IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Здравје > Исхрана и кулинарство
  Активни теми Активни теми RSS - Чаеви
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Чаеви

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 45678 10>
Автор
Порака
polzavce Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 14.Октомври.2008
Локација: Angola
Статус: Офлајн
Поени: 1325
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај polzavce Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 20.Мај.2009 во 21:29
Сега за времево како создаден за разладување е чај од нане изладен во фрижидер.........

Или било каков чај (помешан со нане заради подобар вкус) разладен во фрижидер.......Си вариш секој ден по 2 литра и цело семејство си лади жедна душичка...
МИР со сите
Кон врв
pane_juventus Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Јуни.2009
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 1048
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај pane_juventus Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 15.Август.2009 во 16:27
Letno vreme pijam mnogu retko skoro nikogas,a zimoska pijam redovno i toa:zelen caj,nane,planinski i nekoj drugi pomalku.

Кон врв
Командантица Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 27.Септември.2008
Статус: Офлајн
Поени: 2129
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Командантица Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 15.Август.2009 во 23:51
пијам и обожавам чаеви,...летно време ладни...
највеќе зелен чај, и овошен..
..Живеам за да умрам..!
Кон врв
Evenstar Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Вечен оптимист

Регистриран: 09.Јули.2007
Статус: Офлајн
Поени: 3388
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Evenstar Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 21.Август.2009 во 11:35
назад на тема: пијам најмногу чај од нане, домашно, потоа планински чај, а во последно време и зелен чај со лимон... сум читала и слушала дека зелениот чај е добар во борбата против целулитот, па препорачливо е да се пијат околу литар и пол до два дневно - па тоа и го правам... наутро го варам, го оставам да се олади, му ставам лимон и во фрижидер - екстра е!
It is our choices who show what we truly are, far more than our abilities.
Кон врв
ana sk Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 03.Декември.2008
Статус: Офлајн
Поени: 2278
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај ana sk Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 28.Август.2009 во 15:04
caj samo koga sum nastinata
...moze ne sum sovrsena ama sekogas sum jas...
Кон врв
Enigma Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 11.Април.2008
Статус: Офлајн
Поени: 9984
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Enigma Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 30.Август.2009 во 08:02
samo shto se napiv edna solja zelen caj
Mojata dusha ne e pateka,da minesh i da zaminesh,mojata dusha ne e kamin da se zgreesh i da zaminesh,mojata dusha e bozji hram-vleguvash i ostanuvash tamu
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 31.Август.2009 во 09:55
Samo lipa i eventualno chaj od naneсреќа
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 12.Февруари.2010 во 12:07

Зелениот чај спасува од депресија

Постарите луѓе кои секојдневно пијат по неколку чаши зелен чај се изложени на помал ризик од депресија веројатно, благодарејќи на амино - киселината теанин што е содржана во овој напиток, а која го поттикнува доброто расположение, заклучија научниците.

Неколку поранешни студии покажале дека зелениот чај ги намалува психолошките проблеми, а еден лекар од јапонскиот универзитет утврдиле дека мажите и жените постари од 70 години кои пијат четири или повеќе чаши зелен чај дневно, се изложени за 44 проценти помалку на ризикот од симптомите на депресија.

Пиењето зелен чај е раширено во многу азиски земји, вклучувајќи ги Кина и Јапонија.

Во истражувањето на јапонскиот тим научници учествувале 1 058 релативно здрави мажи и жени. Околу 34 отсто од мажите и 39 проценти од жените имале симптоми на депресија. Вкупно 488 испитаници изјавиле дека секој ден пијат четири или повеќе чаши зелен чај, 284 рекле дека пијат две до три чаши, а останатите се изјасниле дека консумираат една чаша чај неделно или помалку од тоа.



Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Орка Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 30.Август.2008
Статус: Офлајн
Поени: 44574
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Орка Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 12.Февруари.2010 во 16:22
Во домашни услови најмогу ми оди планинскиот чај.Но најубавиот чај кој го имам пиено е оној што го послужуваат во планинарскиот дом на Водно,кој исто така е прекрасна мешавина на повеќе планински чаеви.
Кон врв
sneska_v Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 05.Јуни.2009
Статус: Офлајн
Поени: 3455
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај sneska_v Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 10.Јули.2010 во 21:11
kombinacija za caj spred mene najdobra=sipka+menta vkus fenomenalen
Кон врв
ema emce Кликни и види ги опциите
Нов член
Нов член


Регистриран: 12.Јули.2010
Статус: Офлајн
Поени: 2
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај ema emce Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 12.Јули.2010 во 14:30
ima li nekoj iskustvo so caevite od rusa treva(chelidonium majus).ovaa bilka bila dobra da ja procistuva krvta i da stvara krvni zrnca.so uspeh gi lecela i bubrezite i zolckata. mene konkretno me interesira zosto sokot od ovaa bilka bil i dobar za ocite.dali nekoj ima iskustvo ili pak znae nesto poveke za ova neka pise:))
Кон врв
BellaGrandma Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор

Game over

Регистриран: 10.Јуни.2010
Статус: Офлајн
Поени: 20029
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај BellaGrandma Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 15.Јули.2010 во 15:47
Чај.....  



Чајот е еден од најпопуларните пијалaци во многу делови од светот и неговото консумирање е навика која сè повеќе се шири и опстојува, дури и во услови на современото живеење. Значењето на чаевите за здравјето на луѓето е сè попопуларно денес. Според историските податоци, уживањето во пиење чај датира уште далеку пред 5000 години, во Кина. Чаевите како стимулативни напитоци станале традиција кај Кинезите и Јапонците илјадници години наназад, но постои сознание дека и кај европските народи, навиката да се пие чај е стара можеби повеќе од 1500 години.

Постојат четири вида на чаеви кои се сметаат како главни групи на чаеви, а се направени од исти видови на тревки, односно растенија.

  • Белите чаеви се чаеви кои се едноставно само сварени тревки.
     
  • Зелените чаеви се кога тревката е исушена на воздух, обарена и исушена.
     
  • Олонг чаеви се добиваат кога тревката е исушена, здробена, кратко ферментирана и исушена.
     
  • Црни чаеви се добиваат кога тревката е исушена, здробена, добро ферментирана и исушена.


ЧАЕВИТЕ И ТЕЛЕСНАТА ТЕЖИНА
Во студиите кои се правени со експериментални животни, пиењето чаеви резултира со губење на вишокот телесна тежина која била предизвикана со прекумерен внес на масти. Истовремено, таложењето на масни наслаги во абдоменот и црниот дроб се намалило. Лачењето на прекумерна количина на инсулин, состојба позната како хиперинсулинемија, исчезнала. (Зголеменото количество на излачен инсулин е состојба која се поврзува со здебелување). Истражувањата, чии резултати се публицирани во американскиот „Журнал за клиничка нутриција“, потврдуваат дека зелениот чај помага во забрзување на согорувањето на мастите. Споредбено, двете групи кои биле вклучени во експериментот покажале дека оние испитаници кај кои е даван зелен чај, покажувале многу поголема количина на потрошена енергија за 24 часа, за разлика од групата испитаници кај кои е даван плацебо. Третманот со кофеин во количество колку што го има во зелениот чај, не резултирал со губење на енергија онолку колку што е забелeжaно при давање на чај. Значи, чајот има специфичен ефект во смисла на губење на телесната тежина и „топење на мастите“, и заради тоа би требало да биде секојдневна навика, особено кај оние луѓе кои прават напори да ја намалат својата телесна тежина.

ЧАЕВИТЕ ПОМАГААТ ПРИ ДИЈАБЕТЕС
Според неодамнешната студија објавена во Diabetes Care, оолонг чаевите имаат способност да го намалуваат нивото на шеќер во крвта кај дијабетичарите кои се на терапија заради дијабет. Споредено со обична вода, чаевите го намалувале нивото на шеќер во крвта од 229 мг/дл на 162 мг/дл. Механизмот на кој чаевите го намалуваат нивото на шеќер во крвта не е познат, но се смета дека таквото нивно дејство се должи на способноста на полифенолите – супстанции кои се наоѓаат во чаевите да делуваат исто како и инсулинот, и на способноста да го намалуваат апсорбирањето на шеќерите од дигестивниот тракт.

ЗАЕДНИЧКОТО ДЕЈСТВО НА ЧАЕВИТЕ ГО СПРЕЧУВААТ РАКОТ, А МОЖНО Е И ДА ЛЕКУВААТ
Според бројни истражувања кои се работени досега произлегува дека можеби и не е толку неостварливо ракот да се лекува едноставно, евтино и безболно. Третманот на ракот кај луѓето е секогаш сврзан со многу пари, болни третмани и негативни ефекти од таквите третмани кои често се и директна причина за смрт на пациентите. Лекувањето со чаеви засега изгледа како шарлатанство, но сепак според многуте податоци зелениот чај е еден од од многуте чаеви кои можат да го подобрат квалитетот на животот на пациентот.
Навиката да се пие чај во источните земји, особено во Кина и во Јапонија се поврзува со намалената инциденца на појава на карциноми кај овие нации и намалениот ризик од атеросклероза исто така. Луѓето кои имаат навика да пијат повеќе чај, имаат помала инциденца на јавување на карцином на хранопроводник и на дојка. Многу надежни и ветувачки се истражувачките податоци кои укажуваат на тоа дека консумирањето на поголеми количини чај се поврзува со намалена појава на карцином на кожа, бели дробови, црн дроб и панкреас, кај животни.

МЕХАНИЗАМ НА АНТИКАРЦИНОМСКОТО ДЕЛУВАЊЕ НА ЧАЕВИТЕ

  • Го инхибира растот на тумурите
  • Обезбедува антиоксидирачки процеси
  • Го инхибира абнормалното пролиферирање на клетките
  • Дозволува редовна и нормална обнова на изумрените клетки (апоптоза)
  • Го инхибира крвното снабдување на тумурското ткиво


Дури и мали концентрации на активната компонента од чаевите (epigallocetechin 3-gallate) во крвта може да го сопре развојот и ширењето на тумурското ткиво, преку еден од гореспоменатите механизми на дејство. Ефективните дози на активните супстанции кај чаевите може да се достигнат со дури помалку од 2 до 4 чаши чај дневно. Ова е особено важно за луѓето кај кои веќе има дијагностицирано карцином. Консумирањето на зелен чај во количина од три чаши дневно, се покажа дека го продолжува времето на повторна (рецидивна) појава на карцином на дојка кај околу една третина од пациентките.

ЗАШТИТА ОД ВИСОК КРВЕН ПРИТИСОК И СРЦЕВИ ЗАБОЛУВАЊА
Чајот може да доведе до покачување на крвниот притисок веднаш после неговото консумирање, но сепак, за подолго време во текот на денот, чајот делува во правец на намалување односно стабилизација на крвниот притисок. Истовремено бројни испитувања покажаа дека чајот има антивоспалително, антитромботично дејство како и способност да го намалува нивото на холестерол во крвта. Тоа е во прилог на намалување на ризикот од појава на атеросклероза и срцев удар. Бенефициите во однос на крвните садови и нивно одржување во прилики на консумирање на чаеви се резултат и на способноста на чаевите да ги спречуваат оксидативните процеси на веќе создадените атеросклеротични наслаги во крвните садови.

ДРУГИ ПРИДОБИВКИ ОД КОНСУМИРАЊЕТО НА ЧАЕВИТЕ
Чаевите имаат способност да штитат од дегенеративни болести на мозокот и на нервниот систем, како што се Паркинсовата болест и Алцхајмеровата болест. Зелениот чај по сè изгледа дека има ублажувачко дејство врз дигестивниот тракт, особено врз желудникот за разлика од кафето и од кафињата без кофеин кои имаат особина да ја дразнат слузницата на желудникот предизвикувајќи воспаление. Наспроти нив, чајот го спречува хроничното воспаление на желудникот. Чајот исто така делува и антивирусно и антибактериски.
Чајот има и пријатен вкус на кој луѓето лесно се навикнуваат. Но некои чаеви имаат и некои „атрактивни својства“, па дури и зелениот чај, а тоа е присуството на кофеин кој придонесува за надминување на поспаноста и стимулирање на работоспособноста кај луѓето.

Многу истражувања потврдуваат дека луѓето кои имаат навика да пијат чаеви, живеат подолго од оние кои не пијат. Ако го додадете чајот како пијалок на вашето дневно мени кое е составено од здрава, немрсна, претежно растителна храна, вие ќе ја имате најдобрата одбрана која ја познава денешната наука, која ќе ги држи тешките болести далеку од вашето тело.

8ka
Можат се да ти земат - богатството, најубавите години, радоста и сите заслуги, но секогаш ќе ти останат соништата за одново да го создадеш светот кој ти го украле.
Кон врв
sneska_v Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 05.Јуни.2009
Статус: Офлајн
Поени: 3455
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај sneska_v Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 10.Август.2010 во 14:54

ЛЕКОВИТИ ЧАЕВИ


Лековитите билки се богатство кое ни го дал Бог. Познато е дека на нашето поднебје растат 300 до 400 видови драгоцени билки. За жал, со децении моќта која што и ја дал Бог на природната медицина неоправдано е запоставувана. Чаевите можат да ја подобрат вкупната состојба на организмот и да го спречат настанувањето на многу болести.

Кората од врба замена за аспиринот

Младата врбова кора од поодамна е позната како одлично средство за снижување на температурата. Аспиринот е настанат така што на синтетички начин е добиено она својство кое што го има кората на младата врба. Чајот се подготвува така што исушената млада врбова кора се вари десетина минути и чајот треба се пие што потопол. Се користи во сите случаеви кога е зголемена температурата како и кај инфективните болести проследени со висока температура.

Чајот од врбова кора помага за исфрлање на штетните токсини од организмот, помага болниот да се препоти и организмот да закрепне.

Камилица

Камилицата е исклучиво лековита билка и помага кај многу заболувања. Може да се подготвува како чај, но помага и кај физички повреди, воспалителни процеси, отоци, кога се користи како облога. Капки чај од камилица може да се стават на воспалено око.

Чајот од камилица дејствува лековито кај подуеност на стомакот, жолчните тегоби а помага и во работата на бубрезите. Може да се препорача и за подобрување на циркулацијата, а благотворно дејствува врз крвотокот, срцето и внатрешните органи.

Чајот се подготвува така што исушениот цвет од камилица се прелива со зовриена вода, се поклопува и се остава да опстои. Камилицата не смее да се остава да врие заедно со водата, бидеќи се губат етерските масла кои се исклучително лековити. Потребно е пет до седум грама цвет да се прелијат со 200 ml зовриена вода.

Нане

Еден од чаевите кој што се дава и на бебињата за да се спречат непријатните грчеви содржи нане. Тоа е благо и има голема примена кај сите воспалителни процеси во организмот. При подготвување на тешки јадења, посебно на гравот, доволно е да се додадат неколку ливчиња нане за да се избегнат сите тегоби со дуењето на стомакот.

Чајот се подготвува од ливчината кои се прелеваат со зовриена вода и се остава да опстои 15 минути.

Слез

Слезот се користи при кашлица, бронхитис и отежнато дишење. Помага кога се создава густ шлаем. Веќе час-два по употребата почнува неговото благотворно дејство. Се смирува воспалителниот процес и истиот ден ќе почне искашлувањето.

Од слезот се користи само неговиот корен. Се прелива со ладна вода, која претходно е провриена и се остава да отстои два часа. Слезот се пие во мали голтки, неколку пати дневно.

За разлика од чаевите за уживање, чаевите од лековити билки, по правило, не се заблажуваат и не треба да им се додава лимон или други состојки.



Кон врв
Македон Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор

Caesar Constantinus

Регистриран: 20.Јули.2008
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 9928
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Македон Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 21.Август.2010 во 18:44
Имам едно прашање во однос на зелениот чај.

Пијам зелен чај од оној во филтер кесички, а слушам дека го имало и рефус. Дали има некаква голема разлика меѓу оној во филтер кесичките и рефусот?

Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 45678 10>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,298 секунди.