IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > АРХИВА > Вероисповед
  Активни теми Активни теми RSS - ПРОЛОГ
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

ПРОЛОГ

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1234 16>
Автор
Порака
sard Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 28.Октомври.2005
Локација: Прилеп
Статус: Офлајн
Поени: 1440
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај sard Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 09.Април.2006 во 02:47

БЕСЕДА

за семоќта на зборот Божји

Зашто нема да остане во Бога ниеден збор без сила (Лк. 1:37).

И рекол Бог да биде светлина и би светлина: додека Бог не рекол, светлина немало. Ниту некој друг имало што би знаел што е светлина додека Бог не рекол и додека светлината не постанала. Исто така, кога Бог рекол, тогаш постанала водата и сувата земја, и сводот ѕвезден, и билките, и животните, најпосле и човекот. Додека Бог не рекол, ништо од сето тоа немало, ниту било кој друг освен Бог знаел дека сето тоа може да постои. Со силата на Својот збор Бог создал сe што создал на небото и на земјата. Што и да посакал Бог да биде, и ќе речел тоа да биде, тоа морало да биде, и не можело да не биде, бидејќи зборот Божји е неодолив и творечки. Создавањето на светот е големо чудо на зборот Божји.

Создавајќи ги овие твари, Бог, пак, со Својот збор поставил ред и начин на постоење на сите твари и однесувања на тварите кон тварите. И тој ред и начин којшто Бог го поставил е големо чудо на зборот Божји.

Но постои ред и начин помеѓу тварите, видлив и достапен за нас луѓето, а постои ред и начин невидлив и недостапен. Според тој невидлив и недостапен ред и начин, кој е тајна на Светата Троица, се случија и се случуваат оние појави што луѓето ги нарекуваат посебни чуда. Една таква појава е безмажното зачнување на Господа Исуса Христа во утробата на Пресвета Дева Марија. Тоа изгледа упаѓање во видливиот и достапен ред и начин. Тоа раѓање е навистина големо чудо, можеби и најголемо чудо што ни е откриено на нас смртните. Но и целиот создаден свет е чудо и целиот видлив и достапен ред и начин е чудо, и целото тоа чудо станало со зборот Божји, исто така, како што и Господ се зачнал во утробата на девицата.  И ова и тоа се случило со силата на зборот Божји. Затоа чудесниот Гаврил и одговара на Пречистата на нејзиното прашање, кое е прашање за сите поколенија: 'Како може тоа да биде?" - тој и одговара: 'За Бога е сe можно што и да рече!"

О Господи Боже, Создателу наш, бесмртен и постојан ^удотворецу, вразуми го нашиот ум за повеќе да не се сомнева, но да верува и вразуми го нашиот јазик повеќе да не прашува туку Тебе да те прославува. На Тебе слава и вечна пофалба. Амин.

„Треба да се биде достоен на љубовта за да се биде љубен“ - Goethe
www.pravoslavna.mk
Кон врв
sard Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 28.Октомври.2005
Локација: Прилеп
Статус: Офлајн
Поени: 1440
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај sard Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 09.Април.2006 во 03:08

26 МАРТ/8 АПРИЛ

 

1. Св. архангел Гаврил. Благовесник на воплотувањето на Синот Божји. Тој е еден од седумте велики Ангели што стојат пред престолот Божји. Тој му јавил на Захарија за раѓањето на Претечата (Претходникот) и самиот за себе рекол: 'Јас сум Гаврил кој стои пред Бога" (Лука 1:19). Неговото име, Гаврил, означува маж - Бог. Светите отци говорејќи за Благовештението, толкуваат дека е испратен ангел со такво име да означи Кој и Каков ќе биде Оној што треба да се роди од Пречистата. Значи, ќе биде маж - Бог, крепок, силен Бог. Некои дознале дека истиот Гаврил им јавил на Јоаким и Ана за раѓањето на Дева Марија и дека тој го поучувал Мојсеја во пустината како да ја напише книгата Битие. Светите отци мислат дека Гаврил припаѓа на првиот и највисокиот чин на небесните сили, т.е. на серафимскиот чин, бидејќи серафимите стојат најблизу до Бога. Значи, тој е еден од седумте најблиски на Бога серафими. Имињата на тие седуммина се: Михаил, Гаврил, Рафаил, Урил, Салатил, Јегудил и Варахил. На овој број некои го додаваат и Јеремил. Секој има своја посебна служба, а сите се рамни по чест. Зошто Бог не го испратил Михаил? Затоа што Михаиловата служба е сокрушение на противникот на верата Божја. А Гавриловата служба е благовестието на човечкото спасение.

2. Свештмч. Иринеј еп. Сремски. Се мисли дека бил Словен и дека пред епископството бил женет и имал деца. Пострадал за Христа во времето на Максимијан. Во времето на тешките мачења неговите роднини стоеле околу него и плачејќи го молеле да се поштеди себеси и нив (т.е. да се одрече од Христа). Но овој прекрасен свештеномаченик ги љубел повеќе раните за Христа отколку сите блага на овој свет. Во истото време од Проб пострадале и еден бавчанџија во Срем, Серен и Афр во Регија. Бидејќи Иринеј никако не сакал да се одрече од верата, кнезот Проб наредил да бидат фрлени од еден мост во реката Сава каде што овој пастир на стадото Христово завршил и се преселил меѓу граѓаните небесни. ^есно пострадал во 304 година.

„Треба да се биде достоен на љубовта за да се биде љубен“ - Goethe
www.pravoslavna.mk
Кон врв
sard Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 28.Октомври.2005
Локација: Прилеп
Статус: Офлајн
Поени: 1440
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај sard Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 09.Април.2006 во 03:12

3. Преп. Малх. Малх бил земјоделец од близината на Антиохија. Од младоста го управил сиот свој дух кон Бога. Арапите го заробиле и го присилиле да земе за жена Црнкиња. Но тој и неа ја привел кон верата Христова и поживеал со неа како брат со сестра. Се договориле и избегале од ропството. Но Арапите за малку што не ги стасале. Тие се засолниле во една пештера, во која виделе лавица со своите млади и се уплашиле. Но Бог ги сочувал. Лавицата не ги повредила, а заклала еден Арап, кој сакал да влезе во пештерата и да ги фати бегалците. Стигнувајќи во своето место, Малх ја дал својата жена во женски манастир, а тој отишол во машки. Проживеал многу лета подвизувајќи се и се преселил меѓу небесните граѓани во IV век.

4. Преп. Василиј Новиот. Најпрво живеел во шума, без покрив и огниште. Кога го фатиле и прашале кој е, тој одговорил: 'Еден од живите на земјата". Се посомневале во него дека е некој шпион, та многу го мачеле. Најпосле во слобода проживеал многу години во Цариград. Проѕирал во сите човечки тајни, ја претскажувал иднината, правел големи чуда. Негова послушница била старицата Теодора, која кога умрела му се јавила на Григориј, послушникот Василиев, и му опишала 20 воздушни митарства (царини) низ кои, после смртта, секоја просветлена, крстена душа мора да помине (а некрстените веднаш се фрлале во пеколот) и и се одредува место на чекање до страшниот суд, до Второто Христово доаѓање. Св. Василиј мирно завршил на 25 март 944 година и се преселил во прекрасните небесни обиталишта. Бил виден после смртта во голема слава на небесата од еден цариграѓанин.

„Треба да се биде достоен на љубовта за да се биде љубен“ - Goethe
www.pravoslavna.mk
Кон врв
sard Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 28.Октомври.2005
Локација: Прилеп
Статус: Офлајн
Поени: 1440
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај sard Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 09.Април.2006 во 03:13

РАСУДУВАЊЕ

Кога чудото ќе се случи, нека не те збунува, туку да те весели. Тоа Бог го подал Својот прст било да награди или да казни, или, пак, да ги охрабри Своите верници, или да го изведе грешникот на патот на спасенеито.

Овој свет луѓето го споредуваат често со огнени коли. Кога ќе видиш една локомотива или некоја друга парна машина, ти знаеш дека во нив е скриен машиновозачот. И ништо не те чуди, нели, ако машиновозачот ја подаде својата глава од машината или замавне со раката, или го пружи стапот и се размавта со марамата, или ако фрли надвор писмо, или ако направи некој друг знак, ти занеш дека со тоа не се пореметува работата на локомотивата, ниту нешто друго се расипува во неа. Зошто тогаш неверниците говорат дека Бог со Своите чуда го пореметува одењето на светските коли? Затоа што се тапоумни. А верниците се радуваат на знакот Божји како исплашено дете пред огнените коли што се радува, кога човекот - сличен на него - ќе се подаде од колите. О колку ни е мило на нас, кога зад немата вселена што бревта околу нас, ни се подаде некој сличен на нас, и тоа уште некој кој не познава и не сака! Кога ќе се случи чудо, знај, дека Сличниот на нас не поздравува и ни говори: 'Не плашете се. Јас сум зад сето тоа!" Св. Василиј Новиот правел многу чуда: со молитва исцелувал болни, судбини човечки читал како од отворена книга. Преку Својот угодник, како и секогаш, Бог ја покажувал Својата љубов и силата на луѓето. Верниците за да се утврдат во верата, а неверниците да се посрамат и да се обратат во верата.

 

СОЗЕРЦАНИЕ

Да Го набљудувам Господа Исуса распнат на крстот, и тоа:

1. како Он го искористува последниот здив од животот и спасува еден разбојник на крстот;

2. како Го предава Својот Дух во рацете на отецот. 'Оче, во Твоите раце Го предавам Својот Дух".

„Треба да се биде достоен на љубовта за да се биде љубен“ - Goethe
www.pravoslavna.mk
Кон врв
sard Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 28.Октомври.2005
Локација: Прилеп
Статус: Офлајн
Поени: 1440
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај sard Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 09.Април.2006 во 03:14

БЕСЕДА

за скорото доаѓање на Господа

Еве, доаѓам скоро (Откр. 22:7).

 

Ќе речат неверниците и душегубителите: 'Ветил пред две илјади години дека ќе дојде, па уште не доаѓа!" Така се потсмеваат оние кои ќе лелекаат во вечна мака. А ние, кои се подготвуваме за радост во Неговото царство, знаеме дека Он ќе дојде во сила и слава како што и ветил.

Ние знаеме дека Он веќе дошол безброј пати и им се покажал на Своите верници. Зарем не дошол кај Јован Боговидецот, кому му ги рекол оние зборови: 'Еве, скоро доаѓам". Јован го гледал во сила и слава, и ја осетил Неговата рака на себе кога се уплашил и паднал пред Неговите нозе како мртов. И ја стави Својата десница на мене. Зарем не дошол кај Савле кога овој прво вдишувал омраза кон христијаните и кога на патот за Дамаск паднал на земјата гледајќи Го Господа и слушајќи го Неговиот глас: 'Савле, Савле, зошто Ме гониш?" И пак, зарем Он не дошол во срцето на апостолот Павле кога овој признава: 'Не живеам Јас, туку Христос живее во мене!" И зарем Он не дошол кај многубројните маченици и маченички за Неговото име да ги охрабри, исцели и помилува? Зарем Он не им се јавил на Антониј Велики, на Теодор Стратилат, на св. Харалампиј, на света Марина, на св. Силвестер и на толку и толку други?

Но, што зборуваме. Зарем Он во третиот ден не се вратил од царството на смртта и дошол кај апостолите? И зарем не дошол многупати на помош на Црквата и ја воскреснувал како од мртвите кога и да ликувале Неговите непријатели, мислејќи дека засекогаш неговата Црква ја предале на смрт? Зарем Он не се покажал со Својата сила во Црквата и тоа за време на Нерон, како и за времето на Константин; во времето на Јулијан, како и во времето на Јустинијан; во времето на арапското угнетување, како и за време на турското и монголското угнетување на христијаните?

О браќа мои верни, не залажувајте се. Он дошол безброј пати и ден денес, доаѓа. Кај секоја душа, кон која може да пристапи од нечистотија, Он доаѓа. Па сепак ние сите Го чекаме да дојде за последен пат во сила и во слава. И знаеме дека тоа Негово доаѓање е сигурно.

Господи преблаг, пред да дојдеш, удостој не да Го познаеме Твоето лице и да се засрамиме од своето лице што е со гревот помрачено! На Тебе слава и вечна пофалба. Амин.

„Треба да се биде достоен на љубовта за да се биде љубен“ - Goethe
www.pravoslavna.mk
Кон врв
sard Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 28.Октомври.2005
Локација: Прилеп
Статус: Офлајн
Поени: 1440
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај sard Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 09.Април.2006 во 03:15

27 МАРТ/9 АПРИЛ

 

1. Св. мчца Матрона. Како девојкасирак била слугинка во куќата на еден Евреин во Солун. Жената на тој Евреин непрестајно и се потсмевала на Матрона поради нејзината вера во Христа и ја наговарала да Го отфрли Христа и да оди во синагогата. Но кротката Матрона одела по својата работа и не и одговарала на својата госпоѓа ништо, а тајно Му се молела на Христа Бога. Еднаш Еврејката дознала дека Матрона скришум од неа отишла в црква, па целата гневна ја прашала зошто не отишла во синагога туку в црква? На тоа Матрона одговорила: 'Затоа што во христијанската црква Бог живее, а од синагогата еврејска Он отстапил". Бесна поради мажествениот одговор, Еврејката ја истепала и ја затворила во една мрачна одаја каде што, освен тоа, уште и ја врзала. Но утредента ја нашла одврзана со силата Божја како клечи на молитва и Го фали Бога. После во два наврати повторно ја затворала додека најпосле со глад не ја умрела. Тогаш опаката жена го зела телото на светата девојка и го фрлила од височината на својата куќа на земјата. Христијаните го зеле телото на маченицата и чесно го погребале, а епископот Александар, дознавајќи за многуте случени чуда од светата маченица, подигнал црква на нејзиниот гроб. А злобната Еврејка наскоро ја стигнала праведна казна од она истото место на куќата од кое го фрлила долу телото на Матрона, таа се лизнала, паднала на калдрмата, се раздробила и умрела.

2. Преп. Јован Проѕорлив. Бил дрводелец до својата 25. година. Потоа, гонет со неодоливата желба за непрестајна молитва, се оддалечил в пустина каде што проживеал до својата смрт, т.е. до деведесеттата година. Телесен, но како бестелесен. Проѕирал во срцето на секој човек што ќе му се доближел и можел да го погоди неговото име, неговата желба и мисла. Му го прорекувал на царот Теодосиј исходот на неговите битки; им прорекувал на војводите, монасите и на секого што имал потреба во тоа да дознае што се крие за него во темнината на идните денови. Некој кнез го молел да ја прими неговата жена, која особено посакала да го види. Светителот не сакал да и удоволи на празната радозналост, но на сон и се јавил на жената на кнезот онаков каков што е. И кога жената го опишала видението, нејзиниот маж потврдил дека е навистина таков ликот на светителот. Секој свој посетител го поучувал на смирение, како на основна добродетел, секогаш наведувајќи примери од животот, како горделивоста многу возвишени карактери ги кутнала во правот и ги навела на тешки гревови. Издржал големи напади од злобните духови. Еднаш му се јавил сатаната со мноштво демони во вид на сјајни ангели. И овие го гонеле да му се поклони на сатаната, лажејќи го дека е тоа Христос. А тој одговорил: 'На мојот Цар Исуса Христа јас Му се поклонувам секој ден; да е тоа Он, не би имал потреба од мене особено сега да Му се поклонам". По тие зборови, сета злобна сила исчезнала како чад. Завршил мирно клечејќи на молитва, во својата 90. година.

3. Преп. Пафнутиј. Ученик на св. Антониј Велики. Со светоста на својот живот обратил мнозина грешници на патот на покајанието (како што е св. Таиса, 8 октомври). Повеќе личел на бестелесен ангел отколку на телесен човек. Се упокои кон крајот на IV век.
„Треба да се биде достоен на љубовта за да се биде љубен“ - Goethe
www.pravoslavna.mk
Кон врв
sard Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 28.Октомври.2005
Локација: Прилеп
Статус: Офлајн
Поени: 1440
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај sard Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 09.Април.2006 во 03:17

РАСУДУВАЊЕ

'Кој помислува за зло, во него нема чистота", вели св. Симеон Нови Богослов, па уште додава: 'Како може да има чисто срце оној кој се валка со нечисти помисли како огледалото што потемнува од прашината?" Гледаш ли на колкава височина стои Христовата религија над сите останати вери и светски мудрувања. Кој само ќе помисли на злото, макар и да не прави никакво зло, крив е пред Бога и пред својата душа. Бидејќи го навредува Бога а својата душа ја губи. Да се биде христијанин во вистинска смисла, значи да се вложи огромен напор за исчистување на своето срце и својот ум од лоши помисли. Каков е тој напор, за тоа постои цела наука,  која во наши дни постанала сосема заклучена дури и за христијаните, и едно огромно вистинско искуство на светите луѓе и жени кои оваа наука ги оправдува. Да се исчистиме себе си од лоши и нечисти помисли, од овој корен на сите лошотии, било цел на сите големи подвижници, пештерници и безмолвници.

 

СОЗЕРЦАНИЕ

Да Го набљудувам Господа Исуса во смртта, и тоа:

1. како Он, Кој ги воскреснувал мртвите, виси на крстот мртов по тело;

2. како Он умрел заради нас за ние да имаме повеќе живот и повеќе вистина за бесмртниот живот.

„Треба да се биде достоен на љубовта за да се биде љубен“ - Goethe
www.pravoslavna.mk
Кон врв
sard Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 28.Октомври.2005
Локација: Прилеп
Статус: Офлајн
Поени: 1440
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај sard Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 09.Април.2006 во 03:19

БЕСЕДА

за христијаните како цареви и свештеници

И не направи пред нашиот Бог цареви и свештеници; и ќе царуваме на земјата (Откр. 5:10).

 

Господ Исус сака сите луѓе да ги направи слични на Себе. Како Син Божји Он сака сите луѓе да бидат посинати. Како Цар Он сака и тие да Му бидат соцареви. Како свештеник - да Му бидат сосвештеници. Како Семоќен - да учествуваат во Неговата моќ. Како Бесмртен  да  учествуваат во Неговата бесмртност. Како Свет - да учествуваат во Неговата светост. Како воскреснат - сите да бидат деца на воскресението. Тоа Господ го сакал и затоа и слегол на Земјата за да не издвои од животните, да не воздигне над животинскиот живот и да ни даде достоинство над сета видлива твар, какво што достоинство имал Адам во Рајот пред гревот.

Заради овој човекољубив, и за луѓето, спасоносен план, Господ од еврејските старешини бил распнат на крстот, а и од нас христијаните до сега безброј пати пожнеал трње на неблагодарност и неразбирање. Ние се покажуваме неблагодарни и неразумни кога ги поништуваме и ги газиме Неговите заповеди. Со своите гревови секој грешник плете нов трнов венец и го поставува на Неговата света глава. Кога тој не навредил така да правиме? Кога Он, на било кој од нас, ни помислил зло, та со зло да Му враќаме? Тој се симнал во нашата смрдлива јама каде што ние сме привикнале на живот со змиите и акрепите и не повлекол нагоре, кон височина, на светлина, чистота, во царството. Он сака да не направи цареви и свештеници, а ние ја отфрлуваме Неговата спасоносна рака и се враќаме во јамата кај змиите и акрепите.

О браќа, доволно е тоа понижување кон Него! Да се фатиме крепко за раката на својот Спасител и да тргнеме по Него. Он ни посакува добро. Он ни прави добро. Он за наше добро пострада. Он е единствен, единствен наш пријател кој не се менува.

Господи, на Тебе слава и вечна пофалба. Амин.

„Треба да се биде достоен на љубовта за да се биде љубен“ - Goethe
www.pravoslavna.mk
Кон врв
sard Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 28.Октомври.2005
Локација: Прилеп
Статус: Офлајн
Поени: 1440
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај sard Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 10.Април.2006 во 01:31

28 МАРТ/10 АПРИЛ

1. Преп. мч. Евстратиј Печерски. Бил мошне богат, но трогнат со љубовта Христова, сиот имот го раздал заради Христа, стапил во Печерскиот манастир и се замонашил. Кога Полјаците завојувале против Киев во 1097 година, го ограбиле манастирот, мнозина христијани и монаси исекле, а Евстратија со уште некои верници го продале во ропство на некој Евреин во градот Корсун. Тој Евреин и се потсмевал на верата Христова и ги приморувал христијаните да преминат во еврејската вера. Гледајќи дека нема друг излез, сите решиле со глад да умрат, но од вистинската вера да не се одречат. На таа одлука христијаните ги охрабрил Евстратиј. И сите изумреле од глад, некој после три, некој после четири, а некој после седум дена. Научен на пост Евстратиј издржал 14 дена без храна. Разгневен Евреинот што му пропаднале парите со кои ги купил робовите, му се одмаздил на Евстратија на тој начин што го приковал на крст. Но Евстратиј од крстот Му благодарил на Бога и му прорекол на Евреинот лута и скорешна смрт. Бесен, од лутина, Евреинот го прободел со копје. И така, светителот Божји, Му ја предал својата душа на својот Спасител. Телото му го фрлиле в море, но тоа испливало и големи чуда се случиле над тоа маченичко тело. Наскоро потоа византискиот цар наредил да се казнат Евреите во Корсун за злобата кон христијаните. И тој мачител бил обесен на дрво, и ја примил платата на Јуда.

2. Преп. Иларион Нов Исповедник. Бил игумен на манастирот 'Пеликити" близу до Хелеспонт. Како сонце просветил со Духот Божји и ги исцелувал болестите на луѓето и ги прогонувал лошите духови. Во времето на Лав Ерменецот настанало иконоборечкото гонење, во кое пострадал и овој Божји човек. Со своите 40 монаси бил испратен во заробеништво близу до Ефес и таму завршил во самица во 754 година и се преселил во Царството Христово.

3. Преп. Исихиј Ерусалимски. Презвитер и голем богослов. Ученик на св. Григориј Богослов. Треба да се прочита неговото славно дело 'За трезвеноста и молитвата". Бил современик на св. Ефтимиј Велики. Мирно се упокоил околу 434 година.

4. Св. мч. Бојан, кнез бугарски. Бил син на Крутогон, а внук на Грубош. Ја исповедал верата Христова, додека неговиот брат Миломир бил незнабожец. По наредба на својот брат бил исечен за вистинската вера во 827 година.

5. Чудна случка со Таксиот, војникот од Картагена. Целиот живот го поминал во тешки гревови, но најпосле се покајал, ја оставил војничката служба и живеел богоугодно. Излегувајќи еднаш со својата жена на својот имот близу до градот, направил прељуба со жената на својот аргат и веднаш потоа го каснала змија, и умрел. Бил мртов шест часа, а потоа станал и дури во четвртиот ден проговорил, и раскажал какотака поминал низ другите митарства додека не дошол до митарството на блудот. Тука паднал во мрачното обиталиште на демоните, од каде бил изведен со заземањето на еден ангел и бил испратен повторно во телото да го покае својот последен грев. И се каел 40 дена, одејќи од црква до црква и удирајќи со главата на вратите и праговите. Само плачел кажувајќи ги страшните маки во кои грешниците живеат во оној свет и ги преколнувал луѓето да не грешат и да се покајат за веќе сторените гревови. На четириесеттиот ден со радост се преселил во Царството на милостивиот Бог.



Изменето од sard
„Треба да се биде достоен на љубовта за да се биде љубен“ - Goethe
www.pravoslavna.mk
Кон врв
sard Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 28.Октомври.2005
Локација: Прилеп
Статус: Офлајн
Поени: 1440
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај sard Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 10.Април.2006 во 01:33

РАСУДУВАЊЕ

Свети Симеон Нови Богослов, раскажувајќи за еден прекрасен младич од 20 години, Георгиј по име, како и покрај убавината и младоста, живеејќи среде суетниот свет, го познал патот кон спасенеито и се просветил со духовна мудрост, завршува со овие зборови: 'Разбирате ли дека ниту младоста ни пречи, ниту староста ни е корисна, ако човекот нема разум и страв Божји?" Што му пречела младоста на апостолот Јован да поверува во Христа Господа, а што им користела староста на еврејските старци кога со умот биле слепи и во своето слепило Го осудиле Синот Божји на смрт? Ништо. Ништо не им пречи младоста на младите и во наши дни да ја подарат верата и љубовта на Христа, Кој од љубов и ги создал. И ништо не им користи на старците од нашите дни нивната старост, ако душата им е затруена со злоба кон Христа. Младо и старо тело не е ништо друго туку нова и стара облека на душата. И едната и другата облека може да ја крие здравата или болната душа. А нашата цел е: здрава и чиста душа.

 

СОЗЕРЦАНИЕ

Да Го набљудувам Господа Исуса во смртта, и тоа:

1. како сета твар се поколебала кога Он издивнал како да протестира против злосторничкиот човечки род;

2. како земјата се затресла, Сонцето се помрачило, карпите паднале, црковната завеса се расцепила, гробовите се отвориле.

„Треба да се биде достоен на љубовта за да се биде љубен“ - Goethe
www.pravoslavna.mk
Кон врв
sard Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 28.Октомври.2005
Локација: Прилеп
Статус: Офлајн
Поени: 1440
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај sard Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 10.Април.2006 во 01:34

БЕСЕДА

за ужасот на природата при смртта на Господа

И земјата се затресе и карпи паднаа (Мт. 27:51).

О каков страшен укор на луѓето! И мртвата природа Го познала Оној Кого луѓето не можеле да Го познаат. Сета нема твар се поколеба и застанала на свој начин и на свој јазик да протестира. Немата земја се тресела - тоа е нејзиниот јазик. Карпите паднале - тоа е нивниот јазик. Сонцето ја задржало својата светлина - тоа е неговиот јазик. Секоја твар на свој начин протестирала. Зашто секоја твар е покорна како некогаш Адам во Рајот. Бидејќи Него секоја твар Го познава како Адама во Рајот. Како е тоа можно бесловесните твари да го познаат и да Му бидат послушни, тоа ние не го знаеме. Тоа е некакво внатрешно чувство на тварите кое им дошло до зборот Божји со кој се создадени. И тоа чувство на бесловесните твари повеќе вреди отколку човечкиот разум помрачен со гревот. Од се што постои ништо не е послепо од разумот на човекот помрачен со гревот. Бидејќи тој не само што не го гледа она за што е создаден да гледа, туку го гледа она што е спротивно на битието, спротивно на Бога, спротивно на вистината. Тоа се степени на слепило под слепило, тоа се бројки под нулата. Тоа е човекот понизок од тварите. Бидејќи, додека свештениците во Ерусалим не Го познаа својот Бог, Го познаа бурите и ветровите, Го познаа билките и животните, Го познаа морињата и реките, и земјата, и карпите, и ѕвездите, и Сонцето, па и самите демони. О каков срам за луѓето!

Земјата се затресла, карпите се распаднале, а Сонцето се помрачило, колку заради гневот, толку и заради жалоста. Целата природа се разжалостила за маките на Синот Божји, на чии маки се радувале ерусалимските свештеници. И протест, и жалост и страв. Се уплашила целата твар од смртта на Оној кој ја повикал да стане од ништо и да се радува на битието. Како да сакала да каже: 'Со кого сега остануваме и кој ќе не одржува кога Седржителот издивна?"

О браќа, да се засрамиме од овој протест, од оваа жалост и од овој страв на немите твари! Со покајание да извикаме кон Господа, Победителот: 'Опрости ни, милосрден Господи, опрости ни, бидејќи навистина кога грешиме и Те навредуваме, не знаеме што правиме". На Тебе слава и вечна пофалба. Амин.

„Треба да се биде достоен на љубовта за да се биде љубен“ - Goethe
www.pravoslavna.mk
Кон врв
sard Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 28.Октомври.2005
Локација: Прилеп
Статус: Офлајн
Поени: 1440
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај sard Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 11.Април.2006 во 17:49

29 МАРТ/11 АПРИЛ

 

1. Св. Марко Исповедник еп. Аретусиски во Сирија. За неговото страдање известуваат св. Григориј Богослов и блажениот Теодорит. Според тие извештаи Марко, во времето на царот Константин, разорил некој незнабожечки храм и превел мнозина во верата Христова. Но кога дошол царот Јулијан на престолот и наскоро постанал отстапник од верата Христова, тогаш и некои аретусиски граѓани се одрекле од Христа и му се вратиле на незнабоштвото. И сега тие станале против Марко затоа што им го разорил храмот, барајќи тој или храм да соѕида или да плати некоја голема сума пари. Бидејќи старецот Марко откажал да направи било што од тие две работи, бил тепан, исмеван и низ улиците влечен. Потоа му ги отсекле ушите со тенок и јак конец, потоа го слекле и со мед го намачкале, па го оставиле врзан за дрво на летната горештина за осите, комарците и стршлените да го касаат. Но маченикот Христов се претрпел без офкање. Бил сосема стар, а во лицето светол како ангел Божји. Незнабожците се пониско ја спуштале цената на својот храм, барајќи најпосле од Марко некоја сосема незначителна сума, која тој лесно можел да ја даде. Но тој се одрекол да даде и една паричка за таа цел. Неговата трпеливост направила огромен впечаток на граѓаните поради што тие почнале да му се восхитуваат и да го жалат, па поради тоа и ја спуштале цената на својот храм скоро до ништо, само тој да остане во живот. Најпосле го пуштиле на слобода и еден по еден пак сите примиле поука од него и се повратиле во верата Христова. За слично дело пострадал во тоа време и ѓаконот Кирил од градот Илиопол под гората Ливан. Тој искршил некои идоли во времето на слободата на христијанството, та под Јулијан за тоа бил остро мачен. Толку биле лути на него озлобените незнабожци што кога го убиле со своите заби му ја расекле и му ја отвориле утробата. Истиот ден пострадале и многу други. Злобните незнабожци ги исекле нивните тела на парчиња, ги измешле со јачмен и им ги дале на свињите. Но казната ги стигнала набрзо: на сите им испопаднале забите и на устата им избила неиздржлива смрдеа.

2. Преп. Јован Пустиник. Бил син на некоја жена христијанка Јулијана, во Ерменија. Уште како момче ја оставил својата мајка и избегал в пустина. Сиот пламтел од љубов кон Христа Господа. Во пустината прво се предал на раководството на духовникот Фармутиј, кој толку се удостоил кај Бога што ангел Божји секој ден му донесувал леб. Потоа младиот Јован се оддалечил и се повлекол во самотија. Се спуштил во некој бунар. Во него поминал 10 години во пост, молитва и бдеење. Св. Фармутиј му носел од ангелскиот леб и му давал зашто ангелот Божји не сакал лично да му дава леб на младиот Јован за овој да не се погордее туку преку неговиот духовник, отец Фармутиј. По 10 години тежок подвиг во бунарот, св. Јован се претставил пред Господа и моштите негови се покажале чудотворни. Поживеал и бил прославен од Бога и од луѓето во IV век.

„Треба да се биде достоен на љубовта за да се биде љубен“ - Goethe
www.pravoslavna.mk
Кон врв
sard Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 28.Октомври.2005
Локација: Прилеп
Статус: Офлајн
Поени: 1440
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај sard Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 11.Април.2006 во 17:50

РАСУДУВАЊЕ

Спиритистите од наши дни ја примаат секоја појава на духовниот свет како испратена од Бога и веднаш се фалат што им се 'открило". Јас познавав седумдесетгодишен монах, кого сите го почитуваа како голем духовник. На моето прашање дали во животот видел некое духовно битие од духовниот свет, тој ми одговори: 'Не, никогаш, слава на милоста Божја!" Кога виде дека јас за тоа се чудам, тој рече: 'Јас постојано се молев на Бога ништо да не ми се јави за да не паднам во лага и да го примам преправениот ѓавол како ангел. И Бог досега ја почу мојата молитва". Колку старите биле скромни и внимателни во тој поглед покажува и овој запишан пример: на некој брат му се јавил ѓаволот облечен во ангелска светлина и му рекол: 'Јас сум архангел Гаврил и сум испратен кај тебе". На тоа братот му одговорил: 'Помисли се, да не си испратен кај некој друг, бидејќи јас не сум достоен да видам ангел". И ѓаволот веднаш постанал невидлив и исчезнал.

 

СОЗЕРЦАНИЕ

Да Го набљудувам Господа Исуса во смртта, и тоа:

1. како темнината обзеде се;

2. како стравот навлезе кај сите присутни под крстот;

3. како исплашениот капетан на стражата извикал: 'Навистина Овој беше Син Божји!";

4. како се исполни пророштвото на Господа за Неговата смрт!
„Треба да се биде достоен на љубовта за да се биде љубен“ - Goethe
www.pravoslavna.mk
Кон врв
sard Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 28.Октомври.2005
Локација: Прилеп
Статус: Офлајн
Поени: 1440
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај sard Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 11.Април.2006 во 17:51

БЕСЕДА

за чудното отворање на гробовите

И гробови се отворија, и многу тела на упокоени светии воскреснаа (Мт. 27:52).

 

О колку голем знак! И упокоените тела на светите луѓе и жени Го познаа Оној Кој на крстот издивна во маки, а мртвите души на еврејските старешини не Го познаа. Сета твар се поколеба, само злосторничката душа на Ана, на Кајафа и на Ирода не се поколеба. Мртвите светители се покажаа поостеливи од живите грешници. Но како и мртвите светители би останале рамнодушни кон својот Создател на крстот кога ни мртвите карпи не можат да бидат рамнодушни? Како при таков случај, од кој Земјата се тресе и Сонцето се помрачува, можат да лежат во гробовите телата на оние праведници кои го исполнија Неговиот стар закон, кои се надеваа додека беа живи, кои Го прорекуваа и кои со надеж во Него ги склопија своите очи?

О колку голем знак! Колку голема утеха за нас, кои се надеваме на воскресението! Бидејќи, според нашата немоќ и маловерието, би можеле да речеме: 'Навистина Христос воскреснал, но дали и ние ќе воскреснеме?" Христос воскреснал според Својата сила, но како ние ќе воскреснеме? И кој знае дали Бог и нас, со Својата сила ќе не воскресне? Еве утеха, еве доказ: и гробовите се отворија и станаа многу тела на упокоени светии! Значи, дека и обичните луѓе смртта не можела да ги уништи. Значи, дека и оние кои се многу помали од Христа не се мртви како камења, туку се живи како ангели. Значи, дека когатогаш и нашите тела ќе се кренат од гробовите и ние ќе живееме. Се што рекол Господ е поткрепено и е преполно со безброј докази. Знаејќи ја немоќта на нашата вера, Он го докажал Своето пророштво за воскресението не само со Своето сопствено воскресение туку и со дигнувањето на многу тела од гробовите за време на Својата смрт.

О браќа, никој од нас нема да има ни најмал изговор за неверувањето во животот по смртта.

О Господи премилостив, утврди ги верните во верата и обрати ги неверните во верата! На Тебе слава и вечна пофалба. Амин.

„Треба да се биде достоен на љубовта за да се биде љубен“ - Goethe
www.pravoslavna.mk
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1234 16>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,469 секунди.