IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Стил на живот > Мода и убавина
  Активни теми Активни теми RSS - Дали сте за пластична интервенција
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Дали сте за пластична интервенција

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 78910>
Автор
Порака
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 14.Април.2015 во 15:41
Вознемирувачки: Вака изгледа 15 годишно девојче после низа од пластични операции!


Таа има само 15 години, а веќе со низа од пластични операции го променила својот изглед буквално до непрепознатливост.

Ли Хи Дан има само 15 години, живее во Кина, а на друштвената мрежа Weibo засега ја следат 400.000 луѓе. Но причината за големата популарност е крајно бизарна. Всушност, поради екстремните пластични операции таа сега изгледа како кукла, а сето тоа го направила со цел повторно да го придобие своето поранешно момче.


Ли е вистинска интернет атракција, но не и во најдобра смисла на зборот. Ако се земе предвид дека таа има само 15 години и дека пластичните операции не се ниту најмалку евтини, се наметнува прашањето што е со нејзините родители, но и со лекарите кои се нафатиле на сето ова.


Нејзиниот Weibo профил е буквално натрупан со секакви коментари од обожавателите кои најчесто тврдат дека Ли е толку многу убава што е тешко и да се гледа во неа, но сепак, има и такви кои тврдат дека се работи за Фотошоп. 


Што мислите вие?







Изменето од Valerija - 21.Август.2018 во 17:00
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 17.Мај.2015 во 09:47



Многу ѕвезди некогаш претеруваат со пластични операции и себе си се доведуваат до состојба на непрепознатливост. Меѓутоа, постојат и ѕвезди чии операции поминале беспрекорно и им помогнале во нагласување на нивната природна убавина.

Лејди Гага


Иако често изјавуваше дека никогаш нема да оди под нож, Лејди Гага сепак поработила на своето лице и малку го истенчила и намалила носот кој сега изгледа баш онака како што таа го замислила, а промената може да се забележи само со внимателна споредба на фотографии.

Џенифер Анистон


Џенифер Анистон го оперирала својот нос уште во деведесеттите, но бидејќи не била задоволна со изгледот, уште еднаш ја повторила операцијата. Покрај тоа, таа изјави дека е оспедната со ласер терапија затоа што на кожата имала многу дамки од силното калифорниско сонце.

Камерон Дијаз


Иако својот нос не го променила од естетски причини, туку поради повреда со која се здобила на сет, Камерон Дијаз сепак се најде во категоријата на најдобри холивудски пластични операции. Актерката го призна и ботоксот, но изјави дека не и` се допаднал и дека нема да го повтори.

Џенифер Лопез


Иако славната пејачка порекнува било каква пластична операција, фотографиите „пред“ и „потоа“ го докажуваат спротивното. Пејачката го смалила носот и во споредба со старите фотографии, се шпекулира дека имала операција и на брадата. 

Жизел Бундшен


Дури и славната бразилска манекенка малку го модифицирала својот изглед. И покрај фактот дека и претходно изгледаше одлично, после операцијата на носот и зголемување на градите за еден број – Жизел Бундшен изгледа уште подобро.

Кејт Хадсон


Популарната актерка е доказ дека пластичните операции можат да бидат речиси незабележливи. Кејт Хадсон во 2009 година малку ги зголемила градите, но се држела до големина која одговара на нејзината градба.

Блејк Лајвли


Модната икона и познатата „Озборувачка“ Блејк Лајвли со помошт на операција на носот се претвори во вистинска гламурозна дива. И покрај помалиот хируршки зафат, и понатаму изгледа многу природно и убаво.


Изменето од Valerija - 21.Август.2018 во 17:00
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 09.Јули.2015 во 22:32
liceto-na-meg-rajan-se-topi-1.jpg


liceto-na-meg-rajan-se-topi-01.jpg
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 15.Август.2015 во 14:04
Ова веројатно не сте го знаеле – Тајните пластични операции на славните личности


Повеќе ѕвезди отворено зборуваат за своите пластични операции, но многу славни личности и понатаму одбиваат да признаат дека на нив не е сè природно.

Мери-Кејт Олсен


Некогашната актерка, а денешна успешна дизајнерка, изгледа доста поразлично денес во однос на нејзиниот изглед од пред неколку години. Таа и нејзината сестра Ешли се близначки, но е забележително дека повеќе не личат толку многу како порано. Експертите веруваат дека Мери-Кејт ги подигнала веѓите и образите.


Џенифер Анистон


Ѕвездата на серијата „Пријатели“ долго време криеше дека отишла под нож, но на крајот го призна она кое на сите им беше јасно – дека го смалила носот. А, ако се прашувавте во што е нејзината тајна на затегната кожа без брчки и младолик изглед, одговорот се крие во интензивните третмани на кожа на кои редовно оди.

Сара Џесика Паркер


Силикони во градите, ботокс и операција на носот – тоа се наводно естетските интервенции на кои се подложила актерката. Се шпекулираше дека направила и пластична операција на дланките, но таа го демантираше тоа.

Зак Ефрон


Пластичните операции меѓу мажите како да се табу тема, па не е ни чудо што овој секси актер одбива да признае дека го оперирал носот, иако тоа на сите им е јасно кога ќе ги погледнат неговите „некогаш и сега“ фотографии.

Тејлор Свифт


Важи за скромна ѕвезда која создаде имиџ на „девојка од соседството“, но наводно ги оперирала градите и носот.

Бред Пит


Овој холивудски заводник во еден момент од својата кариера сфатил дека има клемпави уши, па решил да го оперира овој недостаток.

Блејк Лајвли


Ѕвездата на серијата „Озборувачка“ пропагира природна убавина, но и таа побарала помош од пластичен хирург. Покрај тоа што ги зголемила градите, јасно е дека го „средила“ и носот.


Изменето од Valerija - 21.Август.2018 во 17:01
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 23.Август.2015 во 14:03

Моника, што се случило со твоето лице?


Кортни Кокс, за повеќето можеби попозната како Моника од хит серијата „Пријатели“, важеше за една од жените кои успешно победуваат во битката со времето, зачудувачки задржувајќи го младешкиот изглед и покрај нејзината возраст.

Сепак, 51-годишната актерка очигледно конечно решила да стори нешто позабележително со своето лице и подлегнала на прилично големи корекции.


На премиерата на нејзината нова серија „Hand Of God“ во Лос Анџелес, таа се појави речиси сосема непрепознатлива, со тотално пластичен изглед.

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 29.Август.2015 во 18:10

ВАКА ИЗГЛЕДА ЖЕНАТА КОЈА ГО ДРЖИ СВЕТСКИОТ РЕКОРД ВО ПЛАСТИЧНИ ОПЕРАЦИИ

5

58-годишната Синди Џексон имала повеќе „работа“ на себе отколку кој било друг на светот, но таа всушност изгледа прилично нормално.

Кога повеќето од нас ќе слушнат „пластична хирургија“, првата работа која ни паѓа на памет се страшни козметички операции. Постои една жена која го држи рекордот по бројот на пластични операции, но таа воопшто не изгледа како чудовиште.


58-годишната Синди Џексон имала повеќе пластични операции на себе отколку кој било друг на светот, но таа всушност изгледа прилично нормално.


Џексон ја започнала својата авантура со пластични операции кога имала 33 години. Нејзиниот татко починал и ѝ оставил нешто пари. Во една прилика рекла дека никогаш не ѝ поминала желбата од детството да личи на Барби куклата.

Таа ги вложила парите кои ѝ ги оставил татко ѝ во својот изглед. Почнала со очните капаци, потоа преминала на липосукција на колената и на колаген инекции. Нејзините операции во тоа време навистина биле екстремни.


Таа сега е горда на сè што направила и се смета себе си за пионир на пластичната хирургија. Во 2007 година нејзината мајка починала и повторно во тестамент добила голема сума на пари, кои секако, ги вложила во својот изглед. Овој пат сакала изглед како Бриџит Бардо.


Сега во 58-мата година од животот, Џексон имала 47 операции и ја сикористила својата слава за да стане бренд. Покрај започнување на пејачка кариера, Џексон ја искористила својата новопечена слава и напишала две книги кои се многу продавани и започнала линија производи за нега на кожата.


Сè на сè, Синди вели дека потрошила повеќе од 100.000 долари на операции. Без оглед на вашиот став за пластичната хрургија, мора да признаете дека Синди изгледа прилично добро за своите години.




Изменето од Valerija - 29.Август.2015 во 18:10
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 29.Септември.2015 во 08:26

ПРЕД И ПОСЛЕ ПЛАСТИЧНИТЕ ОПЕРАЦИИ НА УКРАИНСКАТА БАРБИ

9

Валерија Луканова од Одеса стана позната ширум светот благодарение на својот надворешен изглед.
Во денешната статија ќе видите и фотографии на Валерија пред да ги направи бројните пластични операции со чија помош таа денес изгледа како жива Барби.

 

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 23.Ноември.2015 во 22:38
Како е можно ова да се истите личности? Погледнете ги овие трансформации на славните!


Не е најново дека старлетата Кајли Џенер експериментирала малку со инјекции за зголемување на усните во изминатите неколку години.

Кајли Џенер

Но, направивме мало „копање“ во архивата и не сме целосно убедени дека младата Кајли не била заменета со некоја друга личност кога направила 16 години. Имено, на фотката од лево е ријалити ѕвездата во 2012 година на премиерата на првиот дел од филмот The Hunger Games, додека фотката од десно е од минатата вечер од доделувањето на Американските музички награди.


Доколку овие две лица се најдеа во иста просторија, никогаш не би рекле ниту дека се роднински поврзани, а не пак дека лицето е на една иста личност со разлика од 3 години.


Покрај драстичното зголемување на усните, се чини дека целото лице на Кајли се променило, што дури и нејзините очи изгледаат различно. Иако Кајли кажа дека користела филери за усните, одби да признае дека имала било каква друга хируршка интервенција, па дури и тоа дека ставила силикони во градите.


Погледнете ги фотографиите и од некои други познати дами кои направиле толку драстични промени на своите лица, што никогаш не би ги препознале нивните „претходни“ верзии.

Шер Лојд


Ѕвездата на Икс Фактор, пејачката Шер Лојд, започнува многу да наликува на нејзиниот идол, Шерил Фернандез – Версини.

Ким Кардашијан


Погледнете како се трансформирала најславната старлета на светот од 2006 година до денес.

Клои Кардашијан


И нејзината сестра Клои не заостанува многу. Неверојатно е тоа колку се промени и оваа ријалити ѕвезда која од „најгрдата“ сестра Кардашијан и буцка, се претвори во една од најсексапилните познати дами на денешницата.

Меган Фокс


Преубавата актерка забележливо го променила својот изглед од 2005 година до денес.

Линдзи Лохан


На левата фотка е прикажано како изгледала проблематичната актерка во екот на нејзината популарност во 2003 година, а десно можете да видите како изгледа денес во 2015 година.

Шерил Фернандез – Версини


Погледнете како една од најубавите пејачки на денешницата изгледала во далечната 2002 година, а како изгледа сега, во 2015 година.


Изменето од Valerija - 21.Август.2018 во 17:03
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 16.Декември.2015 во 21:23
Таа не знае за граници - Сите се прашуваат што направила со лицето: „Веќе не си личи на себе”


Едно нешто е сигурно, а тоа е дека оваа осумнаесетгодишна девојка изгледа многу, многу постаро за нејзините години.

Колку се промени во периодот измеѓу нејзината 16-та и 18-та година ни покажа ријалити ѕвездата Кајли Џенер, која од најнезабележливата најмлада сестра од семејството Кардашијан – Џенер, стана најбараната тинејџерка на светот.


Иако призна дека од естетски операции само ги зголемила нејзините усни, еден дерматолог од Daily Mail тврди дека младата Кајли иако има само 18 години, досега направила многу пластични операции.


Прво, оваа популарна тинејџерка наводно неколку пати (да, не само еднаш) ги зголемила нејзините усни, а исто така постојат сомнежи дека естетски ги зголемила и нејзините гради (иако таа упорно тврди дека за нејзините бујни гради се ’виновни’ само пуш ап градници).



Кајли неодамна промовирала еден препарат за убавина во Лос Анџелес, каде што фотографите ја сликале во незгодна положба што предизвика многу коментари на сметка на нејзиното драстично изменето лице.


Судејќи по нејзините последни фотографии, покрај тоа што нејзиното лице изгледа целосно поразлично од порано, многумина забележуваат дека оваа девојка делува многу постаро отколку што навистина е и се сомневаме дека тоа ќе ѝ ласка за неколку години...




Изменето од Valerija - 21.Август.2018 во 17:03
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 18.Декември.2015 во 22:05

ТВРДИ ДЕКА НЕ СЕ ОПЕРИРАЛА, НО ПОГЛЕДНЕТЕ ЈА ЌЕРКАТА НА ЦЕЦА ПРЕД 2 ГОДИНИ И СЕГА

14

Најпопуларната балканска тинејџерка, ќерката ан Цеца, Анастасија тврди дека нема направено ниту еден естетски зафат на своето тело, но српските медиуми се сомневаат во тоа. Како „доказ“ ги нудат фотографиите на Анастасија од пед две години и сегашните, на кои разликата е неверојатна. Ќерката на фолкерката тврди дека разликата се должи на нејзината шминка. Просудете сами.

anastasija-tekstanastasija-tekst1

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 18.Март.2016 во 16:42




Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 21.Април.2016 во 08:03
Погледнете како изгледале овие славни дами пред да отидат „под нож”

Не е тајна дека славните личности се подложуваат на естетски зафати, но ретко кои од нив отворено зборуваат за тоа. Во продолжение погледнете кои дами не се срамат да признаат дека отишле „под нож“.

Американската актерка Џенифер Греј стана позната ширум светот благодарение на улогата во култниот романтичен филм „Валкан танц“.

Само неколку месеци по премиерата на филмот, таа отишла на операција на носот која до ден денес не ја прежалила. „Влегов во операционата сала како славна личност, а изглегов како анонимна. Тоа беше операција од пеколот“, раскажа Ценифер во едно интервју.


Операцијата на впечатливиот нос кој на нејзиното лице му даваше посебен шарм ја чинеше кариера – повеќе не можела да добие добра улога бидејќи продуцентите повеќе не сакале актерка за која тврделе дека повеќе никому не му е препознатлива поради естетскиот зафат.

Пејачката Кели Роланд која својата кариера ја започна во групата 'Destiny's Child' со славната Бијонсе, направила операција за зголемување на градите.


„Сакав да ставам импланти кога имав 18 години, но мојата мајка и мајката на Бијонсе ми рекоа прво убаво да размислам. Го послушав нивниот совет и чекав 10 години. Кога знаев дека сум подготвена, прво носев полнети градници за да се навикнам на чувството на поголеми гради. Секогаш мораш да знаеш во што се впушташ, без оглед на видот на операцијата која сакаш да ја направиш“, изјави еднаш Кели.

И овие дами отворено ги признаа своите естетски корекции, а промените се и повеќе од очигледни.

Камерон Дијаз 


Ешли Симпсон 


Дијана Аргон 


Иги Азелија 


Ариел Винтер 


Патриша Хитон 

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 22.Јуни.2016 во 19:48



Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 24.Јуни.2016 во 21:25

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 78910>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,172 секунди.