално од Македонија како домаќини.)

Прв носител кај јуниорите е минатогодишниот победник Гергели Мадараж (Унг), 30. рангиран на ранг листата за играчи до 14 години, додека кај девојките прва носителка е Елизабета Бауер (Срб, 45 на ранг листата). Ваквите податоци сами по себе говорат за квалитетот на турнирот иако е рангиран како 3. категорија. Меѓу бројните натпреварувачи им завидна бројка и на наши тенисери, 16 во машка и исто толку во женска конкруенција, што значи дека организаторот водел сметка и за домашните учесници на кои им се дава шанса за дополнителна афирмација.



НА ЧЕЛИНЏОТ ВО ПОЛСКА

Пораз и во двојки

По елиминацијата на Предраг Русевски во сингл, на челинџот во Полска, во градот Бутом, пораз во 1. коло доживеа и нашиот двоец Магдинчев/ Русевски иако беа 2. носители. Загубиле од Дурек (Аут)/ Конуз (Пол) со 2:6, 7/5 и 10/3.

Според нашите информации, следна дестинација им е Романија.

Ne sum pijan, samo lezam na zemja i se raduvam....
Кон врв
La Ninja Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
She Hulk

Регистриран: 13.Јуни.2006
Статус: Офлајн
Поени: 1605
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај La Ninja Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 20.Јуни.2008 во 18:04

ТЕНИС - СИТЕ ИМААТ ШТО ДА КАЖАТ ЗА "ПАДОТ НА ШВАЈЦАРСКИОТ МАЕСТРО"

Борг - Федерер ќе загуби, Сампрас -Федерер е најдобриот!

Поранешниот великан од Вимблдон, Швеѓанецот Бјорн Борг верува дека светскиот број 1, Рожер Федерер е само трет фаворит за победа на гренд слем турнирот на трева. Федерер оди на шеста последователна титула на Ол Ингланд Клубот, но Борг, кој пет пати триумфираше по ред во Лондон од 1976 до 1980 година, вели дека тој ќе има пеколна задача.

Швеѓанецот исто така вели дека не би бил изненаден ако Федерер избере да се пензионира следната година.

"Јас би го избрал Рафаел Надал како победик, а втор избор би бил Новак Ѓоковиќ. Рожер е само трет на оваа листа. За Рожер да ги победи овие момци на Вимблдон треба да игра далеку подобро од минатото лето. Знае дека ќе мора да изведе неверојатен тенис за повторно да победи. Ова е најнеизвесниот Вимблдон по многу години", вели Борг.

Швеѓанецот, кој се пензионираше на 27. години, мисли дека Федерер ќе го сруши рекордот на Пит Сампрас од 14 гренд слем титули, за што му требаат уште две круни, но само ако продолжи да игра.

"Не би бил воопшто изненаден ако Рожер следната година каже дека нема да игра тенис повторно. Тоа можеби нема да се случи, но нема да ме шокира. Луѓето очекуваат тој да победува нон-стоп и тоа е ментално и физички многу напорно. Нема да има време во кое тој повторно ќе победува нон-стоп. Тоа заврши. Тој го сака рекордот на Сампрас и ќе го добие тоа", вели Борг.

САМПРАС: "ФЕДЕРЕР Е ВРЕДЕН ЗА МОЈОТ РЕКОРД"

Пит Сампрас пак останува уверен дека Федерер ќе го сруши неговиот рекорд. Всушност, американскиот освојувач на 14 гренд слем титули, планира да биде меѓу најголемите навивачи на Федерер кога тој ќе стигне до 15 гренд слем титула, дури иако се работи за долг пат до Мелбурн. Ако Федерер стигне до шестата титула по ред од Вимблдон и петта од УС Опен во септември, тогаш 15. гренд слем титула може да дојде на Австралискиот Опен во јануари.

"Рожер има огромна желба да го сруши мојот рекорд, и кога ќе го направи тоа би сакал да сум таму. Му кажав само да биде Њујорк или Лондон, бидејќи Австралија е многу далеку. Би сакал да му честитам", вели Сампрас.

И покрај засрамувачкиот пораз од Надал во финалето на Ролан Гарос, Сампрас е сигурен дека швајцарската ѕвезда ќе биде во најдобра форма за Вимблдон.

"Тој создаде едно чудовиште со освојување на толку многу турнири и толку гренд слем трофеи така лесно. Колку и Рожер да е голем, тој ќе има порази и лоши денови. Човечки е да се греши. На гренд слем турнирите сепак тој е човекот кој има најголеми шанса за победа. Сега ќе биде само пожеден за титула", вели Сампрас.

ЃОКОВИЌ СМЕТА ДЕКА ПРИТИСОКОТ НА РОЖЕР Е ОГРОМЕН

Еден од ривалите на Федерер, Новак Ѓоковиќ вели дека Швајцарецот ја "чувствува жештината" пред Вимблдон.

"Федерер се уште е број 1 на светот, но одеднаш тој се чувствува растресен по неколку порази. Нормално е да се оди нагоре и надолу по четири години апсолутна доминација. Но, сега има нови имиња, талентирани тенисери кои веруваат дека можат да го победат и јас сум еден од нив. Одеднаш тој е загрижен", вели Ѓоковиќ.

Србинот го совлада Федерер во полуфиналето на Австралискиот Опен, прекинувајќи ја серијата на Швајцарецот од 10 гренд слем финалиња по ред. Тој сега е подготвен да се врати за минатогодишното разочарување од Вимблдон, каде што се повлече во полуфиналето против Надал поради повреда.

"Играм добар тенис во последно време, а пред Вимблдон имам верба дека можам да ги предизвикам Надал и Федерер", додава Ѓоковиќ.

РЕЗУЛТАТИ:

ОРДИНА ОПЕН - ХЕРТОГЕНБОШ

МАЖИ, 1/4 ФИНАЛЕ, 370.000Е

(1) Ферер - (6) Анчиќ 6:4/7:6

(7) Кањас - Троицки 6:2/6:2

Жиквел - Мелцер 6:3/6:4

Дел Потро - Клемен 2:6/6:3/6:1

ЖЕНИ, 1/4 ФИНАЛЕ, 175.000$

(1) Дементиева - Чирстеа 6:2/6:4

(8) А.Бондаренко - (2) Чакветадзе 6:2/3:6/6:2

Танасугарн - Крајичек 3:6/6:3/6:4

СЛАЗЕНГЕР ОПЕН - НОТИНГЕМ, 370.000Е

1/4 ФИНАЛЕ

(4) Карловиќ - (7) Сепи 6:3/3:6/6:4

(8) Монфис - Спадеа 7:6(7:4)/6:2

ИНТЕРНЕШНЛ ОПЕН - ИСТБУРН, 600.000$

1/4 ФИНАЛЕ

(2) Бартоли - Клејбанова 6:3/6:3

(8) Петрова - Макарова 6:4/6:3

Стосур - Возниацки 7:6(7:3)/6:4

2.КОЛО

(4) А.Радванска - Рацано 3:6/6:3/6:4

"Соколовото око" е непрецизно?

Системот за одредување на линиските одлуки, со популарното име "Соколово око" кое се користи на Вимблдон можеби не е толку точно како што се сметаше, се тврди во новата студија. Од 2007 година оваа технологија е "конечниот судија" на терените на Вимблдон, нешто со што не се согласуваат некои британски научници.

"Мора да се даде големо предупредување бидејќи тоа што го гледате со Соколовото око не значи дека навистина се случило. Погрешно е да се смета дека има технолошко решение за човечките несогласувања во тенисот", вели Хери Колинс, професор од Унверзитетот во Кардиф.

Колинс заедно со колегата Роберт Еванс работеа на утврдувањето на точноста на системот. Технологијата користи 10 камери околу целиот терен, комбинирајќи ги патеките во компјутерскиот систем. Ова според професорите значи дека тоа што го гледаме на Соколовото око не е тоа што точно се случило, туку тоа што најверојатно се случило.

Технологијата направи поделба кај тенисерите. Светскиот број 1, Рожер Федерер го отфрли Соколовото око како "глупост" по воведувањето на Австралискиот Опен, додека Енди Родик е еден од најголемите поддржувачи.

Покрај Вимблдон, Соколовото око се користи и на УС Опен и на Австралискиот Опен, а подолго време се користи и во крикетот. ФИФА долго време размислуваше за воведување на оваа технологија за сомнителните голови, но во март решија да не воведуваат технологија во фудбалот.

Ne sum pijan, samo lezam na zemja i se raduvam....
Кон врв
La Ninja Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
She Hulk

Регистриран: 13.Јуни.2006
Статус: Офлајн
Поени: 1605
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај La Ninja Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 23.Јуни.2008 во 23:29

ТЕНИС - ДЕНЕСКА СТАРТУВА НАЈСТАРИОТ ТЕНИСКИ ТУРНИР НА СВЕТОТ, ВИМБЛДОН ШАМПИОНАТОТ

Надал по круната на Федерер, Шарапова пред "српскиот предизвик"

Рафаел Надал и Новак Ѓоковиќ се пред огромен предизвик, како да ја претворат "златната ера" на Рожер Федерер во ново "црно доба" и да го уништат сонот на швајцарската суперѕвезда за шеста титула од Вимблдон по ред.

Федерер не ги коментира тврдењата дека неговата доминантна серија во светскиот тенис завршува откако ја загуби титулата од Австралискиот опен и беше посрамотен во финалето на Францускиот опен од Надал, каде што освои само четири гема. Светскиот број 1 нема загубено на трева од првото коло на Вимблдон во 2002 од Марио Анчиќ, а и покрај "траумата" од Ролан Гарос е охрабрен од 59. едноподруго победа на трева со освојувањето на титулата во Хале минатиот викенд.

"Многумина се зачудени што јас мислам дека моите перформанси во Париз беа успешни, но останувам на тоа мислење. Имав лош старт на 2008, така што гренд слем финале не може да биде неуспех. Немам загубено на трева шест години и с$ уште мислам дека сум првиот фаворит", вели 12-кратниот гренд слем шампион.

Со четврта титула по ред од Ролан Гарос, Надал ја освои и првата титула на земја на Квинс Клаб и вели дека сигурно Федерер е импресиониран од таа победа на турнир на кој ги совлада Енди Родик, двократен финалист на Вимблдон и светскиот број 3 Новак Ѓоковиќ.

"Сигурен сум дека тој го забележа тоа. Мислам дека играм добро, и ако продолжам да играм така, ќе имам добар резултат. Зошто не би победил?", вели Надал, кој почна да игра на трева пред две години, но имаше две Вимблдон финалиња, од кое се памети минатогодишното кога имаше одлична шанса да го изненади Федерер во драматични пет сета.

Како и на Ролан Гарос, само Ѓоковиќ изгледа како тенисер кој е способен да ги предизвика најдобрите двајца. Загрижувачки за Швајцарецот, шампионот од Австралискиот опен е во неговиот дел од ждрепката и може да се сретнат во полуфиналето.

Ѓоковиќ може да игра со Австралиецот Лејтон Хјуит, кој последен ја освои титулата пред Федерер во 2002 година. Родик, финалистот од 2004 и 2005 најверојатно е уште еден тенисер кој може да направи изненадување, иако уште има проблеми со грбот поради кои го пропушти Ролан Гарос.

ШАРАПОВА И ИВАНОВИЌ "ИЗГЛЕДААТ ДОБРО" ЗА ВИМБЛДОН

Ана Ивановиќ и Марија Шарапова сакаат да покажат дека нивниот безмилосен тенис стои добро како и нивниот супер изглед на Вимблдон оваа година. Двете старлети на женскиот тенис имаат гренд слем титули зад себе, мултимилионски договори за спонзорство и се поставени да се сретнат во финалето на тоа што спонзорите, фановите и британските таблоиди го сметаат за финале од соништата, битка на убавиците.

Но, Ивановиќ, новата светска тенисерка број 1 и шампионка од Ролан Гарос и шампионката од 2004 Шарапова инсистираат дека ќе се фокусираат на тенисот.

"Само бидејќи се чувствувам добро на трева не значи дека победите ќе дојдат лесно. Има многу конк*рентни девојки кои играат различно", вели Шарапова, која заработува повеќе од 23 милиони долари годишно од спонзорства.

Ивановиќ, која ја симна Шарапова од првото место на ВТА листата на Ролан Гарос, верува дека има доволно добра игра на подлогата.

"Тревата е многу специфична подлога. С$ се случува побргу и мораш да бидеш внимателна", вели 20-годишната Србинка, која освои 5 милиони $ во својата кариера, во споредба со 12-те на Русинката.

Сонародничката на Ивановиќ, Јелена Јанковиќ сега е новата светска тенисерка број 2, но никогаш го нема поминато четвртото коло на Вимблдон, додека светската тенисерка број 4, Светлана Кузнецова, може да се пофали само со четвртфинале.

Со тоа повторно во главен план се враќаат сестрите Вилијамс, од кои барем една е во последните осум финалиња. Во 2007, Венус ги изненади сите со четвртата титула во сингл како тенисерка со најслаб рејтинг (23). Помалата сестра Серена ја освои титулата двапати, иако последен пат во 2003.

Три од четирите титули на Венус доаѓаат веднаш по разочарувачките порази во првата недела во Париз, слично како што се случи оваа година, кога загуби од Флавија Пенета во третото коло.

"Многу се вознемирувам од тие порази и потоа играм подобро", вели Венус.

Ферер и Танасугарн со холандски победи

Давид Ферер стигна до својата прва АТП титула на трева со 6:4/6:2 победа над Французиот Марк Жиквел на Ордина опен турнирот во Хертогенбош. Ова значи дека втора недела по ред Шпанец освојува титула на трева по дури 36 години без трофеј на подлогата. 26-годишниот Ферер го повтори успехот на неговиот сонародник Рафаел Надал кој минатата недела победи во Квинс Клаб. Пред победата на Надал последен Шпанец со титула на трева беше Андрес Химено во Истбурн во 1972 година. За Ферер ова е втора титула оваа година и седма во кариерата.

"Среќен сум со овој триумф, посебно што првпат играм во Хертогенбош", вели Ферер.

Тајландската ветеранка Тамарине Танасугарн ја продолжи драматичната серија од квалификациите за да стигне до својата втора титула на овој турнир. 31-годишната Танасугарн ја совлада втората носителка и финалистка од Ролан Гарос, Динара Сафина со 7:5/6:3. Последната титула на Танасугарн беше во Хајдерабад во 2003 година.

Радванска до најголемата титула во кариерата

Полската тинејџерка Агниешка Радванска ја освои најголемата награда во својата кариера откако ја совлада Русинката Надја Петрова во финалето во Истбурн. Четвратата носителка од Полска победи со 6:4/6:7/6:4 во финале кое траеше 2 часа и 37 минути. Петрова спаси три меч топки за да го однесе вториот сет во тај-брејк, кој го освои со 13:11 иако губеше со 1:4. На двете тенисерки им требаше медицинска помош, на Радванска поради грчеви, а на Петрова поради проблеми со колкот, но на крајот 19-годишната Полјачка беше постабилна и доби награда од 95.500$.

Радванска, поранешна јуниорска шампионка од Вимблдон и Ролан Гарос, е прва Полјачка во топ 20, а сега го има својот прв Тајер 2 трофеј. Таа имаше тежок турнир играјќи два меча во петокот.

"Навистина сум изморена по толку многу тенис. Лошата вест е дека играм на Вимблдон во понеделник, така што нема време за одмор", вели Радванска.

Карловиќ го повтори успехот во Нотингем

Иво Карловиќ победи на Нотингем Опен втора година по ред совладувајќи го Шпанецот Фернандо Вердаско со 7:5/6:7/7:6 во тесно финале. Мечот мораше да биде преселен во сала откако поради силниот дожд немаше шанси да се игра на трева надвор.

Сервис играта доминираше во финалето и во првиот сет единствениот брејк дојде во 12. гем. Третиот носител Вердаско беше посилен во вториот сет парирајќи на сервисите на Карловиќ за да го освои тај-брејкот со 7:4. По промената на брејкови во одлучувачкиот сет, повторно се играше тај-брејк. Двојната сервис грешка на светскиот број 21 Вердаско на 8:8 му даде шанса на Карловиќ да го освои последниот трофеј во Нотингем бидејќи од следната година турнирот се сели во Истбурн.

"Беше навистина тешко. На крајот се работеше за еден или два поена. Среќен сум што одам со титула на Вимблдон", вели Хрватот.

ПОСЛЕДНИ 20 ФИНАЛИЊА НА ВИМБЛДОН

МАЖИ

1988 Штефан Едберг (Шве) - Борис Бекер (Гер) 4:6/7:6(7:2)/6:4/6:2

1989 Борис Бекер (Гер) - Штефан Едберг (Шве) 6:0/7:6(7:1)/6:4

1990 Штефан Едберг (Шве) - Борис Бекер (Гер) 6:2/6:2/3:6/3:6/6:4

1991 Михаел Штих (Гер) - Борис Бекер (Гер) 6:4/7:6(7:4)/6:4

1992 Андре Агаси (САД) - Горан Иванишевиќ (Хрв) 6:7(6:8)/6:4/6:4/1:6/6:4

1993 Пит Сампрас (САД) - Џим к*риер (САД) 7:6(7:3)/7:6(8:6)/3:6/6:3

1994 Пит Сампрас (САД) - Горан Иванишевиќ (Хрв) 7:6(7:2)/7:6(7:5)/6:0

1995 Пит Сампрас (САД) - Борис Бекер (Гер) 6:7/6:2/6:4/6:2

1996 Ричард Крајичек (Хол) - Маливаи Вашингтон (САД) 6:3/6:4/6:3

1997 Пит Сампрас (САД) - Седрик Пиолин (Фра) 6:4/6:2/6:4

1998 Пит Сампрас (САД) - Горан Иванишевиќ (Хрв) 6:7(2:7)/7:6(11:9)/6:4/3:6/6:2

1999 Пит Сампрас (САД) - Андре Агаси (САД) 6:3/6:4/7:5

2000 Пит Сампрас (САД) - Патрик Рафтер (Авс) 6:7(10:12)/7:6(7:5)/6:4/6:2

2001 Горан Иванишевиќ (Хрв) - Патрик Рафтер (Авс) 6:3/3:6/6:3/2:6/9:7

2002 Лејтон Хјуит (Авс) - Давид Налбандиан (Арг) 6:1/6:3/6:2

2003 Рожер Федерер (Шва) - Марк Филипусис (Авс) 7:6(7:5)/6:2/6:4

2004 Рожер Федерер (Шва) - Енди Родик (САД) 6:4/7:5/7:6(7:4)/6:4

2005 Рожер Федерер (Шва) - Енди Родик (САД) 6:2/7:6(7:2)/6:4

2006 Рожер Федерер (Шва) - Рафаел Надал (Шпа) 6:0/7:6(7:5)/6:7/6:3

2007 Рожер Федерер (Шва) - Рафаел Надал (Шпа) 7:6(9:7)/4:6/7:6(7:3)/2:6/6:2

ЖЕНИ

1988 Штефи Граф (Гер) - Мартина Навратилова (САД) 5:7/6:2/6:1

1989 Штефи Граф (Гер) - Мартина Навратилова (САД) 6:2/6:7/6:1

1990 Мартина Навратилова (САД) - Зина Герисон (САД) 6:4/6:1

1991 Штефи Граф (Гер) - Габриела Сабатини (Арг) 6:4/3:6/8:6

1992 Штефи Граф (Гер) - Моника Селеш (Југ) 6:2/6:1

1993 Штефи Граф (Гер) - Јана Новотна (Чеш) 7:6/1:6/6:4

1994 Кончита Мартинез (Шпа) - Мартина Навратилова (САД) 6:4/3:6/6:3

1995 Штефи Граф (Гер) - Аранча Санчез Викарио (Шпа) 4:6/6:1/7:5

1996 Штефи Граф (Гер) - Аранча Санчез Викарио (Шпа) 6:3/7:5

1997 Мартина Хингис (Шва) - Јана Новотна (Чеш) 2:6/6:3/6:3

1998 Јана Новотна (Чеш) - Натали Тозија (Фра) 6:4/7:6(7:2)

1999 Линдзи Девенпорт (САД) - Штефи Граф (Гер) 6:4/7:5

2000 Венус Вилијамс (САД) - Линдзи Девенпорт (САД) 6:3/7:6(7:3)

2001 Венус Вилијамс (САД) - Жастин Анен (Бел) 6:1/3:6/6:0

2002 Серена Вилијамс (САД) - Венус Вилијамс (САД) 7:6(7:4)/6:3

2003 Серена Вилијамс (САД) - Венус Вилијамс (САД) 4:6/6:4/6:2

2004 Марија Шарапова (Рус) - Серена Вилијамс (САД) 6:1/6:4

2005 Венус Вилијамс (САД) - Линдзи Девенпорт (САД) 4:6/7:6(7:4)/9:7

2006 Амели Морезмо (Фра) - Жастин Анен (Бел) 2:6/6:3/6:4

2007 Венус Вилијамс (САД) - Марион Бартоли (Фра) 6:4/6:1

ГЕМ, СЕТ, МЕЧ

Рафаел Надал вели дека ќе се инспирира од светскиот голфер број 1 Тајгер Вудс во трката за првата титула од Вимблдон. 22-годишниот Шпанец ја освои првата титула на трева на Квинс Клаб минатата недела и е главен конк*рент на Рожер Федерер на овогодишниот турнир. "Вудс секогаш игра со неверојатна посветеност во вистинските моменти. Немам идол, но тој можеби е спортистот кој најмногу го почитувам", вели Надал.

Британскиот број 1, Енди Мареј, вели дека тревата на Вимблдон е побрза од претходно што може да му помогне на турнирот. "Последните неколку дена тренирав на терените и тие беа побрзи и тоа е одлично. Сега сум во најдобрата форма во мојот живот пред гренд слем турнир", додава 21-годишниот Мареј.

Поранешната шампионка Мартина Хингис вели дека Ана Ивановиќ е главна фаворитка за титулата на Вимблдон оваа година, по пензионирањето на Жастин Анен. "Ивановиќ е полна со самодоверба по победата на Ролан Гарос. Анен е во пензија, Морезмо немаше добра сезона, но на трева секој може да победи. Сите беа шокирани од пензионирањето на Жастин и нејзините причини. Таа беше една од последните мали воини во женскиот тенис", вели 27-годишната Хингис, која ја освои титулата во 1997 со победа над Јана Новотна.

Трите најдобри светски тенисери, Рожер Федерер, Рафаел Надал и Новак Ѓоковиќ се избрани со двегодишен мандат во Играчкиот совет на АТП, што е изненадувачки знаејќи дека најдобрите светски тенисери претходно ретко се кандидираа за оваа позиција. "Мислам дека тоа е одлично. Решивме дека тоа е најдобро за спортот, да бидеме обединети и да направиме добри одлуки за нас и за сите останати. Мораме да ги браниме нашите интереси", изјави Ѓоковиќ. Триото е незадоволно од одлуките на претседателот на АТП, Етјен де Вилиер, чиј договор завршува оваа година.

Фрустрираниот Енди Родик го фрли својот рекет во канта за ѓубре во саботата покажувајќи став за неговата форма. "Се мразам себеси! Не можам да издржам", велеше Родик. Американецот беше финалист на Вимблдон во 2004 и 2005, но оваа година е само шести носител. "Федерер, Надал и Ѓоковиќ се поставија како главни фаворити, но јас би требало да сум веднаш зад нив", потоа коментираше Родик.

Деветкратната Вимблдон шампионка Мартина Навратилова побара доживотна суспензија за тенисерите кои губат мечеви намерно. "Не мислам дека местењето мечеви има долга историја во тенисот, но навистина е тешко да се оцени. Најдобар начин да се излезе на крај со тоа е да се воведат остри казни. Ако некој го направи тоа, треба да си оди засекогаш", вели Навратилова.

 
    Copyright © 2004 Македонски Спорт 2004
Ne sum pijan, samo lezam na zemja i se raduvam....
Кон врв
La Ninja Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
She Hulk

Регистриран: 13.Јуни.2006
Статус: Офлајн
Поени: 1605
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај La Ninja Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 25.Јуни.2008 во 16:59

ТЕНИС - ИТФ ТУРНИР ВО СРБИЈА

Деари и Мартиноски на главниот турнир

Шендрит Деари преку квалификациите и Илија Мартиноски (директно) се нашите единствени претставници кои играат на главниот турнирот во Србија, во Белград. Во првото коло Деари ќе игра против Р. Родригез (Шпа), додека Мартиноски за противник го доби И. Горчиќ (БиХ).

Во двојки Деари/ Мартиноски во 1. коло играат против Марчек/ Савковиќ (Срб).

Претходно, Деари мораше да мине три квалификациски кола. Во првото го доби Г. Комљеновиќ (Срб) со 6/0, 6/0, во второто А. Влаовиќ (Срб) со 6/1, 6/3 и во третото Ј. Зељковиќ (Срб) со 6/1, 6/3).

Страте Крстевски како и Васко Здравкин ја немаа таа среќа. Крстевски беше поразен во 3. коло од И. Ѓурѓевиќ (Срб) со 6/3, 6/1) иако во првите две забележа победа, против С. Војниќ (Срб) со 6/0, 6/2 и во второто против Д. Савковиќ (Срб) со 6/4 и6/3, додека Здравкин уште на стартот загуби од Д. Живановиќ (Аус) со 7/5 и 6/3).

ДП НА МАКЕДОНИЈА (18 ГОД)

Титулите за Јосифоска и Деспотовски

Со финалните натпревари и официјално заврши ДП на Македонија за играчи од 18 години што се одржуваше на терените на ТК "Југ" во Скопје, на кое настапија 28 јуниори и 11 јуниорки.

Кај девојките државен порвак очекувано стана А. Јосифоска (АС) која со 6/1 и 6/2 ја доби Л. Ѓорчевска (Југ), додека кај јуниорите Д. Деспотовски (Југ) беше подобар од својот клупски другар Д. Ристовски (Југ) со 7/6 и 6/2

ИТФ РАНГ ЛИСТА

Јотовски го држи чекорот

Најновата ИТФ ранг-листа за Томислав Јотовски не донесе некои позериозни промени. И натаму котира меѓу 90 најдобри тенисери во светот, меѓу јуниорите, поточно на 88. позиција, С. Мицов е на 779. место, Д. Деспотовски на 1291., а В. Јосифовски на 1368. позиција.

Кај јуниорките Јосифоска не попушта. Останува на иста или приближно истите позиции, на 228. место, И. Лепчевска на 1015., додека В. Андонова на 1494.

Русевски и Магдинчев во Скопје

Нашите два најдобри рекети, Предраг Русевски и Лазар Магдинчев, по елиминацијата на турнирот во Полска, се вратија во Скопје.

Деновите до следните настапи главно ги минуваат на терените на ТК "Југ" во градскиот парк, каде неуморно тренираат.

 
Ne sum pijan, samo lezam na zemja i se raduvam....
Кон врв
гoстин Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 29.Февруари.2008
Статус: Офлајн
Поени: 7557
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај гoстин Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 25.Јуни.2008 во 17:58
Сафин го елиминира Ѓоковиќ од Вимблдон

Третиот тенисер на светот, Србинот Новак Ѓоковиќ, загуби денеска во второто коло на турнирот во Вимблдон од 75-от играч на АТП листата, Русинот Марат Сафин, со 3:0, по сетови 6:4, 7:6 и 6:2.

Во првиот сет Ѓоковиќ имаше лоша реализација на втор сервис, што Сафин успешно го искористи и после два брејка поведе со 1:0.

Во вториот сет, Сафин поведе со 6:1, меѓутоа Ѓоковиќ успеа да се врати во игра и да изедначи на 6:6. Сепак Сафин беше подобар во тај брејкот и го освои сетот со 7:3.

На почетокот на третиот сет Сафин направи брејк и поведе со 3:1. Ѓоковиќ имаше реализација на првиот сервис од дури 83%, меѓутоа не го искористи.

Сафин направи уште два брејка и го доби последниот сет со 6:2.

Во третото коло Сафин ќе игра со Италијанецот Андреас Сепи.

Кон врв
гoстин Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 29.Февруари.2008
Статус: Офлајн
Поени: 7557
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај гoстин Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 26.Јуни.2008 во 20:04
Шарапова и Блејк елиминирани од Вимблдон

Елиминацијата на Марија Шарапова и на Џејмс Блејк го потцртаа досегашниот тек на денот на тенискиот турнир во Вимблдон. Од главните фаворити минаа второрангираните Рафаел Надал и Јелена Јанковиќ.

Не само што не успеа да го поправи ефектот од „Ролан гарос“, туку Шарапова не успеа да стигне ниту до третото коло на тенискиот „Гренд слем“ во Вимблдон.

Третата фаворитка го загуби мечот во втората рунда со сонародничката Кудјавцева, и тоа доста убедливо, 6:2 и 6:4.

Втората носителка Јелена Јанковиќ немаше проблеми против Шпанката Наваро, 6:1 и 6:3.

Од првите десет во третата етапа ќе играат и Венус Вилијамс и Динара Сафина.

Венус која е седма фаворитка ја совлада Кеотавонг со 7:5 и 6:2, а Сафина која фигурира на деветото место на фаворитската скала беше подобра од Су Веио со 6:3 и 6:2.

Кај мажите по вчерашното испаѓање на Новак Ѓоковиќ, на трибините денеска замина уште еден тенисер од првата десетка.

Деветтиот носител Џејмс Блејк претрпе пораз од Шутлер од Германија со 3:2 во сетотви.

Вториот светски рекет Рафаел Надал го загуби првиот сте против Гулбис со 7:5, но потоа одигра уште три за место во наредната рунда.

Понатаму оди и домашната надеж Енди Мареј. Дванаесетиот фаворит го победи Малис со 6:4, 6:2 и 6:2.

Успешни беа и Степанек, Јужни, Хас, Кифер, Малис, Клеман.

Кон врв
La Ninja Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
She Hulk

Регистриран: 13.Јуни.2006
Статус: Офлајн
Поени: 1605
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај La Ninja Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 01.Јули.2008 во 17:11

ТЕНИС - ВТОРАТА НЕДЕЛА НА ВИМБЛДОН ЗАПОЧНА СО НОВО ИЗНЕНАДУВАЊЕ

Анчиќ ќе го предизвика Рожер, Јанковиќ потклекна

Рожер Федерер и Рафаел Надал немаат милост на Вимблдон. Федерер покажа дека тревата е негова подлога откако со 7:6/6:2/6:4 го совлада поранешниот шампион, Австралиецот Лејтон Хјуит, додека Надал, кој последните две години загуби во финалињата од Швајцарецот, го уништи 17. носител, Русинот Михаил Јужни со 6:3/6:3/6:1.

Во дуел на единствените двајца поранешни шампиони од Лондон, Федерер немаше проблеми да ја продолжи серијата на 63 победи на трева.

"Сервирав добро и тоа е важно кога играш против Лејтон. Но, сепак мислам дека тој се мачеше со колкот", вели Швајцарецот, кој оди на шеста титула по ред.

Единствен тенисер кој тоа го има направено е Вилијам Реншоу од 1881 до 1886. Но, откако ја освои првата титула, Реншоу мораше да игра само еден меч за да ги одбрани титулите следните пет години.

Во 1/4 финалето го чека Хрватот Марио Анчиќ, последниот тенисер кој го совладал на Вимблдон. Анчиќ во можеби најдобриот меч на турнирот со 3:6/4:6/6:3/6:4/13:11 го совлада Шпанецот Фернандо Вердаско по неверојатни 3 часа и 49 минути. Третиот сет траеше 1 час и 35 минути. Анчиќ го победи Федерер во првото коло во 2002, а Федерер се одмазди со победа во 1/4 финалето во 2006.

"Мислам дека мечот беше навистина неверојатен. Сега можам да седам тука и да кажувам колку добра беше победата против Рожер, но тоа не беше Рожер Федерер кој го знаме сега", вели Анчиќ.

Во друг драматичен меч, Шпанецот Фелисијано Лопез спаси три меч топки пред да го елиминира 10. носител Маркос Багдатис со 5:7/6:2/3:6/7:6/8:6. 26-годишниот левучар Лопез беше пред пораз откако губеше со 4:5 и 0:40 во последниот сет, но спаси три меч топки, од кои последната со ас, за потоа да направи брејк и да сервира за победа.

"Кога сте во четвртфиналето мислите напред. Сакам да се фокусирам на следното коло и на ништо друго", вели Лопез, кој веќе беше во четвртфиналето на Вимблдон во 2005.

ЈАНКОВИЌ НЕ ИЗДРЖА, СЕСТРИТЕ ВИЛИЈАМС ВО ЕЛЕМЕНТ

Тамарине Танасугарн конечно го помина четвртото коло на Вимблдон. Тенисерката од Тајланд го направи последното изненадување на третиот гренд слем во 2008, нокаутирајќи ја втората носителка Јелена Јанковиќ со 6:3/6:2. Додека Јанковиќ стана последната од топ 3 носителките кои се во аут на гренд слемот на трева, Венус и Серена Вилијамс направија уште еден чекор до можно саботно финале. Танасугарн стигна до четвртото коло на Вимблдон шест пати, но овојпат Тајланѓанката, која со 31 година е најстарата тенисерка на турнирот, направи изненадување.

"Уф, уф, уф. Навистина добро чувство. Само излегов и ја играв мојата игра", вели Танасугарн.

Работите тргнаа добро за Танасугарн откако Јанковиќ го истегна левото колено во текот на третото коло во саботата. Србинката, која стигна до полуфиналето на Ролан Гарос, беше неизвесна за мечот. Таа направи 19 неизнудени грешки.

Со поразот на Јанковиќ се комплетираше ситуација во која за првпат во 40 години од Опен Ерата првите три носителки се во аут пред четвртфиналето, откако загубија и Ана Ивановиќ и Марија Шарапова.

Наградата за Танасугарн ќе биде 1/4 финале против актуелната шампионка Венус Вилијамс, која имаше релативно лесна 6:3/6:4 победа над руската тинејџерка Алиса Клејбанова. Венус ја брка петтата титула на Вимблдон и нема загубено сет во четири кола. Таа има неверојатен 55-7 скор на Вимблдон.

"Ова е најважниот турнир во тенисот и мислам дека престижот ми дозволува да уживам. Едноставно се е добро тука", вели Венус, која има 6-0 скор против Танасугарн.

Нејзината сестра, шестата носителка Серена следуваше по Венус на Теренот Број 2, наречен "Гробишта на шампионите", поради долгата историја на изнендувања, и таа лесно стигна до 6:3/6:3 победа над сонародничката Бетани Матек, која за првпат во кариерата стигна до четвртото коло на гренд слем турнир.

Поради ново изненадување, Серена ќе игра со 14. носителка Агниешка Радванска од Полска, која во драматичен меч со 6:4/1:6/7:5 ја совлада 4. носителка Светлана Кузнецова.

Во 1/4 финалето е и најголемото изненадување на турнирот, Кинеската Жи Женг, која ја елиминираше првата носителка Ивановиќ, а сега со 6:3/6:4 ја совлада 15. носителка Агнес Шавај. Женг ќе се обиде да ја продолжи серијата против 18. носителка Никол Ваидишова, која со 4:6/7:6/6:3 ја совлада 8. носителка Ана Чакветадзе.

21. носителка Надја Петрова за првпат од 2005 е во 1/4 финалето на Вимблдон со 6:1/6:4 победа над руската сонародничка Ала Кудрјавцева, а следна за неа е петтата носителка Елена Дементиева (највисоката носителка сега), која со 6:2/6:1 ја збриша Шахар Пеер.

ВИМБЛДОН ШАМПИОНАТ, ЛОНДОН, 11.812.000Ф

РЕЗУЛТАТИ:

МАЖИ, 4.КОЛО


(1) Федерер - (20) Хјуит 7:6(9:7)/6:2/6:4

(2) Надал - (17) Јужни 6:3/6:3/6:1

(8) Гаске - (12) Мареј 7:5/6:3/6:7(3:7)/2:6/1:3 синоќа

(31) Ф.Лопез - (10) Багдатис 5:7/6:2/3:6/7:6(7:4)/8:6

Сафин - (13) Вавринка 6:4/6:3/5:7/6:1

Анчиќ - (22) Вердаско 3:6/4:6/6:3/6:4/13:11

Шутлер - Типсаревиќ 6:4/3:6/6:4/7:6(7:4)

Клемен - Чилиќ 6:3/7:5/6:2

ЖЕНИ, 4.КОЛО

Танасугарн - (2) Јанковиќ 6:3/6:2

(14) А.Радванска - (4) Кузнецова 6:4/1:6/7:5

(5) Дементиева - (24) Пеер 6:2/6:1

(6) С.Вилијамс - Матек 6:3/6:3

(7) В.Вилијамс - Клејбанова 6:3/6:4

(18) Ваидишова - (8) Чакветадзе 4:6/7:6(7:0)/6:3

Женг - (15) Шавај 6:3/6:4

(21) Петрова - Кудрјавцева 6:1/6:4

МАЖИ - ДВОЈКИ, 3.КОЛО

(2) Нестор/Зимоњиќ - (14) Мирни/Џ.Мареј 6:2/7:5/6:3

(3) Ерлих/Рам - (16) Бенето/Махут 4:6/6:7(4:7)/7:6(7:5)/6:3/6:4

(8) Бјоркман/Алјет - Ф.Лопез/Вердаско пред.

(9) Длоухи/Паес - Перот/Полашек 7:6(7:2)/7:6(8:6)/6:4

Андерсон/Линдштед - (12) Мело/Са пред.

ЖЕНИ - ДВОЈКИ, 3.КОЛО

(16) Рејмонд/Стосур - (3) Печке/Стабс 6:2/7:6(7:3)

(11) С.Вилијамс/В.Вилијамс - (5) Медина Гаригес/Руано Пасквал 6:1/6:4

(6) Азаренка/Пеер - (10) Сафина/Шавај 7:5/6:4

Макарова/Сфар - (9) Јан/Женг 7:5/6:4

(13) Матек/Мирза - Аманмурадова/Кустова 4:6/6:4/2:0 пред.

Деши/Делаква - Копс-Џонс/Спирс 6:3/7:6(11:9)

МЕШАНИ ДВОЈКИ, 2.КОЛО

(12) Џ.Мареј/Хубер - Турсунов/Петрова 6:2/2:6/9:7

(14) Дам/Пенг - Каљери/Канепи пред.

Мирни/Говорцова - (15) Кеце/Ухлирова 4:6/6:4/6:1

Б.Брајан/Стосур - (16) Кер/К.Бондаренко 6:0/7:5

ЈУНИОРИ, 1.КОЛО

(9) Димитров - Рола 7:6(8:6)/6:3

(10) Штебе - Томпсон 6:1/6:2

Томас - (13) Гофан 5:7/6:1/6:3

(15) Вилис - Мичини 6:3/3:6/11:9

Кокс - Ндиманде 6:2/4:6/6:2

Рунгкат - Марсалек 3:6/7:5/6:1

Пропоџа - Пуц 6:4/3:6/11:9

Истон - Морија 6:4/4:6/6:4

Ехара - Бритон 6:3/6:7(2:7)/6:4

Крајиновиќ - Драгања 6:4/7:5

Руфан - Крепалди 6:4/6:1

Континен - Фолие 7:6(7:5)/7:6(7:3)

Ланг - Пофли 6:3/6:4

Раноич - Чодри 6:4/7:6(7:5)

Сметхарст - Папасидеро 6:3/6:3

ЈУНИОРКИ, 1.КОЛО

(1) Удин - Ишизу 6:1/6:2

(3) Лертчивакарн - Линхова 4:6/6:0/6:1

(6) Мур - Венкатеш 4:6/6:3/6:1

(12) Хофманова - Дабровски 6:1/6:1

Јамасото - (13) Ромпиес 6:7(3:7)/6:1/6:2

(14) Черњакова - Наратана 6:2/6:3

(16) Питер - Кертис 6:4/6:0

Гумулја - Лалами 2:6/6:4/6:4

Табакова - Реј 6:0/6:4

Калдервуд - Инуе 6:7(5:7)/7:6(7:0)/6:4

Борецка - Канингем 7:5/6:2

Виндли - Вандевеге 6:2/7:5

Тревизан - Бучина 6:4/4:6/6:3

Хендлер - Шала 6:3/4:6/6:1

Робсон - Гварачи 6:0/6:4

ДЕНЕСКА НА ВИМБЛДОН

ЖЕНИ, 1/4 ФИНАЛЕ


(5) Елена Дементиева - (21) Надја Петрова

(6) Серена Вилијамс - (14) Агниешка Радванска

(7) Венус Вилијамс - Тамарине Танасугарн

(18) Никол Ваидишова - Жи Женг

МАЖИ - ДВОЈКИ, 1/4 ФИНАЛЕ

(1) Б.Брајан/М.Брајан - Гранољерс-Пухол/Вентура

(2) Нестор/Зимоњиќ - Андерсон/Линдштед

(3) Ерлих/Визнер - (9) Длоухи/Паес

(8) Бјоркман/Алјет - Печнер/Пеја

Јелена "играше на паркинг", Федерер дека не смеат да "плачат"

Поразот на Вимблдон ја изнервира Јелена Јанковиќ, по што реши да ги критикува организаторите на Вимблдон поради тоа што го играла четвртото коло "скоро на паркинг". Србинката загуби од Тамарине Танасугарн на 18. терен, по што иронично изјави дека и требал хеликоптер да стигне до теренот. Теренот 18 е во близина на медиумскиот центар на Ол Ингланд Клубот и се смета за добар терен бидејќи има ТВ пренос.

"Како да играв на паркинг! Не знам што прават. Ја ставаат Венус на терен број 2, јас сум на терен број 18. Немаше никаква причина за тоа", вели Јанковиќ.

Србинката не е прва тенисерка која се жали на тоа што не е на главните два терени. Сестрите Вилијамс четвртото коло го комплетираа на Теренот Број 2, каде што играа и во второто коло. Венус се воздржа од коментарите, но Серена не беше толку културна.

"Прво мислев дека постои грешка дека двете ќе играме на тој терен", се мурти Серена.

Светскиот број 1 Рожер Федерер пак вели дека тенисерите мораат да престанат со пожалбите и дека треба да играат тенис.

"Пит Сампрас играше на Теренот Број 2 откако победи седум пати. Кој заслужува тука нешто? На крајот тоа е одлука на клубот, а можат да не стават и на тренинг-терените и тоа мораме да го прифатиме. Јас не би бил разочаран да играм на Теренот Број 2, бидејќи таму си поблиску до публиката", вели Федерер, кој последен пат играл надвор од првите два терени во 1/4 финалето во 2003 против Холанѓанецот Сјенг Шалкен пред да ја освои својата прва титула.

Ne sum pijan, samo lezam na zemja i se raduvam....
Кон врв
La Ninja Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
She Hulk

Регистриран: 13.Јуни.2006
Статус: Офлајн
Поени: 1605
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај La Ninja Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 04.Јули.2008 во 16:41

ТЕНИС - САМО ДОЖДОТ БЕШЕ ПРЕЧКА ЗА ТРЕТО ФИНАЛЕ ПОМЕЃУ СЕСТРИТЕ ВИЛИЈАМС

"Вилијамс Експрес" во ново Вимблдон финале

Серена Вилијамс ќе игра против својата сестра Венус по третпат во финале на Вимблдон, откако ја прекрати неверојатната серија на Кинеската Женг Жи со 6:2/7:6(7:5) победа. Шестата носителка стигна до 5:2 водство во првиот сет пред дождот да ги натера тенисерките надвор од теренот, но кога се вратија Вилијамс го зеде првиот сет, но Женг се врати и по уште една пауза поради дожд имаше момент во кој може да го израмни мечот.

Женг се бореше до крај, враќајќи се од 5:2 негатива во тај-брејкот до 5:5, но двократната шампионка Вилијамс ја запечати победата. Импресивниот сервис на Вилијамс и донесе ас и меч топка, пред Женг да направи двојна сервис грешка за крај на мечот.

"Таа дефинитивно ме туркаше до крај. Одигра одличен меч и немаше што да загуби. Секогаш е забавно кога е така. Не сакав да одам во три сета", вели Вилијамс.

Американката стигна до своето прво гренд слем финале по Австралискиот Опен минатата година и прво против нејзината постара сестра од Вимблдон во 2003.

"Среќна сум што сум во гренд слем финале, но сакам повеќе од тоа. Венус е тешка противничка, можеби најтешката која сум ја имала", вели Серена.

Женг ја совлада првата носителка Ана Ивановиќ и уште две носителки на патот до полуфиналето, каде што е прва Кинеска во историјата. На почетокот нервозата ја фати Кинеската и Вилијамс со 14 директни победнички топки го освои првиот сет.

ВЕНУС ЕКСПРЕСНО ПРЕКУ ДЕМЕНТИЕВА

Венус Вилијамс пак е на една победа за петта титула во Лондон откако ја совлада Русинката Елена Дементиева во два сета со 6:1/7:6. Откако ја прегази противничката во првиот сет, постарата сестра Вилијамс се намачи во вториот сет, но секогаш имаше малку повеќе од противничката која дебитираше во полуфиналето на Вимблдон.

"Таа е слична тенисерка на мене со многу моќ, но знаев дека ќе морам да бидам малку подобра. Беше важно да останам стабилна пред тај-брејкот. Ова е мое седмо финале и навистина е добро што ќе играм против мојата сестра", вели постарата Вилијамс.

Таа ги отфрли тврдењата дека мечевите помеѓу сестрите не се добри, бидејќи недостаток на натпреварувачки дух, инсистирајќи дека блиската врска со сестрата Серена не ја намалува желбата за нова титула.

"Нашата цел е да се стигне до финалето, но потоа е секој Вилијамс за себе", вели Венус.

Дементиева призна дека се мачеше со квалитетот на играта на Вилијамс во првиот сет.

"Таа почна навистина добро, доминираше и направи притисок на мој сервис. Венус сака да игра силно и ова е одлична подлога за неа. Се обидував да најдам слабост во играта и затоа вториот сет беше целосно поинаков", вели Дементиева.

ШУТЛЕР ПО ДРАМАТИЧНИ ПЕТ СЕТА ВО ПОЛУФИНАЛЕ

Раинер Шутлер мораше да почека за да постави интересно полуфинале против Рафаел Надал. Во маратонскиот меч кој траше повеќе од пет часа во два дена, Шутлер стигна до 6:3/5:6/7:6/6:7/8:6 победа над Французинот Арну Клемен.

Ова е само вторпат во 38 обиди 32-годишниот Шутлер да влезе во полуфинале на гренд слем турнир, токако во 2003 година загуби во финалето на Австралискиот Опен во 2003 од Андре Агаси. Повеќе од пет години Шутлер ќе има пеколен предизвик против вториот носител Надал, кој загуби само еден од 16 сета во првите пет меча на Ол Ингланд Клубот.

Во меч со бројни промени на балансот, Шутлер изгледаше во контрола откако победи во третиот сет во тај-брејк и поведе со 4:1 во четвртиот сет, но загуби брејк на шестиот гем и Клемен се врати во мечот. Шутлер остана стабилен иако Клемен поведе со 2:0 во петтиот сет. Но, при 6:6 во петтиот сет, на 15:40 во 13. гем дождот повторно пристигна во Лондон и имаше втора пауза. Иако протестираше за паузата, таа на Шутлер му донесе свежина и ги освои следните два гема за победа.

30-годишниот Клемен исто така го бркаше своето второ гренд слем полуфинале, откако во 2001 година стигна до финалето на Австралискиот Опен, каде што и тој загуби од Агаси во три сета.

ВИМБЛДОН ШАМПИОНАТ, ЛОНДОН, 11.812.000Ф

РЕЗУЛТАТИ:

МАЖИ, 1/4 ФИНАЛЕ


Шутлер - Клемен 6:3/5:7/7:6(8:6)/6:7(7:9)/8:6

ЖЕНИ, 1/2 ФИНАЛЕ

(7) В.Вилијамс - (5) Дементиева 6:1/7:6(7:3)

(6) С.Вилијамс - Женг 6:2/7:6(7:5)

МАЖИ - ДВОЈКИ, 1/2 ФИНАЛЕ

(8) Бјоркман/Алјет - (1) Б.Брајан/М.Брајан 7:6(7:3)/5:7/7:6(7:5)/7:6(11:9)

(2) Нестор/Зимоњиќ - (9) Длоухи/Паес

МЕШАНИ ДВОЈКИ, 1/4 ФИНАЛЕ

(1) М.Брајан/Среботник - (5) Алјет/Сугијама

(3) Визнер/Печке - Андреев/Кириленко

(9) Рам/Деши - Б.Брајан/Стосур

ЈУНИОРИ, 1/4 ФИНАЛЕ

(1) Томич - (6) Куња 4:6/6:4/6:3

(9) Димитров - (3) Рамирез 6:3/7:5

Крајиновиќ - Томас 7:6(7:2)/6:4

Континен - Пропоџа 6:2/6:2

ЈУНИОРКИ, 1/4 ФИНАЛЕ

Хендлер - (2) Рус 7:6(7:4)/6:3

(3) Лертчивакарн - Броуди 6:7(6:8)/6:3/6:4

Табакова - (5) Херцог 6:4/6:1

Робсон - (9) Јовановски 7:5/6:4

Сафин среќен и изненаден

Русинот Марат Сафин вели дека помислил дека "целосно се загубил" откако се мачеше да се квалификува на турнирите. Тоа беше последното понижување за поранешниот светски број 1, кој зад себе има две гренд слем титули.

"Уморен сум од правење камбек секоја година", велеше Русинот.

Но, во средата, еден од најголемите фајтери во модерниот тенис стигна до своето прво полуфинале на Вимблдон со триумф над Шпанецот Фелисијано Лопез и сите маки со повредите и со темпераментот се исплатија.

"Изненаден сум што се уште сум тука. Почнав да си мислам дека веќе се загубив по лошата форма минатата година", вели Сафин.

Следен противник за него е Рожер Федерер, човекот со неверојатната серија на Вимблдон, и Сафин не очекува премногу. Федерер ќе се натпреварува во своето 17. последователно гренд слем полуфинале и знае колку Сафин може да биде опасен, иако лани го совлада во три сета.

"Никогаш не сум помислил дека Марат е 89. на светот. Тоа е навистина смешно и го знае и самиот. Сега покажува што знае. Најчудно е што тоа се случува на Вимблдон бидејќи никогаш не ја сакал подлогата", вели Федерер, на што Сафин одговара дека ако Федерер не мисли дека тој треба да е толку долу може да му "продаде неколку рејтинг поени".

28-годишниот Сафин има 2-8 скор против Федерер.

"Не е исто кога имаш 20 години и првпат си во гренд слем финале. Тогаш мислиш дека леташ, но сега е поинаку. Рожер е напат до својата седма титула, така што нивоата се поинакви. Бев рангиран 95. оваа година и морав да играм на квалификации за во Хамбург. Тоа е вистинското дно", вели Сафин.

Но, упорноста секогаш била на негова страна. Во 2000 тој го совлада Пит Сампрас во три сета за титулата од УС Опен по што беше прогласен за иднината на тенисот. Но, притисокот го направи своето, и следната гренд слем титула дојде против Лејтон Хјуит пет години подоцна на Австралискиот Опен.

"Пет години подоцна луѓето повторно зборуваат за тоа што се случува со мене. Сега не морам да одговарам на ништо", вели Сафин.

Морезмо не ја избраа во сингл, нема да оди во Пекинг

Амели Морезмо се повлече од Олимпијадата во Пекинг во четвртокот, бидејќи не беше избрана да се натпреварува во сингл. Поранешната светска тенисерка број 1 освои сребрен медал на ОИ во Атиан во 2004, но овојпат доби место само во двојки.

"Бидејќи Француската Федерација реши да не се натпреварувам за медал во сингл, и бидејќи морам да ја заддржам физичката подготвеност решив да не одам во Пекинг и да се концентрирам на последната цел оваа сезона - УС Опен", вели Морезмо на својот веб-сајт.

Морезмо, сега 33-рангирана вели дека одлуката на федерацијата ја дочекала со "тага, бидејќи натпреварувањето за мојата земја на последната Олимпијада за мене беше многу важна". На Вимблдон, каде што победи во 2006 година, Морезмо загуби од Серена Вилијамс во третото коло.

ГЕМ, СЕТ, МЕЧ

Рожер Федерер треба да внимава, бидејќи Рафаел Надал вели дека никогаш не играл подобро на трева. Откако последните две години загуби во финалето од Федерер, Надал стигна до полуфиналето со доминантна 6:3/6:2/6:4 победа над Енди Мареј. "Од што сум задоволен? Од се, навистина од се. Играм далеку подобро од лани. Слајсот е подобар, позицијата на теренот исто така, и играм доста агресивно. Лани беше блиску против Рожер и можев да го имам тој трофеј дома. Но, не сакам да мислам на тоа сега, бидејќи имам полуфинале пред мене", вели Надал, кој игра со Германецот Раинер Шутлер денеска.

Поразите на топ 4 тенисерките на Вимблдон релативно рано на турнирот е одлично за женскиот тенис, оценува шефот на ВТА лери Скот. Првпат откако се доделуваат носителски места на Вимблдон во 1927 година, ниту една од првите четири носителки не влегоа во четвртфиналето: Ана Ивановиќ, Марија Шарапова, Јелена Јанковиќ и Светлана Кузнецова. "Тоа само покажува колку длабочина има во женскиот тенис. Пред малку време можевте да предвидите кои тенисерки ќе бидат во финалето, а денеска тоа не е случај", вели Скот.

Маркос Багдатис предизвика вистинска бура на Кипар откако ја извести тениската федерација (ЦТФ) дека нема да игра во Дејвис Куп натпреварот против Португалија од 18 до 20 јули. Откако ја совладаа Словенија, Кипар, кои целосно се потпираат на играта на Багдатис ќе играат против фаворитите Португалија во плеј-оф за место во 1. група на Евро-африканската Зона. Оправдувањето на Багдатис е дека има пренатрупан календар, бидејќи треба да игра на УС Опен, на Олимпијадата во Пекинг и на турнирите во Монтреал и Синсинати.

Енди Мареј ќе има свој фаворит ако во недела во финалето играат Рожер Федерер и Рафаел Надал. И покрај тоа што доби "лекција" од Надал во четвртфиналето, тој ќе навива за него. "Мислам дека Надал има огромна шанса. Ако игра како против мене, тогаш Рожер нема да може да го сопре", вели Мареј.

Ne sum pijan, samo lezam na zemja i se raduvam....
Кон врв
гoстин Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 29.Февруари.2008
Статус: Офлајн
Поени: 7557
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај гoстин Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 04.Јули.2008 во 23:45
Wimblden Finale: Federer - Nadal

Кон врв
da be Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 20.Јуни.2008
Статус: Офлајн
Поени: 101
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај da be Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 06.Јули.2008 во 22:20
Кон врв
гoстин Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 29.Февруари.2008
Статус: Офлајн
Поени: 7557
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај гoстин Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 06.Јули.2008 во 22:36
sreka

Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 23456 14>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 1,531 секунди.