IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Здравје > Исхрана и кулинарство
  Активни теми Активни теми RSS - Кои сладоледи ви се најубави
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Кои сладоледи ви се најубави

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 1011121314 15>
Автор
Порака
Mushu Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
ЗМЕЈ, со тетоважа сељак!

Регистриран: 25.Мај.2013
Локација: Дома
Статус: Офлајн
Поени: 2646
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Mushu Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 13.Август.2013 во 22:18
Капри и Хит

Изменето од Fa Zhu - 13.Август.2013 во 22:33
Тата и Тофаш се Мајбах и Бентли за Понтијак и Крајслер
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 13.Декември.2013 во 08:28


Зимски сладолед готов во три чекори

Иако сладоледот важи за летен десерт, зошто да не уживаме во него и во зимските денови? Ви нудиме рецепт кој е прилагоден на овие месеци, во кој преовладува чоколадото и крем од жолчки од јајце, што го прави неговиот вкус да наликува на мус.

Потребни состојки:

  • 100 гр. темно чоколадо (минимум 70% какао);
  • 300 мл. полномасно млеко;
  • 85 гр. шеќер;
  • 3 жолчки;
  • 300 мл. слатка павлака.

Подготовка:

1) Ставете го чоколадото искршено на коцки заедно со млекото во тенџерче, загрејте го на тивок оган и мешајте додека не се растопи и не добиете хомогена смеса. Потоа тргнете го од оган и оставете го да се излади.

2) Матете ги жолчките заедно со шеќерот додека не добиете густа смеса, а потоа додадете ја истата во растопеното чоколадо. Мешајте сè заедно на тивок оган, додека не се соедини целата смеса.

3) Добиената чоколадна смеса оставете ја да се олади, но повремено мешајте ја за да го избегнете формирањето на кора. Изматете шалг од слатката павлака и соединете го со чоколадната смеса. Потоа ставете го добиениот крем во соодветен сад во замрзнувачот и чувајте го таму околу 2 часа, додека целосно не се стврдне. Пред да го послужите, ставете го замрзнатиот сладолед во блендер и миксајте додека не добиете густа и леплива текстура. Потоа послужете.

Овој десерт, кој можете дополнително да го збогатите со мелени ореви, бадеми, ф’стаци или замрзнато овошје, ќе ви овозможи да имате екстремно вкусно попладне. На здравје!

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 26.Декември.2013 во 18:55

Нема човек кој не ужива во овој леден неодолив десерт во текот на летото. Вкусен, сладок, просто совршен! Но, никогаш не ви текнало да се распрашате колку калории содржи, кога е измислен или пак кој за прв пат го пробал овој сладок десерт?

11-najinteresni-fakti-za-sladoledot-01

Ви ги претставуваме 11те најинтересни факти некогаш откриени за сладоледот.

1. Сладоледот во корнет го измислила една девојка од Луизијана во 1904 година.

2. Наводно, се проценува дека една топка сладолед од ванила содржи дури 273 калории.

3. Просечно во текот на една година јадеме околу 20 литри сладолед.

4. Во некои историски списоци забележано е дека Александар Македонски сакал да јаде лед со сок и мед.

5. Марко Поло во текот на своето патешествие и истражување на Кина го пробал овој прекрасен десерт и воодушевен го однел својот рецепт во Италија.

11-najinteresni-fakti-za-sladoledot-02

6. Во 1660 година сладоледот во Франција станал достапен за сите подеднакво. До тогаш, само елитата можела да ужива во него.

7. Во Америка сладоледот се појавил во 1700тата година, но го јаделе исклучиво припадниците на високите друштвени слоеви.

8. Верувале или не, во неделите се продава повеќе сладолед од било кој друг ден.

9. Најпопуларен вкус на сладолед отсекогаш била ванилата. На второ место е чоколадото, а потоа јагодата.

10. Некои од најнеобичните вкусови на сладолед кои некогаш постоеле се оние од лук, авокадо и тиква.

11. Можеби звучи неверојатно, но постои диета приспособена за губење килограми - со сладолед!

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 06.Март.2014 во 15:52

Сладолед од праска со вотка

Сладолед од праска со вотка
Со што друго поубаво ќе се разладите во летните денови, ако не со сладолед. Денеска ви предлагаме една „вечерна варијанта“ на сладолед од праска со вотка.

Сотојки: 1.5 шолја млеко, 3/4 чаша шеќер, прстофат сол, 1 шолја павлака за шлаг, стапче цимет, 5 жолчки, 2 големи праски, 2 големи лажици мед, 1.5 лажици вотка

Подготовка: На не многу јак оган испржете ги праските со медот и 1/4 шеќер. Гответе околу 5 минути, додека праските не пуштат сок. Оставете ги да се оладат и покријте ги со капак.

Во чинија добро измешајте 1/4 шеќер со жолчките додека не добиете густа смеса.

Во тавче на среден оган загрејте го млекото, преостанатиот шеќер, солот, павлаката за шлаг и циметот. Лесно мешајте околу 5 минути додека шеќерот на се растопи.

Одвојте чаша од загреаната смеса и по малку додавајте во изматените жолчки и измешајте, а потоа цела смеса вратете ја во преостанатото млеко. Мешајте на оган додека не згусне.

Смесата изцедете ја во чинија со цедилка за да се отстранат парчињата цимет или жолчка, а потоа ставете ја на малку мраз и добро мешајте уште десетина минути додека не се олади.

Откако добро ќе се олади додајте ги праските и вотката и ставете го сладоледот во замрзнувач.

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 06.Март.2014 во 15:53

Направете вкусен сладолед од јагоди

Направете вкусен сладолед од јагоди
Како да направите вкусен домашен сладолед со јагоди?

Производи:

1кг јагоди
1 лимон
3 лажици шеќер
1 чаша шеќер во прав
250 г. павлака

Начин на приготвување:

Имијете ги  јагодите, исчистите ги од рачките и изматете ги, така што ќе добиете сок од јагоди.
Потоа  на добиениот сок, додадете  сок од лимон и шеќер.
Павлаката и шеќерот во прав изматете ги со миксер и се помешајте ги  со сокот.
Добиената смеса  ставете ја  во фрижидер да се замрзне.
За  време на замрзнување, промешувајте го  сладоледот 2-3 пати.

Наздравје!

iagodi-sladoled-58984-500x0



Изменето од Valerija - 06.Март.2014 во 15:53
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
evangeline Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 22.Август.2011
Локација: Naxos
Статус: Офлајн
Поени: 6758
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај evangeline Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 25.Март.2014 во 23:01
љубов

Внимавај кому му веруваш.
И ѓаволот еднаш беше ангел.


Being RICH
is not about how much you have,
BUT about how much you GIVE

Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 08.Април.2014 во 17:09

Забавен рецепт: Сладолед со шумско овошје


Сончевите денови веќе дојдоа, а со самото зголемување на температурата, се зголемува и нашата желба за најслаткиот десерт на светот - сладоледот.


Доколку планирате забавно попладне со пријателите, ви претставуваме едноставен рецепт за ледено задоволство со шумско овошје, кој ќе ги воодушеви сите.

Сè што ви е потребно е следното:

  • ½ шолја сок од портокал
  • ½ шолја сок од шипка
  • ½ шолја шумско овошје (малини, капини, боровинки)
  • калапи за домашен сладолед на стапче

Подготовка:

Во секој од калапите распоредете го шумското овошје, а потоа прелијте го со помешаните сокови и замрзнете ги. Уживајте во забавниот и превкусен рецепт!

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 10.Април.2014 во 16:19

СЛАДОЛЕД ОД НУТЕЛА

13

Потребни состојки:

● Еден филџан Нутела или едно мало пакување
● Од 500 до 600 милилитри слатка павлака
● Од 300 до 400 грама млеко
● Чоколадо со лешници или бело чоколадо

Подготовка:

Во еден зад за матење ставете ја киселата павлака и млекото и со миксер матете ги состојките додека не добиете кремаста, бела смеса.
Во претходно подготвената сместа додадете ја Нутелата и сето тоа добро измешајте се додека не добиете целосно кафена смеса. Бидете трпеливи затоа што на Нутелата и е потребно малку повеќе време за да истата се поврзе со остатокот од смесата.
Чоколадото искршете го на парчиња и истото ставете го во претходно подготвената смеса и полека промешајте. Сладоледот ставете го во пластичен сад со капак и ставете го во фрижидерот. По 4 до 5 часа ладење, сладоледот е подготвен за послужување!
Како замена за обичното млеко можете да користите млеко во прав, но наместо литар вода, додадете само околу 3 до 4 децилитри.

Доколку сакате сладоледот да биде покремаст, оставете го во фрижидерот околу 4 часа, а потоа извадете го, истурете го во блендер или сад за матење и изматете го, па потоа повторно вратете го во фрижидерот и оставете го уште дополнителни 4 часа.

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 10.Април.2014 во 16:20

ЗИМСКИ ЧОКОЛАДЕН СЛАДОЛЕД

27

Потребни состојки:
  • 100 грама темно чоколадо (70 % какао) скршено на коцки
  • 300 мл полномасно млеко
  • 85 г шеќер
  • 3 жолчки од јајце
  • 300 мл слатка павлака
  • 6 корнети
Начин на подготовка:

1. Ставете ги коцките чоколадо и млекото во тенџере и ставете го на рингла на тивок оган. Мешајте додека не се создаде изедначена смеса. Тргнете го тенџерето од оган и оставете ја смесата да се олади.

2. Толчете го шеќерот со жолчките за да направите густа смеса и потоа сипете ја во тенџерчето со млеко и чоколадо. Сите состојки заедно гответе ги на тивок оган и непрестајно мешајте, додека смесата не се соедини. За да проверите дали сте ја добиле посакуваната густина, потопете дрвена лажица во тенџерето. Ако смесата не се одвојува од дрвената лажица, значи дека е готова.

3. Подготвениот крем оставете го да се олади, повремено промешувајќи го за да спречите настанување на кајмак на врвот. Изматете ја слатката павлака за да добиете шлаг, кој потоа ќе го сипете во чоколадниот крем. Подготвената смеса ставете ја во замрзнувач неколку часа, додека не се стврдне во целост. Замрзнатата смеса ставете ја во блендер и матете додека не добиете, густа леплива текстура. Потоа послужете го сладоледот во корнети.

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 26.Април.2014 во 17:59
Најскапиот сладолед во светот


Сладоледот „Serendipity Golden Opulence Sundae“ е најскапиот сладолед во светот, неговата цена изнесува 1000 американски долари.

Овој десерт се служи во три ресторани во Њујорк. Тој се состои од ванила од Мадагаскар, листови од 24-каратно злато (обработено злато кое може да се конзумира), цреши со марципан, златен кавијар и кандирано овошје од Париз. Сладоледот е украсен со златни бонбони и златен цвет, за кој се потребни осум часа изработка.

Сладоледот се служи во кристален пехар и златна лажичка од 18-каратно злато. Овој сладолед е запишан во Гинисовата книга на рекорди како најскап сладолед во светот.
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 01.Мај.2014 во 17:13
ДОМАШЕН СЛАДОЛЕД ОД КАФЕ И ЧОКОЛАДО

На многумина сладоледот им е ледено задоволство кое потсетува на топло време и сонце.

Испробајте го новиот вкус на сладолед со кафе и чоколадо, и притоа израдувајте ги сите дома, така што сами ќе го подготвите рецептот.

Потребно:
 8 жолчки
 150г кафеав шеќер
 600 мл слатка павлака
 2 лажици инстант кафе
 2 лажици коњак
 150г темна чоколада (70% како)
1 лажица како во прав
 Пласитечн сад за сладолед

Подготовка:
1.Во сад изматете ги жолчките со шеќерот додека смесата стане бледа и поврзана.
2.Во тенџерче на оган ставете ја слатката павлака, додајте го кафето и загрејте на тивок оган со мешање, сосека речиси да проврие.
3.Во павлаката почнете полека да ги сипувате жолчките со постојано мешање.
4.Додајте го коњакот па продолжете да мешате додека не добиете густ крем како пудинг.
5.Чоколадото стопоте го на пареа па во него додајте го какаото. Истопеното чоколадо спиете го во кремот и добро измешајте додека сѐ се соедини, па оставете малку да се олади.
6.Смесата сипете ја во пластичен сад и оставете да се замрзне 4 часа.
7. По 4 часа извадете го сладоледот од замрзнувачот, и така полузамрзнат добро измиксајте го во блендер, па вратете го во садот и оставете добро да се замрзне.


Совети:
 Внимавајте павлаката да не ви се превари за да не се направат грутки во смесата. Ако не сте сигурни, пред додавање на јајцата и шеќерот тргнете го садот од огнот.
 Ако не го сакате вкусот на кафе, не мора ни да го додадете. Кафето можете да го замените со екстракт од лешник, ванила или кокос.
 Сладоледот може да го украсите со преливи или чоколадо во прав.
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 20.Мај.2014 во 08:03

Крем сладолед од јагоди

Состојки: 125ml млеко, 125ml слатка павлака, 1 јајце, 1 жолчка, 100g шеќер, 125g крем сирење, 250g јагоди, арома од ванила

Подготовка:

Ставете ги павлаката и млекото во сад за готвење и загрејте додека не зовријат.

Изматете го јајцето, жолчката и шеќерот, па во оваа смеса додадете го млекото промешано со павлака. Продолжете да варите уште неколку минути.

Ставете ги јагодите и крем сирењето во блендер и мешајте додека не добиете мазна смеса. Додадете ја во садот со топол крем.

Префрлете го слаткиот крем во пластичен сад, ставете го во замрзнувач и оставете го да се стврдне преку ноќ.

zavodlivi-proletni-deserti-so-slatki-jagodi-03


Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 27.Мај.2014 во 16:48

СЛАДОЛЕД ОД ВАНИЛА И МЕД

10

Состојки:

- две шолји млеко (една шолја 250мл.)
- две чаши кисела павлака
- чаша кафеав шеќер
- шест жолчки од јајца
- три лажици мед
- гранка од ванила
- четвртина лажица сол

Начин на подготовка:

Загрејте ги млекото и ванилата (до вриење). Посебно измешајте ги жолчките, медот, шеќерот и солта. Полека измешајте го со млекото, потоа смесата вратете ја во лонецот и гответе на средна температура, додека смеасата не се згусне.

Потоа додадете  ја и павлата и повторно измешајте.

Оставете да се замрзне.

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 05.Јуни.2014 во 06:53

За 1 минута направете домашен Нутела сладолед


Не постои човек кој не е вљубен во вкусот на Нутелата, барем малку. А, тоа многу добро го знае Лаура Витале, готвачката која реши да го сподели својот рецепт за домашна изработка на Нутела сладолед.

za-1-minuta-napravete-domasen-nutela-sladoled-01

Рецептот е едноставен, а потребни ви се само неколку лесно достапни состојки - млеко, слатка павлака, засладено кондензирано млеко и Нутела.

Потоа можете да го послужите со свежо овошје, топол колач или да направите чоколаден шејк од него. Изборот и задоволството е ваше!

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 1011121314 15>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,453 секунди.