IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Здравје > Исхрана и кулинарство
  Активни теми Активни теми RSS - Кои сладоледи ви се најубави
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Кои сладоледи ви се најубави

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 1112131415>
Автор
Порака
pajser Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
kloshar

Регистриран: 04.Март.2011
Локација: Lao People's Dem. Rep.
Статус: Офлајн
Поени: 13899
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај pajser Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 05.Јуни.2014 во 08:52
nesluchajno ne veruvam vo sluchajnosti<>sekoja sluchajnost e kontrolirana
Кон врв
BIBI_G_3 Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
СТАРОСЕДЕЛЕЦ

Регистриран: 21.Август.2013
Статус: Офлајн
Поени: 2372
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај BIBI_G_3 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 05.Јуни.2014 во 21:32
Исто Магнум ама оној со дупло чоколадо и сируп од капина...
Мхм мхм М!!!!
НЕПОПРАВЛИВ ОПТИМИСТ
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 16.Јуни.2014 во 08:51

Рецепт за најпопуларен сладолед од само три состојки


Кога станува збор за сладоледот како омилен десерт во лето ретко кога ни паѓа на памет сами да се впуштиме во авантура за домашна подготовка на ова ледено уживање.

На оваа идеја најчесто и пресудува фамата околу состојките кои ги сметаме за неопходни за миксање и подготовка. Кога ќе помислиме сами да си направиме сладолед веднаш сето тоа ни изгледа многу комплицирано, па поради тоа ние пронајдовме рецепт за кој се потребни само 3 состојки, а и нив во зависност од вкусот и расположението можете да ги менувате. 

Состојки (за 4 топки):

  • 1 банана
  • Јагоди
  • Свежи листови нане

Подготовка

Бананата и свежите јагоди замрзнете ги, потоа извадете ги од замрзнувачот и оставете ги неколку минути надвор на собна температура, само колку да можете да ги миксате (но нека остане поголемиот дел замрзнат)

Потоа миксајте ги во блендер додека не добиете густа смеса. Ако е потребно, додајте лажица, две вода. Додадете ги листовите нане и повторно измиксајте.

Ставете ја смесата во сад, поклопете и вратете ја во замрзнувачот. Ладете додека не стане цврста, но и да можете да вадите топки со лажица (сладоледот можете на секои 15 минути да го промешате и да го вратите во фрижидерот).

Совети:

1. Количината на јагоди и листови нане ставете ја по сопствен вкус, по желба сладоледот можете да го заблажите, но знајте дека бананата му дава природна сладост.

2. Ако не го изедете целиот сладолед можете да го вратите во замзнувачот, само пред повторно послужување извадете го да омекне.

3. Основата на овој сладолед е бананата додека останатите состојки можете да ги додавате и да ги менувате. Можете да додадете и вкус, како чоколадо, можеби и карамел, шлаг, различно овошје.

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 25.Јуни.2014 во 09:01

Пијани сладоледи за супер летна забава


одготвувањето коктели во чаши е веќе видено. Време е да ги изненадите и освежите пријателите со алкохолни коктел сладоледи.

pijani-sladoledi-za-super-letna-zabava-01

Вистинска забава во која ќе уживате и нема да броите кој колку чаши испил, туку ќе дозволите да ве поведе слаткото смрзнато задоволство. Ги има со најразлични рецепти и за сечиј вкус.

Повикајте го друштвото во вашиот двор или подгответе ги и изненадете ги на некоја плажа за време на летниот одмор. Верувајте дека ќе ви бидат благодарни.

Сè што ви е потребно е некакво овошје, некој алкохолен пијалак, калапчиња и добар замрзнувач.

Одберете си го омилениот пијан сладолед:

1. Бурбон-праска

Во блендер измешајте 2 чаши лимонада, 1 чаша сок од праска и 50 мл бурбон, ставете го во замрзнувач и оставете го во текот на ноќта.

pijani-sladoledi-za-super-letna-zabava-1.jpg


2. Минт-бурбон

Измешајте 2 чаши вода, 1 чаша кафеав шеќер, 1 чашка ментол и 1/3 чашка бурбон

pijani-sladoledi-za-super-letna-zabava-2.jpg


3. Tequila Sunrise

Сигурно сте го правеле коктелот во чаша. Потребни ви се истите состојки (2 чаши сок од ананас,3/4 чашка текила, 1/4 чашка гренадин) само замрзнати во калапчиња.

tequila-sunrise-ice-pops-R018967-ss.jpg


4. Киви и москато

Потребни ви се 2 киви, 2 лажици шеќер или мед, 1/2 чашка бело вино, 1/4 чаша вода.

pijani-sladoledi-za-super-letna-zabava-4.jpg


5. Џин и краставица

Во блендер измешајте 1 краставица, сок од 2 лимона, 50 мл џин и 1 чаша пиво

pijani-sladoledi-za-super-letna-zabava-5.jpg

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 25.Јуни.2014 во 09:02
6.Маргарита и лубеница

Една половина од поголема лубеница, 3/4 чаша сок од лимон, 1/2 чашка шеќер, 1/2 чашка текила, 4 лимони, маргарита.

pijani-sladoledi-za-super-letna-zabava-6.jpg


7. Бејлис

Вкусно задоволство од 500 гр јогурт од ванила, 1 банана, 100 гр. водка, 100 мл Калуа, 100 мл Бејлис 3 чоколади за готвење. Измешајте во блендер, замрзнете го во калапчиња и нема да може да му одолеете.

pijani-sladoledi-za-super-letna-zabava-7.jpg


8. Sex on the beach

Најпопуларниот коктел може да го претворите во сладолед. Измиксајте ги состојките од 300 гр ананас, 100 гр малини, 150 гр водка и 50 мл сок од портокал.

pijani-sladoledi-za-super-letna-zabava-8.jpg


9. Сангриа

Исечкајте овошје на коцки по ваш избор, додајте 1 чаша бело вино, 2/3 чаша сок од праска, 1/4 чаша минерална вода, 1 исцеден лимон и замрзнете.

pijani-sladoledi-za-super-letna-zabava-9.jpg


10. Кафе

Наместо утринско кафе, расонете се со сладолед од 1/2 хопла, 1/2 чаша млеко, 3 лажички инстант кафе, 2 лажици шеќер, 1/2 лажичка ванила, 50 мл Бејлис.

pijani-sladoledi-za-super-letna-zabava-10.jpg



Изменето од Valerija - 25.Јуни.2014 во 09:02
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 26.Јуни.2014 во 08:37

Разладување со домашен сладолед од ментол


Подготвувањето на сладолед е моментално најевтината, а воедно и највкусната опција за летно освежување и подигање на расположението.

razladuvanje-so-domasen-sladoled-od-mentol-01.jpg

Но, за промена подгответе си нов вкус кој ќе ви го разубави денот. На пример, денес подгответе си сладолед од ментол и додадете го во овошниот шејк, чоколадниот десерт или во вечерната овошна салата.

Рецептот за овој ледено сладок деликатес е следниов:

Состојки

  • 1l млеко
  • 8 жолчки
  • 400g шеќер
  • 4dl слатка павлака
  • Ванилин шеќер
  • 100g чоколада
  • 1 ½ шолја свежи листови нане

Измиените листови од нане потребно е кратко да ги проварите во млекото и да го оставите околу 1 час да се олади. Оладеното млеко процедете го, а листовите нане испасирајте ги и обидете се да извлечете што повеќе сок можете. Ако сакате, може да оставите дел од листовите во млекото.

Млекото во кое се вареше нането повторно вратете го на шпоретот додека да проврие, а потоа додадете ги жолчките, шеќерот и ванилата. Мешајте додека не добиете густа и кремаста смеса.

За крај, во млекото и жолчките додадете ја слатката павлака и оставете ја да се олади. По желба додадете зелена прехранбена боја, па добиениот сладолед оставете го во замрзнувач 3-4 часа.

По неколку часа претурете го целиот сладолед во голем пластичен сад, изрендајте го чоколадото и измешајте со миксер додека не добиете поголем волумен на смесата.

Вратете го сладоледот во садот во кој го ладевте и оставете го да отстои преку ноќ.

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 27.Јуни.2014 во 13:54

ФОТО: Идеи и рецепти за изработка на домашен сладолед


Сладоледот е идеално освежување за време на попладневната или вечерна прошетка во летните жешки денови.

Модерниот човек најчесто овој омилен десерт го купува од блиската слаткарница или пак маркет, но сепак дефинитивно сладоледот е највкусен кога ќе си го подготвиме дома и ќе го јадеме додека гледаме некој филм или пак заедно со пријателите седиме на терасата.

Ние решивме да ви издвоиме неколку летни додатоци од кујната со кои ќе го направите и послужите омилениот леден десерт со овошен или пак чоколаден и млечен вкус. Нашите предлози ќе ги најдете на крајот од текстот. 

Доколку сакате да направите сладолед како „професионалци“ во тоа ќе ви помогнат апаратите за правење на сладолед, но ако сте за чекор по чекор варијанти во чија изработка можат да учествуваат и детските раце, тогаш има многу едноставни рецепти кои досега ги имаме објавено на нашата страница и за кои ви се доволни две до три состојки.

Ние во продолжение издвоивме неколку наши омилени рецепти за кои се надеваме дека ќе бидат дел од вашето летно мени за сладолед. Пријатен апетит!

Сладолед од чоколадо и кафе: Рецепт кој ве остава без зборови

Рецепт за најпопуларен сладолед од само три состојки

Домашен сладолед од нутела готов за минута!

c

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 13.Јули.2014 во 23:05
СЛАДОЛЕД ОД БАНАНА СО ШЕСТ ВКУСА

Уживајте во здрав, кремаст и освежителен десерт во кој основна состојка е бананата, а може да додате и уште нешто за да добиете различни вкусови.

Потребно:

 2 банани

Подготовка:

 Од бананите отстранете ја лушпата и исечете ги на кругови. Ставете ги бананите на чинија или во кеса и замрзнете ги. Потоа замрзнатите банани ставете ги во блендер и измиксајте додека да добиете густа, леплива смеса. 
 Вака бананите имаат структура на сладолед и може да ги послужите, но ако сакате потврд сладолед, ставете го повторно во замрзнувач.


Дополнителни состојки – вкусови:
 Кикирики: Во блендерот додајте 3 лажици путер од кикирики и 2 лажици мед.
 Нутела: во блендерот додајте 3-4 лажици Нутела.
 Јагода: Во блендерот додајте исецкани засладени јагоди и 2 лажици слатка павлака (по матењето вратете го уште малку во фрижидер).
 Чоколадо: Во блендерот додајте 3 лажици горко какао, 2 лажици слатка павлака и кесичка екстракт од ванила (по матењето вратете го уште малку во фрижидер).
 Цимет: Во блендерот додајте 3 лажици млеко и половина лажичка цимет.

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Gabriela_S Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 22.Февруари.2008
Локација: On the stone
Статус: Офлајн
Поени: 21943
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Gabriela_S Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 13.Јули.2014 во 23:07
секој ден си јадам по еден bum од Фриком, 10 денари 
Никогаш немој да се каеш за нештото што си го направил, ако во тој момент си бил среќен
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 13.Јули.2014 во 23:08
НАПРАВЕТЕ ВКУСЕН СЛАДОЛЕД ОД ПРАСКИ СО ВОТКА

Сладолед од свежи праски е навистина вкусен десерт, а со оглед на тоа што сега праските ги има во изобилство, искористете го викендов да го подготвите овој рецепт.

Потребно:

 1,5 шоља млеко
 ¾ чаша шеќер
 Шоља хопла
 Цимет
 5 жолчки
 2 големи праски
 2 лажици мед
 Лажица ипол вотка
 Прстофат сол


Подготовка:

 На средно силен оган пропржете ги праските со медот и 1/4 од шеќерот. Гответе околу пет минути додека праските да пуштат сок. Оставете да се излади и прекријте го садот.

 Во чинија добро измешајте ¼ од шеќерот со жолчките додека не добиете мека смеса.

 Во тенџере на среден оган загрејте го млекото, преостанатиот шеќер, солта, хоплата и циметот. Мешајте околу пет минути додека сѐ се растопи.

 Одвојте една чаша од загреаната смеса и сипете ја во садот со изматени жолчки и промешајте, а потоа целата смеса вратете ја во преостанатото млеко. Мешајте на оган додека се згусне.

 Прецедете ја смесата за да не останат парчиња жолчки, а потоа оставете да се ислади. Потоа додајте ги праските и вотката и оставете да се замрзне.

Добар апетит!

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 30.Јули.2014 во 09:06

Вкусен домашен сладолед од диња


Подгответе го овој брз и вкусен десет и уживајте во освежувањето во овие топли денови.

Потребни состојки:

  • 300 мл. слатка павлака
  • 175 г. шеќер
  • 1 зрела диња
  • Сок од 1 лимон

Подготовка

Во сад измешајте ги шеќерот и слатката павлака. Оставете да зовријат и мешајте додека шеќерот не се стопи, па тргнете го од оганот.

Излупете ја кората од дињата, исчистете ја од семки и исецкајте ја на ситни парчиња, па ставете ја во блендер и заедно со сокот од лимон пасирајте додека не добиете глатка смеса. Додајте ја смесата од слатката павлака и шеќерот, па уште малку матете во блендер.

Смесата сипете ја во сад и оставете ја да одстои во замрзнувачот преку ноќ. Послужете со малини, бидејќи нивниот освежувачки вкус одлично оди со вкусот на дињата.

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 30.Јули.2014 во 09:08

НАЈВКУСНИОТ ЧОКОЛАДЕН СЛАДОЛЕД ШТО НЕКОГАШ СТЕ ГО ПРОБАЛЕ

7

За подготовката на сладолед и не мора да бидете некој посебен мајстор за слатки, ниту пак ви требаат некои скапи апарати. Некогаш е доволно да имате само малку имагинација, волја, и добар рецепт за кој ние ќе се погрижиме.

Потребни состојки:

- 200 g темно чоколадо
- 5 жолчки од јајца
- ½ чаша шеќер
- 500 мл млеко

Подготовка:

1. Стопете ја чоколадата на пареа.

2. Во друг сад, темелно измешајте ги жолчките од јајце и шеќер (може и во прав). Кога овие две состојки ќе се соединат, постепено додадете го и млекото и истовремено мешајте.

3. Смесата префрлете ја во мало тенџерче и додадете го растопеното чоколадо. Мешајте на тивок оган додека состојките да се соединат, и тргнете ги пред да зовријат. Оставете неколку минути да се олади, и префрлете ја во замрнат метален сад, кој барем неколку часа претходно сте го оставиле во замрзнувачот.

4. Промешајте се добро и ставете во замрзнувач да отстои 45 минути. Извадете ја смесата која веќе се има оладено и згуснато, и промешајте ја. Повторно вратете ја во замрзнувачот да отстои уште 45 минути.

5. Извадете ја уште еднаш смесата и повторете ја постапката. Оставете уште најмалку час и пол додека не се стврдне во целост. На овој начин ќе избегнете создавање на кристали лед и ќе добиете кремаст сладолед.

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 21.Август.2014 во 10:03

Освежете се: Направете си сладолед од праска и кокос


Кокосот и праската се вкусови кои прекрасно се надополнуваат, а кога ќе додадете и мајчина душица ќе добиете едно сосема поинакво уживање за вашите сетила.

osvezete-se-napravete-si-sami-sladoled-od-praska-i-kokos-1

Летото уште не е завршено, па искористете го и направете си сладолед од праска и кокос.

Потребни состојки:

  • 4 мали праски
  • 2 лажички мед
  • 5-6 гранки мајчина душица
  • 400 мл кокосово млеко
  • 50 грама кокосов крем

Начин на подготовка:

Измиените праски излупете ги и исечкајте ги на триаголници. Наредете ги во огноотпорна тава и додајте го медот и исечканата мајчина душица. Печете околу 15-ина минути во загреана рерна на 180 степени. Испечените праски ставете ги во блендер, заедно со сокот кој го пуштиле при печењето.

osvezete-se-napravete-si-sami-sladoled-od-praska-i-kokos-2

Додајте го кокосовото млеко и крем, а потоа измешајте ја целата смеса. Оставете ја смесата да се олади, а потоа изматете ја како сладолед со помош на миксер и мешајте додека не се изедначи. Оставете ја да замрзне неколку часа, а потоа послужете го вашиот нов десерт. 

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 01.Септември.2014 во 13:36

СЛАДОЛЕД СО АРОМА НА КАФЕ

10

Потребни состојки:

  • 500 мл слатка павлака
  • 3 јајца
  • 100g шеќер
  • 1 лажичка сварено домашно кафе
  • 10g инстант кафе

Подготовка:

1. Земете ги јајцата и одвојте ги белките од жолчките. Жолчките ставете ги во сад, а потоа додајте го шеќерот. Мешајте ги додека смесата не се соедини и додека не стане густа.

2. Белката од јајцата и павлаката мешајте ги поединечно и во посебни садови.

3. Откога ќе ги измешате сите состојки посебно, спојте ги во еден сад. Мешајте ги заедно жолчките, белките, слатката павлака, ладното домашно кафе и инстант кафето.

4. Мешајте ги сите состојки додека не добиете хомогена смеса.

5. Смесата претурете ја во сад за сладолед и оставете ја во ладилникот додека не се замрзне.

6. Послужете се и уживајте!

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 1112131415>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,797 секунди.