|
Tенис |
Внеси реплика | страница <1 121314 |
Автор | |
LiDivio
Модератор Регистриран: 19.Мај.2010 Статус: Офлајн Поени: 7265 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Србија шампион !!!Три дана и пет тешких битака било је потребно тенисерима Србије да освоје Дејвис куп. Највећи успех српског тениса остварен је победом над Француском у финалу, резултатом 3:2. Новак донео два бода репрезентацији, одлучујући поен донео Троицки. Србија слави хероје тријумфа над Французима у финалу Дејвис купа, Новака Ђоковића и Виктора Троицког, док су честитке заслужили и Ненад Зимоњић и Јанко Типсаревић. Најбољи српски тенисер је првог дана финала победио Жила Симона са 3:0 по сетовима, да би у недељу савладао и најбољег француског играча Гаела Монфиса, идентечним резултатом. Претходно су своје мечеве избугили Јанко Типсаревић у синглу, и Троицки и Зимоњић у дублу. Типсаревић је првог дана поражен од Монфиса са 3:0. Иако се жестоко борио, српски тенисер није могао да парира одлчичном француском тенисеру. Од пораза у синглу, више је бринуо неуспех Троицког и Зимоњића у дублу. После велике борбе српски двојац је морао да капитулира пред француским паром Љодра-Клемон. У последњи дан окршаја Французи су ушли са бодом предности и била им је потребна још једна победа за освајање "салатаре". Тада на сцену прво ступа Новак Ђоковић, који је маестралном игром савладао Гаела Монфиса са 3:0. Најбољи српски тенисер је направио сјају увертиру за одлучујући пети меч. Новак је после победе одржао ватрен говор српским навијачима у Арени, позвавши их за велику подршку Виктору у мечу против Љодре. Навијачи су се одазвали на позив и громогласном подршком водили су Троицког до одлучујућег тријумфа. На крилима навијача, српски тенисер је играо скоро беспрекорно, не допустивши ни трунку шансе Љодри да угрози победу. После одлучујућег поена у хали је настао "земљортес", Србија је постала шампион света у тенису. Славље је почело уз звуке песме "Марш на Дрину". И док је публика поносно певала речи песме, српски тенисери и стручни штаб одржали су обећање и ошишали се до главе. "Ћелавци" су са навијачима наставили да славе највећи успех српског тениса. Ипак најсвечанији моменат је настао код званичног проглашења победника, када је цела хала певала српску химну. Српски селектор Богдан Обрадовић је подигао трофеј, популарну "салатару" намењен најбољој светској репрезентацији, а публика је и даље бучно поздрављала момке који су денели велику радост Србији. И на крају тенисери који су овим историјским успехом већ ушли у историју су Ненад, Јанко, Виктор и наравно Новак. Велике заслуге припадају и саветнику репрезентације Николи Пилићи, као и тренеру Богдану Обрадовићу. Србија данас слави "салатару", а од следеће сезоне ови момци крећу у одбрану трофеја. |
|
Renatax
Сениор Регистриран: 27.Декември.2008 Статус: Офлајн Поени: 11613 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Србија,Србија.....
|
|
Мирно движи се низ галамата и хаосот, секогаш имајќи на ум каков мир постои во тишината.
|
|
stigma04
Сениор Регистриран: 29.Март.2010 Статус: Офлајн Поени: 2661 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Федерер постави рекорд во Австралија
Минатогодишниот победник на гренд-слем турнирот во Мелбурн ја забележа 57. победа на ова тениско натпреварување и го надмина Стефан Едберг, кој имаше 56 триумфи Роџер Федерер е нов рекордер на Австралија опен. Ланската финалистка Жистен Анен испадна во 3. коло, најрано за неа на гренд-слем од Вимблдон 2005, а Каролине Вознијачки не им е веќе досадна на новинарите во Мелбурн. Петтиот ден на Отвореното првенство на Австралија мина во знакот на Федерер кој ја забележа 57. победа во Мелбурн и го урна рекордот на Стефан Едберг од 56 успеси. - Успехот е убав, но Стефан останува мој идол - рече актуелниот победник Федерер. Експресно во свој стил со 6-3, 6-3, 6-1 швајцарскиот ас го „преслуша“ Ксавиер Малисе и за пласман во четврт-финалето ќе игра со Томи Робредо. Федерер има 4 титули на Австралија опен, најмногу од сите активни тенисери и е сопственик на многу тениски рекорди. Најнов е овој во Мелбурн, а најзначаен е тој со 16 гренд-слем титули. За се има првпат, а сефте за лоши спомени и се случи на 4. носителка Винус Вилијамс. Седумкратната гренд-слем шампионка за првпат во кариерата предаде меч во поединечна конк*ренција на големите натпреварувања, а одигра само 6 минути против Андреа Петковиќ во 3. коло. Американката и претходно се жалеше на повреда на бутниот мускул и мораше да се откаже при резултат 0-1 во гејмови. Во аут е и ланската финалистка Жистен Анен. И таа допатува на турнирот неподготвена, откако лани поради повреда на десното рамо не играше од јуни до крајот на сезоната. Вчера ја „докусури“ двојната гренд-слем шампионка Светлана Кузнецова со триумф од 6-4, 7-6(8). За Анен тоа е најрана елиминација од гренд-слем турнирите уште од Вимблдон 2005, кога сензационално уште на стартот Елени Данилиду ја исфрли од турнирот. - Направив премногу грешки, а неподготвеноста не е алиби за поразот - рече Анен. И таа како и Винус ќе остане на бројката од 7 гренд-слем титули барем до мај до „Ролан Гарос“. За разлика од нив засега сигурно гази првата носителка Каролине Вознијачки. Данката со 6-4, 6-3 ја елиминира упорната Доминика Цибулкова, а направи и пресврт кај новинарите. Претставниците на седмата сила се жалеа дека прес-конференциите со неа се здодевни, а Вознијачки одговори секогаш и поставуваат исти прашања. - Мене ми е забавно, бидејќи не можам да одговарам поинаку на исти прашања. Сега беше подобро и поставуваа поинакви прашања. Ме прашуваа за глобалното затоплување, за деновите кога свирев на пијано, какви момчиња ми се допаѓаат. Се надевам дека одговорите беа забавни - рече Вознијачки. Противничка за пласман во октетот најдобри ќе и биде Анастасија Севастова од Летонија. Од сенка повторување на успехот од 2008 во Мелбурн посакува Марија Шарапова. Во дуелот на две убавици популарната Маша ја надигра Јулија Гергес од Германија со 4-6, 6-4, 6-4. Во следното коло Шарапова пак ќе игра со германска претставничка, а од другата страна на мрежата ќе биде Андреа Петковиќ. |
|
Jas sum pepel tamu kade sto bev ogan
|
|
емил
Сениор зависник идивидовски Регистриран: 11.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 85186 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Најдобрите десет тенисерки од различни земји Првпат по воведувањето на ВТА-листата во 1975 година, најдобрите десет тенисерки се од различни земји. Каролине Вознијацки е најдобра светска тенисерка и доаѓа од Данска, а веднаш зад неа е Белгијанката Ким Клајстерс која во неделата триумфираше на Отвореното првенство на Австралија. Вера Звонарева од Русија ја комплетира најдобрата тројка. |
|
емил
Сениор зависник идивидовски Регистриран: 11.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 85186 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
АТП листа: Само една промена во Топ 10, македонските тенисери го подобрија својот пласман
Во пласманот на 10 најдобри тенисери на најновата АТП листа, објавена денеска забележана е само една промена, со оглед дека Николас Алмагро и Гаел Монфис ги заменија местата, така да Шпанецот моментално е на деветото, а Французинот на десетото место. Еве како изгледа "Топ-тен" во 'машкиот' тенис: 1. Рафаел Надал Шпанија 11 915 2. Новак Ѓоковиќ Србија 9 710 3. Рожер Федерер Швајцарија 8 690 4. Енди Мареј В.Британија 5 815 5. Робин Содерлинг Шведска 5 235 6. Давид Ферер Шпанија 4 330 7. Томаш Бердих Чешка 3 900 8. Јирген Мелцер Австрија 3 055 9. Николас Алмагро Шпанија 2 735 10. Гаел Монфис Франција 2 690. Македонските тенисери го подобрија својот ранкинг на најновата АТП ранг листа. Томислав Јотовски и понатаму е најдобро рангиран македонски тенисер, а по скокот од три позиции сега е на 1.271. место. Предраг Русевски напредуваше пет позиции, се до 1.522. позиција, додека Мицоф Стефан по скокот од 4. позици се искачи 1.610. место. |
|
емил
Сениор зависник идивидовски Регистриран: 11.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 85186 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Повторно дуел Надал - Ѓоковиќ, овој пат за титулата во Рим
Рафаел Надал-Ришар Гаске 7:5, 6:1 Во финалето на АТП Мастерс турнирот во Рим ќе играат Шпанецот Рафаел Надал и Србинот Новак Ѓоковиќ. Во првиот полуфинален меч на АТП турнирот во Рим, Рафаел Надал го совлада Ришар Гаске по 94 минути игра со 2:0, по сетови 7:5, 6:1. Голема борба беше забележана само во првиот дел од играта, кога Шпанецот успеа да спаси четири брејк топки за во самата завршница од сетот да ја искористи единствената шанса. Во тој момент скршен беше секој отпор на Французинот кој практично без борба го предаде вториот сет. По второто полуфинале, Србинот Новак Ѓоковиќ се пласираше во финалето на АТП Мастерс турнирот во Рим откако со 2:1 во сетови го совлада Енди Мареј, во веројатно најдобриот тениски меч во досегашниот дел од актуелната сезона. Мареј беше на чекор од победа, но Ѓоковиќ успеа да се извлече и со последните атоми од силата и по три часа и три минути игра да го реши мечот во своја полза.
Во недела од 16 часот и 15 минути по средноевропско време се игра мечот меѓу Рафаел Надал и Новак Ѓоковиќ за титулата најдобар на турнирот од Мастер серијата во Рим. Надал и Ѓоковиќ досега играа 26 пати, а шпанскиот тенисер води со 16:10 во победи. Сепак, последните три меча, сите три во финалињата на овогодинешните турнири (Индијан Велс, Мајами, Мадрид) ги доби Ѓоковиќ, кој за прв пат во претстолнината на Шпанија го совлада Надал на земја. Но, за разлика од тој меч, овој пат Србинот ќе има само околу 17 часа за одмор меѓу полуфиналниот и настапот во мечот за трофејот, додека најдобро рангираниот играч на светот има 24 часа на располагање да се подготви за финалето |
|
Lithium
Сениор Регистриран: 01.Декември.2008 Статус: Офлајн Поени: 9407 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Каков тенис се играше вчера во Париз, алал да им е на Федерер и на Надал. Сепак победи мојот фаворит
|
|
емил
Сениор зависник идивидовски Регистриран: 11.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 85186 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Титула за Азаренка
Викторија Азаренка триумфираше на ВТА турнирот во Луксембург, откако во финалето ја совлада Моника Лукулеску со 6:2, 6:2. Белорусинката немаше проблеми да излезе на крај со Романката, па по 75 минути борба стигна до својата трета титула сезонава. Азаренка, моментално трета тенисерка на светот, по овој триумф ќе биде една од главните кандидатки за ВТАА Мастерсот кој почнува во Истанбул следната недела. |
|
Calipso
Модератор Primarius Регистриран: 26.Мај.2009 Локација: Македонија Статус: Офлајн Поени: 44671 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Роџер Федерер победник на завршниот мастерс турнир во Лондон
Најуспешниот тенисер на сите времиња, Швајцарецот Роџер Федерер го освои завршниот АТП турнир во Лондон. Во финалето во „О2“ арената Федерер во исклучително возбудлив меч го совлада Жо Вилфред Цонга со 2:1 (6:3; 6:7; 6:3) „Три пати по ред губам од Роџер, едноставно тешко е да се победи овој извонреден играч“-изјави по поразот во финалето Цонга. За извонредниот Федерер мечот во Лондон беше 100 финален во кариерата во кој дојде до 70 победа. „Ова е сјајна сезона во која имав одлични мечеви со Цонга и се надевам дека ќе се сретнеме повторно на Олимпијадата тука во Лондон догодина. Беше напорен меч во кој за победа морав да го извлечам и последниот атом енергија“.-истакна победникот Федерер. |
|
На овој свет има само тројца мажи кои се спремни да те поддржат во тежок момент:
Jack Daniels, John Jameson и Johnnie Walker! |
|
емил
Сениор зависник идивидовски Регистриран: 11.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 85186 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
АЗАРЕНКА НОВ ЛИДЕР ВО ЖЕНСКИОТ ТЕНИСНовата шампионка на Отвореното првенство на Австралија, Викторија Азаренка од Белорусија, од денес е водечка на светската ранг листа WTA.Таа напредуваше за две места, а од прво на четврто место падна Каролина Возњацки од Данска.Русинката Марија Шарапова, која во саботата изгуби од Азаренка, напредуваше од четвртото место на третото, додека второто место го задржа Петра Квитова од ЧешкаTОП 10
|
|
Calipso
Модератор Primarius Регистриран: 26.Мај.2009 Локација: Македонија Статус: Офлајн Поени: 44671 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Федерер го „збриша“ Надал
Швајцарецот Рожер Федерер е вториот полуфиналист на АТП турнирот од Мастерс 1000 серијата во Индијан Велс откако во полуфуналето го совлада Рафаел Надал со 6-3, 6-4.
Федерер стигна до десеттата своја победа во 28-от меч со Надал по извонредна игра низ која во само 90 минути беше поуспешен од Шпанецот.
Во финалето швајцарскиот тенисер ќе се сретне со Американецот Џон Иснер кој пак беше поуспешен од најдобриот светски тенисер Новак Ѓоковиќ.
|
|
На овој свет има само тројца мажи кои се спремни да те поддржат во тежок момент:
Jack Daniels, John Jameson и Johnnie Walker! |
|
Calipso
Модератор Primarius Регистриран: 26.Мај.2009 Локација: Македонија Статус: Офлајн Поени: 44671 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Федерер триумфираше на Индијан ВелсФедерер во финалето го победи Американецот Џон Иснер со 2-0 во сетови за 1:33 минути игра. Првиот сет беше тежок, се играше точно 1:05 минути, а Швајцарецот го доби со 7-6 по тајбрејкот (9-7). Изгледа дека ова беше исцрпувачки сет за Иснер, па така вториот сет го загуби 6-3 за време од 28 минути. Иснер беше изненадување на овој турнир, кој во полуфиналето го изненади првиот тенисер во светот, Новак Ѓоковиќ со 2-1 по сетови, додека пак Федерер во полуфиналето го совлада Рафаел Надал со убедливи 2-0. Со 4-ти триумф на овие терени, Федерер освои 1 000 ATP поени и награда од 1 000 000 долари, и полека му се приближува на Рафаел Надал во битка за втората позиција. |
|
На овој свет има само тројца мажи кои се спремни да те поддржат во тежок момент:
Jack Daniels, John Jameson и Johnnie Walker! |
|
LiDivio
Модератор Регистриран: 19.Мај.2010 Статус: Офлајн Поени: 7265 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Марија Шарапова триумфираше на Ролан Гарос 2014. со победата над Симона Халеп со 2:1 во сетови..
|
|
Blue Scarlet
Модератор Амазонка Регистриран: 03.Ноември.2009 Статус: Офлајн Поени: 9011 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Новак Ѓоковиќ се врати на врвот на АТП листата ...
Нова победа на Вимблдон каде во финалето го совлада Федерер во меч кој траеше четири часа со 3:2 во сетови ..... Ова е вториот трофеј на Ѓоковиќ на „неофицијалното светско првенство во тенис“ Гренд Слем Турнирот Вимблдон ... Интересно е што во меѓусебните дуели досега резултатот е 18:17 за швајцарецот ....
|
|
Lupus non mordet lupum.
Vulneratus non victus! |
|
Внеси реплика | страница <1 121314 |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |